VOX IKK3400 - фрижидер

IKK3400 - фрижидер VOX - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот IKK3400 VOX во PDF формат.

📄 107 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice VOX IKK3400 - page 54
Погледни прирачник : English EN Македонски MK Русский RU Slovenščina SL
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Фрижидер-замрзнувач
Бренд VOX
Модел IKK3400
Висина (cm) 185
Ширина (cm) 60
Длабочина (cm) 65
Тежина (kg) 65
Напојување 220-240 V, 50 Hz
Енергетска класа A+
Годишна потрошувачка на енергија (kWh) 280
Климатска класа N-ST
Ниво на бучава (dB) 42
Вкупен бруто капацитет (L) 300
Капацитет на фрижидер одделот (L) 200
Капацитет на замрзнувач одделот (L) 80
Рејтинг на ѕвезди на замрзнувач 4 ѕвезди
Систем за ладење Со вентилатор
Тип на одмрзнување Фрижидер: автоматско, Замрзнувач: рачно
Контрола на температура Механички термостат
Внатрешно осветлување LED
Полици Прилагодливи стаклени полици
Складирање на врата Да
Реверзибилна врата Да
Гаранција (години) 2

Frequently Asked Questions - IKK3400 VOX

Како да ја прилагодам температурата во мојот VOX IKK3400 фрижидер?
Користете го термостатското копче внатре во фрижидерот. Свртете го во насока на часовникот за поладно, спротивно за потопло.
Колку често треба да го одмрзнувам замрзнувачот?
Одмрзнете кога дебелината на мразот ќе достигне 5 мм. Исклучете го уредот, извадете ги сите предмети и оставете го мразот да се стопи природно.
Зошто мојот VOX фрижидер не лади правилно?
Проверете дали термостатот е правилно поставен, осигурете се дека отворите за воздух не се блокирани и исчистете ги кондензаторските калеми зад уредот.
Може ли да ја сменам насоката на отворање на вратата?
Да, вратата е реверзибилна. Следете ги упатствата во прирачникот за да ги замените шарките и рачките на вратата.
Како да го исчистам внатрешноста?
Исклучете го фрижидерот, извадете ја целата храна и избришете ги површините со благ сапун и вода раствор. Исплакнете и исушете пред повторно полнење.
Колкаво е нивото на бучава на овој модел?
Нивото на бучава е приближно 42 dB, што е во рамките на нормалниот опсег за фрижидер-замрзнувач.
Како можам да ја намалам потрошувачката на енергија?
Чувајте го фрижидерот подалеку од извори на топлина, осигурете се дека има соодветна циркулација на воздухот околу уредот и избегнувајте често отворање на вратата.
Дали е безбедно да се става топла храна во фрижидер?
Не, оставете ја топлата храна да се излади на собна температура пред да ја ставите во фрижидер за да избегнете зголемување на внатрешната температура.
Што треба да направам ако истекува вода од фрижидерот?
Проверете дали одводниот отвор е блокиран, осигурете се дека фрижидерот е во рамнотежа и исчистете го одводниот сад подолу.
Колку време е потребно за фрижидерот да ја достигне поставената температура по првото вклучување?
Може да потрае до 24 часа за фрижидерот да се стабилизира на саканата температура по првичната инсталација.

Прашања на корисниците за IKK3400 VOX

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник IKK3400 - VOX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. IKK3400 на марката VOX.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК IKK3400 VOX

Општи предупредувања....54

Стари и расипани ладилници....56

Безбедносни предупредувања 56

Инсталација и ракување со вашиот фрижидер ....57

Пред да го користите ладилникот ....58

Поставки на термостатот ....58

Предупредувања за поставките за температурата....58

Додатоци ....59

Послужавник за мраз 59

Држач за шишиња 59

ЧУВАЊЕ НА ХРАНА ВО УРЕДОТ ......60

Оддел за ладење....60

Оддел за замрзнување ....60

ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ ....61

Одмрзнување....61

ТРАНСПОРТ И ПРЕМЕСТУВАЊЕ ......63

Совети за зачувување на енергија 64

ДЕЛОВИТЕ ОД УРЕДОТ И ОД ОДДЕЛИТЕ ....65

Инструкции за инсталација и за промена на вратата......66

Упатствата за ракување се однесувает на неколку модели. Поради тоа може да има одредени разлики.

