VCO 32818 WR - Прашалник BEKO - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот VCO 32818 WR BEKO во PDF формат.
| Тип на производ | Цилиндрична правосмукалка |
| Бренд | Beko |
| Модел | VCO 32818 WR |
| Моќност (номинална) | 1600 W |
| Моќност (максимална) | 2000 W |
| Напон на напојување | 220-240 V~, 50-60 Hz |
| Ниво на бучава | 81 dB(A) |
| Работен радиус | 7.5 m |
| Капацитет на прашина | 1.8 L |
| Тежина (прибл.) | 5.5 kg |
| Димензии на производот (прибл.) | 400 x 300 x 250 mm |
| Тип на резервоар за прашина | Без кеса |
| Тип на филтер | Мотор заштитен сунѓер филтер + EPA E12 влезен филтер + Микро излезен филтер |
| Филтер за перење | Да (сите филтри се перат) |
| Тип на подна четка | Четка за паркет/тепих со прилагодливи влакна |
| Карактеристики за паркирање | Вертикално и хоризонтално паркирање |
| Должина на кабел (прибл.) | 7 m (проценето) |
| Намотување на кабел | Автоматско со копче |
| Вклучени додатоци | Алатка за тапацир, четка за прашина, алатка за тесни простори |
| Телескопска цевка | Да, прилагодлива |
| Безбедносни карактеристики | Термички осигурувач, автоматско исклучување, ознаки за боја на кабелот |
| Гаранција | 2 години (стандардна) |
| Поправливост | Резервни делови достапни преку овластен сервис |
Frequently Asked Questions - VCO 32818 WR BEKO
Прашања на корисниците за VCO 32818 WR BEKO
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашалник во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник VCO 32818 WR - BEKO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. VCO 32818 WR на марката BEKO.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК VCO 32818 WR BEKO
Ве молиме прво прочитајте го ова упатство!
Почитуван клиенту,
Ви благодариме што го избравте овој уред на Веко. Очекуваме да ги добиете најдобрите резултати со нашиот уред којшто е произведен со висококвалитетна и врвна технологија. Затоа, внимателно прочитајте ги целото упатство и целата друга придружна документација пред да го користите производот и зачувајте го за идни осврти. Ако го предадете уредот на други, дајте им го и прирачникот за употреба. Следете ги инструкциите со обрнување внимание на сите информации и предупредувања во прирачникот.
Следните символи се користат низ разните поглавја на ова упатство:

Важни информации и корисни совети за употребата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Предупредувања за опасни ситуации во однос на безбедноста по животот и имотот.

Класа на заштита од струен удар.

РЕЦИКЛИРАНА
РЕЦИКЛИРАЧКА ХАРТИЈА
Овој производ є произведен во современи, еколошки безбедни фабрики без штета на природата.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
Ова поглавје содржи безбедносни упатства што їе ви помогнат да се заштитите од лична повреда или штета по имотот.
Ако не ги следите овие упатства, гаранцијата ке биде поништена.
1.1 Општа безбедност
- Овој уред е усогласен со интернационалните безбедносни стандарди.
- Овој уред може да го употребуваат деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или без искусство и познавање доколку се под надзор или им се даваат упатства за безбедна употреба на уредот и ги разбираат опасностите што доагаат. Децата не треба да си играат со уредот. Уредот не смеат да го чистат и одржуваат деца без надзор.
- Не употребувајте го кабелот за струја, или самиот уред ако е оштетен. Исконтактирајте авторизиран сервисер.
- Вашиот напон во домот треба да биде во согласност со информациите што се наогаат на плочката на уредот.
- Главниот извор на струја на кој їе биде приключен уредот треба да биде осигуран минимум со осигурувач 16 А.
- Не употребувајте го уредот со продолжен кабел.
- За да избегнете оштетување на кабелот за струја, да спречите да биде стискан, извиткуван или триен од остри рабови.
- Не допирајте го уредот кога неговиот приклучок кога е приклучен доколку ви се влажни или мокри рацете.
- Не влечете го кабелот кога го исклучувате уредот од струја.
- Не смукајте запаливи материјали, а кога смукате пепел од цигари, гледајте пепелта да е ладна.
- Не смукајте вода или други течности.
- Заштитете го уредот од дожд, влажност и топлотни извори.
1 Важни упатства за безбедноста и животната средина
-Никогаш не употребувајте го уредот во или близу места каде што има запаливи материјали или каде што околината е запалива.
-Исклучете го од струја пред чистењето и одржувањето.
- Не потопувајте го уредот или кабелот во вода за чистење.
- Редовно проверувајте го цревото на уредот. Не употребувајте го ако е оштетен и стапете во контакт со авторизиран сервис.
- Не расклопувајте го уредот.
- Употребувајте само оригинални делови или делови препорачани од производителот.
- Не употребувајте го уредот без филтри, инаку може да се оштети.
- Кога смукате скалила уредот треба да биде на висина пониска од корисникот.
- Доколку го чувате пакувањето, држете го понастрана од деца.
1.2 Усогласеност со директивата за WEEE за фрлање на производот
Овој производ е усогласен со директивата на ЕУ за WEEE (2012/19/EU). Овој производ го носи символот за класификација за начинот на фрлање на електрична и електронска опрема (WEEE).

