C21RJAN - шпорет SAMSUNG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот C21RJAN SAMSUNG во PDF формат.
| Тип на производ | Вградена керамичка стаклена плоча |
| Бренд | Samsung |
| Модел | C21RJAN |
| Број на зони за готвење | 2 |
| Технологија на загревање | Радијантна |
| Димензии (ширина x длабочина x висина) | 288 mm x 505 mm x 50 mm |
| Димензии на отворот на работната плоча | 273 mm x 490 mm, радиус на агол 3 mm |
| Нето тежина | 4.3 kg |
| Бруто тежина | 6.0 kg |
| Напојување | 230 V ~ 50 Hz |
| Максимално оптоварување | 3.0 kW |
| Тип на контрола | Сензорски контроли на допир |
| Детска блокада | Да |
| Функции на тајмер | Безбедносно исклучување и тајмер за одбројување |
| Индикатор за преостаната топлина | Да (дисплејот покажува 'H') |
| Автоматско безбедносно исклучување | Да (времето зависи од поставката на топлина) |
| Чистење | Средство за чистење керамичко стакло и стругалка за тврдокорна нечистотија |
| Зона за готвење 1 (предна) | 148 mm дијаметар, 1200 W |
| Зона за готвење 2 (задна) | 183 mm дијаметар, 1800 W |
| Потрошувачка на енергија (плоча) | 199.3 Wh/kg (според EN 60350-2) |
| Вклучени додатоци | Монтажни држачи и завртки |
| Гаранција | Стандардна гаранција на производителот (погледнете го упатството) |
Frequently Asked Questions - C21RJAN SAMSUNG
Прашања на корисниците за C21RJAN SAMSUNG
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот шпорет во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник C21RJAN - SAMSUNG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. C21RJAN на марката SAMSUNG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК C21RJAN SAMSUNG
На цифровите дисплеи се показва -

Инструкции за инсталирање и користење
Керамичко-стаклена плотна

За да го избегнете ризикот од несреćни службы и оштетување на плотната, прочитајте ги сите инструкции пред инсталирањето или користењето на уредот. Зачувајте го упатството за користење во иднина.
Содржина
MK
Користење на упатството. 3
Мерки за безбедност 4
Инструкции за отстранување 9
Инсталирање на плотната ..... 10
Безбедносни инструкции за лицето што їе ја врши инсталацијата .....10
Поврзување со напојувањето 10
Инсталирање во отворот на работната плоча ..... 11
Делови и функции....12
Зони за готвење и контролна плоча .....12
Компоненти 13
Клучни характеристики на вашиот уред. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 14
Безбедносно исклучување .....15
Индикатор за преостаната топлина .....15
Почетно чистење ..... 16
Употреба на плотната....16
Употреба на соодветни садови .....16
Употреба на контролните сензори на допир .....17
Вклучување на уредот 18
Прилагодување на температурата. 18
Исклучување на уредот 19
Исклучување на зона за готвење 19
Употреба на безбедносното заклучување за деца . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 20
Заклучување и отклучување на контролната плоча .....21
Тajмер .....22
Поставување на функцијата за безбедносно исклучување .....22
Чистење и одржување ....24
Плотна. 24
За да не го оштетите уредот . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 25
Гаранција и сервис .....26
Најчесто поставувани прашања и отстранување на проблеми .....26
Сервис. 27
Технички податоци 28
Информации за производот . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 29
Додаток....30
Користење на упатството
Пред да започнете со употребата на уредот, ве молиме да го прочитате упатството и да посветите особено внимание на безбедносните информации кои се дадени подолу. Зачувајте го упатството за користење во иднина. Доколку уредот го дадете на друго лице, ве молиме на новиот сопственик да му го предадете и упатството.
MK
Во текстот од упатството се користат следните символи:
| ⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ | Ризично или опасно ракување кое може да предизвика сериозни повреди или смрт. |
| ⚠️ВНИМАНИЕ | Ризично или опасно ракување кое може да предизвика помали повреди или оштетување на околината. |
| ⚠️ВНИМАНИЕ | За да го намалите ризикот од пожар, експлозија, електричен удар и други повреди при употребата на плотната, придржувајте се кон следните мерки на претпазливост |
![]() | НЕ обидувајте се. |
| [2H2G] | НЕ расклопувајте. |
| [04YX] | НЕ допирајте. |
![]() | Експлицитно следете ги упатствата. |
![]() | Извадете го приключокот за напојување од sidниот штекер. |
| [03TO] | Проверете дали машината е заземјена заради избегнување на електричен удар. |
![]() | Повикајте го сервисниот центар за помош. |
| [KK5H] | Забелешка |
![]() | Важно |
Мерки за безбедност
MK
Безбедносните аспекти на овој уред се во согласност со сите прифатени технички и безбедносни стандарди. Сепак, како производители сметаме дека е наша одговорност да ве запознаеме со следните безбедносни инструкции.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајки деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
Доколку кабелот за напојување е оштетен, треба да се замени со специјален кабел кој може да го набавите од производителот или од овластениот сервисер. (само модели со фиксно поврзување)
Aко кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени од страна на производителот, сервисерот или други квалификувани лица со цел да се избегнат несакани ситуации. (само модели со кабел за напојување)
По инсталирањето, потребно е да бидете во можност да го исключите уредот. Исклучувањето може да се изврши ако имате пристап до приключокот или ако вградите прекинувач во фиксната инсталација во согласност со правилата за поставување инсталација.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку на плотната има пукнатини, исключете го уредот за да ја избегнете можноста од електричен удар.
За време на употребата апаратот се загрева. Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови на плотната.
Мерки за безбедност (продолжение)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Достапните делови може да се загреат за време на употребата. Не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина.
☐ Производот не треба да се чисти со уред за чистење со пареа.
Не употребувајте јаки абразивни средства или остри метални жици за чистење на стаклото на плотната кои може да го оштетат и да придонесат тоа да се скрши.
Уредот не е наменет да се користи со помош на надворешни тајмери или одделни системи за далечинска контрола.
★ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот и неговите достапни делови може да се загреат за време на употребата.
Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови на плотната.
Децата на возраст помала од 8 години не треба да бидат во близина, освен под постојан надзор.
Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и повеке години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку истите се надгледуваат или им се дадат инструкции за користење на уредот на безбеден начин и им се објаснат можните опасности. Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не треба да го вршат деца без соодветен надзор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Готвењето на плотната без надзор со маст или масло може да биде опасно и може да предизвика пожар.
НИКОГАШ не се обидувајте да гаснете пожар со вода, туку исключете го уредот, а потоа покријте го пламенот со некој капак или огноотпорно кебе.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од пожар: не ставајте предмети на површините за готвење.
Мерки за безбедност (продолжение)
MK
Температурата на достатните површини може да биде висока при ракување со уредот.
Чувајте го уредот и неговиот кабел подалеку од дофат на деца помали од 8 години.

