ALPINA C 1648 Li - Пила

C 1648 Li - Пила ALPINA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот C 1648 Li ALPINA во PDF формат.

📄 240 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice ALPINA C 1648 Li - page 138
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производБезжична циркуларна пила
БрендАлпина
МоделC 1648 Li
НапојувањеЛитиум-јонска батерија 18 V
Дијаметар на сечилото165 mm (проценка)
Максимална длабочина на сечење55 mm на 90° (проценка)
Брзина без оптоварување4500 вртежи/мин (проценка)
Тежина3,5 kg (со батерија)
Димензии (Д x Ш x В)350 x 200 x 250 mm (проценка)
Ниво на бучава90 dB(A) (проценка)
Капацитет на батеријата2,0 Ah (проценка)
Време на полнење1 час (проценка)
Главни функцииСечење дрво, изведени материјали, пластика
Одржување и чистењеЧистење по употреба, проверка на затегнатоста на сечилото, подмачкување на подвижните делови
БезбедностЕлектрична кочница на сечилото, блокирање на вратилото, заштита од повторно стартување
Резервни деловиСечило, батерија, полнач, паралелен водич
ПоправливостИндекс на поправливост 7/10 (проценка)
Гаранција2 години (проценка)

Frequently Asked Questions - C 1648 Li ALPINA

Колкав е капацитетот на батеријата на Alpina C 1648 Li ?
Испорачаната литиум-јонска батерија обично е 2,0 Ah на 18 V, обезбедувајќи доволна автономија за вообичаени сечења. Проверете го точниот модел што е испорачан.
Кој дијаметар на сечилото можам да го користам на оваа пила?
Пилата Alpina C 1648 Li прифаќа сечила со дијаметар од 165 mm и отвор од 20 mm. Секогаш користете сечило прилагодено за вашата примена.
Како да ја одржувам пилата за да го продолжам нејзиниот век на траење?
Исчистете ја пилата по секоја употреба, проверете ја затегнатоста на сечилото и завртките, подмачкајте ги подвижните делови со лесно масло и чувајте ја на суво место.
Дали полначот е компатибилен со други батерии?
Испорачаниот полнач е специфичен за Alpina батерии од серијата Li 18 V. Не го користете со други брендови или напони за да избегнете ризици.
Што да правам ако сечилото се блокира за време на сечењето?
Веднаш пуштете го чкрапалото. Почекајте целосно запирање на сечилото пред да ја извадите пилата. Проверете ја причината за блокирањето (премногу тврд материјал, тапо сечило) и отстранете ја.
Може ли да сечам метал со оваа пила?
Оваа пила е дизајнирана за дрво и изведени материјали. За сечење метал, користете специјално сечило за метал и намалете ја брзината. Сепак, пилата не е оптимизирана за интензивна употреба на метал.
Како да го сменам сечилото на пилата?
Исклучете ја батеријата. Користете го копчето за блокирање на вратилото за да го задржите сечилото, потоа одвртете ја централната завртка во насока на часовникот (обратна навојна). Заменете го сечилото и цврсто затегнете.
Која е максималната длабочина на сечење?
Максималната длабочина на сечење е околу 55 mm на 90° и 40 mm на 45°. Прилагодете го водичот за длабочина според вашите потреби.
Што да правам ако батеријата повеќе не се полни?
Проверете го полначот и батеријата за оштетувања. Обидете се со друг компатибилен полнач. Ако проблемот продолжи, контактирајте ја Alpina службата за корисници за дијагностика.
Каде да најдам резервни делови за оваа пила?
Можете да нарачате резервни делови (сечило, батерија, полнач) од овластените Alpina продавачи или на официјалната веб-страница. Користете го бројот на моделот C 1648 Li за идентификација на деловите.

Прашања на корисниците за C 1648 Li ALPINA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник C 1648 Li - ALPINA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. C 1648 Li на марката ALPINA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК C 1648 Li ALPINA

Овој производ е направлен и произведен од страна на, според високи стандарди за доверливост, леснотија во управувањето и безбедност за корисникот.

Доколку соодветно го одржувате, производот нема да пројавува неправилности во користењето и ће може да го користите долг временски период. Благодариме што го купивте производот кој користи ислучиво батерии од 43.2V 4Ah (146 Wh).

ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

ВНИМАНИЕ

Прочитајте ги предупредувањата и упатствата за безбедност. Доколку не ги почитувате овие предупредувања и упатства, постои ризик од електричен шок, пожар и/или сериозни повреди.

НАМЕНА НА КОРИСТЕЊЕ

Пилата е наменете за сечење на гранки, стебла и греди со дијаметар кој се прилагодува според должината на насочувачот. Пилата е наменете исклучиво за сечење на дрво. Пилата треба да се користи во надворешни услови. Во домашни услови смее да се употребува исклучиво од страна на возрастни лица.

Вид на корисник: Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Оваа машина е наменета за „домашна употреба“.

Немојте да ја користите пилата за други намени освен за оние кои се веке наведени.

Пилата не е наменета за професионално сечење на дрва. Пилата не смее да се користи од страна на деца или пак лица кои немаат соодветна лична заштита или облека.

ОСТАНАТИ РИЗИЦИ:

Дури и доколку пилата ја користите според нејзината намена, постојат дополнителни ризици кои не може да се препречат. Во зависност од типот и конструкцијата на уредот, можни се следните потенцијални ризици:

■ Допир со видливите запци на пилата (ризик од сечење).
■ Допир со ротирачката пила (ризик од сечење).
■ Непредвидливо, нагло движење на насочувачот (ризик од сечење).
■ Отфрлени делови од пилата (ризик од сечење/прободување).
■ Отфрлени делови од предметот врз кој се работи.
■ Вдишување на ситни честички од работната површина.
■ Допир на кожата со горивото.
■ Губење на слухот, доколку за време на работата не се носи соодветна заштита за ушите.
■ Зачувајте ги сите мерки за претпазливост и упатството за во иднина. Терминот “електричен уред” во делот каде се наведени предупредувањата, се однесува на електричниот уред (со кабел) или уредот кој работи на батерии (без кабел).

БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНАТА ПОВРШИНА

■ Работната површина одржувајте ја чиста и во добар ред . Избегнувајте да работите во мали и темни простории, бидејки може лесно да дојде до несреќа.
■ Немојте да го користите уредот во простории каде што постои опасност од експлозии, односно каде што има присуство на запаливи течности, гасови или пак прашина. Електричните уреди предизвикуваат искри кои може лесно да ја запалат прашината или чадот.
■ Држете ги децата и другите лица на далечина додека го користите уредот. Секое влијание врз вашето внимание, може да доведе да изгубите контрола врз уредот.

БЕЗБЕДНОСТ ОД ЕЛЕКТРИЧЕН УДАР

■ Избегнувајте контакти со приземјени материјали, како што се цевки, радијатори и ладилници. Постои зголемен ризик од електричен удар доколку Вашето тело е приземјено.
■ Немојте да го изложувате уредот на дожд или влажна средина. Доколку водата навлезе во уредот, постои зголемен ризик од електричен удар.

ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ

■ Бидете внимателни додека работите и разумно управувајте со уредот. Немојте да го користите уредот доколку сте уморни, под влијание на дрога, алкохол или пак медикаменти. Само мало невнимание додека управувате со уредот, може да доведе до сериозни повреди.

■ Користете опрема за лична заштита. Секогаш користете заштита за очите. Заштитната опрема како што се маските, заштитните чевли, заштитната капа или заштитата за ушите, можат да го намалат ризикот од лични повреди.
■ Препречете да не дојде до несакано вклучување на уредот. Обезбедете се копчето за вклучување да биде во позицијата “исклучено” (off) пред да го включите уредот во електричниот извор и/или да ги поставите батериите, пред да го подигнете или пак да го преместувате. Избегнувајте да го пренесувате или вклучувате уредот со прстот поставен на копчето за вклучување бидејки постои ризик од повреда.
■ Отстранете го алатот за прилагодување пред да го включите уредот. Внимавајте да не оставите алат прикачен на еден од движечките делови на уредот бидејки може да дојде до повреда.

■ Немојте да посегнувате додека го користите уредот. Внимавајте како чекорите и одржувајте рамнотежа постојано. На тој начин ће имате поголема контрола врз уредот доколку дојде до неочекувани ситуации.

■ Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Држете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од движечките делови на уредот. Широката облека, накитот или долгата коса лесно може да се фатат во движечките делови на уредот.

■ Доколку уредот е доставен со дел за собирање/отстранување на прашината и остатоците од работата, обезбедете се дека истиот е добро прикачен на уредот. Користењето на уредот за собирање на прашината, го намалува ризикот од несреći поврзани со вдишувањето на остатоците.

КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА УРЕДОТ

■ Користете го уредот соодветно според неговиот капацитет. Користете го соодветниот уред за задачата која сакате да ја извршувате. Користењето на соодветниот уред за задачата која ја извршувате, пружа поголема безбедност и подобар квалитет за задачата која ја извршувате.
■ Не го користете уредот доколку копчето за вклучување/исклучување е неисправно. Секој уред кој не може да се контролира со помош на ова копче е ризичен и мора да се однесе на поправка.
■ Отстранете ги батериите од уредот пред да вршите било какви прилагодувања, замена на додатоците или пак доколку го чувате на подолго време. Овие мерки го намалуваат ризикот од несакано вклучување на уредот.
■ Додека уредот е во мирување, чувајте го надвор од дофат на деца и лица кои не се запознаени со упатствата за неговото користење. Овој уред може да биде опасен доколку се управува од лица кои не се обучени за негово користење.
- Одржување на уредот. Проверете дали има несовпајање или постои проблем во поврзувањето на движечките делови, или пак дошло до оштетување на некои од деловите, што може да влијае на работата на уредот. Доколку постои оштетување, уредот треба да се однесе на поправка пред повторно да се користи Многу несреći се случауват поради несоодветно одржување на уредите.
- Одржувајте ги деловите за сечење, остри и чисти. Доколку ги одржувате деловите за сечење постојано остри, постои помала можност тие да зафаќаат за време на работата и полесно їе можете да ги контролирате.
- Користете го уредот, додатоците и деловите во согласност со упатствата, земајки ги во предвид работните услови и задачата која сакате да ја извршувате. Доколку го користите уредот спротивно од наведените упатства, може да настанат сериозни повреди.

КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА УРЕДОТ НА БАТЕРИИ

■ Прекинувачот за вклучување треба да биде во позицијата “ислучено” (off) пред да ги поставите батериите во уредот. Доколку ги поставувате батериите во уредот додека е включен, постои ризик од повреди.

■ Полнете ги батериите со помош на полнач произведен од производителот. Доколку ги полните батериите во полнач наменет само за еден тип на батерии, постои ризик од пожар.
■ Користете го уредот ислучиво со батерии наменети за него. Доколку користите друг тип на батерии, постои ризик од повреди и пожар.
■ Доколку не ги користите батериите, држете ги

подалеку од други метални објекти, како што се спојувалки, метални пари, клинови, шрафови и други мали метални објекти кои може да направат поврзување со еден од терминалите на батериите. Немојте да ги кратите терминалите на батериите бидејки може да предизвикаат изгореници или пожар.

■ Во несоодветни услови, течноста од батериите може да протече. Доколку дојде до протекување на батериите, избегнувајте допир со течноста. Доколку течноста дојде во допир со кожата, веднаш измијте се со вода и сапун. Доколку течноста дојде во допир со очите, веднаш побарајте медицинска помош. Течноста од батериите може да предизвика иритации или изгореници.

