GMO20DGB - микробранова печка GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GMO20DGB GORENJE во PDF формат.

GORENJE GMO20DGB - микробранова печка
📄 150 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE GMO20DGB - page 21
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Микробранова печка
Марка Gorenje
Модел GMO20DGB
Капацитет 20 литри
Микробранова моќност 700 W
Тип на команда Дигитален со LED дисплеј
Главни функции Готвење, одмрзнување, загревање, автоматско готвење
Број на нивоа на моќност 5
Тајмер Да, до 99 минути
Вртлива плоча Да, дијаметар 245 mm
Детска блокада Да
Тип на отворање Врата со рачка, отворање со копче
Внатрешно осветлување Да
Надворешни димензии (Ш × Д × В) 452 × 362 × 262 mm
Внатрешни димензии (Ш × Д × В) 315 × 315 × 202 mm
Нето тежина 10,5 kg
Напојување 230 V, 50 Hz, 1050 W
Материјал на комората Емајлиран челик
Чистење Чистете со влажна крпа и благ детергент
Резервни делови Вртлива плоча, прстен за водење, брановод
Поправливост Индекс на поправливост: 7,5/10
Гаранција 2 години

Често поставувани прашања - GMO20DGB GORENJE

Како да ја поставите моќноста на микробрановата печка?
Притиснете го копчето Моќност за да ги прелистувате нивоата (од 1 до 5). Потврдете со Старт.
Може ли да користам метални садови во оваа микробранова печка?
Не, никогаш не користете метални садови или такви со метални делови. Користете садови погодни за микробранови, стаклени или керамички.
Како да го исчистите внатрешноста на микробрановата печка?
Чистете по секоја употреба со влажна крпа и благ детергент. Избегнувајте абразиви. Извадете ја вртливата плоча и измијте ја со сапуница.
Што да правам ако микробрановата печка повеќе не грее?
Проверете дали вратата е добро затворена, дали тајмерот е поставен и дали е избрано нивото на моќност. Ако проблемот продолжи, контактирајте ја службата за корисници.
Како да ја активирам детската блокада?
Држете го копчето Стоп притиснато 3 секунди додека не се појави симбол за заклучување. За деактивирање, повторете ја постапката.
Колкав е капацитетот на оваа микробранова печка?
Капацитетот е 20 литри, идеален за јадења со средна големина.
Може ли да ја користам функцијата за одмрзнување за месо?
Да, изберете ја функцијата Одмрзнување и внесете ја тежината на храната. Микробрановата печка автоматски го прилагодува времето.
Како да ја замените внатрешната светилка?
Внатрешната светилка мора да ја замени квалификуван техничар. Ве молиме контактирајте ја службата за корисници.
Микробрановата печка испушта звуци за време на работа, дали е тоа нормално?
Да, некои звуци (вентилатор, ротација на плочата, магнетрон) се нормални. Ако се појави невообичаен звук, запрете го уредот и проверете.
Каде да го најдам целосното упатство?
Целосното упатство е достапно за бесплатно преземање на notice-facile.com во PDF формат.

Прашања на корисниците за GMO20DGB GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот микробранова печка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GMO20DGB - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GMO20DGB на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GMO20DGB GORENJE

Внимателно прочитајте ги упатствата и чувајте ги.

Спецификации

Потрошувачка на ел. енергија: 230V~50Hz, 1280W

Излезна моќност: 800W

Грејач за жар: 1100W

Работна фреквенција: 2450MHz

Надворешни димензии: 470mm(Ш) X 282mm(В) X 377mm(Д)

Димензии на комората

(внатрешност) на печката:......315mm(Ш) X 195mm(В) X 330mm(Д)

Димензии на печката 20 литри

Маса без амбалажа: ......Приближно 12,2 kg

Ниво на бучава:......Lc<58 dB (A)

CE

Овој апарат е означен според европскиот пропис 2002/96/E3 за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.

Пред да повикате сервис

  1. Ако печката воопшто не работи, ако на екранот ништо не се појавува или, пак, ако екранот се изгасне:

а) Проверете дали печката е правилно приклучена на електричната мрежа. Ако не е, исклучете го кабелот од штекерот, почекајте 10 секунди и потоа повторно приклучете го.

б) Проверете дали осигурувачот за штекерот е прегорен или, пак, дали струјното коло е прекинато на главниот осигурувач. Ако осигурувачите се исправни, тестирајте го штекерот со некој друг апарат.

  1. Ако микробрановата печка не грее, т.е. не емитува микробранова енергија:

а) Проверете дали е правилно наместен часовникот за програмирање.

б) Проверете дали е цврсто затворена вратата, а сигурносните брави заклучени. Ако не се, микробрановата енергија нема да се ослободува.

Ако со помош на горниве упатства не успеавте да го отстраните проблемот, обратете се до најблискиот овластен сервисер.

Микробрановата печка може да предизвика пречки во приемот на вашиот радиоприемник, ТВ-приемник и слични уреди. Ако дојде до пречки (интерференции), истите можете да ги отстраните или да ги намалите со преземање на следниве мерки:

а) Исчистете ја вратата и површините за дихтување. б) Ставете го радиоприемникот, ТВ-приемникот и друго што подалеку од микробрановата печка. в) Зад радискиот, ТВ-приемникот итн. употребете соодветно наместена антена што ќе овозможува јак прием на сигналот.

Напомена:

Апаратот е наменет само за користење во домаќинство и тоа за загревање на храна и пијалаци со помош на електромагнетна енергија. Употребувајте го апаратот само во затворени простории.

Инсталација

  1. Проверете дали од внатрешноста на вратата го извадивте целокупниот амбалажен материјал.
  2. Кога ќе ја отстраните амбалажата, прегледајте ја печката за да утврдите дали има видливи оштетувања, како на пример:

- искривена врата,

- оштетена врата,

  • набиеници или дупки на стаклото (прозорецот) на вратата или пак на екранот
  • набиеници во внатрешноста на печката. Ако забележите некое од горенаведените оштетувања, не употребувајте ја печката.
  • Микробрановата печка тежи околу 12,2 kg, поставете ја на рамна површина што е довольно тврда за да ја издржи тежината на печката.
  • Печката поставете ја подалеку од извори на висока температура и пареа.
  • Не ставајте ништо на печката.
  • За да обезбедите довольно зрачење, околу страните на печката треба да има барем 7,5 см простор, а над неа 30 см.
  • Не отстранувајте ги погонските оски на ротационото лежиште.
  • Како и кај сите други апарати така и кај овој е потребен грижлив надзор кога го употребуваат децата.

ПРЕДУПРЕУВАЊЕ: ОВОЈ АПАРАТ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ЗАЗЕМЈИ.

  1. Штекерот на кој е приклучен апаратот треба да биде лесно достапен за приклучниот кабел.
  2. На печката и е потребна влезна моќност од 1,3 kVA. Препорачуваме при инсталација на печката да се посоветувате со сервисер, односно со компетентен стручњак.

ВНИМАНИЕ: Печката има сопствена заштита и тоа осигурувач 250V, 10A.

ВАЖНО

Боите на жиците во приклучниот кабел го имаат следново значење:

Зелено-жолта: заземјување

Сина: нулта

Кафена: фаза

Бидејќи боите на жиците можеби не одговараат на обоените ознаки на терминалите во приклучниот кабел, имајте го предвид и следново:

  • Жицата со зелено-жолта боја приклучете ја на терминалот во приклучниот кабел што е означен со буквата E или со симболот за заземјување.
  • Жицата со сина боја приклучете ја на терминалот во приклучниот кабел што е означен со буквата N или е со црна боја.
  • Жицата со кафена боја приклучете ја на терминалот во приклучниот кабел што е означен со буквата L или е со црвена боја.

Важни безбедносни упатства

GORENJE GMO20DGB - Важни безбедносни упатства - 1

Никогаш не допирајте ја површината на уредите за греење и готвење. Таа ќе се вжешти додека работи. Чувајте ги децата

на соодветна оддалеченост од уредот. Постои ризик од изгореници.

⚠️ Извор на микробранова радијација и висок напон! Не вадете го капакот.

  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога апаратот работи во комбиниран режим, поради многу високите температури што тогаш настануваат, децата смеат да го употребуваат апаратот само под внимателен надзор на возрасните (само за апарати со функцијата жар).
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата или дихтунзите за вратата се оштетени, апаратот не смеете да го употребувате, додека не го поправи стручно лице.
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секоја поправка или сервис изведена од кој било друг освен од овластен сервисер и при која е потребно да се отстрани покривот за заштита од микробрановите зраци е опасна и ризична.
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течностите и другата храна не загревајте ги во затворени, односно во покриени садови или, пак, во затворена амбалажа, бидејќи истите може да експлодираат.
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој уред не е наменет за употреба од лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или без искуство и знаење, освен ако не се под надзор или не се поучени од одговорното лице за нивната безбедност како да го користат уредот. Децата треба да бидат под надзор за да не си играат со уредот.
  • Не отстранувајте ги нозете на печката и не покривајте ги отворите за вентилација.
  • Употребувајте ги помагалата (помошните средства) соодветно за употреба во микробранова печка.
  • Кога загревате храна во пластична или хартиена амбалажа, односно чинија, надгледувајте го процесот на загревање поради опасноста таквата амбалажа, т.е. сад, да се запали.
  • Ако забележите чад, исклучете го апаратот од електричната мрежа, а вратата оставете ја затворена, за да го изгаснете можниот оган.
  • Кога во микробрановата печка загревате пијалак, по некое време може пијалокот да зоврие и да претече, па затоа во таков случај однесувајте се особено внимателно.
  • За да не дојде до изгореници, пред употребата промешајте ја или протресете ја содржината на шишенцето за доенчиња или шишенцата со храна за доенчиња и проверете ја температурата на содржината.
  • Во микробрановата печка не загревајте јајца со лушпа или тврдо варени јајца бидејќи може да експлодираат, дури и откако загревањето во печката е веќе завршено.
  • Кога ја чистите површината на вратата, дихтувачката површина, внатрешноста на печката, употребувајте само благи и нежни (не абразивни) средства за чистење, нанесете ги со сунѓер или со мека крпа.
  • Редовно чистете ја печката и отстранувајте ги можните остатоци од храна.
  • Ако редовно не ја одржувате и чистите печката, може да дојде до нагризување на површината, што негативно влијае на животниот век на апаратот и го зголемува ризикот од опасност при неговата употреба.
  • Ако приклучниот кабел е оштетен, за да се избегне опасност, истиот може да го замени само производителот, овластениот сервисер или друго соодветно оспособено лице.

Безбедносни упатства за општа употреба

Во продолжение се набројани некои правила и безбедносни мерки што, слично како при користење на други апарати, треба да ги почитувате за да обезбедите безбедно и најефикасно функционирање на печката:

  1. Додека работи печката, стаклената основа, рачките на валјакот, склопката и жлебот за валјакот секогаш треба да бидат на своето место.
  2. Печката не ја користете за никаква друга намена освен за подготовување храна; не сушете во неа облека, хартија или други предмети и не употребувајте ја за стерилизација.
  3. Никогаш не вклучувајте ја печката ако е празна, бидејќи можете да ја оштетите.
  4. Во внатрешноста на печката не чувајте ништо, на пример хартија, готварски книги итн.
  5. Не гответе храна што е покриена со мембрана, на пример жолчки од јајца, компир, пилешки цигер итн., пред да ја прободете мембраната со виљушка на повеќе места.
  6. Не ставајте никакви предмети во отворите на надворешната страна од печката.
  7. Никогаш не отстранувајте ги деловите на печката, на пример нозете, резето (внатрешен затворач), шрафовите итн.
  8. Не гответе ја храната непосредно на стаклената основа. Пред да ја ставите храната во печката, ставете ја во соодветен сад или слично помагало.

ВАЖНО: Кујнски помагала што не смеете да ги употребувате во микробранова печка:

  • Не употребувајте метални тави или садови со метални рачки.
  • Не употребувајте садови со метални рабови.
  • Не употребувајте метални жици покриени со хартија за затворање на пластични кеси.
  • Не употребувајте садови од меламин бидејќи содржат материјал што ја вшмукува микробрановата енергија. Тоа може да предизвика чинијата да напукне или да се усвити, а покрај тоа и да го забави загревањето/готвењето.
  • Не употребувајте ги садовите без соодветното премачкување за употреба во микробранова печка. Исто така, не употребувајте затворени шолји со рачки.
  • Не подготвувајте храна, т.е. пијалаци, во сад што има стеснет отвор, на пр. во шише, бидејќи истото може да пукне при загревање.
  • Не употребувајте обични термометри за месо или за слатки. Можете да употребувате само термометри што се наменети за употреба во микробранови печки.
  • Помагалата за микробрановата печка употребувајте ги само согласно со упатствата од нивниот производител.
  • Не обидувајте се да потпечувате храна во микробрановата печка.
  • Бидете претпазливи, во микробрановата печка треба да се загрее само течноста, а не и садот во кој истата се наоѓа. Затоа е можно, откако ќе го отстраните капакот, течноста во садот да испарува или од неа да претекуваат капки иако капакот на садот не е жежок.
  • Пред користење секогаш проверете ја температурата на храната, а особено ако им ја давате на деца. Препорачуваме храната/пијалакот никогаш да не ги консумирате непосредно по вадењето од печката, туку да почекате неколку минути и по можност да ја промешате за температурата еднакво да се распредели.
  • Храната што содржи мешавина од вода и маст, на пр. основа за супа, по исклучувањето на печката треба да остане во неа приближно 30 до 60 секунди. Така ќе овозможите смесата да се изедначи и ќе спречите навлегување на меурчиња кога во течноста ќе ставите лажица или коцка за супа.
  • При подготовка на храна бидете внимателни бидејќи некои видови, на пр. божиќен пудинг, мармалад или мелено месо се загреваат многу брзо. Кога загревате или подготвувате храна со висока содржина на масти или шеќер, не употребувајте пластични садови.
  • Помагалата што ги употребувате при подготовка на храна во микробранова печка можат силно да се загреат бидејќи храната оддава топлина. Ова важи посебно ако врвот на садот и рачките се прекриени со пластична обвивка или со пластична наметка. При вадење на таков сад може да ви бидат потребни кујнски ракавици.
  • За да го намалите ризикот од пожар во внатрешноста на печката: а) Внимавајте предолго да не ја готвите храната. Грижливо надгледувајте го процесот на загревање кога во печката се присутни помагала од хартија, пластика или други лесно запалливи, т.е. горечки материјали.

б) Пред да го ставите кесето во печката, отстранете ја жицата за затворање на кесето. в) Ако предметот во печката се запали, оставете ја вратата на печката затворена, исклучете ја истата од електрична мрежа или исклучете го главниот осигурувач од разводната табла.

Дијаграм на печката

10 СЕК 1 МИН 19 МИН 1 2 3 4 5 6 7 МИКРО/ ГРИЛ СТАРТ ПАУЗА/ ОТКАЗ ОТВОРИ 8

1 - копче за избор на време со чекор од 10 сек 2 - копче за избор на време со чекор од 1 мин 3 - копче за избор на време со чекор од 10 минути 4 - екран 5 - копче за избор на начинот: варење или одмрзнување 6 - копче за почнување 7 - копче за прекин / стоп

GORENJE GMO20DGB - Дијаграм на печката - 2

1 - Затворач на вратата 2 - Прозорец на печката 3 - Отвори за вентилација, вентилатор за проветрување 4 - Обрач на основата 5 - Стаклена основа 6 - Контролна плоча

Упатства за употреба

1. Подготовка на храна со едно притискање на копче

Со само едно притискање на копче можете да почнете со едноставна подготовка на храна. Функцијата е многу погодна и овозможува многу брзо да загреете чаша вода и сл.

Пример: Греење на чаша млеко

а) Чашата со млеко ставете ја на стаклениот ротационен танир и затворете ја вратата. б) Притиснете го копчето "START" и микробрановата печка ќе работи 1 минута со 100% јачина. в) Кога ќе заврши загревањето, ќе слушнете пет звучни сигнали (писоци).

2. Подготовка на храна со микробранови зраци

Оваа функција има две можности:

а) Брзо греење со микробранови зраци (100% јачина)

Пример: Подготовка со 100% јачина 5 минути.

б) Греење со микробранови зраци со рачен надзор

"MICRO/GRILL", одберете 70% јачина.

Можете да одберете помеѓу 5 различни нивоа на моќност на греење, а најдолг период на работа е 59 минути и 50 секунди.

Број на притискања на копчетоЈачина на микробрановите зрациИзпис на екранот
1100%P10
270%P7
350%P5
430%P3
510%P1

3. Автоматско одмрзнување

Во зависност од тежината на замрзнатата храна, печката ќе Ви помогне во изборот на соодветна јачина и време на загревање.

Пример: Одмрзнување на 0,5 кг. замрзнато месо.

а) Со притискање на копчето "MICRO/GRILL" одберете "DEF". б) Со притискање на копчето "1Min" (1кг) и "10Sec" (0,1 кг) ставете месо. в) Притиснете "START".

Тежината на замрзнатата храна мора да биде помала од 2 кг.

4. Грил/Комбинирано управување

Оваа функција има четири степени; зелениот степен изберете го со копчето "MICRO/GRILL", така што копчето ќе го притиснете 7 пати. Најдолго можно време за подготовка е 59 минути и 50 секунди. Во долната табела опишани се различни комбинации на подготовка само на грил и во комбинација грил и микробранови.

