1242 M - Рачен правосмукалка Mirka - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 1242 M Mirka во PDF формат.
Прашања на корисниците за 1242 M Mirka
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Рачен правосмукалка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 1242 M - Mirka и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 1242 M на марката Mirka.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 1242 M Mirka
mk Упатства за ракување....222
Го задржуваме правото на измени на ова упатство без претходно известување.
Елементи за ракување
1 Рачка
2 Положби за дополнителната опрема
3 Стега на сад
4 Тркало
5 Cad
6 Спојка на доводот
7 Прекинувач
8 Контрола на брзината
9 Приклучница на уредот
10 Копче за чистење на филтерот (Push & Clean)
11 Кука за црево
12 Поставка за дијаметар на црево
13 LED-индикатор
14 Капаче на доводот
Сликовен водич за брзо започнување
Сликовниот водич за брзо започнување е дизајниран да ви помогне да го стартувате, ракувате и складирате уредот. Водичот е поделен на четири делови, претставени со символи:
Пред да започнете
A Предупредување за стапка на проток и филтер
В PC – систем за чистење на филтерот Push & Clean
C AFC– систем за автоматско чистење на филтерот
D Складирање на каблите и цревата
E Вметнување на цревото и операции
F Дополнителна опрема за прицврстување на кукиштето
Приклучување електрични апарати
G Прилагодување на електрични алати
Одржување
Н Заменување на филтер врекичката
I Заменување на филтерот
J Чистење на филтерот за ладење на моторот
К Чистење на заптивките и пловката
Содржина
1. Безбедносни упатства
1.1 Символи со кои се означуваат упатствата
1.2 Упатства за употреба
1.3 Намена и предвидена употреба
1.4 Електрично поврзување
1.5 Продолжен кабел
1.6 Гаранција
1.7 Важни предупредувања
1.8 Дополнителни предупредувања
2. Ризици
2.1 Електрични компоненти
2.2 Опасна прашина
2.3 Резервни делови и дополнителна опрема
2.4 Во експлозивна или запалива атмосфера
3. Контрола / Ракување
3.1 Стартување и ракување на машината
3.2 Приклучница со автоматско вклучување/исклучување за електрични алати
3.3 PC – Push & Clean (Притисни и исчисти)
3.4 AFC – Автоматско чистење на филтерот
3.5 Антистатичко поврзување
3.6 Филтер за ладење на моторот
3.7 Вшмукување течности
3.8 Суво вшмукување
4. По употребата на машината
4.1 По употребата
4.2 Транспорт
4.3 Складирање
4.4 Складирање на дополнителната опрема и алатите
4.5 Рециклирање на машината
5. Одржување
5.1 Редовно сервисиране и прегледи
5.2 Одржување
6. Дополнителни информации
6.1 Изјава за усогласеност на ЕУ
6.2 Спецификации
1. Безбедносни упатства

Овој документ содржи безбедносни информации кои се релевантни за уредот, како и водич за брзо започнување. Пред да ја стартувате вашата машина за прв пат, мора внимателно да го прочитате целиот прирачник со упатства. Зачувајте ги упатствата за подоцнежна употреба.
Дополнителна поддршка
Дополнителни информации за уредот може да се најдат на нашата веб-страница www.mirka.com. Доколку имате дополнителни прашања, обратете се до претставникот на сервисот на Mirka за вашата земја. Видете ја задната страна на овој документ.
1.1 Символи со кои се означуваат упатствата

ОПАСНОСТ
Опасност која директно доведува до сериозни или непоправливи повреди, па дури и смрт.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност која може да доведе до сериозни повреди, па дури и смрт.

