VCC 7324 WI - Прашалник BEKO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот VCC 7324 WI BEKO во PDF формат.
| Вид на производ | Вшмукувач со вреќа |
| Бренд | Beko |
| Модел | VCC 7324 WI |
| Номинален напон | 220-240 V ~ 50/60 Hz |
| Номинална моќност | 1900 W |
| Максимална моќност | 2400 W |
| Вшмукувачка моќ | 430 W |
| Тип на филтер | HEPA 12 |
| Собирање на прашина | Вреќа за прашина |
| Индикатор за полна вреќа | Да, црвено светло |
| Работен радиус | 10 m |
| Намотување на кабел | Автоматски со копче |
| Телескопска цевка | Да, прилагодлива |
| Тип на четка | Четка за паркет/тепих со прилагодливо подесување |
| Вклучени додатоци | Алат за тесни места, четка за прашина |
| Функција за паркирање | Вертикално и хоризонтално паркирање |
| Филтер за заштита на моторот | Пенест филтер што се пере |
| Одржување на HEPA филтер | Се пере (сушeње мин. 24 часа) |
| Класа на безбедност | Класа II (двојно изолирана) |
| Гаранција | Стандардна гаранција од производителот |
Frequently Asked Questions - VCC 7324 WI BEKO
Прашања на корисниците за VCC 7324 WI BEKO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашалник во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник VCC 7324 WI - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. VCC 7324 WI на марката BEKO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК VCC 7324 WI BEKO
Прво прочитајте го ова упатство!
Почитуван клиенту,
Ви благодариме што го избравте овој уред на Веко. Очекуваме да ги добиете најдобрите резултати со нашиот уред којшто е произведен со висококвалитетна и врвна технологија. Затоа, внимателно прочитајте ги целото упатство и целата друга придружна документација пред да го користите производот и зачувајте го за идни осврти. Ако го предадете уредот на други, дајте им го и прирачникот за употреба. Следете ги инструкциите со обрнување внимание на сите информации и предупредувања во прирачникот.
Имајте предвид дека истото упатство се однесува и на неколку други модели. Разликите меѓу моделите се изречно посочени во упатството.
Следните символи се користат низ разните поглавја на ова упатство:

Важни информации и корисни совети за употребата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Предупредувања за опасни ситуации во однос на безбедноста по животот и имотот.

Класа на заштита од струен удар.

Овој производ е произведен во модерни фабрики коишто не ї штетат на животната средина и не ја уништуваат природата.
1
Важни упатства и предупредувања за безбедноста и животната средина
Овој дел содржи безбедносни упатства кои їе Ви помогнат да се заштитите од ризикот од повреди или оштетување на имот.
Непочитувањето на упатството за употреба, може да Ви ја поништи гаранцијата.
1.1 Општа безбедност
- Овој уред усогласен е со меѓународните стандарди за безбедност.
-
Уредот смеат да го користат деца на возраст од 8 години и нагоре, како и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или без знаење и искусство во употребата на уредот само ако се под надзор на лице одговорно за нивната безбедност кое им го објаснува сигурниот начин на употреба на уредот и доколку ги разбираат опасностите кои употребата на уредот ги носи со себе. Децата не смеат да играат со уредот. Децата не смеат да го чистат и одржуваат уредот доколку се без надзор.
-
Уредот не смее да се користи доколку се оштетени кабелот за струја или уредот. Контактирајте го овластениот сервис.
- Вредностите на Вашата мрежа мора да бидат исти како во информациите за уредот на плочката со спецификации на уредот.
- За напојување на уредот потребен е безбедносен прекинувач, со осигурувач на сила со минимум 16А.
- Уредот не смее да се користи приключен на продолжен кабел.
- За да спречите оштетување на кабелот за струја, внимавајте истиот да не се притиска, заплеткува и да не се доближува до остри рабови.
- Уредот, кабелот за струја или приключокот додека е включен во струја не смеат да се допираат со влажни раце.
- Не влечете го кабелот кога го исклучувате уредот од струја. Секогаш држете го за приклучокот.
- Не чистете запаливи материи, а кога єе вшмукате пепел од цигари, проверете дали е целосно изладен.
1
Важни упатства и предупредувања за безбедноста и животната средина
- Не чистете вода или други течности.
- Заштетете го уредот од дожд, влага и извор на топлина.
- Уредот не смее да се користи во близина на запаливи места или материјали.
- Пред чистењето и одржувањето исключете го уредот од струја.
- Уредот или кабелот за струја не смее да се потопува во вода кога се чисти.
- Цревото мора редовно да се проверува. Не смее да се користи ако е оштетено, контактирајте го овластениот сервис.
- Не обидувајте се да го размонтирате уредот.
- Користете само оригинални делови или делови кои ги препорачал производителот.
- Ако уредот често се користи за чистење на прашини, како што се цемент или фуга маси, индикаторот за прав їе се вклучи порано од вообичаеното, па во тој случај заменете ја кесата за прав, дури и доколку е празна.
- Уредот не смее да се користи без филтер; може да се оштети.
- Кога се чистат скали со правосмукалката, уредот мора да се наоға под корисникот.
- Ако ја чувате амбалажата на уредот, чувајте ја на места недостапни за деца.
1.2 Усогласеност со WEEE директивата и отстранување на стариот уред

