PMC 8 - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PMC 8 BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Циркуларна пила |
| Бренд | Bosch |
| Модел | PMC 8 |
| Димензии (Д x Ш x В) | 300 x 250 x 250 mm |
| Тежина | 3,5 kg |
| Напојување | 230 V, 50 Hz |
| Внесена моќност | 1200 W |
| Дијаметар на сечилото | 160 mm |
| Макс. длабочина на сечење | 50 mm |
| Брзина без оптоварување | 5000 врт/мин |
| Граничник за длабочина | Да, градуиран |
| Паралелен водич | Вграден |
| Систем за сопирање | Електронско сопирање на сечилото |
| Заштита од повторно стартување | Да |
| Безбедносен прекинувач | Двоен притисок |
| Приклучок за вшмукување | Да, дијаметар 35 mm |
| Ниво на бучава | 95 dB(A) |
| Вибрации | 2,5 m/s² |
| Одржување | Чистење на отворите за вентилација, замена на четките |
| Резервни делови | Сечило, четки, држачи за четки, прекинувач |
| Можноста за поправка | Индекс на поправка: 8,2 / 10 |
Често поставувани прашања - PMC 8 BOSCH
Прашања на корисниците за PMC 8 BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PMC 8 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PMC 8 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PMC 8 BOSCH
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност на мокните алати

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, илустрации и спецификации дадени со овој моќен алат. Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции дадени подолу може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување.
Поимот „моќен алат“ во предупредувањата се однесува на електричниот моќен алат или батериски моќен алат.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
При користењето на електрични уреди треба
да внимавате на следниве сигурносни мерки за заштита од електричен удар, опасност од повреда и пожар.
Прочитајте ги овие напомени пред да почнете да го користите електричниот апарат и добро чувајте ги безбедносните напомени.
Безбедност на работниот простор
▶ Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Несреден и темен простор доведува до несреќи. ▶ Не работете со моќните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прав. Моќните алати создаваат искри кои може да го запалат правот или гасовите.
Македонски | 195
Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со моќен алат. Напнатоста може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на моќниот алат мора да одговара на штекерот. На никој начин не го менувајте приклучокот. Не користете приклучен адаптер со заземјените моќни алати. Неизменетите приклучоци и соодветните штекери го намалуваат ризикот од струен удар. ▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и фрижидери. Постои зголемен ризик од струен удар ако телото е заземјено. ▶ Не ги изложувајте моќните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во моќниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. ▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на моќниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици и подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар. ▶ При работа со моќен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. ▶ Ако мора да работите со моќен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со моќен алат. Не користете моќен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со моќните алати може да доведе до сериозна лична повреда. Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прав, безбедносни чевли кои не се лизгаат, шлем или заштита за уши, кои се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. ▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали копчето е на позиција-исклучено, пред да го вклучите во струја и/или во комплетот со батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на моќните алати со прстот на копчето или вклучување во струја на моќните алати кои имаат вклучено копче доведува до несреќи. ▶ Отстранете било каков клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите моќниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачки дел на моќниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Одржувајте соодветна положба и рамнотежа цело време. Ова овозможува подобра контрола на моќниот алат во неочекувани ситуации. ▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови. ▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прав и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прав може да ги намали опасностите предизвикани од прав. ▶ Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при неговото користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на моќните алати
▶ Не го преоптоварувајте моќниот алат. Користете соодветен моќен алат за намената. Со соодветниот моќен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. ▶ Не користете моќен алат ако со копчето не можете да го вклучите и исклучите. Секој моќен алат кој не може да се контролира со копчето е опасен и мора да се поправи. ▶ Исклучете го моќниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да го складирате моќниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на моќниот алат. ▶ Чувајте ги моќните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со моќниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Моќните алати се опасни во рацете на необучени корисници. ▶ Одржување на моќните алати и дополнителната опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови кои може негативно да влијаат врз функционирањето на моќниот алат. Ако е оштетен, однесете го моќниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на моќните алати. ▶ Острете ги и чистете алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. ▶ Моќниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на моќниот алат за други активности од наменетите може да доведе до опасни ситуации.
▶ Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.
Сервисирање
▶ Моќниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на моќниот алат.
