ERA 40633 X - фрижидер ELECTROLUX - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ERA 40633 X ELECTROLUX во PDF формат.
Прашања на корисниците за ERA 40633 X ELECTROLUX
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ERA 40633 X - ELECTROLUX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ERA 40633 X на марката ELECTROLUX.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ERA 40633 X ELECTROLUX
За да ги махнете, направете следното:
Видете повеće како размислуваме на
www.electrolux.com
СОДРЖИНА
| Безбедносни информации | Нега 64нистење | 63 |
| Контролна табла | Што да сторите 56ко... | 65 |
| Прва употреба | Технички податоци 60 | |
| Секојдневна употреба | Местење 60 | |
| Помошни напомени и совети | 62 Еколошки мерки |
Можноста за промени е задржана

За ваша безбедност и за да се обезбеди правилна употреба, пред да го наместите и да го користите апаратот првпат, прочитајте го упатството за употреба внимателно, вклучувајки ги и советите и предупредувањата. За да се избегнат непотребни грешки и незгоди, важно е сите што го користат апаратот да се темелно запознаени со начинот на работата и безбедносните функции. Чувајте го упатството и погрижете се да биде со апаратот ако се премести или продаде, за да може секој што го користи во работниот век да биде правилно информиран за употребата на апаратот и за безбедноста. За безбедност на животот и имотот чувајте ги опомените за претпазливост од ова упатство бидејки производителот не е одговорен за штетите предизвикани од нивното непочитување.
Безбедност на децата и помалку вештите лица
-
Апаратот не е наменет да го користат лица (вклучувајки и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или што немаат искусство и знаење, освен ако не се под надзор или се упатени за користење на апаратот од страна на лице што е одговорно за нивната безбедност.
Децата треба да се под надзор за да не си играат со апаратот. -
Чувајте ги сите материјали за пакување далеку од децата. Постои опасност од задушување.
- Ако го расходувате апаратот, извлечете го кабелот за струја од штекерот, исечете го (што е можно поблиску до апаратот) и извадете ја вратата за да спречите децата што си играат да не ги удри струја или да не се затворат во него.
- Ако апаратов, кој има магнетизирани гуми за затворање, треба да замени постар апарат што има брава со пружина на вратата или капакот, погрижете се да ја онеспособите бравата со пружина пред да го расходувате стариот апарат. Така ње се спречи тој да стане смртоносна стапица за децата.
Општа безбедност

