MDRS723MYF28 - фрижидер MIDEA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот MDRS723MYF28 MIDEA во PDF формат.
| Тип на производ | Ладилник-замрзнувач тип страна до страна |
| Бренд | Midea |
| Модел | MDRS723MYF28 |
| Димензии (В x Ш x Д) | 1470 mm x 905 mm x 577 mm |
| Климатска класа | SN (10-32°C), N (16-32°C), ST (16-38°C), T (16-43°C) |
| Опсег на поставување температура - Ладилник | 2°C до 8°C |
| Опсег на поставување температура - Замрзнувач | -16°C до -24°C |
| Тип на одмрзнување | Автоматско (ладење со воздух) |
| Тип на контрола | Електронски допир панел со заклучување/отклучување |
| Специјални функции | Супер ладење, Супер замрзнување, Режим одмор |
| Извор на светлина | LED (заменливо само од квалификуван персонал) |
| Полици | Прилагодливи стаклени полици |
| Корпи на врата | Прилагодливи |
| Фиока за овошје и зеленчук | Да |
| Ногарки за израмнување | Да, прилагодливи |
| Порамнување на врата | Прилагодливо со клуч |
| Аларм за отворена врата | Да (музика при отворање) |
| Ладилно средство | Запаливо (R600a или слично, не е наведено) |
| Достапност на резервни делови | Термостати, сензори, плочи, светла, рачки, шарки, послужавници, корпи, заптивки (мин. 7-10 години по последниот модел) |
| Совети за заштеда на енергија | Дадени во прирачникот: држете подалеку од топлина, ладете ја храната пред складирање, ограничете го отворањето на вратата |
Frequently Asked Questions - MDRS723MYF28 MIDEA
Прашања на корисниците за MDRS723MYF28 MIDEA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник MDRS723MYF28 - MIDEA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. MDRS723MYF28 на марката MIDEA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК MDRS723MYF28 MIDEA
Пред да го користите овој производ, внимателно прочитајте го упатството и чувајте го за идна употреба.
Дизајнот и спецификациите се предмет на измена без претходно
известување за подобрување на производот. Консултирајте се со вашиот продавач или
производителот за детали.
верзија:002-6-2020
МОДЕЛ:MDRS723MY
СЕРИЈА
www.midea.com
СОДРЖИНА
1 Безбедносни предупредувања.... 1
1.1 Предупредување .... 1
1.2 Значење на символите за безбедносно предупредување....3
1.3 Предупредувања поврзани со електричната енергија.... 3
1.4 Предупредувања за користењето 4
1.5 Предупредувања за поставувањето .... 4
1.6 Предупредувања за енергијата....5
1.7 Предупредувања за фрлањето 5
2 Правилна употреба на ладилниците.... 6
2.1 Поставување....6
2.2 Ногарки за нивелирање ....7
2.3 Нивелирање на вратата....8
2.4 Менување на сијаличката....9
2.5 Почеток на користењето 9
2.6 Совети за заштеда на енергијата....9
4 Одржување и грижа за апаратот 13
4.1 Целосно чистење 13
4.2 Чистење на фиоката на вратата, кутијата за овошје и зеленчук и фиоката ..... 13
4.3 Чистење на стаклената полица.... 14
4.4 Одмрзнување....14
4.5 Неработење 14
1 Безбедносни предупредувања
1.1 Предупредување