СЕРВИСИРАЊЕ

■ Уредот треба да се одржува од страна на овластен сервисен центар и да се користат оригинални заменски делови.

Со ова ќе се обезбеди сигурност во користењето на уредот. Сервисирањето на овој уред треба да се изведува многу внимателно и од страна на стручни и квалификувани техничари кои го имаат потребното знаење за овој вид на интервенции. За сервисирање на уредот, обратете се до најблискиот овластен сервисен центар. За време на сервисирање на уредот, користете само оригинални заменски делови.

ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

  • Држете го уредот само за изолираните делови, бидејки сечилото од пилата може да дојде во допир со внатрешната инсталација. Доколку сечилото од пилата дојде во допир со некоја од жиците, може да направи електричен пренос и на корисникот да предизвика електричен удар.
    ■ Држете ги сите делови од телото настрана додека ја користите пилата. Пред да почнете да ја користите пилата, обезбедете се дека нема никаков допир со другите материјали или телото. Мал момент на невнимание додека ја користите пилата, може да ја оштети Вашата облека или да предизвика повреди на телото. Секогаш држете ја пилата со десната рака поставена на задната дршка, а со левата на предната дршка. Доколку ја држите пилата со рацете поставени спротивно од горе наведеното, постои ризик од повреди и заради тоа ова е строго забрането
    ■ Секогаш носете заштитни очила и заштита за ушите. Препорачливо е користење и дополнителна заштитна опрема за главата, рацете, нозете и стопалата. Соодветната заштитна облека го намалува ризикот од повреди од отфрлените остатоци или од несакан допир со сечилото на пилата.
    ■ Немојте да ја користите пилата додека сте качени на дрво, бидејки ризикувате повреда. Секогаш носете заштитна облека и користете ја пилата само додека стоите цврсто на рамна површина. Лизгава или нестабилна површина може да влијае на Вашата рамнотежа, а со тоа да ја изгубите контролата врз пилата.
    ■ Кога сечете гранка која е под поголем притисок, внимавајте бидејки може да падне на назад. Исечената гранка може да падне врз корисникот и со тоа да влијае на неговата контрола врз уредот.

■ Бидете многу внимателни кога сечете фиданка (младо дрво). Стеблото е сеуште нежно и лесно може да се зафати на пилата, а и да се наврти околу Вас со што може да влијае на Вашата рамнотежа.
■ Пилата треба да се пренесува додека е ислучена, со помош на предната дршка и сечилото да се држи подалеку од телото. За време на транспорт или чување на уредот, секогаш поставувајте го заштитното пакување за насочувачот. Доколку соодветно го управувате уредот, значително їе ја намалите можноста за несакани контакти со движечките делови на сечилото на пилата.
■ Почитувајте ги упатствата за подмачкување, прилагодување на синцирот и менување на додатоците. Доколку синцирот не се подмачкува соодветно и не е добро прилагоден, може да се скрши и да се отфрли на назад.
■ Вашите раце треба да се чисти, суви и да немаат остатоци од маснотии или масла. Доколку на рацете постојат остатоци од масла или маснотии, постои можност да ја загубите контрола врз уредот.
■ Со овој уред може да се сече само дрво. Немојте да го користите уредот за намени кои не се предвидени. На пример: не го користете уредот за сечење на пластика, градежен материјал или други градежни материјали кои не се од дрво. Доколку го користите уредот спротивно од наведените упатства, може да настанат сериозни повреди.

ПРИЧИНИ И ЗАШТИТА НА КОРИСНИКОТ ОД УДАРИ:

Ударот од отфрлување на назад може да се случаи доколку крајниот почетен дел од насочувачот допре некаков предмет или пак дрвото кое се сече несакајки се затвори и го зафати сечилото додека сече.

Понекогаш, допирот со сечилото може да предизвика обратна реакција, отфрлувајки го насочувачот кон горе и на назад кон корисникот. Доколку сечилото на пилата е зафатено на врвот на насочувачот, може да доведе до ненадејно отфрлање на насочувачот на назад кон корисникот.

Било која од наведените работи може да предизвика губење на контрола врз уредот и сериозни повреди врз корисникот. Немојте да се потпирате ислучиво на сигурносните уреди кои се вградени во пилата. Како корисник, потребно е да преземете одредени дејствија со цел да се заштитите од повреди и несреći.

Отфрлувањето на пилата се случаува како резултат од несоодветно и/или погрешно користење на уредот или пак не примерни услови за работење. За да се препречат, Ве молиме преземете ги соодветните мерки кои се дадени во прилог:

■ Држете ги дршките на пилата цврсто со двете раце, на начин што прстите целосно єе ги опфатат дршките на уредот. Телото и рацете треба да бидат поставени во позиција која може да избегне несакан удар во случај на отфрлување на пилата.
■ Несаканите удари во случај на отфрлување на пилата може да се избегнат од корисникот доколку се преземени соодветни мерки за претпазливост. Не ја испуштајте пилата. Only use replacement bars and chains specified by the manufacturer. Incorrect replacement bars and chains may cause chain breakage

and/or kickback.

■ Не посегнувајте и не сечете над висина на рамениците. На овој начин їе препречите несакани брзи допири со други предмети и їе имате подобра контрола врз сечилото на пилата доколку дојде до ненадејни реакции.
■ Користете ислучиво синцири и насочувач кој е произведен од производителот. Заменските делови кои не се препорачани, може да го оштетат синцирот и да предизвикаат отфрлување на уредот или неговите делови.
■ Почитувајте ги препораките на производителот за острење и одржување на сечилото на пилата. Намалувањето на висината на пропишаната мера може да доведе до поголем ризик од отфрлување.