ПРЕД ДА ГО КОРИСТИТЕ УРЕДОТ

Општи предупредувања

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Одржувајте ги отворите за

вентилација во уредот или во елементот за вградување чисти и без препреки.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете механички уреди или други средства за да го забрзате процесот на одмрзнување освен оние што ги препорачува производителот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не користете електрични апарати во коморите за чување храна во апаратот, освен ако тие не се препорачани од производителот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не оштетувајте го колото со средството за ладење.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ладилникот мора да се фиксира согласно упатствата за да се избегнат состојби заради негова нестабилност.

- Ако уредот користи R600а како средство за ладење – ова може да го видите на етикетата на разладниот систем – треба да внимавате при транспорт и монтажа за да спречите оштетување на елементите од разладниот систем. R600а не е штетен за животната средина и е природен гас. Бидејки е експлозивен, во случај на протекување заради оштетување на елементите во системот за ладење, преместете го ладилникот подалеку од извори на отворен орган и проветрете ја просторијата каде што е сместен апаратот неколку минути.

- Не оштетувајте го системот со средството за ладење при транспорт и поставување на ладилникот.

- Не чувајте експлозивни супстанци како аеросоли со запаливи материи во овој апарат.

- Овој апарат е наменет за употреба во домакинства и слични примени какви што се:

  • кујнски простории за персонал во продавници, канцеларии и други работни средини,
  • фарми и од страна на гости во хотели, мотели и други места наменети за престој,
  • објекти наменети за пренокување со појадок;
  • подготовка и испорака на храна и слични други некомерцијални примени.

- Ако штекерот не одговара на приклучокот на фрижидерот, производителот, сервисерот или соодветно квалификувано лице мора да го смени за да се избегнат ризични состојби.

- Кабелот за напојување на фрижидерот има специјално заземјен приключок на него. Овој приключок треба да се користи со специјално заземјен штекер рангиран на 16 ампери. Ако таков штекер нема во куćата, повикајте квалификуван електричар да го монтира.

- Овој апарат може да го користат деца на 8-годишна возраст и постари, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или оние што немаат искусство или познавања само ако се под надзор или ако се обучат за соодветната и безбедна употреба на апаратот и ги разберат сите можни ризични состојби. Децата не смее да си играат со апаратот. Деца не смеат да го чистат апаратот или да работат на негово одржување ако не се под надзор.

- Овој уред не е наменет за употреба на надморска височина повисока од 2000 m.

Стари и расипани ладилници

- Ако стариот фрижидер има брава, скршете ја или извадете ја пред да го фрлите бидејки деца може да се заглават внатре и да се предизвика несреќа.

VOX IKK3400 - Стари и расипани ладилници - 1

- Старите фрижидери и замрзнувачи содржат материјал за изолација и средство за ладње со CFC. Поради тоа, треба да внимавате за да не ја загадите животната средина кога ги фрлате вашите стари фрижидери.

Распрашајте се кај надлежните општински служби како да фрлите отпаден електрична и електронска опрема, за нивната повторна употреба, рециклирање или поправка.

Забелешки:

- Внимателно прочитајте го упатството за работа пред да го монтирате и користите апаратот. Не се сметаме за одговорни за штети настанати заради погрешна употреба.

- Следете ги упатствата што се наоғаат на апаратот и во упатството за работа и чувајте го ова упатство на безбедно место за да ги решавате проблемите што може да се појават во иднина.

- Овој апарат е произведен да се користи во домашни услови и може единствено да се користи во домашни услови и за специфични намени. Не е наменет за комерцијална или заедничка употреба. Таквата употреба ја отфрла гаранцијата на апаратот и нашата компанија нема да биде одговорна за причинетите загуби.

- Овој апарат е произведен за употреба во домашни услови и е соодветен за ладење / чување храна. Не е соодветен за комерцијална или заедничка употреба и/или за чување разни предмети освен храна. Во спротивно, нашата компанија нема да биде одговорна за причинетите загуби.

Безбедносни предупредувања

  • Не користете продолжителен кабел или повекевлезен штекер.
  • Не вклучувајте оштетени, скинати или стари приклучоци.
  • Немојте да го тргате, виткате или оштетувате кабелот.

