24GS50F - Монитор LG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 24GS50F LG во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Монитор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 24GS50F - LG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 24GS50F на марката LG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 24GS50F LG
Овој уред е конструиран и произведен за да ја осигури вашата лична безбедност, но сепак, неправилната употреба може да предизвика потенцијален електричен удар или опасност од пожар.Со цел да се обезбеди правилно функционирање на сите мерки на заштита вградени во овој екран, придржувајте се кон следните основни правила за неговото инсталирање, употреба и сервисирање. Сите мерки на претпазливост и безбедносни информации се однесуваат на моделите LCD и OLED. Околу безбедноста Користете го само кабелот за напојување кој е испорачан со уредот. Доколку користите друг кабел за напојување кој не е обезбеден од страна на добавувачот, проверете дали има сертификат за применливите меѓународни стандарди. Доколку кабелот за напојување е оштетен на кој било начин, ве молиме обратете се до производителот или најблискиот овластен сервис за поправки за да го замените.Спојницата на апаратот се користи како уред за исклучување. Ве молиме осигурајте се дека уредот е инсталиран во близина на штекерот на ѕидот во кој е приклучен и дека до штекерот има лесен пристап.Екранот приклучувајте го единствено на извор на електрична енергија како што е назначено во спецификациите на ова упатство или на екранот. Ако не сте сигурни каков тип на напојување имате во вашиот дом, обратете се до вашиот продавач.Преоптоварените приклучоци за струја и продолжителните кабли се опасни. Истото важи и за оштетените кабли за напојување и приклучоци. Ова може да предизвика опасност од електричен удар или пожар. Обратете се до вашиот сервисер за замена.Сè додека уредот е поврзан на ѕиден штекер на наизменична струја, тој е поврзан на извор на напојување и покрај тоа што можеби е исклучен.
Внатре нема делови кои можат да се поправаат од корисниците. Постои опасност од висок напон, дури и кога напојувањето е ИСКЛУЧЕНО. Доколку екранот не работи правилно обратете се кај вашиот продавач.
Не поставувајте го екранот на закосена полица освен во случај кога тој е правилно обезбеден. Користете единствено држач кој е препорачан од производителот. Не испуштајте предмети врз производот и не применувајте сила врз истиот. Не фрлајте играчки или предмети кон екранот.Притоа може да дојде до повреда на луѓето, проблеми со производот и оштетување на екранот.
Секогаш кога подолго ќе ја напуштите собата ИСКЛУЧЕТЕ го екранот. Никогаш не оставајте го екранот ВКЛУЧЕН кога го напуштате домот. Не дозволувајте деца да испуштаат предмети врз екранот или да туркаат предмети во отворите на куќиштето. Некои внатрешни делови се под висок напон. Не користете додатоци кои не се дизајнирани за овој екран. Кога екранот треба да го оставите без надзор подолго време, исклучете го од ѕидниот штекер. При појава на громови и молњи, никогаш не допирајте ги каблите за напојување и сигнал бидејќи тоа може да биде многу опасно. Тоа може да предизвика електричен удар.2 ENG Важни мерки на претпазлиВост Околу инсталирањето Не смеете ништо да поставувате врз кабелот за напојување или да го оставате производот на места на кои е можно оштетување на кабелот. Немојте да го поставувате екранот во близина на вода како на пример, блиску до када, мијалник, перална, влажен подрум или во близина на базен. Екраните имаат отвори за вентилација на куќиштето кои овозможуваат да се ослободи топлината која се создава при нивното работење. Доколку отворите се блокирани, акумулираната топлина може да предизвика оштетувања кои може да доведат до опасност од пожар. Заради ова, НИКОГАШ:
Не блокирајте ги отворите за вантилација со поставување на екранот на кревет, софа, килим,
Не поставувајте го екранот во затворени елементи за вградување, освен кога е обезбедена правилна вентилација.
Не покривајте ги отворите со ткаенина или друг материјал.
