KR1800EPRO - Барбекју GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот KR1800EPRO GORENJE во PDF формат.
| Вид на уред | Електрична скара |
| Модел | KR1800EPRO |
| Бренд | Gorenje |
| Моќност | 1800 W |
| Напон | 220–240 V, 50/60 Hz |
| Димензии (Ш x Д x В) | прибл. 500 x 400 x 200 mm |
| Тежина | прибл. 8 kg |
| Површина за печење | прибл. 1200 см² |
| Материјал на решетката | Челик со нелеплив слој |
| Греен елемент | Нерѓосувачки челик |
| Регулација на температурата | Бесконечна (степенчаста) |
| Тава за собирање на маснотии | Отстранива и погодна за миење во машина за садови |
| Заштита од прегревање | Да |
| Автоматско исклучување | Да |
| Материјал на куќиштето | Пластика и нерѓосувачки челик |
| Содржина на пакетот | Скара, тава за маснотии, упатство за употреба |
| Класа на енергетска ефикасност | A |
| Ниво на бучава (макс.) | 50 dB(A) |
| Должина на кабелот | 1,5 m |
| Гаранција | 2 години |
| Резервни делови достапни | Да (оригинални делови преку сервис за корисници) |
Frequently Asked Questions - KR1800EPRO GORENJE
Прашања на корисниците за KR1800EPRO GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Барбекју во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник KR1800EPRO - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. KR1800EPRO на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК KR1800EPRO GORENJE
- КОПЧЕ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ / ИСКЛУЧУВАЊЕ, ЗА ДОТЕРУВАЊЕ ТЕМПЕРАТУРА
- ГОРНА ГРЕЈНА ПЛОЧА
- ДОЛНА ГРЕЈНА ПЛОЧА
- КАНАЛ ЗА ИСТЕКУВАЊЕ НА ТЕЧНОСТИ
- РАЧКА
- БЕЗБЕДНОСНА БЛОКАДА ЗА ЗАТВОРАЊЕ/ОТВОРАЊЕ
- БЛОКАДА ПЛОЧЕ
- КОНТРОЛНА ЛАМБА НА РАБОТЕЊЕТО
- СВЕТИЛКА– ИНДИКАТОР НА ГРЕЈАЧ
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Важно предупредување!

Апаратот се загрева за време на работа - Опасност од изгореници! Пред да го добиете, почекајте камерата да се олади!
- Децата помали од 8 години се препорачува да се држат подалеку од апаратот,освен ако тие не се под постојан надзор.
- Овој апарат можат да го користат деца кои веќе наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности како и лица кои немаат довольно искусство и знаење ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да се под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот.
- Чистењето и корисничкото одржувањето не треба да го изведуват деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.
-
Чувајте го апаратот и неговиот кабел подалеку од дофат на деца помали од 8 години.
-
Апаратот е наменет за подготовка на храна. Не употребувајте го за други намени;
- Внимавајте приклучниот гајтан да не допира ниеден дел од скарата што се загрева при работењето;
- Пред употреба, исчистете ги добро плочите за готвење;
- На апаратот можете да монтирате само сосема суви плочи за готвење;
- Проверете дали механизмот за затворање на рачката ги држи плочите на свое место;
- Не местете го апаратот на место достаточно за деца. Исто така, не оставајте го без надзор додека е включен;
- Апаратот секогаш треба да се исклучи од електричната мрежа;
- пред да го тргнете или пред да ги извадите плочите за готвење;
- пред чистење или одржување;
- по употреба.
- Секогаш употребувајте само одобрени помагала;
- Не користете го апаратот надвор;
- За да го исключите апаратот, не повлекувајте го од приклучокот, туку од штекерот;
- Включете го апаратот само откако се наместени плочите за готвење;
- Не потопувајте го апаратот во вода;
- Пред да го тргнете апаратот, треба сосема да се олади;
- Не допирајте ги жешките плочи со метални предмети, за да не ја оштетите обвивката.
Овој апарат е означен според европскиот пропис 2012/19/E3 за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.