Безбедносни напомени за пили за отсекување и сечење под агол
▶ Пилата за сечење под агол е наменета за сечење дрво или слични материјали. Не смее да се користи со абразивни дискови за сечење на црни метали, како што се шипки, прачки, клинци и сл. Абразивната прашина предизвикува блокирање на подвижните делови, на пример долниот штитник. Искрите од абразивното сечење го оштетуваат долниот штитник, засекот и пластичните делови. ▶ Користете стеги за држење на работното парче кога е можно. Ако го држите работното парче со рака, раката мора постојано да биде на растојание од најмалку 100 mm од двете страни на сечилото. Не ја користете оваа пила за сечење на многу мали парчиња што не можат безбедно да се прицврстат или држат со рака. Ако раката ја ставите премногу блиску до сечилото, постои голема опасност од повреда ако го допрете сечилото. Работното парче мора да биде стабилно и прицврстено или да се држи и за граничникот и за масата. Не го поставувајте работното парче во сечилото или жлебот „со слободна рака“ на кој било начин. Слободно или неприцврстено работно парче може да биде исфрлено со голема брзина и да предизвика повреда. ▶ Не ги вкрстувајте рацете над линијата на сечење пред и зад сечилото. Држењето на работното парче „со вкрстени раце“, т.е. држење на работното парче на десната страна од сечилото со лева рака или обратно, е многу опасно. ▶ Не ги ставајте рацете зад граничникот поблиску од 100 mm од двете страни на сечилото за да ги отстраните остатоците од дрво или поради друга причина додека сечилото ротира. Може да не забележите колку блиску е сечилото до вашата рака и може сериозно да се повредите. ▶ Проверете го работното парче пред да започнете со сечење. Ако работното парче е искривено или навалено, прицврстете ја надворешната навалена страна на граничникот. Секогаш проверувајте дали има празнина меѓу работното парче, граничникот и масата покрај линијата на сечење. Искривено или навалено работно парче може да се извитка или помести и да предизвика заглавување на сечилото што ротира при
сечење. Не смее да има клинци или други туѓи предмети во работното парче.
▶ Не употребувајте ја пилата ако на масата, освен парчето за обработка, има алати, дрвени остатоци и сл. Мали остатоци или расфрлени парчиња дрво или други предмети, ако дојдат во допир со ротирачкото сечило, може да бидат исфрлени со голема брзина. ▶ Сечете само едно парче истовремено. Повеќе парчиња не може соодветно да се зацврстат или поврзат и може да се заглават на сечилото или да се поместат во текот на сечењето. ▶ Проверете дали пилата за сечење под агол е монтирана или поставена на рамна, цврста работна површина пред да ја користите. Рамната и цврстата работна површина го намалува ризикот пилата за сечење под агол да стане нестабилна. - Испланирајте ја работата. Кога ја менувате косината или подесениот агол на закосување, проверете дали граничникот што се подесува е правилно поставен за држење на парчето за обработка и дека нема да попречува на сечилото или на заштитниот систем. Без вклучување на алатот на „ON“ и без парче за обработка на масата, движете го сечилото на пилата низ целосно симулиран пресек за да проверите дали има некакви пречки или опасност да се пресече граничникот. Обезбедете соодветен потпирач, како на пр., додаток на масата, ногарки за потпора на пилата и сл., за парче за обработка кое е пошироко или подолго од горниот дел на масата. Ако парчињата за обработка се подолги или пошироки од пилата за сечење под агол, може да се навалат доколку не се зацврстени. Ако отсеченото парче или парчето за обработка се навали, може да го подигне долното обезбедување или да биде отфрлено од ротирачкото сечило. ▶ Не користете друго лице како замена за додаток на масата или како дополнителен држач. Нестабилниот држач за парчето за обработка може да предизвика заглавување на сечилото или поместување на парчето за обработка во текот на сечењето и да ве повлече вас и помошникот кон ротирачкото сечило. Отсеченото парче не смее да се заглави или притиска кон ротирачкото сечило. Ако е ограничено, т.е. со помош на должинските граничници, исеченото парче може да се заглави на сечилото и силно да биде отфрлено. Постојано користете стега или прицврстувач правилно дизајниран за држење на тркалезен материјал, како на пр., мотки или цевки. Мотките се склони кон вртење додека се сечат и предизвикуваат сечилото да го „засекува“ и влече парчето со вашата рака кон сечилото. ▶ Оставете го сечилото да достигне целосна брзина пред да го допре парчето за обработка. Со ова ќе се намали ризикот парчето за обработка да биде отфрлено.
