ERN 29770 - фрижидер ELECTROLUX - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ERN 29770 ELECTROLUX во PDF формат.
Прашања на корисниците за ERN 29770 ELECTROLUX
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ERN 29770 - ELECTROLUX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ERN 29770 на марката ELECTROLUX.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ERN 29770 ELECTROLUX
Видете повеќе како размислуваме на
www.electrolux.com
СОДРЖИНА
Безбедносни информации 51
Контролна табла 53
Прва употреба 56
Секојдневна употреба 56
Помошни напомени и совети 57
Нега и чистење 58
Што да сторите ако... 60
Технички податоци 62
Монтажа 62
Еколошки мерки 67
Можноста за промени е задржана

За ваша безбедност и за да се обезбеди правилна употреба, пред да го наместите и да го користите апаратот првпат, прочитајте го упатството за употреба внимателно, вклучувајки ги и советите и предупредувањата. За да се избегнат непотребни грешки и незгоди, важно е сите што го користат апаратот да се темелно запознаени со начинот на работата и безбедносните функции. Чувајте го упатството и погрижете се да биде со апаратот ако се премести или продаде, за да може секој што го користи во работниот век да биде правилно информиран за употребата на апаратот и за безбедноста. За безбедност на животот и имотот чувајте ги опомените за претпазливост од ова упатство бидејки производителот не е одговорен за штетите предизвикани од нивното непочитување.
Безбедност на децата и помалку вештите лица
- Апаратот не е наменет да го користат лица (вклучувајки и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или што немаат искусство и знаење, освен ако не се под надзор или се упатени за користење на апаратот од страна на лице што е одговорно за нивната безбедност.
Децата треба да се под надзор за да не си играат со апаратот.
- Чувајте ги сите материјали за пакување далеку од децата. Постои опасност од задушување.
- Ако го расходувате апаратот, извлечете го кабелот за струја од штекерот, исечете го (што е можно поблиску до апаратот) и извадете ја вратата за да спречите децата што си играат да не ги удри струја или да не се затворат во него.
- Ако апаратов, кој има магнетизирани гуми за затворање, треба да замени постар апарат што има брава со пружина на вратата или капакот, погрижете се да ја неспособите бравата со пружина пред да го расходувате стариот апарат. Така ќе се спречи тој да стане смртоносна стапица за децата.
Општа безбедност
ВНИМАНИЕ Внимавајте отворите за проветрување да не бидат блокирани.
- Апаратот е наменет за чување прехранбени продукти и пијалаци во нормално домакинство, како што е објаснето во ова упатство.
- Не користете механички уреди или вештачки средства за забрзување на топењето.
-
Не користете други електрични апарати (на пр. мешалки за сладолед) внатре во ладилници, освен ако не се одобрени за таква намена од страна на производителот.
-
Не оштетувајте ја инсталацијата за средството за ладење.
- Средството за ладење изобутан (R600a), што кружи низ инсталацијата за ладење на апаратот, е природен гас со високо ниво на еколошка подобност, но сепак е запалив.
За време на превозот и местењето на апаратот, внимавајте да не се оштети ниеден дел од инсталацијата за ладење.
Доколку се оштети инсталацијата за ладење:
– избегнувајте отворен орган и извори на искри
– проветрете ја темелно собата во која е сместен апаратот - Опасно е да се менуваат спецификациите или да се вршат какви било промени на производот.
Секое оштетување на кабелот може да предизвика краток спој, пожар и/или струен удар.
!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Сите електрични делови (кабелот за струја, приклучокот, компресорот) мора да ги заменува сертифициран или квалификуван сервисер.
- Кабелот за струја не смее да се продолжува.
- Проверете приклучокот за во штекер да не е смачкан или оштетен од задниот дел на уредот. Смачкан или оштетен приклучок за во штекер може да се прегрее и да предизвика пожар.
- Внимавајте кабелот за струја на апаратот да е пристапен.