ПОСТАВУВАЊЕ НА СКАРАТА
- Пред првата употреба, проверете да не се оштетил апаратот при транспорт;
- Поставете го апаратот на рамна површина, на место недостапно за деца, бидејки при работа развива високи температури;
- Пред да го включите апаратот во елекетрична мрежа проверете:
- дека напонот на доводот одговара на напонот наведен на натписната плочка;
- дека моćноста на штекерот во мрежата е најмалку 10А;
- дека штекерот одговара на приключокот на апаратот, во спротивно, заменете го;
- дека штекерот е заземјен. Производителот не одговара за штета настаната од непочитување на ова барање;
- Пред првата употреба включете ја скарата и оставете ја да се загрева без храна, во положба за печење на ражен (положба 4) најмалку 10инути. Притоа се создава непријатен мирис на ново, затоа отворете го прозорецот за да го проветрите просторот.
Вашата контактна скара Gorenje KR1800E-PRO можете да ја употребувате во три различни позиции.
I. ТОСТ ПОЗИЦИЈА
Ставите ја горната грејна плоча во вертикална позиција. Ставите тост на површината од долната плоча и затворите ја горната грејна плоча над тостот. Храната секогаш да ја ставате на средината од плочата. Кога се пече тостот, никогаш да не притискате јако на горната грејна плоча.
II.
Исто така можете да печете и пржете на површината од плочата, ако е позицијата на горната грејна плоча во вертикална положба малку над долната грејна плоча.
Ставите храна во тава или директно на долната плоча. Кога ње ја отстранувате тавата од плочата, препорачуваме да употребувате текстилна сервета.
III. ОТВОРЕНА СКАРА ПОЗИЦИЈА
Отворите ја горната грејна плоча така, да двете грејни плочи бидат во водорамна положба (180°) или во вертикална положба 90°. Ставите храна на плочите и оставите да се пече. Кога е храната довольно печена, превртите ја. Притоа користите дрвена лажица или пластична виљушка, за да не го оштетите премачкувањето на површините од плочите.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ГРЕЈНИТЕ ПЛОЧИ
Исклучете го апаратот од електрична мрежа.
Почекајте апаратот сосема да се олади.
Отворете го апаратот целосно, во положба како да сакате да ја употребите целокупната површина на двете грејни плочи.
Помрднете го механизмот за прицврстување и извлечете ги грејните плочи една по друга.
ПОСТАВУВАЊЕ НА ГРЕЈНИТЕ ПЛОЧИ ВО РАБОТНА ПОЛОЖБА
- Поставете го задниот дел од грејната плоча во отворот така што грејната плоча да биде под агол.
- Поставете ја грејната плоча хоризонтално на апаратот, притиснете додека механизмот не се придвижи во положба да ја фиксира плочата на свое место.
ЧИСТЕЊЕ
- Пред чистење прекинете го доводот на електрична енергија и оставете го апаратот да се олади.
- Отворете го апаратот целосно во положба како да сакате да ја употребите целокупната површина на двете грејни плочи. Отстранете ги плочите од апаратот.
- Натопете ги неколку минути плочите со топла вода со средство за чистење, за да се растопат маснотиите.
- Исчистете ги грејните плочи.
- Надворешноста на апаратот исчистете ја со влажна крпа. Не употребувајте агресивни средства или тврди материјали, бидејки ќе ја оштетите надворешноста на апаратот.
ЧУВАЊЕ
Намотајте го приклучниот кабел околу рачките на апаратот и поставете го хоризонтално или исправено, на суво место, недостапно за деца.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Не го фрлајте на апаратот во нормален домашен отпад,туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаќинство.
Не е за комерцијална употреба!
Ви посакуваме многу задоволство при употребата на контактната скара Горење!
Го задржуваме правото на промени!
- ON/OFF BUTTON AND TEMPERATURE REGULATION
- UPPER COOKING PLATE
- LOWER COOKING PLATE
- DRAINING GROOVE
- HANDLE
- LOCK/UNLOCK SYSTEM
- LOCKING HOOK FOR PLATE
- FUNCTION LIGHT
- TEMPERATURE PILOT LIGHT
SAFETY INSTRUCTIONS

Warning!
Само за лична употреба!