PTS 10 T - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PTS 10 T BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Кружна пила на маса |
| Бренд | Bosch |
| Модел | PTS 10 T |
| Димензии (Д x Ш x В) | 800 x 600 x 900 mm |
| Тежина | 22 kg |
| Напон на напојување | 230 V |
| Фреквенција | 50 Hz |
| Влезна моќност | 1400 W |
| Брзина без оптоварување | 5000 врт/мин |
| Дијаметар на сечилото | 250 mm |
| Длабочина на сечење под 90° | 70 mm |
| Длабочина на сечење под 45° | 50 mm |
| Опсег на коси | од -2° до 47° |
| Работна маса | Леано алуминиум |
| Главни функции | Надолжно, попречно и косо сечење |
| Безбедност | Заштита од случајни контакти, безбедносен прекинувач, сопирачка на сечилото |
| Одржување и чистење | Редовно чистете ги наслагите, подмачкајте ги подвижните делови |
| Резервни делови и поправливост | Сечило, водилка, запирач, заштитна капа достапни |
| Општи информации | Приложено упатство за употреба, ниво на бучава 95 dB(A) |
Често поставувани прашања - PTS 10 T BOSCH
Прашања на корисниците за PTS 10 T BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PTS 10 T - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PTS 10 T на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PTS 10 T BOSCH
Опори за успоредно водене 8 и 9
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за електричните апарати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При користењето на електрични уреди треба да внимавате на следниве сигурносни мерки за заштита од електричен удар, опасност од повреда и пожар.
Прочитајте ги овие напомени, пред да почнете да го користите електричниот апарат и добро чувајте ги безбедносните напомени.
Поимот „електричен апарат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи. ▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјени површини како цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Чувајте ги електричните апарати подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричен апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користете кабелот за носење, закачување или влечење на апаратот, ниту за извлекување на приклучокот од штекер. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижни делови. Оштетениот или заплеткан кабел го зголемува ризикот од електричен удар.
Ако работите со електричниот апарат на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за надворешна употреба.
Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
▶ Ако не може да се избегне користење на апаратот во влажна средина, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитен уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
▶ Бидете внимателни и користете го електричниот апарат разумно. Не користете електрични апарати ако сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето заштитна опрема, како маска за прав, обувки со нелизгачки ѓон, заштитен шлем или заштита за слух, во зависност од видот и примената на апаратот, го намалува ризикот од повреди.
▶ Избегнувајте невнимателно ракување со апаратот. Осигурете се дека апаратот е исклучен пред да го приклучите на напојување или батерија, пред да го земете или носите. Ако при носење го држите прстот на прекинувачот или го приклучите додека е вклучен, може да предизвикате несреќа.
Извадете ги алатите за подесување или клучевите пред да го вклучите апаратот. Ако некој алат или клуч остане во ротирачки дел, може да предизвика повреда.
▶ Избегнувајте неприродно држење на телото. Застанете стабилно и одржувајте рамнотежа. Така ќе можете подобро да го контролирате апаратот во неочекувани ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Држете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се заплеткаат во подвижните делови.
Ако е потребно да се инсталираат уреди за вшмукување прашина, осигурете се дека тие се правилно приклучени и соодветно користени. Користењето на вшмукувач за прашина не ја намалува опасноста од прашина.
Користење и ракување со електричниот апарат
Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица. Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за столни тркалезни пили
Не ставајте ништо на електричниот апарат. Може да настанат сериозни повреди, доколку електричниот апарат се преврти или доколку случајно дојдете во контакт со листот за пилата. Проверете дали заштитната хауба може правилно да функционира и дали може слободно да се движи. Секогаш поставувајте ја заштитната хауба на таков начин што при сечењето опуштено ќе налегнува на делот што се обработува. Никогаш не ја блокирајте заштитната хауба во отворена состојба. Не посегајте никогаш зад листот за пила, за да го држите делот што се обработува, за да ги отстраните дрвените струготини или од други причини. Притоа, растојанието од вашата дланка до ротирачкиот лист на пила е премало. Водете го делот што се обработува само кон ротирачкиот лист на пилата. Инаку постои опасност од
повратен удар, доколку листот на пилата се заглави во делот што се обработува.
