EBC 400 DBR1 - шпорет VOX - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EBC 400 DBR1 VOX во PDF формат.
| Tip na proizvod | Keramička ploča (rezistivno greeṇe) |
| Model | EBC 400 DBR1 |
| Marka | VOX |
| Broj na zoni za gorenje | 4 |
| Mosh na zona (pribl.) | 2 x 1200 W, 2 x 1800 W |
| Vkupna instalirana mosh | 5500-6600 W |
| Napon na napojuvanje | 220-240 V~, 50/60 Hz |
| Dimenzii na proizvodot (W x D x V) | 590 x 520 x 55 mm |
| Dimenzii za vgradnja (W x D) | 560 x 490 mm |
| Tip na kontroli | Touch kontrolli so funkcija za zakluchuvanje |
| Tajmer | Do 99 minuti, minutni podsethici ili avtomatsko iskluchuvanje po zona |
| Indikator na preostanata toplina | Prikažuva "H" koga površinata e vrela |
| Zaštita od previsoka temperatura | Avtomatsko iskluchuvanje ako se otkrie previsoka temperatura |
| Avtomatsko iskluchuvanje | Standardni vreminja na rabota po nivo na mosh (2-8 chasa) |
| Bezbednosni karakteristiki | Blokada na kopljini, bezbednost za deca, upozoruvanje za preostanata toplina, avtomatsko iskluchuvanje |
| Baranja za sadovi za gorenje | Ramna i mazna osnova; izbeguvajte nazabchni rabovi ili zakrivleni osnovi |
| Upatstva za chistenje | Koristete čistač za ploča; izbeguvajte abrazivni sunǵeri; otstranete prolivanja vednaš |
| Kompatibilno so | Domaḱinstvo i slični primeni (kuhni, seḱaski kukji, itn.) |
Frequently Asked Questions - EBC 400 DBR1 VOX
Прашања на корисниците за EBC 400 DBR1 VOX
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот шпорет во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EBC 400 DBR1 - VOX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EBC 400 DBR1 на марката VOX.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EBC 400 DBR1 VOX
Упатство за употреба / Прирачник за инсталација
МОДЕЛ: EBC400DBR1

