GMO25DGE - Микробранова печка GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GMO25DGE GORENJE во PDF формат.
Прашања на корисниците за GMO25DGE GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Микробранова печка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GMO25DGE - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GMO25DGE на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GMO25DGE GORENJE
МК Упатства за употреба 24
EN Instruction manual 32
BG Инструкции за употреба 93
Внимателно прочитајте ги упатствата и чувајте ги.
Спецификации
Грејач за жар: 1200W
Конвекциско: 1350W
Работна фреквенција: 2450MHz
Надворешни димензии: 510mm(Š) X 382mm(G) X 303mm(V)
Димензии на печката....25 литри
Маса без амбалажа:......Приближно 17,5 kg
Овој апарат е означен според европскиот пропис 2002/96/E3 за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.
Пред да повикате сервис
- Ако печката воопшто не работи, ако на екранот ништо не се појавува или, пак, ако екранот се изгасне:
a) Проверете дали печката е
правилно включена на
електричната мрежа. Ако не е,
исключете го кабелот од штекерот,
почекајте 10 секунди и потоа
повторно включете го.
b) Проверете дали осигурувачот за штекерот е прегорен или, пак, дали струјното коло е прекинато на главниот осигурувач. Ако осигурувачите се исправни, тестирајте го штекерот со некој друг апарат.
- Ако микробрановата печка не гree, т.е. не емитува микробранова енергија:
a) Проверете дали е правилно наместен часовникот за програмирање.
b) Проверете дали е цврсто затворена вратата, а сигурносните брави заклучени. Ако не се, микробрановата енергија нема да се ослободува.
Ако со помош на горниве упатства не успеавте да го отстраните проблемот, обратете се до најблискиот овластен сервисер.
Микробрановата печка може да предизвика пречки во приемот на вашиот радиоприемник, ТВ-приемник и слични уреди. Ако дојде до пречки (интерференции), истите можете да ги отстраните или да ги намалите со преземање на следниве мерки:
а) Исчистете ја вратата и површините за
дихтување.
b) Ставете го радиоприемникот, ТВ-приемникот и друго што подалеку од микробрановата печка.
с) Зад радискиот, ТВ-приемникот итн. употребете соодветно наместена антена што їе овозможува јак прием на сигналот.
Напомена:
Апартот е наменет само за користење во дома Kinство и тоа за загревање на храна и пијалаци со помош на електромагнетна енергија. Употребувајте го апаратот само во затворени простории.
Инсталација
- Проверете дали од внатрешноста на вратата го извадивте целокупниот амбалажен материјал.
- Кога ће ја отстраните амбалажата, прегледајте ја печката за да утврдите
дали има видливи оштетувања, како на пример:
- искривена врата,
- оштетена врата,
- набиеници или дупки на стаклото (прозорецот) на вратата или пак на екранот
-
набиеници во внатрешноста на печката.
-
Ако забележите некое од горенаведените оштетувања, не употребувајте ја печката.
-
Микробрановата печка тежи околу 17,5kg, поставете ја на рамна површина што е довольно тврда за да ја издржи тежината на печката.
-
Печката поставете ја подалеку од извори на висока температура и пареа.
-
Не ставајте ништо на печката.
-
За да обезбедите довольно зрачење, околу страните на печката треба да има барем 10 см простор, а над неа 15 см.
-
Не отстранувајте ги погонските оски на ротационото лежиште.
-
Како и кај сите други апарати така и кај овој е потеребен грижлив надзор кога го употребуваат децата.
ПРЕДУПРЕУВАЊЕ: ОВОЈ АПАРАТ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ЗАЗЕМЈИ.
-
Штекерот на кој е прилучен апаратот треба да биде лесно достапен за приклучниот кабел.
-
На печката и е потребна влезна моюд 1,5 kVA. Препорачуваме при инсталација на печката да се посоветувате со сервисер, односно со копметентен стручњак.
ВНИМАНИЕ: Печката има сопствена заштита и тоа осигурувач 250V, 10A.