- Не влечете го кабелот за струја.
- Ако штекерот е разлабавен, не ставајте го приклучокот во него. Постои опасност од струен удар или пожар.
- Апаратот не смее да работи без капакот за ламбата ^19) на внатрешното светло.
- Овој апарат е тежок. Бидете внимателни кога го преместувате.
- Не вадете ги и не допирајте ги предметите во преградите на
19) Ако е предвидено капаче за светилката.
20) Ако е предвидена светилка.
21) Ако апаратот има заштита од замрзнување.
замрзнувачот ако рацете Ви се водени или влажни, зашто така може да дојде до гребење на кожата и смрзнатици.
- Избегнувајте подолга изложеност на апаратот на директна сончева светлина.
- Електрични ламби во форма на крушка ^20) во овој апарат се користат светилки за специјална намена само во апарати за домакинството. Тие не се погодни за собно осветление.
Секојдневна употреба
- Не ставајте жешки садови на пластичните делови на апаратот.
- Не чувајте запаливи гасови и течности во апаратот, зашто тие може да експлодираат.
- Не ставајте прехранбени продукти директно врз отворите за воздух на задниот сид. ^21)
- Смрзнатата храна не смее повторно да се смрзнува откако єе се одмрзне.
- Чувајте ја претходно спакуваната смрзната храна во согласност со упатствата на нејзиниот производител.
- Мора строго да се почитуваат препораките за чување на производителот на апаратот. Видете во соодветното упатство.
- Не ставајте содирани или газирани пијалаци во преградите на замрзнувачот, бидејки тие создаваат притисок во садот, што може да предизвика негово експлодирање, што може да заврши со оштетување на апаратот.
- Смрзнатите лижавчиња може да предизвикаат смрзнатици ако се конзумираат веднаш.
Одржување и чистење
- Пред одржување, исключете го апаратот и извадете го приклучокот за струја од штекерот. Ако не можете да пријдете кон приклучокот за струја, прекинете го струјното коло.
-
Не чистете го апаратот со метални предмети.
-
Не користете остри предмети за вадење на мразот од апаратот. Користете пластичен гребач.
- Редовно проверувајте го одводот на фрижидерот за одмрзната вода. Ако е неопходно, исчистете го одводот. Ако одводот е блокиран, їе се собира вода на дното на фрижидерот.
Местење
ВАЖНО За електричното поврзување, внимателно постапете според упатствата дадени во одделните пасуси.
- Распакувајте го апаратот и проверете да не е оштетен. Не приклучувајте го апаратот ако е оштетен. Пријавете ги евентуалните оштетувања веднаш таму каде што сте го купиле апаратот. Во тој случај, престанете со распакување.
- Препорачливо е да се почека најмалку четири часа пред да се приклучи апаратот за да може маслото да се врати во компресорот.
- Околу апаратот треба да има соодветно кружење на воздухот - без него може да дојде до прегревање. За да се постигне довольно проветрување, следете ги упатствата за местење.
-
Секогаш кога е можно, задниот дел на производот треба да е блиску до сид, за да не биде можно допирање или фаќање на топлите делови (компрессорот, кондензаторот) и изгорувањето од нив.
-
Апаратот не смее да се наоға блиску до радијатори или плински шпорети.
- Внимавајте штекерот да е пристапен по местењето на апаратот.
- Поврзувајте само со довод на вода за пиење. ^22)
Сервисирање
- Електричните приспособувања потребни за сервисирање на апаратот треба да ги изврши квалификуван електричар или компетентно лице.
- Производот мора да го сервисира овластен Сервисен центар и мора да се користат само оригинални резервни делови.
Апаратот не содржи гасови што може да го оштетат озонскиот слој ниту во водовите за ладење, ниту во изолациските материјали. Апаратот не смее да се расходува заедно со обичен комунален смет и губре. Изолациската пена содржи запаливи гасови: апаратот мора да се расходува согласно со важечките прописи што може да ги добиете од локалните власти. Избегнувајте оштетување на уредот за ладење, особен одзади, близу до разменувачот на топлина. Материјалите употребени за овој апарат означени со симболот ⚙️ се рециклираат.
КОНТРОЛНА ТАБЛА

