B600BP - Миксер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот B600BP GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Стоечки блендер |
| Модел | B600BP |
| Бренд | Gorenje |
| Капацитет на садот | 1,5 литри |
| Моќност | 600 W макс |
| Напон | 220–240 V |
| Фреквенција | 50 Hz |
| Поставки за брзина | 3 континуирани брзини (1,2,3) + Пулс |
| Ниво на бучава | Lc = 72 dB(A) |
| Материјал на сечилата | Нерѓосувачки челик, отстранлив |
| Материјал на садот | Пластика (претпоставено без BPA) |
| Материјал на телото | Пластика со декоративен прстен |
| Контрола | Ротационен копче со копче за пулс |
| Систем за безбедносно заклучување | Да, спречува работа освен ако садот и капакот се заклучени |
| Максимално време на работа | 1 минута континуирано |
| Тежина (приближно) | 1,5 кг |
| Димензии (ВxШxД) (приближно) | 40 x 18 x 18 cm |
| Должина на кабелот | 1 m |
| Делови погодни за машина за садови | Не, само рачно миење |
| Вклучени додатоци | Сад за блендер, капак, мерна чаша |
| Усогласеност со WEEE | Да (Директива 2002/96/ЕЗ) |
Често поставувани прашања - B600BP GORENJE
Прашања на корисниците за B600BP GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Миксер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник B600BP - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. B600BP на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК B600BP GORENJE
- Капак на отворот за додавање состојки/мерка Капак 2.
- Бокал на сечкалката (1,5 литар) Отстранливо сечило 4.
- Украсен обрач на куќиштето Куќиште 6.
- Втакнувач и приклучен кабел
- Копче за моментално работење Копче за управување 9. Подножје 10. Пластични ножиња 11.
Безбедносни предупредувања
- Пред употреба на апаратот внимателно прочитајте ги сите упатства.
- Пред составување или раставување на апаратот, пред чистење или кога апаратот не е под надзор, исклучете го од електричната мрежа.
- Деца да не го употребуваат овој апарат. Апаратот и приклучниот кабел да не бидат достапни на деца.
- Лица со намалени физички, сетилни и ментални способности или со недостаточно знаење и искуство можат да го употребуваат овој апарат под соодветен надзор или ако добиле соодветни упатства со оглед на безбедна употреба на апаратот и ако ги разбираат опасностите кои се поврзани со неговата употреба. • Деца да не се играат со апаратот.
- Оштетен приклучен кабел смее да го замени само производителот или овластен сервисер, односно друго стручно оспособено лице, бидејќи во спротивно таква работа може да биде опасна.
- Бидете претпазливи кога постапувате со острите сечила, кога го празните садот и за време на чистење.
- Пред заменување на помагалата или пред да се приближите до подвижните делови на апаратот, исклучете го апаратот и исклучете го од електричната мрежа.
- Апаратот е наменет за употреба во домаќинство и слични околини, како што се:
- прирачни кујни за персонал.
- Кога сечилата се во употреба, не приближувајте ги прстите до нив.
- Во мешалката, односно сечкалката, не сечкајте жешки состојки.
- Апаратот за време на употреба секогаш да биде на рамна подлога.
- Погрижете се копчето за управување да биде во положба "0" пред да го приклучите апаратот на електричната мрежа.
- Апаратот да не работи непрекинато повеќе од 1 минута.
- Внимателно прочитајте ги упатствата приложени кон апаратот и чувајте ги.
- Пред да го ставите или отстраните втакнувачот од приклучницата, секогаш исклучете го напојувањето на приклучницата. Кога го исклучувате апаратот од електричната мрежа, држете за втакнувачот; не влечете за приклучниот кабел.
- Не употребувајте го апаратот со продолжен кабел, освен ако истиот го прегледал и испробал соодветно оспособен стручњак за електрични инсталации или сервисер.
- Апаратот секогаш да го приклучувате на приклучница, односно мрежа, која е под таков напон (само наизменичен), како што е наведено на апаратот.
- Апаратот употребувајте го само за предвидената намена.
- Апаратот не ставајте го на жежок гасен горилник или електричен грејач, односно во близина на таков горилник или грејач, исто така не во загреана рерна. Апаратот не ставајте го на кој било друг апарат.
- Не дозволувајте приклучниот кабел да виси преку работ на масата или работната површина или да допира жешки површини.