ВАЖНО
Боите на жиците во приклучниот кабел го имаат следново значење:
Зелено- жолта: заземјување
Сина: нулта
Кафена: фаза
Бидејки боите на жиците можеби не одговараат на обоените ознаки на терминалите во приклучниот кабел, имајте го предвид и следново:
- Жицата со зелено-жолта боја приключете ја на терминалот во прикличниот кабел што е означен со буквата Е или со симболот за заземјување.
- Жицата со сина боја приключете ја на терминалот во приклучниот кабел што е означен со буквата N или е со црна боја.
- Жицата со кафена боја приклучёте ја на терминалот во приклучниот кабел што е означен со буквата L или е со црвена боја.
Важни безбедносни упатства
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога апаратот работи во комбиниран начин, а поради многу високите температури што тогаш настануваат, децата смеат да го употребуваат апаратот само под грижлив надзор на возрасните (само за апарати со функцијата жар)
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата или дихтувачите за вратата се оштетени, апаратот не смеете да го употребувате, додека не го поправи стручно лице.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секоја поправка или сервис изведена од кој било друг освен од овластен сервисер и при која е потребно да се отстрани покривот за заштита од микробрановите зраци е опасна и ризична.
- ПРЕДУПРЕДУВАНЬЕ: Течностите и другата храна не загревајте ги во затворени, односно во покриени садови или, пак, во затворена амбалажа, бидејки истите може да експлодираат.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Децата може да го употребуват апаратот и без надзор од возрасните само во случај доколку им дадете соодветни упатства, за да можат безбедно да ја употребуваат печката и да бидат свесни за опасностите што произлегуваат од несоодвотното ракување.
- Околу печката е потребно да се обезбеди довольно кружење на воздух. Зад печката треба да има најмалку 10 см простор, од страните барем 15 см, над печката 30 см.. не отстранувајте ги нозете на печката и не покривајте ги отворите за венталиција.
- Употребувајте ги помагалата (помошните средатва), соодветно за употреба во микробанова печка.
- Кога загревате храна во пластична или во хартиена амбалажа, односно чинија, надгледувајте го процесот на
загревање поради опасноста таквата амбалажа, т.е. сад, да се запали.
- Ако забележите чад, апаратот исключете го од електричната мрежа, а вратата оставете ја затворена, за да го изгаснете можниот орган.
- Кога во микробрановата печка загревате пијалак, по некое време може пијалокот да зоврие и да претече, па затоа во таков случај однесувајте се особено внимателно.
- За да не дојде до изгореници, пред употребата промешајте ја или протресете ја содржината на шишенцето за доенчиња или шишенцата со храна за доенчиња и проверете ја температурата на содржината.
- Во микробрановата печка не загревајте јајца со лушпа или тврдо варени јајца бидејки може да експлодираат, дури и откако загревањето во печката е веке завршено.
- Кога ја чистите површината на вратата, дихтувачката површина, внатрешноста на печката, употребувајте само благи и нежни (не абразивни) средства за чистење, нанесете ги со сунфер или со мека крпа.
- Редовно чистете ја печката и отстранувајте ги можните остатоци од храна.
- Ако редовно не ја одржувате и чистите печката, може да дојде до нагризување на површината, што негативно влијае на животниот век на апаратот и го зголемува ризикот од опасност при неговата употреба.
- Ако приклучниот кабел е оштетен, за да се избегне опасност, истиот може да го замени само производителот, овластениот сервисер или друг соодветно оспособен стручњак.
Безбедносни упатства за општа употреба
Во продолжение се наброени некои правила и безбедносни мерки што слично како при користење на други апарати, треба да ги почитувате за да обезбедите безбедно и најефикасно функционирање на печката:
- Додека работи печката, стаклената основа, рачките на валјакот, склопката
и жлебот за валјакот секогаш треба да бидат на своето место.
- Печката не користитете ја за никаква друга намена освен за подготвување храна; не сушете во неа облека, хартија или други предмети и не употребувајте ја за стерилизација.
