HISENSE H20MOMSS4H - Печка

H20MOMSS4H - Печка HISENSE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот H20MOMSS4H HISENSE во PDF формат.

📄 280 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice HISENSE H20MOMSS4H - page 131
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за H20MOMSS4H HISENSE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Печка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник H20MOMSS4H - HISENSE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. H20MOMSS4H на марката HISENSE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК H20MOMSS4H HISENSE

Упатства за употреба / Микробрановата печка

MK 131

Manual de utilizare / Microunde

RO 146

Искрено ви благодариме за купувањето на овој производ. Веруваме дека наскоро їе најдете довольно докази оти навистина може да сметате на нашите производи. За да го олесниме користењето на апаратот, го приложуваме ова сеопфатно упатство за употреба.

Упатството треба да ви помогне да се запознаете со вашиот нов апарат. Ве молиме внимателно прочитајте го пред првпат да го користите апаратот .

Во секој случај, проверете дали апаратот ви е испорачан неоштетен. Доколку откриете штета при транспортот, контакрајте со вашиот продажен претставник или со регионалниот магацин откај што е испорачан производот. Телефонскиот број Ѽе го најдете на сметката или на испратницата.

Ви посакуваме многу задоволство со вашиот нов апарат за домакинство.

HISENSE H20MOMSS4H - 1

Апарат за домаćинство за загревање храна и пијалаци со помош на електромагнетна енергија, само за внатрешна употреба

Ова упатство е наменето за корисникот.

Тука е опишана печката и како да се користи. Важи и за други типови апарати, па затоа ќе најдете описи на функции што можеби не се однесуваат на вашиот апарат.

Го задржуваме правото на промени и грешки во упатството за употреба.

HISENSE H20MOMSS4H - 2

Никогаш не допирајте ги површините на апаратите за загревање или готвење. Тие се вжештуваат при работа. Чувајте ги децата на безбедно растојание. Постои ризик од изгореници!

HISENSE H20MOMSS4H - 3

Микробранова енергија и висок напон! Не вадете го капакот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Апаратот и неговите пристапни делови се вжештуваат при употреба. Треба да се внимава да не се допираат грејните елементи. Децата помали од 8 години треба да се држат подалеку, освен ако не се под постојан надзор. Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со апаратот. Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години па нагоре и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или недоволно искусство и знаење ако се под надзор, т.е. ако добијат инструкции за безбедно користење на апаратот и ако ги разбираат поврзаните опасности. Децата не треба да си играат со апаратот. Тие не треба да го чистат и одржуваат, освен ако не се постари од 8 години и се под надзор.

Чувајте го апаратот и неговиот кабел подалеку од дофат на деца помали од 8 години.

- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога апаратот работи во комбиниран режим, децата треба да ја користат печката само под надзор на возрасен поради создадените температури; (Само за моделот со грил-функција);

  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата или гумата на вратата се оштетени, печката не смее да работи се додека не ја поправи компетентно лице;
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасно е кој било, освен компетентно лице, да врши сервисирање или поправка што опфака отстранување на капакот кој обезбедува заштита од изложување на микробранова енергија;
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течности и друга храна не смее да се загреваат во затворени садови бидејки може да експлодираат.
  • Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со апаратот.
  • Не вадете ги ногарките на печката и не блокирајте го воздухот во неа.
  • Користете само прибор што е погоден за употреба во микробранови печки.
  • Кога загревате храна во пластични или хартиени садови, внимавајте на печката поради можноста за палење.
  • Ако забележите чад, исключете го апаратот или извадете го од струја и држете ја вратата затворена за да се задуши пламенот.
  • Загревањето на пијалаци во микробранова печка може да доведе до одложено еруптивно вриење, па затOA мора да се внимава при ракување со садот.
  • Содржината на шишиња и теглички со храна за бебиња треба да се промеша или протресе, а температурата да се провери пред да се консумира, за да се избегнат изгореници.

  • Јајцата во лушпа и цели тврдо варени јајца не треба да се загреваат во микробранова печка, бидејки може да експлодираат, дури и кога загревањето во печката завршило.