▶ Одржувајте ги дршките суви, чисти и не замастувајте ги. Замастените дршки се лизгаат и може да доведат до губење на контрола. Користете го електричниот уред само ако на работната површина, во близина на делот што се обработува, нема алати за подесување, дрвени струготини или слични предмети. Малите дрвени парчиња или други предмети што доаѓаат во контакт со ротирачкиот лист на пилата може да летнат кон корисникот со голема брзина. ▶ Секогаш сечете само еден дел. Ако деловите што се обработуваат ги поставите еден врз друг или еден до друг, листот на пилата може да се блокира или деловите да се поместат еден од друг за време на сечењето. Секогаш користете паралелен или аголен граничник. Ова ја подобрува прецизноста при сечење и ја намалува можноста за заглавување на листот на пилата. ▶ Користете го електричниот апарат за правење жлебови или засеци само со соодветен заштитен уред (на пр. тунелска заштитна хауба). ▶ Не го користете електричниот апарат за правење процепи (жлебови во делот што се обработува). ▶ Користете го електричниот апарат само за материјали што се соодветни за таа намена. Во спротивно, апаратот може да се преоптовари. ▶ Ако листот на пилата се заглави, исклучете го електричниот апарат и цврсто држете го делот што се обработува додека листот целосно не запре. За да избегнете повратен удар, делот што се обработува смее да се движи дури откако листот на пилата целосно ќе запре. Отстранете ја причината за заглавување пред повторно да го стартувате уредот. ▶ Не користете тапи, напукнати, свиткани или оштетени листови за пила. Листовите со тапи или неправилни запци, поради претесниот резен процеп, предизвикуваат зголемено триење, заглавување на листот или повратен удар. ▶ При монтажа на листот на пилата носете заштитни ракавици. При допирање на листот постои опасност од повреда. Секогаш користете листови со правилна големина и со соодветен отвор за прифат (на пр. со ромбоиден или тркалезен облик). Листовите што не одговараат на монтажните делови на пилата нема да сечат рамно и може да доведат до губење на контрола. ▶ Не користете листови од високолегиран брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови може лесно да се скршат. ▶ Не фаќајте го листот на пилата по работа додека не се олади. Листот се вжештува за време на работа. ▶ Никогаш не користете го алатот без плоча за вметнување. Заменете ја оштетената плоча за
вметнување. Ако плочата за вметнување не е во беспрекорна состојба, може да се повредите на листот на пилата.
▶ Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е оштетен, смее да го поправи само овластената сервисна служба за електрични апарати на Bosch. Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат. ▶ Добро чувајте го неискористениот електричен апарат. Местото на складирање мора да биде суво и затворено. Ова го спречува оштетувањето на електричниот уред за време на складирањето или тој да биде ракуван од страна на неискусни лица. ▶ Не го оставајте настрана апаратот доколку не е целосно во состојба на мирување. Електричните апарати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди. ▶ Електричниот апарат не го користете доколку кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку кабелот се оштети за време на работењето. Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат.
▶ Носете маска за заштита од прав.

▶ Носете заштитни очила.

▶ Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.

▶ Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот уред. Доколку дојдете во контакт со листовите за пила, постои опасност од повреда.
Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за губре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивна национална употреба, електричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.

Го покажува правецот на вртење на рачното тркало за спуштање (транспортна позиција) и подигање (работна позиција) на листот за пилата.

75 mm

63 mm

Ја покажува максимално дозволената висина на делот што се обработува при вертикални стандартни агли на закосување 90° и 45°.
Внимавајте на димензиите на листот за пилата. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирни делови, внимавајте димензиите на редуцирниот дел да одговараат на дебелината на листот за сечење и на дијаметарот на отворот на листот за пилата, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со листот за пилата користете ги испорачаните редуцирни делови.
При менување на листот на пилата внимавајте на тоа, ширината на резот да не е помала и дебелината на основниот лист да не е поголема од дебелината на клинот за расцепување.
Ја покажува функцијата на копчето за фиксирање на аголниот граничник при поставување на хоризонтални агли на закосување.
220mm - 520mm
Ги покажува можните позиции на паралелниот граничник на проширувањето на масата. Бојата на налепницата кореспондира со бојата на скалата на предната водилка. Во зависност од позицијата на паралелниот граничник, скалата го покажува растојанието кон листот за пилата.
140mm - 250mm
Опис на производот и мокноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за правење на должински и напречни резови на цврста подлога со прав рез во дрво, како фиксен уред. Притоа, можени се хоризонтални агли на закосување од -60° до +60° како и вертикални агли на закосување од 0° до 45°.
Капацитетот на електричниот апарат е предвиден за сечење на тврдо и меко дрво, како и иверки и фибер плочи.
