GOP 250 CE Professional - Резач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GOP 250 CE Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Слајсер (сечач на парчиња) |
| Бренд | Bosch |
| Модел | GOP 250 CE Professional |
| Тежина | 5,5 кг |
| Димензии (ДхШхВ) | 420 x 280 x 250 mm |
| Потрошувачка на енергија | 250 W |
| Напон | 220-240 V, 50/60 Hz |
| Материјал на сечилото | Нерѓосувачки челик |
| Дијаметар на сечилото | 250 mm |
| Регулација на дебелина на сечењето | 0-15 mm, непрекината |
| Тип на погон | Електричен, директен |
| Брзина на сечење | 40 врт/мин |
| Функција на реверз | Не |
| Блокада на вклучување | Да |
| Безбедносен прекинувач | Да |
| Противлизгачки ногарки | Да |
| Материјал на куќиштето | Алуминиум и отпорна пластика |
| Чистење | Отстранливо сечило и фиока, може да се мијат во машина за садови |
| Комплетирање | Нож, притисна плоча, туркач, послужавник |
| Професионална употреба | Да, серија Professional |
Frequently Asked Questions - GOP 250 CE Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GOP 250 CE Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Резач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GOP 250 CE Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GOP 250 CE Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GOP 250 CE Professional BOSCH
Македонски ...... Страна 155
Srpski Strana 162
Slovensko.... Stran 169
Hrvatski....Stranica 175
Eesti Lehekülg 181
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за електричните апарати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескреки.
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните сидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.








156 | Македонски
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот.
Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
▶ Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја.
Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
▶ Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исключен електричниот апарат, пред да го прилучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приключиле уредот додека е включен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
▶ Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го включите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој одделовите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
▶ Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин їе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широко облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат їе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
▶ Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеće не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
▶ Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
▶ Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
▶ Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.









Македонски | 157
Безбедносни напомени за Multi-Cutter
Држете го уредот за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува може да наиде на скриени електрични кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар.
▶ Користете го електричниот уред само за суво брусење. Навлегувањето на вода во електричниот уред го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Внимание, постои опасност од пожар! Избегнувајте прегревање на парчето што се бруси и брусилката. Пред да направите пауза во работата, секогаш испразнете го резервоарот за прав. Правта од брусењето, микро честичките, хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на вшмукувачот за прав) может самите да се запалат при неповолни услови, како на пр. летање на искри при брусење на метали. Особена опасност постои, доколку правта од брусењето се измеша со остатоци од лак, полиретан или други хемиски материјали и доколку парчето што се бруси се вжешти по долготрајна работа.
Дланките држете ги подалеку од полето на работа со убодна пила. Не посегајте под делот што се обработува. Доколку дојдете во контакт со листовите за пила постои опасност од повреда.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консуптирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвikuва оштетување или може да предизвика електричен удар.
▶ При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ При менувањето на алатот што се вметнува носете заштитни ракавици. Алатот што се вметнува се вжештува по долготрајна употреба.
▶ Не стругајте влажни материјали (на пр. тапети) и не стругајте на влажна подлога. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Површината што треба да ја обработите не ја третирајте со течности што содржат раствор. При стругањето доаға до затоплување на материјалите и може да се создадат отровни пареи.
▶ Бидете особено внимателни при користењето на сечилото. Алатот е многу остар, постои опасност од повреда.
Опис на производот и мокноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење и разделување надрвени материјали, пластика, гипс, нежелезни метали и елементи за зацврстување (на пр. некалени клинци, хефт иглици). Исто така е погоден за обработка на меки sidни плочки како и за суво брусење и стругање на мали површини. Тој особено е погоден за работење близу рабови и на рамни површини. Електричниот апарат треба да се обработува ислучиво со Bosch-опрема.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Прекинувач за включување/исклучување
2 Вртливо копче за претходно бирање на бројот на осцилации
3 Отвори за вентилација
4 Прифат на алатот
5 Рачка (изолирана површина на дршката)
6 Лист за сечење со вдлабнување*
7 Затегнувачка завртка со плосната пружина (GOP 250 CE)
8 Инбус клуч
9 Адаптер за прифатот за алат (GOP 250 CE)
10 Основна брусна плоча*
11 Брусен лист
12 SDS-лост за деблокирање на алатот (GOP 300 SCE)
13 Филц прстен за вшмукувачот за прав*
14 Стеги за вшмукувачот за прав*
15 Млазници за вшмукување*
16 Вшмукувач за прав*
17 Црево за вшмукување*
18 Адаптер за вшмукување*
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.