▶ Ако парчето за обработка или сечилото се блокира, исклучете ја пилата за сечење под агол. Почекајте сите подвижни делови да застанат и исклучете го приклучокот од струја и/или извадете го пакетот со батерии. Потоа извадете го заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете со заглавено парче за обработка, може да изгубите контрола или да ја оштетите пилата. ▶ Откако ќе завршите со сечењето, ослободете го копчето, држете ја главата на пилата надолу и почекајте сечилото да застане пред да го извадите исеченото парче. Приближувањето на раката до сечило кое уште се врти е опасно. ▶ Електричниот апарат се испорачува со натпис за предупредување (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна со број 2).

Доколку текстот на налепницата за предупредување не е на вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и не погледнувајте директно во него или во неговата рефлексија. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак допре до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак. ▶ Не вршете никакви промени на ласерскиот уред. ▶ Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на електричниот апарат. Добро чувајте го неискористениот електричен апарат. Местото на складирање мора да биде суво и затворено. Ова го спречува оштетувањето на електричниот уред за време на складирањето или тој да биде ракуван од страна на неискусни лица. ▶ Електричниот апарат не го користете доколку кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку кабелот се оштети за време на работењето.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
▶ Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е оштетен смее да го поправи само овластената сервисна служба за електрични апарати на Bosch. Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат. ▶ Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени листови за пила. Листовите на пилата со тапи или неправилни запци, заради претесниот резен процеп, предизвикуваат зголемено триење и заглавување на листот на пилата или повратен удар.
▶ Никогаш не го користете алатот без плоча за вметнување. Променете ја дефектната плоча за вметнување. Доколку плочата за вметнување не е беспрекорна, може да се повредите на листот на пилата. ▶ Не користете листови за пила од високо легиран брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на пила може лесно да се скршат. Секогаш користете листови за пила во правилна големина и со соодветен отвор на прифатот (на пр. со ромбоиден или тркалезен облик). Листовите за пила, што не одговараат на монтажните делови на пилата, нема да сечат рамно и може да доведат до губење на контролата. ▶ Проверете дали заштитната хауба може правилно да функционира и дали може слободно да се движи. Никогаш не ја блокирајте заштитната хауба во отворена состојба. ▶ Одржувајте го подот чист, без дрвени струготини и остатоци од материјал. Може да се лизнете или да се сопнете. ▶ Не го факајте листот од пилата по работата, додека не се олади. Листот за пилата за време на работата се вжештува. ▶ Не го оставајте настрана апаратот доколку не е целосно во состојба на мирување. Електричните апарати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди. Доколку е вклучен апаратот, не го водете листот за пилата директно кон делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку листот за пилата се заглави во делот што се обработува. ▶ Не ставајте ништо на електричниот апарат. Може да настанат сериозни повреди, доколку електричниот апарат се преврти или доколку случајно дојдете во контакт со листот за пилата.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат.
▶ Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот уред. Доколку дојдете во контакт со листовите за пила постои опасност од повреда.

▶ Носете маска за заштита од прав.
▶ Носете заштитни очила.

▶ Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.

▶ Ласерско зрачење. Не погледнувајте во зракот. Класа на ласер 2.

▶ Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона.

При сечење на вертикални агли на закосување, подесливата шина-граничник мора да се повлече нагоре.
ø 216 mm ∥ 30 mm
Внимавајте на димензиите на листот за пилата. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Не користете адаптери или редуктори.
Опис на производот и мокноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за правење на должински и напречни резови на цврста подлога со прав рез во дрво, како фиксен уред. Притоа можни се хоризонтални агли на закосување од -48° до +48°, како и вертикални агли на закосување од 0° до 45°.
Капацитетот на електричниот апарат е предвиден за сечење на тврдо и меко дрво.
