GHO 6500 Professional - Планира BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GHO 6500 Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GHO 6500 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Планира во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GHO 6500 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GHO 6500 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GHO 6500 Professional BOSCH
- Извлеките винты (17).
(21) Опора за успоредно водене
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, илустрации и
спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за рендиња
▶ Почекајте сечилото да престане да работи пред да го спуштите алатот. Изложеното ротирачко сечило може да ја зафати долната површина, и со тоа да изгуби контрола и да предизвика сериозни повреди.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина, бидејки сечилото може да дојде во контакт со својот кабел. Сечењето на жица „под напон“ може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го наслоните на вас, тоа ќе биде нестабилно и може да изгубите контрола.
Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
▶ Не ги факајте исфрлените струготини со раце. Може да се повредите од ротирачките делови.
▶ Не рендајте никогаш над метални предмети, клинци и завртки. Секачот и вратилото на секачот може да се оштетат и да ги зголемат вибрациите.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвikuва оштетување и може да предизвика електричен удар.
▶ При работата рендето држете го секогаш на начин што подлогата на рендето секогаш ће лежи на делот што се обработува. Инаку работата со рендето може да се навали и да доведе до повреди.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за рендање на дрвени материјали како на пр. греди и даски на цврста подлога. Тој е погоден за искосување на рабови и за правење засеци.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Скала за подесување на длабочината на струготината
(2) Вртливо копче за подесување на длабочината на струготината (изолирани рачки)
(3) Исфрлувач на струготини
(4) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување
(5) Прекинувач за включување/исклучување
(6) Завртка за поклопецот за ременот
(7) Поклопец за ременот
(8) Подлога на рендето
(9) V-жлебови
(10) Torx-клуч
(11) Завртка за прицврстување за стезната челуст
(12) Стезна челуст
(13) Глава на сечило
(14) Водечки жлеб за сечилото на рендето
158 | Македонски
(15) HSS-сечило за ренде
(16) Заштитен држач за HSS-сечилото за ренде
(17) Завртка за прицврстување на заштитниот држач за HSS-сечилото за ренде
(18) Справа за острење на HSS-сечилото на рендето
(19) Мерило за подесување на HSS-сечилото за ренде
(20) НМ/ТС-сечило за ренде ^a)
(21) Паралелен граничник
(22) Скала за ширината на засекот
(23) Завртка за блокирање на подесената ширина на засекот
(24) Завртка за прицврстување на паралелниот/аголниот граничник
(25) Аголен граничник ^4
(26) Завртка за блокирање на аголниот подесувач ^3)
(27) Завртка за прицврстување за граничникот за длабочина на засеци ^3)
(28) Граничник за длабочина на засеци ^4
(29) Држач на рендето при паузирање
(30) Погонски ремен
(31) Големо тркало за ременот
(32) Мало тркало за ременот
(33) Рачка (изолирана површина на рачката)
(34) Адаптер за менување од HSS во TC-сечило на ренде ^a)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.
Технички податоци
| Ренде GHO 6500 | ||
| Број на дел | 3 601 E96 0.. | |
| Номинална јачина W 650 | ||
| Број на вртежи во празен од min | ^-1 | 16500 |
| Длабочина на стругање mm 0–2,6 | ||
| Длабочина на засекот mm 0–9 | ||
| Макс. ширина на рендето mm 82 | ||
| Тежина ^A) | kg 2,8 | |
| Класа на заштита | / | |
A) Тежина без кабел за струја и без приключок за струја
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-14.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 89 dB(A); ниво на звучна јачина 97 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-14:
$$ a _ {n} = 5, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}. $$
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Избор на сечило на рендето
Електричниот алат може да се опреми со различни сечила на рендето.
Со вградување на адаптерот (34) (опрема) електричниот алат може да се вгради од HSS-сечила (15) на НМ/ТС-сечило на рендето (20).
При замена на сечилата, секогаш заменете ги двете сечила на рендето, инаку нерамнотежата ће создаде вибрации и рокот на употреба на електричниот алат ће се скрати.
▶ Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не го факајте секачот на рендето на рабовите за сечење. Може да се повредите од острите рабови за сечење.
Демонтирање на сечилото на рендето (види слики А-С)
– За да го замените сечилото на рендето свртете ја главата на сечилото (13), додека стезната челуст (12) не се постави паралелно кон подлогата на рендето (8).
