TG120NG - Chauffe-eau et ballon d'eau chaude GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот TG120NG GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Електричен бојлер (резервоар за складирање) |
| Бренд | Горје |
| Модел | TG120NG |
| Капацитет (волумен) | 110,7 Л |
| Димензии (A x B x C) | 1081 x 865 x 205 mm |
| Тежина (празна / полна) | 35 kg / 155 kg |
| Номинален притисок | 0,6 MPa (6 бари) |
| Грејна моќ | 2000 W |
| Напон на приклучување | 230 V ~ |
| Класа на заштита | I |
| Степен на заштита | IP23 |
| Класа на енергетска ефикасност | C |
| Деклариран профил на оптоварување | L |
| Годишна потрошувачка на електрична енергија | 2770 kWh |
| Време на загревање (10°C до 65°C) | 3 ч 46 мин |
| Опсег на температура на термостатот | 10 °C до 65 °C +5 °C/-0 °C |
| Материјал на резервоарот / антикорозија | Емајлиран челик со магнезиумска анода |
| Безбедносни карактеристики | Сигурносен вентил (0,6 MPa), термички прекинувач, биметален термометар |
| Услови за инсталација | Вертикално ѕидно поставување, мин. 8 мм завртки, квалификуван персонал |
| Услови за гаранција | Важи само со редовни проверки на анодата од овластен сервис |
Frequently Asked Questions - TG120NG GORENJE
Прашања на корисниците за TG120NG GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Chauffe-eau et ballon d'eau chaude во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник TG120NG - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. TG120NG на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК TG120NG GORENJE
Упатства за употреба
21

⚠️ Апаратот можат да го употребуваат деца на возраст од 8 години и постари и лица со намалени физички, психички или ментални способности или со недостаток на искусства, односно знаење, доколку се под надзор или се поучени за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат можните опасности.
⚠️ Децата не смеат да си играат со апаратот.
⚠️ Чистење и одржување на апаратот не смеат да го вршат деца без надзор.
⚠️ Вградувањето мора да биде изведено во согласност со важечките закони и според упатствата на производителот. Мора да биде изведено од стручно оспособен монтер.
⚠️ Во случај на затворен систем под притисок, на доводната цевка за вода на греалката за вода (бојлерот) при приклучувањето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил со номинален притисок од 0,6 MPa (6 бари), 0,9 MPa (9 бари) или 1,0 MPa (10 бари) (видете го запишаното на таблицата за идентификација), кој оневозможува зголемување на притисокот во котелот за повеće од 0,1 MPa (1 бар) над номиналниот.
⚠️ Од одводниот отвор на безбедносниот вентил може да капи вода. Заради тоа, одводниот отвор мора да биде отворен на атмосферски притисок.
⚠️ Испустот на безбедносниот вентил мора да биде насочен во насока надолу и на простор каде што нема да замрзнува.
За правилно работење на сигурносниот вентил, треба периодично да се врши контрола, да се отстрани бигорот и да се провери да не е блокиран сигурносниот вентил.
⚠️ Помеѓу греалката за вода (бојлерот) и сигурносниот вентил не е дозволено да се вградува вентил за затворање, затоа што со тоа се оневозможува притисната безбедност на греалката за вода (бојлерот)!
⚠️ Пред приклучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода!
⚠️ Греалката за вода е заштитена во случај на откажување
на работниот термостат со додатна топлотна заштита. Во случај на откажување на термостатот, во согласност со безбедносните стандарди, водата во греалката за вода (бојлерот) може да достигне температура до 130°C. При изведувањето на водоводните инсталации, задолжително треба да се земе предвид дека е можно да дојде до наведените температурни преоптоварувања.
⚠️ Ако сакате греалката за вода (бојлерот) да ја исключите од електричната мрежа, мора да ја испуштите водата од греалката за вода поради опасност од замрзнување.
⚠️ Ве молиме да не ги поправате сами евентуалните оштетувања на греалката, туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.

