BM201A4XG - BM251S7XG - BM1400E - BM1200 - Микробранова печка GORENJE - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit

Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil BM201A4XG - BM251S7XG - BM1400E - BM1200 GORENJE au format PDF.

Page 24
Assistant notice
Powered by ChatGPT
En attente de votre message
Informations produit

Marque : GORENJE

Modèle : BM201A4XG - BM251S7XG - BM1400E - BM1200

Catégorie : Микробранова печка

Téléchargez la notice de votre Микробранова печка au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice BM201A4XG - BM251S7XG - BM1400E - BM1200 - GORENJE et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil BM201A4XG - BM251S7XG - BM1400E - BM1200 de la marque GORENJE.

MODE D'EMPLOI BM201A4XG - BM251S7XG - BM1400E - BM1200 GORENJE

Упатства за употреба 24

Инструкции за употреба 91

Внимателно прочитајте ги упатствата и чувајте ги.

Спецификации Потрошувачка на ел. енергија: 230V~50Hz,1280W Излезна моќ:: 900W Грејач за жар: 1200W Работна фреквенцијa: 2450MHz Надворешни димензии: 510mm(Ń) (G) X 303mm(V) X 405mm Димензии на комората (внатрешност) на печката: 330mm(Ń) X 212mm(V) X 330mm(G) Димензии на печката 23 литри Маса без амбалажа: Приближнo 14,5 kg Ниво на бучава: Lc<58 dB (A) обратете се до најблискиот овластен сервисер.

Овој апарат е означен според европскиот пропис 2002/96/ЕЗ за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.

Радиски пречки (итерференции) Микробрановата печка може да предизвика пречки во приемот на вашиот радиоприемник, ТВ-приемник и слични уреди. Ако дојде до пречки (интерференции), истите можете да ги отстраните или да ги намалите со преземање на следниве мерки: a) Исчистете ја вратата и површините за дихтување. б) Ставете го радиоприемникот, ТВприемникот и друго што подалеку од микробрановата печка. ц) Зад радискиот, ТВ-приемникот итн. употребете соодветно наместена антена што ќе овозможува јак прием на сигналот.

Пред да повикате сервис 1.

Ако печката воопшто не работи, ако на екранот ништо не се појавува или, пак, ако екранот се изгасне: a) Проверете дали печката е правилно вклучена на електричната мрежа. Ако не е, исклучете го кабелот од штекерот, почекајте 10 секунди и потоа повторно вклучете го. б) Проверете дали осигурувачот за штекерот е прегорен или, пак, дали струјното коло е прекинато на главниот осигурувач. Ако осигурувачите се исправни , тестирајте го штекерот со некој друг апарат. Ако микробрановата печка не грее, т.е. не емитува микробранова енергија: a) Проверете дали е правилно наместен часовникот за програмирање. б) Проверете дали е цврсто затворена вратата, а сигурносните брави заклучени. Ако не се, микробрановата енергија нема да се ослободува.

Напомена: Апартот е наменет само за користење во домаќинство и тоа за загревање на храна и пијалаци со помош на електромагнетна енергија. Употребувајте го апаратот само во затворени простории.

Ако со помош на горниве упатства не успеавте да го отстраните проблемот, 24

Проверете дали од внатрешноста на вратата го извадивте целокупниот амбалажен материјал. Кога ќе ја отстраните амбалажата, прегледајте ја печката за да утврдите дали има видливи оштетувања, како на пример: - искривена врата, - оштетена врата,

набиеници или дупки на стаклото (прозорецот) на вратата или пак на екранот - набиеници во внатрешноста на печката. 3. Ако забележите некое од горенаведените оштетувања, не употребувајте ја печката. 4. Микробрановата печка тежи околу 14,5kg, поставете ја на рамна површина што е доволно тврда за да ја издржи тежината на печката. 5. Печката поставете ја подалеку од извори на висока температура и пареа. 6. Не ставајте ништо на печката. 7. За да обезбедите доволно зрачење, околу страните на печката треба да има барем 8 cm простор, а над неа 10 cm. 8. Не отстранувајте ги погонските оски на ротационото лежиште. 9. Како и кај сите други апарати така и кај овој е потеребен грижлив надзор кога го употребуваат децата. ПРЕДУПРЕУВАЊЕ: ОВОЈ АПАРАТ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ЗАЗЕМЈИ. 10. Штекерот на кој е приклучен апаратот треба да биде лесно достапен за приклучниот кабел. 11. На печката и е потребна влезна моќ од 1,3 kVA. Препорачуваме при инсталација на печката да се посоветувате со сервисер, односно со копметентен стручњак. ВНИМАНИЕ: Печката има сопствена заштита и тоа осигурувач 250V, 10A.

Важни безбедносни упатства

ВАЖНО Боите на жиците во приклучниот кабел го имаат следново значење: Зелено- жолта: заземјување Сина: нулта Кафена: фаза Бидејќи боите на жиците можеби не одговараат на обоените ознаки на терминалите во приклучниот кабел, имајте го предвид и следново: - Жицата со зелено-жолта боја приклучете ја на терминалот во прикличниот кабел што е означен со буквата E или со симболот за заземјување. - Жицата со сина боја приклучете ја на терминалот во приклучниот кабел што е означен со буквата N или е со црна боја. - Жицата со кафена боја приклучете ја на терминалот во приклучниот кабел што е означен со буквата L или е со црвена боја.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога апаратот работи во комбиниран начин, а поради многу високите температури што тогаш настануваат, децата смеат да го употребуваат апаратот само под грижлив надзор на возрасните (само за апарати со функцијата жар) ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата или дихтувачите за вратата се оштетени, апаратот не смеете да го употребувате, додека не го поправи стручно лице. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секоја поправка или сервис изведена од кој било друг освен од овластен сервисер и при која е потребно да се отстрани покривот за заштита од микробрановите зраци е опасна и ризична. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течностите и другата храна не загревајте ги во затворени, односно во покриени садови или, пак, во затворена амбалажа, бидејќи истите може да експлодираат. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Децата може да го употребуват апаратот и без надзор од возрасните само во случај доколку им дадете соодветни упатства, за да можат безбедно да ја употребуваат печката и да бидат свесни за опасностите што произлегуваат од несоодвотното ракување. Околу печката е потребно да се обезбеди доволно кружење на воздух. Зад печката треба да има најмалку 8 cm простор, од страните барем 10 cm, над печката 10 cm.. не отстранувајте ги нозете на печката и не покривајте ги отворите за венталиција. Употребувајте ги помагалата (помошните средатва), соодветно за употреба во микробанова печка. Кога загревате храна во пластична или во хартиена амбалажа, односно чинија, надгледувајте го процесот на загревање поради опасноста таквата амбалажа, т.е. сад, да се запали. Ако забележите чад, апаратот исклучете го од електричната мрежа, а вратата оставете ја затворена, за да го изгаснете можниот оган. Кога во микробрановата печка загревате пијалак, по некое време може пијалокот да зоврие и да претече, па затоа во таков случај однесувајте се особено внимателно.

прободете мембраната со виљушка на повеќе места. 6. Не ставајте никакви предмети во отворите на надворешната страна од печката. 7. Никогаш не отстранувајте ги деловите на печката, на пр.: нозете, резето(внатрешен затворач), шрафовите итн. 8. Не гответе ја храната непосредно на стаклената основа. Пред да ја ставите храната во печката, ставете ја во соодветен сад или во слично помагало. ВАЖНО: Кујнски помагала што не смеете да ги употербувате во микробранова печка: - Не употребувајте метални тави или садови со метални рачки. - Не употребувајте садови со метални рабови. - Не употребувајте метални жици прекриени со хартија за затворање на пластични кеси. - Не употребувајте садови од меламим бидејќи содржат материјал што ја вшмукува микробрановата енергија. Тоа може да предизвика чинијата да напукне или да се усвити, а покрај тоа и да го забави загревањето / готвењето. - Не употребувајте ги садовите без соодветното премачкување за употреба во микробранова печка. Исто така не употребувајте затворени шолји со рачки. - Не подготвувајте храна, т.е. пијалаци во сад што има стеснет отвор, на пр. во шише, бидејќи истото може да пукне при загревање. - Не употребувајте обични термометри за месо или за слатки. Можете да употребувате само термометри што се наменети за употреба во микробранови печки. 9. Помагалата за микробрановата печка употребувајте ги само согласно со упатствата од нивниот производител. 10. Не обидувајте се да потпечувате храна во микробрановата печка. 11. Бидете претпазливи, во микробрановата печка треба да се загрее само течноста, а не и садот во кој истата се наоѓа.Затоа е можно, откако ќе го отстраните капакот, течноста во садот да испарува или од неа да претекуваат капки иако капакот на садот не е жежок. 12. Пред користење секогаш проверете ја температурата на храната, а особено ако

За да не дојде до изгореници, пред употребата промешајте ја или протресете ја содржината на шишенцето за доенчиња или шишенцата со храна за доенчиња и проверете ја температурата на содржината. Во микробрановата печка не загревајте јајца со лушпа или тврдо варени јајца бидејќи може да експлодираат, дури и откако загревањето во печката е веќе завршено. Кога ја чистите површината на вратата, дихтувачката површина, внатрешноста на печката, употребувајте само благи и нежни (не абразивни) средства за чистење, нанесете ги со сунѓер или со мека крпа. Редовно чистете ја печката и отстранувајте ги можните остатоци од храна. Ако редовно не ја одржувате и чистите печката, може да дојде до нагризување на површината, што негативно влијае на животниот век на апаратот и го зголемува ризикот од опасност при неговата употреба. Ако приклучниот кабел е оштетен, за да се избегне опасност, истиот може да го замени само производителот, овластениот сервисер или друг соодветно оспособен стручњак.

Безбедносни упатства за општа употреба Во продолжение се наброени некои правила и безбедносни мерки што слично како при користење на други апарати, треба да ги почитувате за да обезбедите безбедно и најефикасно функционирање на печката: 1. Додека работи печката, стаклената основа, рачките на валјакот, склопката и жлебот за валјакот секогаш треба да бидат на своето место. 2. Печката не користитете ја за никаква друга намена освен за подготвување храна; не сушете во неа облека, хартија или други предмети и не употребувајте ја за стерилизација. 3. Никогаш не вклучувајте ја печката ако таа е празна, бидејќи можете да ја оштетите. 4. Во внатрешноста на печката не чувајте ништо, на пр. хартија, готварски книги итн. 5. Не гответе храна што е покриена со мембрана, на пр., жолчки од јајца, компир, пилешки џигер итн. пред да ја 26

им ја давате на деца. Препорачуваме храната/пијалакот никогаш да не ги консумирате непосредно по вадењето од печката, туку да почеката неколку минути и по можност да ја промешате за температурата еднакво да се распредели. Храната што содржи мешавина од вода и маст, на пр. основа за супа, по исклучувањето на печката треба да остане во неа приближно 30 до 60 секунди. Така ќе овозможите смесата да се изедначи и ќе спречите навлегување на меурчиња кога во течноста ќе ставите лажица или коцка за супа. При подготовка на храна бидете внимателни бидејќи некои видови, на пр. божиќен пудинг, мармалад или мелено месо се загреваат многу брзо. Кога загревате или подготвувате храна со висока содржина на масти или шеќер, не употребувајте пластични садови. Помагалата што ги употребувате при подготовка на храна во микробранова печка можат силно да се загреат бидејќи храната оддава топлина. Ова важи посебно ако врвот на садот и рачките се прекриени со пластична обвивка или со пластична наметка. При вадење на таков сад може да ви бидат потребни кујнски ракавици. За да го намалите ризикот од пожар во внатрешноста на печката: a) внимавајте предолго да не ја готвите храната. Грижливо надгледувајте го процесот на загревање кога во печката се присутни помагала од хартија, пластика или други лесно запалливи, т.е. горечки материјали. б) Пред да го ставите ќесето во печката, отстранете ја жицата за затворање на ќесето. ц) Ако предметот во печката се запали, оставете ја вратата на печката затворена, исклучете ја истата од електрична мрежа или исклучете го главниот осигурувач од разводната табла.

Избирање време + Избирање време Избирање начин на приготвување храна (микробранови, одмрзнување, жар и комбинација) Покажувач Дотерување време и програмски часовник Избирање мени Задвижување и прекинување на работењето

Затворач на вратата Прозорец на печката Отвори за вентилација вентилатор за проветрување Обрач на основата Стаклена основа Контролна плоча Решетка за жар

Со притискање на копчето "Micro…Auto menu" одберете "DEF". б) Со притискање на копчето "1Min" (1кг) и "10Sec" (0,1 кг) ставете месо. ц) Притиснете "Start/Reset". Тежината на замрзнатата храна мора да биде помала од 2 кг.

Упатства за употреба 1.

Подготовка на храна со едно притискање на копче Со само едно притискање на копче можете да почнете со едноставна подготовка на храна. Функцијата е многу погодна и овозможува многу брзо да загреете чаша вода и сл. Пример: Греење на чаша млеко а) Чашата со млеко ставете ја на стаклениот ротационен танир и затворете ја вратата. б) Притиснете го копчето "Start/Reset" и микробрановата печка ќе работи 1 минута со 100% јачина. ц) Кога ќе заврши загревањето, ќе слушнете пет звучни сигнали (писоци).

Оваа функција има два мода; саканата функција можете да ја изберете со притискање на копчето "Micro…Auto menu" (најдолго време за готвење е 60 минути). Мод 1: 85% моќ на скарата, на екранот е напишано G-1 Мод 2: 50% моќ на скарата, на екранот е напишано G-2. Пример: Подготовка на храната на скара, 20 минути. a) Притиснете го копчето "Micro…Auto menu" се додека на LED екранот не се напише "G-1". б) Наместете го времето за готвење на "20:00". ц) Притиснете го копчето "Start/Reset". Кога подготвувате храна на скара, микробрановите зраци не греат, туку топлината ја емитува металниот грејач на врвот (горниот дел) на печката. Кога работи скарата, подготовката (односно печењето) може да се намести на два степена; по првата половина на подготовката, програмата автоматски ќе престане, а два пискави звуци ќе означат дека е време храната што ја подготвувате на скара да ја завртите. Кога ќе ја завртите, повторно затворете ја вратата од рерната и притиснете го копчето "Start/Reset" и програмата за подготовка на храната ќе продолжи. Ако не сакате да ја завртите храната, програмата автоматски ќе продолжи со работа по една минута.

Подготовка на храна со микробранови зраци Оваа функција има две можности: а) Брзо греење со микробранови зраци (100% јачина) Пример: Подготовка со 100% јачина 5 минути. 1. Наместете го времето на "5:00". 2. Притиснете "Start/Reset". б) Греење со микробранови зраци со рачен надзор 1. Притиснете го копчето "Micro…Auto menu", одберете 70% јачина. 2. Наместете го времето на "10:00". 3. Притиснете го копчето "Start/Reset".

Можете да одберете помеѓу 5 различни нивоа на моќност на греење, а најдолг период на работа е 60 минути. Број на притискања на копчето "Micro" 1

Јачина на микробранови те зраци

Комбинирано работење Со овој апарат можете да изберете помеѓу две опции на комбинирано готвење. 1 можност: Комбинирано дејство (55% микробранови зраци + 45% скара). На екранот ќе пишува "C-1". 2 можност: Комбинирано дејство (30% микробранови зраци + 70% скара). На екранот ќе пишува "C-2".

Автоматско одмрзнување Во зависност од тежината на замрзнатата храна, печката ќе Ви помогне во изборот на соодветна јачина и време на загревање. Пример: Одмрзнување на 0,5 кг. замрзнато месо. 29

Пример: Подготовка на намирници со можноста 2, 15 минути. a) Копчето "Micro…Auto menu" притискајте го се додека на LED екранот не се појави "C-2". б) Наместете го времето на "15:00". ц) Притиснете го копчето "Start/Reset".

4. Ако сакате да го промените времето, повторете ја горната постапка.

Тајмерот овозможува однапред да го наместите времето за почеток и крај на подготовката на намирниците. Пред примената на оваа функција, времето на рерната мора да биде адекватно наместено. Пример: Моменталното време е 16:30, а сакате готвењето да почне во 18:15,и тоа со 70% моќ, 10 минути. a) Притиснете го копчето "Clock/Timer" и копчињата "1 min" и "10 sec" наместете го времето на 18:00 (иста постапка како при местење на времето). б) Со притискање на копчето "Micro…Auto menu" одберете 70% моќ. ц) Наместете го времето за готвење на 10 минути. д) Притиснете го копчето "Start/Reset". Ако не го наместите времето за готвење и ако непосредно по местењето на почетокот на делувањето го притиснете копчето "Start/Reset", апаратот ќе функционира само како часовник (будилник). Во 18:15 ќе слушнете 10 пискави звуци, а апаратот ќе се исклучи.