Не е дозволено електричниот апарат да се користи како столна кружна пила за сечење на алуминиум или други неметали.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Подвижни лизгачи 2 Продолжеток за масата 3 Плоча за вметнување 4 Клин за расцепување 5 Заштитна хауба
6 Налепница за означување на линијата на сечење 7 Дополнителен граничник за паралелниот граничник 8 8 Паралелен граничник 9 Паралелен граничник за проширувањето на масата 10
10 Проширување на масата
11 Маса за пила
12 Курбла за подигање и спуштање на листот за пилата
13 Скала за растојанието од листот на пилата до паралелниот граничник8
14 Копче за вклучување
15 Копче за исклучување
16 Аголен граничник
18 Дополнителен граничник за аголниот граничник 16
19 Завртка за прицврстување на депото за листот за пилата
20 Отвори за монтажа
21 Водечки жлеб за аголниот граничник
22 Подвижна водечка летва
23 Копче за прицврстување на продолжетокот за масата 2
24 Лост за блокада на подвижните лизгачи
25 Копче за прицврстување на паралелниот граничник 9
26 Копче за прицврстување на проширувањето на масата 10
27 Депо за дополнителниот граничник 18
28 Депо за паралелниот граничник 8
29 Копче за блокада за подесување на вертикалниот агол на закосување
30 Држач за кабелот
31 Исфрлувач на струготини
32 Депо за аголниот граничник
33 Црево за вшмукување
34 Подна плоча
35 Завртка со шестаголна глава за прицврстување на клинот за расцепување 4
36 Отвори за плочата за вметнување
37 Лист за пилата
38 Држач за клинот за расцепување
39 Сет за прицврстување „продолжеток за масата“
40 Гумен одбојник
41 Шина-водилка за аголниот граничник
42 Копче за фиксирање на аголниот граничник
43 Сет за прицврстување „дополнителен граничник/аголен граничник“
44 Затезна дршка на паралелниот граничник
45 Водечки жлеб за паралелниот граничник 8
46 Затегнувачки лост за дополнителниот граничник 7
47 Лост за блокада на вретеното
48 Стезна навртка
49 Стезна прирабница
50 Приклучна прирабница 51 Вретено на алатот 52 Копче за фиксирање на аголот на закосување (хоризонтално) 53 Показател на агли на аголниот граничник 54 Рачно тркало 55 Показател на агли (вертикално) 56 Скала за аголот на закосување (вертикално) 57 Лупа 58 Скала за растојанието од листот на пилата до паралелниот граничник 9 59 Завртка за подесување на вертикалниот стандарден агол на закосување 90° 60 Завртка за подесување на вертикалниот стандарден агол на закосување 45° 61 Шраф за показателот на агол (вертикално) 62 Навртка за подесување на силата на затегање на паралелниот граничник 8 63 Завртки за подесување на слободниот простор на подвижните лизгачи 64 Завртки за подесување на плочата за вметнување 65 Жлебови за држење 66 Сет за прицврстување на „подножјето“* 67 Подножје*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Столна тркалезна пила PTS 10 | ||
| PTS 10 T | ||
| PTS 100 T | ||
| Број на дел/артикл 3 603 M03 ... | ... 4.. | |
| Номинална јачина | W 1400 | |
| Број на празни вртежи | min 1 | 5000 |
| Ограничување на стартната струја ● | ||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | кг 26,0 | |
| Класа на заштита | ☐/П | |
| Димензии (вкл. отстранливите елементи на уредот) | ||
| Ширина х длабочина х висина | мм 620 x 770 x 450 | |
| Максимални димензии на делот што се обработува, види страна 270. | ||
| Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. | ||
| Димензии за соодветни листови за пила | ||
| Дијаметар на листовите за пилата | мм 254 | |
| Дебелина на сечилото на пилата | мм 1,8 | |
| мин. отклон на запците на пилата | мм 2,5 | |
| Дијаметар на отворот | мм 30 | |
Информација за бучава
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 61029-2-1.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 91 dB(A); ниво на звучна јачина 104 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вредноста на емисија на бучава наведена во овие упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на емисијата на бучава.
Наведената вредност на емисија на бучава се однесува на основната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, вредноста на емисијата на бучава може да отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Монтажа
▶ Избегнувајте невнимателно вклучување на електричниот апарат. За време на монтажата и при сите интервенции на електричниот апарат, струјниот приклучок не смее да се приклучува на напојување на струја.
