BPC2B - Миксер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BPC2B GORENJE во PDF формат.
| Марка | Gorenje |
| Модел | BPC2B |
| Тип на производ | Блендер |
| Капацитет на садот | 2 литри |
| Материјал на садот | Стакло |
| Број на претходно поставени програми | 6 (Зеленчук, Мраз, Смути, Соино млеко, Јаткасти плодови, Овошје) |
| Поставки за брзина | Променлива со копчиња за поставување брзина (1-10) |
| Поставување време | Да, со копчиња за поставување време |
| Функција за пулс/чистење | Да, посветено копче |
| Избор на програма | Ротационен бирач |
| Дисплеј | LED дисплеј |
| Сечиво | Отстранливо сечиво од нерѓосувачки челик |
| Заштита од прегревање | Да, автоматско исклучување |
| Заштита од преоптоварување | Да |
| Максимално време на работа (со вода) | 30 минути |
| Максимално време на работа (суви состојки) | 10 минути |
| Период на ладење | 15 минути пред следна употреба |
| Кабел за напојување | Отстранлив (не е наведена должина) |
| Безбедносно заклучување | Капакот мора да биде правилно поставен за работа |
| Чистење | Само рачно миење; моторниот дел избришете го со влажна крпа |
| Делови безбедни за миење во машина за садови | Ниеден (не мијте во машина за садови) |
| Вклучени додатоци | Туркач, капак за мерна чаша |
| Гаранција | Покриено со гаранција од Gorenje, видете ја официјалната веб-страница |
Често поставувани прашања - BPC2B GORENJE
Прашања на корисниците за BPC2B GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Миксер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BPC2B - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BPC2B на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BPC2B GORENJE
Упатства за употреба МК
Instruction manual EN
- Капак на отворот за полнење / мензура
- Капак
- Сад на блендерот (2 литри)
- Притискач
- Сечиво што се вади
- Спојка 7. Копче за избор на програмата
- LED екран
- Контролни копчиња
- Куќиште
- Пластични ногарки


- Однапред зададени програми
- Време на работа
- Брзина
- Копчиња за дотерување на брзината
- Копчиња за дотерување на времето
- Рачно работење / чистење 7. Копче за старт
Важно:
Пред да го употребите апаратот по првпат, внимателно прочитајте го ова упатство за употреба и сочувајте го за да може да се навратите на истото во иднина. Сочувајте ја и гаранцијата.
Предупредување
Пред да го приклучите, проверете дали напонот наведен на блендерот одговара на напонот на локалната електрична мрежа. Не приклучувајте го апаратот на надворешен мерач на време, за да избегнете опасност. Блендерот приклучете го исклучиво на заземјен штекер. Кабелот треба секогаш докрај да го вклучувате во штекерот.
Оштетениот кабел за струја треба да го замени Горење, сервисен центар овластен од Горење или лица со слични квалификации, за да се избегнат опасности.
Доколку вашиот апарат е оштетен на каков и да е начин, не користете го повеќе и обратете се до најблискиот сервисен центар на Горење. Не менувајте сами делови на апаратот.
Деца не треба да го користат апаратот.
Апаратот може да го користат лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или лица без искуство или знаење, доколку тоа го прават под надзор или им се дадени упатства за користење на апаратот на безбеден начин и
доколку се свесни за опасностите. Заради нивна лична безбедност, не дозволувајте им на децата да си играат со апаратот.
Чувајте ги апаратот и струјниот кабел вон дофатот на деца. Не оставајте го струјниот кабел да виси над работ на работната маса или на масата на која го ставате апаратот. За да спречите кус спој или струен удар, рацете мора да ви бидат суви кога го ставате кабелот во штекерот и го вклучувате апаратот. Никогаш не оставајте го апаратот да работи без надзор.
Никогаш не ставајте ги прстите или раката држејќи предмет во отворот за полнење и во главниот елемент додека блендерот работи.
Не користете предмети како замена за притискачот.
Бидете внимателни доколку во блендерот се истури врела течност, зашто апаратот може ненадејно да ја исфрли надвор во вид на пареа.