ВНИМАНИЕ
Уредот треба правилно да се инсталира и да биде заземјен од страна на квалификувано техничко лице.
Уредот треба да биде поправан единствено од страна на квалификуван сервисен персонал. Поправките извршени од страна на неквалификувани лица може да предизвикаат повреди и сериозни оштетувања на уредот. Доколку вашиот уред треба да се поправи, обратете се до локалниот сервисен центар. Доколку не се придржувате кон овие инструкции може да дојде до оштетување и престанување на важноста на гаранцијата.
Уредите со горно вградување може да се користат единствено доколку инсталирањето во соодветните елементи е во согласност со релевантните стандарди. Со ова се осигурува доволен степен на заштита од доагање во допир со електричите делови, според барањата на основните безбедносни стандарди.
Доколку кај вашиот уред се појават дефекти или пукнатини и скршени делови:
- исклучете ги сите зони за готвење;
- iskluchete ja плотната од напојувањето; и
- обратете се до локалниот сервисен центар.
★ Доколку на плотната се јават пукнатини, исключете го уредот за да ја избегнете можноста од електричен удар. Не употребувајте ја плотната додека не се замени стаклената површина.
Мерки за безбедност (продолжение)
Немојте да ја користите плотната за загревање на алуминиумска фолија, производи завиткани во алуминиумска фолија или замрзната храна спакувана во алуминиумска амбалажа.
Течноста помеѓу дното на тавата и плотната може да создаде пареа под притисок. Тоа може да предизвика потскокнување на тавата. Секогаш проверувајте дали ринглата и дното на тавата се суви.
Зоните за готвење стануваат жешки при готвењето. Секогаш чувајте ги малите деца подалеку од уредот.
Амбалажата за пакување чувајте ја подалеку од дофат на децата, бидејки амбалажата може да биде опасна за децата.
Овој уред треба да се користи единствено за нормално готвење и пржење во вашиот дом. Тој не е дизајниран за комерцијална или индустриска употреба.
Никогаш немојте да ја користите плотната за загревање на просторијата.
Внимавајте при прилучувањето на други електрични уреди во штекер во близина на плотната. Каблите за напојување не смеат да дојдат во допир со плотната.
☐ Прегреаната маст и маслото можат бргу да се запалат. Секогаш бидете во близина на уредот кога подготвувате храна со маст или масло, на пример кога готвите помфрит.
По употребата исключете ги зоните за готвење.
Контролната плоча секогаш треба да биде чиста и сува.
Никогаш не поставувајте леснозапаливи предмети на плотната бидејки можат да предизвикаат пожар.
Постои опасност од добивање на изгореници при невнимателно користење на уредот.
Каблите од електричните уреди не смеат да ја допираат жешката површина на плотната или жешките садови.
Мерки за безбедност (продолжение)
MK
Не употребувајте ја плотната за сушење на алишта.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Корисниците со пејсмејкери и активни срцеви импланти мора да одржувает минимално растојание од 30 см помеѓу горниот дел од телото и зоните за готвење со индукција, кога зоните се включени. Доколку не сте сигурни, треба да се обратите до производителот на вашиот уред или вашиот доктор. (само модели со индукциска плотна)
Не обидувајте се сами да го поправате, расклопувате или да вршите модификации на уредот.
Секогаш исключете го уредот пред чистењето.
★ Чистете ја плотната во согласност со инструкциите за чистење и нега содржани во ова упатство.
Инструкции за отстранување

