MDRS619FGF46 - фрижидер MIDEA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот MDRS619FGF46 MIDEA во PDF формат.
| Тип на производ | Фрижидер со замрзнувач |
| Бренд | MIDEA |
| Модел | MDRS619FGF46 |
| Класа на енергетска ефикасност | E (проценето) |
| Годишна потрошувачка на енергија | прибл. 150 kWh |
| Корисен волумен на фрижидерот | прибл. 180 l |
| Корисен волумен на замрзнувачот | прибл. 50 l |
| Вкупен корисен волумен | прибл. 230 l |
| Климатска класа | N/ST |
| Ладилно средство | R600a |
| Ниво на бучава | прибл. 40 dB |
| Димензии (В x Ш x Д) | прибл. 1500 x 600 x 650 mm |
| Тежина | прибл. 55 kg |
| Контрола на температура | Механичка |
| Одмрзнување | Автоматско (фрижидер), рачно (замрзнувач) |
| Внатрешно осветлување | LED |
| Број на полици на врата | 3 (проценето) |
| Број на стаклени полици | 4 (проценето) |
| Променлив правец на отворање на вратата | Да |
| Напојување/Фреквенција | 220–240 V, 50 Hz |
| Приклучна моќност | прибл. 90 W |
| Чистење | Со благ детергент и мека крпа |
| Додатоци | Послужавник за јајца, калап за мраз |
Frequently Asked Questions - MDRS619FGF46 MIDEA
Прашања на корисниците за MDRS619FGF46 MIDEA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник MDRS619FGF46 - MIDEA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. MDRS619FGF46 на марката MIDEA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК MDRS619FGF46 MIDEA
Ве молиме, внимателно прочитајте го овој прирачник пред да го користите овој производ и чувајте го за во иднина. За подобрување на производот, дизајнот и спецификациите се предмет на промена без претходно известување. За повеќе детали, консултирајте се со вашиот продавач или производител.
Упатство за работа

1. Безбедносни предупредувања
1.1. Предупредувања
1.2. Значење на символите за безбедносни предупредувања
1.3. Предупредувања поврзани со електрицитет
1.4. Предупредувања за употреба на апаратот
1.5. Предупредувања за поставување
1.6. Предупредурава за енергија
1.7. Предупредувања за отстранување
2. Правилна употреба на фрижидерот
2.1. Поставување
2.2. Балансирање на ногарките
2.3. Балансирање на вратата
2.4. Промена на светилката
2.5. Започнување на употреба
2.6. Совети за заштедување на енергија
4. Одржување и грижа за фрижидерот
4.1. Целосно чистење
4.2. Чистење на вратата
4.3. Чистење на стаклената полица
4.4. Одмрзнување
4.5. Надвор од работа
5. Решавање на проблеми
5.1. Решавање на проблеми
6. Параметри
6.1. Технички параметри
Драги корисници, Ви благодариме што го одбравте нашиот Midea фрижидер!
1. Безбедносни предупредувања
1.1. Предупредувања

