ZANUSSI ZDS 304 - машина за садови

ZDS 304 - машина за садови ZANUSSI - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ZDS 304 ZANUSSI во PDF формат.

📄 76 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice ZANUSSI ZDS 304 - page 38
Погледни прирачник : Български BG Македонски MK Română RO Shqip SQ
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за ZDS 304 ZANUSSI

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот машина за садови во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ZDS 304 - ZANUSSI и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ZDS 304 на марката ZANUSSI.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ZDS 304 ZANUSSI

MK Упатство за ракување 38

Машина за миење садови

Употреба на миялен препарат на таблетки

Поставете таблетката в дозатора за миялен препарат ( A).

  • Програмата спира.
    Затворете вратичката.

Безбедносни информации ____ 38
Контролна табла ____ 40
Програми за миење ____ 41
Користење на уредот ____ 42
Нагодување на омекнувачот на водата ____ 43
Користење на сол за машина за миење садови ____ 44
Користење на средство за плакнење ____ 4
Полнење прибор за јадење и садови ____ 45

Користење на детергент ____ 47
Бирање и стартување на програма за миење ____ 48
Нега и чистење ____ 50
Што да сторите ако... ____ 51
Технички податоци ____ 53
Еколошки прашања ____ 53
Монтажа 53
Поврзување на водата ____ 54
Поврзување на струјата ____ 55

Можноста за промени е задржана

⚠️ Безбедносни информации

Внимателно прочитајте го овој прирачник, пред да го инсталирате и да го користите уредот. Тоа е во интерес на вашата безбедност и за да се осигури правилна работа. Чувајте ги овие упатства и уверете се заедно со машината, ако ја преместувате или продавате. Сите лица, кои го користат уредот, мора целосно да бидат запознаени со неговата работа и неговите безбедносни опции.

Правилна употреба

  • Апаратот е конструиран само за домашна употреба.
  • Користете го апаратот само за прибор за домакинство што може да се мие во машина.
  • Не ставајте растворачи во апаратот. Опасност од експлозија.
  • Ставајте ги ножевите и сите предмети со остри врвови во корпата за прибор за јадење со врвовите надолу. Инаку, ставајте ги во хоризонтална положба во горната корпа.
  • Користете само специјални производи за машини за миење садови (детергент, сол, средство за плакнење).

  • Ако ја отворите вратата додека работи апаратот, може да излезе жешка пареа. Опасност од изгореници на кожата.

  • Не вадете садови од машината пред крајот на програмата за миење.
  • Кога ће заврши програма за миење, извадете го приклучникот за струја од штекерот и затворете ја славината.
  • Само овластен сервисер може да го поправа апаратот. Користете само оригинални резервни делови.
  • Не вршете поправки самостојно за да не дојде до повреди или оштетување на апаратот. Секогаш јавете се на локалниот сервисен центар.

Општа безбедност

- Лицата (вклучувајки ги и децата) со намалени сензорски, ментални способности или без довольно искусство и знаење, не смеат да го користат уредот. Тие мора да бидат надгледувани или упатени во работата на уредот, од страна на лицето кое е одговорно за нивната безбедност.

  • Детергентите за машина за миење садови може да предизвикаат изгореници на очите, устата и грлото. Може да го доведат животот во опасност! Придржувајте се кон безбедносните упатства на производителот на детергентот за машина за миење садови.
  • Не пијте ја водата од машината за миење садови. Во уредот може да има остатоци од детергент.
  • Уверете се дека вратата од уредот е секогаш затворена кога не се користи. Со тоа їе спречите повреда и сопнување преку отворената врата.
  • Немојте да седите или стоите на вратата.

Безбедност на децата

  • Со овој уред смеат да ракуваат само возрасни. Децата мора да се надгледуваат за да бидете сигурни дека нема да играат со уредот.
  • Држете ја сета амбалажа подалеку од децата. Постои ризик од задушување.
  • Чувајте ги сите детергенти на сигурно место. Не дозволувајте им на децата да го допираат детергентот.
  • Држете ги децата подалеку од уредот кога вратата е отворена.

