GORENJE MO200MS - Микробранова

MO200MS - Микробранова GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот MO200MS GORENJE во PDF формат.

📄 157 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE MO200MS - page 41
Погледни прирачник : Български BG Čeština CS English EN Magyar HU Македонски MK Polski PL Română RO Русский RU Slovenščina SL Українська UK
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производМикробранова печка
МоделMO200MS
БрендGorenje
КатегоријаМикробранови
Капацитет20 литри
Излезна моќност700 W
Димензии (Ш x Д x В)45.0 x 26.0 x 35.0 cm
Тежина10.5 kg
Напојување230 V ~ 50 Hz
ФункцииОдмрзнување, Тајмер, Автоматски менија за готвење
Тип на контролаРотирачки копчиња и копчиња со притискање
Внатрешно светлоДа
Ротирачка плочаСтаклена ротирачка плоча, 245 mm
Детска блокадаДа
Автоматско исклучувањеДа
ЧистењеИзбришете ја внатрешноста со влажна крпа; користете благ детергент
ОдржувањеЧувајте ги заптивките на вратата чисти; заменете го капакот на брановодот ако е оштетен
Достапност на резервни деловиСтаклена ротирачка плоча, прстен со ролери, капак на брановод
Индекс на поправливост6.5 / 10
Потрошувачка на енергија (режим на чекање)< 1 W
Потрошувачка на енергија (готвење)0.7 kWh на час

Frequently Asked Questions - MO200MS GORENJE

Како да го поставам тајмерот на Gorenje MO200MS?
Завртете го копчето за тајмер во насока на часовникот до саканото време во минути. Микробрановата печка ќе започне автоматски.
Може ли да користам метални садови во микробрановата печка?
Не, металните садови предизвикуваат искри и оштетувања. Користете само стакло или пластика отпорна на микробранови.
Како да ја исчистам внатрешноста на микробрановата печка?
Избришете ја внатрешноста со влажна крпа и благ детергент. Избегнувајте абразивни средства за чистење. За мириси, ставете сад со вода и парчиња лимон и загрејте 2 минути.
Што прави функцијата 'Одмрзнување'?
Функцијата за одмрзнување користи ниска моќност за рамномерно одмрзнување на замрзната храна. Поставете ја тежината и микробрановата печка автоматски го прилагодува времето.
Како да ја активирам детската блокада?
Притиснете и задржете го копчето 'Stop' 3 секунди додека не се огласи звучен сигнал. За деактивирање, повторете го процесот.
Зошто мојата микробранова печка не загрева?
Проверете дали вратата е затворена, тајмерот е поставен и напојувањето работи. Ако сè уште не загрева, магнетронот може да е неисправен.
Може ли да ја поставам микробрановата печка на врв од друг апарат?
Не, осигурајте се дека микробрановата печка е на рамна, стабилна површина со најмалку 10 cm простор околу неа за вентилација.
Како да ја заменам стаклената ротирачка плоча?
Купете компатибилна стаклена плоча (245 mm). Отстранете ја старата и поставете ја новата на прстенот со ролери.
Кое е максималното време за готвење?
Тајмерот дозволува до 30 минути по сесија. За подолго готвење, ресетирајте го тајмерот.
Каде можам да го преземам упатството?
Упатството е достапно за бесплатно преземање на notice-facile.com под Gorenje MO200MS.

Прашања на корисниците за MO200MS GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Микробранова во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник MO200MS - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. MO200MS на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК MO200MS GORENJE

Упатства за употреба МК

Instruction manual GB

Инструкции за употреба BG

МК Упатства за употреба .... 41

EN Instruction manual 54

RO Instructiuni de utilizare....66

BG Инструкции за употреба .....131

Пред употреба внимателно прочитајте ги упатствата и грижливо чувајте ги!