Содржина
1. Вовед 4
1.1 Безбедносни предупредувања 4
1.2 Инсталација 4
1.2.1 Опасност од електричен удар.... 4
1.2.2 Опасност од исеченици.... 4
1.2.3 Важни безбедносни упатства 4
1.3 Ракување и одржување 5
1.3.1 Опасност од електричен удар 5
1.3.2 Опасност по здравјето 6
1.3.3 Опасност од врели површини 6
1.3.4 Опасност од исеченици 6
1.3.5 Важни безбедносни упатства 6
2. Запознавање со производот....8
2.1 Поглед од горе 8
2.2 Контролна плоча 8
2.3 Информации за производот 8
2.4 Принцип на работа 9
2.5 Пред употреба на новата керамичка плоча 9
2.6 Технички спецификации 9
3. Ракување....9
3.1 Тастери на допир 9
3.2 Избор на соодветни садови....10
3.3 Како се употребува ..... 10
3.3.1 Почеток на подготовка на храна 10
3.3.2 Завршување на подготовка на храна 11
3.3.3 Заклучување на тастерите 11
3.3.4 Контрола на тајмер 11
3.3.5 Заштита од прегревање 13
3.3.6 Предупредување за преостаната топлина 13
3.3.7 Стандардно време на работа 14
4.1 Совети за готвење 14
- Поставки за топлина.... 15
- Грижа и чистење 15
- Совети 16
- Инсталација.... 16
8.1 Избор на инсталацияска опрема 16
8.2 Пред поставување и фиксирање на потпирачите....18
8.3 Предупредувања....19
8.4 Поврзување на плочата со извор за напојување на ел. енергија 19
1. Вовед
1.1 Безбедносни предупредувања
Вашата безбедност е важна за нас. Ве молиме прочитајте ги овие информации пред да ја користите вашата плоча за готвење.
1.2 Инсталација
1.2.1 Опасност од електричен удар
- Прекинете го напојувањето на уредот со електрична енергија пред каква било поправка или одржување на истиот.
- Поврзувањето на добро заземјување е неопходно и обврзно.
- Промените во домашниот систем на напојување мора да ги изврши само квалификуван електричар.
- Непочитувањето на овој совет може да доведе до струен удар или смрт.
1.2.2 Опасност од исеченици
- Внимателно – рабовите на плочата се остри.
- Невнимателноста може да доведе до повреди и исеченици.
1.2.3 Важни безбедносни упатства
- Внимателно прочитајте го ова упатство прединсталација или употреба на уредот.
- Никаков запалив материјал не смее да стои над уредот во кој било момент.
- Ве молиме, погрижете се овие информации да бидат достапни за лицето одговорно за инсталација на уредот, што може и да ги намали трошоците за инсталација.
- За да се избегнат ризици, уредот мора да биде инсталиран согласно овие информации за инсталација.
- Уредот треба прописно да го инсталира и заземји само соодветно квалификувано лице.
- Уредот треба да биде поврзан во струјно коло кое има изолациски прекинувач, што овозможува потполн прекин на напојувањето со електрична енергија.
1.3 Ракување и одржување
1.3.1 Опасност од струен удар
- Не гответе на напукната или скршена плоча за готвење.
Доколку постои можност од кршење или распукнување на површината на плочата, веднаш прекинете го напојувањето на уредот со електрична енергија (на сидниот прекинувач) и контакрајте квалификуван техничар. - Исклучете ја плочата од напојување пред чистење или поправки.
- Непочитувањето на овој совет може да доведе до струен удар или смрт.
1.3.2 Опасност по здравјето
- Уредот ги задоволува електромагнетните безбедносни стандарди.
- Меѓутоа, лицата со пејсмејкери за срце или други електрични импланти (како инсулински пумпички) мора да се консултираат со својот лекар или со производителот на импланти пред употреба на уредот, со што би биле сигурни дека електромагнетното поле нема да влијае врз нивните импланти.
- Непочитувањето на овој совет може да доведе до смрт.
1.3.3 Опасност од врели површини
- При употреба, достатните делови на уредот ке станат довольно врели за да може да предизвикаат изгореници.
- Не дозволувајте Вашето тело, облека или кој било друг предмет, освен оние погодни за готвење, да дојде во контакт со индукционото стакло додека површината не се излади.
- Метални предмети, како ножеви, виљушки, лажици и капаци не би требало да стојат врз површината на плочата, со оглед дека ње дојде до нивно загревање.
- Децата треба да бидат оддалечени од уредот.
- Рачките на садот за готвење може да бидат врели при допир. Проверете рачките на садот да не преминуваат на другите зони за готвење, освен онаа на која се наогаат. Држете ги рачките подалеку од дофат на деца.
- Непочитувањето на овој совет може да доведе до изгореници.
1.3.4 Опасност од исеченици
- Сечилото на стругачот за плочата за готвење е откриено кога će се отстрани сигурносната маска. Користете го многу внимателно и секогаш чувајте го подалеку од дофат на деца.
- Сечилото на стругачот за плочата за готвење е откриено кога ње се отстрани сигурносната маска.
1.3.5 Важни безбедносни упатства