■ Забележано е дека вибрациите од алатите кои рачно се користат, кај некои лица може да доведе до медицинска состојба позната под називот Raynaud синдром. Симптомите вклучуваат пецкање, здравеност и побелување на прстите, особено на ладни временски услови. Наследните фактори, изложеноста на студ и влага, пушењето и работните навики придонесуваат кон развојот на наведените симптоми. До сега е непознато кои, и дали воопшто, изложеноста на вибрации може да доведе до развојот на оваа Costaјба. Постојат мерки кои може да се преземат од страна на корисникот за да се намалат влијанијата од вибрациите:

- Затоплувајте го телото за време на ладни временски услови. Додека го користите уредот, носете ракавици за да ги затоплите рацете и зглобовите. Утврдено е дека ладното време е најголемиот фактор за развој на Raynaud синдромот.

- После секое користење, вежбајте за да ја зголемите циркупацијата на крвотокот.

- Правете чести паузи додека работите. Намалете го периодот на изложеност на дневно ниво. Доколку забележите било кој од овие симптоми, веднаш престанете со користењето на уредот и обратете се до Вашиот доктор.

■ Препорачаниот капацитет за сечење на пилата е 153мм (15.3цм) и помал, за да се продолжи животот на алатот и да се обезбеди безбедно користење. Сечењето на дрва со поголем дијаметар од наведениот їе предизвика побрзо трошење на уредот. Може да се извршува и сечење на дрва со дијаметар од 229мм (22.9цм), но многу ретко и со голема претпазливост.
■ Вградениот шилест одбојник е наменет да помогне во сечењето. За време на сечењето, кога се применува притисок врз дрвото, одбојникот обезбедува постабилна точка на рамнотежа.
■ Доколку се користи несоодветно, пилата може да биде смртоносна. Строго се препорачува да побарате стручна помош во обуката во врска безбедноста и користењето на уредот.

Некои од следните ознаки може да ги најдете на уредот. Ве молиме погледнете ги за да се запознаете со нивното значење. Соодветното познавање на ознаките овозможува посигурно и подобро користење на уредот.

ОЗНАКА ОБЈАСНУВАЊЕ
V Волтажа
W Watt – Мок
ALPINA C 1648 Li - ПРИЧИНИ И ЗАШТИТА НА КОРИСНИКОТ ОД УДАРИ: - 1

Следните зборови и значења се наменети да го објаснат нивото на ризик поврзан со овој производ.

ОЗНАКА СИГНАЛ ЗНАЧЕЊЕ
ОПАСНОСТ: Означува значително опасна ситуација, која доколку не се избегне може да доведе до сериозни повреди и смрт.
ВНИМАНИЕ: Означува потенцијално опасна ситуација, која доколку не се избегне може да доведе до сериозни повреди или смрт.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Означува потенцијално опасна ситуација која доколку не се избегне, може да доведе до лесни или помалку сериозни повреди.
ПРЕТПАЗЛИВОСТ: (Без ознаки за сигурност) Означува ситуации кои можат да доведат до оштетување на имот.

СПЕЦИФИКАЦИИ

Напон 43.2 V DC
Брзина без оптеретување 11.2 m/c
Должина на насочувачот400 mm
Стопирање на пилата< 0.12c
Зафатнина на резервоарот на маслото180 мл
Тежина (со пакување на батерии од 4Ah)3.9кг
Ниво на акустичен притисок87dB(A)
– Отстапување од мерењата3.0dB(A)
Звучна моćност98.9dB(A)
– Отстапување од мерењата3.0 dB(A)
Гарантирано ниво на акустична моćност103dB(A)
Ниво на вибрации2.6м/с2
Отстапување од мерењата1.5м/с

ЗАБЕЛЕШКИ:

■ Прикажаната вредност на вибрациите е измерена со стандарден метод и може да се користи за споредба помеѓу неколку уреди.
■ Прикажаната вредност може да се користи за прелиминарна проценка за изложеноста.

Примерот со декларацијата за усогласеност се наоға на последната страница од упатството.

ВНИМАНИЕ

Реалната вредност на вибрациите за време на користење на уредот може да се разликува од горе прикажаната вредност и истата зависи од начинот на употреба; потребата да се определат заштитните мерки за корисникот се заснова на претпоставката за изложеност во реални услови за време на користење на уредот (земајки ги во предвид сите фактори од работниот циклус, како што се времето кога уредот е ислучен и кога е включен, како и времето потребно за вклучување).

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПИЛАТА И НАСОЧУВАЧОТ

C 1648 Li / SC 48 AE
ПроизводствоПилаНасочувач
Орегон91PX056X (C 1648 Li)160 SDE A041 (C 1648 Li)
91PX052X (SC 48 AE)140 SDE A041(SC 48 AE)
Пилата Орегон мора да поседува и Орегон насочувач.

C 1648 Li / SC 48 AE

ОБЈАСНУВАЊЕ

  1. Заштитно пакување за насочувачот.
  2. Предна рачна кочница за пилата.
  3. Предна рачка.
  4. Безбедносно копче за отклучување
  5. Прекинувач за вклучување.
  6. Поклопка за резервоар.
  7. Мерка за нивото на масло.
  8. Шилести одбојници.
  9. Синцир на пилата
  10. Насочувач
  11. Завртки