- Никогаш не вклучувајте ја печката ако таа е празна, бидејки можете да ја оштетите.
- Во внатрешноста на печката не чувајте ништо, на пр. хартија, готварски книги итн.
- Не гответе храна што е покриена со мембрана, на пр., жолчки од јајца, компир, пилешки цигер итн. пред да ја прободете мембраната со виљушка на повеće места.
- Не ставајте никакви предмети во отворите на надворешната страна од печката.
- Никогаш не отстранувајте ги деловите на печката, на пр.: нозете, резето(внатрешен затворач), шрафовите итн.
- Не гответе ја храната непосредно на стаклената основа. Пред да ја ставите храната во печката, ставете ја во соодветен сад или во слично помагало.
ВАЖНО: Кујнски помагала што не смеете да ги употребувате во микробранова печка:
- Не употребувајте метални тави или садови со метални рачки.
- Не употребувајте садови со метални рабови.
- Не употребувајте метални жици прекриени со хартија за затворање на пластични кеси.
- Не употребувајте садови од меламим бидејки содржат материјал што ја вшмукува микробрановата енергија. Тоа може да предизвика чинијата да напукне или да се усвити, а покрај тоа и да го забави загревањето / готвењето.
- Не употребувајте ги садовите без соодветното премачкување за употреба во микробранова печка. Исто така не употребувајте затворени шолји со рачки.
- Не подготвувајте храна, т.е. пијалаци во сад што има стеснет отвор, на пр. во шише, бидејки истото може да пукне при загревање.
- Не употребувајте обични термометри за месо или за слатки. Можете да употребувате само термометри што се наменети за употреба во микробранови печки.
-
Помагалата за микробрановата печка употребувајте ги само согласно со упатствата од нивниот производител.
-
Не обидувајте се да потпечувате храна во микробрановата печка.
-
Бидете претпазливи, во микробрановата печка треба да се загрее само течноста, а не и садот во кој истата се наоға. Затоа е можно, откако їе го отстраните капакот, течноста во садот да испарува или од неа да претекуваат капки иако капакот на садот не е жежок.
-
Пред користење секогаш проверете ја температурата на храната, а особено ако им ја давате на деца. Препорачуваме храната/пијалакот никогаш да не ги консумирате непосредно по вадењето од печката, туку да почеката неколку минути и по можност да ја промешате за температурата еднакво да се распредели.
-
Храната што содржи мешавина од вода и маст, на пр. основа за супа, по ислучувањето на печката треба да остане во неа приближно 30 до 60 секунди. Така ће овозможите смесата да се изедначи и ће спречите навлегување на меурчиња кога во течноста ће ставите лажица или коцка за супа.
-
При подготовка на храна бидете внимателни бидејки некои видови, на пр. божиќен пудинг, мармалад или мелено месо се загреваат многу брзо. Кога загревате или подготвувате храна со висока содржина на масти или шекер, не употребувајте пластични садови.
-
Помагалата што ги употребувате при подготовка на храна во микробранова печка можат силно да се загреат бидејки храната оддава топлина. Ова важи посебно ако врвот на садот и рачките се прекриени со пластична обвивка или со пластична наметка. При вадење на таков сад може да ви бидат потребни кујнски ракавици.
-
За да го намалите ризикот од пожар во внатрешноста на печката: а) внимавајте предолго да не ја готвите храната. Грижливо
надгледувајте го процесот на загревање кога во печката се присутни помагала од хартија, пластика или други лесно запалливи, т.е. горечки материјали.
b) Пред да го ставите кесето во печката, отстранете ја жицата за затворање на кесето.
с) Ако предметот во печката се запали, оставете ја вратата на печката затворена, исключете ја истата од електрична мрежа или исключете го главниот осигурувач од разводната табла.
