8600 AA - Дувалка правосмукалка SKIL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 8600 AA SKIL во PDF формат.
Прашања на корисниците за 8600 AA SKIL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Дувалка правосмукалка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 8600 AA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 8600 AA на марката SKIL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 8600 AA SKIL
- Оваа алатка служи за дување и смукање материјали кои не се опасни по здравјето
- Оваа алатка не е погодна за дување и смукање запаливи материјали, парчиња метал и остри предмети (како што се завртки и клинци)
- Оваа алатка не е наменета за дување лисја и употреба на отворено
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Внимателно прочитајте го упатството за работа пред употреба и зачувајте го за идни осврти ③
- Обрнете особено внимание на безбедносните упатства и предупредувања; недоследноста може да доведе до сериозна повреда
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ①
ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ ②
A Прекинувач за включување/исклучување
В Копче за блокирање на прекинувачот
С Млазница
D Излезен отвор за воздух
E Влезен отвор за воздух
F Кеса за прашина
G Регулатор на протокот на воздух
Н Отвори за вентилација
БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
А ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации дадени со овој електричен алат.
Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции дадени подолу може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување. Поимот "електричен алат", кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) и на електрични алати со погон на батерии (без приключен кабел).
1) БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
a) Одржувајте го вашето работно место чисто и уредно. Неуреден или темен работен простор може да предизвикаат незгоди.
b) Немојте да работите со уредот во средина во која има опасност од експлозија, во која има запалливи течности, гасови и прашина.
Електричните алати произведуваат искри кои можат да запалат прашина или пареа.
с) За време на употребата на електричниот алат, децата и останатите лица држете ги подалеку од местото наде работите. Одвраќање, би можеле да изгубите контрола врз уредот.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Утикач мора да одговара на приключокот. Никако не смее да се прават измени на штекерот. Не користете адаптерски штекер заедно со уредот кој е заштитно заземјен. Не променети штекери и соодветни прилучоци го намалуваат ризикот од електричен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, нако што се цевки, радијатори, rerни и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
с) Чувајте го уредот подалену од дожд и влага.
Продирањето на вода во електричниот уред ја зголемува опасноста од струен удар.
d) Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за носење, бесење на уредот или за извлекување на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или деловите на апаратот кои се движат. Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Кога го употребувате полначот надвор,
користете продолжен кабел кој е соодветен за
употреба на отворен простор. Примената на
продолжен кабел соодветен за работа на отворен
простор ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете прекинувач за струјна заштита при технички проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна заштита при технички проблеми го намалува ризикот од електричен удар.
3) БЕЗБЕДНОСТ НА ЛУГЕ
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сеизни повреди.
b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за слух, зависно од видот и примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда.
с) Избегнувајте невнимателно вклучување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во "OFF" позиција пред да го ставите штекерот во приключокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот на прекинувачот или го прилучувате апаратот кој е приключен со напојување на струја, може да предизвикате незгоди.
d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување. Алатот или клучот кој се наоға во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода.
e) Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во секој момент одржувајте рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата и алиштата треба да бидат подалену од подвижните делови.
Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
g) Доколку може да се монтираат направи за вшмукување и фаћање прашина, проверете дали се включени и дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при неговото користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозни повреди во дел од секунда.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа употреба. Со соодветниот електричен алат ќе работите подобро и посигурно во наведената функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеće не може да се включува и исклучува е опасен и мора да се поправи.
с) Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да правите некавви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да го складирате електричниот алат. Со овие мерки на внимателност ће се избегне невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство.