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Ризик од пожар / запалливи материи
- Овој апарат е наменет за употреба во домашни услови и слични апликации, како кујнски области во продавници, канцеларии или други работни околини, фарми, хотели, мотели и слични објекти за престој, кетеринг и мали непрофитабилни апликации.
- Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајки и деца) со намалени физички, сензорни или ментални капацитети, или недостиг на искусство и знаење, освен доколку не се под надзор и не им се дадени правилни и прецизни упатства за употреба и ги разбираат последиците и ризиците кои настануваат поради непочитување на овие упатства, за нивна безбедност.
- Децата треба да се под надзор и тие не смеат да си играат со апаратот.
- Доколку струјниот кабел е оштетен, истиот мора да биде заменет од страна на производителот, неговиот овластен сервис или слично квалификувано лице, со цел избегнување на било каква опасност.
- Не складирајте експлозивни супстанци, како аеросолни лименки со запаллив пропелант во овој апарат.
- Апаратот мора да биде ислучен од струја по употребата и пред неговото чистење или одржување.
- Предупредување : Вентилационите отвори, на површината на апаратот или во неговата вградена структура, не смеат да бидат попречени во ниту еден момент.
- Предупредување : Не користете механички уреди или други начини за забрзување на процесот на одмрзнување, освен доколку тие не се препорачани од страна на производителот.
- Предупредување : Не го оштетувајте колото за средството за ладење.
- Предупредување : Не користете електрични уреди во внатрешноста на фрижидерот, освен доколку тие не се препорачани од страна на производителот.
- Предупредување : Ве молиме оставете го фрижидерот според локалните правила за употреба на запалливи материи, експлозивни гасови и средства за ладење.
- Предупредување : При позиционирање на апаратот, бидете сигурни дека струјниот кабел не е притиснат или премногу свиткан, за да не дојде до негово оштетување.
- Предупредување : Не поставувајте продолжни кабли на позадината на фрижидерот.
-
Не користете продолжни кабли или незаземјени адаптери.
-
Опасност : Ризик од заглавување на деца. Пред да го фрлите вашиот стар фрижидер или замрзнувач :
- Извадете ги вратите.
- Оставете ги полиците на нивното место, така што децата нема да можат да влезат во апаратот.
- Фрижидерот мора да биде ислучен од струјниот извор при инсталација на додатоци.
- Средството за ладење и циклопетанскиот пенлив материјал кои се користат во апаратот се запалливи. Затоа, овие материјали како и самиот апарат треба да се држат на страна од извори на орган, а при фрлање можат да бидат превземени од страна на специјални компании со соодветни квалификации, за да се избегнат опасности кон околината и лугето во неа.
- За ЕУ стандард : Овој апарат може да биде употребуван од страна на деца над 8 години, како и лица со намалени физички, сензорни или ментални капацитети, или недостиг на искусство и знаење, доколку се под надзор и им се дадени правилни и прецизни упатства за употреба, а исто така и ги разбираат ризиците кои настануваат поради непочитување на овие правила. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не смее да биде правено од страна на деца без надзор од одговорно лице. Деца од 3 до 8 години смеат да го полнат и празнат фрижидерот.
- Важно е вратите на апаратот кои се опремени со системи за заклучување и клучеви, тие клучеви да бидат чувани надвор од дофат на деца и да не се во близина на апаратот за ладење, со цел избегнување на заглавување на деца во внатрешноста на апаратот.
- За да се избегне контаминација на храна, Ве молиме следете ги следните упатства :
- Отворањето на вратата на подолги периоди може да предизвика значително зголемување на температурата во внатрешноста на апаратот.
- Редовно чистете ги површините кои доағаат во контакт со храна и пристапните системи за дренажа.
- Чистете ги резервоарите за вода доколку не се употребувани повеće од 48 часа. Исфрлете ја водата од системот доколку истата не е повлечена повеće од 5 дена.
- Свежо месо и риба складирајте во соодветни садови во фрижидерот, за да не доаға до контакт или да нема капење врз друга храна.
- Одделите за замрзнување на храна со две свезди се соодветни за складирањена претходно замрзната храна, складирање или правење на сладолед и правење на ледни коцки.
- Одделите со една, две и три свезди не се соодветни за замрзнување на свежа храна.
- За апарати без оддел со 4 свезди: овој апарат не е соодветен за замрзнување на свежа храна.
- Доколку фрижидерот е оставен празен на подолг период, исключете го, одмрзнете го, исчистете го, исушете го и оставете ја вратата отворена со цел спречување на формирање на непријатни мириси во внатрешноста на апаратот.
- За апарат со слободно стоење: овој апарат не е наменет за употреба и поставување во вградени кујнски елементи.
- Било каква промена или одржување на ЛЕД сијаличките треба да биде направена од страна на производителот, неговиот овластен сервис или слично квалификувано лице.
- Овој производ содржи светлински извори со енергетска ефикасност класа G.
1.2. Значењена символите за безбедносни предупредувања

Ова е символ за забрана.
Било какво непочитување на упатствата означени со овој символ може да резултира со оштетување на производот или загрозување на личната безбедност на корисникот.

Ова е символ за предупредување.
Потребно е внимание при работи кои се означени со овој символ, во спротивно може да дојде до оштетување на производот или лични повреди.

Ова е символ за внимание / забелешка.
Упатствата означени со овој символ бараат посебно внимание. Недоволно обратено внимание може да резултира со мали или среди повреди, или оштетување на производот.
Овој прирачник содржи многу важни, безбедносни информации, кои треба да се почитуваат од страна на корисникот.
1.3. Предупредувања поврзани со електрицитет

- Не го влечете струјниот кабел при негово исклучување. Ве молиме цврсто фатете го приклучокот на струјниот кабел за безбедно исклучување од струјниот извор. - За да имате безбедна употреба, не го оштетувајте струјниот кабел, а истиот немојте да го користите доколку е оштетен или истрошен.

- Ве молиме користете посветен штекер, односно штекер кој фрижидерот нема да го дели со други електрични апарати. - Струјниот кабел мора да биде добро поврзан со штекерот, во спротивно може да дојде до искрење и пожар. - Ве молиме бидете сигурни дека штекерот е опремен со електрода за заземјување.

- Ве молиме затворете го вентилот за протекување на гас и отворете ги вратите и прозорците во случај на протекување на гас или други запалливи материи. - Не го ислучувајте фрижидерот од струја во овој случај, бидејки може да дојде до искрење и предизвикување на пожар.

- Не користете електрични уреди на површината на фрижидерот, освен доколку тие не се од тип кој е препорачан од страна на производителот.
1.4. Предупредувања за употреба

- Немојте своеволно да го расклопувате или реконструирате фрижидерот, ниту пак да го оштетувате колото за средството за ладење. Одржувањето на апаратот мора да биде направено од страна на специјалист.
- Оштетениот струен кабел мора веднаш да биде заменет од страна на производителот, неговиот оддел за одржување или слично, квалификувано лице, со цел избегнување на било каква опасност.

- Просторот помеѓу вратата на фрижидерот и телото на фрижидерот е многу мал, па внимавајте да не ги ставате вашите раце или прсти во овие простори, за да не дојде до нивно притискање и повреда. Нежно затворајте ја вратата за да не дојде до паѓање или превртување на артиклите кои се наогојаат во фрижидерот.
- Не вадете храна или садови со мокри раце од комората за замрзнување, особено метални садови, за да не дојде до изгореници од мраз.

Не дозволувајте на деца да се качуваат или да влегуваат во фрижидерот. Може да дојде до повреда или задушување.

- Не поставувајте тешки предмети на површината на фрижидерот, бидејки тие може да паднат при затворање или отворање на вратата, и да предизвикаат повреди кај корисникот. - Ве молиме исклучувајте го апаратот од струјниот извор при недостиг на струја или при чистењето. При повторно вклучување, дајте му најмалку 5 минути на замрзнувачот, за да не дојде до оштетување на компресорот поради нагло вклучување.
1.5. Предупредувања за поставување

- Не поставувајте запалливи, експлозивни или корозивни предмети во фрижидерот, за да избегнете оштетување на производот или пожар.
- Не поставувајте запалливи работи во близина на фрижидерот за да избегнете појава и ризик од пожар.

- Фрижидерот е наменет за домашна употреба, како складирање на храна. Не е наменет за други работи, како на пример складирање на крв, лекови, биолошки производи и слично.

- Не складирајте пиво, пијалоци или други течности во шишиња или затворени садови во комората за замрзнување, бидејки може да дојде до нивно ширење при замрзнување и пукање, а потоа и оштетувања на апаратот.
1.6. Предупредувањаза енергија
-
Апаратите за ладење може да не работат константно (можеби пореди одмрзнување на предмети или превисока температура во одделот за замрзната храна) при работа на подолг период надвор од температурниот опсег за кој е дизајниран овој апарат.
-
Факт е дека газирани пијалоци не треба да се складираат во замрзнувачот или одделите со прениска температура, бидејки овие пијалоци не се наменети за пиење при толку ниска температура.
-
Потреба да не се пречекори времето на складирање на храна препорачано од страна на производителите на храна, особено за комерцијална, брзо-замрзната храна во фрижидер или замрзнувач.
-
Мерки потребни за спречување на непотребен пораст на температурата на замрзнатата храна за време на одмрзнувањето или чистењето на апаратот, како виткање на храната во неколку слоја на хартија или весник.
-
Факт е дека порастот на температурата на замрзнатата храна за време на одмрзнувањето, одржувањето или чистењето на апаратот може да доведе до скратување на рокот на траење на храната.
- Потребата да вратите опремени со систем за заклучување, нивните клучеви да стојат надвор од дофат на деца и не во близина на фрижидерот, за да се спречи заглавување на деца во внатрешноста на апаратот.
1.7. Предупредувања за отстранување
Средството за ладење и циклопетанскиот пенлив материјал кои се користат во апаратот се запалливи. Затоа, овие материјали како и самоот апарат треба да се држат на страна од извори на орган, а при фрлање можат да бидат превземени од страна на специјални компании со соодветни квалификации, за да се избегнат опасности кон околината и лугето во неа.
! Кога фрижидерот се отфрла, извадете го вратите, а полиците оставете ги на нивното место во внатрешноста на фрижидерот, за да се спречи заглавување на деца.

Правилно исфрлање на овој производ :
Овој символ индицира дека овој производ не смее да биде исфрлен заедно со останатиот дома Kinски отпад. За да се избегне можно оштетување на околината и човековото здравје поради неконтролиран отпад, потребно е одговорно рециклирање за промовирање на повторна употреба на материјалните ресурси. За да го вратите вашиот стар уред, контакрајте ги системите за колекција или вашиот
препродавач. Тие може да ве упатат на право место за безбедно рециклирање на електричниот апарат.
2. Правилна употреба на фрижидерот
2.1. Поставување

- Пред употреба, извадете ги сите материјали за пакување, вклучувајки ги долните перничиња, пената и лентите во внатрешноста на фрижидерот.
•

- Држете го апаратот на страна од топлина и директна изложеност на сончева светлина. Не го поставувајте фрижидерот на влажни места за да спречите 'рғосување и намалување на ефектот на изолација.
- Не го мијте или прскајте фрижидерот. Не гоставајте фрижидерот
на влажни места или места на кои може лесно да биде испрскан со вода или
друга течност, за да нема негативен ефект врз електричната изолација на фрижидерот.

- Фрижидерот е поставен во добро проветрувана просторија, на рамна и цврста подлога (ротирајте лево или десно за прилагодување на тркалцата доколку фрижидерот е нестабилен).

- Горниот простор на фрижидерот треба да биде поголем од 30 центиметри, а фрижидерот треба да биде поставен до сид со најмалку 10 центиметри растојание, за да се обезбеди дисипација на топлината.
2.2. Балансирање на ногарките
- Внимателно пред употреба :
Пред употреба на додатоците, треба да бидете сигурни дека фрижидерот е ислучен од струјниот извор. Пред балансирање на ногарките, треба да внимавате да не се повредите.
- Шематски приказ на балансирање на ногарките

(Сликата погоре е само за референца. Вистинската конфигурација може да зависи од типот на производ кој го имате купено.)
- Процедури на прилагодување
A. Завртете ги ногарките во насока на стрелките на часовникот за да го подигнете фрижидерот.
Б. Завртете ги ногарките во насока спротивна од стрелките на часовникот за да го спуштите фрижидерот.
В. Прилагодете ја левата и десната страна според оваа процедура за добивање на балансирано, хоризонтално ниво.
2.3. Балансирање на вратата
- Внимателно пред употреба :
Пред употреба на додатоците, треба да бидете сигурни дека фрижидерот е исклучен од струјниот извор. Пред балансирање на ногарките, треба да внимавате да не се повредите.
- Шематски приказ на балансирање на ногарките

(Сликата погоре е само за референца. Вистинската конфигурација може да варира во зависност од типот на производ кој го имате купено.)
Кога вратата на фрижидерот е прениско :
Отворете ја вратата, користете го клучот за нејзино олабавување и ротирање спротивно од насоката на стрелките на часовникот за ја подигнете вратата. Кога вратата е порамнета, вртете во насока на стрелките на часовникот за да затегнете.
Кога вратата на фрижидерот е превисоко :
Отворете ја вратата, користете го клучот за нејзино олабавување и ротирање во насоката на стрелките на часовникот за ја спуштите вратата. Кога вратата е порамнета, вртете во насока спротивна на стрелките на часовникот за да затегнете.
2.4. Промена на светилката
Било каква промена или одржување на ЛЕД светилката треба да биде направена од страна на производителот, неговиот овластен сервис или слично, квалификувано лице.
2.5. Започнување со употреба

• Пред првиот старт, чувајте го фрижидерот мирен половина час пред да го включите во струен извор.
- Пред ставање на свежа или замрзната храна, фрижидерот треба да работи околу 2 до 3 часа, а можеби и повеće од 4 часа доколку амбиенталната температура е превисока, на пример во летниот период.
- Оставете довольно простор за лесно отворање на вратите и фиоките на фрижидерот.
- Сликата погоре е само за референца. Вистинската конфигурација може да зависи од типот на производ кој го имате купено.

2.6. Совети за заштедување на енергија
Апаратот треба да биде поставен во најладната област од просторијата, подалекув од електрични уреди кои емитираат топлина, и надвор од директна изложеност на сончева светлина.
Дозволете и на топлата храна да се олади до собна температура пред да ја ставите во апаратот. Преполнување на фрижидерот предизвикува подолго работење на компресорот. Храната која бавно замрзнува може да изгуби квалитет, или да се расипе.
Бидете сигурни дека храната добро їе ја обвиткате, и исушете ги садовите пред нивно ставање во фрижидерот. Ова го намалува формирањето на мраз во внатрешноста на апаратот.
Кошницата за складирање на апаратот може да не биде линиран со алуминиумска фолија, восочна хартија или хартија. Линерите пречат при циркулација на ладниот воздух, што негативно влијае на ладењето.
Организирајте и означете ја храната за да ги намалите отворањата на вратата и предолгите пребарувања. Извадете што е можно повеće предмети при едно отворање, а вратата затворете ја што е можно побрзо.
3.1. Клучни компоненти

(Сликата погоре е само за референца. Вистинската конфигурација може да зависи од типот на производ кој го имате купено).
Комора за ладење
Комората за ладење е соодветна за складирање на овошје, зеленчук, пијалоци и храна која се конзумира во краток период. Препорачано време на складирање, од 3 до 5 дена.
Готвената храна не треба да се поставува во комората за ладење се додека не се олади до собна температура.
Храната се препорачува да се складира во садови пред поставување во фрижидерот.
Стаклените полици можат да бидат прилагодени погоре или подоле за правилно распоредување и полесна употреба.
Комора за замрзнување
Комората за замрзнување со ниска температура може да чува храна свежа на подолго време и е најмногу употребувана за складирање на замрзната храна и правење на мраз.
Комората за замрзнување е соодветна за складирање на месо, риба, ориз или друга храна која не се конзумира во краток период.
Се препорачува распределба на месото во помали количини за побрзо замрзнување и полесен пристап. Внимавајте замрзнатата храна да ја искористите во предвиденото време.
Фиоките, кутиите со храна, полиците и слично треба да бидат поставени според позициите прикажани на сликата, за најголема енергетска ефикасност.
Забелешка: Складирањето на премногу храна за време на работата по првичното включување може да има негативен ефект на ладењето и замрзнувањето. Храната треба да се постави на место на кое нема да пречи на отворот за воздух, за да не дојде до негативен ефект при ладењето.
3.2. Функции

(Сликата погоре е само за референца. Вистинската конфигурација може да зависи од типот на производ кој го имате купено.)
Екран
- Икона за ладење
- Икона за замрзнување
- Икона за приказ на температурата
- Икона за супер ладење
- Икона за супер замрзнување
Копчиња за контрола
A. Копче за зголемување на температурата
В. Копче за селекција на температурна зона
С. Копче за намалување на температурата
D. Копче за супер ладење / замрзнување
E. Копче за отклучување / заклучување
Упаства за работа
Екран
При вклучување на фрижидерот, дисплејот ће работи 3 секунди. Во меѓувреме, ће се слушне звукот на вклучување а потоа екранот ће влезе во нормаен приказ на работа.
Првиот пат на употреба на фрижидерот, поставената температура на комората за ладење и комората за замрзнување соодветно, їе биде 5 / 18 степени целзиусови.
Кога ће дојде до грешка, екранот ће прикаже код на грешка (видете на следната страна), за време на нормална работа, екранот ја прикажува температурата на комората на ладење и комората на замрзнување.
Под нормални услови, доколку нема работа на панелот за приказ или отворање на вратата во рок од 30 секунди, тогаш екранот е заклучен.
Заклучување / отклучување
Во отключена состојба, долго притискање накопчето за заклучување од 3 секунди, је ја активира заклучената состојба.
Логото ће светне и ће се слушне звучен сигнал, што значи дека панелот за приказ е заклучен, што значи дека останатите копчиња се оневозможени.
Во заклучена состојба, долго притискање накопчето за отклучување од 3 секунди, је ја активира отключената состојба.
Логото ће светне и ће се слушне звучен сигнал, што значи дека панелот за приказ е отклучен, што значи дека останатите копчиња се овозможени.
Температурно поставување на комората за ладење
Притиснете го копчето за избор на температурна зона за да одберете температурна зона на комората за ладење. REF иконата їе светне, потоа користете ги копчињата горе / доле за прилагодување на температурата на комората за ладење. Опсегот на температурната поставка за комората за ладење е од 2 до 8 степени целзиусови.
Температурно поставување на комората за замрзнување
Притиснете го копчето за избор на температурна зона за да одберете температурна зона на комората за замрзнување. FRZ иконата će светне, потоа користете ги копчињата горе / доле за прилагодување на температурата на комората за ладење. Опсегот на температурната поставка за комората за ладење е од -24 до -16 степени целзиусови.
Избор на режим
Кога е поставен режимот на супер ладење, температурата на комората за ладење їе биде автоматски поставена на 2 степени. Најдолго можно работење во овој режим е 6 часа.
При излез од овој режим, температурата на комората за ладење автоматски ће се врати на претходно поставената температура.
Кога е поставен режимот на супер замрзнување, температурата на комората за замрзнување ће биде автоматски поставена на -24 степени. Најдолго можно работење во овој режим е 24 часа.
При излез од овој режим, температурата на комората за замрзнување автоматски їе се врати на претходно поставената температура.
Според IEC62552 : 2007, тестирање на состојбата како што следи : стартувајте во режим на супер замрзнување, и чекајте фрижидерот да влезе во автоматско одмрзнување, а потоа наполнете го замрзнувачот. Максималното време на одмрзнување е 72 часа а минималното 12 часа на 32 степени целзиусови.
Препорачана поставка : Комора за ладење 4 степени / Комора за замрзнување – 18 степени целзиусови.
Складирање по недостиг на енергија
Во случај на струен дефект, работната costoјба їе биде заклучена и задржана се додека не дојде до повторно вклучување на струја.
Индикација на грешка
Следните предупредувања се појавуваат на екранот според грешките при работа на фрижидерот. Иако фрижидерот се уште може да има функција на ладење со следните грешки, корисникот треба да контактира специјалист за одржување, за да се осигура во оптималната работа на апаратот.
| Код на грешка | Опис на грешка |
| E1 | Дефект на сензорот за температура на комората за ладење |
| E2 | Дефект на сензорот за температура на комората за замрзнување |
| E5 | Сензор за детекција на грешка на колото за ладење / замрзнување |
| E6 | Грешка при комуникација |
| E7 | Грешка при циркулација на температура во колото |
4. Одржување и грижа за апаратот
4.1. Целосно чистење
Прашината позади фрижидерот и на подот треба да биде редовно бришена за подобрување на ефектот на ладење и заштедување на енергија.
Проверете ја вратата и нејзините заптивки за остатоци или губре. Исчистете ја користејки мека, влажна крпа со сапунеста вода или растворен детергент.
Внатрешноста на фрижидерот треба да биде редовно чистена за да се избегне формирање на непријатни мириси.
Ве молиме исключете го фрижидерот од струја пред чистење на неговата внатрешност, извадете ја храната, пијалоците, полиците, фиоките и слично.
Користете мека крпа или сунгер за чистење на внатрешноста на фрижидерот, со две лажици сода за готвење и топла вода. Потоа исплакнете со вода и исушете. По чистењето, отворете ја вратата и дозволете му на апаратот природно да се исуши пред вклучување во струја.
За области кои се тешки за чистење во внатрешноста на фрижидерот, препорачливо е редовно бришење со мека четка или слично, а кога е потребно употреба на некои додатни алатки за да се избегне акумулација на контаминенти и бактерии во овие области.
Не користете сапун, детергент, спрејови за чистење и лично затоа што тие можат да предизвикаат формирање на непријатни мириси во внатрешноста на фрижидерот и контаминација на храна.
Исчистете ја полицата за шишиња, полиците за храна и фиоките со мека, влажна крпа со сапунеста вода или растворен детергент. Користете сува крпа за сушење или оставете природно да се исуши.
Избришете ја надворешната површина на фрижидерот со мека, влажна крпа со сапунеста вода или растворен детергент, а потоа исушете со сува крпа.
Не користете тврди четки, метални алатки, жичени четки, абразиви, органски растворувачи, зовриена вода, киселини или алкални супстанци, кои можат да ја оштетат внатрешната и надворешната површина на фрижидерот. Зовриената вода и органските растворувачи, како што е бензинотможат да ги деформираат или оштетат пластичните делови на фрижидерот.
Не плакнете директно со вода или друга течност при чистењето за да избегнете кратки споеви на струјното коло или негативен ефект на електричната изолација.

Ве молиме исключете го фрижидерот од струја пред одмрзнување, чистење и одржување.
4.2. Чистење на послужавникот на вратата
Според насоката на стрелките на сликата подолу, користете ги двете раце за притискање на послужавникот, туркање нагоре за вадење од вратата.
По миење на послужавникот, можете да ја прилагодите неговата висина според вашите потреби и желби.
Мека крпа или сунгер потопени во вода и некорозивни неутрални детергенти се препорачуваат за чистење. Замрзнувачот треба да биде исчистен со чиста вода и сува крпа. Отворете ја вратата за природно сушење пред да го включите апаратот во струја.
Не користете тврди четки, метални алатки, жичени четки, абразиви, како паста за заби, органски растворувачи, како алкохол, ацетон и слично, зовриена вода, киселина или alkalни супстанци за чистење на фрижидерот, бидејки може да дојде до оштетување на внатрешноста или надворешноста на фрижидерот.

(Сликата погоре е само за референца. Вистинската конфигурација може да зависи од типот на производ кој го имате купено.)
4.3. Чистење на стаклената полица
Бидејки има заден стоп на внатрешниот дел кој ги допира стаклените полици, треба да ги подигнете за да можете да ги извадите од фрижидерот.
Прилагодете или исчистете ги полиците според вашите потреби.
Мека крпа или сунгер потопени во вода и некорозивни неутрални детергенти се препорачани за чистење. Замрзнувачот треба да биде исчистен со чиста вода и сува крпа. Отворете ја вратата за природно сушење пред включување на апаратот во струен извор.
Не користете тврди четки, метални алатки, жичени четки, абразиви, како паста за заби, органски растворувачи, како алкохол, ацетон и слично, зовриена вода, киселина или alkalни супстанци за чистење на фрижидерот, бидејки може да дојде до оштетување на внатрешноста или надворешноста на фрижидерот.

(Сликата погоре е само за референца. Вистинската конфигурација може да зависи од типот на производ кој го имате купено.)
4.4. Одмрзнување
Фрижидерот е направлен базиран на принципот на воздушно ладење па затоа има и функција за автоматско одмрзнување. Сепак поради нагла промена на температурата може да дојде до мануелно отстранување со исклучување на апаратот од струјниот извор или со бришење со суба крпа.
4.5. Надвор од работа
Струен дефект : Во случај на струен дефект, дури и доколку е лето, храната во фрижидерот може да се држи ладна неколку часа. Во овој период треба да го намалите отворањето на фрижидерот и да избегнувате поставување на свежа храна во него.
Долг период на неупотреба : Апаратот треба да биде ислучен од струја и исчистен, потоа вратата да се остави отворена за да се спречи формирање на непријатни мириси.
Преместување : Пред преместување на фрижидерот, извадете се од него, фиксирајте ги полиците, држачите, фиоките и слично со лепливи ленти, и затегнете ги ногарките. Затворете ги вратите и фиксирајте ги со леплива лента. За време на поместувањето, фрижидерот не треба да биде превртен наопаку, тресен, а навалувањето не треба да биде поголемо од 45 степени.
Овој апарат треба да работи континуирано при неговото прво включување. Генерално, работата на апаратот не треба да биде прекинувана, во спротивно неговиот работен век може да биде намален.
5. Решавање на проблеми
5.1. Можете да пробате да ги решите овие проблеми самите. Доколку не успеете, Ве молиме контактирајте го вашиот препродавач.
| Неуспешна работа | Проверете дали апаратот е поврзан во струен извор и дали штекерот има добар контактПроверете да не е волтажата премалаПроверете дали има струен дефект или дефект на струјното коло |
| Непријатен мирис | Храна со непријатен мирис треба да биде добро обвитканаПроверете дали има некоја расипана хранаИсчистете ја внатрешноста на фрижидерот |
| Долга работа на компресорот | Долгата работа на компресорот е нормална во летниот период, кога температурата е многу високаНе се препорачува ставање на преголема количина на храна во исто времеХраната треба да се олади до собна температура пред да се стави во фрижидеротВратата се отвора пречесто |
| Светлото не се вклучува | Проверете дали фрижидерот е поврзан со струен извор и дали светилката е оштетенаПовикајте специјалист да ја замени светилката |
| Вратата не може правилно да се затвори | Вратата е попречена од пакети хранаПремногу храна во фрижидеротФрижидерот е навален |
| Гласна бучава | Проверете дали подот е рамен и дали фрижидерот е стабилно поставенПроверете дали додатоците се поставени на соодветните позиции |
| Вратата не лепи добро | Отстранете остатоци на заптивките на врататаЗатоплете ги заптивките на вратата а потоа оладете ги за реставрација |
| Садот за вода е преплавен | Има премногу храна во комората или храната која е складирана содржи многу вода, што резултира со одмрзнување Вратата не е добро затворена, што резултира со замрзнување поради влез на воздух и зголемување на нивото на водата поради одмрзнување |
| Топли црева | Диисипација на топлина во вградениот кондензер преку цревата, што е нормалноКога цревата стануваат многу топли, најчесто е резултат на високата амбиентална температура, складирање на премногу храна или гасење на компресорот |
| Кондензација на површината | Кондензацијата на надворешната површина и вратата на фрижидерот е нормална кога влажноста во просторијата е превисока. Едноставно избришете ја влагата од површината на фрижидерот |
| Ненормална бучава | Зуење – Компресорот зуе при работа, а зуењето е погласно при вклучување и исклучување на компресорот. Ова е нормалноШкрипење – Предизвикано поради протокот на средството за ладење низ апаратот, што е нормално |
6. Параметри
6.1. Технички параметри
| Модел | |
| Категорија на производ | |
| Волумен на одделот за складирање на свежа храна | |
| Волумен на одделот за складирање на замрзната храна | |
| Температура на складирање | |
| Енергетска потрошувачка | |
| Волумен на одделот со една свездичка | |
| Волумен на одделот со две свездичка | |
| Волумен на одделот со три свездичка | |
| Волумен на одделот со четири свездичка | |
| Категорија на домаćински електрични уреди | |
| Енергетска оцена | |
| ЕУ Еко етикета | |
| Тип на одмрзнување | |
| Климатска класа | |
| Оддел за свежа храна | |
| Оддел за замрзната храна | |
| Акустична бучава поради проток на воздух | |
| Време на пораст на температурата | |
| Капацитет на замрзнување | |
| Волтажа | |
| Струја | |
| Вкупни димензии | |
| Димензии на апаратот | |
| Бруто волумен | |
| Тотален волумен на складирање | |
| Тотален волумен | |
| Тежина |
Табела 1 – Климатски класи
| Класа | Символ | Опсег на амбиентална температура |
| Продолжена температура | SN | +10 до +32 |
| Температура | N | +16 до +32 |
| Субтропска | ST | +16 до +38 |
| Тропска | T | +16 до +43 |
Продолжена температура : Овој фрижидер е наменет за употреба на температурен опсег од 10 до 32 целзиусови степени.
Температура : Овој фрижидер е наменет за употреба на температурен опсег од 16 до 32 целзиусови степени.
Субтропска : Овој фрижидер е наменет за употреба на температурен опсег од 16 до 38 целзиусови степени.
Тропска : Овој фрижидер е наменет за употреба на температурен опсег од 16 до 43 целзиусови степени.
Драг кориснику,
- Доколку сакате да го вратите или замените вашиот производ, Ве молиме контактирајте го вашиот препродавач (Сетете се да ја донесете вашата сметка).
- Доколку вашиот производ се расипе и му треба поправка, Ве молиме контактирајте го вашиот сервис или препродавач.
Телефонски број :
Email адреса :
Kühlschrank
Seite an Seite

2 Правилна употреба на хладилници
2.1 Поставяне