- Никогаш не оставајте го уредот без надзор при користење. Вриењето може да предизвика чад и масна излиена течност која може да се запали.
- Никогаш не го употребувајте уредот како работна површина или површина за складирање.
- Никогаш не оставајте каков било предмет или прибор врз уредот.
- Не ставајте и не оставајте предмети кои се магнетизирани (како кредитни картички и мемориски картички) или електронски уреди (пр. компјутери, МРЗ плеери) во близина на уредот, со оглед дека може да влијаат на неговото магнетно поле.
- Никогаш не го користете уредот за загревање или греење на простории.
- По употреба, секогаш исключете ја зоната и плочата за готвење како што е опишано во ова упатство (т.е. со користење контрола на допир). Не потпирајте се на функцијата препознавање садови заради исклучување на зоните на готвење кога ги отстранувате садовите за термичка обработка на храна.
- Не дозволувајте децата да си играат со уредот или да седат, да стојат или да се качуваат врз него.
- Предмети кои се занимливи за децата не ги чувајте во ормарите над уредот. Децата кои се качуваат врз плочата за готвење може сериозно да се повредат.
- Не ги оставајте децата сами или без надзор во просторот каде се користи уредот.
- Деца или лица со инвалидитет кој ја ограничува нивната способност да го користат уредот треба да имаат одговорно и компетентно лице кое єе ги упати во тоа
како се користи уредот. Инструкторот треба да биде уверен дека можат да го користат уредот без опасност по нив или по околината.
- Немојте да поправате или заменувате делови од уредот, освен ако тоа не е посебно препорачано во упатството. Секоја друга поправка треба да ја изврши квалификуван техничар.
- Не користете чистач на пареа на плочите за готвење.
- Немојте да ставате или пуштате тешки предмети врз плочата за готвење.
- Немојте да стоите врз плочата за готвење.
- Не користете садови со груби рабови и не ги влечете по површината на индукционото стакло бидејки може да се изгребе стаклото.
- Не користете жици или какво било силно абразивно средство за чистење на плочата за готвење, бидејки може да се изгребе индукционото стакло.
- Доколку кабелот за напојување е оштетен, мора да го замени производителот, сервис ангажиран од него или Leone слично квалификувано лице, за да се избегнат можни ризици.
- Уредот е наменет за употреба во дома Kinството и за слични намени, како: - кујни за вработените во продавници, канцеларии и други работни опкружувања; - селски дома Kinства; - за гости во хотели, мотели и други објекти за сместување; - за објекти кои нудат услуги на преноєевање со појадок.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот и неговите достапни делови стануваат многу врели во текот на употребата.
- Треба да се обидете да избегнувате допирање на загреаните елементи.
- Уредот треба да биде надвор од дофат на деца помлади од 8 години, освен ако не се под постојан надзор.
- Овој уред може да го користат деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, или со недостаток на искусство и знаење, ако се под надзор или ако им се дадени упатства за безбедна употреба на уредот, и притоа се свесни за можните ризици.
- Деца не би требало да си играат со уредот. Уредот не смее да го чистат и одржуваат деца, освен ако не се под надзор.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подготовката на храната со маст или масло без надзор може да биде опасна и да предизвика појава на отворен пламен. НИКОГАШ не се обидувајте да го угаснете пламенот со вода, туку исключете го уредот и потоа покријте го огнот, со капак или противпожарно љебе, на пример.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од пожар: не ги оставајте предметите на површината за готвење.
- Предупредување: Ако површината е напукната, исключете го уредот за да избегнете можност од струен удар, во случај површината на плочата да е изработена од керамичко стакло или сличен материјал, кој ги штити живите делови.
- Не треба да користите чистач на пареа.
- Уредот не е наменет за управување со помош на надворешен тајмер или одвоен систем на далечинско управување.
Честитаме за купувањето на Вашата нова керамичка плоча.
Ви препорачуваме да одвоите одредено време за да го прочитате ова Упатство за употреба / Упатство за инсталирање за во потполност да разберете како правилно да ја инсталирате и да ракувате со неа. При инсталирањето, Ве молиме прочитајте го делот за инсталација на уредот. Прочитајте ги сите безбедносни упатства внимателно пред употреба и чувајте го упатството ако Ви затреба за идно користење.
2. Запознавање со производот
2.1 Поглед од горе