Внимание
Апаратот е наменет исклучиво за употреба во домаќинството. Никогаш не користете додатоци или делови од други производители или кои Горење не ги препорачува. Доколку користите такви додатоци или делови, вашата гаранција станува неважечка. Не употребувајте го апаратот на нестабилна или нерамна површина.
Пред да го ставите кабелот во штекерот, проверете дали апаратот е правилно склопен. По употребата, веднаш исклучете го апаратот од струја.
По употребата, исклучете го апаратот и извадете го кабелот од штекерот. Почекајте додека главниот елемент и погонската осовина престанат да се вртат и дури потоа извадете ги сите додатоци од главниот елемент.
Боите за храна може да ги обезбојат компонентите. Тоа е нормално и не влијае врз користењето на апаратот.
За да спречите оштетувања како последица на деформации поради топлина, никогаш не користете вода со температура повисока од 60°C или микробранова печка за чистење на компонентите.
Не користете груби сунѓерчиња, абразивни средства за чистење или агресивни течности, како бензин, алкохол или ацетон, за чистење на апаратот.
Опасност: Не потопувајте го главниот елемент на соковникот во вода или во друга течност и не плакнете го под чешма. За чистење, користете исклучиво влажна крпа.
Пред да го вклучите апаратот, проверете дали сите компоненти се правилно инсталирани.
Користете го апаратот само откако правилно ќе го ставите капакот на неговото место.
Не отворајте го капакот додека апаратот работи.
Не користете го притискачот доколку капакот не е правилно ставен.

Во текот на работењето на апаратот, елементот со моторот мора да биде сув.
Максималното време на работа на апаратот кога во бокалот има вода е 30 минути. Кога мешате суви состојки, максималното време на работа е 10 минути. Кога ќе истече максималното време на работа, апаратот мора да се остави да се излади најмалку 15 минути пред повторно да го пуштите.
По употребата, секогаш исклучувајте го апаратот од струја.
Апаратот има заштита од прегревање. Во случај на прегревање, апаратот автоматски престанува да работи. Во таков случај, може да почне повторно да работи дури по 15 минути.
Овој апарат е означен во согласност со Европската директива 2012/19/EC за електричен и електронски отпад - WEEE. Во директивата се наведени обврските за собирање и одлагање на електричен и електронски отпад, кои се важечки на целата територија на Европската Унија.
Подготовки за употреба
- Отстранете ја амбалажата.
- Исчистете го апаратот согласно упатството во делот „Чистење“.
Упатство за склопување и расклопување

За расклопување, постапете по обратен редослед.
Употреба
Блендерот има 6 однапред зададени програми (1), кои може да се избираат со вртење на копчето-селектор на програми (7). Избраната програма ќе почне да трепка. Кога ќе изберете програма, започнете ја со притискање на копчето старт (7).
| Програма | Цел | Опис на работењето |
| Зеленчук | За зеленчук и сокови од зеленчук | Работење: 5 секунди при трета брзина; потоа, 28 секунди на максимална брзина, со пауза од 2 секунди. Вкупно време: 90 секунди |
| Мраз | За мешање пијалаци со многу мраз | Апаратот работи 4 секунди со најголема брзина, со пауза од 4 секунди. Вкупно време: 30 секунди |
| Течности | Блендирање сосови и супи | Постепено зголемување на брзината од 1 до максимум на интервали од 10 секунди; потоа, блендирање при најголема брзина до крајот на програмата. Вкупно време: 90 секунди |
| Млеко од соја | Програма за приготвување млеко од соја | Постепено зголемување на брзината од 1 до 5 на интервали од 5 секунди, по што следи блендирање во траење од 25 секунди во петта брзина. Потоа, брзината се зголемува на 8 и блендерот работи 30секунди. Зголемете ја брзината до максимум и оставете го блендерот да работи до крајот на циклусот. Вкупно време на работа: 6 минути. |
| Јаткасти плодови | За суво сечкање јаткасти плодови | Работа: 5 секунди во петта брзина; потоа, зголемување на брзината на 8 и работење 2 секунди, со пауза од 1 секунда. Вкупно време: 35 секунди |
| Овощје | Програма за правење фрапиња | Блендирањето почнува во трета брзина, потоа брзината се зголемува до максимальната и се блендира до крајот на циклусот. Вкупно време: 60 секунди |
Може да користите и свои едноставни програми.