Местење

- Уверете се дека уредот не є оштетен во текот на транспортот. Никогаш не

поврзувајте оштетен уред. По потреба побарајте го добавувачот.

  • Отстранете ја сета амбалажа пред првата употреба.
  • Инсталирањето на електриката и на водоводот мора да го изведува квалификувано и компетентно лице.
  • Не обидувајте се да ги менувате спецификациите или да го модификувате овој производ на кој било начин. Тоа може да предизвика повреда.
  • Не менувајте ги спецификациите и не вршете измени на производот. Опасност од повреди или оштетување на апаратот.
  • Не користете го апаратот:

– ако кабелот за напојување или цревата за вода се оштетени,
– ако контролната табла, работната површина или подножјето се оштетени така што има пристап до внатрешноста на апаратот.

Јавете се на локалниот сервисен центар.

- Не дупчете ги страниците на апаратот за да не се оштетат хидрауличните и електричните делови.

ZANUSSI ZDS 304 - Местење - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ При

поврзување на струјата и на водата, внимателно следете ги упатствата наведени во соодветните поглавја.

ZANUSSI ZDS 304 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ При - 1

1 Копче вклучување/исклучување
2 Копчиња за одбирање програми
3 Копче за одложено почнување
4 Показни светла
5 Функциски копчиња

Показни светла

ZANUSSI ZDS 304 - Показни светла - 1

Показното светло се пали кога їе заврши програма за миење. Помошни функции:

• Ниво на омекнувачот на вода.
• Аларм ако има дефект на апаратот.

Показни светла
1)Показното светло се пали кога е неопходно да се наполни садот за сол. Видете во поглавјето "Користење сол за машини за миење садови". Показното светло за сол може да свети неколку часа, но нема несакани влијанија врз работата на апаратот.
2)Показното светло се пали кога е неопходно да се наполни средство за плакнење. Видете во поглавјето "Користење средство за плакнење".

1) Показното светло е изгаснато додека работи програма за миење.

Копче за одложено почнување

Со копчето за одложено почнување се одложува почнувањето на програмата за миење за 3 или 6 часа. Видете во поглавјето "Поставување и почнување програма за миење садови".

Функциски копчиња

Користете ги функциските копчиња за следниве работи:

  • Поставување на омекнувачот на вода. Видете во поглавјето "Поставување на омекнувачот на вода".
  • Откажување на тековна програма за миење. Видете во поглавјето "Поставување и почнување програма за миење садови".

Режим за поставување

Апаратот е во режим за поставување кога светат сите светла на программските копчиња.

Апаратот мора да биде во режимот за поставување за следниве операции:

– Поставување програма за миење садови.

– Поставување на омекнувачот на вода. Ако некое програмско показно светло свети, откажете ја програмата за да се вратите во режимот за поставување. Видете во поглавјето "Поставување и почнување програма за миење садови".

Програми за миење

Програми за миење садови

Програма ИзвалканостВид прибор Опис на програмата
Голема Чинии, прибор за јадење, тенцериња и тавиПредмиењеГлавно миење до 70°C2 меѓуплакнењаЗавршно плакнењеСушење
ZANUSSI ZDS 304 - Програми за миење - 1Нормална Чинии и прибор за јадењеПредмиењеГлавно миење до 65°C1 меѓуплакнењеЗавршно плакнењеСушење
ZANUSSI ZDS 304 - Програми за миење - 2Нормална или мала извалканостЧинии и прибор за јадење Главно миење до 60°CЗавршно плакнење
ZANUSSI ZDS 304 - Програми за миење - 3Нормална Чинии и прибор за јадењеПредмиењеГлавно миење до 50°C1 меѓуплакнењеЗавршно плакнењеСушење
ZANUSSI ZDS 304 - Програми за миење - 4Секаква Делумнополнење (што ще се дополни подоцна истиот ден).1 студено плакнење (за да се спречи закоравување на остатоците храна).За оваа програма не е неопходен детергент.