  • Кога ги чистите површините на вратата, гумата околу вратата и внатрешноста на печката, користете само благи, неабразивни сапуни или детергенти кои се нанесуваат со сунгер или со мека крпа.
  • Печката треба редовно да се чисти и да се отстрануваат сите наслаги од храна.
  • Неодржувањето на печката во чиста состојба може да доведе до пропаѓање на површината, што може негативно да влијае врз векот на траење на апаратот и евентуално да доведе до опасна ситуација.
  • Ако доводниот кабел е оштетен, мора да биде заменет од производителот, неговиот сервисер или слично квалификувано лице за да се избегне опасност.
  • Не оставајте кабелот да виси над работ од масата или работната површина.
  • За да избегнете опасна ситуација, никогаш не поврзувајте го овој апарат на надворешен тајмер или систем за далечинско управување.
  • Никогаш не менувајте ја светилката внатре во печката. Секогаш мора да ја замени сервисер на Хајсенс.
  • Не чистете го апаратот со чистачи на пареа, средства за чистење под притисок, остри предмети, абразивни средства за чистење и абразивни сунгери и отстранувачи на дамки.

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ОПШТА УПОТРЕБА

Како и кај сите апарати, подолу се наведени одредени правила и заштитни мерки што треба да се следат за да се гарантираат врвни перформанси на оваа печка:

  1. Kога ја користите печката, секогаш нека ви бидат наместо стаклената чинија, ротирачките краци, спојката и ротирачката шина.
  2. Освен за подготовка на храна, не користете ја печката за друга намена, како на пример, за сушење облека, хартија или други непрехранбени производи, или за стерилизирање.
  3. Не ракувајте со печката кога е празна. Ова може да ја оштети.
  4. Не користете ја внатрешноста на печката за складирање, како на пр., хартии, книги за готвење и сл.
  5. Не гответе храна обвиена со мембрана, како што се жолчки од јајце, компири, пилешки цигери и сл. без претходно да ја избоцкате неколкупати со виљушка.
  6. Не вметнувајте никаков предмет во отворите на надворешното кукиште.
  7. Во ниеден момент не отстранувајте делови од печката како што се ногарките, спојката, шрафовите и сл.
  8. Не гответе храна директно на стаклената чинија. Ставете ја храната во/на соодветен сад за готвење пред да ја ставите во печката.
  • Не користете метални тави или садови со метални рачки.
  • Не користете ништо со метална облога.
  • Не користете жичени врвци обвиени со хартија на пластични кеси.
  • Не користете меламински садови оти тие содржат материјал што ја апсорбира микробрановата енергија. Ова може да предизвика пукање или јагленосување на садовите и єе ја намали брзината на готвење.
  • Не користете садови Центура. Глазурата не е погодна за употреба во микробранова печка. Не треба да се користат чаши со затворена рачка на Корел Ливингвер (Corelle Livingware).
  • Не гответе во сад со ограничен отвор, како шише со тапа или запечатено шише со масло, бидејки може да експлодираат ако се загреат.
  • Не користете обични термометри за месо или слатки.
  • Постојат специјални термометри за готвење во микробранова печка. Тие може да се користат

  • Приборот за микробранови печки треба да се користи само според упатствата на производителот.

  • Не пржете храна во печката.

  • Запомнете дека микробрановата печка ја загрева само течноста во садот, но не и самиот сад. Затоа, иако капакот на садот не е жежок на допир кога єе се извади од

печката, запомнете дека храната/течноста внатре će испушта исто количество пареа и/или će прска кога će се извади капакот како и кај обично готвење.

  1. Секогаш сами проверете ја температурата на зготвената храна, особено ако загревате или готвите храна/течност за бебиња. Препорачливо е никогаш да не консумирате храна/течност директно од печката, туку оставете ја да отстои неколку минути и промешајте ја за топлината рамномерно да се распредели.

  2. Храна што содржи мешавина од маснотии и вода, на пр., супа, треба да отстои 30-60 секунди во печката откако ке се ислучи. Ова е за да се овозможи смесата да се смири и да се спречи клокотење кога ке се стави лажица во храната/течноста или кога ке се додаде коцката супа.