Дијаграм на печката

text_image
10MIN 1MIN 10SEC (1) (2) (3) (4) (5) MICRO/GRILL/ CONVESSION/ AUTO MENU CLOCK/ TIMER START/ RESET (6) (7) (8) OPEN
- 10 минути
- 1 минута
- 10 секунди
- Екран
- Микро/Скара/Конвекција/Автоматско мени
- Часовник/Програмски часовник
- Почеток/Повторно поставување
-
Копче за отварање
-
Затворач на вратата
- Прозорец на печката
- Отвори за вентилација вентилатор за проветрување
- Обрач на основата
- Стаклена основа
- Контролна плоча
- Решетка за жар
Упатства за употреба
1. Подготовка на храна со едно притискање на копче
Со само едно притискање на копче можете да почнете со едноставна подготовка на храна. Функцијата е многу погодна и овозможува многу брзо да загреете чаша вода и сл.
Пример: Греење на чаша млеко
a) Чашата со млеко ставете ја на стаклениот ротационен танир и затворете ја вратата.
б) Притиснете го копчето "Start/Reset" и микробрановата печка ќе работи 1 минута со 100% јачина.
ц) Кога ке заврши загревањето, ке слушнете пет звучни сигнали (писоци).
2. Подготовка на храна со микробранови зраци
Оваа функција има две можности:
a) Брзо греење со микробранови зраци (100% јачина)
Пример: Подготовка со 100% јачина 5 минути.
- Наместете го времето на "5:00".
- Притиснете "Start/Reset".
б) Греење со микробранови зраци со рачен надзор - Притиснете го копчето "Micro...Auto menu", одберете 70% јачина.
- Наместете го времето на "10:00".
- Притиснете го копчето "Start/Reset".
Можете да одберете помеѓу 5 различни нивоа на моćност на греење, а најдолг период на работа е 90 минути.
| Број на притискања на копчето "Micro" | Јачина на микробрановите зраци | Изпис на екранот |
| 1 | 100% | P100 |
| 2 | 70% | P70 |
| 3 | 50% | P50 |
| 4 | 30% | P30 |
| 5 | 10% | P10 |
3. Автоматско одмрзнување
Во зависност од тежината на замрзнатата храна, печката їе Ви помогне во изворот на соодветна јачина и време на загревање.
Пример: Одмрзнување на 0,5 кг. замрзнато месо.
a) Со притискање на копчето "Micro...Auto menu" одберете "DEF".
6) Со притискање на копчето "1Min" (1кг) и "10Sec" (0,1 кг) ставете месо.
ц) Притиснете "Start/Reset".
Тежината на замрзнатата храна мора да
биде помала од 2 кг.
4. Скара
Оваа функција има два мода; саканата функција можете да ја изберете со притискање на копчето "Micro...Auto menu" (најдолго време за готвење е 60 минути).
Мод 1: 85% мою на скарата, на екранот е напишано G-1
Мод 2: 50% мою на скарата, на екранот е напишано G-2.
Пример: Подготовка на храната на скара, 20 минути.
a) Притиснете го копчето "Micro...Auto menu" се додека на LED екранот не се напише "G-1".
б) Наместете го времето за готвење на "20:00".
ц) Притиснете го копчето "Start/Reset".
Кога подготвувате храна на скара,
микробрановите зраци не греат, туку
топлината ја емитува металниот
грејач на врвот (горниот дел) на
печката.
Кога работи скарата, подготовката
(односно печењето) може да се
намести на два степена; по првата
половина на подготовката,
програмата автоматски ће престане, а
два пискави звуци ће означат дека е
време храната што ја подготвувате на
скара да ја завртите. Кога ће ја
завртите, повторно затворете ја
вратата од перната и притиснете го
копчето "Start/Reset" и програмата за
подготовка на храната ће продолжи.
Ако не сакате да ја завртите храната,
програмата автоматски ће продолжи
со работа по една минута.
5. Комбинирано работење
Рерната овозможува и три мода за комбинирана подготовка на храна.
1 можност: Комбинирано дејство (50% микробранови зраци + 200 °C конвекција). На екранот їе пишува "С-1".
2 можност: Комбинирано дејство (50% скара + 220 °C конвекција). На екранот ке пишува "С-2".