158 | Македонски
Технички податоци
| Multi-Cutter GOP 250 CE GOP 300 SCE | |||
| Број на дел/артикл | 3 601 В30 0.. 3 601 В30 5.. | ||
| Претходен избор на бројот на осцилации | ● | ● | |
| Номинална јачина | W | 2 | 5 |
| Излезна моќ | W | 1 | 5 |
| Број на празни вртежи n_0 | min^-1 | 8000–20000 | 8000–20000 |
| Агол на осцилација лево/десно | ° | 1 | , |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | кг 1,5 1,6 | ||
| Класа на заштита | ☐ /П /П | ☐ | |
| Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. | |||
Информации за бучава/вибрации
| GOP 250 CE GOP 300 SCE | |||
| Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-4. | |||
| Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува Ниво на звучен притисок | dB(A) | 81 | 79 |
| Ниво на звучна јачина | dB(A) | 92 | 90 |
| Несигурност К | dB | 3 | 3 |
| Носете заштита за слухот! | |||
| Вкупни вредности на осцилација ah (векторски збир на трите правци) и несигурност К според EN 60745: | |||
| Брусење: | |||
| ah | m/s ^2 | 2 | 3 |
| K | m/s ^2 | 1,5 | 1,5 |
| Сечење со лист за сечење со вдлабнување: | |||
| ah | m/s ^2 | 10 | 10 |
| K | m/s ^2 | 1,5 | 1,5 |
| Сечење со сегментен лист за пила: | |||
| ah | m/s ^2 | 6,5 | 5 |
| K | m/s ^2 | 1,5 | 1,5 |
| Стругање: | |||
| ah | m/s ^2 | 4,5 | 5 |
| K | m/s ^2 | 1,5 | 1,5 |
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој уредот е ислучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
CE
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите применливи одредби од директивите 2011/65/EU, 2014/30/EU, 2006/42/EC включително нивните измени и е сообразен со следните норми: EN 60745-1, EN 60745-2-4, EN 50581.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ При менување на алатот носете заштитни ракавици.
Доколку го допирате алатот што се вметнува, постои опасност од повреда.
Избор на алатот што се вметнува
| Алат за вметнување | Материјал | |
![]() | Сегментен лист на пилата за HCS-дрво* | Дрвени, пластични материјали |
| Биметален сегментен лист за сечење* | Дрвени материјали, пластика, нежелезни метали | |
![]() | HCS-листови за сечење со вдлабнување за обработка на дрво* | Дрвени, пластични материјали, гипс и други меки материјали |
| Биметални листови за сечење со вдлабнување за обработка на метал* | Метал (на пр. некалени клинци, шрафови, мали профили), нежелезни метали | |
| Биметален лист за сечење со вдлабнување за дрво и метал* | Дрво, метал, неметали | |
![]() | HM-Riff сегментен лист за сечење* | Цементни плочки, меки сидни плочки, пластика зајакната со стаклени влакна и други абразивни материјали |
![]() | HM-Riff-Delta плоча* | |
| * Опционална опрема, комплетната опрема ље ја најдете во програмата за опрема на Bosch. | ||
* Опционална опрема, комплетната опрема ње ја најдете во програмата за опрема на Bosch.
Македонски | 159
| Алат за вметнување | Материјал | |
![]() | Стругач,нееластичен* | Тепих, облоги |
![]() | Сечило,флексибилно* | Силикон и другиеластичниматеријали |
![]() | Основна бруснаплоча за бруснилистови одсеријата Delta93 мм* | во зависност одбрусниот лист |
* Опционална опрема, комплетната опрема ће ја најдете во програмата за опрема на Bosch.
Монтирање/менување на алатот што се вметнува (GOP 250 CE)
Доколку треба, изведете го монитираниот алат за вметнување.
За да го извадите алатот што се вметнува, со клуч со внатрешна шестоаголна глава 8 олабавете ја завртката 7 и извадете го алатот што се вметнува.
Поставете го соодветниот алат за вметнување (на пр. лист за сечење со вдлабнување 6) во прифатот за алат 4, така што коленото ће покажува надолу (погледнете ја сликата на графичката страница, читајте го натписот на алатот што се вметнува од горната страна).
Свртете го алатот што се вметнува во поволна работна позиција и оставете го да се вклопи во запците на прифатот за алат 4. Притоа можни се 12 позиции на 30°.
За останатите меѓу-позиции може да го користите адаптерот 9 (опрема): Вклопете го адаптерот со мазната страна на запците на прифатот за алатот 4 (видете ја сликата на графичката страница). Ставете го алатот за вметнување во саканата позиција на адаптерот.
Прицврстете го алатот за вметнување со завртката 7. Затегнувајте ја завртката со клуч со внатрешна шестоаголна глава 8 додека плоснатата пружина не легне рамно на алатот за вметнување.
▶ Проверете дали е стабилен алатот за вметнување. Доколку алатот што се вметнува е погрешно или не е сигурно зацврстен, може да се олабави за време на работењето и да предизвика опасност.
Монтирање/менување на алатот што се вметнува (GOP 300 SCE)
Доколку треба, изведете го монитираниот алат за вметнување.
Притоа отворете го SDS-лостот 12 до крај (не повеќе) и извадете го алатот за вметнување.
Поставете го соодветниот алат за вметнување (на пр. лист за сечење со вдлабнување 6) во прифатот за алат 4, така што коленото ће покажува надолу (погледнете ја сликата на графичката страница, читајте го натписот на алатот што се вметнува од горната страна).






