BEKO CWB 9730 X - Кујнска аспиратор

CWB 9730 X - Кујнска аспиратор BEKO - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CWB 9730 X BEKO во PDF формат.

📄 56 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BEKO CWB 9730 X - page 49
Погледни прирачник : Македонски MK Svenska SV Українська UK
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за CWB 9730 X BEKO

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Кујнска аспиратор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CWB 9730 X - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CWB 9730 X на марката BEKO.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CWB 9730 X BEKO

Прочитајте ги внимателно следните важни информации за местењето, безбедноста и одржувањето. Чувајте ја брошурата на достапно место за подоцнежна референца. Апаратот е конструиран за употреба како верзија за во вентилација (издувување воздух нанадвор – слика 1В), верзија со филтер (кружење на воздухот внатре - слика 1А).

БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

  1. Внимавајте кога аспираторот работи заедно со отворено огниште или плински шпорет коишто зависат од околниот воздух и не се на електричен погон, бидејки аспираторот го влече воздухот што им е потребен за горење. Негативниот притисок во околината не смее да надминува 4Ра (4x10-5 bar). Овозможете соодветно проветрување во околината за безбедна работа на аспираторот. Почитувајте ги локалните закони што важат за издувување воздух надвор.

Пред да го поврзете апаратот со електричната мрежа:

  • проверete на плочката со податоци (сместена внатре во апаратот) за да видите дали напонот и моćноста се соодветни за електричната мрежа и приклучоците. Ако се сомневате, посоветувајте се со квалификуван електричар.
    Ако напојниот кабел е оштетен, мора да се замени со друг кабел или посебен комплет за напојување којшто може да се набави директно од производителот или од Центарот за техничка помош.
  • Поврзете го апаратот со електричната мрежа преку приключок обезбеден со осигурувач од 3 А или со 2 фазни жици заштитени со осигурувач од 3 А.

2. Предупредување!

Во одредени околности електричните апарати може да бидат опасни.

A) Не проверувајте ја состојбата на филтрите додека работи аспираторот.
Б) Не допирајте ги сијалиците или подрачјето околу нив за време или после подолга употреба на инсталацијата за осветлување.

В) Забрането е фламбирање под аспираторот.

Г) Избегнувајте отворен пламен бидејки е опасен за филтрите и може да предизвика пожар.
Д) Постојано проверувајте ја храната што се пржи затоа што прегреаното масло може да предизвика пожар.
Г) Исключете го апаратот од електричната мрежа пред какво било одржување.
E) Апаратот не е наменет да го употребуваат мали деца или немокни лица без надзор.
Ж) Треба да се внимава мали деца да не си играат со апаратот.
3) Мора да има соодветно проветрување во просториите каде што аспираторот се користи заедно со апарати што горат гас или други горива.
S) Постои опасност од избивање пожар ако апаратот не се чисти согласно со упатствата.

Апаратот е произведен според барањата на европската Директива ЕС/2002/96 за отпадна електрична и електронска опрема (WEEE). Фрлајки го апаратот на соодветен начин, корисникот помага да се спречи потенцијалната штета за животната средина и здравјето.

Символот на производот или на придружната документација укажува дека апаратот не смее да се фрла како обичен отпад, туку да се однесе на соодветно место за рециклирање електрични и електронски апарати. Почитувајте ги локалните упатства за фрлање отпад. За повеće информации за обработката, повторната употреба и рециклирањето на овој производ, обратете се кај локалните власти, комуналната служба или продавницата кадешто сте го купиле апаратот.

УПАТСТВО ЗА МЕСТЕЊЕ

Составувањето и поврзувањето на електриката треба да го вршат квалификувани лица.

• Поврзување на електриката

Апаратот е производ од класа II, што значи дека не е потребно вземјување.

Поврзувањето со електричната мрежа треба да се изврши на следниов начин:

KAΦEHA = Φa3a

СИНА = Нула

Ако не е приложен, поврзете приклучок за електричното оптоварување означено на етикетата. Ако е приложен приклучок, аспираторот треба да се намести така што тој ке биде лесно достапен.

Доколку приклучувањето е директно во мрежата, меѓу апаратот и електричната мрежа треба да се постави повекеполен прекинувач со минимално растојание од 3 mm меѓу контактите, соодветен за електричното оптоварување и локалните стандарди.

- Растојанието меѓу капаците на садовите за готвење ставени на шпоретот и најнискиот дел на аспираторот мора да биде најмалку 65 см.

