HMM5400W - Рачен миксер BEKO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HMM5400W BEKO во PDF формат.
Прашања на корисниците за HMM5400W BEKO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Рачен миксер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HMM5400W - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HMM5400W на марката BEKO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HMM5400W BEKO
Ве молиме прво прочитајте го ова упатство!
Почитуван клиенту,
Ви благодариме што го избравте овој уред на Веко. Очекуваме да ги добиете најдобрите резултати со нашиот уред којшто е произведен со висококвалитетна и врвна технологија. Затоа, внимателно прочитајте ги целото упатство и целата друга придружна документација пред да го користите производот и зачувајте го за идни осврти. Ако го предадете уредот на други, дајте им го и прирачникот за употреба.
Следните символи се користат низ разните поглавја на ова упатство:

Важни информации и корисни совети за употребата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Предупредувања за опасни ситуации во однос на безбедноста по животот и имотот.

Одговара за контакт со храна.

Не го потопувајте уредот во вода.

Класа на заштита од струен удар.

Овој производ е произведен во еколошка и технолошки врвна постројка.
1
Важни упатства за безбедноста и животната средина
Ова поглавје содржи безбедносни упатства што ње ви помогнат да се заштитите од лична повреда или материјална штета.
Ако не ги следите овие упатства, гаранцијата їе престане да важи.
1.1 Општа безбедност
- Овој уред е усогласен со интернационалните безбедносни стандарди.
- Производот може да го користат лица со намален физички, сетилен или ментален капацитет или оние што немаат довольно познавање и искусство, само ако се под надзор или ги разбираат упатствата во однос на безбедна употреба, ако се обучат соодветно и ако ги разбираат потенцијалните опасности од употребата на производот.
- Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето не треба да се изведува од деца.
- Овој уред не може да биде употребуван од деца.
1
Важни упатства за безбедноста и животната средина
- Држете го уредот и кабелот за струја понастрана од деца.
- Не го употребувајте доколку кабелот за струја, сечилата или самиот уред е оштетен. Исконтактирајте авторизиран сервисер.
- Употребувајте само оригинални делови или делови препорачани од производителот.
- Не се обидувајте да го расклопувате уредот.
- Вашиот напон во домот треба да биде во согласност со информациите што се наогаат на плочката на уредот.
- Не го употребувајте уредот со продолжен кабел.
- Не го влечете кабелот кога го исклучувате уредот од струја.
- Исклучете го од струја уредот кога не го употребувате и почекајте целосно да сопре кога ги ставате/отстранувате додатоците или пред чистењето.
- Не го допирајте кабелот на уредот со влажни или мокри раце.
1
Важни упатства за безбедноста и животната средина
- Не го употребувајте уредот со топла храна.
- Овој уред не одговара за сува и тврда храна.
- За да спречите прегревање, не го употребувајте уредот постојано повеće од 10 секунди.
Оставете го да се олади 1 минута помеѓу секои 10 секунди блендирање. - За да спречите прегревање, не го употребувајте уредот постојано повеće од 2 минути. Оставете го да се олади 1 минута помеѓу секои 2 секунди миксирање.
- Употребувајте го уредот само со доставената основа и собирник.
- Не работете со производот доколку нема сostoјки во садот.
- Отстранете ги коските и каменчињата од храната за да спречите оштетување на сечилата и уредот.
- Овој уред не одговара за сува и тврда храна, бидејки така лесно ње отапат сечилата.
1
Важни упатства за безбедноста и животната средина
- Следете ги сите предупредувања за да спречите повреди поради неправилна употреба.
- Кога го празните собирникот, кога го чистите или ги фаćате сечилата со голи прсти, може да претрпите сериозни повреди поради неправилна употреба. Употребувајте го пластичниот дел кога се обидувате да го фатите сечкалото.
- По чистењето оставете уредот и сите делови да се исушат пред да ги прикачите назад и включите повторно во струја.
- Не го потопувајте уредот, кабелот или приклучокот за струја во вода или други течности.
- Не работете со уредот и не го оставајте ниту неговите делови врз или близу топли површини.
- Доколку го чувате пакувањето, држете го понастрана од деца.
1
Важни упатства за безбедноста и животната средина
1.2 Усогласеност со директивата за WEEE за фрлање на производот:
Овој производ е усогласен со директивата на ЕУ за WEEE (2012/19/EU). Овој производ го носи символот за класификација за начинот на фрлање на електрична и електронска опрема (WEEE).