Овој уред не содржи штетни и забранети материјали наведени во "Регулативата за супервизија на електрични и електронски уреди за отпад" издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Усогласен е со WEEE Директивата. Овој уред произведен е од високо квалитетни делови и материјали кои може повторно да се користат и рециклираат. Затоа уредот не смее да се отстранува со обичниот отпад од дома Kinството на крајот на работниот век. Однесете го на местото за собирање на рециклажен електричен и електронски отпад. Распрашајте се кај локалните власти за Вашиот реон за овие места. Помогнете во заштитата на животната средина и природните ресурси така што єе го рециклирате употребениот уред.
1.3 Информации за амбалажата

Амбалажата на уредот произведена е од материјали кои може да се рециклираат во согласност со националните регулативи за животната средина. Амбалажата не смее да се отстранува заедно со обичниот отпад од дома Kinството. Однесете ја на местото одредено од страна на локалните власти на кое се собираат амбалажи.
- Рачка
- Контрола на правосмукалката
- Телескопска цевка
- Резе за приспособување на телескопската цевка
- Копче за вклучување/исклучување
- Преграда за чување додатоци
- Резе за приспособување на четка за паркет/тепих
- Четка за паркет/тепих
- Вдлабнатина за фиксирање на четка за паркет/тепих
- Копче за отворање на преградата за чување додатоци
- Рачка за носење
12.Копче за отворање на собирникот на прав - Млазница за вшмукување
- Капаче на црево
- Црево
-
Индикатор за полна вреїчка со прав
17.Копче за намотување на кабелот -
Копче за приспособување на мокноста на смукање
- Капак за НЕРА филтер
2.2 Технички податоци
Напојување : 220-240 V AC 50/60 Hz
Мо́кност : 1900 W номинално
Правата за технички и дизајнерски модификации се задржани.
Вредностите што се наведени со ознаките што се видливи на вашиот уред или во други испечатени документи доставени со него претставуваат вредности добиени лабораториски во согласност со релевантните стандарди. Овие вредности може да варираат според искористеноста на уредот и околните услови.
3 Употреба
3.1 Наменета употреба
Уредот е дизајниран за домашна употреба и не одговара за индустриска примена.
3.2 Приклучување/ отстранување на цревото
- За да го приключите цревото (15), бутнете го капачето за цревото (14) во насоката на стрелката за да се совпадне со млазницата за вшмукување и свртете го во насока на стрелките на часовникот.

- За да го отстраните цревото (15), свртете го капачето за цревото (14) во спротивна насока од стрелките на часовникот и отстранете го.

3.3 Приклучување/ отстранување на телескопската цевка
-
Прикачете ја телескопската цевка (3) за рачката (1).
-
Повлечете ја телескопската цевка (3) од рачката (1) за да ја отстраните.
-
За да ја приспособите телескопската цевка, притиснете го резете за приспособување на телескопската цевка (4) во насока на стрелката и повлечете го нејзиниот крај.

3.4 Приклучување/ отстранување на четката за паркет/тепих
-
Прикачете ја телескопската цевка (3) за четката за паркет/тепих (8).
-
Повлечете ја телескопската цевка (3) од четката за паркет/тепих (8) за да ја отстраните.
3.5 Приспособување на четката за паркет/тепих
Направете го следново со резето за приспособување (7) што се наоға на четката за паркет/тепих (8);
- Употребете ја позицијата "xxxxxx" за тврди површини и паркети.

- Употребете ја позицијата "——" за килими и теписи.