Ако се користи кунк од два дела, горниот дел мора да се постави од надворешната страна на долниот. Не поврзувајте го излезниот отвор на аспираторот со иста вентилација што се користи и за кружење на топол воздух или за излез на чадот од други грејни тела што не се на електричен погон.

Пред да почнете со составувањето, извадете ги филтрите за маснотии (слика 5) за да ви биде полесно да ракувате со апаратот.

Ако составувате апарат што е во верзија за во вентилација, подгответе го првин излезниот отвор за воздухот.

- Препорачуваме да се користи отвор за оцак со пречник 150. Доколку отворот има помал пречник, производот може да биде понеефикасен и да работи побучно.

• Прицврстување на сид

Издупчете ги дупките А внимавајки на дадените растојанија (слика 2). Прицврстете го апаратот на сидот и порамнете го во хоризонтална положба во однос на другите елементи. Кога ќе го наместите апаратот, прицврстете го аспираторот со шрафовите А (слика 4).

За разни видови инсталации користете шрафови и типли што одговараат на видот на sidот (на пр. за зајакнат бетон, гипс-картон или сл.). Ако шрафовите и типлите се приложени со производот, проверете дали одговараат на видот на sidот на којшто треба да се прицврсти аспираторот.

- Прицврстување на украсниот продолжен кунк

Поставете го напојувањето со електрична енергија во склад со димензиите на украсниот кунк. Ако вашиот апарат треба да се намести како верзија за во вентилација или со надворешен мотор, подгответе го отворот за излез на воздухот. Приспособете ја широчината на држачот на горниот дел на кункот (слика 3).

Потоа прицврстете го на плафонот со помош на шрафовите A (слика 3) така што ње биде порамнет со капакот, соодветно на растојанието од плафонот прикажано на слика 2. Поврзете го ободот C со отворот за излез на воздухот со цевка за поврзување (слика 4).

Вметнете го горниот кунк во долниот и положете ги врз рамката. Продолжете го горниот кунк нагоре до држачот и прицврстете го со шрафовите В (слика 3).

За да го претворите аспираторот од верзија за во вентилација во верзија со филтер, побарајте јагленски филтри од својот продавач и постапете според упатството за местење.

• Верзија со филтер

Наместете го аспираторот и двата кунци како што е опишано во пасусот за местење на аспираторот во верзија за во вентилација. За да го составите кункот за филтрирање видете во упатството содржано во комплетот. Ако комплетот не е приложен, нарачајте го од продавачот како прибор. Филтрите мора да се стават на делот за влечење на воздухот што се наога внатре во аспираторот. Мора да се центрираат со вртење под агол од 90 степени додека не се затвори бравата (слика 6).

КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

- Се препорачува апаратот да се вклучува пред готвење. Се препорачува да се остави апаратот да работи 15 минути по готвењето за да може целосно да се отстранат пареата и миризбата од него.

Правилното функционирање на аспираторот зависи од редовноста на одржувањето, особено на филтерот со активен јаглен.

- Филтрите против маснотии ги задржуват честичките маснотија што се наоғаат во воздухот и затоа се подложни на затнување, зависно колку често се користи апаратот.

За да се спречи опасноста од избивање пожар, се препорачува филтерот да се чисти најмногу на 2 месеци на следниов начин:

- Извадете ги филтрите од аспираторот и измијте ги во раствор на неутрален течен детергент во вода, оставајки ги да киснат.

- Исплакнете ги добро со млака вода и оставете ги да се исушат.

- Филтрите може да се мијат и во машина за миење садови.

Алуминиумските плочи може да ја сменат бојата по неколку миења. Тоа не е причина за рекламација или замена на плочите.

• Филтрите со активен јаглен го прочистуваат воздухот што се враćа во околината. Филтрите не се мијат и се за само една употреба, мора да се заменуваат најмногу на четири месеци. Заситеноста на филтерот со активен јаглен зависи од тоа колку често се користи апаратот, што се готви и од редовното чистење на филтрите за маснотии.

- Редовно чистете ги вентилаторот и другите површини на аспираторот со крпа навлажнета со денатуризиран алкохол или неабразивен течен детергент.

- Светлото е наменето за користење за време на готвењето, но не и за подолго општо осветлување. Подолгото

користење на светлото значително го намалува векот на траење на сијалицата.

- Менување на халогенките (слика 7).

За да ги замените халогенките В, извадете го стаклото С користејки лост во соодветните отвори.

Заменете ги халогенките со нови од ист вид.

Внимателно: не допирајте ја „крушата“ со голи раце.