1 Прекинувач ON/OFF (вклучување/ислучување)
2 Регулатор на температурата на замрзнувачот
22) Ако е предвидено водоводно поврзување.
3 Копче за прикажување на
температурата на фрижидерот-
замрзнувачот
4 Екран
5 Функциско копче
Прекинувач за ресетирање на
алармот
6 Регулатор на температурата на фрижидерот
Екран

1 Индикатор за комората на фрижидерот
2 Индикатор за комората на замрзнувачот
3 Индикатор за позитивна или за негативна температура
4 Температурен индикатор
5 функциja Action Freeze
6 функција Shopping
Вклучување
Откако їе го приключите кабелот во штекер, ако екранот не се осветли, притиснете го копчето за вклучување/исклучување.
Штом се вклучи апаратот, следниве сигнали се појавуваат на контролната табла:
- Показателот за позитивна или негативна температура єе биде позитивен, укажувајки дека температурата е во плус
• температурата трепка, заднината на екранот е црвена и єе чуете зуење. Притиснете го копчето за функции и зуењето єе престане (видете и во "Аларм за прекумерна температура" ). Поставете ја саканата температура (видете во "Регулирање на температурата").
Исклучување
Апаратот се ислучува со држење на прекинувачот за вклучување/исклучување подолго од 1 секунда.
После тоа се прикажува одбројување на температурата од -3 -2 -1.
Кога апаратот е исклучен, се гаси и екранот.
Прикажување на температурата
Секогаш кога їе се притисне копчето за прикажување на температурата на фрижидерот-замрзнувач, на екранот се прикажува, едно по друго:
- – Показателот за фрижидерската комора свети.
– На екранот се прикажува температурата на фрижидерот.
- – Показателот за замрзнувачката
комора свети. 23)
– На екранот се прикажува температурата на замрзнувачот.
Како и да е, по 10 секунди нормалното функционирање на екранот се враćа.
Мени со функции
Секогаш кога їе се притисне копчето за функции, следниве функции се активираат во насока одлево надесно:
• Action Freeze функција
- Shopping функција
- нема символ: нормално работење.
ВАЖНО Може да включите само една функција одеднаш.
За да ги исключите функциите, притискајте го копчето за функции повекепати додека не ги снема иконите.
Регулирање на температурата
Температурата во апаратот се контролира со регулаторот на температура што се наоға на горниот дел на апаратот.
Температурата на фрижидерската комора може да се регулира со вртење на регулаторот на температурата на фрижидерот и може да варира меѓу повеќе или помалку од +2°C и +8°C. Температурата на замрзнувачката комора може да се регулира со вртење на регулаторот на температурата на заамрзнувачот и може да варира меѓу повеќе или помалку од -15°C и -24°C.
Со вртење на регулаторот за температура, екранот трепка и ја прикажува саканата температура.
За правилно чување на храната треба да се постават следниве температури: +5°C во фрижидерот
-18°C во замрзнувачот.
Откако ће се постави саканата температура, ако регулаторот за температура не се сврти во рок од 5 секунди, ће се прикаже температурата на замрзнувачката комора.
За да работите со апаратот, постапете на следниов начин:
• свртете го регулаторот на температурата надесно за да постигнете максимально ладење;
• свртете го регулаторот на температурата налево за да постигнете минимално ладење.
Средната положба обично е најпогодна. Меѓутоа, точната поставка треба да се одбере имајки предвид дека температурата во внатрешноста на апаратот зависи од:
- собната температура
• колку често се отвора вратата - количество храна што се чува
- местоположбата на апаратот.