Погодно за подготовка на крцкави јадења.
3 Можност : Комбинирано дејство (50% микробранови зраци + 50% скара). На екранот їе биде напишано "С-3".
Пример: Подготовка на намирници со можноста 2, 15 минути.
a) Копчето "Micro...Auto menu" притискајте го се додека на LED екранот не се појави "С-2".
б) Наместете го времето на "15:00".
ц) Притиснете го копчето "Start/Reset".
Рерната овозможува конвекциско готвење и лесно ја програмираме за постигнување на бараната температура - претходно загревање на печката. Печката автоматски се мести на 230 °C, за местење на температурата, притиснете го копчето "Micro...Auto menu".
Пример: Рерната сакате да ја загреете на 200 °C
- За местење на температурата на 200 °C, притискајте го копчето "Micro/Conve/Auto menu", додека не се напише "200 °C".
- Притиснете го копчето "Start/Reset".
Штом перната ће ја постигне саканата температура, дејствувањето на апаратот престанува. Со два пискави звуци ће ве потсети да ја ставите храната во печката. Наместете ја температурата и времето и почнете со готвењето. Најмногу време за загревање на перната е 30 минути.
Пример: Во однапред загреана rerна сакате да готвите 20 минути на температура од 200 °C.
- Притиснете го копчето "Micro...Auto menu", додека не се прикаже 200 °C.
- Наместете го времето за готвење на 20 минути.
- Притиснете го копчето "Start/Reset"..
7. Автоматско мени
Изберете го само видот и количината на храната, а перната їе ви помогне во подесување на мојта и времето на дејствување.
a) Притиснете го копчето "Micro...Auto menu" се додека на екранот не се напише "A-5".
б) Внесете ја тежината со притискање на копчето "1 min"(1 kg) и "10 sec" (0,1 kg), додека не екранот не се напише "0,4".
ц) Притиснете го копчето "Start/Reset".
| Притисоцина копчето"1min" | Количина, Мени Бр. | ||
| A-1Подгревање | A-2Компир | A-3Пица | |
| 1 | 0,1 | 0,2 | |
| 2 | 0,15 | 0,3 | |
| 3 | 0,2 | 0,4 | 0,25 |
| 4 | 0,25 | 0,5 | |
| 5 | 0,3 | 0,6 | 0,35 |
| 6 | 0,35 | 0,7 | |
| 7 | 0,4 | 0,9 | 0,45 |
| 8 | 0,45 | 1,1 | |
| 9 | 0,5 | 1,3 | 0,55 |
| 10 | 0,6 | 1,5 | 0,60 |
| Бр.Притисоцина копчето"1min" | Количина, Мени | ||
| А-4Месо | А-5Риба | А-6Пилешко | |
| 1 | 0,1 | 0,2 | 0,2 |
| 2 | 0,2 | 0,3 | 0,4 |
| 3 | 0,3 | 0,4 | 0,6 |
| 4 | 0,4 | 0,5 | 0,8 |
| 5 | 0,5 | 0,6 | 1,0 |
| 6 | 0,6 | 0,8 | |
| 7 | 0,8 | 1,0 | |
| 8 | 1,0 | ||
| 9 | |||
| 10 | |||
8. Часовник
Печката има и 24-часовен дигитален часовник. За внесување на времето, на пр. 16:30, направете го следното:
- Притиснете го копчето "Clock/Timer". Натписот на екранот їе почне да трепка. Наместете го часот со помош на копчињата "1 min" и "10 sec".
- Повторно притиснете го копчето "Clock/Timer" и наместете ги минутите со копчињата "1 min" и "10 sec".
- Повторно притиснете го копчето "Clock/Timer" и новото време їе биде наместено.
- Ако сакате да го промените времето, повторете ја горната постапка.
9. Tajmer
Тајмерот овозможува однапред да го наместите времето за почеток и крај на подготовката на намирниците.
Пред примената на оваа функција, времето на перната мора да биде адекватно наместено.