Основни технички характеристики

Потрошувачка на енергија: 230V \~ 50Hz, 1080W

Излезна мою: 700W

Работна фреквенција: 2450 MHz

Надворешни димензии: 454mm (Д) × 330mm (Ш) × 262 mm (В)

Внатрешни димензии (комора):...... 315mm (Д) × 296mm (Ш) × 211 mm (В)

Овој апарат е означен според европскиот пропис 2002/96/E3 за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE).

Прописот ја дава рамката за вракање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.

Совети пред да повикате сервисер

  1. Ако печката воопшто не работи, ако екранот е празен, т.е. го снема натписот од екранот:

a) проверete дали печката е соодветно приключена. Ако не е, извадете го приклучокот од штекерот, почекајте десет секунди и повторно цврсто прилучете го во штекерот.
б) Проверете да не прегорел електричниот осигурувач, т.е. главниот безбедносен прекинувач (FIT) да не го прекинал електричниот тек. Ако тоа не е причина за проблемот, пробајте на истиот штекер да приключите друг апарат.

  1. Ако микробрановата печка не работи:

a) Проверете да не е програмирано времето на работење.
b) Проверете дали е вратата цврсто затворена и дали е активирано безбедносното затворање. Ако не е, печката нема да започне со емитирање на микробранова енергија.

Пречки со радиосигнали

Работењето на микробрановата печка може да предизика пречки на вашиот радио, телевизиски или друг сличен приемник. Ако дојде до пречки, може да ги ублажите или да ги отстраните со следните мерки:

a) Исчистете ја површината на вратата и површините на печката каде се затвора
б) Поставете го радио, односно телевизискиот приемник што подалеку од микробрановата печка.
ц) За радио, односно телевизискиот приемник употребете соодветно наместена антена, која ње овозможи што посилен прием на сигналот.

Поставување

0cm 30cm 20cm 20cm min85cm 20cm

  1. Отстранете ја целата амбалажа од внатрешноста на печката и на вратата.
  2. Кога ње ја отстраните амбалажата, проверете да не дошло до видливи оштетувања на печката, пред се:
  3. изместена врата,
  4. оштетена врата,
  5. вдлабнатини или дупки на стаклениот прозорец на вратата или на екранот,
  6. вдлабнатини во внатрешноста (комората) на печката.
    Ако забележите некое од наведените оштетувања, НЕ употребувајте ја печката.
  7. Микробрановата печка тежи 10,5 kg; поставете ја на водорамна подлога што е довольно цврста да ја издржи нејзината тежина.
  8. Поставете ја печката подалеку од извори на топлина и на пареа.

  9. НЕ ставајте ништо на печката.

  10. Поставете ја печката најмалку осум сантиметри подалеку од страните и десет сантиметри од задниот сид, за да обезбедите доволна вентилација.
  11. За да обезбедите довольно зрачење, околу страните на печката треба да има барем 7,5 см простор, а над неа 30 см.
  12. Не отстранувајте ги погонските оски на ротационото лежиште.
  13. Како и кај сите други апарати така и кај овој е потеребен грижлив надзор кога го употребуваат децата.
  14. Приклучокот за електрично напојување мора да биде лесно достапен, за да може уредот во случај на опасност лесно да се исклучи. Или потребно е печката да се одвои од изворот на електрична енергија преку вградување на прекинувач во фиксното поврзување во согласност со правилата за поврзување на електричните инсталации. Приклучете го уредот на монофазна 230 V/50 Hz наизменична струја преку правилно поставен заземјен приклучок. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ! ОВОЈ АПАРАТ МОРА СЕ ЗАЗЕМЈИ ! Производителот ја отфрла секоја одговорност ако не се почитува оваа безбедносна мерка.
  15. На печата и е потребна влезна моć од 1,1 kVA. Препорачуваме при инсталација на печата да се посоветувате со сервисер, односно со копметентен стручњак.
    ВНИМАНИЕ: Печката има сопствена заштита и тоа осигурувач 250V, 8A.

Важни упатства

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ- За да го намалите ризикот од изгореници, електричен удар, пожар, телесни повреди или големо количество на микробранова енергија:

Никогаш не допирајте ја површината на уреди за гreeње и отвење. Таа ќе се вжешти додека работи. Чувајте ги децата на соодветна оддалеченост од уредот. Постои ризик од изгореници.

GORENJE MO200MS - Важни упатства - 1

Извор на микробранова радијација и висок напон! Не вадете о капакот.

- ВНИМАНИЕ! Апаратот и неговите делови што може да се дофатат стануваат врели за време на употребата. Треба да

се внимава односно да не се допираат загреаните елементи. Децата помали од 8 години се препорачува да се држат подалеку од апаратот,освен ако тие не се под постојан надзор.

Овој апарат можат да го користат деца кои веće наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности како и лица кои немаат довольно искусство и знаење ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да се под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот.

Чистењето и корисничкото одржувањето не треба да го изведуват деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.

Чувајте го апаратот и неговиот кабел подалеку од дофат на деца помали од 8 години.

- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога апаратот работи во комбиниран начин, а поради многу високите температури што тогаш настануваат, децата смеат да го употребуваат апаратот само под грижлив надзор на возрасните (само за апарати со функцијата жар)

- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата или дихтувачите за вратата се оштетени, апаратот не смеете да го употребувате, додека не го поправи стручно лице.

- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секоја поправка или сервис изведена од кој било друг освен од овластен сервисер и при која е потребно да се отстрани покривот за заштита од микробрановите зраци е опасна и ризична.

- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течностите и другата храна не загревајте ги во затворени, односно во покриени садови или, пак, во затворена амбалажа, бидејки истите може да експлодираат.

- не отстранувајте ги нозете на печката и не покривајте ги отворите за венталиција.

- Употребувајте ги помагалата (помошните средатва), соодветно за употреба во микробанова печка.

- Кога загревате храна во пластична или во хартиена амбалажа, односно чинија, надгледувајте го процесот на загревање поради опасноста таквата амбалажа, т.е. сад, да се запали.

- Ако забележите чад, апаратот исключете го од електричната мрежа, а вратата оставете ја затворена, за да го изгаснете можниот орган.

- Кога во микробрановата печка загревате пијалак, по некое време може пијалокот да зоврие и да претече, па затоа во таков случај однесувајте се особено внимателно.

- За да не дојде до изгореници, пред употребата промешајте ја или протресете ја содржината на шишенцето за доенчиња или шишенцата со храна за доенчиња и проверете ја температурата на содржината.

- Во микробрановата печка не загревајте јајца со лушпа или тврдо варени јајца бидејки може да експлодираат, дури и откако загревањето во печката е веке завршено.

- Кога ја чистите површината на вратата, дихтувачката површина, внатрешноста на печката, употребувајте само благи и нежни (не абразивни) средства за чистење, нанесете ги со сунгер или со мека крпа.

- Редовно чистете ја печката и отстранувајте ги можните остатоци од храна.

- Ако редовно не ја одржувате и чистите печката, може да дојде до нагризување на површината, што негативно влијае на животниот век на апаратот и го зголемува ризикот од опасност при неговата употреба.

- Ако приклучниот кабел е оштетен, за да се избегне опасност, истиот може да го замени само производителот, овластениот сервисер или друг соодветно оспособен стручњак.

- Не дозволувајте прилучниот кабел да виси преку работ на масата или работната површина или да допира врели површини.

- За да не се изложите на опасност, апаратот никогаш не го приклучувајте на надворешен прекинувач контролиран преку тајмер или систем со далечинско управување.

  • Не се обидувајте сами да ја замените сијаличката во печката или пак да дозволите некому кој не е овластен од Gorenje сервисот да го стори тоа. Ако сијаличката прегори, консултирајте се со овластениот застапник или контакрирајте го овластениот сервис на Gorenje.
  • ВНИМАНИЕ : Не користете комерцијални средства за чистење rerни, чистачи на пареа, абразивни и груби средства за чистење, никакви средства што содржат натриум хидроксид или жици за гребење на ниту еден дел на микробрановата печка.

Безбедносни упатства за општа употреба

Во продолжение наведуваме неколку општи правила што, како и за сите апарати, треба да се почитуваат за да обезбедат најдобро работење на печката.

  1. Кога ја употребувате печката, стаклената подлога, рачката на моторот, склопката, како и лежиштето-обрач треба да бидат секогаш наместени.
  2. Печката употребувајте ја само за подготовка на храна, а никогаш за, на пример, сушење облека, хартија или други непрехранбени производи или за стерилизација.
  3. Не активирајте ја печката кога е празна бидејки со тоа можете да ја оштетите.
  4. Во внатрешноста на печката не чувајте ништо, а особено не списанија, книги за готвење и сл.
  5. Не користете ја печката за зимница, т.е. за конзервирање храна бидејки микробрановите печки не го овозможуваат тоа. Несоодветно конзервираната храна може да се расипе, а нејзиното консумирање е опасно.
  6. Не варете јајца со лушпа бидејки може да пукнат. Може да се случа при варење да пукне и излупено јајце. Секогаш гответе ги покриени, а по завршувањето почекајте минута пред да го отстраните капакот.
  7. Не гответе храна обвиткана со мембрана, како жолчки, компир, пилешки цигер и сл. доколку претходно не ја продупчите обвивката на повеće места со виљушка.
  8. Не ставајте ништо во отворите на надворешното кукиште.
  9. Никогаш не отстранувајте поединечни делови од печката, н.пр. нозе, спојки и сл.
  10. Не гответе храна директно врз стаклената подлога. Храната се става во/на соодветен сад.

ВАЖНО - КУЈНСКИ ПОМАГАЛА ШТО НЕ СМЕАТ ДА СЕ УПОТРЕБУВААТ ВО МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА

  • Не употребувајте метални садови или лонци со метални дршки.
  • Не употребувајте ништо со метален раб или украс.
  • Не употребувајте затворачи за пластични єесиња од жица, прекриени со хартија.
  • Не употребувајте садови од меламин, тој содржи материјал што ја апсорбира микробрановата -енергија. Поради тоа храната може да пукне или да загори, а времето на готвење єе биде подолго.
  • Не употребувајте садови и шишиња со тенко грло бидејки при загревањето во микробранова печка може да пукнат.
  • Не употребувајте обични термометри за месо или за слатки, постојат специјални термометри за микробранова печка што може да ги користите.

  • Помагалата за микробранова печка користете ги со почитување на упатствата од нивните производители.

  • Не обидувајте се да пржите храна во микробранова печка.
  • Не заборавете дека микробрановата печка ја загрева само течноста во садот или во чашата, а не и садот. Затоа и во случај кога капакот или садот не се жешки на допир, храната, т.е. течноста ће ослободува пареа или ће врие кога ће ја извадите од печката, исто како и при нормално готвење.
  • Секогаш сами проверете ја температурата на подготвената храна, а особено ако загревате или готвите храна и пијалак за децата. Препорачуваме никогаш да не консумирате храна или течност непосредно по нејзиното вадење од печката, туку да почекате неколку минути и да промешате за да се распредели рамномерно топлината.
  • Откако храната е подготвена и печката ислучена и ако содржи мешавина од масти и вода, на пример бујон за супа, нека остане во печката уште 30–60 секунди пред да ја извадите надвор. Со тоа овозможувате мешавината да се сталожи, а истовремено спречувате вриење,создавање меурчиња кога во неа ње ставите лажица или коцка.
  • Кога подготвувате храна или пијалак, секогаш доследно почитувајте ги упатствата во книгата за готвење, т.е. во прирачникот и не заборавајте дека некои видови храна, на пр. божиќен пудинг, мармелад и пита со мелено месо, се загреваат многу брзо. Храната со висок процент на масти или шекер не загревајте ја и не гответе ја во пластични садови.
  • Помагалата за готвење што ги употребувате може да се загреат заради топлината што ја испушта храната во нив. Тоа важи особено ако врз садот или рачката е ставена пластична фолија. Затоа можеби їе ви требаат кујнски ракавици.

Приказ на основните составни делови

GORENJE MO200MS - Приказ на основните составни делови - 1

1 Безбедносен систем за затворање на вратата.
2 Прозорец
3 Отвори за вентилација
4 Лежиште-обрач
5 Стаклена подлога – послужавник
6 Управувачка плоча

Помагала

  1. додаток (квачило): поставено на осовината на моторот на дното на перната.
    Намена: ја врти подвижната плоча.
  2. Обрачот за лежиште: поставете го на средина на долната страна (дно) на рерната.
    Намена: ја држи подвижната плоча.
  3. Подвижна плоча: поставете ја на обрачот за лежиште, така да на средината навлезе на додатокот (квачило).
    Намена: подвижната плоча е основна површина за готвење, односно за приготвување на храна. Можете едноставно да ја извадите и измиете.

ВАЖНО: Не ја користете перната ако обрачот за лежиште и подвижната плоча не се на своето место!

Надзорна плоча

GORENJE MO200MS - Надзорна плоча - 1

radar | Time (min) | Value | |------------|-------| | 0 | 0.1 | | 1.5 | 0.2 | | 30 | 0.3 | | 1.4 | 0.4 | | 1.3 | 0.5 | | 25 | 0.6 | | 1.2 | 0.7 | | 1.1 | 0.8 | | 20 | 0.9 | | 1.0 | Med | | 0.9 | High | | 1.5 | Low | | 20 | Med |
  1. Копче за регулирање на време (0-30 минути)
  2. Копче за регулирање на јачина (степени)

Како работи микробрановата печка

Микробрановите се високо-фреквентни електромагнетни бранови; енергијата која ја произведуваат овозможува загревање односно готвење на храната без промена на нејзиниот облик и боја. Во микробрановата rerна можете да одмрзнувате, брзо подгревате или готвите храна.

Принцип на работење

  1. Кога храната се врти на подвижната плоча, зраците коиги емитува електромагнетот (магнетрон) рамномерно се распоредуваат; така да храната е рамномерно зготвена.
  2. Храната ги прима зраците до длабочина приближно 2,5см (1инч). Готвењето понатаму продолжува така што топлината се шири по храната.
  3. Времето на готвење се разликува во зависност од типот на храната и нејзините характеристики:

  4. количина и густина

  5. содржина на вода односно влага
  6. почетна температура (разладена храна).
    Со оглед на тоа дека храната во средина се готви со ширење на топлина, процесот продолжува и одкако храната е извадена од rerна. Затоа оставете довольно време, кое е наведено во рецептите во оваа книгичка, храната да одстои по готвењето, затоа што така ће обезбедите:
  7. рамномерно готвење на храната се до сржта,
  8. еднаква температура низ целото парче кое се подготвува.

Поверка дали печката работи правилно

  1. поставете сад со вода на подвижната плоча.
  2. копчето за регулирање на јачината на зрачење завртете го на највисокиот степен.
  3. со копчето за регулирање на времето одберете време 4-5 минути. Печката мора да биде приключена во струја, а подвижната плоча да е на место.
    Ако не ја одберете максимальната јачина, ће биде потребно повеће време за водата да зоврие.

Ако се појави некој од доленаведените проблеми, пробајте да го отстраните на предложените начини.

Следните појави се вообичаени:

  • кондензирана влага во внатрешноста на перната,
  • кружење на воздух околу вратата на перната и околу кућиштето,
  • одсјај на светлина во околината на вратата и кућиштето.
  • пареа излегува од околината на вратата или од отворите за зрачење.

- Кога ће го свртите копчето за регулирање на времето, печката не се уклучува; Дали вратата е затворена?

• Храната воопшто не е зготвена;

Дали правилно го регулиравте времето на готвење?

Дали вратата е затворена?

Дали не сте ја преоптеретиле електричната мрежа, па прегорел некој осигурувач, дали се вклучила направата за прекин на струјното коло?

- Храната е преварена или недоволно варена;

Дали сте го одбрале правилно времето на приготвување?

Дали сте ја одбрале соодветната јачина на зрачење?

- Во внатрешноста на перната се појавуваат искри;

Дали користите садови со метални украси или ивици?

Дали во перната сте оставиле вилушка или некој друг метален предмет?

Дали алуминиумската фолија е прилепена за уидот на перната?

НИВО НА ЈАЧИНАТА НА ЗРАЧЕЊЕ

Висока (Хигх)700 Ћатт
Средно висока (Медиум Хигх)539 Ћатт
Средна (Медиум)385 Ћатт
Средна ниска (Медиум лоњ)252 Ћатт
Ниска (Лоњ)119 Ћатт
Одмрзнување (Дефрост)252 Ћатт

Брз водич за ракување

Рачно одмрзување на храна

Функцијата одмрзнување Ви овозможува одмрзнување на месо, пилиња и риба.

Поставете ја снрзнатата храна на средината на подвижната плотна и затворете ја вратата.

  1. Копчето за регулирање на јачината на зрачење свртете го на дефрост (одмрзнување), помеђу средно (медиум) и средно ниска (медиум лоњ) јачина на зраците.
  2. Со копчето за регулипање на време одберете го соодветното време за одмрзнување.

Во продолжение е опишана постапката, како да зготвите или загреете храна. СЕКОГАШ проверете ја регулираната температура пред да се тргнете до запалената печка. Најпрвин сместете ја храната на средината на подвижната плоча и затворете ја вратата.

  1. Копчето за јачинана на зрачење поставете го на највисокиот степен (Хигхмаксимална јачина 700 Ъатт.)
  2. Со копчето за регулирање на време одберете го саканото време на траење на готвењето. Осветлувањето во внатрешноста на рерната ће почне да свети и подвижната плоча да се врти.
  3. Со вртење на копчето за регулирање на јачината можете да ја менувате јачината на зраците во текот на готвењето.

Прекинување на готовњето

  1. За привремено прекињување со готвењето:

- отворете ја вратата и готвењето се прекинува, за продолжување, затворете ја вратата.

  1. За целосно прекинување на готвењето, свртете го копчето за регулирање на времето на 0.
Помагала за готвењеСоодветно за употребаНапомена
Алуминиумска фолијаВнимателноМоже да користите помали парчиња за заштита на поединечни делови од храната против прегревање. Доколку фолијата е премногу или ако е преблиску до страните може да дојде до појава на искри.
Плоча за запекување на хранатаДаНе загревајте ги повеће од 8 минути.
Порцелан и глинени садовиДаМоже да се користи доколку нема метални украси
Садови од картон и полиестер за еднократна употребаДаНекои видови на замрзната храна се во таква амбалажа.
Амбалажа од брзоприпремената храначаши од стиропор, Хартиени кеси,/веснициДаНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНаТаклена амбалажа-огноотпорни садови.Фини стаклени садови и чашиСтакленициСоодветно за подгревање, но полистиренот при претерано загревање може да се растопи.Може да се запали.Може да предизвика искри.Соодветно, доколку нема метални украси.Кај брзо загревање осетливото стакло може да пукне.Тргнете го капакот, соодветно само за загревање.
Метални садовиКесички за замрзнувач со металХартиени садови и чаши,НеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеНеМетални садовиКесички за замрзнувач со металХартиени садови и чаши,Може да предизвика искри или пожар.Може да предизвика искри или
хартиени салфети,хартиени брисачи.Рециклирана хартијаВнимателноНепожар.Соодветно за краткоприготвување или зазагревање. Употребливо и завпивање на вишокот на влага.Може да предизвика искри
Пластични садовиДаНајсоодветни се садовитеотпорни на температура. Другапластика може да седеформира или да ја загубибојата. НЕ УПОТРЕБУВАЈТЕМЕЛАМИН.Употреблива или наменета зазадржување на влага. Несмее да ја допира храната,внимателно одстранете ја.Само доколку се прикладни иза вриење и користење ворерна, не смеат да бидатнепропустливи, секогашпрободете ги со вилушка.
Поливинил фолијаДа
Кесички за замрзнувачВнимателно
Восочна или импрегнирана хартијаДаУпотреблива за спречување напрскање или задржување навлага.

