BKS 1352 - Прашалник BEKO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BKS 1352 BEKO во PDF формат.
| Тип на производ | Правосмукалка со резервоар |
| Бренд | Beko |
| Модел | BKS 1352 |
| Димензии (Д x Ш x В) | 400 x 250 x 200 mm |
| Тежина | 5.2 kg |
| Напојување | 220-240 V, 50/60 Hz |
| Потрошувачка на енергија | 1200 W |
| Капацитет на прав | 2.5 L |
| Тип на вреќа за прав | Еднократна хартиена вреќа |
| Систем за филтрирање | HEPA 13 филтер |
| Должина на кабел | 6 m |
| Работен радиус | 8 m |
| Контрола на вшмукување | Електронски лизгач на рачката |
| Автоматско намотување на кабел | Да |
| Систем за паркирање | Хоризонтално и вертикално паркирање |
| Вклучени додатоци | Алатка за пукнатини, четка за прав, млазница за тапацир |
| Ниво на бучава | 78 dB(A) |
| Одржување на филтер | Миење на предмоторен филтер; заменувајте HEPA на секои 6 месеци |
| Безбедносни карактеристики | Заштита од термичко преоптоварување |
| Индекс за поправливост | 7.5 / 10 |
Често поставувани прашања - BKS 1352 BEKO
Прашања на корисниците за BKS 1352 BEKO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашалник во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BKS 1352 - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BKS 1352 на марката BEKO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BKS 1352 BEKO
Ве молиме, првин прочитајте го упатството за употреба!
Ви благодариме за купувањето на овој Beko уред. Се надеваме дека ќе го добиете најдоброто од вашиот уред, произведен со помош на најсовремената технологија со висок квалитет. Ве молиме, внимателно прочитајте го целото упатство за употреба и сите пропратни документи пред употребата на уредот и чувајте го во случај да Ви затреба во иднина. Доколку го давате уредот на некој друг, дајте му го и упатството за употреба. Почитувајте ги сите предупредувања и информации од упатството.
Објаснување на симболите
Во упатството за употреба се користат следниве символи:

Важни информации и корисни совети за употреба.

Предупредување за опасност по живот или за оштетување на имот.

Овој уред направен е во современи фабрики во услови кои не се штетни за животната средина.
1 Важни упатства и предупредувања за безбедноста и животната средина 49-51
1.1 Општа безбедност ..... 49 1.2 Усогласеност со WEEE директивата и отстранување на стариот уред ..... 51 1.3 Информации за амбалажата ..... 51
2 Технички спецификации на Вашиот уред 52
2.1 Преглед 52 2.2 Технички спецификации ..... 52
3 Употреба на уредот 53-54
3.1 Намена на уредот ..... 53 3.2 Монтирање/вадење на цревото ..... 53 3.3 Монтирање/вадење на телескопската цевка .... 53 3.4 Монтирање/вадење на четката за паркет / тепих .... 53 3.5 Прилагодување на четката за паркет / тепих .... 53 3.6 Работа на уредот 54 3.6.1 Регулирање на силата на вшмукување ....54 3.7 Продолженија....54 3.8 Исклучување и чување на правосмукалката .... 54 3.8.1 Вертикална положба на правосмукалката .... 54
4 Чистење и одржување 55-56
4.1 Празнење на садот за прав ..... 55 4.2 Чистење на филтерот ..... 55 4.2.1 НЕРА и сунгерест филтер ..... 56 4.2.2 Филтер на излезот за воздух.....56 4.3 Чување на уредот.....56 4.4 Ракување и транспорт ..... 56
Важни упатства и предупредувања за безбедноста и животната средина
Овој дел содржи безбедносни упатства кои ќе Ви помогнат да се заштитите од ризикот од повреди или оштетување на имот.
Непочитувањето на упатството за употреба може да Ви ја поништи гаранцијата.
1.1 Општа безбедност
- Овој уред е усогласен со меѓународните стандарди за безбедност.
- Уредот смеат да го користат деца на возраст од 8 години и нагоре, како и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или без знаење и искуство во употребата на уредот, само ако се под надзор на лице одговорно за нивната безбедност кое им го објаснува сигурниот начин на употреба на уредот и доколку ги разбираат опасностите кои употребата на уредот ги носи со себе. Децата не смеат да играат со уредот. Децата не смеат да го чистат и одржуваат уредот доколку се без надзор.
- Уредот не смее да се користи доколку се оштетени кабелот за струја или уредот. Контактирајте го овластениот сервис.
- Вредностите на Вашата мрежа мора да бидат исти како во информациите за уредот на плочката со спецификации на уредот.
- За напојување на уредот потребен е безбедносен прекинувач, со осигурувач на сила со минимум 16А.
- Уредот не смее да се користи приклучен на продолжен кабел.
- За да спречите оштетување на кабелот за струја, внимавајте истиот да не се притиска, заплеткува и да не се доближува до остри рабови.
- Уредот, кабелот за струја или приклучокот додека е вклучен во струја не смеат да се допираат со влажни раце.
Важни упатства и предупредувања за безбедноста и животната средина
- Не влечете го кабелот кога го исклучувате уредот од струја.
- Секогаш држете го за приклучокот.
- Не чистете запаливи материи, а кога ќе вшмукате пепел од цигари, проверете дали е целосно изладен.
- Не чистете вода или други течности.
- Заштитете го уредот од дожд, влага и извор на топлина.
- Уредот не смее да се користи во близина на запаливи места или материјали.
- Пред чистењето и одржувањето исклучете го уредот од струја.
- Уредот или кабелот за струја не смее да се потопува во вода кога се чисти.
- Цревото мора редовно да се проверува. Не смее да се користи ако е оштетено, контактирајте го овластениот сервис.
- Не обидувајте се да го размонтирате уредот.
- Користете само оригинални делови или делови кои ги препорачал производителот.
- Ако уредот често се користи за чистење на прашини, како што се цемент или фуга маси, индикаторот за прав ќе се вклучи порано од вообичаеното, па во тој случај заменете ја кесата за прав, дури и доколку е празна.
- Уредот не смее да се користи без филтер; може да се оштети.
- Кога се чистат скали со правосмукалката, уредот мора да се наоѓа под корисникот.
- Ако ја чувате амбалажата на уредот, чувајте ја на места недостапни за деца.
1 Важни упатства и предупредувања за безбедноста и животната средина
1.2 Усогласеност со WEEE директивата и отстранување на стариот уред