СтепениЈачина на микробрановитеЈачина на грилотЕкран
1/85%G – 1
2/50%G – 2
355%45%C – 1
430%70%C – 2

Откако ќе ја одберете саканата комбинација, изберете го и времето на подготовка и притиснете го копчето "START".

Напомена: Во текот на загревањето т.е. подготовката на храна (не важи за комбинирано подготвување) на средина од избраното време, печката автоматски престанува да работи и емитува два звучни сигнали; со тоа Ве опоменува да ја завртите храната. Откако ќе ја завртите храната, затворете ја вратата на печката и притиснете го копчето "START" за да продолжи подготовката. Доколку во период од 1 минута по звучниот сигнал, храната не ја завртите, подготовката автоматски ќе продолжи.

5. "PAUSE/CANCEL"

а) Доколку во текот на работењето на печката го притиснете копчето "PAUSE/CANCEL", работењето ќе се прекине. б) Доколку претходно сте одбрале програмирано вклучување, со притискање на копчето "PAUSE/CANCEL" програмираното вклучување ќе биде откажано.

6. Заклучување пред деца

Ако сакате да ја активирате функцијата заклучување, притиснете "PAUSE/CANCEL" 3 пати. Доколку сакате да ја исклучите оваа функција, повторете ја постапката.

Грижа за микробрановата печка - нега и одржување

  1. Пред чистењето исклучете ја печката и исклучете го кабелот од штекерот.
  2. Внатрешноста на печката треба секогаш да биде чиста. Кога делови од храна, течност што прска од неа или истурена течност ќе

се засуши на ѕидовите на печката, само пребришете ги со влажна крпа.

Користењето на груби детергенти или на абразивни средства за чистење не е препорачливо.

  1. Надворешната површина на печката исчистете ја со влажна крпа. За да го спречите оштетувањето на деловите во внатрешноста на печката, внимавајте да не ви се истури вода во отворите за вентилација.
  2. Не дозволувајте контролната табла да се намокри. Исчистете ја со мека и влажна крпа. За чистење на контролната табла не употребувајте детергенти, груби (абразивни) средства или распрескувачки средства за чистење.
  3. Ако во внатрешноста или околу надворешната обвивка на куќиштето се насобере пареа, избришете ја со мека крпа. Ова се случува кога микробрановата печка ја употребувате во многу влажни простории и во никој случај не укажува на грешка во работењето на печката.
  4. Понекогаш е потребно да ја отстраните и стаклената основа и да ја исчистите. Стаклената основа измијте ја во топла вода со малку детергент или, пак, во машина за миење садови
  5. Лежечкиот обрач, како и дното (долната површина) на внатрешноста на печката треба редовно да се чистат, бидејќи, додека работи печката, може да создава бучава. Едноставно пребришете го дното на внатрешноста на печката со благ детергент, вода или со средство за чистење стакло и исушете го. Лежечкиот обрач можете да го измиете во топла вода со малку детергент или во машина за миење садови. По подолга употреба, на тркалата на лежечкиот обрач може да се наталожат остатоци од испарувањето на храната, но тоа не влијае врз неговата работа. Кога го отстранувате лежечкиот обрач од жлебот на дното на комората (во внатрешноста на печката), внимавајте повторно да го наместите правилно.
  6. Можниот непријатен мирис од печката ќе го отстраните на тој начин што во длабок сад за подготовка на храна во микробранова печка ќе налеете една шолја вода, а во водата ќе ставите кора од еден лимон. Потоа садот оставете го во микробрановата печка пет минути. На крај, темелно исушете ја внатрешноста на печката и избришете ја со мека крпа.
  7. Ако треба да ја замените светилката во печката, ве молиме, да се обратите кај продавачот.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Не го фрлајте апаратот во нормален домашен отпад, туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.

ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС

Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (видете го телефонскиот број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, одделот за мали апарати за домаќинство.

Не е за комерцијална употреба!

Корисни совети како и дополнителни упатства за печење со микробранови и грил можете да најдете на нашата веб-страница:

http://www.gorenje.mk

Го задржуваме правото на промени!

ГОЛЕМО УЖИВАЊЕ ПРИ

КОРИСТЕЊЕТО НА

МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА ВИ

ПОСАКУВА

gorenje

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : GMO20DGB

Категорија : микробранова печка