Функција Shopping
Ако треба да ставите големо количество храна, на пример откако сте се вратиле од пазарење продукти, предлагаме да ја активирате функцијата Shopping за да ги изладите продуктите побрзо и да избегнете загревање на другата храна што е веке во фрижидерот.
Функцијата Shopping се активира со притискање на функциското копче (неколкупати, ако е потребно) додека не се појави соодветната икона 🚙️.
Функцијата Shopping се ислучува автоматски по околу 6 часа.
Оваа функција се користи за активирање на кус звучен сигнал при секое притискање на некое копче (видете во "Активирање на функциите).
Функција Action Freeze (Акциско смрзнување)
За смрзнување свежа храна, ће мора да ја активирате функцијата Action Freeze.
Притиснете го функциското копче (неколкупати, ако е потребно) додека не се појави соодветната икона.
Ова функција се исклучува автоматски по 52 часа.
Функцијата може да се ислучи во секое време со притискање на функциското копче (видете во "Мени со функции").
Аларм за прекумерна температура
Зголемувањето на температурата во комората на замрзнувачот (на пример, поради тоа што снемало струја) се означува со:
- трепкање на температурата
- трепкање на комората на замрзнувачот (индикаторот за комората на замрзнувачот)
• црвено осветлување на екранот
• звучен сигнал
• символ на аларм.
Кога ње се вратат нормалните услови:
• звучниот сигнал се исклучува
- бројката на температурата продолжува да трепка
- осветлувањето на екранот останува црвено.
Кога ќе го притиснете функциското копче / прекинувачот за ресетирање на алармот за да го исключите алармот, највисоката достигната температура во комората се прикажува на показателот
88 неколку секунди.
Во тој момент, трепкањето престанува и осветлувањето на екранот се менува од црвено во бело.
За време на тревожењето, звучниот сигнал може да се ислучи со притискање на функциското копче / прекинувачот за ресетирање на алармот.
ПРВА УПОТРЕБА
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот, измијте ја внатрешноста и сите внатрешни додатоци со млака вода и малку неутрален сапун за да се отстрани карактеристичниот мирис на
СЕКОДНЕВНА УПОТРЕБА
Смрзнување свежа храна
Комората на замрзнувачот е погодна за замрзнување свежа храна и чување смрзната и длабоко-смрзната храна подолго време.
За да смрзнете свежа храна, включете ја функцијата Action Freeze барем 24 часа пред да ја ставите храната да се мрзне во комората.
Ставете ја свежата храна за мрзнење во горниот дел на замрзнувачот, бидејки тоа е најстуденото место.
Максималното количество храна што може да се смрзне за 24 часа е одредено на плочката со спецификации, што се наога од внатрешната страна на апаратот.
Смрзнувањето трае 24 часа: за време на овој период не додавајте друга храна за мрзнење.
Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен период некористење, пред да ставите производи во комората, оставете апаратот да работи барем 12 часа на најголемата поставка за Action Freeze. Ако треба да се чуваат поголеми количества храна, извадете ги сите фиоки и корпи од апаратот и ставете ја храната на полици за ладење за да добиете најдобри перформанси.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Внимавајте храната да не го надмине граничникот за полнење што се
Осветлувањето на екранот останува црвено додека не се вратат нормалните услови за чување.
новите производи, па исушете го темелно.
ВАЖНО Не користете детергенти или груби прашоци, тие може да ја оштетат политурата.