  3. Кога подготвувате/готвите храна/течност, запомнете дека има одредени намирници, на пр., пудинг, цем и мелено месо, кои многу бргу се загреваат. Кога загревате или готвите храна со висока содржина на масти или шекер, не користете пластични садови.

  4. Садот за готвење може да се вжешти поради топлината што се пренесува од загреаната храна. Ова е особено точно ако горниот дел и рачките на садот биле покриени со пластична фолија. Можеби їе бидат потребни држачи за ракување со садот.

  5. За да се намали ризикот од пожар во внатрешноста на печката:

a) Не преварувајте ја храната. Внимателно следете ја микробрановата печка ако внатре има хартија, пластика или други запаливи материјали за да се олесни готвењето.

b) Отстранете ги жичените врвци од кесите пред да ја ставите кесата во печката.

с) Ако материјалите во печката случајно се запалат, оставете ја вратата затворена, исключете ја печката од струја или исключете го напојувањето кај осигурувачот или на разводната табла.

КОНТРОЛЕН ПАНЕЛ

HISENSE H20MOMSS4H - КОНТРОЛЕН ПАНЕЛ - 1

text_image Potato Pasta Pizza Popcorn Vegetable Beverage Meat Reheat Fish Microw. Defrost Timer 1 2 3 4 5 6 7 8 9 STOP 0 START Cancel Clock +30 Sec

EKPAH

Ги прикажува часовникот, времето на готвење и нагодувањето.

ОДМРЗНВАЊЕ (DEFROST)

Ова копче служи за одмрзнување на храната според време и тежина.

МИКРОБРАНОВА (MICROW.)

Со ова копче се избира степенот на силина на микробрановата печка.

ЧАСОВНИК (CLOCK)

Задржете го ова копче 3 секунди за да го нагодите часовникот.

TAJMEP (TIMER)

Со ова копче се нагодува функцијата на тајмерот. ИКОНИ

Со овие копчиња се нагодуваат времето и тежината на храната, и се избираат програмите од автоматското мени.

0 - 9

Со овие копчиња се внесува времето на готвење и тежината.

СТОП/ОТКАЖИ (STOP/CANCEL)

Задржете 3 секунди за заклучување на бравата.

CTAPT/+30 CEK (START/+30 SEC)

Со ова копче се започнува брзо готвење од 30 секунди, се зголемува времето на готвење за 30 секунди (со секое притискање) или се потврдуваат нагодувањата за готвење.

HISENSE H20MOMSS4H - CTAPT/+30 CEK (START/+30 SEC) - 1

text_image 1. 2. 3. 4. 5. 6.
  1. Систем за безбедно заклучување на вратата
  2. Прозорец на печката
  3. Ротирачки обрач
  4. Стаклена чинија
  5. Контролен панел
  6. Брановод (ве молиме не отстранувајте ја лискунската плоча што го покрива брановодот)

ЧАСОВНИК

Печката е опремена со дигитален часовник. Кога таа е во режим на подготвеност, часовникот може да се нагоди со притискање на копчето Clock 3 секунди.

  1. Притиснете ги нумеричките копчиња (0-9) и внесете го времето. На пример, за да го внесете тековното време 12:30, треба да притиснете „1“, „2“, „3“, „0“. Внесениот час треба да биде во рамките од 1 до 24, а вни минути од 0 до 59.
  2. Притиснете го копчето START за да завршите со нагодувањето на часовникот. Ке започне да трепка символот „:“. Часовникот е нагоден.

НАПОМЕНА:

Часовникот треба да ви биде нагоден пред користење на печката.

TAJMEP

Употребете го тајмерот (штоперицата) за да нагодите аларм.

  1. Стиснете го копчето Timer. На екранот єе се прикаже „”.
  2. Притиснете ги нумеричките копчиња (0-9) и внесете го времето на тајмерот. Најдолгото време што може да го поставите е 99 минути и 99 секунди
  3. Стиснете START за да го потврдите нагодувањето.
  4. Штом će помине времето, микробрановата će се огласи и će се врати во почетна состојба.

МИКРОБРАН.

НАПОМЕНА:

  • Кога работи кујнскиот тајмер, не може да се користат други функции.
  • Кога микробрановата не се користи, оваа функција ви овозможува да ја користите како тајмер.
    • Ве молиме проверете дали часовникот е нагоден.