Обем на испорака

Внимавајте на приказот на обемот на испорачаните материјали на почетокот од упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот
апарат, проверете дали сите долу наведени делови се испорачани:
– Столна тркалезна пила (претходно монтирано: проширување на масата 10, лист за пилата 37, плоча за вметнување 3) - Подна плоча 34 со претходно монтирани завртки со крестест жлеб - Продолжеток за масата 2 - Сет за прицврстување „продолжеток за масата“ 39 (2 водилки, 2 завртки за обезбедување, 2 клипа, 2 кратки копчиња за прицврстување) - Паралелни граничници 8 и 9 - Дополнителни граничници 7 и 18 - Аголен граничник 16 - Сет за прицврстување на „дополнителниот граничник/аголниот граничник“ 43 - Заштитна хауба 5, Клин за расцепување 4 со претходно монтирана завртка со шестаголна глава 35 - Црево за вшмукување 33 - Подвижна водечка летва 22 - Прстенест клуч 17
за верзија на уредот со подножје:
PTS 10 T, PTS 100 T:
- Подножје 67
(12 профили, 4 отсекувања)
- Сет за прицврстување „подножје“ 66
(24 завртки со навртки за монтажа, 4 завртки со навртки за прицврстување на електричниот уред, 4 подлошки)
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат, и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.
Прво ставање во употреба
- Внимателно извадете ги сите испорачани делови од амбалажата.
- Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од испорачаната опрема.
- Внимавајте на тоа да ја отстраните амбалажата под блокот на моторот.
Дополнително потребни алати кон испорачаните материјали:
- Крестест одвртувач
- Аголник – Прстенест или вилушкаст клуч (13 mm) за монтажа на подножјето
Редослед на монтажата
Заради олеснување на работата, почитувајте го редоследот на монтажа на испорачаните елементи на уредот.
1. Монтажа од долу
- Црево за вшмукување 33
- Подна плоча 34 со претходно монтирани завртки со крестест жлеб
2. Монтажа од горе
- Клин за расцепување 4
- Продолжеток за масата 2
- Аголен граничник 16 и дополнителен граничник 18
- Паралелен граничник 8 и дополнителен граничник 7
Монтажа од долу
- Свртете го електричниот апарат, така што истиот ќе стои на масата за пилата 11.
Монтирање на цревото за вшмукување (види слика а)
- Поврзете го исфрлувањето на струготини на куќиштето на листот за пилата и исфрлувањето на струготини 31 на куќиштето на уредот со цревото за вшмукување 33.
Монтирање на подната плоча (види слика b)
- Ставете ја подната плоча 34 во соодветните отвори, така што завртките со крстест жлеб ќе посегнуваат во отворите на куќиштето.
- Прицврстете ја подната плоча, така што цврсто ќе ги затегнете завртките со крстест жлеб.
Монтажа од горе
Свртете го електричниот уред, така што повторно ќе стои во правилна позиција за работа.
Монтирање на клинот за расцепување (погледнете ги сликите c1-c3)
- Со прстенестиот клуч 17 подигнете ја плочата за вметнување 3 од предната страна и извадете ја од отворите 36.
- Свртете ја курблата 12 во правец спротивен на стрелките на часовникот до крај, така што листот за пилата 37 ќе се наоѓа во што е можно повисока положба над масата за пилата.
- За да го навалите листот за пилата 37, олабавете го копчето за блокада 29.
- Ставете го клинот за расцепување 4 со соодветните отвори на болцните за прифат на држачот 38.
- Прицврстете го клинот за расцепување 4 на држачот 38, така што ќе ја затегнете завртката со шестаголна глава 35 со прстенестиот клуч 17 (13 mm). – Повторно поставете го листот за пилата на 90° и стегнете го копчето за блокада 29. (види и „Подесување на вертикалниот агол на закосување“, страна 269)
Напомена: Клинот за расцепување мора да биде во права линија со листот за пилата, за да се избегне заглавување на делот што се обработува.
- На крај повторно монтирајте ја плочата за вметнување 3. Закачете ја плочата за вметнување во отворите 36 и притиснете ја надолу додека не се вклопи во масата за пилата.
- Затегнете ги навртките на заштитната хауба со прстенестиот клуч 17 (13 mm), така што заштитната хауба ќе стои сама во секоја поставена позиција.
Монтирање на продолжетокот за масата (погледнете ги сликите d1-d2)
При монтажата користете го сетот за прицврстување за „продолжетокот за масата“ 39. (2 водилки, 2 завртки за обезбедување, 2 клипа, 2 кратки копчиња за прицврстување)
- Притиснете ги двете водилки до крај, со отворот со навој нанапред, во соодветните отвори на продолжетокот за масата 2.
- Завртете го гумениот одбојник 40 на продолжетокот на масата.
- Ставете ги клиповите за фиксирање во отворите на водилките.
- На крај, ставете го продолжетокот за масата со двете водилки во соодветните држачи под масата за пилата.
- Завртете ги завртките како заштита од одвртување во соодветниот навој.
- Завртете ги копчињата за прицврстување 23 во соодветниот навој под масата за пила.
Монтирање на аголниот граничник (види слики e1-e2)
Ставете ја шината 41 на аголниот граничник 16 во соодветните жлебови на водилката 21 на масата за пила.