VOX IKK3400 - Безбедносни предупредувања - 1

  • дозволувајте деца да си играат со него и не дозволувајте им да се нишаат на вратата.
  • Немојте ниту да го приклучувајте ниту да го вадите приклучокот од штекерот со мокри раце за да спречите електричен удар!
  • Не ставајте стаклени шишиња или конзерви со пијалаци во одделот за замрзнувачот. Шишињата или конзервите може да експлодираат.
  • Не ставајте експлозивен или запалив материјал во фрижидерот од безбедносни причини. Ставајте ги пијалаците со поголем процент на алкохол вертикално и затворајте ги цврсто кога ги чувате во ладилникот.

VOX IKK3400 - Безбедносни предупредувања - 2

- Не допирајте ги коцките мраз направени во замрзнувачот со раце. Може да предизвикаат смрзнување на ткивото и/или посекотини.

- Не допирајте ја замрзнатата храна со мокри раце! Не јадете сладолед или мраз веднаш откако ће ги извадите од замрзнувачот!

- Не замрзнувајте ја одново замрзнатата храна што веке се одмрзнала. Може да си наштетите на здравјето со труење од храна.

- Не покривајте го кукиштето со тантела и не ставајте тантела врз него. Тоа влијае врз работата на ладилникот.

- Фиксирајте ја дополнителната опрема во фрижидерот во текот на транспортот за да спречите нејзино оштетување.

VOX IKK3400 - Безбедносни предупредувања - 3

Инсталација и ракување со вашиот фрижидер

Пред да почнете да го користите фрижидерот, обрнете внимание на следниве работи:

- Работниот напон на фрижидерот е 220-240 волти при 50 херци.

- Приклучокот мора да биде на дофат после инсталацијата.

- При првото вклучување може да се појави мирис. Ке исчезне кога уредот ке почне да лади.

- Пред да поврзете во струјно коло, осигурете се дека напонот означен на плочката со името на уредот одговара на напонот во вашата мрежа дома.

- Включете го приключокот во штекер со ефикасно заземјување. Доколку штекерот не е заземјен или не одговара, ви препорачуваме да повикате авторизиран електричар да ви помогне.

- Уредот мора да биде поврзан на штекер со соодветен осигурувач. Напојувањето и напонот на напојната точка мора да соодветствуваат со деталите на плочката на уредот (таа се најдува на внатрешната лева страна на уредот).

- Не преземаме одговорност за штета настаната поради незаземјени приклучоци.

- Поставете го фрижидерот на добро место кое нема да биде изложено на директна сончева светлина.

- Фрижидерот не смее никогаш да се користи на отворено или да се остава на дожд.

- Треба да биде на најмалку 50 см од извори на топлина како шпорети, фурни, радијатори и печки и најмалку на 5 см од електрични фурни.

- Ако фрижидерот е веднаш до сандак за длабоко замрзнување, неопходно е да се остави најмалку 2 см помеѓу нив со цел да се избегне кондензација на надворешните површини.

- Не оставајте тешки предмети на уредот.

- Целосно чистете го уредот, особено во внатрешноста, пред да го користите (видете го делот Чистење и одржување).

- Процедурата за инсталирање во кујнските елементи е дадена во прирачникот за инсталација. Уредов е наменет за користење единствено во соодветни кујнски елементи.

KG q

- Пред да го користите фрижидерот, избришете ги сите делови одзади со топла вода во којашто ће додадете една лажичка сода бикарбона, потоа исплакнете ги со чиста вода и избришете ги. Ставете ги сите делови на место по чистењето.

Пред да го користите ладилникот

- Кога го включувате фрижидерот по прв пат или по негово преместувањо оставете го во исправена положба 3 часа и потоа включете го за да овозможите ефикасна работа. Во спротивно, може да го оштетите компресорот.

- Фрижидерот може да има миризба кога їе го включите по прв пат. Миризбата їе исчезне штом ладилникот їе почне да лади.

VOX IKK3400 - Пред да го користите ладилникот - 1

Поставки на термостатот

Термостатот на замрзнувачот ја регулира внатрешната температура во одделите. Со ротирање на копчето од позиција 1 до 5 може да се добијат поладни температури.

Важно: Не се обидувајте да го завртите тркалцето подалеку од позиција 1, затоа што тоа може да го запре уредот.

Поставки на термостатот на фрижидерот и замрзнувачот:

1 - 2 : За краткотрајно чување на храна во замрзнувачот, можете да го поставите копчето помеѓу позициите минимум и средина.