- Зона со макс. 1200 W
- Зона со макс. 1800 W
- Зона со макс. 1200 W
- Зона со макс. 1800 W
- Стаклена плоча
- Копче ON / OFF
- Контролна табла
2.2 Контролна табла

- ON/OFF контрола
- Контроли за регулирање на мокноста
- Контрола за заклучување на копчињата
- Контроли за регулирање на тајмерот
2.3 Информации за производот
Микрокомпјутерската керамичка плоча за готвење може да исполни различни кујнски барања за загревање со помош на електричен отпор, микрокомпјутеризирана контрола и можност за избор на различен напон, и затоа претставува најдобар избор за модерното семејство.
Керамичката плоча за готвење е фокусирана на потрошувачите и усвојува персонализиран дизајн. Плочата поседува сигурни и доверливи перформанси, што го чини Вашиот живот покомфорен и Ви овозможува во потполност да уживате во животните задоволства.
Керамичката плоча за готвење директно користи електричен отпор за загревање, а прилагодувањето на енергијата се создава преку регулација на напојувањето со допир на тастерите.
2.5 Пред употреба на новата керамичка плоча
- Прочитајте го овој водич, посебно обрнувајки внимание на делот „Безбедносни предупредувања“.
- Отстранете ги сите заштитни навлаки кои се уште може да се наоғаат на Вашата керамичка плоча.
Тежината и димензиите се приближни. Со оглед дека константно тежнееме кон подобрување на нашют производ, можни се промени на спецификациите и дизајнот без претходно известување.
3. Ракување
3.1 Тастери на допир
- Контролите одговараат на допир, што значи дека не е потребно притискање.
- Користете ги јаготките од прстите, а не врвовите.
- Ке чуете звучен сигнал при секој регистриран допир.
- Погрижете се контролните копчиња секогаш да бидат чисти, суви и на нив да нема предмети (како прибор или ткаенина), кои ги покриваат. Дури и тенок слој вода може да доведе до потешкотии во работата на контролните копчиња.

3.2 Избор на соодветни садови
Не користете садови со груби рабови или закривени основи.

Погрижете се основата на садот да биде мазна, правилно да се лепи за стаклото и да биде со иста големина како зоната за готвење. Садот секогаш поставувајте го на центарот од зоната за готвење.

Садовите секогаш подигнувајте ги од керамичката плоча – не ги влечете по неа, бидејки може да го изгребат стаклото.

3.3 Како да се употребува
3.3.1 Почеток на подготовка на храна
Откако уредот će биде прилучен на напојување на електрична енергија, će се огласи звучниот сигнал еднаш, сите индикатори će светнат 1 секунди, па će се угасат, така покажувајки дека керамичката плоча е влезена во состојба на чекање.
| Допрете ја контролата ON/OFF 1. сите индикатори покажуваат „-“ | ![]() |
| Поставете соодветен сад на зоната за готвење која сакате да ја употребувате.Погрижете се дното на садот и површината на зоната да бидат чисти и суви. | ![]() |
| Изберете нагодување на температурата со притискање на тастерот “-” или “+”.Ако не изберете нагодување на температурата во рок од 1 минута, плочата автоматски Ѽе се исклучи. Ке мора одново да тргнете од чекор 1.Температурата може да ја нагодувате кога било при процесот на термичка обработка на храната.Со допир или држење на кој било од овие тастери, вредноста Ѽе се намалува или зголемува. | ![]() ![]() |
3.3.2 Завршување на подготовка на храна
| Исклучете ја зоната за готвење така што їе ја нагодите наназад со одбројување до “0” или со допир на тастерите “-” и “+” заедно. | ![]() |
| Исклучете ја плочата за готвење со допир на тастерот вклучи/исклучи. ➊ | ![]() |

Пазете се од врели површини
“Н” покажува која зона е врела на допир. Ке исчезне кога површината ке се излади до безбедна температура. Ова може да се користи и како функција за заштеда на енергија; ако сакате да загреете некој друг сад, користете ја површината која е се уште врела.