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Поставете ги отворите за вентилација, на опкружувањето на апаратот или вградената конструкција, ослободени од пречки.
- Апаратот е наменет за чување прехранбени продукти и пијалаци во нормално домакинство, како што е објаснето во ова упатство.
- Не користете механички уреди или вештачки средства за забрзување на топењето.
- Не користете други електрични апарати (на пр. мешалки за сладолед) внатре во ладилници,
освен ако не се одобрени за таква намена од страна на производителот.
- Не оштетувајте ја инсталацијата за средството за ладење.
- Средството за ладење изобутан (R600a), што кружи низ инсталацијата за ладење на апаратот, е природен гас со високо ниво на еколошка подобност, но сепак е запалив.
За време на превозот и местењето на апаратот, внимавајте да не се оштети ниеден дел од инсталацијата за ладење.
Доколку се оштети инсталацијата за ладење:
– избегнувајте отворен орган и извори на искри
– проветрете ја темелно собата во која е сместен апаратот
- Опасно е да се менуваат спецификациите или да се вршат какви било промени на производот.
Секое оштетување на кабелот може да предизвика краток спој, пожар и/или струен удар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сите
електрични делови (кабелот за струја, приклучокот, компресорот) мора да ги замени сертифициран или квалификуван сервисер за да се избегне ризик.
- Кабелот за струја не смее да се продолжува.
- Проверете приклучокот за во штекер да не е смачкан или оштетен од задниот дел на уредот. Смачкан или оштетен приклучок за во штекер може да се прегрее и да предизвика пожар.
- Внимавајте кабелот за струја на апаратот да е пристапен.
- Не влечете го кабелот за струја.
-
Ако штекерот е разлабавен, не вметнувајте го приключокот во него. Постои опасност од струен удар или пожар.
-
Не семеете да ракувате со апаратот доколку светилката нема заштитен поклопец ^13) на внатрешното светло.
-
Овој апарат е тежок. Бидете внимателни кога го преместувате.
- Не вадете ги и не допирајте ги предметите во преградите на замрзнувачот ако рацете ви се водени или влажни, зашто така може да дојде до гребење на кожата и смрзнатици.
- Избегнувајте подолга изложеност на апаратот на директна сончева светлина.
- Светилки ^14) во овој апарат се користат светилки за специјална намена само во апарати за домаќинството. Тие не се погодни за собно осветление.
Секојдневна употреба
- Не ставајте жешки садови на пластичните делови на апаратот.
- Не чувајте запаливи гасови и течности во апаратот, зашто тие може да експлодираат.
- Не ставајте прехранбени продукти директно врз отворите за воздух на задниот сид. ^15)
- Смрзнатата храна не смее повторно да се смрзнува откако їе се одмрзне.
- Чувајте ја претходно спакуваната смрзната храна во согласност со упатствата на нејзиниот производител.
- Мора строго да се почитуваат препораките за чување на производителот на апаратот. Видете во соодветното упатство.
- Не ставајте содирани или газирани пијалаци во преградите на замрзнувачот, бидејки тие создаваат притисок во садот, што може да предизвика негово експлодирање, што може да заврши со оштетување на апаратот.
- Смрзнатите лижавчиња може да предизвикаат смрзнатици ако се конзумираат веднаш.
Одржување и чистење
- Пред одржување, исключете го апаратот и извадете го приклучокот за струја од штекерот.
- Не чистете го апаратот со метални предмети.
- Не користете остри предмети за вадење на мразот од апаратот. Користете пластичен гребач.
- Редовно проверувајте го одводот на фрижидерот за одмрзната вода. Ако е неопходно, исчистете го одводот. Ако одводот е блокиран, ќе се собира вода на дното на фрижидерот.
Местење
ВАЖНО За електричното поврзување, внимателно постапете според упатствата дадени во одделните пасуси.
- Распакувајте го апаратот и проверете да не е оштетен. Не приклучувајте го апаратот ако е оштетен. Пријавете ги евентуалните оштетувања веднаш таму каде што сте го купиле апаратот. Во тој случај, престанете со распакување.
- Препорачливо е да се почека најмалку четири часа пред да се приклучи апаратот за да може маслото да се врати во компресорот.
- Околу апаратот треба да има соодветно кружење на воздухот - без него може да дојде до прегревање. За да се постигне довольно проветрување, следете ги упатствата за местење.
- Секогаш кога е можно, задниот дел на производот треба да е блиску до
сид, за да не биде можно допирање или фаќање на топлите делови (компресорот, кондензаторот) и изгорувањето од нив.
- Апаратот не смее да се наоға блиску до радијатори или плински шпорети.
- Внимавајте штекерот да е пристапен по местењето на апаратот.
- Поврзувајте само со довод на вода за пиење. 16)
Сервисирање
- Електричните приспособувања потребни за сервисирање на апаратот треба да ги изврши квалификуван електричар или компетентно лице.
- Производот мора да го сервисира овластен Сервисен центар и мора да се користат само оригинални резервни делови.
Апаратот не содржи гасови што може да го оштетат озонскиот слој ниту во водовите за ладење, ниту во изолациските материјали. Апаратот не смее да се расходува заедно со обичен комунален смет и губре. Изолациската пена содржи запаливи гасови: апаратот мора да се расходува согласно со важечките прописи што може да ги добиете од локалните власти. Избегнувајте оштетување на уредот за ладење, особен одзади, близу до разменувачот на топлина. Материјалите употребени за овој апарат означени со симболот ⚙️ се рециклираат.
КОНТРОЛНА ТАБЛА

flowchart
graph TD
A["A"] --> B["B"]
B --> C["C"]
C --> D["D"]
D --> E["E"]
F["AV"] --> G["Function"]
H["①"] --> I["Ok"]
A - Копче ВКЛ./ИСКЛ.
В - Копче за регулирање температура
С - Показател за температурата и функциите
D - Копче за функции
Е - Копче за потврда
Екран

3 Показател за функцијата FreeStore.
4 Показател за функцијата за купување.
5 Показател за функцијата за блокада за деца.
Прво вклучување
Откако ќе го ставите приклучникот во приклучница за струја, ако екранот не свети, притиснете го копчето (А), вклучување на апаратот. Штом апаратот ќе се вклучи, во costојба на аларм е, температурата трепка и се слуша звучен сигнал. Притиснете го копчето (Е) и звучниот сигнал ќе престане (видете го и делот за "аларм за прекумерна температура") иконата ⚠️ уште трепка и на показателот ⚡٢ ќе се појави највисоката достигната температура. За правилно чување на храната изберете ја функцијата Еко-режим што гарантира дека се поставени следниве температури:
+5°C во фрижидерот
-18°C во замрзнувачот
- Почекајте додека температурата во внатрешноста на комората не достигне -18°C пред да ставите продукти во замрзнувачот.
6 Показател на функцијата на тајмерот.
8 Показател за функцијата брзо смрзнување.
9 Покзател за преградите.
10 Показател за функцијата за еко- режим.
- За да изберете друга температура, видете во "Регулирање на температурата".
Исклучување
Апаратот се исклучува со држење на копчето (A) подолго од 1 секунда. За тоа време се прикажува одбројување на температурата од -3 -2 -1.
Мени со опции
Со активирање на копчето (D), менито за функциите работи. Секоја функција може да се потврди со притискање на копчето (E). Ако нема потврда по неколку секунди, екранот Ѽе излезе од менито и Ѽе се врати во нормална состојба.
Покажани се следните функции:
Изберете ја преградата на фрижидерот
Изберете ја преградата на замрзнувачот

Функција за купување
Функција за блокада за деца
Функција за ладење напитоци
Функција за брзо смрзнување
Регулирање на температурата
Притиснете го копчето (D) за да ја изберете преградата, а потоа копчето (B) за да ја поставите неопходната температура.
Притиснете го копчето (Е) за да го потврдите изворот.
Показателот за температурата ја прикажува поставената температура.
Поставената температура ке се достигне за 24 часа.
Функција за празници "Н"
Функцијата за празници ја поставува температурата на + 15°C.
Оваа функција овозможува да го држите фрижидерот затворен и празен за време на долги празници (на пр. летен одмор) без создавање лош мирис.
За да ја включите функцијата за празници, изменете ја одбраната температура. Показателот за температурата може да ја измени прикажаната температура до + 8 °C, во чекори од 1°. По + 2 °C ње следи буквата "Н". Притиснете го копчето Е за да потврдите.
Сега е включена функцијата за празници во режимот за штедење енергија.
ВАЖНО Комората на фрижидерот мора да е празна кога е включена функцијата за празници.
Функција заклучување за деца
Функцијата за заклучување за деца се вклучува со притискање на копчето (D) (неколкупати ако е потребно) додека не се појави соодветната икона ☐. Мора да го потврдите изборот со притискање на копчето (E) во рок од неколку секунди. Ке чуете звучен сигнал и иконата останува запалена. Во овој режим, секоја можна операција со копчињата не предизвикува промени сё додека функцијата е активна.
Можно е да се исклучи функцијата кога и да е со притискање на копчето (D) додека соодветната икона не почне да трепка, а потоа со копчето (E).
Функција за пазарење
Ако треба да вметнете поголемо количество топла храна, на пример по враćање од пазар, предлагаме да ја включите функцијата за пазарење за побрзо ладење на продуктите и за да се избегне загревање на останатата храна што е веке во фрижидерот.
Функцијата за пазарење се вклучува со притискање на копчето (D) (неколкупати ако е потребно) додека не се појави соодветната икона 🚙️. Мора да го потврдите изборот со притискање на копчето (E) во рок од неколку секунди. Ке чуете звучен сигнал и иконата останува запалена.
Функцијата за пазарење се исклучува автоматски по околу 6 часа. Можно е да се исклучи функцијата кога и да е со притискање на копчето (D) додека соодветната икона не почне да трепка, а потоа со копчето (E).
Притиснете го копчето (D) (неколкупати, ако е потребно) додека не се појави соодветната икона.
Притиснете го копчето (Е) за да го потврдите изборот. Ке го слушнете алармот и иконата останува осветлена.
Во оваа состојба, температурите автоматски се поставуваат (+ 5°C и - 18°C) на најдобрите услови за зачувување на храната.
Поставете различна температура во една од преградите за да ја исклучите функцијата.
Функција FreeStore
Притиснете го копчето (D) (неколкупати, ако е потребно) додека не се појави соодветната икона.
Притиснете го копчето (Е) за да го потврдите изборот. Ке го слушнете алармот и иконата останува осветлена.
ВАЖНО Ако функцијата се активира автоматски, се прикажува иконата FreeStore (видете во „Дневна употреба“).
Активирањето на функцијата FreeStore ја зголемува потрошувачката на енергија.
Функција Брзо смрзнување
Комората на замрзнувачот е погодна за долготрајно чување на комерцијално смрзната и длабоко смрзната храна, како и за смрзнување свежа храна. Максималното количество храна за замрзнување за 24 часа е прикажано на плочката со спецификации.
За да го смрзнете количеството храна укажано на плочката со спецификации, ставете ја храната директно во допир со површината за ладење (извадете ја фиоката или корпата). Во случај храната да е смрзната во фиоките или корпите, максимальното количество се намалува малку.
За да смрзнете свежа храна, ќе треба да ја включите функцијата Брзо смрзнување. Притиснете го копчето (D) (неколкупати, ако е потребно) додека не се појави показателот .
Мора да го потврдите изворот со притискање на копчето (Е) во рок од неколку секунди. Ке чуете звучен сигнал и на екранот ке се појави анимација со линии.
По пред-ладилниот период од 24 часа, ставете ја храната во замрзнувачот.
Ставете ја храната за смрзнување во комората 🌐, бидејки таму е најстудено.
Смрзнувањето трае 24 часа. За ова време не ставајте друга храна во замрзнувачот.
Функцијата се исклучува автоматски по 52 часови.
Можно е да се исклучи функцијата кога и да е со притискање на копчето (D) додека не почне да трепка показателот SUPER , а потоа со копчето (E).
Функција за ладење напитоци
Функцијата за ладење напитоци треба да се користи како безбедносно предупредување при ставање шишиња во преградата на замрзнувачот. Се активира со притискање на копчето (D) (неколкупати, ако е потребно) додека не се појави соодветната икона. ⚙ . Мора да го потврдите изборот со притискање на копчето (E) во рок од неколку секунди. Ке го слушнете алармот и иконата останува осветлена. Во оваа состојба работи тајмер со основна вредност од 30 мин. и може да се менува од 1 до 90 мин, со притискање на копчето (B) ги избирате потребните минути.
На крајот на избраното време ги има следните показатели:
• на индикаторот 88 символот 0 трепка.
- иконата m трепка.
- иконата 📋 трепка.
- се огласува звучен аларм додека не се притисне копчето (Е).
Во овој момент имајте на ум дека треба да ги извадите пијалоците ставени во преградата на замрзнувачот.
Можно е да се деактивира функцијата во секое време со притискање на копчето (D) додека не трепне соодветната икона, а потоа копчето (E).
Аларм за прекумерна температура
Зголемување на температурата во некоја комора (на пример, поради снемување струја) се покажува со:
- трепкање на температурата
- трепкање на комората на замрзнувачот
• трепкање на иконата
• зуење
Кога єе се вратат нормалните услови:
• звучниот сигнал се исклучува
- бројката на температурата продолжува да трепка
Кога ќе го притиснете копчето (E) за да го исключите алармот, највисоката достигната температура во комората се појавува на показателот 88 неколку секунди.
Потоа се враćа во нормален режим покажувајки ја температурата на одбраната комора.
За време на алармот, звучниот сигнал може да се исклучи со притискање на копчето (Е).
ПРВА УПОТРЕБА
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот, измијте ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци со млака вода и малку неутрален сапун за да се отстрани карактеристичниот мирис на
СЕКОДНЕВНА УПОТРЕБА
Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен период некористење, пред да ставите производи во преградата, оставете апаратот да работи барем 2 часа на најголемата поставка.
ВАЖНО Во случај на случајно одмрзнување, на пример поради снемување струја, ако немало струја подолго време отколку под ставката "време на одржување" во табелата за технички характеристики, одмрзнатата храна мора да се изеде брзо или да се зготви веднаш, а потоа повторно да се смрзне (откако їе се излади).
Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна, пред да се употреби, може да се одмрзне во преградата на фрижидерот или на собна температура, зависно од времето достапно за оваа постапка. Малите парчиња може дури и да се готват смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој случај, готвењето ке трае подолго.
FreeStore
Преградата на фрижидерот е опремена со уред што овозможува брзо смрзнување на храната и порамномерна температура во преградата.
новите производи, па исушете го темелно.
ВАЖНО Не користете детергенти или груби прашоци, тие може да ја оштетат политурата.

Уредот се активира самиот кога е потребно, на пример за брзо враćање на температурата по отварањето на вратата или кога околната температура е висока.
Ви овозможува рачно да го включите уредот кога е потребно (видете во „Функција FreeStore“).
ВАЖНО Уредот FreeStore запира кога вратата е отворена и повторно започнува да работи откако вратата їе се затвори.
Подвижни полици
На сидовите на фрижидерот се монтирани низа држачи, така што полиците може да се наместат по желба.

Ставајте ги шишињата (со отворот свртен нанапред) на претходно наместената полица.
ВАЖНО Ако полицата е ставена хоризонтално, ставајте само затворени шишиња.

Полицата за држење шишиња може да се навали за да се чуваат претходно отворени шишиња. За да го постигнете тоа, повлечете ја полицата нагоре за да може да се сврти нагоре и да се стави на следното повисоко ниво.

Местење на полиците на вратата
За да се овозможи чување пакувања во разни големини, полиците на вратата може да се стават на различни височини.
За приспособување, постапете на следниов начин:
Постепено влечете ја полицата во насоката на стрелките додека не се ослободи, потоа наместете ја по желба.

Фиоката FreshZone е погодна за зачувување свежа храна како риба, месо, морска храна, бидејći температурата таму е пониска од остатокот на фрижидерот.

Вадење на корпите за смрзнување од замрзнувачот
Корпите за смрзнување имаат граничник за сопирање што спречува нивно случајно вадење или испаѓање. Кога сакате да ги извадите од замрзнувачот, повлечете ја корпата кон себе и, кога ће дојде до граничникот, извадете ја корпата кревајки го предниот дел нагоре. Кога ги враćате, кренете го малку предниот дел на корпата за да ја
вметнете во замрзнувачот. Кога ње ги поминете граничниците, турнете ја корпата назад во положбата.

- Кога разладното средство се пумпа низ намотките или цевките, може да се слуша звук на тивко ггрорење и клокотење. Тоа е нормално.
- Кога е включен компресорот, средството за ладење се пумпа низ системот и се слуша зуење и ритмична бучава од компресорот. Тоа е нормално.
- Топлинската дилатација може да предизвика ненадејно крцкање. Тоа е природен, безопасен физички феномен. Тоа е нормално.
Совети за штедење енергија
- Не отворајте ја вратата често и не оставајте ја отворена подолго отколку што е неопходно.
- Доколку околната температура е висока, регулаторот за температура е на најголемата поставка и апаратот е целосно наполнет, компресорот може да работи непрестано, што їе предизвика формирање мраз на испарувачот. Ако се случаи тоа, свртете го регулаторот за
температура кон помалите вредности за да овозможите автоматско одмрзнување, со што ќе заштедите и електрична енергија.
Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
- не ставајте топла храна или течности што испаруваат во фрижидерот
- покривајте ја или виткајте ја храната, особено ако има посилен вкус
- ставајте ја храната така што воздухот може да кружи слободно околу неа
Совети за ладење
Корисни совети:
Месо (сите видови) : виткајте го во пластични кесички и ставајте го на стаклената полица над фиоката за зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој начин само еден или најмногу два дена. Зготвена храна, ладни јадења и сл.: тие треба да се покриени и може да се стават на која било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво измиени и ставени во специјалните фиоки за нив.
Путер и сирење: тие треба да се во посебните херметички садови или завиткани во алуминиумска фолија или пластични кесички за да се спречи допирот со воздух.
Шишиња млеко: тие треба да имаат капаче и да се ставаат на полицата за шишиња на вратата.
Бананите, компирите, кромидот и лукот, ако не се спакувани, не смеат да се чувват во фрижидер.
Совети за смрзнување
За најдобро користење на смрзнувањето, еве неколку важни совети:
- максимальното количество храна што може да се смрзне за 24 часови е покажано на плочката со спецификации;
- смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да се додава храна за смрзнување во тој период;
- смрзнувајте само квалитетна, свежа и убаво измиена храна;
- поделете ја храната во мали порции за да може брзо и целосно да се смрзне и за да овозможите одмрзнување само на потребните количества;
-
завиткајте ја храната во алуминиумска или пластична фолија убаво и стегнато;
-
не дозволувајте свежата несмрзната храна да ја допира храната што е веке смрзната, за да не ја загреете вторава;
- немасната храна се чува подобро и подолго отколку масната; солта го намалува векот на чување на храната;
- водениот мраз, ако се конзумира веднаш по вадењето од преградата на замрзнувачот, може да предизвика смрзнатици на кожата;
- препорачливо е да се запише датумот на смрзнување на секое пакување за да можете да водите сметка за времето на смрзнатост.
Совети за чување смрзната храна
За да добиете најдобри перформанси од апаратот, почитувајте ги следниве напомени:
• проверувајте дали комерцијалните смрзнати прехранбени продукти биле соодветно чувани кај продавачот;
- внимавајте смрзнатите прехранбени продукти да се пренесат од продавницата до замрзнувачот во најкраток можен рок;
- не отворајте ја вратата често и не оставајте ја отворена подолго отколку што е неопходно.
- Штом ће се одмрзне, храната се расипува брзо и не може повторно да се смрзне.
- Не надминувајте го препорачаниот период за чување.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ

ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот од струја пред да вршите каква било постапка за одржување.

Апаратот содржи јагленохидрати во уредот за ладење; одржувањето и повторното полнење може да ги вршат само овластени техничари.
Периодично чистење
Опремата треба да се чисти редовно:
- измијте ги внатрешноста и додатоците со млака вода со малку неутрална сапуница.
- редовно проверувајте ги заптивките на вратата и бришете ги за да бидат чисти и без нечистотии.
- избришете и исушете целосно.
ВАЖНО Не влечете ги, не поместувајте ги и не оштетувајте ги цевките и каблите во фрижидерот.
Не користете детергенти, груби прашоци, многу парфимирани средства за чистење или восок за полирање за чистење на внатрешноста, бидејки така може да се оштетат површините и да остане силен мирис.
Чистете ги кондензаторот (цирната решетка) и компресорот од задната страна на апаратот со четка или правосмукалка. Со тоа се подобрува работењето на апаратот и се штеди електрична енергија.
ВАЖНО Внимавајте да не го оштетите системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски површини содржат хемикалии што може да ја нагризат или оштетат пластиката на апаратот. Поради тоа, се препорачува надворешноста на апаратот да се чисти само со топла вода со малку течност за миење. По чистењето, приключете ја повторно опремата во електричната мрежа.
Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од испарувачот во фрижидерската преграда секогаш кога моторниот компресор ће престане да работи во текот на вообичаената употреба. Водата од одмрзнувањето истекува во посебен сад од задната страна на апаратот, над моторниот компресор, од кој што испарува. Важно е повремено да се исчисти дупчето за истекување на водата од одмрзнувањето на средината на каналот во фрижидерската преграда за да се спречи прелевање на водата и нејзино капење врз храната внатре. Користете го приложениот специјален чистач, што ће го најдете веке вметнат во дупчето за истекување.

Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу најгорната преграда секогаш їе се формира малку мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз ке достигне дебелина од околу 3-5 mm.
За да го отстраните мразот, постапете на следниов начин:
- извлечете го приклучникот од sidниот штекер или исключете го апаратот
- извадете ја храната, завиткајте ја во неколку слоја весник и ставете је на студено место
- извадете ги фиоките на замрзнувачот
• ставете изолациски материјал околу фиоките, на пр. љебиња или весници.
Одмрзнувањето може да се забрза со ставање садови со топла вода (не што врие) во фрижидерот. - Ослободете го одводниот канал од положбата, притиснете го како на сликата и ставете го во најдолната фиока на замрзнувачот каде што може да се собира водата.
- внимателно изгребете го мразот кога ке почне да се топи. Користете дрвен или пластичен гребач.
- кога ће се стопи целиот мраз, исчистете ја и избришете ја целата внатрешност со сува крпа, па вратете го одводниот канал на место.

- включете го фрижидерот и вратете ја смрзнатата храна.
Се препорачува апаратот да се вклучи на најголемата поставка на
термостатот неколку часа за да може да постигне доволна температура за чување што е можно поскоро.
ВАЖНО Никогаш не користете метални алатки за гребење на мразот од испарувачот, зашто може да го оштетите. Не користете механички уреди или вештачки средства за забрзување на топењето освен оние што ги препорачува производителот. Покачувањето на температурата на смрзнатата храна за време на одмрзнувањето може да го скрати нивниот век на чување.
ВНИМАНИЕ Пред решавање на проблемите, извадете го приклучникот за струја од штекерот. Само квалификуван електричар или стручно лице смее да ги решава проблемите што не се опишани во упатството.
ВАЖНО За време на нормалната употреба се слушаат звуци (од компресорот и од кружењето на средството за ладење).
| Проблем | Веројатна причина | Решение | |
| Апаратот е бучен. | Апаратот не е добро потпрен. | Проверете дали апаратот стои стабилно (сите четири ногарки треба да се на подот). | |
| Компрессорот работи непрекинато. | Регулаторот за температура може да е неправилно поставен. | Ставете на потопло. | |
| Вратата не е правилно затворена. | Видете во "Затворање на вратата". | ||
| Вратата се отворала | премногу често. | Не оставајте ја вратата отворена подолго отколку што е потребно. | |
| Температурата на продуктите е превисока. | Оставете ги продуктите да се изладат до собна температура пред да ги ставите внатре. | ||
| Собната температура е превисока. | Намалете ја собната температура. | ||
| Влучена е функцијата Брзо смрзнување. | Видете во "Функција Брзо смрзнување". | ||
| Тече вода по задната плоча на фрижидерот. | За време на автоматското одмрзнување, мразот се одмрзнува на задната плоча. | Тоа е нормално. | |
| Во фрижидерот тече вода. | Одводот за вода е затнат. | Исчистете го одводот. | |
| Проблем Вероја | на причина Решение | ||
| Продукти спречуваат водата да тече во садот за вода. | Проверете некој продукт да не ја допира задната плоча. | ||
| Истекува вода на подот. | Испустот за водата од одмрзнувањето не е во садот за испарување над компресорот. | Ставете го испустот за вода од одмрзнувањето во садот за испарување. | |
| Има премногу мраз. | Продуктите не се правилно завиткани. | Завиткајте ги производите подобро. | |
| Вратата не е правилно затворена. | Видете во "Затворање на вратата". | ||
| Регулаторот за температура може да е неправилно поставен. | Ставете на повисока температура. | ||
| Температурата на апаратот е превисока. | Вратата не е правилно затворена. | Видете во "Затворање на вратата". | |
| Температурата на продуктите е превисока. | Оставете ги продуктите да се изладат до собна температура пред да ги ставите внатре. | ||
| Многу продукти се ставени истовремено. | |||
| Температурата на фрижидерот е превисока. | Во апаратот не кружи студен воздух. | ||
| Температурата во замрзнувачот е премногу висока. | Продуктите се премногу блиску еден до друг. | ||
| Апаратот не работи. | Апаратот е исклучен. | ||
| Приклучокот за струја не е правилно ставен во штекерот. | |||
| Нема струја во апаратот. Нема напон во штекерот. | |||
| Ламбата не работи. | Ламбата е во подготвеност. | ||
| Ламбата е неисправна. | |||
Ако горните совети не помогнат, јавете се на најблискиот овластен сервис.
- Откачете го апаратот од струја.
- Притиснете го подвижниот дел за да го откачите капакот на светилката (1).
- Отстранете го капакот на светилката (2).
-
Заменете ја светилката со друга со иста моćност и посебно дизајнирана само за домашни апарати.
-
Ставете го капакот на светилката.
- Поврзете го апаратот.
- Отворете ја вратата. Погрижете се светилката да се запали.

Затворање на вратата
- Исчистете ги заптивките на вратата.
- Ако е потребно, приспособете ја вратата. Видете во "Местење".
- Ако е потребно, заменете ја неисправната заптивка на вратата. Јавете се во сервисниот центар.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Техничките информации се наогаат на плочката со спецификации од левата
страна внатре во апаратот и на етикетата за енергија.
МЕСТЕЊЕ

Прочитајте ги "Безбедносните информации" внимателно пред да го наместите апаратот за да бидете побезбедни и апаратот да работи правилно.
Поставување
Овој апарат исто така може да биде поставен во сува и добро проветрена внатрешна (гаража или подрум) но за оптимални перформанси поставете го апаратот на локација каде што температурата на околината одговара на климатското категоризирање прикажано на таблицата со характеристики:
Апаратот треба да се инсталира на добра оддалеченост од извори на топлина, како што се радијатори, бојлери, директна сончева светлина итн. Погрижете се воздухот да може слободно да струи околу задниот дел од апаратот. За да обезбедите најдобри перформанси, ако апаратот е поставен под висечки плакарчиња, најмалото растојание меѓу горниот дел на фрижидерот и висечкиот плакар мора да биде најмалку 100 мм. Идеално би било апаратот да не е ставен под висечки плакарчиња. Прецизното нивелирање се врши со една или повеće приспособливи ногарки од долната страна на фрижидерот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Мора да се овозможи откачување на апаратот од штекерот за напојување со струја; затоа приклучникот за струја мора да е лесно достапен по местењето.


Поврзување на електриката
Пред да го приключите, проверете дали напонот и фреквенцијата прикажани на плочката со спецификации одговараат на вашата домашна електрична мрежа.
Апаратот мора да биде вземјен.
Приклучокот на кабелот за напојување со струја е со вземјување. Ако штекерот од домашната електрична мрежа не е вземјен, поврзете го апаратот со посебно вземјување во согласност со прописите за електрична енергија и откако ње се посоветувате со квалификуван електричар.
Производителот одбива каква било одговорност ако горенаведените безбедносни мерки не се испочитувани.
Апаратот е во согласност со следниве Директиви на ЕЕЗ.
Задни разделници
Двата разделника можете да ги најдете во кесето со документацијата.
Направете го следново за да ги монтирате разделниците:
- Отшрафете ја завртката.
-
Ставете го разделникот под завртката.
-
Свртете го разделникот до точната позиција.
- Повторно стегнете ги завртките.

Кога го местите апаратот, внимавајте да е поставен хоризонтално. Тоа може да се постигне со двете приспособливи ногарки долу однапред.

Вадење на држачите на полиците
Апаратот е опремен со држачи за полиците што овозможуваат прицврстување на полиците за време на превоз.
За да ги извадите, постапете на следниов начин:
- Поместете ги држачите на полиците во насока на стрелката (А).
- Ослободете ја полицата од задниот дел и турнете ја напред додека не се ослободи (В).
- Извадете ги држачите (С).

Менување на страната на отворање

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да работите нешто со апаратот, извадете го приклучникот од штекерот.
ВАЖНО За да ги изведете следните операции, предлагаме ова да го правите со помош на друго лице што їе ги држи цврсто вратите на апаратот додека работиите.
За да ја сменете насоката на отворање на вратата, постапете вака:
- Отворете ја вратата кога апаратот е исправен. Одвијте ги завртките (t1) и извадете ја пластичната облога на горната врата (t2). Затворете ја вратата.

- Извадете го пластичното капаче од пластичната облога на вратата и ставете го од другата страна (t3).
- Извадете ја плочката (t4). Ако е неопходно, употребете одвртка многу внимателно. Одвијте ја завртката од другата страна. Извадете го држачот на горната врата (t5). Ставете ги во пластична кесичка.

-
Извадете ја горната врата.
-
Одвијте ја завртката и извадете го запирачот на вратата (d1). Монтирајте го обратно од другата страна.

-
Одвијте ја средната шарка (m2). Извадете го пластичниот разделник (m1).
-
Извадете ја долната врата.

-
Извадете го разделникот (m6) и преместете го од другата страна на оската на шарката (m5).
-
Извадете го капакот (b1) со некоја алатка. Одвијте ги долната оска на шарката (b2) и разделникот (b3) и ставете ги од другата страна.
-
Повторно вметнете го капачето (b1) од другата страна.

-
Извадете ги штопните (d1) и преместете ги од другата страна на вратите.
-
Извадете ја левата игла на капакот на средната шарка (m3,m4) и преместете ја од другата страна.
-
Наместете ја иглата на средната шарка (m5) во левата дупка на долната врата.
-
Вратете ја долната врата на иглата на оската (b2).
-
Завијте ја средната шарка (m1) од спротивната страна. Не заборавајте да го вметнете пластичниот разделник (m2) под средната шарка.
-
Ставете ја горната врата на средната шарка (m5). Проверете дали краевите на вратите се паралелни со страничниот раб на апаратот.
-
Наместете ја и прицврстете ја горната шарка (ке ја најдете во пластичната кесичка, според упатството) од спротивната страна (t6).

- Вметнете ја плочката (t7) (се наоға во пластичната қесичка, според упатството).
ЕКОЛОШКИ МЕРКИ
Отстранете го Вашиот истрошен уред според прописите кои важат во Вашето место на живеење.
-
Отворете ја горната врата, прицврстете го горниот капак (t2) со завртките (t1). Вметнете го магнетот (d7). Затворете ја вратата.
-
Вратете го апаратот во својата положба, нивелирајте го и почекајте најмалку четири часа пред да го включите во струја.
Проверете уште еднаш:
• Дали сите завртки се стегнати.
• Дали магнетната заптивка се лепи.
- Дали вратата се отвора и затвора правилно.
Ако температурата на околината е ниска (на пр. зиме), заштивката може да не налегнува совершено на фрижидерот. Во тој случај, почекајте заптивката природно да легне.
Доколку не сакате самите да ги изведувате горе наведените операции, обратете се во службата за односи со корисниците. Стручњак од службата за односи со корисниците ње ја преврти вратата на ваш трошок.

www.electrolux.com/shop