3 - 4 : За долготрајно чување на храна во замрзнувачот, можете да го поставите копчето на средна позиција.

5 : За замрзнување на свежа храна. Уредот ке работи на пониски температури.

VOX IKK3400 - Поставки на термостатот на фрижидерот и замрзнувачот: - 1

Предупредувања за поставките за температурата

  • Температурата во просторијата, температурата на свежата храна и зачестеноста на отворањето на вратата влијаат врз температурата во одделот на ладилникот. Ако е потребно, сменете ја поставката на температурата.
  • Не се препорачува да го вклучувате ладилникот во средини со температура пониска од 10° С заради неговата ефикасност.
  • Поставувањето на термостатот треба да се направи имајки во предвид колку често вратите се отвораат и затвораат за ладилникот и замрзнувачот, колку храна се чува во ладилникот и од средината во којашто е поставен ладилникот.
  • Ладилникот треба да работи 24 часа во амбиенталната температура без прекинување откако їе се вклучи за да се излади комплетно. Не отворајте ги често вратите на ладилникот и не ставајте храна во текот на овој период.

  • Функцијата за одложена работа од 5 минути се применува за да се спречи оштетување на компресорот на ладилникот кога Ѽе го исклучите или включите во струја повторно или кога Ѽе снема струја. Ладилникот Ѽе започне да работи нормално по 5 минути.
    • Ладилникот е дизајниран да работи во интервали на амбиентална температура

согласно стандардите и климатските услови посочени на етикетата со информации. Не се препорачува ладилникот да работи во средини коишто се надвор од дадените интервали за температура во однос на ефикасноста за ладење.

- Оваа опрема е дизајнирана да се користи во амбиентална средина со температурен опсег од 16°C - 38°C.

Климатска класаТемпература на околината °C.
T 16 до43°C
ST16 до38°C
H 16 до32°C
SN10 до32°C

Додатоци

Послужавник за мраз

  • Наполнете го со вода и сместете го во комората за замрзнување.
  • По целосно замрзнување на водата, засукајте го послужавникот како на сликата и коцките мраз їе паднат.

VOX IKK3400 - Послужавник за мраз - 1

Држач за шишиња (Кај некои модели)

Користете го овој држач за да одбегнете тркалање и истекување на течноста од шишињата.

VOX IKK3400 - Држач за шишиња (Кај некои модели) - 1

Визуелните прикази и текстуалниот опис во секцијата за додатоци може да варираат во зависност од моделот на апаратом

ДЕЛ: 3 ЧУВАЊЕ НА ХРАНА ВО УРЕДОТ

Оддел за ладење

Фрижидерскиот оддел се користи за складирање на свежи продукти за неколку дена.

  • Не ја ставајте храната многу блиску до задниот зид на фрижидерот. Оставете простор помеѓу зидот и храната за да се обезбеди циркулација на ладниот воздух.
  • Не ставајте топли продукти или течности кои испаруваат во фрижидерот.
  • Секогаш ставајте ги продуктите во затворени садови или во амбалажа.
  • За да ја намалите влагата и да се избегне створање на мраз, никогаш не ставајте течности во отворени садови во фрижидерот.
  • Препорачливо е месото, од било кој вид да биде спакувано во амбалажа и поставено на стаклена полица, над зеленчукот, затоа што тука воздухот е поладен.
  • Свежото овоще и зеленчук можете да ги ставате во фрижидерот и без пакување.
  • За да се избегне пораст на температурата во фрижидерот, избегнувајте често отворање на вратата и никогаш не ја оставајте предолго вратата отворена.

Оддел за замрзнување

Одделот за замрзнување се користи за замрзнување на свежи продукти како и за чување на замрзнати продукти до рокот кој е означен на нивното паковање.

