EasyHedgeCut 18V-44-11 - Електрични резач за жива ограда BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EasyHedgeCut 18V-44-11 BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за EasyHedgeCut 18V-44-11 BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Електрични резач за жива ограда во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EasyHedgeCut 18V-44-11 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EasyHedgeCut 18V-44-11 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EasyHedgeCut 18V-44-11 BOSCH
Македонски.... Страница 173
Srpski ...... Strana 181
Slovenščina ....Stran 188
Hrvatski ....Stranica 195
Безбедносни напомени
Прочитајте го упатството за употреба.

Не употребувајте го овој производ кога има дожд.

Носете заштитни очила.

Извадете ја батеријата пред чистење, поправање или складирање на машината.

Држете ги рацете понастрана од сечилото.
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни
адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите прилучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврствување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасности од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни правила за електричните ножици за жива ограда
Чувајте ги сите делови на своето тело подалеку од сечилото. Не обидувајте се да ги отстраните заглавените отпадоци од сечилото додека
машината е включена. Сечилото се движи и по гаснењето на моторот. Еден момент на невнимание при работа со електричните ножици за жива ограда може да резултира со тешки повреди.
Ножиците за режење држете ги за рачките додека сечилото мирува и внимавајте да не го притиснете копчето за вклучување. Внимателното држење на ножиците го намалува ризикот од случајно вклучување и повредите кои можат да настанат како последица од тоа.
Koga ги пренесувате или складирате електричните ножици секогаш ставете ја заштитната футрола.
Внимателното ракување со машината го намалува ризикот од повреда.
Обавезно исключете ги сите прекинувачи за вклучување-/исклучување, одстранете ја или извадете батеријата кога сакате да отстраните заглавени исечоци или при сервисирање на уредот. Случајното стартување на ножиците при отстранување на заглавен отпадок може да доведе до тешки последици.
▶ Држете ги ножиците само за изолираните рачки, зошто сечилото може да дојде во допир со скриени електрични инсталации. Контактот на сечилото со кабли може да ги наелектризира металните делови на пилата и да доведе до струен удар на ракувачот.
▶ Сите струјни кабли чувајте ги понастрана од полето на режење. Во грмушките кои ги режете може да има скриени струјни кабли и жици и така случајно сечилото од ножиците да дојде во контакт со нив.
▶ Не користете ги ножиците при невреме, особено кога постои опасност од грмотевици. Со тоа ње ја намалите веројатноста да Ве удри гром.
▶ Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со ограничени физички, сензорни или душевни можности, со недостаток на искусство и знаење, освен ако не им се обезбедени соодветни инструкции или надзор за употреба на машината од страна на личност одговорна за нивната безбедност.
Децата треба да бидат под надзор да не си играат со уредот.
▶ При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и стојте стабилно. Со електричниот апарат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ Проверете дали сите штитници и рачки се монтирани на своего место кога го употребувате производот. Никогаш не работете со машина која не е целосно монтирана или на која се вршени недозволени преправки.
▶ Подмачкувајте ја машината со спреј за подмачкување пред секоја употреба.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Додека ја користите машината, во круг од најмалку 3 метри не треба да има луфе и животни. Ракувачот на машината е одговорен за безбедноста на трети лица во нејзината близина.
▶ Никогаш не држете ја машината за сечилото.
▶ Никогаш не дозволувајте им на деца и луße кои не се запознаени со овие инструкции да ја користат машината. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
▶ Не користете ја машината кога во близина има животни, луге, а особено деца.
Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други луге или имот.
He користете ја машината боси или со отворени сандали. Носете крути обувки и долги пантолони. Се препорачува носење на заштитни ракавици, очила и обувки. Не носете лабава облека или накит, којшто може да биде заплеткан во подвижните делови.
▶ Детално прегледајте ги растенијата коишто сакате да ги шишате и отстранете ги сите жици, кабли и други предмети.
▶ Секогаш пред употреба проверете да не е оштетено или истрошено сечилото, носачот на сечилото или склопката за сечење. Никогаш не работете со оштетено или истрошено сечило.
▶ Дознајте како да ја запрете машината во итен случај.
▶ Шишајте само по дневна светлина или под добро осветлување.
▶ Никогаш ме употребувајте ги ножиците со расипани или немонтирани штитници.
▶ Пред да почнете со шишање проверете да се монтирани сите рачки и штитници. Никогаш не работете со машина која не е целосно монтирана или на која се вршени недозволени преправки.
▶ Никогаш не држете ги ножиците за сечилото.
▶ Внимавајте при употребата на тримерот за жива ограда, и погрижете се да стоите на сигурна подлога и постојано одржувајте рамнотежа.
▶ Тримерот за жива ограда е наменет за употреба додека корисникот стои на земја, а не на скали или други нестабилни подлоги.
▶ Обрнувајте внимание на околината и бидете свесни за евентуалните опасности кои не ги слушате поради бучавата на машината.
▶ Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки, завртки и шрафови, за безбедна употреба на електричните ножици.
▶ Чувајте ја машината на суво, затворено место, повисоко од подот и вон дофат на деца.
▶ Поради безбедносни причини, веднаш заменете ги истрошените или оштетените делови.
▶ Не обидувате се сами да го поправате овој производ, освен ако имате соодветна обука за тоа.
▶ Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови.
▶ Со цел за заштита од контакт со подвижното сечило, тримерот е дизајниран со две рачки и на секоја од нив има прекинувач. За тримерот да се вклучи, двата прекинувачи мораат да се притиснат истовремено. Не употребувајте го уредот ако тој работи кога е притиснат само еден, или ниеден од двата прекинувачи.
Напомени за оптимално користење на батериите
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода и влага. Постои опасност од експлозија.
Kogа не ја користите батеријата, чувајте ја понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки, завртки и други метални предмети што можат да направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој меѓу двата пола може да предизвика пожар или изгореници.
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени побарајте помош од лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушки чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Не предизвикувајте краток спој на батеријата. Инаку, постои опасност од експлозија.
▶ Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
▶ Наполнете го мерниот уред со испорачаниот полнач.
Ознаки
Следните символи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги символите и нивното значење. Точната интерпретација на символите ће ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот.
Ознака Значење

Носете заштитни ракавици

Правец на движење
Ознака Значење
| Правец на реакција | |
| Тежина | |
| Вклучување | |
| Исклучување | |
| CLICK! | Чујна бучава |
| Забранети акции | |
| Дополнителна опрема/резервни делови |
Опис на производот и употребата

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства.
Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни
повреди.
Видете ги илустрациите на крајот на упатството.
Употреба со соодветна намена
Електричните ножици се дизајнирани за шишање и поткастрување живи огради и грмушки во домашни градини.
Нумерирањето на напишаните компоненти се однесува на приказот на уредот на страните со цртежи.
(1) Вклучување преку задната рачка
(2) Преден прекинувач
(3) Заштита за дланките
(4) Meq
(5) Заштитна футрола
(6) Полнач
(7) Копче за отворање на батеријата
(8) Батерија
Илустрираната или опишанаа опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Обемот на испорака може да се разликува од прикажаните слики.
Технички податоци
| Безжични електрични ножици за жива ограда | EasyHedgeCut 18-45 EasyHedgeCut 18V-45 EasyHedgeCut 18V | EasyHedgeCut 18V-52-13 | EasyHedgeCut 18V-44-11 |
| Број на артикл | 3 600 H49 H.. 3 600 H49 M.. 3 600 H49 H.. | ||
| Број на удари во празен од min | -1 2400 2400 2400 | ||
| Висина на шишање см 45 52 44 | |||
| Отвор на запците мм 15 15 15 | |||
| Тежина спгласно EPTA- Процедури 01:2014 ^A) | кг 2,5 2,6 2,5 | ||
| Сериски број види ја плочката со податоци на апаратот | |||
| Препорачана околна температура при полнење | °C 0... +35 0... +35 0... +35 | ||
| Дозволена околна температура при работење ^B) и при складирање | °C -20... +50 -20... +50 -20... +50 | ||
| Тип на батерија PBA 18V...W-. | 1,5 Ah, 2,0 Ah, 2,5 Ah, 3,0 Ah, 4,0 Ah, 5,0 Ah, 6,0 Ah | PBA 18V...W-. 1,5 Ah, 2,0 Ah, 2,5 Ah, 3,0 Ah, 4,0 Ah, 5,0 Ah, 6,0 Ah | PBA 18V...W-. 1,5 Ah, 2,0 Ah, 2,5 Ah, 3,0 Ah, 4,0 Ah, 5,0 Ah, 6,0 Ah |
A) во зависност од употребената батерија
В) ограничена јачина при температури < 0 °C
Информации за бучава/вибрации
3 600 H49 H.. 3 600 H49 M.. 3 600 H49 H..
Утврдени вредности на емисија на бучава EN 62841-4-2:2019
| 3 600 H49 H.. 3 600 H49 M.. 3 600 H49 H.. | ||
| - Звучен притисок dB(A) | 74 76 74 | |
| - Звучна јачина dB(A) | 82 84 82 | |
| - Несигурност K dB | 2,0 2,0 2,0 | |
| Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-4-2:2019 | ||
| - Вредност на емисија на вибрации ah | m/s ^2 | 2,5 2,5 2,5 |
| - Несигурност K m/s | ^2 | 1,5 1,5 1,5 |
Навередната/-ните вкупна(и) вредност(и) на вибрации и наведената/-ните вредност(и) за емисија на бучавост(а) одредени се и измерени во склад со нормативен стандардизиран тест метод и може да се користат за меѓусебна споредба на електричниот алат со друг. Навередната/-ните вкупна(и) вредност(и) на вибрации и наведената/-ните вредност(и) за емисија на бучавост(а) исто така може да се користат за прелиминарна проценка на изложеноста.
Бидејки емисиите на вибрации и бучава за време на стварна употреба на електричниот алат можат да отстапуваат од наведените вредности, во зависност од начинот на кој се користи електричниот алат, а особено од тоа каков тип на работно парче се обработува; и - одтаму и потребата да се воспостават безбедносни мерки за заштита на операторот врз основа на проценка на изложеноста на вибрации за време на стварната употреба (и овде мора да се земат в предвид сите делови на работниот циклус, на пример, периодите кога електричниот алат е ислучен, но и периодите кога е включен, но работи без оптоварување).
Вклучување
За Ваша безбедност
▶ Предупредување: Пред да го прилагодувате или чистите уредот, исключете го и извадете му ја батеријата.
▶ По ислучувањето на машината, сечилото работи уште неколку секунди.
▶ Не допирајте го сечилото додека се движи.
Полнење на батеријата
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на полначот.
Батеријата е опремена со температурен монитор кој дозволува полнење само на температури од 0 °C до 35 °C степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Litiyum-јонската батерија е заштитена од длабинско празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. При празна батерија производот е опремен со заштита од вклучување: Машината повеće не работи.
По автоматското ислучување на уредот, не притискајте на прекинувачот за вклучување/ислучување. Батеријата може да се оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.
Совет: Користењето на несоодветни батерии може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на уредот.
Повторно ставете ја батеријата (8). Проверете дали батеријата е правилно вклопена.
За вадење на батеријата (8) од уредот, притиснете го копчето за вадење на батеријата (7) и извадете ја батеријата.
Ракување
Вклучување / исклучување (видете слики C - D)
Откако ке ја вметнете батеријата и ќе слушнете дека "кликнало" (видете ја илустрацијата В) за да го активирате уредот треба заедно да ги притиснете прекинувачот од предната страна (2) и прекинувачот кој се наоға на задната рачка (1).
За да го исключите уредот, отпуштете го или прекунувачот на задната рачка (1) или тој што се наога на предната (2) страна, или двата истовремено.
Работа со ножиците за кастрење (види слика E)
Рамномерно движете ги ножиците во правецот на сечење. Двостраните сечила овозможуваат косење во двете насоки или со цик-цак движења.
Прво кастрете ги страните на оградата, а потоа горниот раб.
За да добиете прави страни, препорачуваме косење во правецот а растење оддолу нагоре. Ако косите одгоре
надолу, ги мрдате тенките гранки нанадвор, па можат да се јават дупки или длапки.
За на крај и горниот раб да го искосите рамномерно, затегнете по целата должна на оградата конец на саканата висина.
Внимавајте да не пресечете други предмети, како на пример жици. Може да се оштети сечилото или моторот на уредот.
Интелигентната микроелектроника го препознава преоптоварувањето и повекепати го гасне и пали моторот, за да го ослободи сечилото и да го пресече материјалот.
Чујното вклучување и исклучување трае до 3 секунди.
Откако їе го пресече материјалот, уредот потоа работи нормално, или сечилото поради преоптовареноста застанува отворено (на пример при блокада со метална жица).
Ако сечилото дојде во допир со тврд материјал, оптоварувањето на моторот се зголемува.
Отстранување грешки


Електрични ножици
| Ножиците не работат Празна батерија Наполнете ја батеријата, исто така погледнетево Забелешки за полнење | ||
| Батеријата не е правилно вметната Проверете да се заклучени двете брави | ||
| Машината работи со прекини | Неисправни внатрешни инсталации во уредот Побарајте помош од сервис | |
| Прекинувачот е расипан Побарајте помош од сервис | ||
| Насоката на вртење на моторот се менува па застанува на околу 3 секунди | види Совети за работа (Анти-блок механизмам) | |
| Моторот работи но сечилото мирува | Внатрешна грешка Побарајте помош од сервис | |
| Сечилото е тапо Тапо сечило Настрете го сечилото | ||
| Сечилото има рецки Дадете го сечилото на преглед | ||
| Преголемо триење поради недостаток на подмачкување | Подмачкајте со спреј за подмачкување | |
| Сечилото не се двжи | Празна батерија Наполнете ја батеријата, исто така погледнетево Забелешки за полнење | |
| Машината е расипана Побарајте помош од сервис | ||
| Јаки вибрации/бучава | Машината е расипана Побарајте помош од сервис | |
| Батеријата кратко трае | Преголемо триење поради недостаток на подмачкување | Подмачкајте со спреј за подмачкување |
| Сечилото треба да се исчисти Исчистете го сечилото | ||
| лоша техника на сечење | види Совети за работа (слика E) | |
| Батеријата не е сосем полна Наполнете ја батеријата, исто така погледнетево Забелешки за полнење | ||
| Сечилото се двжи бавно или анти-блок механизмот не работи | Празна батерија Наполнете ја батеријата, исто така погледнетево Забелешки за полнење | |
| Батеријата е чувана на температура пониска од дозволената работна температура | Оставете ја батеријата да се загрее на собна температура (во границите од 0–35 °C) | |
Одржување и сервис
Одржување, чистење и чување
▶ Извадете ја батеријата од машината пред да работите на неа (на пример пред редовно одржување, замена на делови и слично), како и пред транспорт и складирање. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување, постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра и безбедна работа.
Не редете други предмети врз уредот.
Одржувајте ги уредот и отворите за проветрување чисти, за да функционираат добро и безбедно.
Никогаш не прскајте го уредот со вода.
Никогаш не потопувајте го уредот во вода.
Уредот складирајте го на безбедно, суво место вон допир на деца.
Не редете други предмети врз уредот.
Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со уредот.
Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги веднаш оштетените или изабените делови.
Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови.
Одржување на батеријата
За да постигнете оптимална употреба на батеријата следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:
– Заштитете ја батеријата од влага и вода.
– Складирајте ја батеријата во граници на температура од –20 °C – 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример во автомобил на лето.
– Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во уредот.
– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на дирекна сончева светлина.
– Оптималната температура за чување на батеријата изнесува 5 °C.
– Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така їе најдете
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните уреди, батериите, опремата и амбалажите треба да се сортираат за повторна употреба.

Не фрлајте ги уредите и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 180).
Батерии:
▶ При отстранување, вградената батерија смее да се извади само од страна на стручен персонал. Со отворање на поклопецот на куќиштето, уредот може да се оштети.
Не фрлајте ги батериите во домашната канта за ўубре, во орган или во вода. Доколку е возможно батериите треба да се отстрануваат испразнети, собрани, рециклирани или еколошки згрижени.
Srpski
Sigurnosne napomene
Objašnjenje simbola

Pročitajte uputstvo za rad.

Ne koristiti na kiši.

Nosite zaštitu za oči.

Izvadite akumulator pre obavljanja radova podešavanja ili čišćenja na baštenskom uređaju ili ako baštenski uređaj ostane neko vreme bez nadzora.