ВАЖНО Во случај на случајно одмрзнување, на пример поради снемување струја, ако немало струја подолго време отколку под ставката "време на одржување" во табелата за технички характеристики, одмрзнатата храна мора да се изеде брзо или да се зготви веднаш, а потоа повторно да се смрзне (откако ће се излади).
Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна, пред да се употреби, може да се одмрзне во преградата на фрижидерот или на собна температура, зависно од времето достапно за оваа постапка. Малите парчиња може дури и да се готват смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој случај, готвењето ке трае подолго.
Акумулатори на студ
Фрижидерот содржи барем еден акумулатор на студ што го продолжува времето на чување во случај на снемување струја или расипување.
Правење коцки мраз
Апаратот е опремен со еден или повеќе садови за правење коцки мраз. Наполнете ги садовите со вода, потоа ставете ги во преградата на замрзнувачот.
ВАЖНО Не користете метални алатки за вадење на садовите од замрзнувачот.
Подвижни полици
На сидовите на фрижидерот се монтирани низа држачи, така што полиците може да се наместат по желба.

За приспособување, постапете на следниов начин:
постепено влечете ја полицата во насоката на стрелките додека не се ослободи, потоа наместете ја по желба.

Местење на полиците на вратата
За да се овозможи чување пакувања во разни големини, полиците на вратата
Совети за штедење енергија
- Не отворајте ја вратата често и не оставајте ја отворена подолго отколку што е неопходно.
- Доколку околната температура е висока, регулаторот за температура е на најголемата поставка и апаратот е целосно наполнет, компресорот може да работи непрестано, што ће предизвика формирање мраз на испарувачот. Ако се случи тоа, свртете го регулаторот за температура кон помалите вредности за да овозможите автоматско одмрзнување, со што ће заштедите и електрична енергија.
Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
- не ставајте топла храна или течности што испаруваат во фрижидерот
- покривајте ја или виткајте ја храната, особено ако има посилен вкус
• ставајте ја храната така што воздухот може да кружи слободно околу неа
Совети за ладење
Корисни совети:
Месо (сите видови) : виткајте го во пластични юесички и ставајте го на стаклената полица над фиоката за зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој начин само еден или најмногу два дена.
Зготвена храна, ладни јадења и сл.: тие треба да се покриени и може да се стават на која било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво измиени и ставени во специјалните фиоки за нив.
Путер и сирење: тие треба да се во посебните херметички садови или
завиткани во алуминиумска фолија или пластични єесички за да се спречи допирот со воздух.
Шишиња млеко: тие треба да имаат капаче и да се ставаат на полицата за шишиња на вратата.
Бананите, компирите, кромидот и лукот, ако не се спакувани, не смеат да се чувват во фрижидер.
Совети за смрзнување
За најдобро користење на смрзнувањето, еве неколку важни совети:
- максимальното количество храна што може да се смрзне за 24 часови е покажано на плочката со спецификации;
- смрзнувањето трае 24 часа. Не треба да се додава храна за смрзнување во тој период;
- смрзнувајте само квалитетна, свежа и убаво измиена храна;
• поделете ја храната во мали порции за да може брзо и целосно да се смрзне и за да овозможите одмрзнување само на потребните количества; - завиткајте ја храната во алуминиумска или пластична фолија убаво и стегнато;
-
не дозволувајте свежата несмрзната храна да ја допира храната што е веće смрзната, за да не ја загреете вторава;
-
немасната храна се чува подобро и подолго отколку масната; солта го намалува векот на чување на храната;
- водениот мраз, ако се конзумира веднаш по вадењето од преградата на замрзнувачот, може да предизвика смрзнатици на кожата;
- препорачливо е да се запише датумот на смрзнување на секое пакување за да можете да водите сметка за времето на смрзнатост.
Совети за чување смрзната храна
За да добиете најдобри перформанси од апаратот, почитувајте ги следниве напомени:
• проверувајте дали комерцијалните смрзнати прехранбени продукти биле соодветно чувани кај продавачот;
- внимавајте смрзнатите прехранбени продукти да се пренесат од продавницата до замрзнувачот во најкраток можен рок;
- не отворајте ја вратата често и не оставајте ја отворена подолго отколку што е неопходно.
- Штом ће се одмрзне, храната се расипува брзо и не може повторно да се смрзне.
- Не надминувајте го препорачаниот период за чување.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ

ВНИМАНИЕ Исклучете го апаратот од струја пред да вршите каква било постапка за одржување.