Напомена: Позицијата на аголниот граничник може да се фиксира во левиот жлеб на водилката со вртење на копчето за фиксирање 42 на подвижните лизгачи. Монтирајте го дополнителниот граничник 18 со испорачаниот сет за прицврстување 43 на аголниот граничник.
Напомена: Внимавајте на тоа, дополнителниот граничник целосно да налегнува на масата за пилата.
Растојанието помеѓу листот за пилата и дополнителниот граничник 18 мора да изнесува најмалку 15 mm.
Монтирање на паралелниот граничник (види слики f1-f2)
Паралелниот граничник 8 може да се позиционира лево или десно од листот за пилата.
- Завртете ја затегнувачката дршка 44 во соодветниот навој на напред на паралелниот граничник.
- Најпрво ставете го паралелниот граничник назад на масата за пилата. Позиционирајте го паралелниот граничник во водечкиот жлеб 45. Сега паралелниот граничник може да го поместувате по желба.
- За фиксирање на паралелниот граничник притиснете ја затегнувачката дршка 44 надолу.
При сечење на тесни парчиња и вертикални агли на закосување мора да го монтирате дополнителниот граничник 7 на паралелниот граничник 8.
- Отворете го затегнувачкиот лост 46.
- Ставете го дополнителниот граничник 7 на паралелниот граничник 8.
- За фиксирање на позицијата притиснете го затегнувачкиот лост 46 надолу.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Секогаш користете вшмукувач за прав.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.
- Исклучете го електричниот уред и извлечете го струјниот приклучок од штекера.
- Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во состојба на мирување.
- Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Чистење на долниот поклопец на листот за пилата
За отстранување на искршените парчиња на делот што се обработува и големите струготини мора редовно да го чистите поклопецот на листот за пилата со вшмукувач.
- Со прстенестиот клуч 17 подигнете ја плочата за вметнување 3 од предната страна и извадете ја од отворите 36.
- Свртете ја курблата 12 во правец на стрелките на часовникот, додека запците на листот на пилата 37 не се најдат под масата за пилата 11.
- Исчистете го поклопецот на листот за пилата со соодветен вшмукувач.
- На крај повторно монтирајте ја плочата за вметнување 3. Закачете ја плочата за вметнување во отворите 36 и притиснете ја надолу додека не се вклопи во масата за пилата.
- Приклучете го цревото на вшмукувачот за прав на исфрлувачот на струготини 31.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален вшмукувач.
Фиксна или флексибилна монтажа
▶ За да се овозможи безбедно ракување, електричниот апарат мора да се монтира пред употребата на рамна и стабилна работна површина (на пр. работна клупа).
- Зацврстете го електричниот апарат со соодветни шрафови на работната површина. За тоа служат отворите 20.
Монтажа со подножје (види слики j1-j3 од страна 14)
При монтажата користете го сетот за прицврстување за „подножјето“ 66. (24 завртки со навртки за монтажа, 4 завртки со навртки за прицврстување на електричниот уред, 4 подлошки)
- Прицврстете го подножјето 67. Цврсто затегнете ги завртките. – Прицврстете го електричниот апарат на површината на налегнување на подножјето. За оваа цел се предвидени отворите 20 на електричниот апарат, како и издолжените отвори на подножјето.
Менување на листови за пилата (види слики i1- i4)
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна. ▶ При ставањето на листот на пилата носете заштитни ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за употреба или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен апарат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето.
Вадење на листот од пилата
- Со прстенестиот клуч 17 подигнете ја плочата за вметнување 3 од предната страна и извадете ја од отворите 36.
- Свртете ја завртката 42 во правец спротивен на стрелките на часовникот до крај, така што листот за пилата 37 ќе се наоѓа во што е можно повисока положба над масата за пилата.
- Завртете ја затегнувачката навртка 48 со прстенестиот клуч 17 (23 mm) и истовремено затегнете го лостот за блокада на вретеното 47 додека не се вклопи.
- Држете го стегнат лостот за блокада на вретеното и завртете ја затегнувачката навртка во правец спротивен на стрелките на часовникот. - Извадете ја стезната прирабница 49. - Извадете го листот за пилата 37.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
Напомена: Не користете премали листови за пила. Процепот помеѓу листот за пилата и клинот за расцепување смее да изнесува максимум 5 mm.
▶ При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на листот за пилата) да се совпаѓа со правецот на стрелката на заштитната хауба! - Поставете ги затегнувачката прирабница 49 и затегнувачката навртка 48.
- Завртете ја затегнувачката навртка 48 со прстенестиот клуч 17 (23 mm) и истовремено затегнете го лостот за блокада на вретеното 47 додека не се вклопи.