Предупредување: ризик од пожар / запаливи материјали
Овој апарат е наменет за употреба во дома Kinството и слични примени како што се кујнски простории за вработените во продавници, канцеларии и други работни средини; фарми и од страна на клиентите во хотели, мотели и други средини од станбен тип; средини од типот нокевање со појадок; угостителство и слични примени што не се поврзани со малопродажба.
Овој апарат не е наменет за употреба од лица (вклучувајки и деца) со намалени физички, сетилни или умствени способности, или со недостаток на искусство и знаење, освен ако лицето одговорно за нивната безбедност не ги надгледува и не им даде упатства во врска со употребата на апаратот.)
Децата треба да бидат под надзор за да се осигурате дека не си играат со апаратот.
Ако кабелот за напојување е оштетен, мора да го замени производителот, неговиот сервисер или лица со слични квалификации за да се избегне опасност.
He складирајте експлозивни супстанции како што се аеросолни лименки со запалив потисен гас во овој апарат.
Апаратот мора да се ислучи од струја по употребата и пред да се врши корисничко одржување на апаратот.
Предупредување: Отворите за вентилација, во кукиштето на апаратот или во вградениот елемент, нека бидат неопструирани.
Предупредување: Не користете механички уреди или други средства за да го забрзате процесот на одмрзнување, освен оние што ги препорачува производителот.
Предупредување: Не оштетувајте го ладилното коло.
Предупредување: Не користете електрични апарати во преградите на апаратот за складирање на храната, освен ако не се од типот што го препорачува производителот.
Предупредување: Фрлете го ладилникот според локалните прописи бидејки користи запалив гас и ладилно средство што може да експлодираат.
Предупредување: При позиционирање на апаратот, осигурајте се дека кабелот за напојување не е потфатен или оштетен.
Предупредување: Не распоредувајте повеće преносни приклучници или преносни уреди за напојување на задната страна на апаратот.
Не користете продолжни кабли или незаземјени (двозабни) адаптери.
Опасност: Ризик од приклештување на деца. Пред да го фрлите вашиот стар ладилник
или замрзнувач:
- Извадете ги вратите.
- Оставете ги полиците на своето место за децата да не можат лесно да се качуваат внатре.
Ладилникот мора да се исклучи од изворот на електрично напојување пред да се обидете да ја монтирате дополнителната опрема.
Ладилното средство и циклопентанскиот материјал за пенење што се користат за апаратот се запаливи. Затоа, кога апаратот Ѽе заврши во отпад за старо железо, треба да стои подалеку од каков било извор на пожар и треба да го рециклира специјална компанија за рециклирање со соодветна квалификација, а не да го уништува со согорување, за да се спречи повреда на животната средина или некаква друга штета.
За европейски стандард: Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години па нагоре, како и лица со намалени физички, сетилни или умствени способности или со недостаток на искусство и знаење, ако се под надзор или им се дадени упатства во врска со употребата на апаратот на безбеден начин и ги разбираат включените ризици. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и корисничкото одржување не смеат да го прават деца без надзор. Децата на возраст од 3 до 8 години смеат да ставаат и да вадат работи од ладилниците.
За вратите или капаците опремени со брави и клучеви, потребно е клучевите да се чувват надвор од дофат на деца и подалеку од ладилникот за да се спречи заклучување на децата внатре.
За да се избегне контаминација на храната, почитувајте ги следниве упатства:
- Отворањето на вратата подолго време може да предизвика значително зголемување на температурата во преградите на апаратот.
- Редовно чистете ги површините што можат да дојдат во допир со храната и пристапните системи за испуштање на водата.
- Исчистете ги резервоарите за вода ако не биле користени 48 часа; испуштете ја водата од водоводниот систем поврзан со водоснабдувањето ако не била испуштена 5 дена. (забелешка 1)
- Складирајте ги сировото месо и рибата во соодветни садови во ладилникот за да не дојдат во допир или да капат врз другата храна.
- Преградите за замрзната храна со две свездички се погодни за складирање на претходно замрзната храна, складирање или правење сладолед и правење коцки мраз. (забелешка 2)
- Преградите со една, две и три свездички не се погодни за замрзнување на свежа храна. (забелешка 3)
- За апаратите без преграда со 4 свездички: овој ладилник не е погоден за замрзнување на прехранбени производи. (забелешка 4)
- Ако ладилникот остане празен подолго време, исключете го, одмрзнете го, исчистете го, исушете го и оставете ја вратата отворена за да се спречи создавање на мувла во внатрешноста на апаратот.
Забелешка 1,2,3,4: Потврдете дали може да се примени според типот на прегради во вашиот производ.
За самостояен уред: овој ладилник не е наменет да се користи како вграден апарат.
Сите замени или одржувањето на LED ламбите треба да го прави производителот, неговиот сервисер или лице со слични клалификации.
Овој производ содржи два извори на светлина од класа на енергетска ефикасност(G).
1.2 Значење на символите за безбедносно предупредување

Символ за забрана
Ова е символ за забрана.
Какво било непочитување на упатствата означени со овој символ може да резултира со оштетување на производот или загрозување на личната безбедност на корисникот.

Символ за предупредување
Ова е символ за предупредување.
Потребно е да се ракува со строго почитување на упатствата означени со овој символ; или во спротивно, може да се предизвика оштетување на производот или лична повреда.