Електричниот апарат не е наменет за сечење на алуминиум и други неметали.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Дршка 2 Натпис за предупредување на ласерот 3 Лост за олабавување на кракот на алатот 4 Заштитна хауба 5 Заштитна хауба со повратен механизам 6 Гранична водилка 7 Плоча за вметнување 8 Отвори за монтажа 9 Копче за фиксирање на саканиот агол на закосување (хоризонтално)
10 Показател на агли (хоризонтално)
11 Скала за аголот на закосување (хоризонтално)
12 Маса за пила
13 Жлебови за држење
15 Затезна дршка за саканиот агол на закосување (вертикално)
16 Излез на ласерскиот зрак
17 Лизгачки валјак
18 Лист за пилата
19 Врекичка за прав
20 Прекинувач за ласерот (ознака на линијата на сечење)
21 Прекинувач за вклучување/исклучување
22 Исфрлувач на струготини
25 Држач за заштита од превртување
26 Транспортен осигурувач
27 Столарска стега
28 Блокада за вретеното
29 Показател на агли (вертикално)
30 Скала за аголот на закосување (вертикално)
31 Завртка за прицврстување за плочата за вметнување
32 Завртка за прицврстување на држачот за заштита од превртување
33 Завртка со внатрешна шестаголна глава за прицврстување на листот за пилата
34 Стезна прирабница
35 Внатрешна стезна прирабница
38 Затегнувачки лост за подесливата гранична водилка
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Македонски | 199
Технички податоци
| Пила за отсекување и сечење подагол | PCM 8 | |
| Број на дел/артикл | 3603M100 | |
| Номинална јачина | W 1200 | |
| Број на празни вртежи | min 1 | 4800 |
| Тип на ласер | nm | 650 |
| mW | < 1 | |
| Класа на ласер | 2 | |
| Тежина согласноEPTA-Procedure 01:2014 кг 7,9 | ||
| Класа на заштита | / | |
Дозволени димензии за делот што се обработува (максимални/минимални) види страна 202.
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
| Димензии за соодветни листови за пила | ||
| Дијаметар на листовите за пилата | мм | 216 |
| Дебелина на сечилото на пилата | мм | 1,4-1,8 |
| макс.ширина на сечење | мм | 2 |
| Дијаметар на отворот | мм | 30 |
Информација за бучава
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 61029-2-9.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 96 dB(A); ниво на звучна јачина 103 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Изјава за сообразност CE
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до 19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016: 2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и е сообразен со следните норми: EN 61029-1, EN 61029-2-9, EN 60825-1.
▶ Избегнувајте невнимателно вклучување на електричниот апарат. За време на монтажата и при сите интервенции на електричниот апарат, струјниот приклучок не смее да се приклучува на напојување на струја.
Обем на испорака

Внимавајте на приказот на обемот на испорачаните материјали на почетокот од упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот апарат, проверете дали се испорачани сите долунаведени делови:
- Пила за отсекување и сечење под агол со монтиран лист за пилата
- Вреќичка за прав 19
- Столарска стега 27
- Клуч со внатрешна шестаголна глава 24
- Држач за заштита од превртување 25 со завртки за прицврстување 32
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат, дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат, и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.
Монтажа на поединечните делови
- Внимателно извадете ги сите испорачани делови од амбалажата.
- Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од испорачаната опрема.
- Заради олеснување на работата, при монтажата внимавајте на испорачаните елементи на уредот, бидејќи електричниот апарат е во транспортна позиција.
Монтирање на држачот за заштита од превртување (види слика А)
Пред првата употреба на електричниот апарат мора да го монтирате држачот за заштита од превртување 25.
- Свртете го електричниот апарат и внимателно поставете го на заштитната хауба 4 и масата за пила 12.
- Вметнете го држачот за заштита од превртување 25 во предвидените отвори на основната плоча, додека не се израмнат навојните отвори на држачот за заштита од превртување и основната плоча.
- Вметнете ги завртките за прицврстување 32 во навојните отвори и затегнете ги со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава 24.
- Свртете го електричниот уред, така што повторно ќе стои во правилна позиција за работа. ▶ Никогаш не го отстранувајте држачот за заштита од превртување. Без заштитата од превртување, електричниот апарат нема да биде стабилен и може да се преврти при сечење на максимални агли на закосување.