– Одвртете ги 3-те завртки за прицврстување (11) со Тогх-клучот (10) и извадете ја стезната челуст (12).
– Извадете го заштитниот држач (16) заедно со сечилото на рендето (15) од главата на сечилото (13) одн. водечкиот жлеб (14).
- Свртете ја главата на сечилото за 180° и демонтирајте го 2-то сечило на рендето.
Напомена: Пред замената одн. дополнителното острење на сечилото на рендето извадете го заштитниот држач (16) со олабавување на завртката за прицврстување (17).
Дополнително острење на HSS-сечилото на рендето (види слика D)
Со користење на справата за острење (18) (опрема) и обичен брусен камен може да ги наострите искористените одн. тапите HSS-сечила на рендето.
Ставете ги двете сечила на рендето во справата за острење и прицврстете ги со пеперутка-завртката. Двете сечила на рендето треба да се вметнати до крај.
Рамномерно движете ги сечилата на рендето поставени во справата за острење и со лесен притисок над брусниот камен.
Напомена: Сечилата на рендето смеат да се избрусат за максимум 6 mm на најмала ширина од 23 mm. Потоа двете сечила мора да се заменат.
Монтирање на сечилото за ренде (види слики E-F)
Пред повторното ставање на нови односно дополнително избрусени сечила на рендето, исчистете ја главата на сечилото (13) и ев. сечилото на рендето (15) и заштитниот држач (16). Засмолените сечила на рендето исчистете ги со алкохол или петролеј.
Напомена: пред монтажата новите одн. дополнительно избрусените сечила на рендето мора секогаш да бидат подесени на правилната висина.
За подесување на висината на сечилата на рендето служи мерилото за подесување (19) (опрема). Поставете го сечилото на рендето (15) и заштитниот држач (16) на мерилото за подесување. Заштитниот држач (16) мора да влегува во жлебот предвиден за тоа. Притиснете на сечилото на рендето (15) наспроти граничникот и фиксирајте го заштитниот држач (16) во оваа позиција со завртката за прицврстување (17). На тој начин автоматски ће се постигне правилно подесување на висината.
Сечилото на рендето мора да се вгради во средината на подлогата на рендето (8) и да се центрира. На крај затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (11) со Тогхклучот (10). Притоа приджувајте се до наведениот редослед на затегнување на стезната челуст (12) (①②③).
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали завртките за прицврстување (11) се добро вметнати. Рачно свртете ја главата на сечилото (13) и проверете дали сечилото на рендето се трие на некое место.
▶ Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не го факајте секачот на рендето на рабовите за сечење. Може да се повредите од острите рабови за сечење.
Користете го само оригиналното Bosch-HM/TC-сечило за ренде.
Сечилата на рендето од цврст материјал (НМ/ТС) имаат 2 сечила и можат да се вртат. Доколку двата раба на сечилото се тапи, сечилото на рендето (20) мора да се замени. НМ/ТС-секачот на рендето не смее дополнительно да се остри.
Демонтирање на сечилото за ренде (види слики G-H)
– За да го свртите или замените сечилото на рендето свртете ја главата на сечилото (13), додека стезната челуст (12) не се постави паралелно кон подлогата на рендето (8).
– Олабавете ги 3-те завртки за прицврстување (11) си Тогх-клучот (10) околу 1–2 вртења. Стезната челуст (12) не мора да се вади.
– Свртете ја малку главата на сечилото и со парче дрво турнете го сечилото на рендето (20) странично од главата на сечилото (13).
– Свртете ја главата на сечилото за 180° и демонтирајте го 2-то сечило на рендето.
Монтирање на сечилото за ренде (види слики I-J)
Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се обезбедува еднакво подесување на висината при менување одн. вртење.
Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на сечилото во главата на сечилото (13) и сечилото на рендето (20). При монтажата на сечилото на рендето внимавајте истото беспрекорно да лежи во водилката на прифатот на главата на сечилото (13).
Сечилото на рендето мора да се вгради во средината на подлогата на рендето (8) и да се центрира. На крај затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (11) со Тогхклучот (10). Притоа придржувајте се до наведениот редослед на затегнување на стезната челуст (12) (①②③).
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали завртките за прицврстување (11) се добро вметнати. Рачно свртете ја главата на сечилото (13) и проверете дали сечилото на рендето се трие на некое место.