- Затегнете ја затегнувачката навртка во правец на стрелките на часовникот.
- Повторно ставете ја плочата за вметнување 3. (види слика с3)
Употреба
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Транспортна и работна позиција на листот за пилата
Позиција за транспорт
- Свртете ја курблата 12 во правец на стрелките на часовникот, додека запците на листот на пилата 37 не се најдат под масата за пилата 11.
Работна позиција
– Подигнете го или спуштете го листот за пилата со курблата 12 нагоре или надолу, така што горните запци на пилата ќе стојат околу 5 mm над горната површина на делот што се обработува.
Напомена: Осигурете се дека заштитната хауба е правилно позиционирана. При сечењето, таа секогаш мора да биде на делот што се обработува.
Зголемување на масата за пила
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Продолжување/проширување на масата (види слика А)
За зголемување на површината на масата за пила може да ги извлечете следните шини, како од задната страна така и од десната страна на електричниот апарат: продолжеток за масата 2 (ја продолжува масата за пилата 11 наназад за 215 mm) и/или
проширување на масата 10 (ја проширува масата за пилата 11 на десно за 285 mm)
Фатете ја средината под соодветната шина и извлечете ја максимално до крај.
За фиксирање на позицијата затегнете ги соодветните копчиња за прицврстување (23 или 26) на водилките. Доколку е потребно, ставете потпора за шините кај тешките делови за обработка.
Со помош на подвижниот лизгач 1 може да се сечат парчиња со максимална ширина до 350 mm. Истовремено се постигнува поголема прецизност при сечењето со користењето на аголен граничник 16. (види „Сечење на хоризонтални агли на закосување со помош на подвижните лизгачи“, страна 270)
За таа цел поставете го лостот за блокада 24 надесно. Подвижниот лизгач може да се помести до крај како нанапред така и наназад.
Подесување на закосениот агол
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот апарат и евентуално да ги подесите (види „Проверка на основните поставки и подесување“, страна 271).
Подесување на хоризонталниот агол на закосување (аголен граничник) (види слика С)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во граници од 60° (на левата страна) до 60° (на десната страна).
- Отпуштете го копчето за фиксирање 52, доколку е затегнато. – Свртете го аголниот граничник додека показателот на агол 53 не го покаже саканиот агол на закосување.
- Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 52.
Подесување на вертикалниот агол на закосување (лист за пилата) (види слика D)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во граници од 0° до 45°.
Олабавете го малку копчето за блокада 29 во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Напомена: Доколку целосно го олабавите копчето за блокада, листот за пилата ќе се навали во положба од околу 30° под влијание на силата на тежината.
- Притиснете го рачното тркало 54 наназад и држете го во оваа позиција. На тој начин запците на кулисата ќе посегаат во запченикот на рачното тркало.
- Вртете го рачното тркало додека показателот на агол 55 не покаже на саканиот агол на закосување на скалата 56.
- Повторно затегнете го копчето за блокада 29.
За брзо и прецизно подесување на стандарден агол 0° и 45° на куќиштето има крајни граничници.
Подесување на паралелните граничници
Ознаката на лупата 57 го покажува поставеното растојание на паралелниот граничник кон листот за пилата на скалата 13.
- Позиционирајте го паралелниот граничник на саканата страна на листот за пилата. (види и „Монтирање на паралелниот граничник“, страна 267)
- За олабавување повлечете ја затегнувачката дршка 44 нагоре и поместете го паралелниот граничник додека лупата 57 не го покаже саканото растојание кон листот за пилата.
- За фиксирање на паралелниот граничник притиснете ја затегнувачката дршка 44 надолу.
Паралелен граничник 9 на проширувањето на масата (види слика F)
Паралелниот граничник 9 може да се позиционира лево или десно од проширувањето на масата 10.
Бојата на налепницата на паралелниот граничник кореспондира со бојата на скалата 58 на предната водилка. Во зависност од позицијата на паралелниот граничник, скалата го покажува растојанието кон листот за пилата.
- Завртете го паралелниот граничник во саканата позиција на проширувањето на масата.
- Фатете ја средината на проширувањето на масата и извлечете ја додека црната, односно сивата скала не го покаже саканото растојание кон листот за пилата.
Поставување на дополнителниот граничник 7
При сечење на тесни парчиња и вертикални агли на закосување мора да го монтирате дополнителниот граничник 7 на паралелниот граничник 8. (види слика f2)
Деловите за обработка може да се заглават помеѓу паралелниот граничник и листот за пилата при сечењето и да ги зафати и исфрли листот за пилата којшто се движи нагоре.
