CJ30E - Цедалка за сок GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CJ30E GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Цитрус соковник |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | CJ30E |
| Напојување | 230 V ~ 50 Hz |
| Ниво на бучава | < 60 dB(A) |
| Време на работа | Максимум 5 минути континуирана употреба (циклус: 15 с вклучено, 15 с исклучено, повторете 10 пати, потоа 30 мин одмор) |
| Автоматско старт/стоп | Да, активиран со притисок |
| Вклучени додатоци | Голем конус, мал конус, цедалка, сад за сок, проѕирен капак за прашина |
| Отстранливи делови | Да (конуси, цедалка, сад за сок, капак за прашина) |
| Делови безбедни за миење во машина за садови | Да (сите отстранливи делови) |
| Чистење на моторната единица | Бришете само со влажна крпа; не потопувајте |
| Складирање на кабел | Да, во основата |
| Безбедносни карактеристики | Автоматско исклучување кога притисокот се ослободува; само за домашна употреба; деца над 8 години со надзор |
| Гаранција | Светска гаранција (видете го летокот) |
| Наменета употреба | Само за домаќинство |
| Материјал | Пластика |
Frequently Asked Questions - CJ30E GORENJE
Прашања на корисниците за CJ30E GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Цедалка за сок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CJ30E - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CJ30E на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CJ30E GORENJE
Инструкции за употреба BG
Упатства за употреба МК
SI Navodila za uporabo....3
МК Упатства за употреба...... 47
Splošen opis:

Подготовка за употреба
Внимание!
Прочитајте го ова упатство за употреба внимателно пред да го употребувате апаратот и зачувајте го за во иднина.
Опасност
Не потопувајте ја моторната единица во вода или било каква друга течност и не плакнете ја под чешма.
Предупредување
- Проверете дали штекерот е со правилен напон (230V/10A).
- Децата треба да се надгледуваат за да се осигурате дека не си играат со апаратот.
- Овој апарат можат да го користат деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искусство и знаење доколку се под надзор и им се дадат насоки во врска со безбедната употреба на апаратот и доколку ги разбираат потенцијалните опасности.
- Доколку напонскиот кабел е оштетен, тој мора да се замени од страна на производителот, неговиот сервис или слично квалификувано лице со целда се избегне опасност.
Внимание: Овој апарат е наменет
ислучиво за употреба во
домакинството.
Никогаш не користете било кои додатоци или делови од други производители или кои Горење конкретно не ги препорачува. Ако употребувате такви додатоци или делови, вашата гаранција ќе биде неважечка.
Осигурете се дека сите делови се правилно составени пред да го включите апаратот.
Предупредување
Проверете дали напонот означен на дното на апаратот одговара на напонот на електричната мрежа пред да го приключите апаратот.
Ако напонскиот кабел е оштетен, мора да го замени Горење; сервисен центар овластен од Горење или слично квалификувани лица со цел да се избегне опасност.
Не користете го апаратот ако приклучокот, напонскиот кабел или други делови се оштетени.
Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајки деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или со недостаток на искусство и знаење, освен ако се под надзор или им се дадат насоки за користење на апаратот од лице одговорно за нивната безбедност. Децата треба да се надгледуваат за да се осигурате дека не си играат со апаратот.
Никогаш не поврзувајте го овој апарат со надворешен прекинувач на тајмер или систем за далечинско управување за да избегнете опасност.
Секогаш исклучувајте го апаратот по употреба.
Никогаш не поврзувајте го овој уред со надворешен прекинувач на тајмер или систем за далечинско управување за да избегнете опасност.
Ниво на бучава : Lc < 60 dB (A)
Овој уред е означен според европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема (ОЕЕО). Ова упатство е рамка на европска валидност на враќање и рециклирање на отпадна електрична и електронска опрема.
Подготвување за употреба
Внимание
Секогаш поставувајте го апаратот на рамна, стабилна површина. Не користете ја цитрусната преса подолго од 5 минути без прекин.
Овој апарат е наменет само за употреба во дома Kinството. Никогаш не користете додатоци или делови од други производители освен ако тие не се овластени од Горење. Во случај да ги користите овие додатоци, гаранцијата ке престане да важи.
Пред употреба
Исчистете ги сите отстранливи делови пред првата употреба на апаратот (видете поглавје „Чистење“).