Употреба на сетови за префрлање
Префрлање од HSS во HM/TC
Со НМ/ТС-адаптерот може да се вгради ренде опремено со НSS-сечила на НМ/ТС-сечилото за ренде.
160 | Македонски
- Одвртете ги 3-те завртки за прицврстување (11) со Torx-клучот (10) и извадете ја стезната челуст (12).
– Извадете го заштитниот држач (16) заедно со сечилото на рендето (15) од главата на сечилото (13) одн. водечкиот жлеб (14). - Извадете ги завртките (17).
– Поставете ги заштитниот држач (16) и адаптерот (34) во мерилото за подесување (19). Заштитниот држач (16) мора да се вклопи во жлебот на мерилото за подесување (види слика R). - Ставете го НМ/ТС-сечилото за ренде (20) странично во адаптерот (34). Лентата на адаптерот (34) мора да се заглави во жлебот на НМ/ТС-сечилото за ренде (види слика R).
– Цврсто затегнете ги завртките (17).
– Ставете го заштитниот држач (16) заедно со адаптерот (34) и сечилото на рендето (15) во главата на сечилото (13) одн. во водечкиот жлеб (14). - Поставете ја стезната челуст (12) и цврсто свртете ја завртката за прицврстување (11).
– Сечилото на рендето мора да се вгради во средината на подлогата на рендето (8) и да се центрира. На крај затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (11) со Тогх-клучот (10). Притоа придржувајте се до наведениот редослед на затегнување на стезната челуст (12) (①②③).
Префрлање од HSS во HM/TC
Со користење на сетот за префрлање 2 607 001 399 (види опрема), рендиньата со HSS-сечила може да се префрлат на НМ/ТС-сечила
- Олабавете ја и извадете ја стезната челуст (12).
- Извадете го заштитниот држач (16) заедно со сечилото на рендето (15) од главата на сечилото (13) одн. водечкиот жлеб (14).
- Ставете го сетот за префрлање 2 607 001 399 во водечкиот жлеб (14).
– Поставете ја стезната челуст (12) и завртете ги завртките за прицврстување (11), но не ги затегнувајте. - Ставете го НМ/ТС-сечилото за ренде странично во прифатот.
– Сечилото на рендето мора да се вгради во средината на подлогата на рендето (8) и да се центрира. На крај затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (11) со Тогх-клучот (10). Притоа придржувајте се до наведениот редослед на затегнување на стезната челуст (12) (①②③).
Префрлање од НМ/ТС во HSS
Рендињата опремени со НМ/ТС-сечила може да се сменат во HSS-сечила за ренде.
– Одвртете ги 3-те завртки за прицврстување (11) со Тогх-клучот (10) и извадете ја стезната челуст (12).
- Извадете го заштитниот држач (16) заедно со сечилото на рендето (15) одн. НМ/ТС-адаптер (34) од главата на сечилото (13).
-Извадете ги завртките (17).
– Монтирајте го составеното HSS-сечило за ренде (види „Монтирање на сечилото за ренде (види слики E–F)“, Страница 159) и израмнете го на средината на подлогата на рендето (8).
– Поставете ја стезната челуст (12) и затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (11) со Тогх-клучот (10). Притоа придржувајте се до наведениот редослед на затегнување на стезната челуст (12) (①②③).
Префрлање од НМ/ТС во HSS
Со користење на сетот за префрлање 2 607 001 398 (види опрема), рендињата со НМ/ТС-сечила може да се префрлат на НSS-сечила.
– Одвртете ги 3-те завртки за прицврстување (11) со Тогх-клучот (10) и извадете ја стезната челуст (12).
– Извадете го заштитниот држач (16) заедно со
сечилото на рендето (15) од главата на сечилото (13)
одн. водечкиот жлеб (14).
- Ставете го сетот за префрлање 2 607 001 398 во водечкиот жлеб (14) и центрирајте го средишно кон подлогата на рендето (8).
– Поставете ја стезната челуст (12) и затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (11) со Тогх-клучот (10). Притоа придржувајте се до наведениот редослед на затегнување на стезната челуст (12) (①②③).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Редовно чистете го исфрлувают на струготини (3). За чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете соодветен алат на пр. дрвено парче, компресиран воздух итн.
▶ Не ги факајте исфрлените струготини со раце. Може да се повредите од ротирачките делови.
Заради обезбедување на оптимално всисување постојано користете надворешен уред за всисување или вреќичка за прав/струготини.