160 | Македонски
Свртете го алатот што се вметнува во поволна работна позиција и оставете го да се вклопи во запците на прифатот за алат 4. Притоа можни се 12 позиции на 30°. Затворете го SDS-постот 12, така што тој єе легне на куќиштето на електричниот апарат.
▶ Проверете дали е стабилен алатот за вметнување. Доколку алатот што се вметнува е погрешно или не е сигурно зацврстен, може да се олабави за време на работењето и да предизвика опасност.
Ставање/менување на брусниот лист на основната брусна плоча
Основната брусна плоча 10 е опремена со велкро лепенка, така што брусните листови со велкро може брзо и едноставно да се прицврстат.
Истресете ја велкро лепенката од основната брусна плоча 10 пред да ја наместите на брусниот лист 11, за да овозможите оптимално слепување.
Брусниот лист 11 ставете го израмнето на едната страна од основната брусна плоча 10, поставете го брусниот лист на основната брусна плоча и притиснете го добро.
За овозможување на оптимално вшмукување на прав, внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да одговараат со отворите на основната брусна плоча.
За вадење на брусниот лист 11 фатете го за врвот и извлечете го од основната брусна плоча 10.
Може да ги користите брусните листови, крзна за полирање и чистење од серијата Delta 93 мм од програмата на опрема од Bosch.
Опремата за брусење како крзна/филц за полирање не се зацврстува на истиот начин на основната брусна плоча.
Избор на лист за брусење
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање, на располагање ви се различни брусни листови:
| Лист за брусење | Материјал | Примена | Гранулација | |
| [АССК] | – Сите дрвени материјали (на пр. цврсто, меко дрво, иверки, градежни плочи)– Металниматеријали | За претходно брусење, на пр. за груби нерендани греди и даски | грубо 40 | 60 |
| За рамно брусење и израмнување на мали нерамнини | средно 80 | 100120 | ||
| За завршно и фино брусење на дрво | фино 180 | 240320400 | ||
| [КТБД] | – Боја– Лак– Материјал за полнене – Шпахтел маса | За брусење на боја | грубо 40 | 60 |
| За брусење на претходно намачкана боја (на пр. за израмнување на нерамнини од четката, капки боја и извалкани места) | средно 80 | 100120 | ||
| За крајно брусење на основната боја пред лакирање | фино 180 | 240320400 | ||
Вшмукување на прав/струготини
▶ Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал можедабиде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Македонски | 161
Приклучување на вшмукувачот за прав (види слика А)
При брусењето секогаш приключете го вшмукувачот за прав.
За да го монтирате вшмукувачот за прав 16 (опрема) извадете го алатот за вметнување.
По потреба склопете ги деловите на вшмукувачот за прав 16 како што е прикажано на сликата. Поставете го монтираниот вшмукувач за прав на прифатот за алат 4 на електричниот апарат. Свртете го вшмукувачот за прав така што запците на вшмукувачот ће се вклопат во соодветните жлебови на кујиштето. Прицврстете го вшмукувачот за прав, како што е прикажано на сликата, со стеги 14 на електричниот апарат.
Внимавајте филц прстенот 13 да е неоштетен и да дихтува на основната брусна плоча 10. Веднаш заменете го оштетениот филц прстен.
Ставете едно црево за вшмукување 17 (опрема), во зависност од моделот, или директно на приклучоците за вшмукување 15 или исечете го стариот краен дел на цревото, завртете го адаптерот за вшмукување 18 (опрема) на крајот на цревото и потоа директно ставете го на приклучоците за вшмукување 15. Поврзете го цревото за вшмукување 17 со вшмукувач за прав (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на вшмукувачи за прав їе го најдете на крајот од ова упатство.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален вшмукувач.
Употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните апарати означени со 230 волти исто така може да се користат и на 220 волти.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување на електричниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 1 нанапред, така што на прекинувачот їе се појави „I“.
За исклучување на електричниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 1 наназад, така што на прекинувачот ќе се појави „0“.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации 2 може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на апаратот.
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Напомена: Не ги затворајте процепите за вентилација 3 на електричниот апарат за време на работата, инаку се намалува рокот на употреба на електричниот апарат.
Работен принцип
Со помош на осцилирачкиот погон, алатот за вметнување осцилира до 20000 пати по минута 2,8°. Ова овозможува прецизно работење на тесен простор.