3.3.3 Заклукување на тастерите
- Можете да ги заклучите тастерите за да спречите несакана употреба (пр. случајно вклучување на зоните за готвење од страна на деца).
- Кога тастерите се заклучени, сите освен тастерот за вклучување/исклучување се онезвозможени.
| За заклучување на тастерите | |
| Допрете го тастерот 📞 за заклучување | Индикаторот на тајмерот їе покаже „Lo“ |
| За отклучување на тастерите | |
| Погрижете се керамичката плоча за готвење да биде включена.Допрете го и држете го тастерот за заклучување. 📞 | |
Кога плочата е во режим за заклучување, сите контроли се оневозможени освен ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ ① , секогаш можете да ја исключите керамичката плоча со контролата за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ ① во итен случај, но прво Ѽе ја отключите плочата за готвење во следната операција.
3.3.4 Контрола на тајмер
Можете да го користите тајмерот на два различни начини:
a) Можете да го користите како паметник за минути. Во овој случај, тајмерот нема да исклучи ниту една зона за готвење кога ќе истече поставеното време.
б) Можете да го поставите да исклучува една или повеće зони за готвење по истекот на поставеното време.
• Максималното време на тајмер е 99 минути
Преглед на тајмерот

a) Користење на тајмерот како потсетување минути
Ако не избирате ниту една зона за готвење
| Проверете дали е включена плочата за готвење.Забелешка: можете да го користите подсетникот за минути дури и ако не избирате зона за готвење. | |
| Допрете ја контролата на тајмерот, индикаторот за тајмерот ѐе трепка; | [ХН8Т] |
| Поставете го времето со допирање или контрола на тајмерот Со допирање на „ — “ и „ + “ заедно, тајмерот се откажува, а „--“ ѐе се прикаже на екранот за минути. | ![]() |
| Кога ѐе се постави времето, веднаш ѐе почне да одбројува. Екранот ѐе го прикаже преостанатото време и индикаторот за тајмерот ѐе трепка 5 секунди | ![]() |
| Звучникот ѐе сигнализира 30 секунди и индикаторот на тајмерот покажува „- -“ кога ѐе заврши време кое е програмирано. | [СКKG] |
Совет:
a) Допрете ја контролата „-“ или „+“ на тајмерот еднаш за да ја намалите или зголемите за 1 минута.
б) Допрете и задржете ја контролата „-“или“+“ на тајмерот за да се намали или зголеми за 10 минути.
в) Ако подесеното време надмине 99 минути, тајмерот автоматски єе се врати на 0 минути.
b) Поставување на тајмерот да исклучува една зона за готвење
Поставете една зона
| Допрете го ⏻ или ⚠ на соодветната зона за готвење за која сакате да го поставите тајмерот. | ![]() |
| Поставете го времето со допирање на ⏻ или ⚠ контролата на тајмерот | ![]() |
| Со допирање на ⏻ и ⚠ заедно, тајмерот се откажува и покажува „--“ на екранот за минути. | ![]() |
| Кога će се постави времето, веднаш će почне да одбројува. Екранот će го прикаже преостанатото време и индикаторот за тајмерот трепка 5 секунди | ![]() |
| Кога će истече тајмерот за готвење, соодветната зона за готвење автоматски će се исклучи; | ![]() |
Забелешка:
а) Црвената точка до индикаторот за нивото на моćност će светне што покажува дека зоната е избрана.
б) Ако сакате да го промените времето откако ње се постави тајмерот, треба да започнете од чекор 1.
Сензорот за контрола на температурата кој е вграден во уредот ја следи температурата во рамки на керамичката плоча за готвење. Кога сензорот će забележи премногу висока температура, плочата автоматски će престане со работа.
3.3.6 Предупредување за преостаната топлина
Ако плочата работела подолго време, ће се појават остатоци од топлина. Буквата "Н" ће се појави, за да Ве предупреди да се држите подалеку од таа зона.
3.3.7 Стандардно време на работа