Има пет степени на силина, 100P, 80P, 50P, 30P и 10P. Континуирано притискајте „Microw.“ и изберете ја саканата силина. Притиснете го нумеричкото копче 0\~9 за да го внесете времето на готвење, максимальното време што може да се внесе е 99:99. Потоа притиснете го копчето „START/+30s“ за да ја активирате печката. Звук на зуење ве известува дека операцијата е завршена.

НАПОМЕНА:

Различна силина е погодна за различна храна.

HIGH (СИЛНО)Силина од 100%за брзо и целосно варење
M.High (Средно силно)Силина од 80% за средно експресно варење
Med (Средно)Силина од 50%за готвење храна на пареа
M.Low (Средно тивко)Силина од 30% за одмрзнување храна
LOW (ТИВКО)Силина од 10%за одржување на топлината

ABTOMATCKO

ГОТВЕНЬЕ

За храната во автоматското мени, треба да се нагодат само видот на храната и тежината/количината. Печката ке ви помогне во нагодување на силината и времето.

На пример: Ако сакате да зготвите 2 компира, следете ги чекорите подолу:

  1. Притискајте го копчето Компир (Potato) повекепати за да ја изберете опцијата за тежина. За повеće информации, погледнете ја табелата со мени за автоматско готвење.
  2. Стиснете START за да го потврдите и започнете готвењето.
МениЕкранТежинаВреме
Пуканки (Popcorn)100100g2'50"
Компир (Potato)250250g7'30"
500500g11'00"
750750g15'00"
Пица (Pizza)200200g3'00"
400400g5'00"
Зеленчук (Vegetable)(смрзнат)200200g6'00"
400400g9'00"
600600g14'00"
Пијалак (Beverage)1250ml1'30"
2500ml2'10"
3 750ml 3'40"
Мeco (Meat)200200g8'30"
400400g10'30"
600600g12'30"
Подгревање (Reheat)200200g2'40"
400400g4'20"
600600g6'00"
800800g8'00"
10001000g9'00"
Риба (Fish)200200g7'30"
400400g9'30"
600600g11'30"

НАПОМЕНА:

  • Одредена храна можеби ке треба да ја превртите при готвењето за целосно да се зготви и рамномерно да се зарумени.
  • Густината и набиеноста на храната може да влијаат врз времето на готвење.
  • Сите времиња на готвење се само приближни; приспособете ги на преферираните вкусови и рецепти.
  • Користете само соодветни садови и просирна фолија за микробранова печка. Избоцкајте ја фолијата со виљушка пред готвењето.

ОДМРЗНУВАЊЕ СПОРЕД ТЕЖИНА (WEIGHT DEFROST) dEF1

Печката овозможува одмрзнување на месо, живина и морски плодови. Времето на одмрзнување и силината єе се прилагодат автоматски според претходно поставената тежина. Тежината на храната за одмрзнување може да биде меѓу 100g и 1500g.

  1. Стиснете го копчето Weight Defrost и на екранот ке с прикаже „0“.
  2. Притиснете ги нумеричките копчиња (0-9) за да ја внесете тежината. На пример, внесете ја тежината со притискање „6“, „0“, „0“ за 600g.
  3. Стиснете START за да го потврдите и започнете готвењето.

НАПОМЕНА:

При одмрзнување, печката автоматски će испушти звучен сигнал двапати на половина од процесот. Ова е за да ве потсети да ја превртите храната. Кога će го направите тоа, затворете ја вратата и притиснете START.

Големи парчиња може да останат замрзнати во средината.

Затоа, за време на одмрзнувањето, одвреме-навреме превртете ги и раскршете ги на помали парчиња за рамномерно да се одмрзнат.

Исцедете ја течноста при одмрзнувањето, бидејки соковите може да се загреат и да ја сварат храната.

ОДМРЗНУВАЊЕ СПОРЕД ВРЕМЕ (TIME DEFROST) dEF2

БРЗ СТАРТ (QUICK START)

БЛОКАДА ЗА ДЕЦА (CHILD LOCK)

Печката овозможува и брзо одмрзнување.