Работење со мал или еднаков притисок, инаку работниот учинок їе се влоши и алатот што се вметнува може да се блокира.

За време на работата движете го електричниот апарат напред-назад, за да не се загрее премногу алатот што се вметнува и да не се блокира.
Сечење
▶ Користете само неоштетени, беспрекорни листови за пила. Искривените или неостри листови за пила може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето или да предизвикаат повратен удар.
▶ При сечење на лесни градежни материјали, внимавајте на законските одредби и препораки на производителот на материјалот.
▶ Со пилите за вдлабнување смее да се обработуваат само материјали како дрво, гипс картон исл. !
Пред сечењето со HCS-листови за сечење во дрво, шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на нив има туғи тела како на пр. клинци, шрафови и сл. Доколку има, отстранете ги или употребете биметални листови за сечење.
Сечење
Напомена: При сечењето на сидни плочки внимавајте на тоа дека електричните апарати се изабуваат по долготрајна употреба.
Брусење
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на избраниот број на осцилации и притисокот на површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добрар капацитет на брусење и одржување на електричниот апарат.









162 | Srpski
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и брусниот лист.
За прецизно брусење на юшеви, рабови и тешко достапни места може да работите со врвот или еден раб од основната брусна плоча.
При селективно брусење брусниот лист може многу да се затопли. Намалете го бројот на осцилации и притисокот на површината и оставајте го брусниот лист да се олади.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
При брусењето секогаш приключете го вшмукувачот за прав.
Стругање
При стругањето одберете повисок степен на број на осцилации.
Работете на мека подлога (на пр. дрво) со рамен агол и намален притисок на површината. Инаку стругачот може да ја исече подлогата.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Редовно чистете ги Riff-алатите за вметнување (опрема) со жичана четка.
Доколку е потребно користење на прилучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вавиот производ како и резервните делови. Експлозивен цертеж и информации за резервни делови їе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за губре!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивна национална употреба, електричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti
Opšta upozorenja za električne alate
⚠ UPOZORENJE
Čitajte sva upozorenja i uputstva.
Propusti kod pridržavanja
upozorenja i uputstava mogu imati za posledicu električni udar, požar i/ili teške povrede.
Čuvajte sva upozorenja i uputstva za budućnost.
Pojam upotrebljen u upozorenjima „električni alat” odnosi se na električne alate sa radom na mreži (sa mrežnim kablom) i na električne alate sa radom na akumulator (bez mrežnog kabla).
Sigurnost na radnom mestu
Držite Vaše radno područne čisto i dobro osvetljeno. Ne- red ili neosvetljena radna područja mogu voditi nesrećama.
▶ Ne radite sa električnim alatom u okolini ugroženoj eksplozijom, u kojoj se nalaze zapaljive tečnosti, gasovi ili prašine. Električni alati prave varnice koje mogu zapaliti prašinu ili isparenja.
Držite podalje decu i druge osobe za vreme korišćenja električnog alata. Prilikom rada možete izgubiti kontrolu nad aparatom.








Srpski|163