Употреба
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
Подесување на длабочината на стругање
Со вртливото копче (2) може да се подеси длабочината на стругање постепено од 0–2,6 mm со помош на скалата за длабочина на стругање (1) (поделба на скалата = 0,1 mm).
Вклучување/исклучување
▶ Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при включување (4) и потоа притиснете го прекинувачот за включување/исклучување (5) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за включување/исклучување (5) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
Совети при работењето
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Држач на рендето при паузирање (види слика N)
Држачот на рендето при паузирање (29) овозможува запирање на електричниот алат веднаш по работниот процес без опасност од оштетување на делот што се обработува или сечилото на рендето. За време на работниот процес, држачот на рендето при паузирање (29) се подига нагоре и задниот дел на подлогата на рендето се отпушта (8).
Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете го електричниот алат со предниот дел на подлогата од рендето (8).
Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
Включете го електричниот алат и водете го со иста брзина по површината што ја обработувате.
За постигнување на висококвалитетни површини, работете со мала брзина и со постојан притисок на центарот на подлогата на рендето.
При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво, како и при користење на максимальната ширина на рендето поставете мала длабочина на стругање и ев. намалете ја брзината на рендање.
Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните површини и може да доведе до брзо затнување на исфрлувачот на струготини.
Само острите секачи на рендето овозможуваат добар капацитет на сечење и зголемуваат рокот на употреба на електричниот алат.
Вградениот држач на рендето при паузирање (29) овозможува продолжување на процесот на рендање откако їе прекинете, на одреден дел од парчето што се обработува:
– Електричниот алат со надолу притиснат држач на рендето при паузирање, поставете го на другото место од делот што треба да продолжи да се обработува.
– Включете го електричниот алат.
– Притиснете на предниот дел од подлогата на рендето и полека турнете го електричниот алат нанапред (①). Притоа држают на рендето при паузирање ће се притисне нагоре (②), така што задниот дел на подлогата на рендето повторно ће легне на делот што се обработува.
– Водете го електричниот алат со иста брзина по површината што се обработува (③).
V-жлебот на предната страна на подлогата на рендето овозможува брзо и едноставно закосување на рабовите од делот што се обработува. Употребете го соодветниот V-жлеб според саканата ширина на засекување. Притоа поставете го рендето со V-жлеб на работ од делот што се обработува и водете го по должна на делот што се обработува.

| нема | 0-4 |
| мала | 2-6 |
| средна | 4-9 |
| голема | 6-10 |
Монтирајте го паралелниот граничник (21) одн. аголниот граничник (25) со завртката за прицврстување (24) на електричниот алат. Во зависност од примената, монтирајте го граничникот за подесување на длабочината на засекот (28) со завртката за прицврстување (27) на електричниот алат.
Олабавете ја завртката за блокирање (23) и подесете ја саканата ширина на засекот (22). Повторно затегнете ја завртката за блокирање (23).
162 | Srpski
Поставете ја саканата соодветна длабочина на засекот со граничникот за подесување на длабочината на засекот (28).
Повторете го процесот на рендање повеće пати, додека не ја постигнете саканата длабочина на засекот. Водете го рендето со страничен притисок со налегнување.
Искосување со аголниот граничник

При закосување на засеци и површини поставете го потребниот агол на закосување со подесување на аголот (26).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Олабавете го држачот на рендето при паузирање (29) и чистете го редовно.
Откако ће се искористат карбонските четки, електричниот алат сам се исклучува. За одржување, електричниот алат мора да се испрати во сервисната служба, видете ги адресите во дел „Сервисна служба и совети при користење“.
Замена на погонскиот ремен (види слики P-Q)
Одвртете ја завртката (6) и извадете го поклопецот на ременот (7). Извадете ги изабените погонски ремени (30).
Пред да монтирате нов погонски ремен (30) исчистете ги двете тркала за ременот (31) и (32).
Новиот погонски ремен (30) поставете го најпрво на помалото тркало (32) и потоа навлечете го (рачно) погонскиот ремен (30) со вртење на поголемото тркало (31).
Погонскиот ремен (30) треба прецизно да поминува во жлебовите на тркалата на ременот (31) одн. (32).
Поставете го поклопецот на ременот (7) и затегнете ја завртката (6).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на:
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Електричните алати кои повеке не се употребливи мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.
Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.