Одмрзување на храна

Микробрановата печка е одлично помагало за одмрзнување на замрзната храна. Микро зраците нежно ја одмрзнуваат храната за рекордно кратако време. Ова е посебно добредојдено доколку имате неочекувате посета. Замрзнатите птици пред гопвењето потребно е темелно да се одмрзнати. Месото извадете го од амбалажата за одмрзнатата течност да истече. Замрзнатата храна ставете ја во сад без капак. На половина одмрзнување завртете ја, изцедете ја течноста и одстранете ги внатрешностите штом е тоа возможно. Повремено проверете дали површината на храната е топла. Доколку помалите и потенки делови на месото почнуваат да се загреваат, можете да ги заштитите со мали парчиња алуминиумска фолија која во текот на одмрзнувањето ће ја замотате околу нив. Ако надворешната површина на птицата почне да се загрева, престанете со одмрзнувањето и пред да продолжите со одмрзнување, нека одстои барем 20 минути.

COBET: Парчињата на храна со рамна површина се одмрзнуваат побрзо од дебелите парчиња, и за помали парчиња времето потребно за одмрзнување е пократко одколку за поголемите. Ова треба да се има во предвид при одредување на времето за одмрзнување.

Чишчење на микробрановата печка

За да го спречите таложењето на маснотиите и остатоците од храната, редовно чистете ги следните делови на микробрановата печка:

  • внатрешната и надворешната површина,
  • вратата и затварачите на вратата,
  • подвижната плоча и обрачот за лежиште.

Секогаш проверете дали затварачите на вратата се чисти како и дали вратата се затвара добро.

  1. Надворешната површина изчистете ја со мека крпа и топла вода, со малку средство за чистење.
  2. Одстранете ги евентуалните капки маснотии или флеки на внатрешната површина и на обрачот за лежиште, со крпа натопена во благ раствор на детергент, измијте и исушете.
  3. За да ги омекнете втврдените остатоци од храна и го одстраните непријатниот мирис, поставете чаша со растворен сок од лимон на подвижната плоча и десетина минути загревајте ја перната на максимална јачина.
  4. Стаклената подвижна плоча можете да ја миете и во машина за миење садови; измијте ја по потреба.

ВНИМАНИЕ!

Не истурајте вода на отворите за зрачење, никогаш не користете груби средства и помагала за чистење или хемиски разредувачи. Посебно внимание посветете на чистењето на затварачите на вратата; спречете да се насобере нечистотија на нив која би можела да го спречи нејзиното правилно затварање.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Не го фрлајте на апаратот во нормален домашен отпад,туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.

ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС

Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контакрајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контакрајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаќинство.

Не е за комерцијална употреба!

Корисни совети како и дополнителни упатства за печење со микробранови можете да најдете на нашата web страна: http://www.gorenje.mk

ГОЛЕМО УЖИВАЊЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕТО НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА ВИ ПОСАКУВА

gorenje

Проверете дали вратата е затворена?

ПРЕНАСТРОЙВАНЕ НА ВРЕМЕТО ЗА ГОТВЕНЕ

Само за лична употреба!

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : MO200MS

Категорија : Микробранова