ВНИМАНИЕ
Опасност која може да доведе до помали повреди или оштетувања.
1.2 Упатства за употреба
Уредот мора:
- Да го користат само лица кои се запознаени со неговото правилно ракување и имаат изречно овластување да ракуваат со него.
- Да се користи само под надзор.
- Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајки и деца) со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостаток од искусство и знаење.
- Децата мора да бидат под надзор за да се осигури тие да не си играат со уредот.
- Не користете работни методи кои не се безбедни.
- Никогаш не го користете уредот без филтер.
- Исклучете го уредот и исклучете го кабелот за напојување во следните ситуации:
– Пред чистење и сервисирање
– Пред да заменувате компоненти
– Пред да го замените уредот
– Доколку се создава пена или се појави течност
Покрај упатствата за ракување и обврзните регулативи за спречување несреći на работното место кои важат во земјата во која се употребува уредот, потребно е да се придржувате и до признатите регулативи за безбедно и правилно работење.
Пред да започнат со работа, операторите мора да бидат информирани и обучени за:
- употреба на машината.
- опасностите кои би можеле да произлезат од материјалот што се вшмукува.
- безбедно отстранување на собраниот материјал.
1.3 Намена и предвидена употреба
Овој преносен уред за вшмукување прашина е дизајниран, развиен и ригорозно тестиран за да може да функционира ефикасно и безбедно, доколку правилно го одржувате и го користите во согласност со следните упатства.
Оваа машина е соодветна за индустриска употреба, на пример во фабрики, на градилишта и во работилници. Незгодите кои произлегуват од погрешна употреба може да ги спречат само они лица кои управуват со машината.
Каква било друга употреба се смета за несоодветна употреба. Производителот не прифака одговорност за каква било штета која произлегла од таквата употреба. Ризиците од таквата употреба ги сноси ислучиво корисникот. Правилната употреба го опфака правилното ракување, сервисирање и поправки, како што е наведено од производителот.
Протокот на воздух кај уредите за вшмукување со сигурносни системи мора строго да се контролира за да се постигне минимална стапка на проток V_min = 20 m/s во цревото за вшмукување.
За машините од Класа на прашина М, важи следново:
Уредот е соодветен за вшмукување сува, незапалива прашина и течности, струготини и опасна прашина со OEL вредности (Ограничување на професионална изложеност) ≥ 0,1 mg/m³.