Символ за опомена
Ова е символ за претпазливост.
Упатствата означени со овој символ бараат посебна претпазливост.
Недоволната претпазливост може да резултира со лесна или умерена повреда или оштетување на производот.
Ова упатство содржи многу важни безбедносни информации што треба да ги почитуваат корисниците.
1.3 Предупредувања поврзани со електричната енергија

- Не влечете го струјниот кабел кога го влечете приклучокот на ладилникот. Цврсто фатете го приклучокот и директно извлечете го од штекерот.
- За да се осигура безбедна употреба, не оштетувајте го струјниот кабел и не користете го струјниот кабел кога е оштетен или изабен.
- Користете наменски штекер и не сподепувајте го штекерот со други електрични апарати.
- Струјниот кабел треба да биде цврсто поврзан со штекерот, инаку може да се предизвикаат пожари.
- Осигурајте се дека штекерот е опремен со електрода за заземјување
- Исключете го вентилот на гасот што истекува, а потоа отворете ги вратите и прозорците во случај на истекување на гас и други запаливи гасови.
- Не исклучувајте ги ладилникот и другите електронски апарати од струја со оглед на тоа што искрата може да предизвика пожар.
- Не користете електрични апарати врз апаратот, освен ако не се од типот што го препорачува производителот.
1.4 Предупредувања за користењето

- Немојте произволно да го расклопувате или преправате ладилникот, ниту пак да го оштетувате разладното коло; одржувањето на апаратот мора да го спроведува стручно лице - Оштетениот струен кабел мора да го замени производителот, неговата служба за одржување или слични професионалци за да се избегне опасност.

- Празнините помеѓу вратите на ладилникот и помеѓу вратите и телото на ладилникот се мали, внимавајте да не ја пикате раката на овие места за да спречите згмечување на прстот. Бидете нежни при затворање на вратата на ладилникот за да избегнете паѓање на артиклите. - Не земајте ги храната или садовите во комората за замрзнување со влажни раце кога работи фрижидерот, особено металлите садови за да избегнете смрзнатини.

- Не дозволувајте децата да влегуваат или да се качуваат на ладилникот; во спротивно, може да се предизвика задушување или повреда на детето при паѓање.

- Не ставајте тешки предмети врз ладилникот со оглед на тоа што предметите може да паднат при затворање или отворање на вратата и може да се предизвикаат случајни повреди. - Извлечете го приключокот во случај на прекин на струјата или при чистење. Не поврзувајте го ладилникот со напојувањето во рок од пет минути за да спречите оштетувања на компресорот што се должат на последователни стартувања.
1.5 Предупредувања за поставувањето

- Не ставајте запаливи, експлозивни, испарливи и високо корозивни предмети во ладилникот за да спречите оштетувања на производот или несреći предизвикани од пожар. - Не ставајте запаливи предмети во близина на ладилникот за да избегнете пожари.

- Ладилникот е наменет за употреба во домакинството, како што е складирање на храна; не смее да се користи за други намени, како што се складирање на крв, лекови или биолошки производи итн.

- Не складирајте пиво, пијалоци или други течности спакувани во шишиња или затворени садови во комората за замрзнување на ладилникот; во спротивно, шишињата или затворените садови можат да напукнат поради замрзнување и да предизвикаат оштетувања.
1.6 Предупредувања за енергијата
1) Ладилниците може да не работат конзистентно (можност за одмрзнување на содржината или настанување на премногу жешка температура во преградата за замрзната храна) кога работат подолг временски период под ладниот праг на температурниот опсег за кој е дизајниран ладилникот.
2) Факт е дека шумливите пијалоци не треба да се складираат во преградите или витрините за замрзнување на храната или во преградите или витрините со ниски температури, и дека некои производи како што се овошните сладоледи не треба да се конзумираат премногу ладни;
3) Потребно е да не се надминува времето на складирање што го препорачуваат производителите на храната за секаков вид храна, а особено за комерцијална брзо замрзната храна, во преградите или витрините за замрзнување на храната и складирање на замрзнатата храна;
4) Потребни се мерки на претпазливост за да се спречи непотребно зголемување на температурата на замрзнатата храна додека се одмрзнува ладилникот, како што е виткање на замрзнатата храна во неколку слоја весник.
5) Фак т е дека зголемувањето на температурата на замрзнатата храна за време на рачното одмрзнување, одржување или чистење би можело да го скрати рокот на траење.
6) За вратите или капаците опремени со брави и клучеви, потребно е клучевите да се чувват надвор од дофат на деца и подалеку од ладилникот за да се спречи заклучување на децата внатре
1.7 Предупредувања за фрлањето

Ладилното средство и циклопентанскиот материјал за пенење што се користат за ладилникот се запаливи.
Затоа, кога ладилникот ће заврши во отпад за старо железо, треба да стои подалеку од каков било извор на пожар и треба да го рециклира специјална компанија за рециклирање со соодветна квалификација, а не да го уништува со согорување, за да се спречи повреда на животната средина или некаква друга штета.