- Не употребувајте електричен апарат со оштетен приклучен кабел, ако апаратот паднал на подот или друга површина или ако е како било оштетен.
- Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или која било друга течност, ако тоа не е стриктно препорачано.
- Никогаш не допирајте ги сечилата, кога е апаратот вклучен.
- Бидете посебно претпазливи кога го празните или чистите бокалот на сечкалката, бидејќи сечилата се исклучително остри.
Овој апарат е означен според европскиот пропис 2002/96/E3 за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.
Употреба на сечкалката
- Наместете ја мерката (1) на капакот (2). Наместете го капакот на бокалот од сечкалката и притиснете го надолу (Слика 1). Бокалот на сечкалката ставете го на 2. куќиштето и завртете го во спротивна насока од стрелката на часовникот (Слика 2). Повеќе информации ќе најдете во заглавието Безбедносен систем за заклучување.

Отстранете го капакот или мерката од 3. бокалот на сечкалката и ставете состојки во бокалот.
Капакот со наместена мерка повторно 4. наместете го на бокалот на сечкалката и завртете го бокалот во спротивна насока од стрелката на часовникот, да се закачи. Повеќе информации ќе најдете во заглавието Безбедносен систем за заклучување. Содржината во бокалот да не го надмине означеното ниво, т.е. 1,5 литар.
- Со копчето за управување изберите сакана брзина на сечкање: 1, 2, 3 или моментално работење. При моментално работење (pulse) 6. сечкалката ќе работи додека го држите копчето за моментално работење. Тоа ви
овозможува повеќе надзор при сечкање на пр. оревчиња и чоколада или при дробење мраз.
- Ако копчето го завртите во положба 1, 2 или 3, апаратот ќе работи непрекинато, додека копчето не го завртите назад во положба 0.
- Состојки можете во бокалот да додадете и за време сечкање. Тоа ќе го направите така да ја отстраните мерката од отворот за додавање состојки.
- По завршено сечкање завртете го копчето за управување назад на положба 0.
Безбедносен систем за заклучување
За поголема безбедност, оваа сечкалка и мелница за кафе е опремена со безбедносен систем за заклучување. Ако капакот и бокалот или мелницата за кафе не се правилно наместени, апаратот нема да работи.
Сечкалката правилно составете ја според следниве упатства:
- Куќиштето ставете го на маса; предниот дел да биде свртен кон вас. Бокалот на сечкалката ставете го на куќиштето, така што рачката да биде на десна страна. Бокалот е правилно ставен кога стрелката на бокалот е непосредно над отворениот механизам за заклучување на куќиштето, односно подножјето со мотор.
- Завртете го бокалот на сечкалката надесно, додека чујно не се закачи. Двете стрелки на куќиштето (подножјето со мотор) и бокалот мора да бидат порамнети една со друга. Бокалот на сечкалката така е правилно наместен.
- Наместете го капакот на сечкалката, така што завитокот да биде свртен кон вас.
- Завртете го завитокот надесно, додека не биде непосредно над рачката на бокалот. Сечкалката сега е подготвена за употреба.
Мелницата за кафе правилно ќе ја составите според следниве упатства:
- Куќиштето ставете го на маса; предниот дел да биде свртен кон вас.
- Мелницата за кафе ставете ја на куќиштето, и завртете ја мелницата за кафе надесно додека чујно не се закачи. Двете стрелки на куќиштето (подножјето со мотор) и садот за мелење мора да бидат порамнети една со друга. Ако се, мелницата за кафе е правилно наместена. Мелницата за кафе сега е подготвена за употреба.