Затоа дополнителниот граничник 7 наместете го на тој начин што крајот на водилката ќе завршува во полето помеѓу предниот забец на листот за пилата и предниот раб на клинот за расцепување.
- Отворете го затегнувачкиот лост 46 и поместете го соодветно дополнителниот граничник 7.
- За фиксирање на позицијата притиснете го затегнувачкиот лост 46 надолу.
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред.
Вклучување/исклучување (види слика G)
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.
- За вклучување притиснете на зеленото копче за вклучување 14.
- За исклучување притиснете го црвеното копче за исклучување 15.
Прекин на струја
Прекинувачот за вклучување-исклучување е таканаречен прекинувач за нулта напон, кој спречува рестартирање на електричниот апарат по прекин на струја (на пр. извлекување на струјниот кабел за време на работата).
За да може повторно да го користите електричниот апарат, одново притиснете на зеленото копче за вклучување 14.



Општи напомени за сечење
▶ При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека листот на пилата во ниеден момент нема да ги допре граничниците или другите делови на уредот. ▶ Користете го електричниот апарат за правење жлебови или засеци само со соодветен заштитен уред (на пр. тунелска заштитна хауба). ▶ Не го користете електричниот апарат за правење процепи (жлебови во делот што се обработува). ▶ Не обработувајте парчиња коишто содржат клинци, завртки или други метални предмети. Електричниот апарат е предвиден само за сечење на дрво. Пред сечењето, извадете ги сите предмети од друг материјал од делот кој го обработувате. Инаку постои опасност од пожар.
Секогаш користете вшмукувач за прав.
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте листот за пилата на страничен притисок.
Клинот за расцепување мора да биде во права линија со листот за пилата, за да се избегне заглавување на делот што се обработува.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се обработува мора да има секогаш прав раб за поставување на паралелниот граничник.
Секогаш чувајте ја подвижната водечка летва на електричниот апарат.
Означување на линијата на сечење
- На тркалезната жолта налепница 6 исцртајте ја дебелината на листот за пилата. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да ја отворате заштитната хауба.
▶ Не се поставувајте во една линија со листот за пилата пред електричниот апарат, туку секогаш странично од листот за пилата. На тој начин, вашето тело е заштитено од можен повратен удар. - Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од ротирачкиот лист за пилата.
Притоа внимавајте на следниве напомени:
- Држете го цврсто делот што се обработува со двете дланки и притиснете го на масата за пила, особено кога работите без граничник. (види слика I)
- За тесни парчиња и при сечење на вертикални агли на закосување секогаш користете ја испорачаната подвижна водечка летва 22 и дополнителниот граничник 7. (види слика J)
Максимални димензии на делот што се обработува
| вертикален агол на закосување | макс. висина на делот што се обработува [mm] |
| 0° | 75 |
| 45° | 63 |
Сечење
Сечење на прави резови
- Поставете го паралелниот граничник 8 на саканата ширина на резот. (види „Подесување на паралелните граничници“, страна 269)
- Поставете го делот што се обработува на масата за пилата пред заштитната хауба 5. – Подигнете го или спуштете го листот за пилата со курблата 12 нагоре или надолу, така што горните запци на пилата ќе стојат околу 5 mm над горната површина на делот што се обработува.
Напомена: Осигурете се дека заштитната хауба е правилно позиционирана. При сечењето, таа секогаш мора да биде на делот што се обработува.
- Вклучете го електричниот апарат.
- Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
- Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека листот за пилата не дојде целосно во состојба на мирување.
Сечење на вертикални агли на закосување
– Поставете го саканиот вертикален агол на закосување. (види „Подесување на вертикалниот агол на закосување“, страна 269) - Следете ги работните чекори во делот „Сечење на прави резови“.
Поставување на растојанието помеѓу листот за пилата и дополнителниот граничник на аголниот граничник (види слика e2)
Растојанието помеѓу листот за пилата и дополнителниот граничник 18 мора да изнесува најмалку 15 mm.
- Доколку дополнителниот граничник 18 се најде зад линијата на сечење, олабавете ги двете завртки на сетот за прицврстување 43.
- Поместете го дополнителниот граничник и повторно затегнете ги завртките.
Сечење на хоризонтални агли на закосување со фиксирани подвижни лизгачи
- Поставете го саканиот хоризонтален агол на закосување. (види „Подесување на хоризонталниот агол на закосување“, страна 269)
- Аголниот граничник мора слободно да се движи во водечкиот жлеб 21 (лево или десно). По потреба олабавете го копчето за фиксирање 42.
- Следете ги работните чекори во делот „Сечење на прави резови“.
Сечење на хоризонтални агли на закосување со помош на подвижните лизгачи
– Поставете го саканиот хоризонтален агол на закосување. (види „Подесување на хоризонталниот агол на закосување“, страна 269) - Свртете го лостот за блокада 24 надесно и извлечете ги подвижните лизгачи 1 нанапред. (види слика В) - Поставете го делот што се обработува на масата за пилата пред заштитната хауба 5. - Позиционирајте го аголниот граничник 16 пред делот за обработка во левиот водечки жлеб 21. Фиксирајте ја










оваа позиција, така што цврсто ќе го затегнете копчето за фиксирање 42.
- Следете ги работните чекори во делот „Сечење на прави резови“.
Проверка на основните поставки и подесување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот апарат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искусство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.
Поставување на стандардниот агол на закосување 0° (вертикално)
– Поставете вертикален агол на закосување од 0°.
Проверете:
- Поставете го агломерот на 90° и ставете го на масата за пилата 11.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со листот на пилата 37.
Поставување: (види слика К)
- Олабавете го копчето за блокада 29 и држете го листот за пилата со помош на рачното тркало 54 во позиција на 90°.
- Олабавете ја завртката за подесување 59 и повторно малку затегнете го копчето за блокада 29.
- Завртете ја завртката за подесување навнатре или нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по целата должина со листот на пилата.
- На крај повторно затегнете го копчето за блокада 29.
Доколку показателот на агли 55 по подесувањето не е во линија со 0°-ознаката на скалата 56, олабавете ја завртката 61 со обичен крстест одвртувач и насочете го показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Поставување на стандардниот агол на закосување 45° (вертикално) (види слика К)
– Повторете ги горе наведените работни чекори соодветно и за вертикален агол на закосување од 45°: Одвртете го копчето за блокада 29, Подесете ја завртката за подесување 60.
Притоа показателот на агли 55 не смее повторно да се поместува.
Поставување на силата на затегање на паралелниот граничник (види слика L)
Затегнувачката сила на паралелниот граничник 8 може да попушти по честата употреба.
- Затегнувајте ја завртката 62 додека паралелниот граничник повторно не се фиксира на масата за пилата.
Подесување на слободниот простор на подвижните лизгачи (види слика М)
- Доколку по честата употреба слободниот простор на подвижните лизгачи 1 стане преголем, затегнете ги завртките за подесување 63.
Подесување на нивото на плочата за вметнување (види слика N)
Проверете:
Предната страна на плочата за вметнување 3 мора да биде во рамна линија со или малку под масата за пилата, а задната страна мора да биде во рамна линија со или малку над масата за пилата.
Поставување:
- Со помош на завртките за подесување 64 поставете го правилното ниво.
Чување на електричниот апарат
Подвижната водечка летва, граничниците и резервните листови за пила на електричниот апарат може безбедно да ги прицврстите.
– Подесете го електричниот апарат во транспортна позиција. (види „Позиција за транспорт“, страна 268) - Олабавете го дополнителниот граничник 7 од паралелниот граничник 8 и дополнителниот граничник 18 од аголниот граничник 16. - Ставете ги граничниците 8, 16 и 18 во нивните депоа и прицврстете ја подвижната водечка летва 22. - Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел 30. - Резервниот лист за пила може да го чувате со помош на завртката за прицврстување 19 на куќиштето од уредот.
Носење на електричниот апарат
▶ Електричниот апарат секогаш треба да го носат две лица, за да се избегнат болките во грбот. ▶ При транспорт на електричниот апарат користете само транспортни уреди, а никогаш заштитни уреди, продолжеток за масата 2 или проширување на масата 10. - При подигање или транспорт, држете за жлебовите за држење 65 странично на масата за пила 11.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.
Чистење
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
По секој работен процес отстранете ја правта и струготините.
Мерки за намалување на бучавата
- Испорака со лист за пилата специјално развиен за намалување на бучавата
Мерки на корисникот:
- Монтажа без многу вибрации на стабилна работна површина
- Примена на листови за пила со функција на намалување на бучавата
- Редовно чистење на листот за пилата и електричниот апарат
Опрема
Број на
дел/артикл
Листови за пилата за дрво и плочести материјали, панели и лајсни
| Лист за пилата 254 x 30 мм, 40 запци | 2 608 640 443 |
| Лист за пилата 254 x 30 мм, 60 запци | 2 608 640 444 |
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ, како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивна национална употреба, електричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Srpski | 273
Српски
Упатства за безбедност
Општи предупредувања за електрични алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ При користење на електрични алати мора да се обрне внимание на следните основни
безбедносни мерки заради заштита од електричен удар, опасност од повреди и пожар.