Кога ладилникот ће заврши во отпад за старо железо, расклопете ги вратите и отстранете ги дихтунзите од вратата и полиците; ставете ги вратите и полиците на прикладно место за да се спречи потфатување на децата.

Правилно фрлање на овој производ:
Оваа ознака покажува дека овој производ не треба да се фрла со други отпади од дома Kinството во рамките на ЕУ. За да се спречи можна штета на животната средина или човековото здравје од неконтролирано фрлање на отпадот, рециклирајте го одговорно за да го поттикнете одржливото пренаменување на материјалните ресурси. За да го вратите искористениот уред, користете ги системите за враćање и собирање или контактајте го продавачот каде што сте го купиле производот. Тие можат да го однесат овој производ за безбедно да го рециклираат од еколошка гледна точка.
2 Правилна употреба на ладилниците
2.1 Поставување

- Пред употребата, отстранете ги сите материјали за пакување, вклучувајки ги и подните перничиња, подлоги од пена и селотејпи во внатрешноста на ладилникот; искинете ја заштитната фолија на вратите и телото на ладилникот.

- Чувајте го подалеку од топлина и избегнувајте директна сончева светлина. Не ставајте го замрзнувачот на влажни или воденести места за да спречите 'рға или намалување на изолациониот ефект.

- Ладилникот се става на добро проветрено место во затворен простор; тлото треба да биде рамно и цврсто (вртете лево или десно за да го прилагодите тркалцето за израмнување ако е нестабилно).

- Горниот простор на ладилникот треба да биде поголем од 30cm, а ладилникот треба да се постави наспроти сид со слободно растојание поголемо од 10cm за да се опесни дисипацијата на топлина.
2.2 Ногарки за нивелирање
1) Мерки на претпазливост пред работењето:
Пред работење со дополнителната опрема, треба да се осигурате дека ладилникот е исклучен од напојувањето.
Пред прилагодување на ногарките за нивелирање, треба да се преземат мерки на претпазливост за да се спречи каква било лична повреда.
2) Шематски дијаграм од ногарките за нивелирање

(Сликата погоре служи само како референца. Фактичката конфигурација ће зависи од физичкиот производ или изјавата на дистрибутерот)
3) Постапки за прилагодување:
a. Завртете ги ногарките во насока на стрелките на часовникот за да го подигнете ладилникот;
b. Завртете ги ногарките спротивно од насоката на стрелките на часовникот за да го спуштите ладилникот;
с. Прилагод ете ги десните и левите ногарки во хоризонтална положба врз основа на постапките погоре.
2.3 Нивелирање на вратата
1) Мерки на претпазливост пред работењето:
Пред работење со дополнителната опрема, треба да се осигурате дека ладилникот е ислучен од напојувањето.
Пред прилагодување на вратата, треба да се преземат мерки на претпазливост за да се спречи каква било лична повреда.
2) Шематски дијаграм од нивелирањето на телото на вратата
| Список на алати што треба да ги обезбедикорисникот | |
| рачвест клуч | |

(Сликата погоре служи само како референца. Фактичката конфигурација ће зависи од физичкиот производ или изјавата на дистрибутерот)
Кога вратата на фрижидерот е ниско:
Отворете ја вратата, користете рачвест клуч за да ја разлабавите навртката за заклучување и да ја свртите навртката за прилагодување спротивно од насоката на стрелките на часовникот за да ја подигнете висината на вратата. Откако ќе се порамнат вратите, стегнете ја навртката за заклучување вртејки ја спротивно од насоката на стрелките на часовникот.
Кога вратата на фрижидерот е високо:
Отворете ја вратата, користете рачвест клуч за да ја свртите навртката за прилагодување во насока на стрелките на часовникот за да ја спуштите висината на вратата. Откако ће се порамнат вратите, стегнете ја навртката за заклучување вртејки ја спротивно од насоката на стрелките на часовникот.
2.4 Менување на сијаличката
Сите замени или одржувањето на LED ламбите треба да го прави производителот, неговиот сервисер или лице со слични клалификации.
2.5 Почеток на користењето

- Пред почетното пуштање, ладилникот нека остане недопрен половина час пред да го поврзете со напојувањето.
- Пред да ставите свежа или замрзната храна, ладилникот треба да работи 2-3 часа или преку 4 часа во летниот период кога амбиенталната температура е висока.