Електричните алати се опасни доколку со нив работат неискусни лица.
e) Одржувајте го електричниот алат и дополнителната опрема. Имајте контрола околу тоа дали движечките делови на уредот работат беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
очтрици помалку ће се заглавуваат и со нив работата
ке биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на начин кој е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува. Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го нај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ЛИЧНА ЗАШТИТА
- Никогаш не раздувувајте отпад во правец на лиге во близина
- Не дувајте или смукајте материјали кои се опасни по здравјето на лугето (Како на пр. прашина од бука, храст, градежни материјали, азбест)
- Нивото на бучава додека работите може да изнесува повеće од 85 dB(A); носете заштита за ушите
- Носете маска за прашина кога работите во правлива средина
- Секогаш исклучувајте го приклучокот од изворот за напојување за време на пауза во работата или пред чистење, одржување, вршење на какви било прилагодувања или замена на додатните делови за да се намали ризикот од случајно вклучување на алатката
ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
- Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е назначен на плочката на алатот
- Не дувајте и не шмукајте течности (навлегувањето на течности го зголемува ризикот од електричен удар)
- Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
- Секогаш исключете ја машината и исключете го приклучокот од штекерот ако кабелот за напојување
со ел. енергија или продолжниот кабел се пресечени, оштетени или заплеткани (не допирајте го кабелот пред да го исключите приклучокот)
- Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен; замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
ПРЕД УПОТРЕБА
- Проверувајте ја функционалноста на машината пред секоја употреба и во случај на дефект, повикајте квалификувано лице да ја поправи. Никогаш не отворајте ја машината сами
- Кога смукате, никогаш не ја користите алатката без вреќичка за прашина
- Редовно проверувајте ја врејичката за прашина во случај да е изабена или оштетена
- Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на алатот кои се движат; кабелот држете го на задната страна, на страна од алатот
- Секогаш одржувајте ги отворите за вентилација чисти и без отпадоци
- Во случај да дојде до електричен или механички дфект, веднаш исключете го алатот и исключете го од приклучокот
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
③ Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
④ Носете заштитни очила
⑤ Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
⑥ Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од дома Kinството
УПОТРЕБА
- включете го алатот со пуштање на прекинувачот А
- заклучете го прекинувачот за континуирана употреба со притискање на копчето В
- отключете го прекинувачот со повторно повлекување на прекинувачот А и отпуштање
- исключете го алатот со пуштање на прекинувачот А
! пред да го включите алатот, проверете дали допира до некој предмет
! по ислучување на алатот, моторот продолжува да работи уште неколку секунди
- Раздувување ⑦
- вметнете ги плочките внатре во млазницата С во излезните отвори за воздух D и зацврстете ја млазницата во позиција со нејзино вртење во насока на движењето на стрелките на часовникот
! кога дувате, секогаш осигурајте се дека во доводот за воздух E ② нема отпадоци или нечистотија
- Смукање ⑧
- вметнете ги плочките внатре во млазницата С во влезните отвори за воздух Е и зацврстете ја млазницата во позиција со нејзино вртење во насока на движењето на стрелките на часовникот
- не смукајте материјали со остри рабови или вжештени материјали (како на пр. скршено стакло, врел пепел или парчиња метал)
! пред да смунате, секогаш наместете ја врејичката за прашина F на излезниот отвор за воздух D
- редовно празнете ја врејичката за прашина F (капацитетот на смукање значително се намалува кога врејичката за прашина е полнал)
- Контрола на протокот на воздух (7 позиции)
- завртете го тркалото G нагоре за зголемување на волуменот на воздухот
- завртете го тркалото G надолу за зголемување на волуменот на воздухот
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти (особено отворите за ладење H ②)
! не обидувајте се да ги чистите отворите за вентилација со вметнување на остри предмети низ отворите
! пред чистење извадете го алатот од приклучокот
- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
- во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com)
- Оштетен кабел за напојување треба да се замени со сервис на SKIL само за да се избегне ризик
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- Не се ослободувајте од електични алати, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното губре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање
- симболот ⑥ ке ве потсетува на ова кога ке дојде време алатот да го фрлите
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
- Мерено во согласност со EN 62841 нивото на звучен притисок е 84,0 dB(A) а нивото на звучна моїност 95,0 dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација 3,4 м/с² (векторски збир на трите показатели; несигурност K = 1.5 м/с²)
- Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 62841; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени
- користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
- кога алатот е исключен или кога алатот е включен
но не врши некаква работа, може да дојде до
значително намалување на нивото а изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа
ЛесноУпатство