Водич за вашата сечкалка
| Работа | Вид храна | Препорачано дотерување | Препорачана постапка |
| Пенење | Млечен шејк, смути | 2, 3 | Употребите оладено млеко. Мешајте додека не достигнете сакана густина, односно текстура. |
| Сечкање | Оревчиња, чоколада, лук или билки | Моментално работење (pulse) | Сечкајте половина шолја состојки наеднаш, да бидат парчињата со еднаква големина. |
| Пенесто мешање | Путер или шеќер | 2, 3 | Мешајте путер и шеќер, додека не настане кремаста смеса. Препорачуваме да на половина од мешањето ја запрете сечкалката и го отстраните кремот од страните на бокалот. Не мешајте предолго. |
| Дробење | Трошки од леб, трошки од колачиња | 2, 3 | Искршите ги на парчиња и сечкајте додека не настанат трошки. |
| Дробење мраз | Мраз | 1, 2, 3, моментално работење | Додајте 1/4 шолја вода. За дробење мраз употребите кое боло дотерување или па 3 до 4-пати едноподруго притисните го тастерот за моментално работење (pulse). |
| Приготвување емулзија | Преливи за салата | 1, 2 | Мешајте додека не настане хомогена смеса. За време мешање можете да додавате масло низ отворот за долевање, односно додавање состојки во капакот. |
| Шеќер во прав | Кристален шеќер | 2, 3 | Дробите приближно 20 секунди за грубо мелен шеќер во прав и уште натамошни 10 секунди за фино мелен шеќер во прав. |
| Мешање | Течно тесто | 1, 2 | Состојките мешајте ги само толку да настане хомогена смеса. Не мешајте предолго. |
| Пире | Супи, зеленчук, овошје | 2, 3 | Мешајте, додека не настане глатка смеса. |
ВНИМАНИЕ! Времето за сечкање или мешање може да се менува со оглед на количината состојки во бокалот; наведените траења се само како основа.
Прирачни совети за употреба на апаратот
- Ако во сос за месо настанат грутчиња или ако сос врз основа на јајца се сплеска, можете да ги спасите со кратко мешање во сечкалката.
- Храната што имате намера да ја додадете во сечкалката, нарежете ја на коцки (со страница приближно 2 до 3 сантиметри); така смесата ќе биде порамномерна.
- Никогаш не го полнете бокалот на сечкалката над означеното ниво.
- За ефикасно мешање, односно сечкање на суви состојки, можеби ќе морате да го прекинете работењето на апаратот и со лопатче да ги истружите состојките од страниците на бокалот и да ги вратите на дното.
- Кога приготвувате пире од зеленчук или овошје, варено или сурово, нарежете ги состојките на мали парчиња за да го олесните работењето на апаратот.
- Кога мешате различни состојки, најпрвин додајте течност, а потоа суви состојки.
- Секогаш уверете се дека во овошјето нема коски и дека во месото нема коски, бидејќи тие можат да ги оштетат сечилата.
- Во сечкалката не мешајте жешки течности. Почекајте жешките течности да се оладат пред да ги додадете во сечкалката.
- Кога приготвувате пире од топли состојки, секогаш овозможете проветрување на бокалот на сечкалката. Тоа ќе го направите така што откако ќе ја задвижите сечкалката, ќе ја отстраните мерката од капакот на бокалот.
Нега и чистење
Метод на брзо чистење
Наполнете ја сечкалката до половина со 1. топла вода и мала количина детергент. Притиснете го тастерот за моментално 2. работење и држете го 1 до 2 секунди, а потоа пуштете го. Повторете 3 до 4 пати.
- Потоа отстранете го бокалот и исплакнете го под славина.
- Садот и капакот на мелницата исчистете ги со четка, четче или сува крпа.
- Капакот на мелницата можете да го измиете и во ладна или млачна вода.
Темелно чистење
- Одвртете го склопот на сечилото од дното на бокалот, така што ќе го завртите дното на сечилото во спротивна насока од стрелката на часовникот.
- Отстранете го гумениот дихтунг од склопот на сечилото.
- Измијте го капакот на бокалот, мерката, гумениот дихтунг, склопот на сечилото и бокалот во вода со малку детергент.
Внимание: при чистење на сечилата бидете претпазливи, бидејќи се многу остри.
Забелешка: Не мијте ниеден дел на сечкалката во машина за миење садови.
Чистење на куќиштето
Куќиштето го чистите со влажен мек сунѓер и малку детергент, потоа избришете го куќиштето.
Забелешка: Никогаш не го потопувајте куќиштето на апаратот (со моторот) во вода.
Чување
- Приклучниот кабел намотајте го и чувајте го во за тоа наменетата фиока на дното од куќиштето.
- Апаратот чувајте го на ладно и суво место.
За информации или во случај на проблеми, посетете ја или обратете се до центарот на Gorenje за помош на корисниците во вашата држава (телефонскиот број ќе го најдете во меѓународниот гарантен лист). Ако во вашата
држава нема таков центар, обратете се до локалниот продавач на Gorenje или до одделението на Gorenje за мали апарати за домаќинство.
Го задржуваме правото на промени!

Само за лична употреба!
gorenje