text_image
M ! i MКласа на прашина M (IEC 60335-2-69). Прашината во оваа класа вклучува: прашина со OEL вредности ≥ 0,1 mg/m³, како и струготини. Машината е целосно тестирана за вшмукување прашина од оваа класа. Максималниот степен на пропустливост е 0,1%, а издувниот воздух мора да има мала концентрација на прашина.
За уредите за вшмукување прашина, обезбедете соодветна стапка на промена на воздухот М, доколку издувниот воздух од уредот се враćа во просторијата. Пред употребата, обрнете внимание на националните прописи.
1.4 Електрично поврзување
- Се препорачува машината да се приклучи преку уред за заштита од диференцијална струја.
- Подредете ги електричните делови (приклучници, приклучоци и спојки) и поставете го продолжниот кабел така што ќе се задржи класата на заштита.
- Приклучоците и спојките на каблите за напојување и продолжните кабли не смее да пропуштаат вода.
1.5 Продолжен кабел
- Користете само продолжен кабел наведен од производителот или модел со висок квалитет.
- Кога користите продолжен кабел, обрнете внимание на минималниот напречен пресек на кабелот:
Должина на кабелот Напречен пресек < 16 А Напречен пресек < 25 А
| ≤ 20 m 1,5 mm | ^2 | 2,5 mm ^2 |
| 20–50 m 2,5 mm | ^2 | 4,0 mm ^2 |
1.6 Гаранција
За работите во врска со гаранцијата важат нашите општи деловни одредби. Неовластените менувања на уредот, употребата на погрешни четкички и употребата на уредот за цели поинакви од оние што ги навел производителот, го ослободуваат производителот од каква било одговорност за настанатата штета.
1.7 Важни предупредувања
! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
- За да се намали ризикот од пожар, електричен удар или повреда, ве молиме пред употребата да ги прочитате и следите сите безбедносни упатства и ознаки за внимание. Машината е дизајнирана да биде безбедна кога се користи за активности за чистење во согласност со наведените. Ако електричните или механичките делови се оштетени, машината и/или дополнителната опрема мора
да ги поправи соодветен сервис центар или производителот пред машината да може да се користи, за да се избегне дополнительно оштетување на машината или физичка повреда на корисникот.
- Не ја оставајте машината без надзор кога таа е включена во струјното напојување. Исклучете ја машината од приклучницата кога не ја користите, како и пред одржувањето.
- Не ја користете со оштетен кабел или приключок. • За да ја исключите машината од приключницата, повлечете го приключокот, а не кабелот. Не го факајте приключокот или машината со водени раце. Исклучете ги сите контроли пред исклучување од напојувањето.
- Не го влечете и не го носете уредот за кабелот, не го користете кабелот како рачка. Не го приклештувајте кабелот со вратите и не го влечете кабелот околу остри рабови или агли. Не го презувајте кабелот со машината. Држете го кабелот подалеку од загреани површини.
- Држете ја косата, лабавата облека, прстите и сите делови на телото подалеку од отворите и подвижните делови. Не ставајте предмети во отворите и не го користете уредот доколку некој отвор е блокиран. Отворите мора да бидат чисти, без прашина, нечистотии, влакна или каква и да е материја што би можела да го попречи струењето на воздухот.
- Не го користете уредот на отворено при ниски температури.
- Не вшмукувајте запаливи или експлозивни течности како бензин и не ја користете во области каде што би можело да има такви течности.
- Не вшмукувајте ништо што е запалено или чади, како што се цигари, чкорчиња или топол пепел.
- Бидете особено внимателни кога ги чистите скалите.
- Не го користете уредот доколку не се монтирани филтри.
- Доколку машината не функционира правилно или ви паднала, се оштетила, била оставена надвор или паднала во вода, вратете ја во сервис центарот или кај продавачот.
- Доколку од машината излегува пена или течност, веднаш исклучете ја.
- Машината не смее да се користи како пумпа за вода. Машината е наменета за вшмукување воздух и водени смеси.
- Поврзете ја машината во струјно напојување со правилно заземјување. Приклучницата и продолжниот кабел мора да имаат оперативен заштитен спроводник.
- Обезбедете добра вентилација на работното место.
- Не ја користете машината како скала. Машината може да се преврти и да се оштети. Опасност од повреда.
- Користете ја приклучницата на машината само за намените наведени во упатствата.
1.8 Дополнителни предупредувања

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Одреден дел од правта која се создава од брусење со електрични алати, сечење со пила, острење, дупчење и други градежни активности содржи хемикалии за кои е докажано дека предизвикуваат рак, дефекти при рағање или други репродуктивни оштетувања. Примери за такви хемикалии се:
- Олово од бои базирани на олово,
- Кристален силикат од цигли и цемент и други производи за градежништво, како и
- Арсен и хром од хемиски третирано дрво.
Ризикот од изложеноста на овие супстанци зависи од тоа колку често работите такви задачи. Направете го следново за да ја намалите изложеноста на овие хемикалии: работе на работно место со добра вентилација и работе со одобрена безбедносна опрема, како на пр. маски за прашина што се специјално дизајнирани да ги филтрираат микроскопските честички.
2. Ризици
Горниот дел на машината содржи компоненти под напон. Контактот со компонентите под напон може да доведе до сериозни, па дури и фатални повреди. Никогаш не прскајте вода на горниот дел на машината.