  1. Притиснете Time Defrost и на екранот ке се прикаже „:”.
  2. Притиснете ги нумеричките копчиња (0-9) за да го внесете времето на одмрзнување. На пример, со притискање на „5“, „3“, „0“ внесувате време на одмрзнување од 5 минути и 30 секунди.
  3. Стиснете START за да го потврдите и започнете готвењето.

НАПОМЕНА:

Големи парчиња може да останат замрзнати во средината. Затоа, за време на одмрзнувањето, одвреме-навреме превртете ги и раскршете ги на помали парчиња за рамномерно да се одмрзнат. Исцедете ја течноста при одмрзнувањето, бидејки соковите може да се загреат и да ја сварат храната.

Совети за користење на печката

Користете ја оваа функција за брзо загревање (100% силина на микробрановата) или готвење на вашата храна. Во режимот на подготвеност, притиснете го копчето START и печката će работи 30 секунди. Со секое последователно притискање на START, времето на работа će се продолжува за 30 секунди.

НАПОМЕНА:

Со повторно притискање на копчето START, времето на готвење єе се продолжи за 30 секунди во сите програми освен во автоматскиот режим, готвењето во повеće чекори и во режимот на автоматско одмрзнување.

Користете ја оваа функција за блокирање на контролниот панел кога чистите, или за децата да не можат да ја користат печката без надзор. Сите копчиња се оневозможени во овој режим.

1) Блокирање: Задржете го копчето STOP околу 3 секунди.
2) Одблокирање: Задржете го копчето STOP околу 3 секунди.

  1. Исключете ја печката и извадете го приклучокот за струја од сидниот штекер пред да ја чистите.
  2. Одржувајте ја внатрешноста чиста. Ако на сидовите се налепат остатоци од храна и течност, избришете ги со влажна крпа. Не се препорачува употреба на остар детергент или абразивни средства.
  3. Надворешната површина треба да се чисти со влажна крпа. За да се спречи оштетување на работните делови во печката, не треба да се дозволи навлегување на вода во отворите за вентилација.
  4. Не дозволувајте контролниот панел да се навлажни. Чистете со мека, влажна крпа. Не користете детергенти, абразиви или средства што се прскаат на контролниот панел.
  5. Ако се насобере пареа внатре или околу надворешната страна на вратата, избришете ја со мека крпа. Ова може да се случаи кога микробрановата печка работи во услови на висока влажност и во никој случај не значи неисправност на апаратот.
  6. Повремено е потребно да се извади стаклената чинија за да се исчисти. Измијте ја чинијата во топла вода со пена или во машина за миење садови.
  7. Ротирачкиот обрач и долниот дел од внатрешноста на печката треба редовно да се чистат за да се избегне прекумерна бучава. Едноставно избришете ја долната површина со благ детергент, вода или средство за чистење прозорци и исушете ја. Ротирачкиот обрач се мие во благ раствор од пена и вода или во машина за миење садови. Од готвењето се насобира пареа при повекекратна употреба, но тоа не ги засега долната површина или тркалцата од ротирачкиот обрач. При вадење на обрачот од внатрешноста заради чистење, внимавајте да го вратите во исправната позиција.
  8. Отстранете ги мирисите со комбинирање на шолја вода со сок и кора од еден лимон во длабок сад за микробранова печка. Загрејте го растворот во микробрановата 5 минути, темелно избришете и исушете со мека крпа.

ЖИВОТНА

СРЕДИНА

На крајот од векот на траење, не фрлајте го апаратот заедно со вообичаен отпад од дома Kinство туку предадете го на официјално собирно место за рециклирање. Со тоа помагате да се зачува животната средина.