Уверете се дека апаратот е правилно склопен пред да го приключите во штекер. Намотајте го вишокот кабел околу основата на апаратот. Ставете го приключот во штекер.
Пред првата употреба
Опасност
Чувајте го материјалот од пакувањето подалеку од деца. Тие можат да се задушат Отпакувајте ја цедалката и извадете го целиот материјал од пакувањето.
Проверете ја цедалката за видливи оштетувања и проверете дали се присутни сите делови
Треба да го исчистите апаратот пред да го користите за прв пат.
Избришете ја основата на моторот со влажна крпа Пред да ја користите цедалката за прв пат, исплакнете ги ротирачките глави, цедалката, садот за сок и просирниот поклопец со топла вода и неколку капки течност за садови.
Користење на апаратот
Поставување на цедалката.
Ставете го апаратот на рамна површина што лесно се чисти.
Одмотајте го кабелот за напојување – до потребната должна – од преградата за складирање на кабелот (под цедалката). Проверете дали кабелот е правилно поставен во водилката за кабелот за да спречите нишање на цедалката.
Поврзете го приклучокот за струја во штекер AC230V,50Hz.
Избирање додатоци
Во зависност од големината на овощјето што го цедите, можете да ја користите големата или малата глава Големата глава е погодна за цедење големи цитрусни плодови, како што се грејпфрут, портокали итн. Малата глава е погодна за цедење мали цитрусни плодови како што се лимони, лимети итн.
Поставете ја малата глава за цедење директно на ротирачката оска.
Ако сакате да ја користите големата глава, ставете ја малата глава на ротирачката оска. Потоа ставете ја големата глава врз малата глава.
Мора да почувствувате како засеците на големата глава влегуваат на место над крилцата за мешање на малата глава. За да ги одделите главите, повлечете ја големата
Внимание: ако притискате премногу на главата за цедење, моторот може да заглави.
Поставете ја соодветната главана ротирачката оска.
Исечете цитрусно овошје на половина и притиснете го исечениот крај на едната половина од овошјето на главата.
Цедалката автоматски се вклучува кога ће го притиснете овошјето надолу и главата почнува да се врти. Цедалката автоматски се исклучува штом ће го намалите притисокот врз главата. Главата ја лушти пулпата и го цеди сокот од овошјето. Сокот тече низ
Решетката за пулпа во садот за сок.
Решетката ја задржува густата пулпа и семките.
За да го максимизирате количеството на сок извадено од овощјето, притиснете го овощјето на главата неколку пати.
Чистенье
По употреба
Извадете ја главата, решетката, садот за сок и ротирачката оска од апаратот и исчистете ги.Исклучете го апаратот.
Совети за цедење
Цитрусните сокови треба веднаш да се консумираат и никогаш да не се чувват во метален сад.
Цитрусните сокови се идеални за мешање. На пример, можете да измешате сок од портокал со сок од лимон за и дополнителен додаток на витамин Ц.
Свежо исцедениот сок им дава на коктелите киселкаст и подобар вкус.
Сокот од лимон е вкусен и во топол чај и дополнително ви помага да го зајакнете имунитетот кога сте настинати.
Чистење
Исклучете го апаратот од струја. Отстранете ги сите отстранливи делови од моторната единица.
Исчистете ги сите отстранливи делови со топла вода и малку течност за садови или во машина за миење садови. Исчистете ја моторната единица со влажна крпа.
Никогаш не потопувајте ја моторната единица во вода и не плакнете ја под чешма.
Складирање
Замотајте го кабелот околу основата на апаратот. Потоа составете го и покријте го со поклопецот.
Чувајте го апаратот на безбедно и суво место
Животна средина
Не фрлајте го апаратот со вообичаениот отпад од дома Kinството на крајот од неговиот животен век, туку предадете го на официјално место за собирање за рециклирање. Со тоа помагате да се зачува животната средина.
Гаранција и Сервис
Ако ви требаат информации или ако имате проблем, ве молиме контактирајте го Центарот за грижа за корисници на Горење во вашата земја (телефонскиот број се наога во гаранцијата). Ако нема Центар за грижа за корисници во вашата земја, одете кај вашиот локален трговец на Горење или контактирајте го одделот за сервис на домакинските апарати на Горење.
Само за лична употреба!
Го задржуваме правото на какви било промени
2023-04