Апаратот содржи јагленохидрати во уредот за ладење; одржувањето и повторното полнење може да ги вршат само овластени техничари.
Периодично чистење
Опремата треба да се чисти редовно:
- измијте ги внатрешноста и додатоците со млака вода со малку неутрална сапуница.
- редовно проверувајте ги заптивките на вратата и бришете ги за да бидат чисти и без нечистотии.
- избришете и исушете целосно.
ВАЖНО Не влечете ги, не поместувајте ги и не оштетувајте ги цевките и каблите во фрижидерот.
Не користете детергенти, груби прашоци, многу парфимирани средства за чистење или восок за полирање за чистење на внатрешноста, бидејки така може да се оштетат површините и да остане силен мирис.
Чистете ги кондензаторот (цирната решетка) и компресорот од задната страна на апаратот со четка или правосмукалка. Со тоа се подобрува
работењето на апаратот и се штеди електрична енергија.
ВАЖНО Внимавајте да не го оштетите системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски површини содржат хемикалии што може да ја нагризат или оштетат пластиката на апаратот. Поради тоа, се препорачува надворешноста на апаратот да се чисти само со топла вода со малку течност за миење. По чистењето, приключете ја повторно опремата во електричната мрежа.
Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од испарувачот во фрижидерската преграда секогаш кога моторниот компрессор їе престане да работи во текот на вообичаената употреба. Водата од одмрзнувањето истекува во посебен сад од задната страна на апаратот, над моторниот компресор, од кој што испарува.
Важно е повремено да се исчисти дупчето за истекување на водата од одмрзнувањето на средината на каналот во фрижидерската преграда за да се спречи прелевање на водата и нејзино капење врз храната внатре. Користете го приложениот специјален чистач, што ќе го најдете веке вметнат во дупчето за истекување.

Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу најгорната преграда секогаш їе се формира малку мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот мраз ње достигне дебелина од околу 3-5 mm.
ВАЖНО Околу 12 часа пред одмрзнувањето, свртете го регулаторот на температурата кон повисоките поставки за да се насоберат доволни резерви студ за прекинот на работата.
За да го отстраните мразот, постапете на следниов начин:
- Исклучете го апаратот.
- Извадете ја храната, завиткајте ја во неколку слоја весник и ставете је на студено место.
ВНИМАНИЕ Не допирајте ги смрзнатите работи со мокри раце. Рацете може да се залепат за смрзнатото.
- Оставете ја вратата отворена и вметнете го пластичниот гребач во соодветното лежиште во долниот среден дел, ставајки леген одоздола да ја собира водата од одмрзнувањето.
i За да се забрза одмрзнувањето, ставете сад со топла вода во замрзнувачката комора. Освен тоа, отстранете ги парчињата мраз што се откачуваат пред да заврши одмрзнувањето.