  • За замрзнување на свежи продукти : Спаковајте и означете ги свежите продукти така што во пакувањето да нема воздух и да е овозможено да тече течност. Специјални кеси за замрзнувач, алуминиумска фолија и пластични садови се идеални за таа цел.
  • Не дозволувајте свежите продукти кои сакате да ги замрзнете, да дојдат во контакт со веке замрзнатите продукти.
  • Секогаш обележете датум и содржина на паковањето кое го замрзнувате за да не го пречекорите рокот.
  • Во случај на дефект или оневозможеност од напојување со струја, во замрзнувачот ке се одржи ниска температура. Избегнувајте отворање на вратата на замрзнувачот.
  • Максималната количина на свежи продукти кои можат да се чувват во замрзнувачот во рок од 24 часа е обележана на етикетата (видете капацитет на замрзнување).
  • Никогаш не ставајте топли продукти во замрзнувачот.
  • Кога ставате продукти, задолжително проверете дали амбалажата е оштетена.
  • Рокот на траење и препорачаната температура за чување на продуктите се назначени на паковањето. За чување и употреба на продуктите секогаш следете ги упатствата на производителот. Доколку нема податоци за рокот на траење на продуктите, тогаш не треба да се чувват подолго од 3 месеци.
  • Ставајте ги замрзнатите продукти во замрзнувач веднаш после купувањето.
  • Никогаш немојте повторно да замрзнувате продукти кои еднаш сте ги одмрзнале.

ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

- Исклучете го фрижидерот од напојувањето пред чистење.

VOX IKK3400 - ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ - 1

- Не го мијте со потурање на вода.

VOX IKK3400 - ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ - 2

- Можете да ги исчистите внатрешните и надворешните површини со мека крпа или сунгер натопени во вода и сапун.

VOX IKK3400 - ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ - 3

- Отстранете ги деловите поединечно и чистете со вода со сапуница. Да не се мијат во машина за миење садови.

VOX IKK3400 - ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ - 4

- За чистење никогаш не употребувајте запаливи, експлозивни или корозивни материјали како разредувач, киселина, итн

VOX IKK3400 - ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ - 5

- Кондензаторот (задниот дел со црни крила) треба да се чисти со правосмукалка или со сува четка најмалку еднаш годишно. Ова ќе помогне замрзнувачот да работи поефикасно и ќе Ви овозможи да заштедите енергија.

VOX IKK3400 - ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ - 6

Одмрзнување на фрижидерот:

VOX IKK3400 - ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ - 7

- Одмрзнувањето се случаува потполно автоматски во текот на работата, одмрзнатата вода се собира во полицата за испарување и сама испарува.

- Отворот за одвод на одмрзнатата вода треба периодично да се чисти со чепот со цел да се спречи собирање на водата на дното на фрижидерот наместо нејзиното одлевање.

- Одводот можете да го исчистите со истурање на половина чаша вода внатре

Одмрзнување на замрзнувачот:

  • Мразот, кој ги покрива полиците на замрзнувачот, треба од време на време да се отстранува.
  • Немојте да користите остри метални објекти за тоа. Тие може да го пробијат разладното коло и да причинат непоправлива штета. Користете ја доставената стругалка.
  • Кога на полиците има повеće од 5 мм мраз, треба да се одмрзне.
  • Пред одмрзнувањето, поставете ја замрзнатата храна на ладно место и завиткајте

ја во весник за подолго да ја зачува температурата.

- За да го забрзате процесот на одмрзнување поставете еден или два сада со топла вода во замрзнувачот.

- Исушете ја внатрешноста со сунгер или чиста крпа.

- Штом е одмрзнат, поставете ја храната во замрзнувачот и запомнете да ја изедете за брзо.

VOX IKK3400 - Одмрзнување на замрзнувачот: - 1

  1. Исклучете ја единицата од струја,
  2. Извадете го капакот на сијаличката со притискање на куките, сместени ја двете страни на капакот. (A)
  3. Заменете ја сијаличката со нова (не повеće од 15 W). (В)
  4. Ставете го капакот и включете ја единицата во струја. (С)

VOX IKK3400 - Одмрзнување на замрзнувачот: - 2

Замена на ЛЕД-сијаличката

Ако ладилникот има ЛЕД-сијаличка, контактирајте со центарот за помош бидејки само овластен сервисер може да ја смени.

ДЕЛ: 5 ТРАНСПОРТ И ПРЕМЕСТУВАЊЕ

Превоз и промена на позиција на инсталација

- Можете да ги зачувате оригиналните пена и пакет за повторно преместување (доколку сакате).

- Морате да го прицврстите фрижидерот со дебел пакет, ленти или силни јажиња и да ги следите инструкциите на пакувањето.

- Извадете ги подвижните делови (полици, додатоци, фиоки итн.) или фиксирајте ги во фрижидерот за време на транспортот или преместувањето.

VOX IKK3400 - Превоз и промена на позиција на инсталација - 1

Доколку фрижидерот не работи правилно, може да е само мал проблем, па затоа проверете го следново.