1) Совршена секојдневна програма за миење со полупразна машина. Идеална за семејство од 4 членови за миење само на чиниите и приборот од појадокот и вечерата.
2) Испитна програма за тестирање. Видете во посебното ливче за податоците за испитување.

Потрошувачка

i Притисокот и температурата на водата, варијациите во електричното

напојување и количеството садови може да ги сменат овие вредности.

Користење на уредот

Погледнете го следните упатства за секој чекор од постапката.

  1. Проверете дали нивото на омекнувачот на водата одговара на тврдоста на водата во Вашето подраче. По потреба, нагодете го омекнувачот на водата.

  2. Наполнете го садот за сол со специјална сол за машини за миење садови.

  3. Наполнете дозерот со средството за плакнење.

  4. Наредете ги приборот за јадење и садовите во машината за миење садови.

  5. Изберете ја програмата за миење, соодветна на видот и валканоста на садовите.
  6. Сипете го точното количество детергент во дозерот за детергент

  7. Стартувајте ја програмата за миење.

i Ако користите детергентски таблети, видете во поглавјето "Користење детергент".

Нагодување на омекнувачот на водата

Омекнувачот на вода ги отстранува минералите и солите од водоводот. Минералите и солите може да имаат лошо влијание врз работата на уредот. Тврдоста на водата се мери со еквивалентни скали:

• Германски степени (dH°).
• Француски степени (°TH).
- mmol/l (милимоли на литар - меѓународна единица за тврдост на водата).

- Кларкови степени. Дознајте ја тврдоста на водата во вашето подраче и прилагодете го омекнувачот на водата. Вашето локално водостопанство може да ви каже колкава е тврдоста на водата во вашето подраче.

Тврдост на водата Поставка за тврдост на водата
°dH °THmmol/l Кларковистепенирачно електронски
51 - 7091 - 1259,1 - 12,564 - 88210
43 - 5076 - 907,6 - 9,053 - 6329
37 - 4265 - 756,5 - 7,546 - 5228
29 - 3651 - 645,1 - 6,436 - 4527
23 - 2840 - 504,0 - 5,028 - 3526
19 - 2233 - 393,3 - 3,923 - 2725
15 - 1826 - 322,6 - 3,218 - 2214
11 - 1419 - 251,9 - 2,513 - 1713
4 - 107 - 180,7 - 1,85 - 1212
< 4< 7< 0,7< 5 11) 11)

1) Не е потребна сол.

Mора да го поставите омекнувачот на вода и рачно и електронски.

Рачно прилагодување

Апаратот е фабрички поставен во положба 2.

ZANUSSI ZDS 304 - Рачно прилагодување - 1

Поставете го прекинувачот во положба 1 или 2.

Електронско прилагодување

Омекнувачот на вода е фабрички поставен на ниво 5.

  1. Включете го апаратот.
  2. Проверете дали апаратот е во режимот за поставување.
  3. Држете ги притиснати функциските копчиња В и С додека показните светла за функциските копчиња А, В и С не почат да трепкаат.

  4. Отпуштете ги функциските копчиња В и С.

  5. Притиснете го функциското копче А.

– Показното светло за функциското копче А продолжува да трепка.

– Показните светла за функциските копчиња В и С се гасат.

– Почнува да трепка показното светло за крај.

Функцијата за поставување на омекнувачот на вода е активирана.

Показното светло за крај трепка за да го покаже нивото на омекнувачот на вода. Паузата е околу 5 секунди.

трепкања, пауза, итн. = ниво 5

  1. Притиснете го функциското копче А еднаш за да го зголемите нивото на омекнувачот на вода за еден чекор.
  2. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја меморирате поставката.

Користење на сол за машина за миење садови

ZANUSSI ZDS 304 - Користење на сол за машина за миење садови - 1

ВНИМАНИЕ Користете само сол за машини за садови. Сол што не е за машини за садови предизвикува оштетувања на омекнувачот на вода.