- Оставете довольно простор за практично отворање на вратите и фиоките.
- Сликата погоре служи само како референца. Фактичката конфигурација ќе зависи од физичкиот производ или изјавата на дистрибутерот.
2.6 Совети за заштеда на енергијата
- Апаратот треба да се смести во најладниот дел на просторијата, подалеку од апарати што произведуваат топлина или цевки за гreeње и подалеку од директна сончева светлина.
- Оставете ја жешката храна да се излади на собна температура пред да ја ставите во апаратот. Преоповарувањето на апаратот го принудува компресорот да работи подолго. Храната што се замрзнува премногу бавно може да го изгуби квалитетот или да се расипе.
- Проверете дали правилно сте ја завиткале храната и дали сте ги исушиле садовите пред да ги ставите во апаратот. Тоа го намалува наталожувањето на мраз во внатрешноста на апаратот.
- Корпите за складирање на апаратот не треба да се обложуваат со алуминиумска фолија, восочна хартија или хартиена крпа. Подлогите му пречат на струењето на ладниот воздух, правејки го апаратот помалку ефикасен.
- Организирајте ја и обележете ја храната за да ја намалите потребата од отворање на вратата и долготрајни пребарувања. Наеднаш извадете онолку работи колку што е потребно и затворете ја вратата колку што е можно поскоро.
3.1 Клучни компоненти

(Сликата погоре служи само како референца. Фактичката конфигурација їе зависи од физичкиот производ или изјавата на дистрибутерот)
Комора за ладење
- Комората за ладење е погодна за складирање на различни видови овошје, зеленчук, пијалоци и друга храна што треба да се изеде за краток период, предложеното време на складирање е од 3 дена до 5 дена.
- Зготвената храна не смее да се става во комората за ладење сё додека не се излади на собна температура.
- Препорачливо е храната да се затвори херметички пред да се стави во ладилникот.
- Стакпените полици можат да се прилагодуваат нагоре или надолу за прикладен простор за складирање и лесна употреба.
Комора за замрзнување
- Комората за замрзнување со ниска температура може да ја задржи храната свежа долго време и воглавно се користи за складирање на замрзната храна и правење мраз.
- Комората за замрзнување е погодна за складирање на месо, риба, оризови топчиња и друга храна што не треба да се изеде за краток период.
- Се претпочита големите парчиња месо да се поделат на мали парчиња за брзо замрзнување и лесен пристап.
Имајте предвид дека храната треба да се изеде додека важи рокот на траење. Забелешка: Складирањето на премногу храна за време на работењето по почетното поврзување со напојувањето може негативно да се одрази на ефектот на замрзнување на ладилникот. Складираната храна не смее да го блокира одводот на воздух; или во спротивно, и тоа негативно će се одрази на ефектот на замрзнување.
Фиоките, кутиите за храна, полиците итн. поставени според положбата на сликата погоре се енергетски најефикасни.
3.2 Функции