Уредот не работи:

Проверете дали:

  • Нема струја,
  • Кабелот не е правилно поставен или е лабав.
  • Термостатот е поставен на позиција “•”,

- Штекерот е дефектен. За да го проверите ова, во истиот штекер включете друг апарат за кој знаете дека работи.

Уредот слабо работи:

Проверете дали:

  • Не сте го преполниле апаратот
    • Вратите се правилно затворени
  • Има довольно отвори за вентилација во кујнскиот елемент, како што е назначено во Упатството за инсталација.

Ако се слуша бука:

Разладниот гас кој циркулира низ колото за ладење може да создава мал шум (звук на меурчиња) дури и кога компресорот не работи. Не се грижете, тоа е нормално. Доколку звуците се различни, проверете дали:

  • Уредот е цврсто поставен, како што е опишано во Упатството за инсталација.
  • Работите врз уредот вибрираат.

Ако има вода во долниот дел на фрижидерот:

Проверете дали:

Е затната одводната дупка за одмрзната вода (користете го чепчето за да ја исчистите одводната дупка)

Важна напомена:

  • За да се зголеми просторот и да се подобри изгледот, „делот за ладење“ е поставен во внатрешноста на задниот сид на одделот на фрижидерот. Кога компресорот работи, овој сид се покрива со вода или мраз. Не грижете се. Ова е нормално. Уредот треба да се одмрзнува само доколку на сидот се создаде дебел слој мраз.
  • Доколку уредот нема да се користи подолго време (на пример за време на летните одмори), поставете го термостатот на позиција.“”. Кога го одмрзнувате или чистите, оставајте ја вратата отворена за да спречите појава на мирис и мувла.
  • Доколку проблемот се' уште постои и после следењето на погорните инструкции, советувајте се со најблискиот авторизиран сервис.
  • Уредот кој го купивте е наменет само за домашна употреба и може да се користи само дома и за наведените намени. Не е погоден за комерцијална или општа употреба. Доколку клиентот го користи уредот на начин кој не е во согласност со овие характеристики, нагласуваме дека производителот и продавачот нема да одговараат за било каква поправка или дефект за време на гаранцијата.

Совети за зачувување на енергија

  1. Монтирај те го апаратот во ладна, добро проветрена соба, но не на директна сончева светлина и не во близина на извор на топлина (радијатор, шпорет...итн). Во спротивно, користете изолирачка облога.
  2. Дозволете храната и пијалоците да се оладат надвор од апаратот.
  3. Кога ја одмрзнувате замрзната храна, ставете ја во преградата на фрижидерот. Ниската температура на замрзната храна дополнително ње ја олади преградата кога се одмрзнува. На тој начин овозможува зачувување на енергија. Ако замрзната храна е расипана, придонесува за губиток на електрична енергија.
  4. Кога ставате пијалоци или садови полни со пијалоци тие мора да се покриени. Тие ја зголемуваат влажноста во апаратот. На тој начин работното време се зголемува. Исто така, пијалоците и а полни со пијалоци ако се покриени помагаат да се зачува мирисот и вкусот.
  5. Кога ставате храна или пијалоци, отворете ја вратата на апаратот колку што е можно побрзо.
  6. Чувајте ги блиску покриените садови со различна температура во апаратот (потопли, поладни ...итн).
  7. Преградата на вратата мора да биде чиста и еластична. Сменете ги преградите ако се долго време употребувани.

Оваа презентација е само за информација околу деловите на уредот. Деловите може да се различни кај различни модели.

1) Копче на термостатот
2) Лампа и капак во фрижидерот
3- Полици на фрижидерот
4) Капак на фиоката за овошје/зеленчук
5) Фиоки за овошје/зеленчук
6) Заштита за замрзнувачот

7) Фиока од замрзнувачот
8) Полица за шишиња
9) Полици на вратата
10) Држач за јајца
11) Полици за лед
12) Пластичен нож за лед

Инструкции за инсталација и за промена на вратата

Инсталација

! Прочитајте ги внимателно упатствата пред да почнете со инсталирање.
! Поставете го фрижидерот/замрзнувачот само во стабилни кујнски елементи.
! Доколку е потребно, преместете ја вратата во согласност со упатствата.
! Проверете ги димензиите за инсталација според слика В.
! Положбата на зглобот помеѓу вратите на единиците мора да биде на исто ниво со положбата на зглобот меѓу вратите на уредот.
! Димензиите на кабинетот се сменети според материјалот на крилцето на ивичникот ^(1) .
1. Ако материјалот на крипцето на ивичникот е пластичен, погледнете во (Табела.1/E1) за димензиите на кабинетот.
2. Ако материјалот на крилцето на ивичникот ^(1) е метален, погледнете во (Табела.1/E2) за димензиите на кабинетот.