Овој символ покажува дека овој производ не треба да се фрла со другиот отпад од дома Kinството откако єе престане да се користи. Искористениот уред треба да се врати во официјален пункт за собирање на електрични и електронски уреди за рециклирање. За да ги најдете овие системи за собирање отпад, контакрајте ги Вашите локални власти или малопродажното место од каде е купен производот. Секое домаćинство има важна улога во враćањето и рециклирањето на стари уреди. Правилното отстранување на искористените уреди помага во заштитата од можни негативни последици за животната средина и здравјето наLuřето.
1.3 Усогласеност со директивата за ризик од опасни материи
Производот што го купивте е усогласен со директивата на ЕУ за ризик од опасни материи (2011/65/EU). Не користи штетни и забранети материјали коишто се посочени во директивата.
1.4 Информации за пакувањето

Материјалите за пакувањето на производот се изработени од рециклирачки материјали во согласност со нашите национални регулативи за животна средина. Не фрлајте го материјалот од пакувањето заедно со домашниот или друг отпад. Однесете го во центар за собирање материјал од пакување што го посочува локалното надлежно тело.
2.2 Технички податоци
- Копче за вклучување/исклучување
- Копче за приспособување на мојноста на смукање
- Копче за намотување на кабелот
- Собирник на прав
- Млазница за вшмукување
- Капаче на црево
- Црево
- Копче за отстранување на собирникот на прав
- Кука за фиксирање на четка за паркет/тепих
- Резе за приспособување на четка
- Високоефикасна четка за паркет/тепих
- Резе за приспособување на телескопската цевка
- Телескопска цевка
- Контрола на правосмукалката
- Рачка
- Горен капак
Мо́кност : 1600 W номинално
: 2000 W Max
Напојување :
220-240 V\~, 50-60 Hz
Правата за технички и дизајнерски промени се задржани.
Вредностите што се наведени со ознаките што се видливи на вашиот апарат или во други испечатени документи доставени со него претставуваат вредности добиени лабораториски во согласност со релевантните стандарди. Овие вредности може да варираат според искористеноста на уредот и околните услови.
3 Употреба
3.1 Наменета употреба
Уредот е дизајниран за домашна употреба и не одговара за индустриска примена.
3.2 Приклучување/ отстранување на цревото
- За да го приключите цревото (7) притиснете го капачето за цревото (6) во насоката на стрелката сё додека не се порамни со кукиштето (ке се слушне звук на кликање).

- Деловите што штрчат на капачето за цревото треба да бидат соодветно порамнети.
- За да го отстраните цревото (7) треба да притиснете на копчињата за отклучување на страните од капачето (6) и да го повлечете цревото.
3.3 Приклучување/ отстранување на телескопската цевка
- Прикачете ја телескопската цевка (13) за рачката (15).

-
Повлечете ја телескопската цевка (13) од рачката (15) за да ја отстраните.
-
Телескопската цевка (13) можете да ја продолжувате или скратувате со лизгање напред или назад на резето за приспособување на телескопската цевка (12).

3.4 Приклучување/ отстранување на четката за паркет/тепих
- Прикачете ја телескопската цевка (13) за четката за паркет/тепих (11) во насоката на стрелката.

- Можете да ја отстраните телескопската цевка (13) од четката за паркет/тепих (11) со нејзино повлекување.
3 Употреба
3.5 Приспособување на четката за паркет/тепих
Притиснете го резето за приспособување (10) што се наога на четката за паркет/тепих (11) и;
- Смукајте на цврста површина и паркет; продолжете ја четката пред смукање.

- Смукајте на теписи и черги; повлечете ја четката навнатре пред смукање.

36 Работа
- Включете го уредот во струја по извлекувањето на кабелот лоциран на задниот дел од уредот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Престанете да го извлекувате кабелот кога єе ја видите жолтата ознака на него. По жолтата ознака доаға црвена. Не извлекувајте повеće откако єе ја видите црвената.
- Можете да го користите копчето за приспособување на моćноста на смукање (2) што се наоға на правосмукалката за да го поставите на посакуваната моćност за смукање (види 3.6).
- Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (1) за да го включите уредот.
3.7 Додатоци
Додатоците се дизајнирани како целосни парчиња за да се заштеди простор и да се овозможи практично користење.
Алатка за тапацир

Одговара за чистење на под, скалила, внатрешност на автомобили, софи, фотелји итн.
Четка за прав

Одговара за чистење на завеси и чувствителни и кршливи објекти
Алатка за вдлабнатини/отвори

Одговара за чистење на површини што се чистат тешко, како, на пример, под мебелот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Алатката за вдлабнатини/отвори може да се приспособи да остане однадвор.
- Повлечете го додатокот за да го отстраните кога їе завршите.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не
смукајте со држете на крајниот дел од рачката (15).
3 Употреба
3.8 Исклучување на правосмукалката и нејзино фиксирање (паркирање)
- Исклучете го уредот со копчето за вклучување/исклучување (1) и исключете го од струја.
- Притиснете го копчето за намотување на кабелот (3) за да го намотате во уредот.
Функција за вертикално паркирање
Прикачете ја куката на четката за паркет/тепих (9) во вдлабнатината за паркирање лоцирана на долниот дел од уредот.
Функција за хоризонтално паркирање
Прикачете ја куката на четката за паркет/тепих (9) во вдлабнатината за паркирање лоцирана на задната страна од уредот.

4 Чистење и одржување
Исклучете го уредот од струја пред да го чистите.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не употребувајте бензин, растворувачи, абразивни агенси за чистење, метални објекти или тврди четки кога го чистите уредот.
4.1 Празнење на собирникот на прав
- Притиснете на копчето за отстранување на собирникот на прав (8) за да го отстраните собирникот (4) и отстранете го во насока на стрелката со држење на носечката рачка на собирникот.

- Отворете го капакот на собирникот за прав (4) со притискање на внатрешното резе и испразнете го собирникот.
- Откако сте го испразниле, затворете го капакот на собирникот (4). – Če слушнете кликнување.
- Вратете го собирникот на прав (4) на неговото место со држете на рачката.
4.2 Чистење на филтрите

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Не употребувајте уреди што произведуват топол воздух за сушење на филтрите, како што се фенови за коса или грејалки.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не монтирајте ги филтрите без целосно да се исушат; инаку може да се појави мирис на влага при употреба на уредот, може да протече вода од неговата задна страна или филтрите да се оштетат.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Вратете ги филтрите на нивните места откако їе се исушат.
4.2.1 Заштита на моторот и EPA E12 филтер
Овие филтри се лоцирани на задната страна од собирникот за прав (4).
- Притиснете на копчето за отстранување на собирникот на прав (8) и отстранете го собирникот (4).
- Отстранете го EPA E12 филтерот и филтерот за заштита на моторот што се наога на задниот дел од собирникот на прав (4).

- Откако єе го исперете филтерот со вода под чешма, исцедете го малку и оставете го да се суши (минимум 24 часа).
- Истресете го влезниот EPA E12 филтер за да ја отстраните правта од него. Потоа можете да го исперете со ладна вода под чешма.
- Доколку сте го испрале EPA E12 филтерот, исушете го на собна температура (минимум 24 часа). Не употребувајте го доколку не е комплетно исушен.
4 Чистење и одржување
4.2.2 Филтер за издувен воздух
- Притиснете го резето на капакот на задниот отвор за да го отворите.
- Отстранете го микро-сунгерот поставен на задниот крај од капакот за да го исплакните.
- Откако сте го исплакниле, нежно истискајте го микро-филтерот.
4.3 Чување
•Доколку немате намера да го користите уредот подолго време, складирајте го внимателно.
-Исклучете го од струја.
•Држете го понастрана од деца.
4.4 Ракување и транспорт
- За време на ракувањето со уредот и неговото транспортирање, носете го во неговото оригинално пакување. Пакувањето го заштитува од секакви физички оштетувања.
- Не ставајте тешки работи врз уредот или врз пакувањето. Може да се оштети.
- Доколку ви падне на земја може да престане да работи или да биде трајно оштетен.