(Сликата погоре служи само како референца. Фактичката конфигурација ће зависи од физичкиот производ или изјавата на дистрибутерот)
1. Екран
- Температура на преградата за
замрзнување - Икона за брзо замрзнување
- Икона за брзо ладење
- Температура на преградата за ладење
- Икона за заклучување/отклучување
- Икона за годишен одмор
2. Копче
A. Прилагодување на температурата на преградата за замрзнување
В. Прилагодување на температурата на преградата за ладење
С. Функција/поставка за режим
D. Контроли за заклучување/отклучување
3. Работење
1) Заклучување / Отклучување
Во отключената ☐ положба, долго притиснете го копчето ☐ во рок од 3 секунди за да влезете во заклучената ☐ положба;
Во заклучената ☐ положба, долго притиснете го копчето ☐ во рок од 3 секундиза да влезете во отлучената ☐ положба.
Сите следни функции мора да се ракуваат во отключена состојба.
2) Режим на годишен одмор
Кликнете на копчето за да влезете во режимот на годишен одмор. Иконата се пали, режимот на годишен одмор ће започне откако ће го заклучите контролниот панел.
Под режимот на годишен одмор, преградата за ладење се ислучува, како и екранот на полето за температура - температурата на преградата за замрзнување е поставена на -18°C.
Кликнете на копчето за да влезете во. Режимот на супер ладење. Иконата се пали. Режимот на супер ладење ќе започне откако ќе го заклучите контролниот панел. Супер ладење опстојува најмногу 6 часа.
4) Режим на супер замрзнување
Кликнете на копчето за да влезете во. Режимот на супер замрзнување. Иконата се пали. Режимот на супер замрзнување ќе започне откако ќе го заклучите контролниот панел. Супер замрзнување опстојува најмногу 26 часа.
5) Поставување на температурата на комората за ладење
Кликнете на копчето за прилагодување на температурата TEMP. SELECT, температурата на преградата за ладење їе трепне.
Потоа, повторно кликнете на копчето + или - за да ја поставите температурата и єе слушнете еден звучен сигнал. Опсегот на поставување е помеѓу 2°C и 8°C. Секогаш кога єе кликнете на копчето, температурата єе се смени за 1°C.
По прилагодувањето, новото поставување на температурата їе стапи на сила откако їе го заклучите контролниот панел.
6) Поставување на температурата на комората за замрзнување
Кликнете на копчето за прилагодување на температурата TEMP. SELECT, температурата на преградата за замрзнување їе трепне.
Потоа, повторно кликнете на копчето + или - за да ја поставите температурата и ће слушнете еден звучен сигнал.
Опсегот на поставување е помеѓу -16°C и -24°C. Секогаш кога ће кликнете на копчето, температурата ће се смени за 1°C. Новото поставување на температурата ће стапи на сила откако ће го заклучите контролниот панел.
7) Складирање по прекин на струјата
Во случај на прекин на струјата, моменталната работна состојба ће се заклучи и ће се одржи до повторно враćање на струјата.
Препорачано поставување: Комора за ладење 4°C, комора за замрзнување - 18°C.
8) Предупредување за отворањето и контрола на алармот.
Кога єе ги отворите вратите на ладилникот, єе се пушти мелодијата за отворање.
9) Код за грешка
Следниве предупредувања што се појавуваат на екранот ги покажуваат соодветните дефекти на ладилникот. Иако ладилникот сё уште може да има функција за ладно складирање со следниве дефекти, корисникот треба да контактира стручно лице за одржување за да се осигура оптимизирано работење на апаратот.
| Код за грешка | Опис на дефектот |
| E1 | Дефект на сензорот за температура на комората за ладење |
| E2 | Дефект на сензорот за температура на комората за замрзнување |
| E5 | Грешка на колото на сензорот за откривање на одмрзнување |
| E6 | Грешка во комуникацијата |
| E7 | Грешка на сензорот за амбиентална температура |
| E一 | Дефект на сензорот за температура на радарот |
| E二 | Дефект на сензорот за температура на радарот |
4 Одржување и грижа за апаратот
4.1 Целосно чистење
- Прашините позади ладилникот и на земјата треба навреме да се исчистат за да се подобрат ефектот на ладење и заштедата на енергија.
- Редовно проверувајте ги дихтунзите на вратата за да се осигурате дека нема нечистотии. Чистете ги дихтунзите на вратата со мека крпа натопена со насапунета вода или разреден детергент.
- Внатрешноста на ладилникот треба редовно да се чисти за да се избегне миризба.
- Исключете го напојувањето пред да ја чистите внатрешноста, отстранете ги сета храна, пијалоци, полици, фиоки итн.
- Користете мека крпа или сунгер за чистење на внатрешноста на ладилникот со две супени лажици сода бикарбона и литар топла вода. Потоа, исплакнете со вода и избришете. По чистењето, отворете ја вратата и оставете да се исуши по природен пат пред да го включите напојувањето.
- За местата во ладилникот што се тешки за чистење (како што се тесни простори, празнини или юшиња), препорачливо е редовно да се бришат со мека крпа, мека четка итн. и, кога е потребно, да се комбинираат со некои помошни алатки (како што се тенки стапчиња) за да се осигура дека на овие места не се таложат загадувачи или бактерии.
- Не користете сапун, детергент, прашок за триење, средство за чистење во спреј итн. бидејки тие можат да предизвикаат миризби во внатрешности на ладилникот или контаминирана храна.
- Чистете ги решетката за шишиња, полиците и фиоките со мека крпа натопена со насапунета вода или разреден детергент. Исушете со мека крпа или исушете по природен пат.
- Избришете ја надворешната површина на ладилникот со мека крпа натопена со насапунета вода, детергент итн., а потоа исушете.
- Не користете груби четки, челични топчиња за чистење, жичани четки, абразиви (како што се пасти за заби), органски растворувачи (како што се алкохол, ацетон, масло од банана итн.), врела вода, кисели или alkalни предмети што можат да ги оштетат површината и внатрешноста на фрижидерог. Врелата вода и оргanskите растворувачи како што е бензенот можат да ги деформираат или оштетат пластичните делови.
- Не плакнете директно со вода или други течности за време на чистењето за да избегнете кратки споеви или да влијаете на електричната изолација по натопувањето.