  1. Видете ја фигура А за потребните дополнителни компоненти.
  2. Вметнете ја лентата во каналот и зашрафете со шрафови8. (фиг. Г)
  3. Протнете го напојниот кабел низ отворот за вентилација и поставете го така што уредот да може лесно да биде приклучен штом еднаш їе биде инсталиран. (фиг. Б – фиг. В)
  4. Извадете го дихтунгот-лента ^2 кој се наоға на страничниот панел на уредот и залепете го на задната страна на шарките од вратата од уредот. (фиг. Г- фиг. Д)
  5. Подигнете го уредот и лизнете го во кујнскиот елемент. Турнете го уредот до задната страна на шарките од вратата под услов дихтунгот- лента ^2 го покрива просторот помеѓу уредот и кујнскиот елемент.
  6. Порамнете ја предната ногалка со предната страна на кујнскиот елемент. (фиг. Г)
  7. Зашрафете ги предните ногалки со шрафови ^5 . (фиг. Г)
  8. Зашрафете ја лентата за кујнскиот елемент со помош на шрафови ^5 . (фиг. Е)
  9. Зашрафете го потпирачот за фиксирање, потпрен на кујнскиот елемент. Повторете го и за спротивната страна. (фиг. Ж)
  10. Зашрафете ги водичите ^3 на вратата од уредот со шрафови ^6 . Потпрете ја вратата на единицата врз вратата на уредот кога таа е отворена под прав агол. Лизнете ги шините ^4 во водичите ^3 израмнувајки го жлебот. Зашрафете ги шините ^4 на вратата на уредот со шрафови ^6 . (фиг. S)
  11. Од страната на рачката оставете растојание од 1-2 мм помеѓу уредот и неговата врата со прилагодување на водичите3. Тоа е многу важно за работата на уредот. (фиг. S)

① ② ④ ③ ⑤ ⑥ Ø4x17 Ø M4x17

Фигура А

40 min min. 200 cm² 550 560-570 540 max. 2100 E 90° min. 200 cm² A B C D 65 mm Фигура С А Б С Д Е1(П ластика) Е2(Mетал) 1770 660,3 623,5 995,5 1770 - 1790 1770 - 1778 Табела 1

min. 200 cm² Фигура В min. 200 cm²

A B C D E1(Г)Пастиka)E2(Metral)
1770660,3 623,5 995,51770 - 1790 1770 - 1778

Фигура D ① ② ⑥

Фигура E

VOX IKK3400 - Инсталација - 6

Поставување на вратата на спротивна страна

  1. Откачете ја шарката од вратата ^15 и поставете ја вратата од единицата ^14 на сигурно место.
  2. Отшрафете ја иглата од шарката од вратата и цврсто зашрафете ја на спротивната страна и поставете ја на сигурно место.
  3. Откачете ја шарката од средната врата ^12 и поставете ја долната врата ^10 на сигурно место. Повторно зашрафете ја потпората за фиксиране на оригиналната позиција без шарката на средната врата ^12 .
  4. Поставете ја долната игла од вратата ^18 на спротивната страна.
  5. Поставете ги затките за дупките ^17 на спротивната страна.
  6. Поставете ја долната врата ^10 преку долниот забец на вратата ^18 и затворете ја на елементот.
  7. Отшрафете го потпирачот за фиксирање ^13 . Поставете ја шарката од средната врата ^12 врз долната врата ^10 . Поставете го потпирачот за фиксирање ^1 врз шарката од средната врата ^12 и зашрафете ги заедно и цврсто врз елементот.
  8. Поставете ја горната врата ^4 врз шарката на средната врата ^12 и поставете ја шарката на горната врата ^5 врз горната врата ^4 и потоа зашрафете ја цврсто шарката од горната врата ^15 на страна спротивна од оригиналната позиција.

Index

PRED UPORABO VAŠEGA HLADILNIKA 71

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : VOX

Модел : IKK3400

Категорија : фрижидер