Нашите производи се опремени со компоненти кои што не се штетни за животната средина и здравјето и се изработени со можност што поедноставно да се расклопат и рециклираат во последната фаза од нивниот работен циклус.
Со рециклирањето на материјалите ја намалуваме количината на отпад и ја намалуваме потребата од производство на основни материјали (на пример метали), што бара огромна енергија и предизвикува испуштање штетни материи. Со постапките на рециклажа ја намалуваме потрошувачката на природни ресурси, бидејки на тој начин можеме повторно да ги вратиме отпадните делови од пластика и метали во различни производни процеси. За повеće информации во врска со системот за фрлање отпадоци посетете го својот центар за исфрлање на отпадоците или трговецот каде што бил купен производот.
Почитуван купувач, ви благодариме за довербата што ни ја искажувате со купувањето на нашиот производ! ВЕ МОЛИМЕ, ПРЕД ВГРАДУВАЊЕТО И ПРВАТА УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА, ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ УПАТСТВА.
Греалката е изработена согласно со важечките стандарди и уредно испробана, исто така за неа се издадени цертификат за безбедност и цертификат за електромагнетна компатибилност. Нејзините основни технички карактеристики се наведени на табличката, што е залепена помеѓу прилучните цевки на апаратот. Приклучувањето на бојлерот на електричната или водоводната мрежа може да го изврши само оспособено стручно лице. Интервенирањето во неговата внатрешност поради поправки, отстранување на бигор или поради проверка или заменување на противкорозијска заштитна анода, може да ги врши само овластена сервисна служба.
ВГРАДУВАЊЕ
Греалката вградете ја што поблиску до изливното место. Доколку греалката ја вградите во просторот кадешто се наоға кадата за бањање или туширање, треба задолжително да се почитуваат барањата на стандартот IEC 60364-7-701 (VDE 0100, Teil 701). Гралката прицврстете ја на sidот со две завртки за сидови, со номинален пречник од најмалку 8 мм. Сидовите и таваните со мала носилност треба на местото каде што їе ја прикачите греалката соодветно да ги зајакнете. Греалките прицврстувајте ги на sidот само вертикално. Поради полесната контрола и менувањето на магнесиум анодата ви препорачуваме помеѓу врвот на греачот и таванот да оставите довольно слободно место (гледај ја измерата G на шемата на приклучни измери). Во спротивен случај їе треба при спомнатиот сервисен зафат греачот да се демонтира од таванот.

| A | B | C | D | E | F | G | |
| TG 30 N | 459 | 275 | 173 | - | 454 | 461 | 80 |
| TG 50 N | 576 | 365 | 200 | - | 454 | 461 | 130 |
| TG 80 N | 781 | 565 | 205 | - | 454 | 461 | 180 |
| TG 100 N | 941 | 715 | 215 | - | 454 | 461 | 260 |
| TG 120 N | 1081 | 865 | 205 | - | 454 | 461 | 260 |
| TG 150 N | 1296 | 1065 | 220 | - | 454 | 461 | 260 |
| TG 200 N | 1505 | 1050 | 444 | 800 | 500 | 507 | 260 |
Приклъучни и монтажни димензии на греалката [мм]
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА
Доведувањето и одведувањето на водата се означени со боја. Доведувањето на ладната вода е означено со сина боја, а одведувањето на топлата вода со црвена боја.
Бојлерот можете да го приключите на водоводната мрежа на два начина.
Затворениот систем на приклучување (под притисок) ви омозможува одземање на вода на повеće места. Отворениот систем на приклучување (проточен) ви дозволува само едно одземно место. Со оглед на одберениот систем на приклучување треба да вградите соодветна батерија за мешање.
Отворениот (проточен) систем на приклучување бара вградување на неповратен вентил кој го спречува истекувањето на водата од котелот, во случај на редукција на вода. Поради зголемувањето на водата при греењето се зголемува волуменот, што предизвикува појава на капкање вода на одливната цевка на мешалната батерија. Силното затегнување на вентилот на мешалната батерија нема да ја спречи појавата на капкање вода, но може да предизвика расипување на мешалната батерија.
Затворениот систем на приклучување на одземните места бара вградување на
мешална батерија за работа под притисок. На доводната цевка поради безбедност на работењето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна група, која спречува зголемување на притисокот во котелот за повеće од 0,1 МРа (1 бар) над номиналниот. Одводниот отвор на безбедносниот вентил треба задолжително да има излез за атмосферскиот притисок.
Поради зголемувањето на водата при греењето, во котелот се зголемува притисокот до границата што ја дозволува сигурносниот вентил. Бидејки враćањето на водата назад во водоводната мрежа е спречено, може да дојде до појава на капкање вода од одводниот отвор на сигурносниот вентил. Капките вода можете да ги спроведете во одводот со помош на посебна инка која Ѽе ја наместите под сигурносниот вентил.
Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде наместена во насока право надолу и во местото каде што не замрзува.
Доколку веке поставената инсталација не овозможува водата што капи од повратниот безбедносен вентил да ја спроведете во одводот, капкањето можете да го избегнете ако кај доводната цевка на греалката вградите експанзиски сад со волумен од 3 л.
За правилно работење на безбедносниот вентил треба самите периодично да вршите контроли, да го чистите бигорот и да се проверува евентуелната блокада на безбедносниот вентил. При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на бурмата на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен.