Овој производ е произведен со висококвалитетни делови и материјали коишто може повторно да се користат и се соодветни за рециклирање. Не фрлајте го производот со нормалниот домашен и друг отпад кога нема повеće да го користите. Однесете го во собирен центар за рециклирање на електрична и електронска опрема. Консултирајте ги локалните надлежни тела за да дознаете каде се овие собирни центри.
1.3Усогласеност со директивата за ризик од опасни материи
Производот што го купивте е усогласен со директивата на ЕУ за ризик од опасни материи (2011/65/EU). Не користи штетни и забранети материјали коишто се посочени во директивата
1.4 Информации за пакувањето

Материјалите за пакувањето на производот се изработени од рециклирачки материјали во согласност со нашите национални регулативи за животна средина. Не фрлајте го материјалот од пакувањето заедно со домашниот или друг отпад. Однесете го во центар за собирање материјал од пакување што го посочува локалното надлежно тело.
1
Важни упатства за безбедноста и животната средина
1.5 Работи што можете да ги направите за да заштедите струја
Исклучете го уредот од струја откако їе го употребите.
2 Вашиот миксер
2.1 Преглед

text_image
1A 1B 2A 2B 3 7 4 5 6 beke- Маталка (1А/1В)
- Додатоци за месење тесто (2A/2B)
- Моторна единица
- Копче за ослободување на додаток
- Копче за работа и приспособување на брзина
- Копче за ТУРБО
- Празнини за додатоци
2.2 Технички податоци
Напон: 220 - 240 V \~, 50/60 Hz Мо́кност:425 W
Правата за технички и дизајнерски промени се задржани.
Вредностите што се наведени со ознаките што се видливи на вашиот апарат или во други испечатени документи доставени со него претставуват вредности добиени лабораториски во согласност со релевантните стандарди. Овие вредности може да варираат според искористеноста на апаратот и околните услови.
3 Употреба
3.1 Наменета употреба
Овој уред е наменет само за домашна употреба; не одговара за професионална употреба.
3.2 Првична употреба
Исчистете ги деловите на уредот пред првичната употреба (види 4.1).
3.3 Матење/месење тесто
- Вметнете ги додатоците за матење и месење во празнините (7) на долната страна на миксерот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не ја употребувајте маталката и додатоците за месење заедно.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Оставете го копчето за приспособување на брзината на позиција „0“.
-
Включете го апаратот во струја.
-
Држете го уредот над собирникот во навалена позиција во којшто претходно сте ги подготвиле состојките за матење или миксирање, насочен кон основата на собирникот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ставете го собирникот што треба да се употребува врз стабилна и рамна површина.
- Работете со уредот со постепено помрднување на копчето за работа (5) кон посакуваната брзина.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Нивоата на брзини се движат од 1-4. Треба постепено да се зголемува почнувајки од 1.
-
Кога матењето/миксирањето е завршено, поставете го копчето (5) на „0“ и чекајте целосно да сопре.
-
Исклучете го од струја.
3 Употреба
- Притиснете го копчето за испуштање на додатоците (4) и отстранете ги истите.
3.3.1 Маталка
- Секогаш употребувајте двете маталки истовремено.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Може да се изгребат садовите од тефлон.
- Употребувајте за матење на течни состојки, како фил за торта, сосови и супи.
3.3.2 Додатоци за месење тесто
- Секогаш употребувајте ги двата додатока за месење тесто истовремено.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Може да се изгребат садовите од тефлон.
- Употребувајте за блендирање на состојки, како што е тестото и мелено месо.
3.4 Копче за ТУРБО
Кога ви е потребна уште поголема брзина, притиснете и држете го копчето за ТУРБО, и пуштете го кога повеće не ви е потребно.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не ја употребувајте ТУРБО брзината постојано повеće од 1 минута.
4 Чистење и одржување
4.1 Чистење

Предупредување:
Никогаш не употребувајте бензин, растворувачи, абразивни агенси за чистење, метални објекти или тврди четки кога го чистите уредот.
- Исклучете го од струја пред чистењето.
- Гледајте маталката и додатоците за месење тесто да бидат целосно стопирани пред да ги извадите.
- Избришете ја моторната единица на уредот (3) со влажна крпа.
- Отстранетите додатоци може да се измијат со сунгер и детергент за миење садови.
- Исушете ги сите делови на уредот по чистењето.
4.2 Чување
- Доколку немате намера да го користите уредот подолго време, складирајте го внимателно.
- Исклучете го уредот од струја пред да го подигате него или кабелот.
- Чувајте го уредот на ладно и суво место.
- Држете го уредот понастрана од деца.
4.3 Ракување и транспорт
- За време на ракувањето со уредот и неговото транспортирање, носете го во неговото оригинално пакување. Пакувањето го заштитува од секакви физички оштетувања.
- Не ставајте тешки работи врз уредот или врз пакувањето. Може да се оштети.
- Доколку ви падне на земја може да престане да работи или да биде трајно оштетен.