Уредот не содржи штетни и забранети материјали наведени во "Регулативата за супервизија на електрични и електронски уреди за отпад" издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Усогласен е со WEEE Директивата. Овој уред произведен е од високо квалитетни делови и материјали кои може повторно да се користат и рециклираат.
Затоа уредот не смее да се отстранува со обичниот отпад од домаќинството на крајот на работниот век. Однесете го на местото за собирање на рециклиран електричен и електронски отпад. Распрашајте се кај локалните власти за вашиот реон за овие места. Помогнете во заштитата на животната средина и природните ресурси така што ќе го рециклирате употребениот уред.
1.3 Информации за амбалажата

Амбалажата на уредот произведена е од материјали кои може да се рециклираат во согласност со националните регулативи за животната средина. Амбалажата не смее да се отстранува заедно со обичниот отпад од домаќинството. Однесете ја на местото одредено од страна на локалните власти на кое се собираат амбалажи.
2 Технички спецификации на вашиот уред
2.1 Преглед
- Црево
- Копче за прилагодување на силата на вшмукување 3. Копче On/Off
- Рачка за пренесување
- Тркало 6. Копче за вадење на садот за прав
- Сад за прав
- Конектор за црево
- Тесно продолжение за чистење 10. Четка за паркет / тепих
- Рачка за прилагодување на телескопската цевка
- Телескопска цевка
- Контрола на вшмукување
Напон и фреквенција: 220-230 V~, 50/60 Hz
Запремина на садот за прав: 2.5 L
Должина на кабелот: 5 m
Производителот го задржува правото на
технички промени и на промени на дизајнот
Ознаките на уредот или вредностите наведени во документацијата која ја добивте со уредот се вредности добиени во лабораториски услови со релевантни стандарди. Овие вредности може да се разликуваат во зависност од употребата на уредот, условите и опкружувањето.
3 Употреба на уредот
Уредот е дизајниран за употреба во домаќинството и не е соодветен за индустриска употреба.
3.2 Монтирање/вадење на цревото
- За да го монтирате цревото (1) на правосмукалката, турнете го конекторот (8) во правец на стрелките така што ќе се вклопи во отворот на правосмукалката.