flowchart
graph LR
A["Top Tank"] --> B["Valve"]
B --> C["Reactor"]
C --> D["Flow Meter"]
D --> E["Return Line"]
E --> F["Outlet"]
G["Drain T"] --> H["Downward Arrow"]
I["Drain H"] --> J["Downward Arrow"]
K["Bottom Left Valve 8"] --> L["1"]
M["Bottom Right Valve 1"] --> N["7"]
O["Bottom Left Valve 2"] --> P["2"]
Q["Bottom Right Valve 3"] --> R["3"]
S["Bottom Left Valve 4"] --> T["4"]
U["Bottom Right Valve 5"] --> V["5"]
Затворен систем (со притисок)

flowchart
graph TD
A["Container Tank"] --> B["T"]
A --> C["H"]
B --> D["Component 3"]
C --> E["Component 5"]
D --> F["Return Line"]
E --> F
style A fill:#f9f,stroke:#333
style B fill:#ccf,stroke:#333
style C fill:#ccf,stroke:#333
style D fill:#cfc,stroke:#333
style E fill:#cfc,stroke:#333
Отворен систем (прелевен)
Легенда:
1 - Сигурносен вентил
2 - Пробен вентил
3 - Неповратен вентил
4 - Редуционен вентил за притисок
5 - Затворен вентил
6 - Пробна наставка
7 - Одливник со приклучок на одвод
8 - Експанзиски сад
Н - Ладна вода
T - Топла вода
Помеѓу греалката и повратниот сигурносен вентил не смеете да вградите затворен вентил бидејки со тоа єе го оневозможите работењето на повратниот сигурносен вентил.
Греалката можете да ја приключите на куćната водоводна мрежа без редукциски вентил доколку притисокот во мрежата е понизок од номинаниот притисок.
Доколку притисокот во мрежата го надминува номиналниот притисок, треба задолжително да вградите редукциски вентил.
Пред прилучувањето на електрична мрежа греалката треба најпрвин да ја наполните со вода. Кај првото полнење отворете ја рачката за топла вода на батеријата за мешање. Греалката е наполнета кога водата протечува низ изливната цевка на мешалната батерија.
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА

Пред приклучувањето во електричната мрежа треба во греачот да се вгради врвка за приклучување, со минимален пречник од 1,5 мм² (H05VV-F 3G 1,5 мм²). Затоа треба да го извадите пластичниот заштитен капак. Приклучувањето на греалката на електричната мрежа треба да се врши согласно со стандардите за електричната мрежа. Помеѓу греачот на водата и трајната инсталација треба да биде вградена справа за одделување на сите полови од електричната мрежа согласно со националните прописи за инсталација.