ИНСТАЛАЦИЈА

  1. Проверете дали сета опаковка е отстранета од внатрешната страна на вратата.
  2. По отпакувањето, визуелно проверете ја печката за оштетувања како на пр.:
  3. Неправилно поставена врата
  4. Оштетена врата
  5. Вдлабнатини или дупки на прозорецот и екранот на вратата
  6. Вдлабнатини во внатрешноста
    Ако се гледа нешто од горенаведеното, НЕ користете ја печката.
  7. Оваа микробранова печка тежи 10 kg и мора да биде поставена на хоризонтална површина што е довольно цврста за да ја издржи оваа тежина.
  8. Печката мора да се постави подалеку од висока температура и пареа.
  9. НЕ ставајте ништо врз печката.
  10. Чувајте ја печката најмалку 20 см подалеку од двата странични сида и 30 см од горниот сид за да се обезбеди правилна вентилација.
  11. HE отстранувајте ја погонската спојка на ротирачката чинија.
  12. Како и кај секој апарат, неопходен е буден надзор кога печката ја користат деца.
    Проверете дали штекерот за наизменична струја е лесно достапен за приклучокот да може бргу да се извади во итен случај. Инаку, треба да биде можно уредот да се исклучи со помош на прекинувач од колото. Во ваков случај, се земаат предвид постојните одредби од стандардите за електрична безбедност.
    Производот треба правилно да се инсталира на заземјен штекер со еднофазна наизменична струја (230 V/50 Hz).
    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОВОЈ АПАРАТ МОРА ДА БИДЕ ЗАЗЕМЈЕН!
  13. За оваа печка потребен е влез од 1,1 kVA, се предлага консултација со сервисен инженер при нејзино инсталирање.

ВНИМАНИЕ: Оваа печка е внатрешно заштитена со осигурувач од 250 V, 8 ампери.

СПЕЦИФИКАЦИИ

HISENSE H20MOMSS4H - ВНИМАНИЕ: Оваа печка е внатрешно заштитена со осигурувач од 250 V, 8 ампери. - 1

Потрошувачка на струја..... .. 230-240V \~50Hz, 1100W

Работна фреквенција.... 2450MHz

Надворешни димензии....455 x 261 x 326 mm

Овој апарат е означен според европската директива 2012/19/EУ за отпадна електрична и електронска опрема (WEEE).

Ова упатство е важечка рамка за враќање и рециклирање на отпадна електрична и електронска опрема низ цела Европа.

ДИМЕНЗИИ, МОНТАЖА

HISENSE H20MOMSS4H - Овој апарат е означен според европската директива 2012/19/EУ за отпадна електрична и електронска опрема (WEEE). - 1

text_image 0 cm 30 cm 20 cm 20 cm min 85 cm 20 cm

Микробрановата печка може да предизвика пречки на вашето радио, ТВ или слична опрема. пречки, тоа може да се елиминира или намали со следниве постапки.

a) Исчистете ги вратата и гумата на печката.
b) Ставете ги радиото, телевизорот и сл. што подалеку од микробрановата печка
с) Користете правилно инсталирана антена за вашето радио, ТВ, и сл. за да имате прием на силен сигнал.

ГО ЗАДРЖУВАМЕ ПРАВОТО НА ПРОМЕНИ КОЙ НЕ ВЛИЈАЈАТ ВРЗ ФУНКЦИОНАЛНОСТА НА АПАРАТОТ.

  1. Ако печката воопшто не работи, информациите на екранот не се појавуваат или приказот исчезнал:

a) Проверете дали печката е безбедно приключена. Ако не е, извадете го приключокот од штекерот, почекајте 10 секунди и повторно безбедно приключете го.
b) Проверете да не изгорел осигурувач или да не паднал главниот прекинувач. Ако тие работат правилно, проверете го штекерот со друг апарат.

  1. Ако микробрановата енергија не функционира во печката:

a) Проверете дали тајмерот е нагоден.
b) Проверете дали вратата е добро затворена за да се активираат безбедносните блокади. Во спротивно, микробрановата енергија нема да тече во печката.

Ако ништо од претходното не ја поправи ситуацијата, контактирајте со најблискиот овластен сервисер.

Апарат за домаćинство за загревање храна и пијалаци со помош на електромагнетна енергија, само за внатрешна употреба

ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС

Ако ви требаат информации или ако имате проблем, ве молиме контактирајте со Центарот за грижа за корисници на Хајсенс во вашата земја (телефонскиот број їе го најдете во светскиот гарантен лист). Ако не постои Центар за грижа за корисници во вашата земја, одете кај вашиот локален продавач на Хајсенс или контактирајте со Севисниот оддел за домашни апарати на Хајсенс.

Само за лична употреба!

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : HISENSE

Модел : H20MOMSS4H

Категорија : Печка