Пример: Моменталното време е 16:30, а сакате готвењето да почне во 18:15, и тоа со 70% моć, 10 минути.
a) Притиснете го копчето "Clock/Timer" и копчињата "1 min" и "10 sec" наместете го времето на 18:00 (иста
постапка како при местење на времето).
б) Со притискање на копчето "Micro...Auto menu" одберете 70% мок.
ц) Наместете го времето за готвење на 10 минути.
д) Притиснете го копчето "Start/Reset". Ако не го наместите времето за готвење и ако непосредно по местењето на почетокот на делувањето го притиснете копчето "Start/Reset", апаратот će функционира само како часовник (будилник). Во 18:15 će слушнете 10 пискави звуци, а апаратот će се исклучи.
10. Заштита (заклучување) за деца
Ако сакате да ја активирате функцијата заштита за деца, истовремено притиснете ги копчињата "1 min" и "10 sec" и држете ги две секунди. Ако сакате да ја исклучите оваа функција, повторете ја постапката.
11. Start / Reset ("почеток / повторно местење")
-
Ако во тек на работењето на апаратот го притиснете копчето "Start/Reset", работата на перната їе престане.
-
Ако претходно сте наместиле програмирано вклучување, со притискање на копчето "Start/Reset" ке го откажете.
Грижа за микробрановата печка - нега и одржување
- Пред чистењето исключете ја печката и исключете го кабелот од штекерот.
- Внатрешноста на печката треба секогаш да биде чиста. Кога делови од храна, течност што прска од неа или истурена течност їе се засуши на сидовите на печката, само пребришете ги со влажна крпа. Користењето на груби детергенти или на абразивни средства за чистење не е препорачливо.
- Надворешната површина на печката исчистете ја со влажна крпа. За да го спречите оштетувањето на деловите во внатрешноста на печката, внимавајте да не ви се истури вода во отворите за вентилација.
- Не дозволувајте контролната табла да се намокри. Исчистете ја со мека и влажна крпа. За чистење на контролната табла
не употребувајте детергенти, груби (абразивни) средства или распрескувачки средства за чистење.
- Ако во внатрешноста или околу надворешнитата обвивка на ку́кишето се насобере пареа, избрижете ја со мека
крпа. Ова се случаува кога микробрановата печка ја употребувате во многу влажни простории и во никој случај не укажува на грешка во работењето на печката.
- Понекогаш е потребно да ја отстраните и стаклената основа и да ја исчистите.
Стаклената основа измијте ја во топла вода со малку детергент или, пак, во машина за миење садови
-
Лежечкиот обрач, како и дното (долната површина) на внатреноста на печката треба редовно да се чистат, бидејки, додека работи печката, може да создава бучава. Едноставно пребришете го дното на внатрешноста на печката со благ детергент, вода или со средство за чистење стакло и исушете је. Лежечкиот обрач можете да го измиете во топла вода со малку детергент или во машина за миење садови, по подолга употреба на тркалата на лежечкиот обрач може да се наталожат остаоци од испарувањето на храната, сепак, тоа не влијае врз неговата работа. Кога го отстранувате лежечкиот обрач од жлебот на дното на комората (во внатрешноста на печката) внимавајте повторно да го наместите правилно.
-
Можниот непријатен мирис од печката ќе го отстраните на тој начин што во длабок сад за подготовка на храна во микробранова печка ќе налеете една шолја вода, а во водата ќе ставите кора од еден лимон. Потоа садот оставете го во микробрановата печка пет минути. На крај, темелно исушете ја внатрешноста на печката и избришете ја со мека крпа.
-
Ако треба да ја замените светилката во печката, ве молиме, да се обратите кај продавачот.
Не е за комерцијална употреба!
Корисни совети како и дополнителни упатства за печење со микробранови и грил можете да најдете на нашата web страна:
http://microwave.gorenje.com
ГОЛЕМО УЖИВАЊЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕТО НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА ВИ ПОСАКУВА
gorenje
Само за лична употреба!