Исклучете го ладилникот од струја за одмрзнување и чистење.
4.2 Чистење на фиоката на вратата, кутијата за овошје и зеленчук и фиоката
- Според стрелката за насока на сликата подолу, користете ги двете раце за да ја стиснете фиоката и да ја поттурнете нагоре, па потоа ќе можете да ја извадите.
- Откако ће ја измиете фиоката што сте ја извадиле, можете да ја прилагодите нејзината висина на монтирање во согласност со вашите потреби.
- За чистење се препорачуваат меки пешкири или сунгер натопен во вода и некорозивни неутрални детергенти. Замрзнувачот најпосле треба да се исчисти со чиста вода и сува крпа. Отворете ја вратата за сушење по природен пат пред да го включите напојувањето.
- Не користете груби четки, челични топчиња за чистење, жичани четки, абразиви, како што се пасти за заби, органски растворувачи (како што се алкохол, ацетон, масло од банана итн.), врела вода, кисели или alkalни предмети за чистење на ладилникот со оглед на тоа што со ова може да се оштетат површината и внатрешноста на фрижидерот.

(Сликата погоре служи само како референца. Фактичката конфигурација ње зависи од физичкиот
производ или изјавата на дистрибутерот)
4.3 Чистење на стаклената полица
- Бидејки има потпорен механизм во највнатрешниот дел каде подлогата на ладилникот ги допира полиците, треба да ги подигнете полиците нагоре, а потоа їе можете да ја извадите.
- Прилагодете ги или чистете ги полиците според вашите потреби.
За чистење се препорачуваат меки пешкири или сунгер натопен во вода и некорозивни не утрални детергенти. Замрзнувачот најпосле треба да се исчисти со чиста вода и сува крпа. Отворете ја вратата за сушење по природен пат пред да го включите напојувањето.
Не користете груби четки, челични топчиња за чистење, жичани четки, абразиви, како што се пасти за заби, органски растворувачи (како што се алкохол, ацетон, масло од банана итн.), врела вода, кисели или alkalни предмети за чистење на ладилникот со оглед на тоа што со ова може да се оштетат површината и внатрешноста на фрижидерот.

(Сликата погоре служи само како референца. Фактичката конфигурација ће зависи од физичкиот производ или изјавата на дистрибутерот)
4.4 Одмрзнување
- Ладилникот е направлен врз основа на принцип на ладење на воздухот, па следствено на тоа има функција за автоматско одмрзнување. Мразот што се формира како резултат на промена на годишното време или температурата може да се отстрани и рачно со исклучување на апаратот од напојувањето или со бришење со сув пешкир.
4.5 Неработенье
- Прекин на струјата: Во случај на прекин на струјата, дури и ако е во лето, храната во апаратот може да се чува неколку часа; за време на прекинот на струјата, треба да се намали фреквенцијата на отворање на вратата и повеće не треба да се става свежа храна во апаратот.
- Долготрајно некористење: Апаратот треба да се ислучи од струја, па да се исчисти; потоа вратите треба да се остават отворени за да се спречи миризба.
- Преместување: Пред да го преместувате ладилникот, извадете ги сите предмети од внатрешноста, со селотејп прицврстете ги стаклените прегради, држачот за зеленчук, фиоките на комората за зам рзнување итн. и стегнете ги ногарките за нивелирање; затворете ги вратите и прицврстете ги со селотејп. За време на преместувањето, апаратот не смее да се превртува наопаку или хоризонтално, или да се тресе; навалувањето за време на преместувањето не смее да биде поголемо од 45°.