ОПАСНОСТ
Електричен удар поради неисправен кабел за напојување. Допирањето на неисправен кабел за напојување може да доведе до сериозни, па дури и фатални повреди.
- Не го оштетувајте кабелот за напојување (на пр., презагувајки го, влечејки го или гмечејки го).
- Редовно проверувајте го кабелот за напојување за знаци на оштетување или стареење.
- Ако кабелот за напојување е оштетен, мора да го замени овластен дистрибутер на компанијата Mirka или слично квалификувано лице за да се избегне опасност.
- Кабелот за напојување никогаш не смее да се замотува околу прстите или кој било друг дел од телото на операторот.
2.2 Опасна прашина

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасни материјали. Вшмукувањето опасни материјали може да доведе до сериозни, па дури и фатални повреди. Следниве материјали не смее да се вшмукуваат со машината:
- жешки материјали (запалени цигари, жежок пепел, итн.)
- запаливи, експлозивни, корозивни течности (на пр. бензин, растворувачи, киселини, алкалии, итн.)
- запалива, експлозивна прашина (на пр. магнезиумска или алуминиумска прашина, итн.)
2.3 Резервни делови и дополнителна опрема

ВНИМАНИЕ
Резервни делови и дополнителна опрема.
Користењето резервни делови, четкички и дополнителна опрема кои не се оригинални може негативно да влијае на безбедноста и/или функционирањето на уредот.
Користете ислучиво оригинални резервни делови и дополнителна опрема од Mirka. Резервните делови кои може да влијаат на здравјето и безбедноста на операторот и/или на функционирањето на уредот се наведени подолу.
| Влошка на филтерот 8999100411 Адаптер за пневматски уреди < 230 V ЕУ 8999101011 | |
| Филтер вреїчка од филц (5 парчиња) 8999100211 | Адаптер за пневматски уреди < 230 V ОК 8999101011UK |
| Вреїчка за една употреба (5 парчиња) 8999110311 | Рачка за систем за вшмукување прашина 8999299111 |
| Филтер за ладење на моторот 8999110111 | |
| Филтер за ладење на моторот PET 8999110211 | |
| Дополнителна опрема за прицврстување на куќиштето 8999110411 | |
2.4 Во експлозивна или запалива атмосфера

ВНИМАНИЕ
Машината не е соодветна за употреба во експлозивна или запалива атмосфера, како и во ситуации во кои таквата атмосфера би можела да настане поради присуството на испарливи течности или запаливи гасови или пареи.
3 Контрола / Ракување

ВНИМАНИЕ
Оштетување поради несоодветен мрежен напон. Уредот може да се оштети поради поврзување со несоодветен мрежен напон.
- Проверете дали податоците за напонот прикажани на типската табличка соодветствува на напонот на локалното мрежно напојување.
3.1 Стартување и ракување на машината
Проверете дали електричниот прекинувач е ислучен (во положба 0). Проверете дали соодветните филтри се поставени во машината. Потоа поврзете го цревото за вшмукување во отворот за вшмукување на машината така што ќе го притиснете цревото нанапред додека не се прицврсти во отворот. Кога се користи за вшмукување прашина заедно со алат кој произведува прашина, поврзете го крајот на цревото за вшмукување со помош на соодветен адаптер. Поврзете го приключокот во соодветен струен приклучок. Поставете го електричниот прекинувач во положба I за да го стартувате моторот.

Поставете на I: Активирање на уредот за вшмукување прашина.
Свртете во насока на движење на стрелките на часовникот за да го контролирате бројот на вртежи.
Поставете на 0: Запирање на уредот за вшмукување прашина.
Поставете на брусилка: Активирајте го автоматското вклучување/исклучување.
Ракување – свртете спротивно од насоката на движење на стрелките на часовникот за да го контролирате бројот на вртежи.

Поставете на I: Активирање на уредот за вшмукување прашина.
Поставете на ₩/0: Запирање на уредот за вшмукување прашина. Приклучница со постојано напојување.
Поставете на I: Активирајте го автоматското вклучување/исклучување.
Поставете на I + исключено AFC: Активирајте го уредот за вшмукување прашина со деактивирано автоматско чистење на филтерот.
Поставете на брусилка + Исклучено: Активирајте го автоматското включување/исклучување со деактивирано автоматско чистење на филтерот.
Контрола на бројот на вртежи на посебно вртливо копче.
Дијаметарот на цревото и поставката за дијаметар на цревото за вшмукување мора да бидат исти:
3.2 Приклучница со автоматско вклучување/исклучување за електрични алати

ВНИМАНИЕ
Приклучница на уредот
Приклучницата на уредот е дизајнирана за помошна електрична опрема; за подробностите погледнете ги техничките податоци.
- Пред да приключите уред, секогаш исключете ја машината и уредот што сакате да го приключите.
- Прочитајте ги упатствата за ракување на уредот што сакате да го приключите и придржувајте се до безбедносните напомени во нив.
Во машината є вградена заземјена приклучница за уреди. Во неа може да се поврзе надворешен електричен алат. Приклучницата има термички автоматски прекинувач од 5 Amp за да ја заштити машината од преоптоварување. Ако потрошувачката на електрична енергија е преголема, термичкиот автоматски прекинувач се активира и ја ислучува струјата во приклучницата. Термичкиот осигурувач може повторно да се деактивира со притиснување на копчето. Приклучницата се одликува со постојано напојување кога прекинувачот е поставен во положбата ♦/0, т.е. машината може да се користи како продолжен кабел.
Во положбата 🚗, машината може да се вклучува и ислучува преку поврзаниот електричен алат.
Нечистотиите веднаш се вшмукуваат од изворот на прашина. За да се обезбеди придржување до регулативите, треба да се приклучуваат само одобрени алати што произведуваат прашина.
Максималната електрична потрошувачка на поврзаниот електричен уред е наведена во делот „Спецификации“. Пред да го поставите прекинувачот во положбата 🚙️ , осигурете се дека алатот што е поврзан во приклучницата за уреди е исклучен.
3.3 Push & Clean (Притисни и исчисти)
Машината „PC“ е опремена со систем за полуавтоматско чистење на филтерот, Push & Clean (Притисни и исчисти). Системот за чистење на филтерот треба да се активира кога перформансите на вшмукување ње почат да слабеат. Редовната употреба на функцијата за чистење на филтерот ги одржува перформансите на вшмукување и го продолжува работниот век на филтерот. За упатства, погледнете во водичот за брзо започнување.
3.4 AFC – Автоматско чистење на филтерот
Машината „AFC“ е опремена со систем за автоматско чистење на филтерот, Auto Filter Cleaning (Автоматско чистење на филтерот). Чест циклус за чистење автоматски їе се вклучува за време на работењето за да се обезбедат најдобри перформанси на вшмукување.
Ако перформансите на вшмукување се намалат или при извршување работи во многу правлива средина, се препорачува рачно чистење на филтерот:
- Исклучете ја машината.
- Затворете ги млазниците или цревото за вшмукување со дланката.
- Поставете го прекинувачот во положбата „I“ и оставете ја машината да работи со најголема брзина околу 10 секунди со затворен отвор на цревото за вшмукување.
Ако мокта на вшмукување се уште е намалена, извадете го филтерот и исчистете го механички или заменете го филтерот. За одредени намени како што е вшмукувањето течности, се препорачува да го исключите системот за автоматско чистење на филтерот. За подетални информации, погледнете го поглавјето 3.1.
3.5 Антистатичко поврзување

ВНИМАНИЕ
Машината е опремена со антистатички систем за празнење на статичкиот електрицитет што може да настане при вшмукувањето прашина.
Антистатичкиот систем се наоға на предниот дел на горниот дел со моторот и создава спој со заземјувањето на спојката на доводот на садот. За правилно работење, се препорачува употреба на електрично спроводливо или антистатично црево за вшмукување. Кога вметнувате изборна вреќичка за една употреба, погрижете се да има воспоставено антистатичко поврзување.
За да се заштити електрониката и моторот, машината є опремена со филтер за ладење на моторот. Чистете го филтерот за ладење на моторот редовно.
Во областите со висока концентрација на фина прашина во околниот воздух, се препорачува да ја опремите машината со изборен филтер за ладење на моторот РЕТ, за да се спречи насобирање на прашината во воздушните канали и моторот. Контактирајте со вашиот локален продавач.