Дотерајте ги брзината (4) и времето (5) со односните копчиња и почнете ја програмата со притискање на копчето старт (7). Брзината може да се менува во текот на работењето.
Кога користите сопствена програма, наша препорака е да ја почнете програмата со најмала брзина и потоа постепено да ја зголемувате до саканата брзина.
Доколку често го користите апаратот за суво сечкање јаткасти плодови, зрна и зачини, препорачуваме да купите и да користите посебен сад. При сечкањето одредени јаткасти плодови се испуштаат агресивни масла, што може трајно да го обезбои садот.
Чистење
Не чистете го апаратот со жица за чистење, каустични или корозивни средства за чистење или агресивни течности, како алкохол, бензин или ацетон. Чистењето на апаратот е полесно доколку тоа се прави веднаш по употребата. Пред рачно да го исчистите апаратот, ставете 1 литар топла вода и капка детергент во садот, потоа, притиснете го и држете го копчето за рачна работа/чистење (6). Свртете го копчето во положба „OFF“ и исклучете го апаратот од струја. Расклопете го апаратот со следење на чекорите за склопување во обратен редослед. Темелно исчистете го секој дел. Не користете метални предмети за чистење, зашто тие може да го оштетат апаратот. Не потопувајте го моторот во вода и не мијте го под чешма. За негово чистење користете единствено влажна крпа. Не мијте го апаратот во машина за садови.
Решавање проблеми
| Проблем | Можно причина | Решение |
| Апаратот не работи, LCD екранот не се пали. | Нема напон во доводот на струја. Апаратот не е включен во струја. Садот не е ставен правилно. | 1. Проверете дали во доводот на струја има напон.2. Включете го апаратот во струја.3. Извадете го и правилно ставете го садот.4. Откажале внатрешните делови на апаратот.Повикајте сервис на Горење. |
| Апаратот не работи, LCD екранот не трепка. | Користите ваша сопствена програма, но не сте го дотерале времето на работа. Времето на работа е предолго; активирана е заштитата од прегревање. Количината состојки во садот е преголема; активирана е заштитата од прегревање. | 1. Дотерајте го саканото време на работа.2. Почекајте 15 минути, за апаратот да се излади.3. Смалете ја количината на состојки во садот.4. Откажале внатрешните делови на апаратот.Повикајте сервис на Горење. |
| Апаратот е включен, но сечилото не се врти. | Количината состојки во садот е преголема; активирана е заштитата од прегревање. Дотераната брзина на блендирање е преголема. | 1. Смалете ја количината на состојки во садот.2. Намалете ја брзината на блендирањето.3. Откажале внатрешните делови на апаратот.Повикајте сервис на Горење. |
| Чуден мирис во текот на работата на апаратот | Ова е нормално во текот на првото пуштање на апаратот во работа. | 1. Откако апаратот їе се употреби неколку пати, мирисот їе го снема.2. Откажале внатрешните делови на апаратот.Повикајте сервис на Горење. |
| Ненормален звук во текот на работата на апаратот. | Садот не е ставен правилно. Состојките се залепени за сидот на садот и сечилото врти напразно. | 1. Извадете го садот и повторно ставете го правилно.2. Изгребете ги состојките од сидот на садот. Доколку е потребно, додајте уште вода.3. Откажале внатрешните делови на апаратот.Повикајте сервис на Горење. |
Животна средина
По истекот на употребниот век на апаратот, не исфрлајте го заедно со вообичаениот отпад до домаќинството. Однесете го во овластен центар за рециклирање. Со тоа ќе помогнете во зачувување на животната средина.
Гаранција и поправки
За повеќе информации или во случај на проблеми, посетете ја веб страната на Горење, www.gorenje.com или обратете се во сервисот на Горење во вашата земја (телефонските броеви се наведени во Меѓународната гаранција). Ако во вашата земја не постои таков сервис, ве молиме обратете се до локалниот дилер на Горење или до одделот на Горење за мали апарати во домаќинството.
Само за лична употреба!
Го резервираме правото на измени.