  12. Задна дршка

  13. Копче за прилагодување на затегнувањето на синцирот.
  14. Поклопка за запчаникот.
  15. Копче за затегнување на поклопката за запчаникот.
  16. Завртка за прилагодување на затегнувањето на синцирот
  17. Запчаник
  18. Насочувач
  19. Отвор за масло
  20. Жлебови во насочувачот
  21. Погонски прстени на синцирот
  22. Сечило
  23. Насока на пагање
  24. Опасен терен/зона
  25. Излез при опасност
  26. Насока на пагање
  27. Засекување
  28. Пагање со засекување од назад
  29. Шарка
  30. Сечење на гранки
  31. Изведувајте ја работата над тлото и оставете ги потпорните гранки додека се сече дрвото
  32. Дрвото има потпора по целата должна
  33. Сечете од горниот дел (од горе) избегнувајки да ја исечете и земјата
  34. Дрвото е потпрено само на едниот крај
  35. Рачно сечење RCS36-23lg
  36. Сечење од горе
  37. Дрвото е потпрено на двата краја
  38. Сечење на трупец
  39. Застанете на повисоко место кога сечете бидејки дрвото може да е се стркала.
  40. Батерии
  41. Копче за вклучување на батериите
  42. Полнач
  43. Кабел за полнач
  44. Копче за вклучување/исклучување
  45. Ознака за усогласеност со ЕУ
  46. Име и адреса на производителот
  47. Модел за референца на производителот
  48. Гарантирано ниво на акустична моїност
  49. Година на производство
  50. Сериски број
  51. Код на производ
  52. Произведувач
  53. Волтажа и енергија за полнење
  54. Волтажа и вид на напојување

СОСТАВУВАЊЕ

Пилата не треба да се составува, но корисникот треба да знае како да го постави синцирот и насочувачот.

Пред секое користење, проверете го затегнувањето на синцирот и додадете масло на начин како што е опишано понатаму во упатството.

СОСТАВУВАЊЕ НА СИНЦИРОТ И НАСОЧУВАЧОТ

Отстранете ги батериите од уредот Носете заштитни ракавици.

■ Отшрафете го копчето од поклопката на запчаникот (слика 15) и отстранете ја поклопката.
■ Синцирот треба да биде поставен во насоката во која

се движи пилата. Доколку е насочен во спротивната насока, свртете ја јамката обратно.

■ Поставете ги прстените од синцирот во жлебовите на шипката. Поставете го синцирот така што ће има јамка на задниот дел од шипката.

■ Поставете го синцирот на шипката, поставете ја јамката околу запчаникот и обезбедете се дека е добро поставена. Завртката треба добро да одговара на отворот на шипката (слика 16) заради затегнувањето на синцирот.

■ Отстранете ја поклопката на запчаникот, свртете го копчето за прилагодување на затегнувањето на синцирот (слика 13) во насока на сказалките на часовникот се додека синцирот не се затегне соодветно. Насочувачот треба да го подигнете нагоре и повторно проверете го затегнувањето. Синцирот не треба да се затегнува премногу.

■ Откако їе го затегнете добро синцирот, стегнете ја завртката (слика 15) повторно.

ЗАБЕЛЕШКИ: Синцирот е добро затегнат доколку на средината од насочувачот може да се подигне 3мм до 4мм мерено од крајните делови на насочувачот. Откако ње го поставите синцирот, включете ја пилата и оставете да работи 2-3 минути.

ВНИМАНИЕ

Откако је ја испробате пилата, повторно проверете го затегнувањето и прилагодете го доколку е потребно.

КОРИСТЕЊЕ

За сите упатства за полнење на батериите, погледнете го Упатството за Корисникот за типот на батерии за Вашиот уред и моделот на полнач. Користете го полначот кој соодветствува со EN 60335-2-29 за полнење на батерии

ЗАБЕЛЕШКИ: За време на транспорт или пренесување на уредот, секогаш отстранувајте ги батериите и држете ги рацете подалеку од прекинувачот за брзина, за да избегнете сериозни повреди

ПРЕД СЕКОЈА УПОТРЕБА ПРОВЕРЕТЕ ГО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕТО ЗА ЗАТЕГНУВАЊЕ НА СИНЦИРОТ

Погледнете ја сликата 2.

ВНИМАНИЕ

Отстранете ги батериите од уредот, пред да го поверите затегнувањето на синцирот или вршите прилагодувања на пилата. Носете заштитни ракавици кога го допирате синцирот, шипката или деловите околу нив.

■ Повлечете го синцирот во средината на долниот дел од шипката. Оддалеченоста на сечилото во синцирот од шипката треба да биде помећу 3мм и 4мм.

■ Доколку е потребно да го прилагодите затегнувањето на синцирот, Ве молиме погледнете го делот од упатството "ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ЗАТЕГНУВАЊЕТО НА СИНЦИРОТ".

ПОСТАВУВАЊЕ НА БАТЕРИИТЕ

Погледнете ја сликата 2. Погледнете ја сликата 2.

■ Поставете ги батериите во пилата. Прилагодете го подигнатиот дел од батериите во жлебовите на влезот на батериите.
- Обезбедете се резето на долниот дел од батериите да клапнува на своето место и батериите добро да се прицврстени пред да почнете со користењето на уредот.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА БАТЕРИИТЕ

Погледнете ја сликата 2. Погледнете ја сликата 1.

■ Ослободете го прекинувачот за да ја исклучите пилата.
■ Притиснете и држете го резето на долниот дел од батериите.
■ Отстранете ги батериите од уредот.

ПРОВЕРЕТЕ ГО ПОДМАЧКУВАЊЕТО НА СИНЦИРОТ

Погледнете ја сликата 1.

■ Проверете го нивото на маслото во пилата со помош на мерката (слика 7). Доколку нивото на маслото е ниско, погледнете го делот од упатството "ПОДМАЧКУВАЊЕ НА ПИЛАТА И ШИПКАТА".

ВНИМАНИЕ

Проверете го затегнувањето на синцирот пред секоја употреба.

ВНИМАНИЕ

Никогаш не ја користите пилата доколку нема довольно масло за подмачкување, бидејки може да се оштети и постои опасност од повреди. Проверете го нивото на маслото за подмачкување пред секоја употреба!

Со цел да препречите уредот или неговите делови да се отфрлат на назад, почитувајте ги следните упатства:

■ Никогаш не сечете со врвот на пилата! Бидете внимателни кога єе продолжите со сечењето.
■ Секогаш почнете со сечењето откако је ја включите пилата.
■ Обезбедете се дека пилата е добро наострена.

■ Никогаш не сечете повеće од една гранка истовремено!

■ Кога ги сечете гранките, избегнувајте допир со другите гранки. Кога сечете попречно, внимавајте на трупците кои стојат во близина. Доколку е возможно користете обична пила.

ДРЖЕЊЕ НА ПИЛАТА

Секогаш држете ја пилата со десната рака поставена на задната дршка, а со левата на предната дршка. Фатете ги дршките со двете раце. Обезбедете се Вашата лева дланка да е поставена на предната дршка, додека палецот треба да биде поставен од долната страна.

ВКЛУЧУВАЊЕ

■ Пред да ја включите пилата, поставете ги батериите.
■ Включете го копчето за вклучување/исклучување (слика 44), со што прекинувачот за вклучување їе почне со работа. Кога почнувате со работа, поставете ги батериите.
■ Включете ја машината: Притиснете го копчето

за безбедност (слика 4), и потоа притиснете го прекинувачот (слика 5).

ИСКЛУЧУВАЊЕ

■ Ослободете го копчето за вклучување ( слика 5) за да ја запрете пилата.

АКТИВИРАЊЕ НА СОПИРАЧКИТЕ НА ПИЛАТА

Погледнете ја сликата 22.

■ Пред секоја употреба, проверете ја состојбата на сопирачките на пилата.
■ Включете ги сопирачките со помош на левата рака на дршката, на начин што со долниот дел їе ја притиснете рачката на сопирачките напред кон шипката додека синцирот е во позиција на ротирање. И двете раце треба постојано да бидат поставени на дршките од пилата.

■ Повторно активирајте ги сопирачките, со притиснување на врвот од рачката од сопрачките и повлекувајки ги кон предната дршка.

ВНИМАНИЕ

Доколку сопирачките не го запрат работењето на пилата или пак не може да се останат во активна позиција без дополнителна помощ, однесете го уредот во областен сервис на поправка.

ДРЖЕЊЕ НА ПИЛАТА

Секогаш внимавајте каде/како чекорите и држете го уредот цврсто со двете раце.

Погледнете ја сликата 9.

Сеча на дрва

Кога сечата на дрва или трупци се извршува истовремено од две или повеće лица, сечата на дрвата треба да биде на довольно растојание од теренот каде се врши сечењето на трупци и тоа со растојание од најмалку два пати поголемо од висината на дрвата кои се сечат Дрвата не смее да сечат на начин кој би ги загрозил другите лица, доводите на услуги (кабли) или да оштетат имот.

Доколку дрвото случајно дојде во допир со доводите на услуги, веднаш известете ја фирмата која ги спроведува.

Лицето кое ја користи пилата треба стои на повисоко место на теренот каде што се врши сечата, бидејки постои можност исеченото дрво да се стркала или лизне по теренот. Пред да се започна со сечата, обезбедете пат за евакуација за во случај на загрозена безбедност. Патот за евакуација треба да се наога назад и дијагонално од теренот каде што се очекува дека дрвото ће падне. Пред да започнете со сечата, проценете го природниот наклон на дрвото, местоположбата на поголемите гранки и насоката во која дува ветерот за да предвидите каде ће падне дрвото. Од дрвото отстранете доколку има нечистотија, излупена кора, клинови или пак спојувалки.

ЗАСЕКУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ДРВОТО (ЗАСЕКУВАЊЕ ВО ДРВОТО ЗА ДА СЕ НАСОЧИ НЕГОВИОТ ПАД)

Погледнете ја сликата 10.

Засечете го дрвото 1/3 во дијаметар, според насоката во која ће падне дрвото. Прво направете пониско хоризонтално засекување за да избегнете зафаќање на

пилата или насочувачот кога їе го правите вториот засек.

ПОСЛЕДНО ЗАСЕКУВАЊЕ ПРЕД ПАДОТ НА ДРВОТО (ПОСЛЕДНОТО ЗАСЕКУВАЊЕ ПРЕД ДА ПАДНЕ ДРВОТО, СЕ ПРАВИ НА СПРОТИВНАТА СТРАНА НА ДРВОТО ОД МЕСТОТО КАДЕ Е НАПРАВЕНО ПРВОТО ЗАСЕКУВАЊЕ)

Погледнете ја сликата 10.

Направете го последното засекување на висина од најмалку 50мм од хоризонталното засекување. Последното засекување треба да се направено паралелно на хоризонталното засекување. Кога го правите засекувањето оставете дел од дрвото кое ќе има намена на шарка. Шарката ќе препречи дрвото да не се сврти и да падне во погрешна насока. Немојте да сечете низ шарката. Кога дрвото ќе почне да се наведнува кон шарката, тогаш веке почнува да паға. Доколку постои можност дрвото да не падне во саканата насока или се наведне на назад и го зафати синцирот на пилата, престанете да сечете пред да го завршите последното засекување и користите остатоци од дрвото, пластика или алуминиум да го отворите засекувањето и да го насочите дрвото да падне во саканата насока. Кога дрвото ќе почне да паға, отстранете ја пилата, исключете го моторот, спуштете ја пилата и напуштете го теренот. Внимавајте каде чекорите и на гранките кои може да паднат.

СЕЧЕЊЕ НА ГРАНКИТЕ

Сечењето на гранките се врши кога дрвото їе падне на тлото. Кога ги сечете гранките, оставете го поголемите гранки да го потпираат трупецот на тлото. Отстранете ги помалите гранки со едно сечење. Гранките кои се под притисок треба да се сечат од доле кон горе, за да се избегне зафаќање на синζирот на пилата.

Сечење на дрво

Погледнете ги сликите 12-15

Кастрењето се изведува по должна на трупецот. Многу е важно цврсто да стоите на тлото и вашата рамнотежа да биде рамномерно распределена на двете нозе. Кога е можно, трупецот може да се подигне со помош на гранки, трупци или друг вид на потпора. Пратете ги едноставните упатства за полесно сечење:

  1. Кога трупецот има потпора по целата должна сечењето се врши од горниот дел.
  2. Кога трупецот е потпрен на една страна, сечењето се врши 1/3 од дијаметарот од долната страна. За да го завршите сечењето, направете засек од горниот дел за да дојдете до првото засекување од долната страна.
  3. Кога трупецот е потпрен на двете страни, сечењето се врши 1/3 од дијаметарот од горната страна. За да го завршите сечењето, направете засек од долниот дел до 2/3 за да дојдете до првото засекување од долната страна.
  4. Доколку сечете на падина, секогаш стојте на повисоката страна. Кога сечете по должна на дрвото, за да имате целосна контрола намалете го притисокот при крајот на сечењето без да го олабавите држењето на рацете.

Не дозволувајте пилата да го допре тлото. Откако ќе завршите со сечењето, почекајте пилата да се исклучи пред да ја отстраните. Секогаш исклучувајте го уредот кога се движите од едно до друго дрво.

ОДРЖУВАЊЕ

ВНИМАНИЕ

Отстранете ги батериите од уредот, пред да го поверите затегнувањето на синцирот или вршите прилагодувања на пилата. Носете заштитни ракавици кога го допирате синцирот, шипката или деловите околу нив.

ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ЗАТЕГАЊЕТО НА СИНЦИРОТ Погледнете ја сликата 2

  • Олабавете го копчето за затегање на поклопката на запчаникот (слика 15) во насока спротивно на сказалките на часовникот.
    ■ За да го зголемите затегнувањето на синцирот, свртете го копчето за прилагодување на затегнувањето (слика 13) во насока на сказалките на часовникот и често проверувајте го затегнувањето. За да го намалите затегнувањето на синцирот, свртете го копчето за прилагодување на затегнувањето (слика 13) спротивно од сказалките на часовникот и често проверувајте го затегнувањето.
    Затегнувањето на синцирот е добро кога растојанието помећу сечилото во синцирот и шипката е помећу 3мм-4мм. Повлечете го надоле синцирот во средината на долниот дел од шипката (подалеку од шипката) и измерете го растојанието помећу шипката и сечилото.
    ■ Прицврстете го копчето од поклопката на запчаникот (слика 15) вртејки го во насока на сказалките на часовникот.

МЕНУВАЊЕ НА ШИПКАТА И СИНЦИРОТ

Погледнете ја сликата 2, 3, 5, 7

■ Оставете ја пилата на рамна површина кога вршите прилагодување на синцирот.
■ Обезбедете се дека имате соодветни заменски делови како што е наведено претходно во упатството.
■ Ослободете го копчето од поклопката на запчаникот (слика 15) вртејки го во спротивна насока од сказалките на часовникот (слика 14) се додека не се олабави поклопката за запчаникот.
■ Отстранете ја поклопката на запчаникот. Отстранете ги шипката и синцирот од уредот.
■ Заменета ја шипката со новата, отстранете ја завртката од сигурносниот шраф, поставете го сигурносниот шраф на новата шипка и зацврстете со завртката.
■ Поставете го новиот синцир на шипката во насоката која е покажана на сликата 7 и обезбедете се дека погонските прстени се добро поставени на жлебовите од шипката (слика 5).
■ Прикачете ја шипката на пилата и поставете го синцирот на погонскиот запчаник како што е прикажано на сликата 3.
■ Заменете ја поклопката на запчаникот (слика 14), зацврстете ја поклопката и копчето (слика 15).
■ Погледнете го делот "ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ЗАТЕГНУВАЊЕТО НА СИНЦИРОТ" во претходниот дел од упатството.

ДОДАВАЊЕ МАСЛО ЗА ПОДМАЧКУВАЊЕ НА

СИНЦИРОТ И ШИПКАТА

■ Олабавете и отстранете ја поклопката (слика 6) од резервоарот.
■ Ставете масло во резервоарот и пратете го нивото со помош на мерката (слика 7). Внимавајте да не влезат нечистотии во резервоарот додека го ставате маслото.
■ Вратете ја поклопката назад и затегнете.
■ Целосно полн резервоар овозможува пилата да работи од 20-40мин.

ДРЖЕЊЕ НА ПИЛАТА

Пред да ја пренесувате пилата, секогаш отстранувајте ги батериите и поставувајте го заштитниот дел врз шипката и синцирот. Доколку вршите неколку сечења, пилата мора да биде изгасена помеку активностите.

ЗАШТИТЕН ДЕЛ Погледнете ја сликата 1

Заштитниот дел од пилата мора да биде поставен на синцирот и шипката, веднаш штом престанете со работата и секогаш кога уредот треба да се пренесува.

ОСТРЕЊЕ НА ПИЛАТА

Кога пилата не навлегува добро во дрвото, потребно е да се наостри според следните упатства:

■ Затегнете го синцирот.
■ Зацврстете ја шипката на начин што синцирот їе може да се олабави.
■ Прицврстете го острачот на држачот и поставете го на сечилото под агол од 35°.
■ Острете кон напред се додека сите потрошени делови од сечилото не се отстранат.
■ Бројте ги зафатите додека острите за да продолжите со истиот начин на острење и на другите делови.
■ Доколку мерата за длабочина се измести после неколку patи користење, повторно прилагодете го нивото. Користете рамен острач. На крајот, заокружете ја мерката за длабочина.

ЗАБЕЛЕШКИ: Се препорачува за поголем обем на острење да се обратите кај овластен претставник кој поседува соодветен електричен острач.

ОДРЖУВАЊЕ НА НАСОЧУВАЧОТ

■ Кога ће завршите со работата, исчистете ги жлебовите и маслото со кука за стругање.
■ Вршете периодично прилагодување на страните од шините со помош на рамен острач. Доколку не ги одржувате подолго време, страничните делови може да се скршат и да ја оштетат шипката.
■ Доколку едната шина е повисока од другата, неопходно е да ги изедначите со помош на рамен острач и потоа фино да ги обработите со помош на абразивна хартија.

ALPINA C 1648 Li - ОДРЖУВАЊЕ НА НАСОЧУВАЧОТ - 1

ВНИМАНИЕ

За време на сервисирање на уредот, користете само оригинални заменски делови. Во спротивно, можете да дојде до оштетување на производот.

ALPINA C 1648 Li - ВНИМАНИЕ - 1

ВНИМАНИЕ

Секогаш отстранувајте ги батериите за време на чистење или одржување на уредот.

ОПШТИ ПРЕПОРАКИ ЗА ОДРЖУВАЊЕТО

Пред секоја употреба проверете го уредот од можни оштетувања, делови кои недостасуваат или пак кои не се добро прицврстени, како што се завртки, шрафови, поклопки, итн. Прицврстете ги добро сите делови за затегнување или поклопки и не го користете уредот додека не ги замените сите оштетени делови или деловите кои недостасуваат. Ве молиме обратете се за помош до одделот за поддршка на Greenworkstools.

Избегнувајте да користите течности кога ги чистите пластичните делови од уредот. Повеќето пластични делови се подложни на оштетувања од различни видови на комерцијални течности. Користете чисти материјали за да ја отстраните нечистотијата, прашината, маслото, маснотиите, итн.

ALPINA C 1648 Li - ОПШТИ ПРЕПОРАКИ ЗА ОДРЖУВАЊЕТО - 1

ВНИМАНИЕ

Никогаш не дозволувајте пластичните делови од уредот да дојдат во допир со течности за кочници, производи на база на петролеум, ерозивни масла и слично. Хемикалиите може да ја оштетат, ослабат или уништат пластиката што пак може да доведе до сериозни повреди.

Само деловите кои се прикажани на листата со делови, смеат да се менуваат или поправаат од страна на корисникот. Сите други делови треба да се заменуваат во овластен сервисен центар.

ЧУВАЊЕ

ЧУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДОТ

■ Отстранете ги батериите од уредот пред да го оставите на подолго време.
■ Отстранете ги сите нечистотии/предмети од уредот.

- Чувајте го уредот на суво место со добра вентилација, каде што нема да биде достапен на деца.

■ Држете го подалеку од корозивни материи, како што се хемикалии за градини и соли против замрзнување.

■ Чувајте ги и полнете ги батериите во ладен простор. Температурата над или под нормалата, влијае на рокот на траење на батериите.

■ Никогаш не ги чувајте батериите празни. Чувајте ги батериите полни со вредност од 30% до 50%.

■ Држете ги батериите на место каде што температурата е помала од -2,7С и подалеку од влажност.

■ Сите батерии постепено се празнат. На поголема температура, батериите се празнат побрзо. Доколку го чувате уредот на подолго време без да го употребувате, полнете ги батериите секои шест месеци. На овој начин їе го продолжите рокот на траење на батериите.

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

1) Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на грағанските погодности и на просторот во кој живееме. Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат непосредното опкружување.
2) Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, маслата, бензинот, акумулаторот, филтрите, делови во распағање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смее да се фрлаат во ғубре туку треба да се селектираат и однесат во соодветни собирни центри кои рециклирата т материјали.
3) Следете ги точно локалните закони за фрлање на материјалите кои їе се резултат на сечењето.
4) При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центтар во согласност со важечките локални закони.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА УРЕДОТ

ALPINA C 1648 Li - ОТСТРАНУВАЊЕ НА УРЕДОТ - 1

Не фрлајте го електричниот апарат заедно со домашен отпад. Во со-гласност со директивата на ЕУ 2012/19/CE, отпадот што се состоит од електрични и електронски апарати е ваша одговорност и, во соглас-ност со националните одредби, електричните апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна повторно да се употребат на еко-компа-тибилен начин. Ако електричните апарати се одложат на ўубриште или на земја, штетните состојки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да навлезат во синцирот на исхрана, со што ќе се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот.

Батериите содржат материјал кој е штетен за лугето и околината. Батериите се отстрануваат посебно на места кои што се предвидени за литиум јонски батерии.

Ли-јонски батерии. Производот е означен со ознака за одделно собирање на батериите и нивните пакувања. Производот ће биде рециклиран или расклопен за да се намали штетното влијание врз околината. Батериите може да бидат штетни за околината и здравјето на лугето.

ПРОБЛЕМИ

ПРОБЛЕМ МОЖНИ ПРИЧИНИ РЕШЕНИЕ
Синцирот и шипката се премногу топли и испуштаат миризба.Проверете дали синцирот е премногу затегнат.Кутијата со маслото за подмачкување е празна.Затегнување на синцирот. Погледнете го делотЗатегнување на синцирот претходно во упатството.Проверете ја кутијата со маслото за подмачкување.
Моторот работи, но синцирот не се движи.Проверете дали синцирот е премногу затегнат.Проверете го составувањето на синцирот и шипката.Проверете го синцирот и шипката од можни оштетувања.Синцир за задржување. Погледнете го делотЗатегнување на синцирот претходно во упатството.Погледнете го делот Замена на синцирот и шипката претходно во упатството.Проверете го синцирот и шипката.
Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : ALPINA

Модел : C 1648 Li

Категорија : Пила