GUS 12V-300 Professional - Макази BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GUS 12V-300 Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Бежичен универзален секач (ножици) |
| Марка | Bosch |
| Модел | GUS 12V-300 Professional |
| Референца | 3 601 JB2 9.. |
| Номинален напон | 12 V |
| Брзина без оптоварување | 700 вртежи/мин |
| Макс. капацитет на сечење | 11 mm (меки материјали) |
| Автономија по полнење | Приближно 230 m (PVC 4 mm, батерија 1,5 Ah) |
| Тежина | 1,2 – 1,4 kg (во зависност од батеријата) |
| Тип на батерија | Литиум-јон 12 V (препорачано GBA 12V...) |
| Компатибилен полнач | GAL 12..., GAX 18... |
| Главни функции | Сечење меки материјали (тепих, PVC, картон, кожа, ткаенина); прави и заоблени резови; водич за сечење Cut Control; прилагодлив заштитен капак |
| Безбедност | Носете заштита за очи; не изложувајте на влага; користете само оригинални батерии и полначи |
| Одржување | Редовно чистете го заштитниот капак и отворите за вентилација со четка или малку влажна крпа |
| Поправливост | Поправка од квалификуван сервисер; резервни делови достапни на www.bosch-pt.com |
Frequently Asked Questions - GUS 12V-300 Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GUS 12V-300 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Макази во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GUS 12V-300 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GUS 12V-300 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GUS 12V-300 Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
sl Izvima navpdila
hr Originalne upute za rad
Македонски...... Страница 120
Srpski ...... Strana 125
Slovenščina ....Stran 130
Hrvatski ....Stranica 135
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр.,
маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ће доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврствување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за батериски универзален секач
▶ Не обработувајте материјал што содржи азбест.
Азбестот важи за канцероген.
▶ При сечењето внимавајте на каблите под напон.
Постои опасност од електричен удар.
▶ При сечењето, никогаш не ја ставајте дланката пред сечилото. Постои опасност од повреда.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.


Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Наменета употреба
Електричниот алат е наменет за сечење на еластични, меки материјали со дебелина од (како на пр. тепих, PVC, картон, видови кожа, ткаенини и слични материјали) 11 mm.
Toj e наменет за прави и криви резови.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Завртка со нарецкана глава
(2) Означување на линијата на сечење Cut Control
(3) Прилагодлив заштитен капак
(4) Прекинувач за включување/исклучување
(5) Рачка (изолирана површина на рачката)
(6) Батерија ^a)
(7) Копче за отклучување на батерија ^a)
(8) Копче за приказот за наполнетост на батеријата
(9) Приказ за наполнетост на батеријата
(10) Сечило
(11) Шраф за прицврстување на сечилото
a) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Батериски универсален секач GUS 12V-300 | ||
| Број на дел/артикл | 3 601 JB2 9.. | |
| Номинален напон V= 12 | ||
| Број на вртежи во празен од n_0 | min^-1 | 700 |
| Капацитет на сечење по полнење на батеријата приближноA) | m 230 | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | kg 1,2-1,4 | B) |
| Препорачана околна температура при полнење | °C 0 ... +35 | |
| Дозволена околна температура при работаC) и при складирање | °C -20 ... +50 | |
| Препорачани акумулаторски батерии | GBA 12V... | |
| Препорачани полначи GAL 12... | GAX 18... | |
A) во однос на 4 mm PVC и со батерија 1,5 Ah
В) во зависност од употребената батерија
C) ограничена јачина при температури <0 °C
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-1.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со А, типично е помало од 70 dB(A). Нивото на звучниот притисок при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-1:
$$ a _ {n} < 2, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}. $$
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не й наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веке.
По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
За да ја извадите батеријата (6) притиснете на копчињата за отворање на батеријата (7) и извлечете ја батеријата од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата (9) ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата (6). Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
За да ја прикажете Costaјбата на наполнетост, притиснете го копчето за приказ за наполнетоста (8) на исключениот електричен алат и држете го притиснато.
▶ Пред да го извадите сечилото, оставете го да се олади. Сечилото може да се вжешти за време на работата.
– Олабавете ја завртката со нарецкана глава (1) и притиснете на заштитниот капак (3) целосно нагоре.
– Со помош на одвртувач свртете го сечилото (10)
додека не се отвори една дупка од сечилото.
– Ставете еден тенок стабилен предмет (на пр. шајка) во отворената дупка за да го блокирате сечилото.
– Олабавете ги шрафовите за прицврстување на сечилото (11) во правец на вртење ①.
– Извадете го предметот којшто сте го употребиле за блокирање на сечилото.
– Лесно подигнете го сечилото (10) и извлечете го надолу.
– Новото сечило со избрусениот раб нанадвор ставете го на прифатот за алат. Внимавајте на правилното вклопување на сечилото во прифатот за алат.
– Повторно олабавете ги завртките за прицврстување на сечилото (11) во правец на вртење ②.
- Подесете го заштитниот капак (3) на дебелината на материјалот којшто треба да се исече и повторно затегнете ја завртката со нарецкана глава (1).
Поставување на заштитната хауба
▶ Никогаш не го користете електричниот алат без заштитниот капак.
За да постигнете оптимална заштита од повреди на прсти, пред секој процес на работа мора да го подесите заштитниот капак (3) на дебелината на материјалот којшто се сече.
Олабавете ја назабената навртка (1). Подесете го заштитниот капак (3) (во опсег 2–11 mm), така што лесно ќе налегнува на материјалот којшто треба да се исече. Повторно затегнете ја завртката со нарецкана глава.
Подесете го заштитниот капак (3) после секоја употреба како и пред секое работење на електричниот алат сосема надолу.
Употреба
Ставање во употреба
Ставање на батеријата
Поставете ја наполнетата батерија (6) во прифатот за батерија, додека не слушнете дека е вклопена и блокирана.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) нанапред, така што на прекинувачот ќе се појави I.
За Исклучување на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) наназад, така што на прекинувачот їе се појави 0.
Совети при работењето
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување.
▶ За време на работата не го допирајте сечилото.
Капацитетот на сечење на електричниот алат зависи од материјалите што треба да се сечат и наполнетоста на батеријата. Пресилната брзина значително го намалува капацитетот во зависност на наполнетоста на батеријата.
Лизгачката водилка (12) при сечењето не смее да се заглавува и мора да биде паралелно насочена кон површината за сечење.
Секогаш одржувајте ја чистотата на сечилото, односно исчистете ги остатоците од материјали.
При несоодветна примена, сечилото отапува.
Тенките материјали како на пр. текстил, може да се повлечат и заглават во електричниот апарат при сечењето. Затоа, кога сечете вакви материјали, не притискајте премногу, за да може добро да ги исечете.
Држете ги оптегнати и сечете полека.
За време на работата не го вадете вовлечениот материјал. Прво исключете го електричниот алат со прекинувачот за вклучување/исклучување (4).
Како да добиете оптимални резултати од сечењето може да утврдите со практичен обид.
Означување на линијата на сечење Cut Control
Црвената линија на заштитниот капак (3) (означување на линијата на сечење Cut Control (2)) ја покажува линијата на сечење на сечилото (10).
На тој начин можете прецизно да го водите електричниот апарат долж означената линија на сечење на материјалот.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При преголемо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се ислучува електричниот уред. При намален број на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако їе се постигне дозволената температура на батеријата или при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При автоматско ислучување, исключете го електричниот алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно включете го.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
При сечењето, под заштитната хауба може да се соберат остатоци од материјал.
Редовно чистете го заштитниот капак (3) со четка или малку намокрена крпа.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ke ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Litiyum-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одденно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 125).