Уште една сигурносна функција на плочата е автоматското исклучување. Таа се активира секој пат кога ќе заборавите да ја исклучите зоната за готвење. Стандардното време на исклучување е
| Ниво на напојување | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | ||||||
| Станд. време на работа (час) | 8 | 8 | 8 | 4 | 4 | 4 | 2 | 2 | 2 |
Бидете внимателни при prжењето, бидејки маслото и маста може брзо да се загреат, особено ако ја користите опцијата "Power Boost". При екстремно високи температури маслото и маста може да се запалат спонтано што претставува сериозна опасност од пожар.
4.1 Совети за готвење
- Кога храната ње дојде до точка на вриење, намалете ја нагодената температура.
- Користењето капак će го намали времето на готвење и će заштеди енергија, така што će ја задржи топлината.
- Намалете ја количината на течности или масло за да го намалите времето потребно за подготовка на храната.
- Започнете со термичка обработка на храната на висока температура, а потоа намалете ја температурата кога храната єе се загрее.
- Крчкањето е процес кој се одвива под точката на вриење, на околу 85 °C, кога меурчиња повремено се креваат на површината на течноста за готвење. Тоа е клуч за подготовка на вкусни супи и динстувани јадења. Сосовите со јајца и брашно исто така би требало да се подготвуваат на оваа температура.
- Некои процеси, включително и готвењето ориз со помош на методот на апсорпција, може да бараат поголема температура од најниската потребна како би било сигурно дека храната ке биде зготвена правилно и во рамки на препорачаното време.
4.1.2 Динстуван месен нарезок
За подготовка сочни парчиња месо:
- Оставете го месото на собна температура 20 минути пред подготовката.
- Загрејте тава со дебело дно.
- Премачкајте ги обете страни на нарезокот со масло. Ставете мала количина масло во загреаната тава и потоа спуштете го месото во тавата.
- Нарезокот превртете го само еднаш при подготовката. Точното време на подготовка зависи од дебелината на нарезокот и од тоа колку сакате да биде пржен. Времето може да варира од 2 до 8 минути по страна. Притиснете го месото за да одмерите колку е испржено – колку е потврдо на допир, толку єе биде подобро припремено.
- Оставете го нарезокот во топлата тава неколку минути за да омекне пред сервирањето.
4.1.3 За пржење
- Изберете тава со рамна подлога, погодна за подготовка на храна на керамичка плоча, или голема тава.
- Сите costoјки во приборот нека бидат подготвени. Пржењето треба да биде брзо. Доколку подготувате поголема количина, храната подгответе ја во неколку помали порции.
- Загрејте ја кратко тавата и додајте две супени лажици масло.
- Прво подгответе го кој било вид месо, останете го од страна и држете го загреано.
- Испржете го зеленчукот. Кога зеленчукот е врел но сè уште крцкав, намалете ја температурата на готвење, вратете го месото во тавата и додајте сос.
- Пропржете ги сostoјките, за да бидете сигурни дека се е потполно загреано.
- Послужете веднаш.
Долунаведените поставки се само насоки. Точните поставки ће зависит од неколку фактори, вклучувајки ги и садовите за подготовка на храна и количината на храната. Експериментирајте со керамичката плоча, за да ја пронајдете поставката која највеќе Ви одговара.
| Секојдневно валкање на стаклото (отпечаток од прсти, траги, дамки од храна или нешекерна излеана содржина на стаклото). |
| Дамки од вриење, топење и врели дамки од шекер на стаклото. |
- Прекинете го напојувањето на плочата со електрична енергија.
- Користете средство за чистење на плочата додека стаклото е се уште топло (но не врело!)
- Измијте ја и исушете ја со чиста ткаенина или хартиен бришач.
- Повторно приключете ја плочата на електрична енергија.