ZANUSSI ZDS 304 - Користење на сол за машина за миење садови - 2

Наполнете го садот за сол со 1 литар вода (само пред првото пуштање).

ZANUSSI ZDS 304 - Користење на сол за машина за миење садови - 3

Нормално е да се прелее вода од садот кога їе го наполните со сол.

i Проверете да нема ни зрно сол надвор од преградата. Солта, ако остане на резервоарот некое време, ће го продупчи. Се препорачува да почнете програма за миење садови веднаш откако ће го наполните садот за сол. Тоа спречува корозија поради истурена сол.

Кога електронски їе го поставите нивото на омекнувачот на вода на ниво 1, показното светло за сол не останува запалено.

Користење на средство за плакнење

! ВНИМАНИЕ Користете само специјално средство за плакнење за машини за миење садови.

Направете го следново за да го наполните дозерот за средство за плакнење:

ZANUSSI ZDS 304 - Користење на средство за плакнење - 1

ВНИМАНИЕ Не полнете го дозерот за средство за плакнење со други производи (на пр. средство за чистење машини за садови или течен детергент). Опасност од повреди или оштетување на апаратот.

Прилагодување на дозата на средството за плакнење

ZANUSSI ZDS 304 - Прилагодување на дозата на средството за плакнење - 1

Тркалцето за средството за плакнење е фабрички поставено во положба 3. За да ја зголемите или намалите дозата, видете во "Што треба да се направи ако..."

Полнење прибор за јадење и садови

Совети и препораки

ВНИМАНИЕ Користете го апаратот само за прибор за домакинство што може да се мие во машина.

Не користете го апаратот за перење предмети што впивают вода (сунгери, крпи и сл.).

- Пред да ставите садови и прибор за јадење, направете го следново:

– Отстранете ги сите остатоци од храна и покрупни нечистотии.

– Омекнете ја запечената храна во тавчињата.

- Додека ставате садови и прибор за јадење, направете го следново:

- Ставете ги шупливите (шољи, чаши и тави) со отворот надолу.

– Внимавајте вода да не се собира во долниот сад или во основата.

– Внимавајте приборот и садовите да не се едни во други.

– Внимавајте приборот и садовите да не прекривают друг прибор и садови.

– Внимавајте чашите да не допираат други чаши.

– Ставете ги малите предмети во корпата за прибор за јадење.

- Пластичните предмети и тавите со нелеплива облога задржуваат капки вода. Пластичните предмети не се сушат добро како порцеланските и челичните предмети.

- Ставете ги лесните предмети во горната корпа. Проверете предметите да не се движат.

⚠️ ВНИМАНИЕ Проверете дали прскалките може да се движат слободно пред да почнете програма за миење.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Секогаш затворајте ја вратата откако їе го наполните или испразните апаратот. Отворена врата може да биде опасна.

ZANUSSI ZDS 304 - Совети и препораки - 1

Наредете ги поголемите садови и капаци околу работ на долната корпа.

ZANUSSI ZDS 304 - Совети и препораки - 2

Редовите шилци во долната корпа може да се спуштат за да се стават тенцериња, тави и длабоки чинии.

ZANUSSI ZDS 304 - Совети и препораки - 3

Користете ја мрежата за прибор. Ако димензиите на приборот не дозволуваат користење мрежа, извадете ја.

ZANUSSI ZDS 304 - Совети и препораки - 4

Наредете ги предметите така што водата їе може да допре до сите површини.

ZANUSSI ZDS 304 - Совети и препораки - 5

За подолгите предмети преклопете ги држачите за шољи нагоре.

Прилагодување на височината на горната корпа

Ако ставите големи чинии во долната корпа, првин поместете ја горната корпа во повисока положба.

ZANUSSI ZDS 304 - Прилагодување на височината на горната корпа - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прилагодете ја височината пред да ја наполните ната корпа.

