RDNE350K30WN - фрижидер BEKO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот RDNE350K30WN BEKO во PDF формат.
Frequently Asked Questions - RDNE350K30WN BEKO
Прашања на корисниците за RDNE350K30WN BEKO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник RDNE350K30WN - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. RDNE350K30WN на марката BEKO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК RDNE350K30WN BEKO
Упатство за корисникот

Прочитајте го ова упатство прво!
Се надеваме дека овој производ којшто е произведен во модерна фабрика и проверен според многу прецизни процедури за проверка на квалитетот, ће ви овозможи ефективна услуга.
Затоа, препорачуваме внимателно да го прочитате целото упатство за производот пред употреба и да го чувате при рака за идни осврти.
Ова упатство
- Ке ви помогне да го користите апаратот на брз и безбеден начин.
- Прочитајте го упатството пред да го поставите и включите производот.
- Следете ги упатствата, особено оние за безбедноста.
- Чувајте го упатството на лесно достапно место зашто може да ви притреба подоцна.
- Покрај тоа, прочитајте ги и другите документи што се доставуваат со производот.
Имајте предвид дека ова упатство важи и за други модели.
Ова упатство со инструкции ги содржи следниве символи:
Важни информации или корисни совети за употреба.
⚠️ Предупредувања за опасни состојби по животот и имотот.
⚠️ Предупредување за електричниот напон.

INFORMATION

ENERG

SUPPLIER'S NAME
MODEL IDENTIFIER


.Информациите за моделот се чувват во базата на податоци и до нив можете да стигнете ако одите на следнава веб-локација и да го побарате идентификаторот на вашиот модел (*) кој се наога на налепницата за енергија.
2 Важни безбедносни предупредувања 4
Наменета употреба 4
Кај производи со диспензер за вода ....10
Безбедност за деца .....10
Усогласување со Директивата за фрлање на електронска и електрична опрема и за одлагање на отпадот: 10
Усогласување со Директивата за ограничување на опасните материи:.... 11
Информации за пакувањето ..... 11
НСА-Предупредување 11
Работи што треба да ги направите за штедење енергија ...... 11
Препораки за одделот за свежа храна 12
3 Поставување 13
Работи што треба да се имаат во предвид кога го транспортирате ладилникот ....13
Пред вклучување на ладилникот.13
Електрично поврзување .....14
Поставување и поврзување ......14
Прилагодување на ногарките .....15
Менување на светилката за осветлување 15
4 Подготовка 16
5 Употреба на ладилникот 18
Копче за поставување на температурата ....18
Поставување на темпертурата во фрижидерот .... 18
Двоен систем на разладување .... 18
Замрзнување свежа храна .....19
Препораки за зачувување на смрзната храна ....20
Ставање храна 20
Информации за длабоко замрзнување ....20
Нула температура во одделот ..... 22
Правење мраз .....22
Ротирачки сад за чување ...... 23
Ледоматот и садот за чување мраз 23
Опис и чистење на филтерот за мириси ....24
Преместување на вратите .....25
6 Одржување и чистење 26
Заштита на пластичните површини 26
7 Препорачани решенија за проблемите 27
1 Вашиот ладилник

- Рафт на вратата на одделот за замрзнување
- Копче за поставување на температурата
- Делови за путер и за сирење
- Рафт на вратата на одделот за ладење
- Држачи за јајца
- Ротирачки сад за чување
- Држач на шишиња
- Заштитна жица
- Рафт за шишиња
- Приспособливи ногалки
Сликите што се прикажани во ова упатство за употреба се шематски и може да не соодветствуваат точно со производот. Ако деловите од поглавјето не се включени во производот што сте го купиле, тогаш тие важат за други модели.
- Свеж оддел
- Разладувачки оддел
- Клуч
- Вински подрум
- Стаклени рафтови за одделот за ладење
- Дувач
- Сад за мраз
- Ледомат
- Оддел за замрзнување
20.Оддел за ладење
*по избор
2 Важни безбедносни предупредувања
Прочитајте ги следните информации. Непочитувањето на овие информации може да предизвика повреди или материјална штета. И гаранцијата и заложбите за доверливост нема да бидат важечки.
Оригиналните резервни делови ке ги добивате 10 години по датумот кога е набавен производот.
Наменета употреба
| ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Гледајтеданеманикакви пречкипред отворитеза вентилација,внатре во уредотили во вграденатаинфраструктура. |
| ⚠️ | ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Не користетемеханички уреди илидруги средства за даго забрзате процесотна одмрзнување,освен оние штоги препорачувапроизводителот. |
| ⚠️ | ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Не оштетувајте гострујното коло нафрижидерот |
| ⚠️ | ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:Не користетеелектрични уреди воодделите зачувањехрана на уредот,освен ако не се одтип препорачан одпроизводителот. |
Овој уред е наменет да се употребува во домакински и слични уреди, како што се – кујни за персоналот
во продавници, канцеларии и други работни средини; – фарми и клиенти во хотели, мотели и други станбени средини; – средини како што се пансиони со сместување и појадок; – добавување храна и слична примена неповрзана со малопродажба.
Општа безбедност
- Ви препорачуваме да се консултирате со локалниот авторизиран сервис и со овластените институции за да ги добиете неопходните информации кога їе сакате да го фрлите / одложите производот.
- Консултирајте се со овластен сервис за сите прашања и проблеми поврзани со ладилникот. Не интервенирајте ниту не пуштајте друг да интервенира на ладилникот без да го известите овластениот сервисер.
- За производите од одделот на замрзнув ачот - Не јадете сладолед во корнет или коцки мраз веднаш по вадење од одделот за замрзнување! (Може да предизвикате смрзнатини на устата.)
- За производите во одделот на замрзнувачот - Не ставајте пијалаци во шише или конзерва во одделот на замрзнувачот. Инаку, тие може да пукнат.
- Не допирајте ја замрзната храна со рака, може да ви се залепи за раката.
- Исклучете го ладилникот од струја пред чистење или одмрзнување.
- Испарувачи и материјали за чистење што испаруваат не смее никогаш да се користат за чистење и за процесот на одмрзнување на ладилникот. Во тие случаи, испарувањето може
да дојде во контакт со електричните делови и да предизвика краток спој или електричен удар.
- Никогаш не користете делови од ладилникот како што е вратата за потпора или расчекор.
- Не користете електрични уреди во внатрешноста на ладилникот.
- Не оштетувајте ги деловите каде што циркулира фреонот со дупчалки или алатки за сечење. Фреонот може да прсне и може да предизвика иритација на кожата и повреда на очите кога ќе се дупнат каналите за испарувањата, продолжетоците на цевките или површинските премази.
- Не покривајте ги или не блокирајте ги отворите за вентилација на ладилникот со каков било материјал.
- Електричните делови мора да ги поправи само овластено лице. Поправките што ги извршиле некомпетентни лица може да предизвикаат ризик за корисникот.
- Во случај на грешка при работа или во текот на одржување или поправка, исключете го ладилникот од довод на ел. енергија со тоа што Ѽе го извадите соодветниот осигурувач или Ѽе го извлечете кабелот.
- Не влечете го кабелот кога го вадите приклучокот.
- Проверете дали алкохолните пијалоци се убаво затворени и поставени исправено.
- Никогаш не чувајте конзерви под притисок што содржат запаливи и експлозивни супстанци во ладилникот.
- Не користете механички уреди или други средства
за забрзување на процесот на одмрзнување, освен оние што ги препорачува производителот.
- Овој производ не е наменет да го користат лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или необучени или неискусни лица (включително и деца), освен ако не се под надзор на лице кое е одговорно за нивната безбедност или кое ъе ги научи како да го користат производот правилно.
- Не вклучувајте оштетен ладилник. Консултирајте се со сервисер ако се сомневате на дефект.
- Електричната безбедност на ладилникот е гарантирана само кога системот за заземјување во домот е усогласен со стандардите.
- Изложување на производот на дожд, снег, сонце и ветер е опасно во однос на електричната безбедност.
- Контактирајте овластен сервисер кога е оштетен кабелот за струја за да избегнете опасност.
- Никогаш не вклучувајте го ладилникот на сиден приклучок за време на поставувањето. Инаку, може да има ризик од смрт или сериозна повреда.
- Овој ладилник е наменет само за чување на храна. Не смее да се користи за други намени.
- Етикетата со техничките спецификации се наога на левиот сид во ладилникот.
- Никогаш не поврзувајте го ладилникот за системи за штедење струја. Може да го оштетат ладилникот.
- Ако има сина светлина во ладилникот, не гледајте во неа со незаштитени очи или со оптички помагала подолг период.
- Почекајте најмалку 5 минути за да го включите ладилникот откако снемало струја кај ладилниците што се контролираат рачно.
- Ова упатство за работа треба да се предаде на новиот сопственик на производот ако го дадете на други.
- Избегнувајте да предизвикувате оштетувања на кабелот за напојување кога го транспортирате ладилникот.
Превитканиот кабел може да предизвика пожар. Никогаш не ставајте тешки предмети врз кабелот за струја. Не допирајте го приключокот со мокри раце кога го прилучувате производот.

- Не приклучувајте го ладилникот ако штекерот е разлабавен.
- Вода не смее да се прска директно на внатрешните и надворешните делови на производот од безбедносни причини.
- Не прскајте разни средства што содржат запаливи гасови како што е пропанот близу до ладилникот за да избегнете ризик од пожар и експлозија.
- Никогаш не ставајте садови со вода врз ладилникот. Во спротивно, може да предизвикаат електричен удар или пожар.
- Не преполнувајте го ладилникот со прекумерна количина храна. Ако го
преполните, храната може да падне и да ве повреди и да го оштети ладилникот кога ја отворате вратата. Никогаш не ставајте предмети врз ладилникот. Во спротивно, овие предмети може да паднат кога ја отворате или затворате вратата на ладилникот.
- Вакцините, лековите што се осетливи на топлина, истражувачките материјали и Guinea не смее да се чуваат во ладилникот бидејки бараат прецизна температура.
- Ладилникот треба да се ислучи од струја ако не се користи долго време. Можен проблем со кабелот може да предизвика пожар.
- Ладилникот може да се мрда ако прилагодливите ногарки не се правилно поставени
на подот. Ладилникот нема да се мрда со правилно обезбедување на прилагодливите ногарки на подот.
- Не држете го ладилникот за рачката на вратата кога го транспортирате. Во спротивно, може да се скрши.
- Кога треба да го поставите производот до друг ладилник или замрзнувач, растојанието меѓу нив треба да биде најмалку 8 цм. Во спротивно, соседните сидови може да фатат влага.
- Никогаш не користете го производот ако се отворени деловите на горниот или задниот дел на вашиот производ што имаат електронски плочи со отпечатени струјни кола внатре (заштита на електронски плочи со отпечатени струјни кола) (1).

Кај производи со диспензер за вода
•Притисокот на влезот за ладна вода їе биде максимум 90 паскали (6.2 бар). Ако притисокот на водата надмине 80 паскали (5,5 бари), користете вентил за ограничување на притисокот во водоводниот систем. Ако не знаете како да го проверите водниот притисок, побарајте помош од професионален водоинсталатер.
• Ако има ризик од хидраулички удар во
вашата инсталација, секогаш користете опрема за спречување хидраулички удар во вашата инсталација. Консултирајте се со професионални водоводции ако не сте сигурни дали има или нема хидрауличен удар во вашата инсталација.
- Не инсталирајте на влезот на топлата вода. Преземете мерки против ризикот од замрзнување на цревата. Работниот интервал на водата треба да биде најмалку 33°F (0,6°C) и најмногу 100°F (38°C).
- Користете само вода за пиење.
Безбедност за деца
- Ако вратата има брава, клучот треба да се чува далеку од дофатот на децата.
- Децата мора да се надгледуваат за да се спречи тие да си играат со ладилникот.
Усогласување со Директивата за фрлање на електронска и електрична опрема и за одлагање на отпадот:

Овој отпад е усогласен со Директивата на ЕУ за фрлање на електронска и електрична опрема (2012/19/EU). Овој производ го носи симболот за
класификација на отпадот од електрична и електронска опрема (WEEE).
Овој производ е произведен со многу квалитетни делови и материјали коишто може да се користат одново и се соодветни за рециклирање. Не фрлајте го производот со нормалниот домашен отпад и со друг отпад кога веке нема да го користите. Однесете го во собирен центар за рециклирање на електрична и електронска опрема. Консултирајте се со овластените тела во општината за да дознаете каде има собирни центри.
Усогласување со Директивата за ограничување на опасните материи:
Производот што го купивте е усогласен со отпад е усогласен со Директивата за ограничување на опасните материи (2011/65/EU). Не содржи штетни и забранети материјали коишто се наведени во Директивата.
Информации за пакувањето
Материјалот за пакувањето на производот е произведен од материјал што може да се рециклира во согласност со Државните одредби за заштита на животната средина. Не фрлајте го материјалот од пакувањето заедно со домашниот или друг отпад. Однесете го во центри за собирање материјал за пакување коишто ги посочуваат општинските тела
НСА-Предупредување Ако системот за разладување на производот содржи R600а:
Овој гас е запалив. Затоа треба са се обрне внимание да не се оштетуваат системот за ладење и цевководите при употреба и транспорт. Во случај на оштетување, чувајте го производот настрана од можни извори на оган што може да предизвикаат негово палење и вентилирајте ја просторијата каде што е сместен. Игнорирајте го ова предупредување ако системот за ладење на производот содржи R134a. Типот на гас што се користи во производот е посочен на плочката на левиот сид во ладилникот. Никогаш не фрлајте го производот во орган.
Работи што треба да ги направите за штедење енергија
- Не држете ги вратите на ладилникот отворени подолг период.
- Не ставајте топли пијалаци или храна во ладилникот.
- Не преоптоварувајте го ладилникот со што ње се попречи циркулацијата на воздухот во внатрешноста.
- Не поставувајте го ладилникот под директна сончева светлина или близу до уреди што зрачат топлина како што се печка, машина за миење садови или радијатори.
- Внимавајте храната да ја чувате во затворени садови.
- За производи со оддел за замрзнување - Може да чувате максимальна количина храна во замрзнувачот ако ја извадите полицата или фиоката од замрзнувачот. Посочената вредност за потрошувачката на струја за ладилникот е одредена со извадени полици или фиоки и под максимально оптоварување. Нема штета ако се користи полица или фиока во согласност со облиците или големината на храната што треба да се замрзне.
- Ако ја одмрзнувате замрзната храна во одделот на ладилникот, ће заштедите струја и ће го зачувате квалитетот на храната.
Препораки за одделот за свежа храна
- Не дозволувајте храна да дојде во контакт со сензорот за температура во одделот за свежа храна. Сензорот не треба да биде блокиран со храна за да се одржи идеалната температура за чување свежа храна.
- Не ставајте врела храна во ладилникот.

⚠️ Имајте предвид дека производителот нема да биде одговорен ако не се почитуваат информациите коишто се дадени во упатството за работа.
Работи што треба да се имаат во предвид кога го транспортирате ладилникот
- Ладилникот мора да се испразни и исчисти пред каков било транспорт.
- Полиците, дополнителната опрема, фиоките и сл. во ладилникот мора безбедно да се зацврстат со лента за лепење за да се спречи нишање пред повторно пакување.
- Пакувањето мора да се зацврсти со дебели ленти и цврсти јажиња, а правилата што се отпечатени на пакувањето мора да се почитуваат.
Не заборавајте...
Секој рециклирачки материјал е неопходен извор за природата и за нашите природни ресурси.
Ако сакате да придонесете при рециклирање на материјалите за пакување, може да добиете повеće информации од овластените лица за животна средина или од локалната власт.

Пред вклучување на ладилникот
Пред да почнете да го употребувате ладилникот, проверете го следново:
- Дали внатрешноста на ладилникот е сува и дали може воздухот да циркулира слободно од задната страна?
- Поставете ги 2 пластични клина како што е прикажано на сликата. Пластичните клинови ње го обезбедат неопходното растојание меѓу ладилникот и сидот за да се овозможи циркулација на воздухот. (Илустрацијата е само пример и
не соодветствува во целост со производот).
- Исчистете ја внатрешноста на ладилникот како што е препорачано во поглавјето „Одржување и чистење“.
- Вклучете во ладилникот во приключок за струја. Кога вратата ће се отвори, соодветното внатрешно осветлување на ладилникот ће се вклучи.
- Ке слушнете бучава кога ќе се вклучи компресорот. Течноста и гасовите затворени во системот на ладилникот ја зголемуваат бучавата, без оглед дали компресорот е включен или не, тоа е сосема нормално.
- Предните рабови на ладилникот може да се малку топли. Тоа е сосема нормално. Овие области се дизајнирани да бидат топли за да се спречи кондензација.
Електрично поврзување Поврзете го производот во заземјен штекер што є заштитен со осигурувач со соодветен капацитет.
Важно:
- Поврзувањето мора да биде усогласено со државните регулативи.
- Приклучокот на кабелот за напојување мора да биде лесно достапен по приклучувањето.
- Посочениот напон мора да биде еднаков на напонот на напојувањето.
- Не смее да се користат продолжни кабли и приклучоци со повеće влезови.
⚠️ Квалификуван електричар мора да го замени оштетениот кабел за напојување.
⚠️ Производот не смее да работи пред да се поправи! Постои ризик од електричен удар!
Фрлање на пакувањето
Материјалот за пакување е опасен за децата. Чувајте го материјалот за пакување подалеку од дофат на децата или фрлете го класифицирајки го во согласност со упатствата за фрлање отпад. Не фрлајте го заедно со редовниот домашен отпад.
Пакувањето на ладилникот е произведено од рециклирачки материјали.
Фрлање на стариот ладилник Фрлете го стариот ладилник без да направите штета за животната средина.
- Консултирајте се со овластениот застапник или со центар за собирање отпад во вашата општина за тоа како да го фрлите ладилникот.
Пред да го фрлите ладилникот, исечете го кабелот за напојување и, ако има брави на вратата, искршете ги за да ги заштитите децата од каква било опасност.
Поставување и поврзување
⚠️ Ако влезната врата на просторијата каде што треба да се смести ладилникот не е довольно широка за да може тој да помине, повикајте го овластениот сервис да ги извади вратите на ладилникот и тогаш, поминете го ладилникот низ вратата странично.
- Кондензаторот на апаратот се наоға одзади како што е прикажано. За да постигнете подобра енергетска ефикасност со помала потрошувачка на ел. енергија, повлечете го кондензаторот кон себе како што е прикажано на сликата подолу. Позицијата на кондензаторот се фиксира на местото преку механизмот за заклучување на горните држачи од обете страни.
* ПО ИЗБОР

- Поставете го ладилникот на место кое овозможува лесна употреба.
- Поставете го ладилникот подалеку од извори на топлина, влажни места или директна сончева светлина.
- Мора да има соодветна воздушна вентилација околу ладилникот со цел да се постигне ефикасна работа. Ако ладилникот треба да се постави во вдлабнатина во sidот, тогаш мора да има најмалку 5 цм. растојание од таванот и најмалку 5 цм од sidот.
Ако на подот има килим, ладилникот мора да е подигнат од подот за 2.5 цм. - Поставете го ладилникот на рамни подови за да се спречи нишање.
Прилагодување на ногарките
Ако ладилникот не е избалансиран Може да го избалансирате ладилникот со вртење на предните ногарки, како што е прикажано на сликата. Аголот каде што има ногарка, се спушта кога вртите во правец на црната стрелка и се подигнува кога вртите во спротивната насока. Ако некој би ви помогнал со делумно подигнување на ладилникот, тоа їе ви ја олесни работата.

Менување на светилката за осветлување
Повикајте овластен сервисер за да ја смените светилката што служи за осветлување на ладилникот.
Сијалицата што се користи во овој уред не служи за осветлување на соби во домот. Намената на сијалицата е да му помогне на корисникот да ја стави храната во фрижидерот безбедно и удобно.
Сијалиците што се користат во овој производ треба да ги издржуваат екстремните физички услови, како што се температурите под -20° С.
4 Подготовка
- самостояен уред; „овој фрижидер не е наменет да се користи како уред за вградување“;
- Вашиот ладилник/замрзнувач треба да се инсталира најмалку 30 см од извори на топлина како што се плотни, rerни, централен грејач и шпорети, како и на најмалку 5 см од електрични rerни и не треба да биде лоциран под директна сончева светлина.
- Ве молиме, проверете дали внатрешноста на ладилникот/ замрзнувачот е темелно исчистена.
- Ако треба да се инсталираат два ладилника еден до друг, треба да има растојание од најмалку 2 см меѓу нив.
- Кога првпат го вклучувате ладилникот/замрзнувачот, Ве молиме, почитувајте ги следниве упатства во првите шест часа.
- Неговата врата не треба да се отвора често.
- Мора да работи празен без да се става храна во него.
- Не исклучувајте го кабелот на ладилникот/замрзнувачот. Ако снема струја, не по Ваша вина, Ве молиме, прочитајте ги предупредувањата во делот „Препорачани решенија за проблемите“.
- Корпите/фиоките дадени со одделот за ладење мора секогаш да се користат за ниска потрошувачка на енергија и за подобри услови на складирање.
- Контактот на храна со сензорот за температура во одделот за замрзнување може да ја зголеми потрошувачката на енергија на уредот. Затоа, мора да се избегнува секаков контакт со сензорот/сензорите.
- Овој производ є дизајниран да функционира на амибиентални температури до 43 °C (90 SDgrF). Иако амбиенталната температура
падне до -15 °C, замрзнатата храна во замрзнувачот нема да се одмрзне благодарение на напредниот електронски систем за контрола на температурата. При првата инсталација, производот НЕ треба да се става на ниски амбиентални температури. Ова е затоа што замрзнувачот не може да ја постигне стандардната температура на работење. Кога єе постигне континуирано работење, производот може да се помести на друго место. Така, подоцна може да го ставите својот производ во гаражата или во незагревана соба, без да се грижите дали ѕе се расипе во него замрзнатата храна. Сепак, веројатно е дека споменатите ниски температури може да предизвикаат замрзнување на храната во одделот за ладење; затоа, Ве молиме, конзумирајте ја храната во фрижидерот на правилен и контролиран начин. Кога амбиенталната температура ѕе се врати на нормала, може да ја смените поставката на копчето според своите потреби.
- Ако амбиенталната температура е под 0°C, храната во одделот за ладење єе замрзне. Затоа, препорачуваме да не го користите одделот за ладење на толку ниски амбиентални температури. Може да продолжите да го користите одделот за замрзнување како и обично.
- Во некои модели, панелот со инструменти автоматски се ислучува 5 минути по затворање на вратата. Ке се реактивира кога вратата ке се отвори или ке се притисне кое било копче.
- Поради промената на температурата од отворање/затворање на вратата на производот додека работи, кондензирањето на рафтовите на вратата/на телото и стаклените садови е нормално.
- Бидејки топлиот и влажен воздух директно не навлегуваат во вашиот производ кога вратите не се отворени, вашиот производ će се оптимизира во услови доволни за заштита на вашата храна. Во оваа функција за зачувување енергија, функциите и составните делови како компресор, вентилатор, грејач, замрзнувач, осветлување, дисплеј će работат и други, će работат во согласност со потребите за трошење минимална електрична енергија и истовремено вашата храна će биде свежа.
5 Употреба на ладилникот

Копче за поставување на температурата
Копчето за поставување на температурата Ви овозможува да ја поставувате температурата во фрижидерот.
Поставување на темпертурата во фрижидерот
Генералното поставување на температурата на фрижидерот се прави со копчето за поставување на температурата на десниот сид на одделот за ладење. Ова копче има ° различни позиции за поставување на температурата. Изберете ја позицијата што одговара на Вашите потреби.
Двоен систем на разладување
Фрижидерот е опремен со два одделни системи за ладење за ладење на одделот за свежа храна и одделот за замрзнување. Така, одделот за свежа храна и одделот за замрзнување не се мешаат. Благодарение на овие два одделни системи за ладење, брзината на ладење е многу повисока отколку во други фрижидери. Не се мешаат мирисите во одделите. Има и дополнителна заштеда на енергија бидејки автоматското топење се прави поединечно.
| Прилагодувањена одделот назамрзнувачот | Прилагодувањена одделот наладилникот | Објаснувања |
| -18°C 4°C | Ова е нормална, препорачанапоставка. | |
| -20-22 или -24°C 4°C | Овие поставки се препорачуваткога амбиенталната температуранадминува 30°C. | |
| Брзо замрзнување | 4°C | Кога сакате да ја замрзнетехраната за кратко време.Ладилникот їе се врати вопретходниот режим кога їе завршипроцесот. |
| -18°C или поладно | 2°C | Ако мислите дека одделот наладилникот не е довольно студензаради жешки временски условиили често отворање и затворањена вратата. |
| -18°C или поладно | Брзо ладење | Може да го користите кога одделотна ладилникот е преполнетили ако сакате да ја изладитехраната бргу. Се препорачувада ја активирате функцијата забрзо ладење 4-8 часа пред да јаставите храната. |
Замрзнување свежа храна
- Се претпочита храната да се завитка или покрие пред да се стави во ладилникот.
- Врела храна мора прво да се излади на собна температура пред да се стави во ладилникот.
- Храната што сакате да ја замрзнете мора да биде свежа и со добар квалитет.
- Храната мора да се подели во порции во согласност со дневните потреби на семејството или со потребите за консумирање месо.
-
Храната мора да биде спакувана со истиснат воздух за да се спречи исушување дури и кога їе се чува краток период.
-
Материјалите што ќе се употребат за пакување на храната мора да се отпорни на кинење и отпорни на ладно, влага, миризби, масла или киселини и со истиснат воздух. Понатаму, мора да бидат добро затворени и мора да се изработени од материјали што се лесни за употреба и соодветни за употреба во длабоко замрзнување.
- Замрзната храна мора да се употреби веднаш по растопување и не смее повторно да се замрзнува.
-
Следете ги следните упатства за да ги постигнете најдобрите резултати.
-
Не замрзнувајте премногу големи количини храна одеднаш. Квалитетот на храната најдобро се зачувува кога се замрзнува целосно колку што е можно поскоро.
- Ставање топла храна во одделот за замрзнување предизвикува системот за ладење да работи постојано додека не се замрзне храната целосно.
- Особено внимавајте да не мешате веке смрзната храна и свежа храна.
Препораки за зачувување на смрзната храна
- Купената спакувана замрзната храна треба да складира во согласност со упатството на производителот за замрзната храна
во ✝ делот за складирање смрзната храна ( 4 свездички).
- За да го одржите најдобриот квалитет што го постигнал производителот на замрзната храна, треба да го запомните следново:
- Ставете ги пакувањата во ладилникот колку што е можно побргу по купување.
- Проверете дали пакувањето е обележано и има датум.
- Не надминувајте ги датумите на пакувањето „Да се употреби до“ и „Рок на употреба“.
Одмрзнување
Одделот на замрзнувачот се одмрзнува автоматски.
Ставање храна
| Полици во одделот на замрзнувачот | Разна замрзната храна како што се месо, риба, сладолед, зеленчук, итн. |
| Тацна за јајца Jaјце | |
| Полици во одделот на ладилникот | Храна во тави, покриени чинии и затворени садови |
| Полици на вратата во одделот на ладилникот | Мала и спакувана храна или пијалаци (како што се млеко, сок или пиво) |
| Свежа храна Зеленчук и овошје | |
| Оддел за одржување свежина | Деликатесни производи (сирење, путер, салама, итн.) |
Информации за длабоко замрзнување
Храната мора да се замрзне што е можно поскоро кога єе
се стави во ладилникот за да се одржи добриот квалитет.
Нормативите TSE бараат (според одредени мерни услови) ладилникот да замрзнува најмалку 4.5 кг. храна на 32°C амбиентална температура до -18°C или помалку во рок од 24 часа на секои 100 литри замрзнувачки волумен.
Можно е да се чува храната подолг период само на -18°C или на пониски температури.
Може да ја одржувате свежината на храната повеće месеци (на -18°C или пониски температури во длабоко замрзнување).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ⚠️
• Храната мора да се подели во порции во согласност со дневните потреби на семејството или со потребите за консумирање месо.
- Храната мора да биде спакувана со истиснат воздух за да се спречи исушување дури и кога се чува за краток период.
Материјали што се неопходни за пакување:
• Лента за лепење што е отпорна на ладно
- Самолеплива лента
• Гумени ластичиња
• Стегачи
Материјалите што ке се употребат за пакување на храната мора да се отпорни на кинење и отпорни на ладно, влага, миризби, масла или киселини.
Храната што треба да се замрзне не смее да дојде во контакт со претходно замрзнати ставки за да се спречи делумно растопување.
Замрзната храна мора да се употреби веднаш по растопување и не смее повторно да се замрзнува.
Исклучување на производот Ако термостатот има позиција „0“:
- Производот ке престане да работи кога ке го свртите копчето на термостатот на позицијата „0“ (нула). Производот нема да започне со работа ако не го свртите копчето на термостатот на позиција „1“ или на некоја од другите позиции повторно.
Ако термостатот има позиција „МИН“:
- Исклучете го производот од струја за да престане да работи.
Нула температура во одделот
Овој оддел е дизајниран да складира замрзната хеана која треба да се отпопува полека (месо, риба, пиле, итн.) Одделот со нула температура е најладното место во ладилникот во кој млечните производи (сирење, путер), месо, риба или пиле може да се чувват во идеални услови. Зеленчукот и/или овошјето не смее да се ставаат во овој оддел.

Наполнете го садот за мраз со вода и ставете го на неговото место. Мразот ке биде направлен по приближно два часа.
Може лесно да го извадите мразот со лесно свиткување на садот за лед.

Ротирачки сад за чување
(во некои модели)Рафтот на лизгање може да се движи лево или десно за да може да ставате високи шишиња, тегли или кутии на долниот рафт (Слика 1)Може да ја досегнете храната што сте ја ставиле на рафтот ако ја фатите и свртите од десниот раб (Слика 2).Кога сакате да наполните или да ја извадите за да ја чистите, свртете ја за 90 степени, подигнете ја и повлечете ја кон себе (Слика 3-4).

Ледоматот и садот за чување мраз
*Може да не е достапен во сите модели Користење на ледоматотНаполнете го ледоматот со вода и ставете го на место.
Вашиот мраз ке биде подготвен за два часа. Не го вадете ледоматот од местото за да земете мраз.
Свртете ги за 90 степени рачките на резервоарите за мраз во правец на движење на часовникот. Коцките мраз од резервоарите їе паднат во долниот сад за чување мраз.
Може да го извадите садот за чување на мразот и да го послужите мразот.
Ако сакате, може да ги чувате коцките мраз во садот за чување мраз.Сад за чување мраз Садот за чување мраз е наменет само за акумулирање на коцки мраз.
Опис и чистење на филтерот за мириси
*по изборФилтерот за мириси спречува да се собира непријатна миризба во фрижидерот.
Повлечете го надолу капакот на кој е инсталиран филтерот за мириси од предниот дел и тргнете го како што е прикажано. Оставете го филтерот на сончева светлина еден ден. Филтерот ке се исчисти за тоа време. Вратете го на место филтерот.
Филтерот за мириси мора да се чисти еднаш годишно.

Преместување на вратите
Постапете по нумеричкиот редослед.

flowchart
graph TD
A["1"] --> B["2"]
B --> C["3"]
C --> D["4"]
D --> E["5"]
E --> F["6"]
F --> G["7"]
G --> H["8"]
H --> I["9"]
I --> J["10"]
J --> K["11"]
K --> L["12"]
L --> M["13"]
M --> N["14"]
N --> O["15"]
O --> P["16"]
P --> Q["17"]
Q --> R["18"]
R --> S["19"]
S --> T["20"]
T --> U["21"]
U --> V["22"]
V --> W["23"]
W --> X["24"]
X --> Y["24"]
Y --> Z["24"]
Z --> A
style A fill:#f9f,stroke:#333
style B fill:#f9f,stroke:#333
style C fill:#f9f,stroke:#333
style D fill:#f9f,stroke:#333
style E fill:#f9f,stroke:#333
style F fill:#f9f,stroke:#333
style G fill:#f9f,stroke:#333
style H fill:#f9f,stroke:#333
style I fill:#f9f,stroke:#333
style J fill:#f9f,stroke:#333
style K fill:#f9f,stroke:#333
style L fill:#f9f,stroke:#333
style M fill:#f9f,stroke:#333
style N fill:#f9f,stroke:#333
style O fill:#f9f,stroke:#333
style P fill:#f9f,stroke:#333
style Q fill:#f9f,stroke:#333
style R fill:#f9f,stroke:#333
style S fill:#f9f,stroke:#333
style T fill:#f9f,stroke:#333
style U fill:#f9f,stroke:#333
style V fill:#f9f,stroke:#333
style W fill:#f9f,stroke:#333
style X fill:#f9f,stroke:#333
style Y fill:#f9f,stroke:#333
style Z fill:#f9f,stroke:#333
6 Одржување и чистење
⚠️ Никогаш не користете бензин, нафта или слични средства за чистење.
⚠️ Препорачуваме да го исключите апаратот пред чистење.
① Никогаш не користете груби абразивни инструменти, сапун, домашни средства за чистење, детергент и средство за полирање за чистење.
① Користете топла вода за чистење на внатрешноста на апаратот и избришете за да се исуши.
☐ Користете влажна и добро
исцедена крпа потопена во
раствор од една лажичка сода
бикарбонат и една чаша вода
за чистење на внатрешноста, а
потоа избришете за да се исуши.
⚠️ Внимавајте да не навлезе вода во куćiштето на осветлувањето или во другите електрични делови.
⚠️ Ако апаратот нема да се користи подолго време, исключете го, извадете ја храната, исчистете го и оставате ја вратата полуотворена.
i Проверувајте ја редовно гумата на вратата која треба да биде чиста и без остатоци од храна.
☐ 3a да ги извадите полиците на вратата, извадете ја целата содржина и потоа едноставно притиснете ја полицата нагоре од лежиштето.
① Никогаш не користете средства за чистење или вода што содржат хлор за да ги исчистите надворешните површини и деловите обложени со хром на производот. Хлорот предизвикува корозија на таквите метални површини.
He користете остри и абразивни предмети или сапун, средства за чистење во домакинството, детергенти, бензин, восок, итн., инаку će се извадат пломбите на пластичните делови и će се деформираат. Користете топла вода и мека ткаенина за чистење. Избришете за да биде суво.
Заштита на пластичните површини
He ставајте течни масла или храна зготвена со масло во незатворени садови во ладилникот бидејки тие може да ги оштетат пластичните површини на ладилникот. Во случај на истурање или размачкување масло врз пластичните површини, исчистете го и исплакнете го дадениот дел на површината веднаш со топла вода.
7 Препорачани решенија за проблемите
Прочитајте го овој список пред да повикате сервис. Ке ви заштеди време и пари. Овој список ги опфаќа честите поплаки што не произлегуваат од неправилна работа или употреба на материјали. Некои од одликите што се опишани тука веројатно не постојат кај вашиот производ.
| Ладилникот не работи |
| • Дали ладилникот е правилно приклучен? Приключете го во штекер.• Дали осигурувачот на приклучокот на којшто е поврзан ладилникот или главниот осигурувач се прегорени? Проверете го осигурувачот. |
| Се јавува кондензација на страничните сидови во одделот на ладилникот. (MULTI ZONE, COOL CONTROL ve FLEXI ZONE) |
| • Многу студени амбиентални услови. Често отворање и затворање на вратата. Амбиентални услови со многу влага. Складирана храна што содржи течност во отворени садови. Вратата е оставена подотворена.• Префрлете го термостатот на поладен степен.• Намалете го времето за оставена отворена врата или користете ја поретко.• Затворете ја храната што ја чувате во отворени садови со соодветен материјал.• Избришете ја кондензацијата со сува крпа и проверете дали повторно ње се појави. |
| Компрессорот не се вклучува |
| • Заштитната термика на компресорот ње престане да работи при ненадеен прекин на ел. енергија или ње го прекине ел. напојување бидејći притисокот на ладилникот во системот за ладење сè уште не е избалансиран.• Ладилникот ње продолжи со работа по приближно 6 минути. Повикајте го сервисерот ако ладилникот не се вклучи по истекување на овој период.• Ладилникот е во циклус на одмрзнување. Ова е нормално за целосно автоматизира процес на одмрзнување кај ладилникот. Цикпусот на одмрзнување започнува периодично.• Ладилникот не е приклучен во штекер. Проверете дали приклучокот е приклучен правилно во sidниот штекер.• Дали прилагодувањето на температурата е правилно направено? Нема струја. Повикајте го електродистрибутерот. |
| Ладилникот често или долго работи. |