ВНИМАНИЕ
Доколку филтерот за ладење на моторот е затнат од прашина, може да се активира прекинувачот за заштита од преголемо оптоварување на моторот. Доколку се случаи тоа, исключете ја машината, исчистете го филтерот за ладење на моторот и оставете ја машината да се излади околу 5 минути.
3.7 Вшмукување течности

ВНИМАНИЕ
Машината е опремена со систем за ограничување на нивото на вода, кој ја ислучува машината кога ће се достигне максимальното ниво на течност. Ако се случаи тоа, исключете ја машината. Исклучете ја машината од приклучницата за напојување и испразнете го садот. Никогаш не вшмукувајте течности без да го поставите системот за ограничување на нивото на вода и филтерот.
Вшмукување течности
•Невшмукувајте запаливи течности.
- Пред вшмукувањето течности, секогаш отстранувајте ја филтер вреќичката/вреќичката за една употреба и проверете дали системот за ограничување на нивото на вода функционира правилно.
- Доколку се појави пена, веднаш прекинете со работата и испразнете го садот.
- Редовно чистете го уредот за ограничување на нивото на водата и проверувајте дали има знаци на оштетување.
Пред да го испразните садот, исключете ја машината од напојувањето. Исключете го цревото од доводот така што ље го повлечете цревото. Ослободете ги стегите на садот извлекувајки ги нанадвор за да го ослободите горниот дел со моторот. Подигнете го горниот дел со моторот од садот. По вшмукувањето течности, секогаш празнете го и чистете го садот и системот за ограничување на нивото на вода.
Испразнете го садот така што ќе го навалите наназад или странично и ќе ја истурите течноста во одводот. Повторно поставете го горниот дел со моторот врз садот. Прицврстете го горниот дел со моторот со стегите на садот. Солните движења може случајно да го активираат уредот за ограничување на нивото на вода. Доколку се случаи тоа, исключете ја машината и почекајте 3 секунди за да го ресетирате уредот. Потоа продолжете со работата со машината.
3.8 Суво вшмукување

ВНИМАНИЕ
Вшмукување материјали опасни за околината. Вшмуканите материјали може да претставуваат опасност за околината.
Исфрлајте ги вшмуканите материјали во согласност со правните регулативи.
Исклучете ја машината од напојувањето пред да ја испразните по суво вшмукување. Ослободете ги стегите на садот извлекувајки ги нанадвор за да го ослободите горниот дел со моторот. Подигнете го горниот дел со моторот од садот.
Главен филтер: Проверете го филтерот. За да го исчистите филтерот, можете да го исчеткате или измиете.
Почекајте филтерот да се исуши пред повторно да започнете со вшмукувањето прашина.
Вреќичка за прашина: Проверете ја вреќичката за да го запазите факторот на полнење. Заменете ја вреќичката за прашина ако тоа е потребно. Отстранете ја старата вреќичка. Новата вреќичка се вградува така што їе го поминете картонскиот дел со гумена мембрана низ отворот за вшмукување. Проверете дали гумената мембрана минала преку подигнатиот дел на отворот за вшмукување.
По празнењето: Затворете го горниот дел со моторот врз садот и прицврстете го горниот дел со моторот со стегите на садот. Никогаш не вшмукувајте материјали без да го поставите фильтрот во машината. Ефикасноста на вшмукување на машината зависи од големината и квалитетот на фильтрот и врејичката за прашина. Затоа, треба да користите ислучиво оригинални филтри и врејички за прашина.
4. По употребата на машината
4.1 По употребата
Исклучете ја машината од приклучницата за напојување кога таа не е во употреба. Намотајте го кабелот, почнувајки од машината. Кабелот за напојување може да се намота околу горниот дел со моторот или околу садот, а може и да се закачи на вградената кука или некој друг држач.
4.2 Транспорт
- Пред да ја транспортирате машината, затворете ги сите стеги на садот.
- Затворете го доводот со капакот за довод.
- Не ја навалувајте машината доколку во садот има течност.
- Не користете куки за дигалки за да ја кревате машината.
- Не ја кревајте машината за рачката на количката
4.3 Складирање

ВНИМАНИЕ
Складирајте го уредот на суво место, заштитено од дожд и мраз. Машината мора да се складира во затворен простор.
4.4 Складирање на дополнителната опрема и алатите
За практичен транспорт и складирање на дополнителната опрема или алати, странично на машината се вградени шини кои овозможуваат прицврстување со ленти или други начини. На задниот дел на машината се наогаат флексибилна лента и куки за закачување на цревото за вшмукување или кабелот за напојување. За инструкции, погледнете во водичот за брзо започнување.
На врвот на машината може да се монтира изборна дополнителна опрема со систем за прикачување за прицврстување кутии за складирање во 2 или 4 точки. Ислучете ја машината од приклучницата за напојување пред да ја монтирате дополнителната опрема за прицврстување кутии.

ВНИМАНИЕ
Не ја кревајте машината и дополнителната опрема за прицврстување кутии пред да се осигурите дека кутијата за складирање е правилно монтирана. При складирањето забележете ја тежината и рамнотежата на уредот. Максималната тежина на кутиите за складирање е 30 kg.
4.5 Рециклирање на машината
Оневозможете го користењето на старата машина.
- Исклучете ја машината од напојувањето.
- Исечете го кабелот за напојување.
- Не ги фрлајте електричните уреди заедно со обичниот куќен отпад.

Како што е наведено во европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди, користените електрични добра мора одделно да се собираат и еколошки да се рециклираат.