Најголема височина на садовите во:
горнатакорпадолната корпа
Горна положба20 см 31 см

Користење на детергент

Користете само детергенти (во прав, течни или во таблети), кои се наменети за машина за миење садови. Почитувајте ги податоците на амбалажата:

• дозирањето, кое го препорачува производителот.
- препораки за чување.

ZANUSSI ZDS 304 - Користење на детергент - 1

Не ставајте повеće детергент од препорачаното. Со тоа ќе помогнете пречување на загадувањето.

Нajголема височина на садовите во:
горнатакорпадолната корпа
Долна положба24 см 27 см

ZANUSSI ZDS 304 - Користење на детергент - 2

Направете го следново за да ја поместите горната корпа во горна или долна положба:

  1. Придвижете ги предните граничници (А) нанадвор.
  2. Извлечете ја корпата.
  3. Ставете ја корпата во горна или долна положба.
  4. Вратете ги предните граничници (А) во почетната положба.

ZANUSSI ZDS 304 - Користење на детергент - 3

ВНИМАНИЕ Ако корпата е во горна положба, не ставајте шољи во

држачите за нив.

ZANUSSI ZDS 304 - Користење на детергент - 4

Наполнете го дозерот за детергент ( A) со детергент.

B

4

Ако користите програма за миење садови со предмиење, ставете повеće детергент во преградата за детергент за предмиење ( В).

A

5

ZANUSSI ZDS 304 - Користење на детергент - 7

Користење детергентски таблети

Ставете ја детергентската таблета во дозерот за детергент ( A).

Детергентските таблети содржат:

• детергент
• средство за плакнење
- други средства за чистење.
Направете го следново за да користите детергентски таблети:

  1. Проверете дали детергентските таблети можат да се користат со

тврдоста на водата што ја имате. Видете во упатствата од производителот.

  1. Поставете ги најниските нивоа за тврдост на водата и дозирање на средство за плакнење.

i Нема потреба да се дополнат садот за сол и дозерот за средство за плакнење.

Направете го следново ако е сушењето незадоволително:

  1. Наполнете го дозерот со средство за плакнење.
  2. Поставете ја дозата на средство за плакнење во положба 2.

Направете го следново за повторно користење прашок:

  1. Наполнете ги садот за сол и дозерот за средство за плакнење.
  2. Поставете го омекнувачот на вода на највисоко ниво.
  3. Пуштете програма за миење, но без садови.
  4. Прилагодете го омекнувачот на вода. Видете во поглавјето "Поставување на омекнувачот на вода".
  5. Прилагодете го дозирањето на средството за плакнење.

i Различните марки детергент се раствораат за различно време. Некои детергенти во таблети не даваат најдобри резултати на миење за време на кусите програми. Користете долги програми за минење, кога користите детергент во таблети. Тоа помага во целосно отстранување на детергентот.

Бирање и стартување на програма за миење

Поставете ја програмата за миење со подотворена врата. Поставената програма почнува сама откако їе ја затворите вратата. Дотогаш може да се менуваат поставките.

Направете го следново за да поставите и почнете програма за миење садови:

  1. Включете го апаратот.
  2. Проверете дали апаратот е во режимот за поставување.

  3. Притиснете едно од програмските копчиња. Видете во поглавјето "Програми за миење садови".

– Се пали показното светло на програмата.

– Сите други програмски показни светла се гасат.

  1. Затворете ја вратата.

– Програмата почнува автоматски.

i Kogа работи програма за миење садови, не може да ја смените.

Откажете ја програмата за миење.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прекинете или откажете програма за миење само ако е неопходно.

⚠️ ВНИМАНИЕ Отворајте ја вратата внимателно. Може да избие жешка пареа.

Откажување програма за миење садови

  1. Држете ги притиснати функциските копчиња В и С додека не се запалат сите програмски светла.

  2. Отпуштете ги функциските копчиња В и С за да ја откажете програмата за миење.

  1. Исклучете го апаратот.

  2. Поставете нова програма за миење садови.

Наполнете го дозерот за детергент пред да поставите нова програма за миење.

Прекинување програма за миење

Отворете ја вратата.