| Новиот ладилник веројатно е поширок од претходниот. Тоа е сосема нормално.Големите ладилници работат подолг период.Собната температура е висока. Ова е нормално.Ладилникот веројатно е приключен неодамна или можеби е преоптоварен со храна.Комплетното разладување на ладилникот може да потрае неколку часа подолго.Веројатно е ставена голема количина врела храна во ладилникот неодамна. Врелатахрана предизвигува подолг период на работа на ладилникот сё додека не се постигнебезбедна температура на складирање.Вратите веројатно биле често отворани или оставени подотворени долг период.Топлиот воздух што навлегол во ладилникот предизвигува тој да работиподолгпериод. Отворајте ги вратите поретко.Вратите на одделите на ладилникот или замрзнувачот веројатно биле оставениподотворени. Проверете дали вратите се добро затворени.Ладилникот е прилагоден на многу ниска температура. Прилагодете ја температуратаво ладилникот на повисок степен и почекајте додека не се постигне температурата.Гумата на вратата од ладилникот или замрзнувачот е нечиста, истрошена, искинатали не е правилно поставена. Исчистете ја или заменете ја гумата. Оштетена /искината гума предизвигува ладилникот да работи подолг период за да ја одржуватековната температура. |
| Температурата во замрзнувачот е многу ниска додека температурата во ладилникоте задоволителна. |
| Температурата во замрзнувачот е прилагодена на многу ниска температура.Прилагодете ја температурата во замрзнувачот на повисок степен и проверете. |
| Температурата во ладилникот е многу ниска додека температурата во замрзнувачоте задоволителна. |
| Температурата во ладилникот е прилагодена на многу ниска температура.Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и проверете. |
| Храната што се чува во фиоките на ладилникот се замрзнува. |
| Температурата во ладилникот е прилагодена на многу ниска температура.Прилагодете ја температурата во ладилникот на повисок степен и проверете. |
| Температурата во ладилникот или замрзнувачот е многу висока. |
| Температурата во ладилникот е прилагодена на многу висока температура.Прилагодувањето во ладилникот влијае врз температурата во замрзнувачот. Сменетеја температурата во ладилникот или замрзнувачот додека истата не постигнезадоволително ниво.Вратата веројатно била оставена подотворена. Затворете ја вратата убаво.Веројатно е ставена голема количина врела храна во ладилникот неодамна.Почекајте додека ладилникот или замрзнувачот не ја постигнат саканататемпература.Ладилникот веројатно бил приключен неодамна. Целосно разладување наладилникот трае подолго заради неговата големина. |
| Бучава слична на звукот на секундарнарникот што се слуша кај аналогниот часовниксе слуша од ладилникот. |
| Ова бучава доаға од соленоидниот вентил на ладилникот. Функциите насоленоидниот вентил, за да може фреонот да минува низ одделот, може да сеприлагодуваат на температури за ладење или замрзнување или да извршуваатфункции за ладење. Ова е нормално и не е дефект. |
| Бучавата при работа се зголемува кога работи ладилникот. |
| • Карактеристиките за работата на ладилникот се менуваат соодветно на промените во амбиенталната температура. Тоа е нормално и не е грешка. |
| Вибрации или бучава. |
| • Подот не е рамен или е многу слаб. Ладилникот се ниша кога ќе се помести малку. Проверете дали подот е рамен, цврст и може да го држи ладилникот.• Бучавата може да се предизвикува и од работите што се ставени врз ладилникот. Тие предмети треба да се тргнат од ладилникот. |
| Има бучава што наликува на истурање вода или шиштење. |
| • Течните и гасните звуци се случауваат заради работните принципи на ладилникот. Тоа е нормално и не е грешка. |
| Има бучава како да дува ветер. |
| • Активаторите за воздух (вентилаторите) се користат за да може ладилникот да лад ефикасно. Тоа е нормално и не е грешка. |
| Има кондензација на внатрешните сидови на ладилникот. |
| • Врела и влажна клима го зголемува создавањето мраз и кондензација. Тоа е нормално и не е грешка.• Вратите се подотворени. Обезбедете вратите да се секогаш добро затворени.• Вратите веројатно се отворале многу често или биле оставени отворени подолг период. Отворајте ја вратата поретко. |
| Влага се појавува на надворешноста на ладилникот или меѓу вратите. |
| • Климата е влажна. Ова е нормално за влажна клима. Кога ќе се намали влагата, ќе исчезне и кондензацијата. |
| Има лоша миризба во ладилникот. |
| • Внатрешноста на ладилникот мора да се исчисти. Исчистете ја внатрешноста на ладилникот со сунгер, топла вода или карбонизирана вода.• Некои садови или материјали за пакување веројатно го предизвикуваат мирисот. Употребете друг сад или материјал за пакување од друг производител. |
| Вратата(ите) не се затвора(ат). |
| • Спакуваната храна може да го попречува затворањето на вратите. Преместете ја спакуваната храна што ја попречува вратата.• Ладилникот веројатно не е поставен целосно вертикално на подот и се ниша кога малку ќе се потурне. Прилагодете ги шрафовите за подигнување.• Подот не е рамен или цврст. Проверете дали подот е рамен и може да го држи ладилникот. |
| Фиоките се заглавени. |
| • Храната веројатно го допира плафонот на фиоката. Прераспределете ја храната во фиоката. |
① Овој производ е опремен со извор на осветлување од енергетската класа „G“.
Изворот на осветлување во овој производ треба да го замени само стручен сервисер.
beko
Hladnjak
Употреба на Icematic