- Зацврстете го електричниот апарат со соодветни шрафови на работната површина. За тоа служат отворите 8.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Секогаш користете вшмукувач за прав.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.
- Исклучете го електричниот уред и извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во состојба на мирување.
- Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено вшмукување (види слика С)
Прикачете ја кесата за прав 19 на исфрлувачот на струготини 22.
За време на сечењето, вреќичката за прав никогаш не треба да дојде во допир со подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја вреќичката за прав.
Надворешно вшмукување
За вшмукување, на исфрлувачот на струготини 22 може да приклучите и црево за вшмукување на прав (∅ 35 мм).
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален вшмукувач.
Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. При ставањето на листот на пилата носете заштитни ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за употреба или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен апарат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето.
Вадење на листот од пилата
- Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
- Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава 33 со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава 24 и истовремено притиснете ја блокадата на вретеното 28, додека не се вклопи.
- Држете ја притисната блокадата на вретеното 28 и одвртете го шрафот 33 во правец на стрелките на часовникот (лев навој!).
- Извадете ја стезната прирабница 34.
- Притиснете на лостот 3 и навалете ја осцилаторната заштитна хауба 5 наназад до крај.
- Држете ја осцилаторната заштитна хауба во оваа позиција и извадете го листот за пилата 18.
- Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба надолу.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
- Притиснете на лостот 3, навалете ја осцилаторната заштитна хауба 5 наназад до крај и држете ја во оваа позиција.
- Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна прирабница 35.
▶ При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на листот за пилата) да се совпаѓа со правецот на стрелката на заштитната хауба!
- Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба надолу.
- Поставете ја стезната прирабница 34 и шрафот 33. Притиснете ја блокадата на вретеното 28 додека не се вклопи и зацврстете го шрафот во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Употреба
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Транспортниот осигурувач 26 Ви овозможува лесно ракување на електричниот апарат при транспорт на различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат (работна позиција)
- Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 1 надолу, за да го отклучите транспортниот осигурувач 26.
- Притоа, целосно извлечете го осигурувачот 26 нанадвор.
- Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат (позиција за транспорт)
- За фиксирање на масата за пила 12, затегнете го копчето за фиксирање 9.
- Притиснете на лостот 3 и истовремено навалувајте го кракот на алатот на рачката 1 надолу додека транспортниот осигурувач 26 не се притисне сосема навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Прицврстување на делот што се обработува (види слика F)
За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот што се обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува кон граничната водилка 14 и 6. - Вметнете ја столарската стега 27 во отворите предвидени за таа намена 23. - Олабавете ја пеперутка-завртката 36 и подесете ја столарската стега на делот што се обработува. Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката. - Зацврстете го делот што се обработува со вртење на прачката со навој 37.
Олабавување на делот што се обработува
- За да ја олабавите столарската стега, свртете ја прачката со навој 37 во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Подесување на закосениот агол
▶ Додека го подесувате аголот на закосување, не го активирајте прекинувачот за вклучување/исклучување 21. Доколку електричниот апарат се стартува невнимателно, постои опасност од повреда.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување (види слика G)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во граници од 48° (на левата страна) до 48° (на десната страна).
- Отпуштете го копчето за фиксирање 9, доколку е затегнато. Притоа, масата за пила ќе биде слободно подвижна.
- Вртете ја масата за пила 12 со држачот налево или надесно додека показателот на агли 10 не го покаже саканиот агол на закосување.
- Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 9.
За брзо и прецизно подесување на често употребувани агли на закосување, масата за пила 12 може да ја вклопите во следните стандардни агли:
лево десно
0°
45° 30° 22,5° 15° 15° 22,5° 30° 45°
- Отпуштете го копчето за фиксирање 9, доколку е затегнато.
- Свртете ја масата за пила 12 на копчето за фиксирање налево или надесно додека не се вклопи во саканиот стандарден агол на закосување.
Подесување на вертикалниот агол на закосување (види слики H1-H2)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во граници од 0° до 45°.
- Олабавете го затегнувачкиот лост 38. – Целосно извлечете ја граничната водилка 14 нанадвор.
- За фиксирање на подесливата гранична водилка повторно затегнете го затегнувачкиот лост 38.
- Олабавете ја затезната рачка 15.