5. Одржување
5.1 Редовно сервисирање и прегледи
Редовното сервисирање и проверки на вашата машина мора да го извршуваат соодветно квалификувани лица, во согласност со релевантните правила и прописи. Особено често треба да се извршуваат електрични тестови за континуитетот на заземјувањето, отпорот на изолацијата, како и за состојбата на флексибилниот кабел.
Во случај на каков било дефект, машината МОРА да се повлече од употреба и целосно да ја провери и да ја поправи овластен сервисер. Најмалку еднаш годишно, техничар од компанијата Mirka или обучено лице мора да изврши техничка инспекција во која ќе бидат включени филтрите, пропустливоста на воздух и контролните механизми.
5.2 Одржување
Отстранете го приклучокот од приклучницата за напојување пред одржувањето. Пред да ја користите машината, проверете дали фреквенцијата и напонот прикажани на типската табличка соодветствуват на напонот на напојувањето.
Машината є наменета за постојана работа под големо оптоварување. Во зависност од бројот на работни часови, филтерот за прашина треба да се обновува. Чувајте ја машината чиста со помош на сува крпа и малку спреј за полирање.
За време на одржувањето и чистењето, ракувајте со машината прашина на начин кој нема да претставува опасност за лицата кои го вршат одржувањето или другите лица. Во просторот за одржување:
- Користете задолжителна филтрирана вентилација.
- Носете заштитна облека.
- Чистете го просторот за одржување за штетните материи да не се најдат во околината.
За време на одржувањето и поправањето, сите валкани делови кои не може задоволително да се исчистат мора да се: - Спакуваат во непропустливи вреки.
• Да се фрлат како отпад на начин кој е во согласност со важечките прописи за отстранување на таков вид отпад.
За дополнителни информации за сервисирањето по продажбата, обратете се до вашиот продавач или до претставникот на сервисот на Mirka за вашата земја. Видете ја задната страна на овој документ.
6. Дополнителни информации
6.1 Изјава за усогласеност
| Со ова изјавуваме дека машината опишана подолу во основата на својот дизајн и конструкција, како и во основата на верзијата која ние сме ја пуштиле во опсег, е усогласена со релевантните основни барања за безбедност и здравствена заштита на Директивите на Европската Заедница. Оваа изјава не важи доколку машината е менувана без наше претходно одобрување. | |||
| Производ: Уредот за вшмукување прашина Mirka®Тип: 1230 M & 1242 M | |||
| Релевантни директиви на EU: Директива за машинерија 2006/42/EU, EMC директива 2014/30/EU, RoHS директива 2011/65/EU + 2015/863/EU | |||
| Применети стандарди: EN 60335-1:2012 + A11:2014, EN 60335-2-69:2012, EN 55014-1:2017, EN 55014-2:2015, EN 61000-3-2:2014, EN 61000-3-3:2013, EN 50581:2012 | |||
| Овластен претставник за документација: | |||
| Jeppo 13.04.2020Место и датум на издавање Компанија | ![]() | Stefan Sjöberg,главен извршен директор | ![]() |
6.2 Спецификации
Технички податоци
| Уредот за вшмукување прашина Mirka ^ | 1230 M 1242 M | |||||||
| PC • EU AFC • EU PC • GB AFC • GB AFC • AU/NZ AFC • EU AFC • AU/NZ | ||||||||
| Можен напон | V | 220–240 | 220–240 | 100–120 | 220–240 | 220–240 | 220–240 | 220–240 |
| Мо́кност P_IEC | W | 1200 | 1200 | 1000 | 1200 | 1200 | 1200 | 1200 |
| Приклучна мо́кност на приклучницата за уреди | W | 2400 | 2400 | 750 | 1750 | 1100 | 2400 | 1100 |
| Фреквенција на електричната мрежа | Hz | 50/60 | 50/60 | 50/60 | 50/60 | 50/60 | 50/60 | 50/60 |
| Осигурувач | A | 16 | 16 | 16 | 13 | 10 | 16 | 10 |
| Степен на заштита (влага, прав) | A | IPX4 | IPX4 | IPX4 | IPX4 | IPX4 | IPX4 | IPX4 |
| Класа на заштита (електрична) | A | I | I | I | I | I | I | I |
| Макс. проток на воздух * | l/s | 75 | 75 | 70 | 75 | 75 | 75 | 75 |
| m ^3 /h | 270 | 270 | 252 | 270 | 270 | 270 | 270 | |
| CFM | 159 | 159 | 148 | 159 | 159 | 159 | 159 | |
| Макс. вакуум | kPa | 25 | 25 | 23 | 25 | 25 | 25 | 25 |
| hPa | 250 | 250 | 230 | 250 | 250 | 250 | 250 | |
| BO_H - 2O | 100 | 100 | 92 | 100 | 100 | 100 | 100 | |
| Ниво на звучен притисок L_PA (IEC 60335-2-69) | dB(A) | 68 ± 2 | 68 ± 2 | 68 ± 2 | 68 ± 2 | 68 ± 2 | 68 ± 2 | 68 ± 2 |
| Бука при работење | dB(A) | 60 ± 2 | 60 ± 2 | 60 ± 2 | 60 ± 2 | 60 ± 2 | 60 ± 2 | 60 ± 2 |
| Вибрации ISO 5349 a_h | m/s ^2 | ≤ 2,5 | ≤ 2,5 | ≤ 2,5 | ≤ 2,5 | ≤ 2,5 | ≤ 2,5 | ≤ 2,5 |
| Тежина | kg | 14,5 | 14,5 | 14,5 | 14,5 | 14,5 | 16,0 | 16,0 |
| lb | 31,9 | 31,9 | 31,9 | 31,9 | 31,9 | 35,3 | 35,3 | |
| Површина на филтерот | m ^2 | 0,5 | 0,5 | 0,5 | 0,5 | 0,5 | 0,5 | 0,5 |
| Класа на прашина | M | M | M | M | M | M | M | |
* Мерено кај садот
Го задржуваме правото на измена на спецификациите и деталите без претходно известување. Понудата на модели може да се разликува во зависност од пазарот.

Stefan Sjöberg,главен извршен директор