3.6 Работа
-
Включете го уредот во струја по извлекувањето на кабелот лоциран на задниот дел од уредот.
-
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (5) за да го включите уредот.
3 Употреба
3.6.1 Приспособување на мојноста на смукање
- Можете да ја приспособувате моїноста на смукање со помош на копчињата (18) што се наогаат на правосмукалката. Со ротирање во насока на стрелките на часовникот (max) се зголемува моїноста на смукање, додека спротивно (min) се намалува моїноста на смукање.
- Можете да ја намалите моćноста на смукање на четката за паркет и тепих со повлекување наназад на контролата за приспособување на смукањето (2) лоцирана на рачката (1) без да мора да го употребувате копчето за приспособување на смукање што се наога на уредот.
Кога вреќичката за прав е полна, индикаторот за полна вреќичка (16) їе засвети црвено. Заменета ја вреќичката (види 4.1).
3.7 Додатоци
Можете да ја отворите преградата за чување додатоци (6) со притискање на копчето или со отворање на самата преграда (10).
Алатка за вдлабнатини/отвори

Одговара за чистење на површини што се чистат тешко, како на пример под софата и мебелот.
Четка за прав

Одговара за чистење на објекти како завеси, подни површини, кршливи предмети, каучи, софи итн.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не чистете со крајниот дел на рачката (1).
3.8 Исклучување на правосмукалката и нејзино фиксирање (паркирање)
- Исклучете го уредот со копчето за вклучување/исклучување (5) и исключете го од струја.
- Притиснете го копчето за намотување на кабелот (17) за да го соберете кабелот.
Функција за вертикално паркирање
Вметнете ја куката на четката за паркет/тепих (8) во вдлабнатината за паркирање лоцирана на долниот дел од уредот.
Функција за хоризонтално паркирање
Вметнете ја куката на четката за паркет/тепих (8) во вдлабнатината за паркирање (9) лоцирана на долниот дел од уредот.

4 Чистење и одржување
Исклучете го уредот од струја пред да го чистите.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не употребувајте бензин, растворувачи, абразивни агенси за чистење, метални објекти или тврди четки кога го чистите уредот
4.1 Замена на вреїчката за прав
Кога вреїчката за прав е полна, индикаторот за полна вреїчка (16) ке засвети црвено.
- Отворете го капакот со притискање на копчето за отворање на собирникот на прав (12).

- Отстранете ја врејичката за прав од собирникот со нејзино повлекување нагоре.

- Отстранете ја врејичката за прав од положбата со нејзино повлекување од послужавникот.

- Фрлете ја полната вреќичка за прав.
- Со држење на послужавникот притиснете ја новата вреќичка во држачот. Осигурете се дека е добро поставена.
- Вратете го држачот на место во собирникот за прав.
- Затворете го горното капаче на уредот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Немојте на сила да го затворате горниот капак, во спротивно може да се оштетат пластичните делови.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Вреќичките за прав набавени од неавторизирани дилери или сервиси не се оригинални. Таквите вреќички имаат помал квалитет и се кинат за многу краток период со што уредот їе ви биде надвор од функција. Проблемите предизвикани од неавтентични вреќички за прав не се опфатени со гаранцијата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Вреїчката за прав не смее да се пере.
4.2 Чистење на филтрите
По секоја петта заменета врекичка (ова може да варира во зависност од колку често се употребува и каде се употребува), филтрите треба да се исчистат.
4
Чистење и одржување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не употребувајте уреди што произведуваат топол воздух за сушење на филтрите, како што се фенови за коса или грејалки.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не
ги монтирајте филтрите без целосно да се исушат; инаку може да се појави мирис на влага при употреба на уредот, може да протече вода од неговата задна страна или филтрите да се оштетат.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Вратете ги филтрите на нивните места откако їе се исушат.
- Отворете го капакот со притискање на копчето за отворање на собирникот на прав (12).
- Отстранете ја подлогата за филтерот со негово повлекување во насока на стрелката.

- Отстранете го пенестиот филтер од решетката внатре.

- Откако їе го исперете филтерот за заштита на моторот со вода под чешма, исцедете го малку и оставете го да се суши (минимум 24 часа).
4.2.2 НЕРА филтер
- Притиснете го копчето за отворање на задниот капак и отстранете го НЕРА филтерот со негово извлекување од рачката.

- Истресете го излезниот НЕРА филтер за да ја отстраните правта од него. Потоа можете да го исперете со ладна вода под чешма.
- Доколку сте го испрале НЕРА филтерот, исушете го на собна температура (минимум 24 часа). Не го употребувајте доколку не е комплетно исушен.
4.3 Чување
Доколку немате намера да го користите уредот подолго време, складирајте го внимателно.
- Исклучете го од струја.
• Држете го понастрана од деца.
4.4 Ракување и транспорт
- За време на ракувањето со уредот и неговото транспортирање, носете го во неговото оригинално пакување. Пакувањето го заштитува од секакви физички оштетувања.
- Не ставајте тешки работи врз уредот или врз пакувањето. Може да се оштети.
- Доколку ви падне на земја може да престане да работи или да биде трајно оштетен.