- Рачката на апаратот навалете ја на дршката 1 додека показателот на агли 29 не го прикаже саканиот агол на закосување.
- Држете ја рачката на апаратот во оваа позиција и повторно затегнете ја затезната дршка 15.
За брзо и прецизно подесување на стандартниот агол 0° и 45° предвидени се фабрички поставените граничници.
- Олабавете ја затезната рачка 15.
- Навалете го кракот на алатот на рачката 1 до крај надесно (0°) или до крај налево (45°).
- Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 15.
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните апарати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.
- За ставање во употреба притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 21 и држете го притиснат.
202 | Македонски
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за вклучување/исклучување 21 нема да се блокира, туку за време на работата постојано мора да биде притиснат.
Само со притискање на лостот 3, кракот на алатот може да се спушти надолу.
- За сечење, дополнително кон активирањето на прекинувачот за вклучување/исклучување 21, мора да го притиснете лостот 3.
Исклучување
- За исклучување, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување 21.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
▶ Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање 9 пред сечењето. Инаку, листот на пилата може да се заглави во делот што се обработува.
Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може правилно да функционира и дали може слободно да се движи. Кога го водите кракот на алатот надолу, мора да ја отворите осцилаторната заштитна хауба. Кога го водите кракот на алатот нагоре, осцилаторната заштитна хауба мора да се затвори преку листот за пилата и да се фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот.
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте листот за пилата на страничен притисок.
Не се поставувајте во една линија со листот за пилата пред електричниот апарат, туку секогаш странично од листот за пилата. На тој начин, вашето тело е заштитено од можен повратен удар.
Означување на линијата на сечење (види слика К)
Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на листот за пилата. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да ја отворате заштитната хауба со повратен механизам.
- Притоа, вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот 20.
- Насочете ги ознаките на делот што се обработува на десниот раб на линијата на ласерот.
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
| Агол на косо сечењехоризонтално вертикално | Висина х ширина |
| 0° 0° | 60 x 120 мм |
| 45° 0° | 60 x 85 мм |
| 0° 45° | 37 x 120 мм |
| 45° 45° | 37 x 85 мм |
Минимални делови за обработка (= сите делови што се обработуваат, што може да се затегнат со столарска стега 27 лево или десно на листот на пилата): 100 x 40 мм (должина х ширина)
макс. длабочина на резот (0°/0°): 60 мм
Пили за отсекување
– Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите. – Поставете го саканиот хоризонтален и/или вертикален агол на закосување. – Вклучете го електричниот апарат. – Притиснете на лостот 3 и полека водете го надолу кракот на алатот со рачката 1. – Сечете го делот што се обработува со ист притисок. – Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека листот за пилата не дојде целосно во состојба на мирување. – Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Менување на плочата за вметнување
Црната плоча за вметнување 7 може да се истроши по подолга употреба на електричниот апарат.
Променете ја дефектната плоча за вметнување.
- Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
- Одвртете ги завртките за прицврстување 31 со клучот со внатрешна шестаголна глава 24 и извадете ја старата плоча за вметнување.
- Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно затегнете ги завртките за прицврстување 31.
Обработка на профилни лајсни
Профилните лајсни може да се обработуваат на два различни начини:
- Плоснато лежејќи на масата за пила

Секогаш проверете го поставениот агол на закосување најпрво на отпадно дрво.
Транспорт
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги извршите следните чекори:
– Подесете го електричниот апарат во транспортна позиција. - Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот апарат. Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги транспортирате, ставете ги во затворена кутија. - При подигање или транспорт, држете за жлебовите за држење 13 странично на масата за пила 12.
▶ За транспортирање на електричниот апарат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Чистење
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу заштитната хауба со повратен механизам секогаш треба да биде чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со компресиран воздух или со четка по секоја работна постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак 17.
Опрема
| Број на дел/артикл | |
| Листови за пила за дрво | |
| Лист за пилата 216 x 30 мм, 24 запци | 2 608 640 431 |
| Лист за пилата 216 x 30 мм, 48 запци | 2 608 640 432 |
| Листови за пила за цврсто дрво и композитни материјали | |
| Лист за пилата 216 x 30 мм, 60 запци | 2 608 640 433 |
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ, како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивна национална примена, електричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.