Отстранете ги веднаш со шпакла, нож или стругалка погодна за стаклено-керамички плочи, но пазете се од врелата површина на зоните за готвење:
- Прекинете го напојувањето на плочата.
- Држете ја стругалката или приборот под агол од 30° и изгребете ја дамката или изLEANата содржина од ладниот дел на плочата.
- Исчистете ја дамката или прелеаната содржина со крпа или хартиен бришач.
-
Следете ги горенаведените чекори од 2 до 4 за "Секојдневно валкање на стаклото".
-
Кога е прекинато напојувањето на плочата со електрична енергија, нема да има ознаки кои покажуваат "врела површина", но зоната за готвење може да биде сё уште врела! Бидете многу внимателни.
- Грубите жици, некои видови најлонски жици и груби/абразивни средства за чистење може да го изгребат стаклото. Секогаш прочитајте ја етикетата, за да видите дали средството за чистење или жицата се соодветни.
- Никогаш не оставајте талози од средство за чистење на плочата: може да се појават дамки.
- Отстранете ги дамките настанати од слатка храна, топење или вриење што е можно порано. Ако дамките се изладат на стаклото, постои можност дека тешко єе се отстранат, а може дури и трајно да ја оштетат стаклената површина.
- Опасност од исеченици: кога сигурносната маска е отстранета, сечилото на стругачот е остро како жилет. Користете го многу внимателно и секогаш држете го подалеку од дофат на деца.
| Дамки настанати од вриење на тастерите на допир. | 1. Прекинете го напојувањето на плочата со електрична енергија.2. Соберете ја излеаната течност.3. Исчистете ги тастерите со чист влажен сунгер или ткаенина.4. Исушете ја површината со хартиен бришач.5. Повторно включете го напојувањето на уредот. | • Плочата за готвење може да даде звучен сигнал, а тастерите на допир можно е да не функционираат додека на нив има течност. Погрижете се површината на тастерите да биде потполно сува пред повторно да го включите уредот. |
7. Совети
| Проблем | Можна причина | Што да се направи |
| Плочата за готвење не може да се вклучи. | Нема струја. | Погрижете се плочата да биде поврзана на напојување со електрична енергија и да биде включена. Проверете дали дошло до прекин на напојувањето во Вашиот крај. Ако сте провериле се, а проблемот останува, повикајте квалификуван техничар. |
| Тастерите на допир не реагираат. | Тастерите се заклучени. | Отключете ги тастерите. Погледнете го одделот “Употреба на Вашата керамичка плоча” за упатства. |
| Тастерите тешко работат. | Можно е да постои тенок слој вода на тастерите или ги користите врвовите на прстите при допир на тастерите. | Погрижете се површината на тастерите да биде сува и користете ги јаготките на прстите при допир на тастерите. |
| Стаклото е изгребано. | Садови со груби рабови.Користена е несоодветна, абразивна жица или средства за чистење. | Користете садови со рамно и мазно дно. Погледнете во “Избор на вистински садови за подготовка на храна”.Погледнете во “Грижа и чистење”. |
| Садовите потпукнуваат или создаваат крцкави звуци. | Можна причина е материјалот од кој се направени садовите (слоевите од различен метал различно вибрираат). | Тоа е нормално за садовите и не е знак за грешка. |
8. Инсталација
8.1 Избор на инсталаписка опрема
Изрежете ја работната површина според мерките назначени на цртежите.
За потребите на инсталацијата и користењето, мора да остане минимум 5 см простор околу дупките. Погрижете се дебелината на работната површина да биде барем 30mm. Ве молиме, изберете изолачиски материјал отпорен на топлина (дрво и слични влакнести и впивачки материјали не би требало да се користат како работна површина освен ако не се интегрирани) со што би се избегнал струен удар или поголеми деформации предизвикани од топлината на плочата. Како што е прикажано подолу:

Напомена: Сигурната оддалеченост помеѓу страните на плочата и ормарите над неа треба да биде барем 3mm.

Во секој случај, погрижете се керамичката плоча да има добар проток на воздух, и просторот за влез и излез на воздухот да не биде блокиран. Проверете дали плочата е во добра состојба. Како што е прикажано подолу:

Напомена: Сигурната оддалеченост помеѓу плочата и ормарите над неа треба да биде најмалку 760mm.


ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Осигурување на адекватен проток на воздух
Погрижете се керамичката плоча да има добар проток на воздух, и просторот за влез и излез на воздухот да не биде блокиран. За да избегнете случаен контакт со прегреаното дно на плочата или неочекуван електричен шок, потребно е да ставите дрвен подметнувач, прицврстен за шрафови, на минимално растојание од 50mm од дното на плочата. Следете ги долунаведените барања.


Постојат вентилациски отвори околу и во плочата. МОРА ДА СЕ ПОГРИЖИТЕ и овие отвори да не бидат блокирани од работната површина, кога је ја поставите плочата.

- Имајте на ум дека лепакот за спојување пластични или дрвени материјали на мебел треба да издржи температура не пониска од 150°С, за да се избегне одлепување на плочата.
- Задниот сид и околните површини мора да бидат во состојба да издржат температура од 90°C.
8.2 Пред поставување и фиксирање на потпирачите
Уредот мора да биде поставен на стабилна, мазна површина (користејки го пакувањето). Не применувајте сила врз испакнатите тастери на плочата. Фиксирајте ја плочата на работната површина со вртење на 4 потпирачи на дното од плочата (погледнете ја сликата) по инсталирањето.

Нагодете го потпирают така што ке се прилагоди на различна дебелина на работната површина.


Потпирачите во ниеден случај не може да ги допираат внатрешните делови на работната површина по инсталацијата (погледнете ги сликите).
8.3 Предупредувања
- Керамичката плоча мора да ја инсталира квалификувано лице или техничар. Имаме професионалци кои Ви стојат на услуга. Ве молиме, никогаш не изведувајте зафати на своја рака.
- Керамичката плоча за готвење не би требало да биде поставена во близина на уред за ладење, машина за перење и сушење садови.
- Керамичката плоча треба да се инсталира така што ќе обезбеди подобро испуштање на топлината, со што би се зголемила нејзината сигурност.
- Сидот и наведените делови над работната површина мора да бидат отпорни на топлина.
- За да избегнете какво било оштетување, слојот на кој е поставен уредот и лепакот мора да се отпорни на топлина.
- Не би требало да користите чистач на пареа.
8.4 Поврзување на плочата со извор на напојување на електрична енергија
Единицата на напојување треба да биде поврзана во согласност со соодветните стандарди, или да има еднополен осигурувач. Начинот на поврзување е прикажан подолу:

- Доколку кабелот е оштетен или му е потребна замена, тоа би требало да го изврши овластен сервисер или друго квалификувано лице употребувајки соодветен алат, со што би се избегнале незгоди.
- Доколку уредот е директно поврзан со главниот извор на напојување, еднополниот осигурувач мора да биде инсталиран со минимално растојание од 3 mm помеѓу контактите.
- Лицето задолжено за инсталација мора да изврши правилно поврзување со изворите на напојување во согласност со безбедносните прописи.
- Кабелот не смее да биде свиткан или збиен.
- Кабелот треба редовно да се проверува, а би требало да го менува само адекватно квалификувано лице.

Долниот дел и кабелот за напојување на плочата нема да бидат достапни по инсталирањето на плочата.

ОДЛОЖУВАЊЕ: Не го одложувајте овој производ како комунален отпад. Собирањето на ваков тип отпад е одвоено поради специјалниот начин на обработка кој е неопходен.
Овој уред е означен во согласност со Европската директива 201/19/Eu за Одложување електрична и електронска опрема (WEEE). Со правилното одложување на овој уред, їе помогнете во заштита на животната средина и здравјето од лугето од многу последици, кои инаку ги предизвигува неправилното одложување на отпадот.
Символот на производот укажува дека уредот не може да се третира како обичен отпад од домакинството. Треба да се остави на соодветно место, на кое се собираат електрични и електронски уреди.
Овој уред подразбира специјално одложување. За подетални информации околу обработката на деловите, поправките и рециклирањето на производот, Ве молиме да контактирате со локалниот одбор, својаја служба за одложување комунален отпад или продавницата во која сте го купиле уредот.
За подетални информации околу обработката на деловите, поправките и рециклирањето на производот, Ве молиме да ја контактирате својата градска канцеларија, службата за одложување комунален отпад или продавницата во која сте го купиле производот.