- Команди: (слика 9) Светлечки симболите се објаснети подолу:

A = СВЕТЛО

B = OFF

C = БРЗИНА I

D = БРЗИНА II

E = БРЗИНА III

F = ТАЖМЕР ЗА АВТОМАТСКО СОПИРАЊЕ - 15 минути (*)

- Доколку апаратот нема функција за интензивна брзина, држете го копчето Е притиснато две секунди и таа ќе се вклучи 10 минути, по што апаратот ќе се врати на претходната брзина. Сијаличката трепка додека е активна функцијата. За да ја прекинете работата пред да поминат 10-те минути, повторно притиснете го копчето Е.

- Со држење на копчето F притиснато две секунди (кога аспираторот е ислучен), се вклучува функцијата „чист воздух“. Оваа функција го вклучува апаратот по 10 минути на секој час при прва брзина. Штом їе се активира оваа функција, моторот почнува да работи со прва брзина 10 минути. За тоа време копчињата F и C мора да трепкаат истовремено.

По 10 минути моторот се ислучува и сијаличката на копчето F останува запалена со постојано светење додека моторот не почне повторно да работи при прва брзина по 50 минути, и копчињата F и C повторно почнуват да трепкаат заедно 10 минути, итн.

Ако притиснете кое било копче, освен копчето за светлото, аспираторот веднаш ће се врати во вообичаената функција (на пр., доколку се притисне копчето D, функцијата „чист воздух“ се ислучува и моторот веднаш преоћа во работа при втора брзина. Доколку го притиснете копчето B, функцијата се ислучува).

(*) Тајмерот за автоматско сопирање го одложува прекинувањето на работата на аспираторот, којшто ќе продолжи да работи 15 минути при брзината што била поставена во моментот на активирањето на оваа функција.

- Заситување на филтерот со активен јаглен/филтерот за маснотии:

- Кога копчето А трепка на секон 2 секунди, филтрите за маснотии треба да се исчистат.

- Кога копчето А трепка на секои 0,5 секунди, јагленските филтри треба да се заменат.

Откако е ставен чист филтер, електронската меморија мора да се постави на нула со држење на копчето А притиснато околу 5 секунди си додека сијаличката на

копчето не престане да трепка.

Копче А = прекинувач за светлото

Копче В = вклучување и ислучување на аспираторот. Апаратот се вклучува со брзина 1. Доколку аспираторот е включен, држете го копчето притиснато 2 секунди за да го исключите. Доколку аспираторот е на брзина 1, копчето не мора да се држи притиснато за да се ислучи аспираторот. Ла намалува брзината на моторот.

Екран C = ја покажува одбраната брзина на моторот и го активира тајмерот.

Копче D = включување на аспираторот. Ја зголемува брзината на моторот. Кога ќе го притиснете копчето при брзина 3, апаратот работи интензивно 10 секунди, а потоа се враćа на првобитната брзина. За тоа време екранот трепка.

Копче E = Тајмерот го вклучува аспираторот 15 минути, а потоа го исклучува. Тајмерот се исклучува со повторно притискање на копчето E. Кога Тајмерот е активен, на екранот мора да трепка децималната точка. Тајмерот не може да се вклучи доколку апаратот работи најинтензивно.

Функцијата „clean air“ (чист воздух) се активира со држење на копчето Е притиснато 2 секунди кога апаратот е исключен. Со тоа моторот се включува по 10 минути на секој час при прва брзина. Додека е активна оваа функција, на екранот треба да биде прикажано вртење на периферните сегменти. Кога ће измине времето, моторот се ислучува и на екранот треба да е прикажана неподвижно буквата „С“ додека моторот не почне повторно да работи уште 10 минути по 50 минути, итн. Притиснете кое било копче освен копчињата за светло за да се вратите во нормално функционирање. Притискањето на копчето Е ја ислучува функцијата.

- Заситување на филтерот со активен јаглен/филтерот за маснотии:

- Кога трепка екранот C, прикажувајки ја брзината наизменично со буквата F (на пр. 1 и F , филтрите за маснотии треба да се измијат.

- Кога трепка екранот C, прикажувајки ја брзината наизменично со буквата A (на пр. 1 и A), јагленските филтри треба да се заменат.

Откако правилно їе наместите чист филтер, електронската меморија мора да се постави на нула со држење на копчето А притиснато околу 5 секунди си додека показателот F или А што е прикажан на екранот С не престане да трепка.

ПРОИЗВОДИТЕЛОТ НЕ ПРИФАКА НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЕВЕНТУАЛНИТЕ ОШТЕТУВАЊА ПРЕДИЗВИКАНИ СО НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊА.

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BEKO

Модел : CWB 9730 X

Категорија : Кујнска аспиратор