Апаратот треба континуирано да работи штом їе се пушки. Општо земено, работењето на апаратот не смее да се прекинува; во спротивно, може да се намали работниот век.
5 Решавање проблеми
Можете да се обидете сами да ги решите следниве едноставни проблеми. Ако не можете да ги решите, контактирајте ја службата за постпродажни услуги.
| Прекин на работењето | Проверете дали апаратот е поврзан со напојувањето или дали приклучокот има добар контакт.Проверете дали напонот е премногу низок.Проверете дали има прекин на струјата или делумно пафање на осигурувачите. |
| Миризба | Миризливата храна треба да биде цврсто завиткана.Проверете дали има скапана храна.Исчистете ја внатрешноста на ладилникот. |
| Долготрајно работење на компресорот. | Долгото работење на ладилникот е нормално во лето кога амбиенталната температура е висока.Не е препорачливо да има премногу храна во апаратот во исто време.Храната треба да се излади пред да се стави во апаратот.Вратите се отвораат премногу често. |
| Сијаличката не успева да се запали | Проверете дали ладилникот е поврзан со напојувањето и дали сијаличката за осветлување е оштетена.Сијаличката нека ја замени стручно лице. |
| Вратите не можат правилно да се затворат. | Вратата е заглавена поради пакувањата со храна. Ставено е преголемо количество храна.Ладилникот е накривен. |
| Гласна бучава | Проверете дали подот е нивелиран и дали ладилникот е поставен стабилно.Проверете дали дополнителната опрема е поставена на правилните позиции. |
| Заптивката на вратата не е херметичка | Отстранете ги страните тела од заптивката на вратата.Загрејте ја заптивката на вратата, а потоа изладете ја за реставрирање (или издувајте ја со електричен фен или користете жежок пешкир за загревање). |
| Тавата за вода се прелева | Има премногу храна во комората или складираната храна содржи премногу вода, што резултира со обилно одмрзнување.Вратите не се затворени правилно, што резултира со замрзнување поради влез на воздух и зголемена вода поради одмрзнување. |
| Жешко куќиште | Дисипација на топлината на вградениот кондензатор преку куќиштето, што е нормалноКога куќиштето станува жешко поради високата амбиентална температура, складирано е преголемо количество храна или компресорот е исклучен, обезбедете звучна вентилација за да се олесни дисипацијата на топлина |
| Кондензација на површината | Кондензацијата на надворешната површина и заптивките на вратата на ладилникот е нормална кога амбиенталната влажност е премногу висока. Само избришете го кондензатот со чист пешкир. |
| Необична бучава | Шум: Компресорот може да произведе шумови за време на работењето, а шумовите се гласни особено по пуштањето или запирањето. Тоа е нормално.Чкрипење: Ладилното средство што тече во внатрешноста на апаратот може да произведе чкрипење, што е нормално. |
Табела 1 Климатски класи
| Класа Символ | Опсег на амбиенталната температура °C | |
| Умерено ладна | SN | Од + 10 до + 32 |
| Умерена | N | Од + 16 до + 32 |
| Суптропска | ST | Од + 16 до + 38 |
| Тропска | T | Од + 16 до + 43 |
Умерено ладна: „овој ладилник е наменет да се користи на амбиентални температури што се движат од 10 °C до 32 °C“;
Умерена: „овој ладилник е наменет да се користи на амбиентални температури што се движат од 16 °C до 32 °C“;
Суптропска: „овој ладилник е наменет да се користи на амбиентални температури што се движат од 16 °C до 38 °C“;
Тропска: „овој ладилник е наменет да се користи на амбиентални температури што се движат од 16 °C до 43 °C“;
Специјално за новиот европейски стандард:
Нарачаните делови во следнава табела може да се добијат од каналот :
| Нарачан дел | Снабден од | Минимално време потребно за снабдување |
| термостати | Професионален персонал за одржување | Најмалку 7 години откако последниот модел е пласиран на пазарот |
| сензори за температура | Професионален персонал за одржување | Најмалку 7 години откако последниот модел е пласиран на пазарот |
| печатени плочи | Професионален персонал за одржување | Најмалку 7 години откако последниот модел е пласиран на пазарот |
| извори на светлина | Професионален персонал за одржување | Најмалку 7 години откако последниот модел е пласиран на пазарот |
| рачки за врата | Професионални сервисери и крајни корисници | Најмалку 7 години откако последниот модел е пласиран на пазарот |
| шарки за врата | Професионални сервисери и крајни корисници | Најмалку 7 години откако последниот модел е пласиран на пазарот |
| фиоки | Професионални сервисери и крајни корисници | Најмалку 7 години откако последниот модел е пласиран на пазарот |
| корпи | Професионални сервисери и крајни корисници | Најмалку 7 години откако последниот модел е пласиран на пазарот |
| дихтунзи за врата | Професионални сервисери и крајни корисници | Најмалку 10 години откако последниот модел е пласиран на пазарот |
Почитувани клиенти
- Ако сакате да го вратите или замените производот, контактирајте ја продавницата каде што сте го купиле.
(Не заборавајте да ја понесете фактурата за набавка)
- Ако вашиот производ се скрши и за тоа е потребна поправка, контакрајте го давателот на постродажни услуги.
Телефон:
Адреса за е-пошта:
Side By Side HÜTÖ