Шема на електрично поврзување
Легенда:
1 - Приклучна спојка
2 - Термостат и двополен топлотен
осигурувач
3 - Грејач
4 - Контролна ламбичка
L - Фазен спроводник
N - Неутрален спроводник
÷ - Заштитен спроводник
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: пред секое навлегување во нејзината внатрешност треба греалката задолжително да ја исклучите од електричната мрежа.
УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ
После приклучувањето на водоводната и електричната мрежа, греалката е подготвена за употреба. Температурата на водата во апаратот ја одредува фабрички регулираниот термостат. Вртејки ја завртката на термостатот во внатрешноста на греалката можете да ја променувате регулацијата, која овозможува температура на водата измеѓу 10 и 65 °C +5 °C/-0 °C степени. Не ви препорачуваме менувате фабрички одредената регулација Таквата регулација е најштедлива бидејки овозможува најекономична употреба на електрична енергија и најмало создавање на варовник.
Делувањето на електричната греалка го покажува контролната ламбичка. На обемот греачот има биметален термометар што се поместува во насока на
движењето на стрелката на часовникот (во десно), доколку во греачот е присутна топлата вода. Термометарот само приближно ја покажува температурата на водата, тој не е мерен инструмент.
Ако греалката неја употребувате подолго време, исключетеја од електричната мрежа. Ако постои опасност од замрзнување тогаш морате да ја испразните неговата содржина. Водата од греачот се празни низ доводната цевката на греачот. Во та намена препорачливо е при вградувањето помеѓу безбедносниот вентил и доводната цевка на греачот да се намести посебен фитинг (Т-парче) или вентил за пуштање. Греачот можете да го испразните и непосредно низ безбедносниот вентил со поместување на рачката, односно вртливата мала капа на вентилот во положба како при проверувањето на работењето. Пред испразнувањето треба греачот да се исклучи од електричната мрежа и потоа да се отвори рачката за топла вода на приключената батерија за мешање. После празнењето на водата низ доводната цевка во греачот останува помало количество на вода што истечува при потргнувањето на прирабницата за гreeње низ отворот на прирабницата за гreeње.
Надворешноста на бојлерот чистете ја со неагресивен раствор на прашок за перење. Не употребувајте разредувачи или груби средства за чистење.
Со редовни сервисни прегледи ће овозможите исправно работење и долг век на употреба на греалката за вода (бојлерот). Гаранцијата за корозијата на котелот важи ако сте ги извршиле пропишаните редовни прегледи за истрошеност на заштитните аноди. Периодот помеѓу поединечните редовни прегледи не смее да биде подолг од наведеното во гарантната изјава. Прегледите мора да ги изведуваат овластени сервисери кои ће ви го евидентираат прегледот во гарантниот лист за производот. Со прегледот се прегледува истрошеноста на антикорозивната заштитна анода и по потреба се чисти бигорот што се набира во внатрешноста на бојлерот, во зависност од квалитетот, количината и температурата на потрошената вода..
Ве молиме, евентуелните оштети на греалката да не ги поправате сами туку за тоа да го известите најблискиот овластен сервис.
| Тип | TG 30 N | TG 50 N | TG 80 N | TG 100 N | TG 120 N | TG 150 N | TG 200 N | |
| Определен профил на оптоварување | S | M | M | L | L | XL | XL | |
| Класа на енергетска ефикасност ^1) | C | C | C | C | C | C | D | |
| Енергетска ефикасност при загревање на вода (ŋwh) ^1) | [%] | 33,1 | 36,0 | 36,0 | 37,1 | 37,0 | 38,0 | 35,2 |
| Годишна употреба на електрична енергија ^1) | [kWh] | 558 | 1427 | 1428 | 2762 | 2770 | 4413 | 4756 |
| Дневна употреба на електрична енергија ^2) | [kWh] | 2,671 | 6,692 | 6,698 | 12,850 | 12,901 | 20,401 | 22,430 |
| Поставена температура на термостатот | "eco" | "eco" | "eco" | "eco" | "eco" | "eco" | "eco" | |
| Вредност "smart" | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | |
| Зафатнина | [l] | 30,4 | 48,1 | 73,0 | 93,4 | 110,7 | 139,8 | 195,4 |
| Кол. на мешана вода при 40 °C V40 ^2) | [l] | - | 67 | 92 | 131 | 155 | 212 | 274 |
| Време за загревање од 10°C до 65°C | [h] | 0:59 | 1:34 | 2:20 | 3:10 | 3:46 | 4:42 | 6:32 |
| Номинален притисок | [MPa(bar)] | 0,6 (6) | ||||||
| Тежина/наполнетсо вода | [kg] | 15,5/45,5 | 21/71 | 27/107 | 31/131 | 35/155 | 41/191 | 65/265 |
| Противкорозиона заштита на котелот | емајлирано / Mg анода | |||||||
| Јакост на електричната греалка | [W] | 2000 | ||||||
| Приклучен напон | [V~] | 230 | ||||||
| Заштитна класа | I | |||||||
| Степен на заштита | IP23 | |||||||
1) Уредба на комисија EU 812/2013; EN 50440
2) EN 50440
Упатствата за употреба може да ги најдете и на нашата веб-локација:
http://www.gorenje.com.