Не поставувајте го екранот во близина на радијатор или друг извор на топлина. Немојте да го триете или удирате LCD екранот со активна матрица со цврсти предмети бидејќи тоа може да предизвика гребење и трајно оштетување на LCD екранот со активна матрица. Немојте да притискате на LCD екранот со прстот подолго време бидејќи ова може да предизвика оштетување на сликата. Може да се појават дефекти на точките во облик на црвени, зелени или сини точки на екранот. Сепак, ова нема да влијае врз перформансите на екранот. Доколку е можно, користете ја препорачаната резолуција за да добиете најдобар квалитет на сликата на LCD екранот. Доколку екранот се користи во режим со резолуција која отстапува од препорачаната, може да се појави слика со прилагодена големина или преработена слика. Ова сепак е карактеристика на LCD екраните со фиксна резолуција. Долготрајното прикажување на неподвижна слика на мониторот може да предизвика појава на врежана слика или дамки на екранот од мониторот. За да го избегнете овој проблем, користете заштитник на екран и исклучувајте го производот кога не се употребува. Трајно врежаната слика или дамките кои се предизвикани со долготрајно користење не се опфатени со гаранцијата на овој
Не удирајте и не гребете ги предниот и страничните делови од екранот со метални предмети. Во спротивен случај, може да дојде до оштетување на екранот. За поместување на производот поставете го апаратот со панелот кон напред и држете го со двете раце. Ако го испуштите производот, оштетениот производ може да предизвика струен удар или пожар. За поправка обратете се до овластениот сервисен центар. Избегнувајте високи температури и голема влажност. Не инсталирајте го овој производ на ѕид, доколку таму може да се изложи на масло или масни
Тоа може да предизвика оштетување и паѓање на производот. За дисплеи со светнати ринги корисникот треба да размисла за поставување на екран, затоа што ринга може да предизвика вознемирувачки одблесоци од околните светлини и светли површини. Немојте да користите производи кои користат висок напон во близина на мониторот. (на пр. електрична тепалка за муви)
Мониторот може да не работи исправно како последица на струен удар. Мерки на претпазливост за AC адаптерот и напојувањето Доколку во производот (телевизор, монитор, кабел за напојување или AC адаптер) влезе вода или некаква надворешна супстанца, веднаш откачете го кабелот за напојување и контактирајте со сервисниот центар.
Во спротивно, ова може да доведе до пожар или електричен удар поради оштетувањето на производот.3 ENG МАКЕДОНСКИВажни мерки на претпазлиВост Околу повторното пакување
Не фрлајте ги картоните и материјалот за пакување. Тие се идеално пакување за пренесување на уредот. При преместување на друга локација, повторно спакувајте го уредот во оригиналната
Пред чистење на предната страна од екранот, исклучете го екранот од штекер.
Користете малку навлажнета (не водена) крпа. Не користете аеросол директно на екранот бидејќи прекумерното прскање може да предизвика електричен удар.
При чистење на производот, исклучете го струјниот кабел и исчистете со мека ткаенина за да не дојде до гребење. Не чистете со важна ткаенина и не прскајте вода и други течности директно на производот. Може да дојде до електричен удар. (Немојте да користите хемиски средства како бензол, разредувач на боја или алкохол.)
Испрскајте мека крпа 2 до 4 пати со вода, и со неа исчистете ја предната рамка; бришете само во една насока. Премногу влага може да предизвика појава на дамки. Не допирајте го струјниот кабел или AC адаптерот со влажни раце. Доколку приклучоците на електричниот кабел се влажни или прашливи, избришете ги и исушете ги пред употреба.
Во спротивно, ова може да предизвика пожар или електричен удар. Проверете дали целосно сте го вметнале кабелот за напојување во AC адаптерот.
Доколку не е доволно добро прицврстен, слабото поврзување може да предизвика пожар или електричен удар. Внимавајте да користите кабли за напојување и AC адаптери овозможени или одобрени од страна на LG Electronics, Inc.
Користењето на неодобрени производи може да предизвика пожар или електричен удар. Кога го откачувате кабелот за напојување, влечете го за приклучокот. Не превиткувајте го кабелот за напојување користејќи прекумерна сила.
Може да се оштети жицата за струја, што може да предизвика електричен удар или пожар. Внимавајте да не го згазнете или да не поставувате тешки предмети (електронски уреди, облека итн.) на кабелот за напојување или на AC адаптерот. Внимавајте да не го оштетите кабелот за напојување или AC адаптерот со остри предмети.
Оштетените кабли за напојување може да предизвикаат пожар или електричен удар. Немојте да го расклопувате, поправате или менувате кабелот за напојување или AC адаптерот.
Ова може да предизвика пожар или електричен удар. Внимавајте штекерот, AC адаптерот и приклучоците на електричниот кабел да не содржат прашина и надворешни супстанци.
Ова може да предизвика пожар.
Notice-Facile