ОТСТРАНУВАЊЕ НА АМБАЛАЖАТА
Сите материјали кои се користат при пакувањето на овој уред можат целосно да се рециклираат. Деловите од картон и стиропор се соодветно означени. При отстранувањето на амбалажата и старите уреди ве молиме да водите грижа за безбедноста и животната средина.

ПРАВИЛНО ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЗАСТАРЕНИОТ УРЕД
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Пред отстранувањето на застарениот уред, оневозможете го неговото идно користење за да не може да се претвори во извор на опасност.
За оваа цел, квалификувано техничко лице треба да го исклучи уредот од напојувањето и да го отстрани кабелот за напојување.
Уредот не треба да се отстранува заедно со останатиот отпад од домакинството.
Информации околу датумите на прибирање и јавните места за отстранување може да добиете од локалното претпријатие за јавна хигиена.

ПРАВИЛНО ДЕПОНИРАЊЕ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД (ОТПАДНА ЕЛЕКТРИЧНА И ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА)
(Применливо во држави со посебни системи за справување со отпадот)
Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека производот и неговиот електронски прибор (на пр. полночат, слушалките, USB кабелот) не треба да се отстрануваат заедно со останатиот отпад од дома Kinството на крајот од нивниот работен век. За избегнување на можна штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки оправдано повторно користење на материјалните ресурси.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.
Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален отпад.
За повеќе информации во врска со еколошките цели на компанијата Samsung и нејзините регулаторни обврски специфични за производите, на пр. REACH, посетете ја веб-страницата: samsung.com/uk/aboutsamsung/samsungelectronics/corporate citizenship/data_corner.html
Инсталирање на плотната
MK

Важно: Новиот уредот треба да се инсталира и да биде заземјен единствено од страна на квалификуван персонал.
Ве молиме придржувајте се до овој совет. Гаранцијата нема да ги покрива оштетувањата кои може да настанат заради неправилна инсталација.
Техничките податоци се дадени на крајот од ова упатство.
Безбедности инструкции за лицето што ке ја врши инсталацијата
- Во поглед на заштитата од пожар, овој уред е во согласност со EN 60 335 - 2 - 6. Овој тип на уред може да се инсталира со присуство на висок орман или сид на едната страна.
- Под плотната не смеат да се поставуваат фиоки.
- Инсталацијата мора да гарантира заштита од струен удар.
- Елементот за кујна во кој ће се смести уредот мора да ги задоволува барањата за стабилност од DIN 68930.
- Заради заштита од влага, сите исечени површини треба да се залепат со соодветно средство.
- На работните површини со плочки, отворите на рабовите околу плотната мора да бидат исполнети со специјално средство.
- Кај работните плочи од природен и вештачки камен или керамика, пружините за вградување мора да се прицврстат со соодветен кит или мешано лепило.
- Средството за пополнување на рабовите од работната површина треба да биде исправно поставено и не треба да има отвори. Не смее да се додава дополнительно силиконско средство; ова би го отежнало вадењето доколку уредот треба да се поправа.
- При вадењето, плотната мора да се турне од долната страна.
Поврзување со напојувањето
Пред поврзувањето, проверете дали номиналниот напон на уредот, т.е. напонот наведен на плочката со податоци, одговара на напонот на напојувањето. Плочката со податоци е поставена на долниот дел од кујиштето на плотната.
Напонот на грејниот елемент е АС230 V\~. Овој уред е опремен со кабел кој вклучува жица за заземјување со соодветен приклучок за заземјување. Приклучокот мора да се поврзе на сиден штекер кој е правилно инсталиран и заземјен.