- Програмата запира.

Затворете ја вратата.

- Програмата продолжува од точката, каде што била прекината.

Поставување и почнување програма за миење со одложено почнување

  1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување.

  2. Притискајте го копчето за одложено почнување додека показното светло за саканиот број часови не почне да трепка (3 или 6 часа).

  3. Поставете програма за миење садови.

– Се пали показното светло на програмата.

  1. Затворете ја вратата.

– Почнува одбројувањето за одложено почнување.

– Одбројувањето на одложеното почнување се намалува во чекори од 3 часа.

Кога ње заврши одбројувањето, програмата за миење почнува автоматски.

– Показното светло за одложено почнување се гаси.

He отворајте ја вратата за време на одбројувањето за да не го прекинете. Кога повторно їе ја затворите вратата, одбројувањето почнува од точката на прекинот.

Откажување одложено почнување:

  1. Држете ги притиснати функциските копчиња В и С додека не се запалат сите програмски светла.

– Кога ће откажете одложено почнување, ја откажувате и програмата за миење садови.

  1. Поставете нова програма за миење садови.

i Може да одберете програма за миење и одложено почнување и со затворена врата. Кога їе притиснете программско копче имате само 3 секунди да одберете друга програма или одложено почнување. По тие 3 секунди, одбраната програма почнува автоматски.

Завршување програма за миење Исклучете го апаратот при следново:

- Апаратот запира автоматски.

- Показното светло за крај се пали.

  1. Притиснете го копчето за вклучување/исклучување.
  2. Отворете ја вратата.
  3. За подобри резултати на сушењето, држете ја вратата подотворена неколку минути пред да ги извадите садовите.

Оставете ги садовите да се изладат пред да ги извадите од апаратот. Жешките садови лесно се оштетуваат.

Нега и чистење

ZANUSSI ZDS 304 - Нега и чистење - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да

чистите кој било негов дел, ставете го уредот во положба OFF (ислучено).

Чистење на филтрите

ВАЖНО Не користете го апаратот без филтрите. Внимавајте филтрите да се правилно наместени. Неправилната наместеност їе предизвика послабо миење и може да го оштети апаратот.

ZANUSSI ZDS 304 - Чистење на филтрите - 1

Темелно исчистете ги филтрите А, В и С под чешма.

Вадење на садовите

• Првин извадете ги предметите од долната корпа, а потоа од горната.
- Може да има вода од страните и на вратата на апаратот. Не'рғосувачкиот челик се лади побрзо од садовите.

ZANUSSI ZDS 304 - Вадење на садовите - 1

За да ги извадите филтрите В и С, свртете ја рачката околу 1/4 налево.

ZANUSSI ZDS 304 - Вадење на садовите - 2

Извадете го плоснатиот филтер А од долниот дел на апаратот.

ZANUSSI ZDS 304 - Вадење на садовите - 3

Ставете го системот за филтрирање на место. За да го забравите системот за филтрирање, свртете ја рачката надесно додека не се закочи.

ВАЖНО Не вадете ги прскалките.

Ако дупките на прскалките се затнат, исчистете ја нечистотијата со дрвено стапче.

Чистење однадвор

Чистете ги надворешните површини на машината и на контролната табла со влажна мека крпа. Користете само неутрални детергенти. Не употребувајте абразивни производи, жица за стружење или растворувач (ацетон, трихлоретилен итн....).

Спречување замрзнување

ZANUSSI ZDS 304 - Спречување замрзнување - 1

ВНИМАНИЕ Не инсталирајте го

уредот онаму, каде што

температурата е под 0 °C.

Производителот не е одговорен за

оштетувања од замрзнување.

Ако тоа не е можно, испразнете го уредот и затворете ја вратата. Откачете го доводното црево и испразнете го.

Што да сторите ако...

Апаратот не почнува или прекинува да работи.

Ако има дефект, првин обидете се сами да најдете решение за проблемот. Ако не

можете сами да најдете решение за проблемот, јавете се на продавачот или на сервисниот центар.