- Кога ќе заврши одмрзнувањето, исушете ја внатрешноста темелно и чувајте го гребачот за идна употреба.
- Включете го апаратот.
- По два или три часа, вратете ја извадената храна во комората.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Никогаш не користете метални алатки за гребење на мразот од испарувачот, зашто може да го оштетите. Не користете механички уреди или вештачки средства за забрзување на топењето освен оние што ги препорачува производителот. Качувањето на температурата на смрзнатата храна за време на одмрзнувањето може да го скрати нивниот век на чување.
Периоди неработење
Кога апаратот не се користи подолго време, преземете ги следниве предострожности:
- откачете го апаратот од електричната мрежа
- извадете ја сета храна
• одмрзнување ^24) и исчистете го апаратот и сите додатоци - оставете ја вратата или вратите подотворени за да спречите непријатни мириси.
Ако фрижидерот треба да остане включен, замолете некого да го проверува повремено за да не се случаи храната да се расипе во случај на снемување струја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред решавање на проблемите, извадете го приклучокот за струја од штекерот. Само квалификуван електричар или компетентно лице смее да ги решава проблемите што не се опишани во упатството.
ВАЖНО За време на нормалната употреба се слушаат звуци (од компресорот и од кружењето на средството за ладење).
| Проблем Веројатна причина Решение | ||
| Апаратот не работи.Ламбата не работи. | Апаратот е исклучен. Вклучете го апаратот. | |
| Штекерот не е правилно | ставен во приключокот за струја. | Цврсто вметнете го штекерот во приключокот за струја. |
| Нема струја во апаратот. | Нема напон во приключокот за струја. | Поврзете друг електричен апарат во приключокот за струја.Контактирајте соквалификуван електричар. |
| Се огласува звучен сигнал. | Температурата во замрзнувачот е премногу висока. | Видете во "Аларм за прекумерна температура |
| Ламбата не работи. | Ламбата е во подготвеност. | Затворете ја и отворете ја вратата. |
| Ламбата е неисправна. | Видете во "Замена на | ламбата". |
| Компрессорот работи непрекинато. | Температурата не е поставена правилно. | Ставете на повисока температура. |
| Вратата не е правилно | затворена. | Видете во "Затворање на вратата". |
| Вратата се отворала | премногу често. | Не оставајте ја вратата отворена подолго отколку што е потребно. |
| Температурата на продуктите е превисока. | Оставете ги продуктите да се изладат до собна температура пред да ги ставите внатре. | |
| Собната температура е превисока. | Намалете ја собната температура. | |
| Тече вода по задната плоча на фрижидерот. | За време на автоматското одмрзнување, мразот се одмрзнува на задната плоча. | Тоа е нормално. |
| Во фрижидерот тече вода. | Одводот за вода е затнат. Исчистете го одводот. | |
| Продукти спречуваат водата да тече во садот за вода. | Проверете некој продукт да не ја допира задната плоча. | |
| Истекува вода на подот. Испустот за водата од одмрзнувањето не е во садот за испарување над компресорот. | Ставете го испустот за вода од одмрзнувањето во садот за испарување. | |
| Температурата на апаратот е прениска. | Регулаторот на температурата не е поставен правилно. | Ставете на повисока температура. |
| Температурата на апаратот е превисока. | Регулаторот на температурата не е поставен правилно. | Ставете на пониска температура. |
| Вратата не е правилно | затворена. | Видете во "Затворање на вратата". |
| Температурата на продуктите е превисока. | Оставете ги продуктите да се изладат до собна температура пред да ги ставите внатре. | |
| Многу продукти се ставени истовремено. | Ставајте помалку продукти истовремено. | |
| Температурата на фрижидерот е превисока. | Во апаратот не кружи студен воздух. | Овозможете кружење на студениот воздух во апаратот. |
| Температурата во замрзнувачот е премногу висока. | Продуктите се премногу блиску еден до друг. | Ставете ги продуктите така што ље се овозможи кружење на студениот воздух. |
| Има премногу мраз. Храната не е завиткана правилно. | Завиткајте ја храната правилно. | |
| Вратата не е правилно | затворена. | Видете во "Затворање на вратата". |
Замена на сијалицата
Ако сакате да ја замените сијалицате, постапете вака:
-
Исклучете го апаратот од струја.
-
Притиснете на задната кука истовремено лизгајки го капакот во насоката на стрелката.
-
Заменете ја светилката со светилка со иста јачина и специјално направена за домашни апарати. Максималната јачина е прикажана на обвивката од светилката)
- Вратете го капакот за сијалицата лизгајки го во првобитната положба.
- Приключете го апаратот повторно.
- Отворете ја вратата и проверете дали се пали светлото.

Затворање на вратата
- Исчистете ги заптивките на вратата.
- Ако е потребно, приспособете ја вратата. Видете во "Местење".
- Ако е потребно, заменете ја неисправната заптивка на вратата. Јавете се во сервисниот центар.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
| Димензии на отворот | ||
| Височина 1780 мм | ||
| Широчина 560 мм | ||
| Длабочина 550 мм | ||
| Време на разработување 24 h |
Техничките информации се наогаат на плочката со спецификации од левата
страна внатре во апаратот и на етикетата за енергија.
МОНТАЖА

Прочитајте ги "Безбедносните информации" внимателно пред да го наместите апаратот за да бидете побезбедни и апаратот да работи правилно.
Поставување
Овој апарат исто така може да биде поставен во сува и добро проветрена внатрешна (гаража или подрум) но за оптимални перформанси поставете го апаратот на локација каде што температурата на околината одговара
на климатското категоризирање прикажано на таблицата со характеристики:
Поврзување на електриката
Пред да го приключите, проверете дали напонот и фреквенцијата прикажани на плочката со спецификации одговараат на вашата домашна електрична мрежа. Апаратот мора да биде вземјен.
Приклучокот на кабелот за напојување со струја е со вземјување. Ако штекерот од домашната електрична мрежа не е вземјен, поврзете го апаратот со пособно вземјување во согласност со прописите за електрична енергија и откако їе се посоветувате со квалификуван електричар.
Производителот одбива каква било одговорност ако горенаведените безбедносни мерки не се испочитувани. Апаратот е во согласност со следниве Директиви на ЕЕЗ.
Менување на страната на отворање
Вратата на апаратот се отвора надесно. Ако сакате да ја отворате налево, постапете на следниов начин пред да го наместите апаратот:
- Ослободете го горниот клин и извадете го разделникот.
- Извадете ги горниот клин и горната врата.
- Извадете го капакот на шарката (A).
Отшрафете ги клиновите (В) и
разделниците (С). Ставете го
капакот на шарката (А).
4.Извадете ја долната врата. - Ослободете го долниот клин.