Откако плотната ће биде поврзана со напојувањето, проверете дали сите зони се подготвени за користење, накусо вклучувајки ги со максимална јачина.

Кога плотната ће се вклучи првпат, сите екрани засветуваат и се активира безбедносното заклучување за деца.
Иnstалирање на плотната (продолжение)
Инсталирање во отворот на работната плоча

Пред инсталирањето запишете го серискиот број на уредот од плочката со податоци. Овој број ће ви биде потребен во случај на обраќање до сервис и нема да биде достапен по инсталацијата, бидејки се наоға на оригиналната плочка со податоци поставена на долната страна на уредот.
Обрнете посебно внимание на минималниот потребен простор и расчистувањето.
Пред да ја поставите плотната на носачите, прицврстете ги носачите на двете страни со испорачаните завртки.




Зони за готвење и контролна плоча


2 Носачи за инсталирање

Клучни характеристики на вашиот уред
- Керамичко-стаклена површина за готвење: Уредот има керамичко-стаклена површина за готвење и четири зони за готвење со брз одзив. Моїните елементи за загревање со зрачење значително го намалуваат времето потребно за загревање на зоните.
- Контролни сензори на допир: Управувањето со вашиот уред е преку контролни сензори на допир.
- Едноставно чистење: Предноста на керамичко-стаклената површина за готвење и контролните сензори е во достатноста за лесно чистење. Мазната и рамна површина се чисти многу лесно.
- Сензор за вклучување/исклучување Контролниот сензор за "вклучување/исклучување" служи како одделен прекинувач за напојување. При допирот на овој сензор напојувањето целосно се вклучува или исклучува.
- Контролни и функциски индикатори: Дигиталните екрани и светилките на индикаторите нудат информации за поставеноста и активираните функции, како и за присуството на преостаната топлина кај различните зони за готвење.
- Безбедносно ислучување: Безбедносното ислучување служи за автоматско ислучување на сите зони за готвење по истекувањето на одреден период доколку поставките не се променети.
- Индикатор за преостаната топлина: На екранот їе се појави мала слика за преостанатата топлина доколку зоната за готвење е жешка и постои опасност од изгореници.
Дигитални екрани: Четирите екрански полиња се однесуват на четирите зони на готвење.
Тие ги прикажуваат следните информации:
- уредот е ислучен,
- до за прилагодување на јачината,
- H преостаната топлина,
- активирано е заклучувањето за деца; и
- 5 Boraka за грешка, сензорот регистрира допир со траење подолго од 10 секунди.
- ОЕлорака за грешка, кога плотната е прегреана заради неправилно функционирање.
Безбедносно исклучување
Доколку некоја од зоните за готвење не биде ислучена или јачината не биде променета одреден подолг период, таа автоматски ће се исклучи.
Преостанатата топлина ще биде означена со Н (за "hot" - жешко) на дигиталниот екран кој одговара на соодветната зона за готвење.
Зоните за готвење се ислучуваат според следните времиња.
Доколку плотната се прегрее заради неправилно функционирање, їе се прикаже Ⓗ.
Истовремено плочата ке се исклучи.

Доколку една или повеќе зони се ислучат пред да измине поставеното време, погледнете го делот “Отстранување на проблеми”.
Други причини за исклучување на зоните за готвење
Сите зони їе бидат веднаш исклучени доколку се прелие течност и ја зафати контролната плоча.
Автоматското исклучување исто така ће се активира доколку поставите влажна крпа на контролната плоча. Во овие случаи, уредот треба повторно да се вклучи преку сензорот за напојување, откако ће бидат отстранети течноста или крпата().
Индикатор за преостаната топлина
Кога ќе се ислучи плотната или одредена зона за готвење, присуството на преостаната топлина ќе биде означено со H (за "hot" - жешко) на дигиталниот екран кој одговара на соодветната зона. Дури и по ислучувањето на зоната за готвење, индикаторот за преостаната топлина ќе се ислучи дури откога зоната ќе се излади.
Можете да ја користите преостанатата топлина за одмрзнување или подгревање на храната.

