GALAXY TAB 3 KIDS 7.0 WI-FI SAMSUNG

GALAXY TAB 3 KIDS 7.0 WI-FI - Таблет за деца SAMSUNG - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit

Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil GALAXY TAB 3 KIDS 7.0 WI-FI SAMSUNG au format PDF.

Page 270
Assistant notice
Powered by ChatGPT
En attente de votre message
Informations produit

Marque : SAMSUNG

Modèle : GALAXY TAB 3 KIDS 7.0 WI-FI

Catégorie : Таблет за деца

Téléchargez la notice de votre Таблет за деца au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice GALAXY TAB 3 KIDS 7.0 WI-FI - SAMSUNG et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil GALAXY TAB 3 KIDS 7.0 WI-FI de la marque SAMSUNG.

MODE D'EMPLOI GALAXY TAB 3 KIDS 7.0 WI-FI SAMSUNG

Информации за безбедност Овие информации за безбедност содржат податоци за мобилни уреди. Некои содржини може да не бидат применливи на Вашиот уред. За да спречите поврда на себе си и другите, или оштетување на Вашиот уред, прочитајте ги информациите за безбедност за Вашиот уред пред да започнете со негово користење.

Предупредување: Спречете електричен шок, пожар и експлозија Не употребувајте оштетени електрични приклучоци, продолжни кабли или лабави приклучоци Не допирајте го струјниот кабел со влажни раце и не исклучувајте го полначот со влечење на кабелот Не превиткувајте и не оштетувајте го приклучниот кабел Не користете го Вашиот уред додека се полни и не допирајте го со влажни раце Внимавајте да не предизвикате краток спој на полначот или уредот Не испуштајте го да падне и не предизвикувајте удари на полначот или на уредот Не полнете ја батеријата со полнач кој не е одобрен од производителот Не го користете Вашиот уред за време на грмотевици Вашиот уред може да се расипе па ризикот од електричен удар е зголемен.

Не употребувајте оштетена или Литиум јонска (Li-Ion) батерија што истекува За безбедно фрлање во отпад на Вашата литиум-јонска батерија, контактирајте го Вашиот најблизок овластен сервисен центар.

Внимателно ракување и отфрлање на уредот и полначот во отпад • Користете само батерија и полнач одобрени од Samsung конкретно дизајнирани за Вашиот уред. Некомпатибилни батерија и полнач може да предизвикаат сериозни повреди или оштетување на Вашиот уред. • Никогаш не фрлајте ги батеријата или уредот во оган. Следете ги сите локални регулативи кога фрлате во отпад употребена батерија или уред. • Никогаш не поставувајте ги батеријата или уредот на или во загреани уреди, како што се микробранови печки, рерни или радијатори. Уредот може да експлодира доколку се загрее прекумерно. • Никогаш не удирајте го и не дупчете го уредот. Избегнете изложување на уредот на висок надворешен притисок што може да доведе до внатрешен краток спој и презагревање.

Заштитете ги уредот, батеријата и полначот од оштетување • Избегнете изложување на Вашиот уред и батерија на многу ниски или многу високи температури. • Екстремните температури може да го оштетат уредот и да го намалат капацитетот за полнење и работниот век на Вашиот уред и батерија. • Спречете каков било контакт на батеријата со метални предмети бидејќи тоа може да предизвика контакт помеѓу половите + и - на Вашата батерија и да доведе до привремено или трајно оштетување на батеријата. • Никогаш не користете оштетен полнач или батерија.

Внимание: Следете ги сите безбедносни предупредувања и прописи кога го користите Вашиот уред на места каде е ограничена нивната употреба Не користете го уредот во близина на други електронски уреди Повеќето електронски уреди користат радио фреквентни сигнали. Вашиот уред може да предизвика пречки во работата на другите електронски уреди.

Не користете го уредот во близина на пејсмејкер • Ако е можно, избегнувајте користење на Вашиот уред во близина од 15 см до пејсмејкер, затоа што уредот може да предизвика пречки во работата на пејсмејкерот. • За да ги доведете до минимум пречките со пејсмејкер, користете го Вашиот уред само странично на Вашето тело на спротивната страна од пејсмејкерот.

Не користете го уредот во болница или во близина на медицинска опрема затоа што може да предизвика пречки во нивната радио фреквенција Доколку користите медицинска опрема, контактирајте го производителот на опремата пред да го користите уредот за одредување дали или не опремата ќе биде под влијание на радио-фреквенцијата емитувана од уредот.

Ако користите помагало за слух, контактирајте го производителот за инфорамции околу радио-пречки Радио-фреквенцијата емитувана од Вашиот уред може да создава пречки на одредени помагала за слух. Пред користење на уредот, контактирајте го производителот за да утврдите дали Вашето помагало за слух ќе биде попречено од радио-фреквенциите емитувани од уредот.

Исклучете го уредот во потенцијално експлозивни опкружувања • Наместо да ја отстраните батеријата, исклучете го уредот во потенцијално експлозивни опкружувања. • Во потенцијално експлозивните опкружувања секогаш придржувајте се кон прописите, упатствата и знаците. • Не користете го уредот на места каде се полни гориво (бензиски станици), во близина на горива или хемикалии, или во области каде се врши рушење со експлозиви. • Не чувајте и не пренесувајте запаливи течности, гасови или експлозивни материјали во истиот простор каде се наоѓа уредот, неговите делови или дополнителниот прибор.

Исклучете го Вашиот уред кога се наоѓате во авион. Вашиот уред може да создаде пречки на електронските инструменти за навигација на авионот.

Вашиот уред може да создаде пречки на погонската опрема. Електронските уреди во Вашиот автомобил може да работат неправилно заради радио-пречки од Вашиот уред. Контактирајте го производителот за повеќе информации.

Придржувајте се кон сите безбедносни предупредувања и прописи коишто се однесуваат на употребата на Вашиот уред додека возите Додека возите, Вашата прва одговорност е безбедното управување со возилото. Никогаш не користете го Вашиот уред додека возите, ако тоа е забрането со закон. За Вашата безбедност и безбедноста на другите, користете го Вашиот здрав разум и запомнете ги следниве совети: • Запознајте се со Вашиот уред и со неговите погодни функции, како што се брзо бирање и повторно бирање. Овие функции Ви помагаат да го намалите времето потребно за остварување или за примање повици на Вашиот мобилен уред. • Поставете го Вашиот уред да биде лесно достапен. Осигурете се дека имате пристап до Вашиот безжичен уред без да го тргате погледот од патот. Ако доаѓа дојдовен повик во незгодно време, оставете да одговори говорната пошта наместо Вас. • Откажете ги повиците во густ сообраќај или во опасни временски услови. Дожд, лапавица, снег, мраз и густ сообраќај може да бидат опасни. • Не пишувајте белешки и не барајте телефонски броеви. Пишување на листата со задачи или листањето по Вашиот адресар го одзема Вашето внимание од Вашата примарна одговорност за безбедност при возењето. • Бирајте внимателно и пристапете во сообраќајот. Повикувајте кога не сте во движење или пред да се вклучите во сообраќајот. Обидете се да ги планирате Вашите повици кога не сте во движење. • Не вклучувајте се во стресни или чувствителни разговори кои можат да го оттргнат Вашето внимание. Дајте му до знаење на лицето со кое разговарате дека возите во моментот и прекинете ги сите разговори кои можат да Ви го одземат вниманието од патот.

• Користете го Вашиот уред за да повикате помош. Во случај на пожар, сообраќајни несреќи или медицински итни случаи, повикајте го локалниот број за итни случаи. • Користете го Вашиот уред за да им помогнете на другите во итни случаи. Доколку сте сведок на автомобилска несреќа, криминал во тек, или сериозен итен случај во кој животот е во опасност, повикајте го локалниот број за итни случаи. • Повикајте број за помош на патот или друг број за помош, не за итни случаи, кога тоа е потребно. Доколку видите возило застанато на патот кое не претставува сериозна опасност, скршен сообраќаен знак, ситна сообраќајна несреќа каде никое лице не е загрозено, или возило за кое знаете дека е украдено, повикајте го бројот назначен за пријавување ваков тип на ситуации.

Соодветна грижа за мобилниот уред и негова употреба Уредот мора секогаш да биде сув • Влажноста и течностите може да ги оштетат деловите или електричните кола на Вашиот уред. • Не го вклучувајте Вашиот уред додека е мокар. Ако уредот веќе е вклучен, исклучете го и извадете ја батеријата веднаш (ако уредот не може да се исклучи или не можете да ја извадите батеријата, оставете го како што е). Потоа, исушете го уредот со крпа и однесете го во сервисен центар. • Течностите ќе ја променат бојата на ознаката што означува оштетување предизвикано од вода. Оштетувањата предизвикани од вода ја поништуваат гаранцијата на производителот.

Не чувајте го и не складирајте го Вашиот уред во области со високи концентрации на прашина или други материи присутни во воздухот Прашината или надворешните материјали може да предизвикаат неправилно функционирање на Вашиот уред и тоа може да резултира со пожар или електричен шок.

Чувајте го Вашиот уред само на рамни површини. Ако Вашиот уред падне, може да се оштети.

Не чувајте го Вашиот уред во многу топли или многу ладни простории. Се препорачува да го користите Вашиот уред на температури од 5 °C до 35 °C • Вашиот уред може да експлодира ако се остави внатре во затворено возило, бидејќи внатрешната температура во возилото може да нарасне до 80 °C. • Не изложувајте го уредот на директна сончева светлина за подолг временски период (на пример, на контролната табла во автомобилот). • Чувајте ја батеријата на температури од 0 °C до 45 °C.

Не чувајте го Вашиот уред заедно со метални предмети, како монети, клучеви и накит • Вашиот уред може да се изгребе или да не функционира правилно. • Доколку контактите на батеријата дојдат во допир со метални предмети, може да настане пожар.

Не чувајте го Вашиот уред во близина на магнетни полиња • Вашиот уред може да се оштети или батеријата може да се испразни од изложувањето на магнетни полиња. • Магнетните картички, вклучувајќи ги кредитните картички, телефонските картички, штедните книшки и картичките за интернат можат да бидат оштетени од магнетните полиња. • Не користете торбички или прибор со магнетни патенти и не дозволувајте Вашиот уред да дојде во допир со магнетни полиња подолго време.

Не чувајте го уредот во близина или во грејачи, микробранови печки, опрема за готвење или контејнери со висок притисок • Батеријата може да истече. • Уредот може да се прегрее и да предизвика пожар.

Не испуштајте го уредот и не предизвикувајте удари на уредот • Екранот на уредот може да биде оштетен. • Ако е искривен или деформиран, Вашиот уред може да биде оштетен и некои делови може да не функционираат.

Не употребувајте го Вашиот уред и апликации одредено време ако уредот е премногу загреан Продолжена изложеност на вашата кожа на презагреан уред може да предизвика симптоми на мала изгореност, како црвени точки или депигментација на кожата.

Доколку Вашиот уред е опремен со блиц-светло или ламба, не користете го светлото блиску до очите на луѓето или миленичињата Користењето на блицот во близина на очите може да предизвика привремено губење на видот или оштетување на очите.

Ракувајте внимателно кога сте изложени на трепкачки светла • Додека го користите уредот, оставете некои од светлата во собата вклучени и не држете го екранот премногу блиску до Вашите очи. • Може да дојде до напади или бессознание кога сте изложени на трепкачки светла додека гледате видео или играте флеш игри подолг период. Ако се чувствувате неудобно, престанете со користење на уредот веднаш.

Намалете го ризикот од повреди поради повторувачки движења Кога повторувате одредени движења, на пр., притискање копчиња, цртање знаци на екран чувствителен на допир со прстите или играње игри, може да почувствувате повремена неудобност во Вашите раце, врат, рамења или други делови од Вашето тело. Кога го користите Вашиот уред подолги периоди, држете го уредот релаксирано, притискајте лесно на копчињата и правете повремени паузи. Ако и натаму имате неудобност при или по користењето, престанете со употребата на уредот и консултирајте се со лекар.

Обезбедете максимален век на траење на батеријата и полначот • Избегнувајте полнење на батеријата подолго од една седмица бидејќи прекумерното полнење може да го скрати работниот век на батеријата. • Со време, уредот што не се користи ќе ја испразни батеријата и мора да се наполни пред употреба. • Исклучете го полначот од изворите на напојување кога не е во употреба. • Користете ја батеријата само за нејзината планирана намена.

Користете батерии, полначи, додатоци и прибор одобрени од производителот • Користењето генеричка батерија или полнач може да го скрати работниот век на Вашиот уред или да предизвика негово неправилно функционирање. • Samsung не може да биде одговорен за безбедноста на корисникот кога употребува додатоци или делови коишто не се одобрени од Samsung.

Не касајте ги и не шмукајте ги уредот или батеријата. • Во спротивно може да дојде до оштетување на уредот или до есплозија. • Ако уредот го користат деца, уверете се дека правилно го користат.

Не го ставајте уредот или испорачаниот дополнителен прибор во очите, ушите или устата Бидејќи на тој начин може да дојде до гушење или сериозни повреди.

Кога го користите уредот: • Држете го уредот исправено, исто како и обичниот телефон. • Зборувајте директно во микрофонот. • Не допирајте ја внатрешната антена на уредот. Тоа може да резултира со намален квалитет на разговорот или да предизвика уредот да емитува непланирани нивоа енергија на радио-фреквенција (RF).

Заштитете ги Вашиот слух и уши кога користите слушалки • Слушањето со висока јачина на тонот може да му наштети на Вашиот слух. • Слушањето со висока јачина на тонот може да го оттргне Вашето внимание и да предизвика несреќа. • Секогаш намалувајте ја јачината на тонот пред да ги вклучите слушалките во изворот на звук и користете го само нагодувањето за јачина на минимум, потребно да го слушате Вашиот разговор или музика. • Во суви средини, статичкиот електрицитет може да се појави во слушалките. Избегнувајте користење слушалки во суви средини или допрете метален предмет за да го испразните статичкиот електрицитет пред да ги поврзите слушалките во уредот.

Бидете внимателни кога го користите уредот при пешачење или кога сте во движење • Секогаш бидете свесни за Вашето опкружување за да избегнете повреди на Вас и на другите. • Внимавајте кабелот на слушалките да не се заплетка во Вашите раце или блиски предмети.

Не носете го уредот во задните џебови или околу половината Ако паднете, може да се повредите или да го оштетите уредот.

Не расклопувајте, менувајте и не поправајте го Вашиот уред • Какви било промени или изменувања може ја поништуваат гаранцијата на производителот. Ако Вашиот уред треба да се сервисира, однесете го во Сервисниот центар на Samsung. • Не расклопувајте и не дупчете ја батеријата затоа што тоа може да предизвика експлозија или пожар.

Не го обојувајте уредот и не ставајте лепенки врз него Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните делови и да го спречат правилното работење. Ако сте алергични на боја или метални делови од уредот, може да почувствувате чешање, егзема или натекување на кожата. Ако дојде до тоа, престанете со употреба на уредот и консултирајте се со Вашиот лекар.

Кога го чистите Вашиот уред: • Избришете го уредот или полначот со крпа или со гума. • Исчистете ги контактите на батеријата со памучно топче или крпа. • Не користете хемикалии или детергенти.

Уредот не се користи доколку екранот е оштетен или искршен Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите раце и лице. Однесете го уредот во сервисниот центар на Samsung за да биде поправен.

Користете го уредот само за неговата наменета употреба Избегнувајте да ги вознемирувате другите кога го користите уредот во јавност Не дозволувајте деца да го користат Вашиот уред Вашиот уред не е играчка. Не дозволувајте деца да играат со него бидејќи може да се повредат себе си и другите, или да го оштетат уредот.

Инсталирајте го мобилниот уред и опремата со внимание • Проверете дали сите мобилни уреди или соодветната опрема инсталирана во Вашето возило се безбедно вградени. • Избегнувајте да го поставувате уредот и дополнителната опрема во близина на или во делот за воздушното перниче. Неправилно инсталираната безжична опрема може да предизвика сериозни повреди кога воздушните перничиња ќе се напумпаат нагло.

Дозволете само квалификувани лица да го сервисираат Вашиот уред Дозволувањето на неквалификувани лица да го сервисираат Вашиот уред може да предизвика оштетување, а со тоа и поништување на Вашата гаранција од производителот.

Внимателно ракувајте со SIM картичките и со мемориските картички • Не отстранувајте картичка кога уредот пренесува или прима информации, бидејќи тоа може да предизвика губење на податоците и/ или оштетување на картичката или уредот. • Заштитете ги картичките од силни удари, статички електрицитет и електрични пречки од другите уреди. • Не ги допирајте златно обоените контакти или полови со прсти или метални предмети. Доколку не е чиста, пребришете ја картичката со мека крпа.

Обезбедете пристап до услугите за итни случаи Повиците за итни случаи од Вашиот уред можеби нема да бидат возможни во некои подрачја или околности. Пред патување во оддалечени или неразвиени подрачја, испланирајте резервна метода за контакт со персоналот задолжен за итни повици.

Чувајте ги на сигурно Вашите лични и важни податоци • При користење на уредот, уверете се дека ќе направите резервна копија на Вашите важни податоци. Samsung не е одговорен за губењето какви било податоци. • Кога сакате да го отстраните Вашиот уред, направете резервна копија од Вашите податоци, потоа ресетирајте го Вашиот уред за да спречите погрешна употреба на Вашите лични податоци. • Внимателно прочитајте го приказот со овластувања кога преземате апликации. Особено бидете претпазливи со апликации кои имаат пристап до многу функции или до значајна количина на Вашите лични податоци. • Редовно проверувајте ги Вашите сметки за неодобрена или сомнителна употреба. Ако најдете каков било знак на злоупотреба на Вашите лични податоци, контактирајте го Вашиот оператор да ги избрише или промени Вашите податоци за сметката. • Во случај уредот да го изгубите или да Ви биде украден, променете ги лозинките на Вашите сметки за заштита на Вашите лични податоци. • Избегнувајте да користите апликации од непознати извори и заклучувајте го Вашиот уред со шара, лозинка или PIN.

Не распространувајте материјали со заштитени авторски права Не распространувајте материјал со заштитени авторски права без дозвола од сопственикот на правата. Правејќи го тоа може да доведе до прекршување на законите за авторски права. Производителот не е одговорен за било какви правни прашања предизвикани од илегалната употреба на материјали со заштитени авторски права.

Правилно депонирање на овој производ (Отпадна електрична и електронска опрема) (Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот) Ознаката на производот, опремата или литературата означува дека производот и неговите електронски додатоци (на пример, полнач, слушалки, USB кабел) не треба да бидат фрлени со останатиот отпад од домаќинството. За избегнување на можни штети врз околината или човечкото здравје предизвикани со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси. Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината. Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.

Правилно отстранување на батериите од овој производ (Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот) Оваа ознака на батеријата, во упатството или на пакувањето означува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од нивниот работен век. Каде што се означени, хемиските симболи Hg, Cd или Pb означуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното ниво во Директивата 2006/66/EC. Ако батериите не се отстранат правилно, овие супстанции можат да предизвикаат штета врз човековото здравје или животната средина. За заштита на природните ресурси и поддршка на повторното користење на материјалните ресурси, Ве молиме да ги одвоите батериите од останатиот отпад и да ги рециклирате преку Вашиот локален, бесплатен систем за враќање на батерии.

Правилно отстранување на батериите од овој производ (Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот) Ознаката на батеријата, упатството или пакувањето укажува дека батеријата во овој производ не треба да се фрла заедно со останатиот отпад од домаќинството. Каде што се означени, хемиските симболи Hg, Cd или Pb означуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над препорачаното ниво во Директивата 2006/66/EC. Батеријата која е составен дел од овој производ не може да биде заменета од корисникот. За информации за нејзина замена, Ве молиме обратете се до Вашиот сервисен центар. Не обидувајте се да ја отстраните батеријата или да ја фрлите во оган. Не ја расходувајте, кршите или дупчите батеријата. Ако сакате да се ослободите од производот, местото за собирање отпад ќе ги преземе неопходните мерки за рециклирање и третман на производот, вклучувајќи ја и батеријата.

Изјава за одрекување Некои содржини и услуги достапни преку овој уред се во сопственост на трети страни и се заштитени со законите за авторски права, патенти, трговски марки и/или други закони за интелектуалната сопственост. Таквата содржина и услуги се овозможени само за Ваша лична некомерцијална употреба. Не смеете да користите кои било содржини или услуги на начин кој не е одобрен од сопственикот на содржината или давателот на услугата. Без ограничување на претходното, доколку немате изречно овластување од соодветниот сопственик на содржината или давателот на услугата, не смеете да изменувате, копирате, повторно објавувате, префрлувате, поставувате, пренесувате, преведувате, продавате, создавате изведени дела, искористувате или дистрибуирате на кој било начин или медиум кои било содржини или услуги прикажани со помош на овој уред. “СОДРЖИНИТЕ И УСЛУГИТЕ НА ТРЕТИ СТРАНИ СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ “КАКО ШТО СЕ”. SAMSUNG НЕ ДАВА ГАРАНЦИЈА, БИЛО ИЗРЕЧНА ИЛИ ИМПЛИЦИРАНА, ЗА СОДРЖИНИ ИЛИ УСЛУГИ ОБЕЗБЕДЕНИ НА ОВОЈ НАЧИН, ЗА КОЈА БИЛО НАМЕНА. SAMSUNG ИЗРЕЧНО ОДРЕКУВА КОИ БИЛО ИМПЛИЦИРАНИ ГАРАНЦИИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ САМО НА НИВ, ГАРАНЦИИ ВО ОДНОС НА ТРГОВСКА ПОДОБНОСТ ИЛИ ПОГОДНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА. SAMSUNG НЕ ГАРАНТИРА ЗА ТОЧНОСТ, ВАЛИДНОСТ, НАВРЕМЕНОСТ, ЗАКОНИТОСТ ИЛИ ЦЕЛОКУПНОСТ НА КОЈА БИЛО СОДРЖИНА ИЛИ УСЛУГА ДОСТАПНА ПРЕКУ ОВОЈ УРЕД И ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ, ВКЛУЧУВАЈЌИ И СЛУЧАЈ НА НЕБРЕЖНОСТ, SAMSUNG НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН, БИЛО ВРЗ ОСНОВА НА ДОГОВОР ИЛИ ПРЕКРШОК, ЗА КОЈА БИЛО ДИРЕКТНА, ИНДИРЕКТНА, ИНЦИДЕНТНА, ПОСЕБНА ИЛИ ПОСЛЕДИЧНА ШТЕТА, АДВОКАТСКИ ХОНОРАРИ, ТРОШОЦИ ИЛИ КОЈА БИЛО ШТЕТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ИЛИ ВО ВРСКА СО КОИ БИЛО СОДРЖАНИ ИНФОРМАЦИИ ИЛИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА КОРИСТЕЊЕ НА КОЈА БИЛО СОДРЖИНА ИЛИ УСЛУГА ОД ВАША СТРАНА ИЛИ ОД СТРАНА НА ТРЕТИ ЛИЦА, ДУРИ И КОГА ПОСТОЕЛО СОЗНАНИЕ ЗА МОЖНОСТА НА ТАКВИТЕ ШТЕТИ.” Услугите на трети страни можат да бидат укинати или прекинати во кое и да е време и Samsung не дава никакви изјави или гаранции дека која било содржина или услуга ќе биде достапна во кој било временски период. Содржините и услугите се пренесуваат од трети страни преку мрежи и уреди за пренос врз кои Samsung нема никаква контрола. Без ограничување на општите напомени на оваа изјава за одрекување, Samsung изречно одрекува која и да е одговорност за прекин или суспензија на која било содржина или услуга достапна преку овој уред. Samsung не е одговорен за услугата за корисниците во врска со овие содржини и услуги. Сите прашања или барања во врска со услугата поврзана со овие содржини или услуги треба директно да се испратат до соодветните даватели на содржини и услуги.