Автоматско мени Изберете го само видот и количината на храната, а рерната ќе ви помогне во подесување на моќта и времето на дејствување. Пример: Автоматско готвење 0,4 кг риба. a) Притиснете го копчето "Micro…Auto menu" се додека на екранот не се нaпише "A-5". б) Внесете ја тежината со притискање на копчето "1 min"(1 kg) и "10 sec" (0,1 kg), додека не екранот не се напише "0,4". ц) Притиснете го копчето "Start/Reset ".

Бр. Притисоци на копчето "1min" 1 2 3 4 5 6 Бр. Притисоци на копчето "1min" 1 2 3 4 5 6 7

Заштита (заклучување) за деца Ако сакате да ја активирате функцијата заштита за деца, истовремено притиснете ги копчињата " Избирање време +" и " Избирање време -" и држете ги две секунди. Ако сакате да ја исклучите оваа функција, повторете ја постапката.

10. Start / Reset ("почеток / повторно местење")

Часовник Печката има и 24-часовен дигитален часовник. За внесување на времето, на пр. 16:30, направете го следното: 1. Притиснете го копчето "Clock/Timer". Натписот на екранот ќе почне да трепка. Наместете го часот со помош на копчињата "1 min" и "10 sec". 2. Повторно притиснете го копчето "Clock/Timer" и наместете ги минутите со копчињата "1 min" и "10 sec". 3. Повторно притиснете го копчето "Clock/Timer" и новото време ќе биде наместено.

Ако во тек на работењето на апаратот го притиснете копчето "Start/Reset", работата на рерната ќе престане. Ако претходно сте наместиле програмирано вклучување, со притискање на копчето "Start/Reset" ќе го откажете.

Грижа за микробрановата печка - нега и одржување 1. 2.

Пред чистењето исклучете ја печката и исклучете го кабелот од штекерот. Внатрешноста на печката треба секогаш да биде чиста. Кога делови од храна, течност што прска од неа или истурена течност ќе се засуши на ѕидовите на печката, само пребришете ги со влажна крпа. Користењето на груби детергенти или на абразивни средства за чистење не е препорачливо. Надворешната површина на печката исчистете ја со влажна крпа. За да го спречите оштетувањето на деловите во внатрешноста на печката, внимавајте да не ви се истури вода во отворите за вентилација. Не дозволувајте контролната табла да се намокри. Исчистете ја со мека и влажна крпа. За чистење на контролната табла не употребувајте детергенти, груби (абразивни) средства или распрскувачки средства за чистење. Ако во внатрешноста или околу надворешнитата обвивка на куќишето се насобере пареа, избрижете ја со мека крпа. Ова се случува кога микробрановата печка ја употребувате во многу влажни простории и во никој случај не укажува на грешка во работењето на печката. Понекогаш е потребно да ја отстраните и стаклената основа и да ја исчистите. Стаклената основа измијте ја во топла вода со малку детергент или, пак, во машина за миење садови Лежечкиот обрач, како и дното (долната површина) на внатреноста на печката треба редовно да се чистат, бидејќи, додека работи печката, може да создава бучава. Едноставно пребришете го дното на внатрешноста на печката со благ детергент, вода или со средство за чистење стакло и исушете je. Лежечкиот обрач можете да го измиете во топла вода со малку детергент или во машина за миење садови, по подолга употреба на тркалата на лежечкиот обрач може да се наталожат остаоци од испарувањето на храната, сепак, тоа не влијае врз неговата работа. Кога го отстранувате лежечкиот обрач од жлебот на дното на комората (во внатрешноста на печката) внимавајте повторно да го наместите правилно.

Можниот непријатен мирис од печката ќе го отсраните на тој начин што во длабок сад за подготовка на храна во микробранова печка ќе налеете една шолја вода, а во водата ќе ставите кора од еден лимон. Потоа садот оставете го во микробрановата печка пет минути. На крај, темелно исушете ја внатрешноста на печката и избришете ја со мека крпа. Ако треба да ја замените светилката во печката, ве молиме,да се обратите кај продавачот.

ЖИВОТНА СРЕДИНА Не го фрлајте на апаратот во нормален домашен отпад,туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.

ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаќинство. Не е за комерцијална употреба! Корисни совети како и дополнителни упатства за печење со микробранови и грил можете да најдете на нашата web страна: http://microwave.gorenje.com

ГОЛЕМО УЖИВАЊЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕТО НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА ВИ ПОСАКУВА