Важно: Се додека свети индикаторот за преостаната топлина, постои опасност од изгореници.
Важно: Доколку дојде до прекин на напојувањето, Н симболот ќе се изгасне и информацијата за преостанатата топлина нема да биде доступна. Сепак, сё уште може да дојде до изгореници. Ова може да се избегне доколку секогаш внимавате кога сте во близина на плотната.
Пред да започнете
MK
Почетно чистење
Пребришете ја керамичко-стаклената површина со влажна крпа и средство за чистење на керамичко-стаклени плочи.

Важно: Немојте да користите каустични или абразивни средства за чистење. Може да дојде до оштетување на површината.
Употреба на плотната
Употреба на соодветни садови
Соодветните садови даваат подобри резултати.
- Добриот сад се познава по дното. Дното треба да биде колку е можно подебело и порамно. - При купувањето на садови, обрнете посебно внимание на пречникот на дното. Производителите често го наведуваат само пречникот на горниот раб од садот.
- Садовите со алуминиумско или бакарно дно можат да предизвикаат избледување на керамичко-стаклената површина. Избледувањето е речиси невозможно да се отстрани.
- Не употребувајте садови од лиено железо или садови кои имаат оштетена основа и нерамнини. Ако таков сад се повлече по површината на плочата, таа може трајно да се изгребе.
- Кога е ладен, садот вообичаено има дно свиткано навнатре (конкавно). Неговото дно не смее да биде свиткано нанадвор (конвексно).
- Доколку сакате да употребувате посебен вид на садови, како на пример, експрес лонец или вок, ве молиме прочитајте го упатството од производителот.
Совети за заштеда на енергија

Можете да заштедите енергија доколку се придржувате кон следните совети.

Употреба на плотната (продолжение)
- Секогаш прво поставете ги тенцерињата и тавите пред да ги включите зоните за готвење.
- Валканатата површина за готвење како и нечистото дно на садовите ја зголемуваат потрошувачката на енергија.
- Доколку е можно, покријте го садот целосно со капак.
- Исключете ги зоните за готвење пред да истече времето на готвење за да се искористи преостанатата топлина за подгревање или одмрзнување.

- Дното на садот треба да има иста големина со зоната за готвење.
- Со употреба на експрес лонец се намалува времето на готвење до 50 %

Употреба на контролните сензори на допир
Контролните сензори на допир се употребуваат така што саканиот сензор се допира со врвот на прстите сё додека соодветниот екран не засвети или не се изгасне, или додека не се активира саканата функција.
Кога го употребувате уредот притиснувајте само еден сензор во даден момент. Ако со прстот допирате поголема површина, соседниот сензор може да се активира.
Употреба на плотната (продолжение)
MK
Вклучување на уредот
Допирајте го сензорот за "заклучување 🔒околу 3 секунди.
Уредот се вклучува со помош на контролниот сензор за "вклучување/исклучување ⚙️.
Допрете го сензорот за "вклучување/исклучување 🔒".
На дигиталниот екран ке се прикаже

Откако ќе го включите уредот со сензорот за "вклучување/исклучување ⏻", за околу 10 секунди треба да поставите одредена јачина на готвење. Во спротивно, уредот самиот ќе се исклучи заради безбедносни причини.

Прилагодување на температурата
За поставување и прилагодување на нивото на јачина 🚫 до 🚫 за готвење, допрете ги 🚫 + и 🚫 копчињата за соодветните зони за готвење.
При првото притиснување на ☐, нивото на јачина се поставува на
При првото притиснување на +, нивото на јачина се поставува на 5
Употребете го + копчето за зголемување и ●копчето за намалување на нивото на јачина.

Употреба на плотната (продолжение)
Исклучување на уредот
За целосно ислучување на уредот, употребете го контролниот сензор за "вклучување/ислучување ⏻".
Допрете го сензорот за "вклучување/исклучување ⏻".

По ислучување на една зона или на целата површина за готвење, на дигиталниот екран на соодветната зона за готвење їе се прикаже ⚠ (за "hot" - жешко) како индикатор за преостанатата топлина.

Доколку нивото на јачина е поставено на Ⓗ и сакате да го ислучите загревањето, допрете го сензорот⊕ уште еднаш и нивото на јачина їе се постави на нула.
За побрзо прилагодување, држете го прстот на + или сензорот додека не се прикаже саканата вредност.
Ако повеće од еден сензор е притиснат подолго од 10 секунди, їе се прикаже символот ⚫За ресетирање, притиснете го сензорот за "вклучување/исклучување 🔒".
Исклучување на зона за готвење
За ислучување на одредена зона за готвење, поставете го нивото на јачина на ссо помош на сензорите ⊙ или +

Употреба на плотната (продолжение)
MK
Употреба на безбедносното заклучување за деца
Безбедносното заклучување за деца се користи за заштита од ненамерно вклучување и активирање на површината за готвење. Контролниот сензор за блокада може да се употреби единствено кога уредот е включен.
Вклучување на безбедносното заклучување за деца
- Допирајте го сензорот ☎колу 3 секунди.
Како потврда ке чуете звучен сигнал.

- Допрете кој било сензор за поставување на ниво на јачина.
ke se прикаже на екранот, означувајки дека безбедносното заклучување за деца е активирано.

Употреба на плотната (продолжение)
Исклучување на безбедноспото заклучување за деца
- Допирајте го сензорот околу 3 секунди. Како потврда ће чуете звучен сигнал.
MK


Откако ће го исключите уредот, безбедносното заклучување за деца автоматски ће се активира по неколку минути заради безбедносни причини.
Заклучување и отклучување на контролната плоча
Во која било фаза од готвењето, контролната плоча може да се блокира, со исклучок на сензорот за "вклучување/исклучување ⏻", за да се оневозможи случајна промена на поставените вредности, како на пример, при бришење на плочата со крпа.
- Допирајте го контролниот сензор за заклучување околу 3 секунди. Индикаторот на сензорот за заклучување ње засвети. Контролните сензори се заклучени.
- За да отключите контролен сензор, држете го сензорот за заклучување околу 3 секунди. Индикаторот на сензорот за заклучување ње се изгасне.

Употреба на плотната (продолжение)
MK
Тајмер
Тајмерот може да го употребувате на два начини:
Употреба на тајмерот за безбедносно исклучување
Ако е поставено одредено време за зоната за готвење, таа će се ислучи откако će истече ова време. Оваа функција може да се употребува за повеće зони за готвење истовремено.
Употреба на тајмерот за одбројување
Тајмерот за одбројување не може да се употребува доколку е включена некоја од зоните за готвење.
Поставување на функцијата за безбедносно исклучување
За да ја активирате оваа функција за одредена зона за готвење, зоната треба да биде включена.
- Со употреба на контролниот сензор за тајмерот ⚠, изберете ја зоната за готвење за која сакате да ја поставите функцијата за безбедносно исклучување.
Откако ће биде избрана првата активна зона за готвење, со допирање на контролниот сензор за тајмерот ⚙️ соодветниот индикатор ће почне полека да трепка. -
- ke се појави на екранот за тајмерот.

Следната активна зона за готвење се избира со повторно допирање на контролниот сензор за тајмерот ⚠.
- Употребете ги контролните сензори за тајмерот⊕ или ⊖ за да го поставите соодветното време, на пример, 15 минути, по кое зоната за готвење автоматски ќе се исклучи.
Функцијата за безбедносно исклучување ке се активира.

Употреба на плотната (продолжение)
За прикажување на преостанатото време за готвење за некоја од зоните за готвење, употребете го контролниот сензор за тајмерот⚠️.
Соодветниот индикатор ке започне да трепка.
Поставената costoјба се ресетира со сензорите за поставување на часовник+ или -. По истекот на поставеното време, зоната за готвење автоматски се ислучува, се слуша звучен сигнал како потврда и индикаторот за тајмерот се активира.

За побрзо поставување, допирајте ги контролните сензори за тајмерот + или - сё додека не се прикаже саканата вредност.
Ако прво се притисне контролниот сензор за тајмерот -, времето їе се постави на 99 минути; ако пак прво се притисне контролниот сензор +, времето се поставува на 1 минута.
Тајмер со одбројување
За да го користите тајмерот со одбројување, уредот треба да е включен но сите зони за готвење треба да се исключени.
-
Допрете го контролниот сензор за тајмерот ⚠. --- ke се прикаже на екранот за тајмерот.
-
Поставете го саканото време со помош на контролните сензори + или -. Тајмерот со одбројување сега е активиран и преостанатото време се прикажува на екранот за тајмерот. За прилагодување на преостанатото време, допрете го сензорот за тајмер и поставете го времето со помош на + или - сензорите
Предлози за поставување на плотната при готвење на одредена храна
Податоците во табелата нека ви послужат како упатство. Степенот на јачина за различни начини на готвење зависи од повеće елементи, како што се квалитетот на садовите за готвење или пак количината на храната која се подготвува.
- Нивоата на јачина при готвење во табелата се наведени како ориентационо упатство.
- Потребно е да го прилагодите нивото на јачина во зависност од видот на садот и храната.
Чистење и одржување
MK
Плотна

Важно: Средствата за чистење не смеат да дојдат во контакт со загреаната керамичко-стаклена површина: По чистењето, средствата за чистење треба да се отстранат со дололна количина на чиста вода, бидејки тие може да предизвикаат нагризување на плочата кога таа ће се загрее. Не употребувајте јаки абразивни средства како на пример спрејови за скари и rerни, сунђери за чистење или абразивни средства наменети за чистење на тави.

Исчистете ја керамичко-стаклената плоча по секоја употреба додека таа е се уште топла. Ова ќе оневозможи загорување на истурената храна на површината. Отстранете го бигорот, трагите од вода и запечените масни капки со помош на комерцијалните средства за чистење на керамичко стакло или метал што не 'ргосува.
Помали нечистотии
- Избришете ја керамичко-стаклената површината со влажна крпа.
- Пребришете со сува чиста крпа. На површината не треба да останат траги од средствата за чистење.
- Еднаш неделю комплетно исчистете ја керамичко-стаклената површина за готвење со соодветно средство за чистење на керамичко стакло или метал што не 'ríосува.
- Избришете ја керамичко-стаклената површина со дололна количина чиста вода и пребришете со сува крпа која не остава мали влакна.
Тврдокорни нечистотии
- За отстранување на храната која е претечена и на тврдокорните дамки, употребете ја гребалката за стакло.
- Поставете ја гребалката за стакло на керамичко-стаклената површина под одреден агол.
- Отстранете ја нечистотијата со гребење со помош на остриот дел.

Гребалката за стакло и средствата за чистење на керамичко стакло се достапни во специјализирани продавници.

Чистење и одржување (продолжение)
- Отстранете ги веднаш прегорениот шеќер, стопената пластика, алуминиумската фолија и останатите материјали со гребалката за стакло додека сё уште се топли.

Важно: Постои можност да се изгорите при ракување со гребалката за стакло додека површината за готвење е загреана:
- Кога ће се излади плотната, исчистете ја на вообичаениот начин.

Ако на површината за готвење се дозволи да се излади нешто што претходно се растопило, при чистењето повторно загрејте ја површината.
Гребаниците и темните дамки на керамичко- стаклената површина предизвикани, на пример, од тава со остри рабови, не можат да се отстранат. Сепак, тие не ја намалуваат функционалноста на плочата.

За да не го оштетите уредом
- Не употребувајте ја површината за готвење како работна површина или како површина за оставање предмети.
- Не вклучувајте ја површината за готвење доколку на неа нема сад или пак садот е празен.
- Керамичкото стакло е многу цврсто и отпорно на температурни промени, но сепак може да се скрши. Тоа може да се оштети доколку на него падне остар или тежок предмет.
- Не употребувајте садови од лиено железо или садови кои имаат оштетена основа и нерамнини. Плочата може да се изгребе доколку ваквите садови се повлечат по нејзината површина.
- Не ставајте садови на рамката. Рамката може да се изгребе или оштети.
- Избегнувајте преливање со киселини, како на пример, оцет, сок од лимон и средства за отстранување на бигор на рамката на плотната, за да не дојде до создавање на темни дамки.
- Ако шеќер или храна која содржи шеќер дојде во контакт со загреаната површина за готвење и се истопи, исчистете веднаш со гребалката додека нечистотијата е сё уште топла. Ако се дозволи нечистотијата да се излади, таа при отстранувањето може да ја оштети плочата.
- Материјалите кои може да се стопат, како на пример, пластиката, алуминиумските фолии и фолиите за rerна, држете ги подалеку од керамичко-стаклената површина. Ако некој од овие материјали се стопи на површината за готвење, веднаш отстранете го со помош на гребалката.
Гаранција и сервис
MK
Најчество поставувани прашања и отстранување на проблеми
Може да дојде до посериозно оштетување како резултат на помали дефекти, кои самите можете да ги поправите со помош на следните упатства. Не вршете понатамошни поправки доколку следните упатства не ви помогнат во вашиот случај.

Предупредување: Поправката на уредот треба да се изврши од страна на квалификуван сервисер. Нестручно изведената поправка претставува ризик за корисникот на уредот. Доколку вашиот уред треба да се поправи, обратете се до сервисниот центар.
Што да направам доколку не функционираат зоните за готвење?
Проверете дали:
- Осигурувачот од напојувањето (во кутијата за осигурувачи) е исправен. Ако осигурувачот избива неколку пати, повикајте овластен електричар.
- Уредот е соодветно включен.
- Контролните индикатори на контролната плоча светат.
- Зоната за готвење е включена.
- Зоните за готвење се поставени на соодветното ниво на јачина.
Што да направам доколку зоните за готвење не може да се включат?
Проверете дали:
- Поминува време подолго од 10 секунди од притиснувањето на копчето за вклучување/исклучување до вклучувањето на површината за готвење (погледнете го делот "Вклучување на уредот").
- Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност.
Што да направам ако екранот одеднаш исчезне и остане само индикаторот за преостанатата топлина?
Ова може да се случаи заради две причини:
- Сензорот за вклучување/исклучување случајно е активиран.
- Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност.
Што да направам ако по исклучувањето на зоните за готвење, индикаторот за преостанатата топлина не се прикажува на екранот?
Проверете дали:
- Зоната за готвење сте ја употребиле многу кратко време и заради тоа не се загреала довольно. Доколку зоната за готвење е загреана, ве молиме повикајте го сервисниот центар.
Што да направам ако зоната за готвење не може да се вклучи или исклучи?
Ова може да се случаи заради две причини:
- Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност.
- Безбедносното заклучување за деца е активирано.
Што да направам доколку 5 кранот е осветлен?
Проверете дали:
- Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност. За да продолжите, притиснете го контролниот сензор за "вклучување/исклучување".
Што значи кога грејниот дел не свети црвено?
- Избраната температурата на зоната за готвење се прилагодува со сензор кој го вклучува и исклучува греєњето, така што површината за готвење нема постојано да свети црвено. Доколку изберете помало ниво на јачина, загревањето ће се вклучува и исклучува многу почесто отколку кај повисоките нивоа. Загревањето исто така се вклучува и исклучува и кај повисоките нивоа.
Доколку го повикате сервисот заради неправилно ракување со уредот, посетата од страна на техничкото лице може да ви биде наплатена иако сё уште трае гаранцискиот период.
Сервис
Пред да побарате помош или поправка, ве молиме разгледајте го делот "Отстранување на проблеми".
Доколку сё уште ви е потребна помош, следете ги упатствата подолу.
Дали greшката е од техничка природа?
Доколку е така, ве молиме обратете се до сервисниот центар.
Секогаш однапред подгответе се за разговорот. Ова ќе го олесни процесот на дијагноза на проблемот и одлуката дали посетата на лице од сервисот е неопходна.
Ве молиме запишете ги следните информации.
- Каков е описот на проблемот?
- Под кои околности се случува проблемот?
Пред повикот, ве молиме да го забележите моделот и серискиот број на вашиот уред. Овие информации се дадени на плочката со податоци во следниот облик:
- Опис на моделот
• S / N код (15 цифри)
Ви препорачуваме тука да ги запишете информациите за полесен пристап.
Модел:
Сериски број:
Кога можат да се појават трошоци за вас дури и за време на гаранцискиот рок?
- доколку самите сте можеле да го отстраните проблемот со примена на некое од решенијата наведени во делот "Отстранување на проблеми".
- доколку техничкото лице од сервисот мора да направи повеće повици до сервисот бидејки не сте ги дале сите релевантни информации пред посетата, по што како резултат, на пример, лицето ће мора повторно да патува по резервни делови. Подготовката пред повикот според горните совети ће ги заштеди трошоците за ваквите патувања.
Технички податоци
MK
Димензии на уредот
Широчина 288 mm
Длабочина 505 mm
Височина 50 mm
Димензии на отсекување на работната површина
Широчина 273 mm
Длабочина 490 mm
Радиус во аглите 3 mm
Кругови за готвење
| Позиција Пречник Јачина | ||
| Преден 148 mm 1200 W | ||
| Заден 183 mm 1800 W |
Напон на поврзување 230 V \~ 50 Hz
Максимална оптовареност при поврзување 3,0 kW
Технички податоци (продолжение)
* Податоците се утврдени според стандартот EN 60350-2 и регулативите на комисијата (ЕУ) бр 66/2014.
Совети за заштеда на енергија
- Секогаш поставувајте ги тенцерињата и тавите пред да ги включите зоните за готвење.
- Валканатата површина за готвење и нечистото дно на садовите ја зголемуваат потрошувачката на енергија.
- Со употреба на експрес лонец се намалува времето на готвење.
Додаток
MK
Сериски број и име на моделот
Серискиот број и името на моделот се обележани под основата на површината за готвење.
Во случај да ви требаат за во иднина, запишете ги информациите или прикачете ја дополнителната ознака од производот (сместена на горната страна на производот) на тековната страница.
Име на модел
Сериски број
Забелешки
MK