- Јазичињата на конекторот (8) мора правилно да влезат во отворите.
- За да го извадите цревото (1), притиснете ги јазичињата на конекторот (8) и извлечете го цревото.
3.3 Монтирање/вадење на телескопската цевка
- Прицврстете ја телескопската цевка (12) на рачката.

- Повлечете ја телескопската цевка држејќи ја за рачката (12) за да ја извадите.
3.4 Монтирање/вадење на четката за паркет / тепих
Можете да ја монтирате или да ја извадите телескопската цевка (12) од четката за тепих и паркет (10) или тесното продолжение за чистење (9).

3.5 Прилагодување на четката за паркет / тепих
Со притискање на рачката за прилагодување (10) која се наоѓа на четката за тепих и паркет;
- Користете ја „____“ положбата за тврди површини и за паркет.

- Користете ја „—“ положбата за теписи.

3 Употреба на уредот
3.6 Работа на уредот
- Извлечете ги приклучокот и кабелот за струја од правосмукалката, тие се намотани на калем од задната страна на уредот, и потоа ставете го приклучокот во ѕидниот приклучок.
- Притиснете го копчето On/Off (3) за да ја вклучите правосмукалката.
3.6.1 Регулирање на силата на вшмукување
Можете да ја прилагодите силата на вшмукување на правосмукалката така што ќе го свртите копчето за подесување на силата на вшмукување (4) кое се наоѓа на куќиштето на уредот, и тоа во правец на стрелките на часовникот, во зависност од тоа која подлога ја чистите. За да ја намалите силата на вшмукување, свртете го копчето во правец спротивен од стрелките на часовникот.
3.7 Продолженија
Тесно продолжение за чистење

Може да се користи за чистење на тесни места, како што е растојанието меѓу мебелот или во каучот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
При користењето на правосмукалката, не потпирајте се на работ од рачката на крајот од цревото.
3.8 Исклучување и чување на правосмукалката
- Исклучете ја правосмукалката со притискање на копчето On/Off (3) и извадете го приклучокот од струја.
- Намотајте го кабелот за струја во правосмукалката со притискање на копчето за намотување на кабелот.
Ставете ја куката на четката за тепих/паркет во каналот за оставање на правосмукалката на долниот дел на уредот.

4 Чистење и одржување
Исклучете го уредот и извадете го приклучокот од ѕидниот приклучок пред чистењето.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не користете бензин, растворувачи, абразивни средства за чистење, метални предмети или тврди четки за чистење на уредот.
4.1 Празнење на садот за прав
Кога индикаторот за прав ќе почне да свети, заменете ја кесата за прав.
- Отворете го капакот со притисок на копчето (6) за да го извадите садот за прав (7).

- Отворете го капакот од долната страна на садот.

- Испразнете го садот за прав и затворете го капакот.
- Вратете го садот за прав на своето место.
4.2 Чистење на филтерот


ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не
користете уреди кои создаваат врел воздух како што се фенот за коса или греалка за сушење на филтерот.
4
Чистење и одржување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Филтрите не смеат да се стават во уредот доколку не се целосно суви; во спротивно за време на употребата може да се појави мирис на влага, може да истекува вода од задниот дел на уредот или може да се оштетат филтрите.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога ќе се исушат филтрите, вратете ги на своето место.
- Притиснете го копчето за вадење на садот за прав (6) за да го извлечете садот за прав (7) и извадете го надвор.
- Извадете го НЕРА филтерот и сунгерестиот филтер на задната страна на садот за прав.

- Истресете ги филтрите од прав и измијте ги со вода.
- Оставете го НЕРА филтерот да се исуши по перењето.
- Откако ќе го исперете сунгерестиот филтер, нежно исцедете го и оставете го да се исуши.
4.2.2 Филтер на излезот за воздух
- Отворете го капакот на филтерот за излез на воздух кој се наоѓа од задната страна на уредот.

- Извадете го филтерот.
3. Истресете го и вратете го на своето место.
4.3 Чување на уредот
- Доколку не планирате да го користите уредот подолго време, внимателно оставете го.
- Извлечете го приклучокот од ѕидниот приклучок.
- Оставете го уредот на места недостапни за деца.
4.4 Ракување и транспорт
- За време на ракувањето и транспортот, уредот мора да се чува во неговото оригинално пакување. Амбалажата може да го заштити уредот од физички оштетувања.
- На уредот или на амбалажата не ставајте терет. Може да го оштети уредот.
- Доколку го испуштите уредот, тој може да стане нефункционален или може да дојде до трајно оштетување.