- Наместете го долниот клин.
- Наместете ја долната врата.
- Ставете ги клиновите (В) и разделниците (С) на средната шарка од другата страна.
- Ставете ја горната врата.
- Стегнете ги разделниците и стегнете го горниот клин.

Потреби за проветрување
Протокот на воздух зад апаратот мора да биде доволен.

Местење на апаратот

ВНИМАНИЕ Внимавајте кабелот за струја да може да се движи слободно.
Постапете вака.
- Ставете го апаратот во нишата.
Туркајте го апаратот во насоката на стрелките (1) додека горниот капак на отворот не се допре до кујнскиот мебел. Внимавајте растојанието меѓу апаратот и предниот раб на плакарот да биде 44 мм.
Туркајте го апаратот во насоката на стрелките (2) кон плакарот од спротивната страна на шарката.
Внимавајте просторот меѓу апаратот и предниот раб на плакарот да биде 4 мм.

- Дотерајте ја положбата на апаратот во нишата.
Долниот капак на шарката (во кесичката со додатоци) обезбедува растојанието меѓу кујнскиот мебел и апаратот да биде правилно.
Отворете ја вратата. Ставете го долниот капак на шарката на место.

- Прицврстете го апаратот за нишата со 4 шрафови.

- Притиснете ја заптивната лента меѓу апаратот и соседниот плакар.

- Извадете го правилниот дел од капакот на шарката (E). Внимавајте да го извадите делот DX, ако шарката е десно, SX ако шарката е лево.

- Прицврстете ги капаците (C, D) во дршките и дупките на шарката. Наместете ја решетката за проветрување (В). Прицврстете ги капаците на решетката (E) за решетката.

- Ако апаратот треба да се поврзе странично со вратата на кујнскиот мебел:
a) Олабавете ги шрафовите на држачите (Н).
b) Поместете ги држачите (Н).
с) Стегнете ги шрафовите.

- Наместете го делот На од внатрешната страна на кујнскиот мебел.

- Притиснете го делот Нс на делот На.

- Отворете ги вратата на апаратот и вратата на кујнскиот мебел под агол од 90°.
Вметнете го квадратчето (Hb) во водилката (Ha).
Спојте ги вратата на апаратот и вратата на мебелот и означете ги дупките.

- Извадете ги држачите и означете растојание од 8 мм од надворешниот раб на вратата каде што треба да се намести клинот (К).

- Ставете го квадратчето на водилката повторно и прицврстете го со приложените шрафови. Порамнете ги вратата на кујнскиот мебел и вратата на апаратот приспособувајки го делот Нб.

- Притиснете го делот Hd на делот Hb.

Проверете уште еднаш:
• Дали сите шрафови се стегнати.
- Дали магнетизираната заптивна лента е прицврстена за плакарот.
ЕКОЛОШКИ МЕРКИ
Отстранете го Вашиот истрошен уред според прописите кои важат во Вашето место на живеење.
- Овај производ мора да сервисира само овлашћен сервисни центар, и мора да се користе само оригинални резервни делови.
Чување замрзнуте хране
Корисни савети за чување хране у фрижидеру
Корисни савети за чување у фрижидеру Корисни савети:
Флаше млека: треба да имају поклопац и треба да се чувају на полици за фла- ше, на вратима.
Корисни савети за чување замрзнуте хране
Опрема треба редовно да се чисти: