HBX601QB - миксер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HBX601QB GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Рачен миксер |
| Модел | HBX601QB |
| Марка | Gorenje |
| Моќност | 700 W |
| Напон | 220–240 V, 50/60 Hz |
| Тежина | околу 1,0 kg |
| Димензии (Д x Ш x В) | 40 x 8 x 8 cm |
| Материјал на сечилата | Нерѓосувачки челик |
| Должина на потопување | околу 20 cm |
| Брзински степени | 2 степени + Турбо |
| Турбо функција | Да |
| Приклучок за сечкање | Да, во комплетот |
| Приклучок за матење | Да, во комплетот |
| Мерна чаша | Да, 500 ml |
| Намотување на кабел | Да |
| Материјал на куќиштето | Пластика |
| Чистење | Отстранливите делови се погодни за миење во машина за садови |
| Безбедност | Заштита од прегревање, автоматско исклучување |
| Резервни делови | Достапни (на пр. сечила, приклучоци) |
| Индекс за поправка | 8,4 / 10 |
| Гаранција | 2 години |
Често поставувани прашања - HBX601QB GORENJE
Прашања на корисниците за HBX601QB GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот миксер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HBX601QB - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HBX601QB на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HBX601QB GORENJE
Упатства за употреба МК
Инструкции за употреба BG
Návod na obsluhu PL
1 – Погонска единица 2 – Soft/Touch копче за вклучување и исклучување 3 – Soft/Touch копче за ТУРБО работење 4 – Копче за дотерување брзина 5 – Нога за мешање од челик што не ’рѓосува 6 – Бокал
Како да се употребува апаратот
Вашата стапчеста мешалка е наменета за употреба во домаќинството и не е предвидена за употреба во локали. Употребувајте ја за обработка на количества храна кои се вообичаени за домаќинство. Грижливо чувајте ги упатствата за употреба и, според потреба, предадете им ги на наредниот корисник. Пред првата употреба избришете ја мешалката и приклучоците со влажна крпа. Пред приклучување во мрежна приклучница апаратот најпрвин правилно составете го. Поголеми состојки пред обработка нарежете на 2 см големи парчиња. Жешки состојки, пред да ги сечкате или турите во бокалот, да се оладат (највисока температура 80 °C).
Важни безбедносни предупредувања
За да смалите ризик од пожар, електричен удар и/или телесни повреди, при употреба на електрични апарати е потребно да се земат во
обѕир некои основни безбедносни упатства, меѓу кои се и следниве:
- Внимателно прочитајте ги упатствата, и покрај тоа што апаратот веќе го познавате.
- За да спречите евентуален електричен удар, не потопувајте го апаратот, кабелот или втакнувачот во вода или друга течност.
- Апаратот ќе го исчистите така што надворешниот дел на куќиштето го избришете со влажна крпа.
- Кога апаратот не го употребувате, кога го составувате или раставувате и пред чистење, секогаш да го исклучите апаратот од електричната мрежа. Притоа никогаш не влечете за кабелот.
- Ако се електричниот приклучен кабел или втакнувачот оштетени, ако дошло до грешка при работењето на апаратот или ако тој паднал на подот, односно е на друг начин оштетен, да не го употребувате апаратот. Целиот апарат вратете му го на најблискиот овластен сервисер, каде ќе го прегледаат и според потреба поправат електричниот или механичкиот дел и ќе извршат потребни дотерувања.
- Ако за апаратот употребувате приклучоци или помагала кои не ги продава или препорачува производителот на апаратот, може да дојде до пожар, електричен удар или телесни повреди.
- Не го пренаполнувајте апаратот.
- Внимавајте електричниот кабел да не виси преку работ на масата или друга работна површина и да не е во контакт со жешки површини.
- Не допирајте ги жешките површини, туку користете ги рачките и копчињата.
- Не користете го апаратот во близина на жешки површини (на пример, гасни или електрични шпорети или жешки рерни); исто така, не ставајте поединечни делови на апаратот во близина на овие извори на високи температури.
- Внимавајте да не го оштетите кабелот. Никогаш не го носете апаратот држејќи го само за кабелот и никогаш не го влечете кабелот кога сакате да го исклучите апаратот од електричната мрежа; тоа правилно ќе го направите така што ќе го држите за приклучокот.
- Ако користите продолжен кабел или разводник, уверете се дека тој одговара на барањата на апаратот.
- Апаратот е наменет исклучиво за употреба во домаќинството.
- Не обидувајте се сами да го поправите апаратот. Однесете го во најблискиот сервисен центар или кај овластен дистрибутер.
- Овој апарат можат да го користат деца кои веќе наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, како и лица кои немаат доволно искуство и знаење, ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот
на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да бидат под надзор за да се осигурате дека не си играат со апаратот.
- Чистењето и корисничкото одржување не треба да го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.
- Претпазливо постапувајте со острите сечила, особено за време на отстранување или празнење на садот, како и за време на чистење.
- Не допирајте ги сечилата на стапчестата мешалка, особено кога апаратот е приклучен на електричната мрежа. Сечилата се многу остри.
- Ако сечилата се заглават, исклучете го апаратот од електричната мрежа и дури потоа отстранете ја храната што ги пречи.
- При употреба или чистење на единицата за сечење или комбинираната плоча, бидете многу претпазливи, бидејќи рабовите за сечење се исклучително остри. Бидете посебно претпазливи при нивно чистење и празнење на садот.
- Садот не е погоден за употреба во микробранова печка.
- Ниво на бучава: Lc < 72 dB (A)
Оваа опрема е означена согласно европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема (WEEE). Директивата определува барања за собирање и постапување со отпадна електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска Унија.
Употреба
Предупредување! Стапчестата мешалка не е погодна за подготовка на пире од компири.

- Целосно одмотете го приклучниот кабел.
- Приклучокот за мешање (4) приклучете го на погонската единица (1), така што ќе го вртите во насока на стрелката на часовникот, додека не се закачи.
- Во приложениот или друг сад ставете ги состојките.
- Фатете го апаратот и садот и притиснете го тастерот за вклучување.
- При употреба на копчето за ТУРБО брзина (3), апаратот работи при највисока брзина. Во овој случај, брзината не можете да ја дотерувате со избирачот за брзина.
ВНИМАНИЕ: Апаратот нека не работи непрекинато повеќе од 30 секунди. Никогаш не вклучувајте го апаратот кога е празен.
Забелешка: мешалката најпрвин исклучете ја, а потоа извадете ја од храната.
ЧИСТЕЊЕ И НЕГА
Предупредување! Апаратот да не го потопувате во вода и да не го миете во машина за миење садови.
Апаратот избришете го со влажна и потоа со сува крпа.
Забелешка: При обработка на пример црвена зелка, пластичните делови црвено ќе се обојат. Оваа црвена облога можете да ја отстраните со неколку капки масло за јадење.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Апаратот по истекување на векот на траење не фрлајте го заедно со вообичаени отпадоци од домаќинство, туку оставете го во официјално собирно место за рециклирање. Со тоа ќе придонесете да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
За информации или во случај на тешкотии обратете се до Центарот на Gorenje за помош на корисници во вашата држава (телефонски број ќе најдете во меѓународниот гарантен лист). Ако во вашата држава нема таков центар, обратете се до локалниот продавач на Gorenje или до Одделение за мали апарати за домаќинство на Gorenje.
Само за лична употреба!
Си го задржуваме правото на измени!

1 – Motor Body Unit 2 - Soft Touch On / Off Button 3 - Soft Touch Turbo button 4 – Speed Control Knob 5 – StainlessSteel Blending Attachment 6 - Beaker
Како да се користи
Уредот е наменет за домашна употреба.
Само за лична употреба!