Шифри за дефекти и неправилно функционирањеМожни причини и решение
• постојано трепкање на светлото на включената програма• 1 трепкање на показното светло за крај Машината за миење садови не се полни со вода• Славината е блокирана или затната од бигор.Исчистете ја славината.• Славината за вода е затворена.Отворете ја славината.• Филтерот во доводното црево е затнат.Исчистете го филтерот.• Поврзувањето на доводното црево е неправилно.Цревото може да е извиткано или смачкано.Проверете дали поврзувањето е правилно.
• постојано трепкање на светлото на включената програма• 2 трепкања на показното светло за крај Машината за миење садови не испушта вода• Одводот за вода е затнат.Исчистете го одводот за вода.• Поврзувањето на одводното црево е неправилно.Цревото може да е извиткано или смачкано.Проверете дали поврзувањето е правилно.
• постојано трепкање на светлото на включената програма• 3 трепкања на показното светло за крајСе включил уредот за заштита од поплавување• Затворете ја славината и јавете се на локалниот сервисен центар.
Програмата не почнува • Вратата на апаратот не е затворена.Затворете ја вратата.• Приклучникот за струја не е во штекер.Ставете го во штекер.• Изгорел осигурувач на таблата.Заменете го осигурувачот.• Поставено е одложено почнување.Откажете го одложеното почнување за да почне програмата веднаш.

По проверката, включете го апаратот. Програмата почнува од точката на прекинот. Ако дефектот се појави повторно, јавете се на сервисниот центар. Овие податоци се неопходни за да добиете брза и правилна помош: • Модел (Mod.) • Број на производот (PNC)

- Сериски број (S.N.) За овие податоци, видете на плочката со спецификации. Запишете ги неопходните податоци тука: Опис на моделот: ...... Број на производот: ...... Сериски број: ....

Миењето не е задоволително
Садовите не се чисти • Одбраната програма за миење не одговара за садовите и извалканоста.Корпите се наполнети неправилно, па водата не може да допре до сите површини.Прскалките не се вртат слободно поради неправилен распоред на садовите.Филтрите се валкани или неправилно наместени.Нема детергент или количеството е недоволно.
Честички бигор на садовитеСадот за сол е празен.Омекнувачот на вода е прилагоден на погрешно ниво.Капачето на садот за сол не е правилно затворено.
Садовите се мокри и матниНе било употребено средство за плакнење.Дозерот со средство за плакнење е празен.
Има ленти, бели дамки или син слој на чашите и садовитеНамалете ја дозата на средството за плакнење.
На чашите и садовите има дамки од капки водаЗголемете ја дозата на средството за плакнење.Детергентот може да е причина.

Технички податоци

Димензии Широчина см 45
Височина см 85
Длабочина см 61
Електрично поврзување - напон - општо напојување - осигурувачИнформации за струјното приклучување се дадени на плочката од внатрешната страна на вратата на машината за миење садови.
Притисок на доводот за водаМинимум 0,5 бари (0,05 MPa)
Максимум 8 бари (0,8 MPa)
Капацитет Места за ставање 9

Еколошки прашања

Отстранете го Вашиот истрошен уред според прописите кои важат во Вашето место на живеење.

Материјалите за пакување се еколошки и може да се рециклираат. Пластичните делови се идентификуваат по ознаките, на пр. >PE<, >PS<, итн. Фрлајте ги материјалите за пакување во соодветен контејнер на местата за фрлање комунален смет.

Монтажа

ZANUSSI ZDS 304 - Монтажа - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За да го расходувате апаратот, постапете

вака:

  • Извадете го приклучникот за струја од штекерот.
  • Исечете ги кабелот и приклучникот за струја и расходувајте ги.
  • Фрлете ја бравата на вратата. Тоа ќе спречи деца да се затворат во апаратот и да си го загрозат животот.

ZANUSSI ZDS 304 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За да го расходувате апаратот, постапете - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Внимавајте

приклучникот за струја да е изваден од штекерот за време на местењето.

Местење под работна површина

Ставете го апаратот до славина и одвод за вода. Извадете ја работната површина на апаратот за да го наместите под лавабо или под кујнска работна површина. Внимавајте димензиите на отворот да одговараат на дадените димензии.

600 mm 820 mm 450 mm

1

ZANUSSI ZDS 304 - Местење под работна површина - 2

Вратете ја работната површина на апаратот ако сакате да ја користите машината за садови како самостояен апарат.

Столбната плоча на самостояјниот апарат не се прилагодува.

Нивелирање на апаратот

Внимавајте апаратот да е нивелиран за да може вратата да се затвора добро. Ако нивелирањето на апаратот е правилно, вратата нема да закачува ниедна од страните на плакарот. Ако вратата не се затвора правилно, олабавувајте ги или стегајте ги ногарките додека машината не се изнивелира.

Поврзување на водата

Доводно црево

Приключете го апаратот со довод на топла (макс. 60°) или студена вода.

Ако топлата вода доаға од алтернативни извори на енергија што се поеколошки (на пр. соларни или фотоволтни плочи и ветерници), користете топла вода за да ја намалите потрошувачката на енергија.

Поврзете го доводното црево со славина со надворешен навој од 3/4 цола.

ZANUSSI ZDS 304 - Доводно црево - 1

ВНИМАНИЕ Не користете црева за поврзување од стар апарат.

Притисокот на водата мора да биде во рамките на ограничувањата (видете во "Технички податоци"). Дознајте го просечниот притисок на водоводната инсталација во вашето подрачје од локалното водостопанство.

Внимавајте доводното црево да не е свиткано и да не е смачкано или заплеткано.

Свртете го доводното црево налево или надесно да одговара на инсталацијата со контраматица. Наместете ја контраматицата правилно за да се избегне протекување на водата.

ZANUSSI ZDS 304 - Доводно црево - 2

ВНИМАНИЕ Не поврзувајте го апаратот со нови или со цевки што

долго не се користеле. Оставете водата

да тече неколку минути, па потоа поврзете го доводното црево.

Доводно црево AQUALOCK

Доводното црево е отпорно на висок притисок. Може да издржи притисок од макс. 6 МРа. Од надворешната страна, доводното црево е заштитено со облога против евентуални оштетувања. Ако се дупне внатрешното црево, водата што е во цревото ње потемни. Тоа е видливо преку специјалната просирна облога. Ако е неопходно, затворете ја славината и јавете се на сервисниот центар.

ZANUSSI ZDS 304 - Доводно црево AQUALOCK - 1

• притиснете ја рачката ( В ),

• свртете го прстенот ( A ) налево.

Одводно црево

ZANUSSI ZDS 304 - Одводно црево - 1

Внатрешниот пречник не смее да биде помал од пречникот на цревото.

Ако го поврзувате одводното црево со одвод за вода под лавабо, извадете ја пластичната мембрана (А). Ако не ја извадите мембраната, преостанатата храна може да го блокира приклучникот на одводното црево.

ZANUSSI ZDS 304 - Одводно црево - 2

споевите се стегнати за да не истекува вода.

Поврзување на струјата

ZANUSSI ZDS 304 - Поврзување на струјата - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Производителот не одговара ако не ги следите овие безбедносни мерки.

Вземјете го апаратот според

безбедносните мерки.

Внимавајте номиналниот напон и видот струја на плочката со спецификации да одговараат со напонот и видот струја на локалната мрежа.

Секогаш користете правилно инсталиран штекер обезбеден од струјни удари. Не користете те-штеци, приклучници и продолжни кабли со повеće приклучоци. Постои опасност од пожар.

Не заменувајте го кабелот за струја сами. Јавете се на сервисниот центар. Внимавајте штекерот да е пристапен по местењето на апаратот. Не влечете го кабелот за да го откачите од струја. Секогаш повлекувајте го приклучникот.

Cuprins

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : ZANUSSI

Модел : ZDS 304

Категорија : машина за садови