BOSCH GFA 12-H Professional - шрафцигер

GFA 12-H Professional - шрафцигер BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GFA 12-H Professional BOSCH во PDF формат.

📄 199 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GFA 12-H Professional - page 138
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GFA 12-H Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот шрафцигер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GFA 12-H Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GFA 12-H Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GFA 12-H Professional BOSCH

Македонски...... Страница 137

Srpski ...... Strana 143

Slovenščina ....Stran 149

Hrvatski ....Stranica 154

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.

Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.

▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори,

метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.

▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за чекани

Безбедносни упатства за сите типови работа

▶ Носете штитници за уши. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
▶ Користете дополнителни рачки, доколку се испорачани со алатот. Губење на контрола може да предизвика телесни повреди.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во

допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.

Безбедносни упатства при користење на долги бургии со ротирачки хилти

▶ Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
▶ Притискајте само во директна линија со бургијата и не вршете преголем притисок. Бургиите може да се искриват и скршат, со што може да изгубите контрола и да се повредите.

Дополнителни безбедносни напомени

Доколку се блокира алатот што се вметнува, веднаш исключете го електричниот алатот. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, ако електричниот алат се преоптовари или се навали кон делот што се обработува.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушки чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH GFA 12-H Professional - Дополнителни безбедносни напомени - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Kratko по употребата не ги допирајте алатите за вметнување или соседните делови на кукиштето. За време на работата тие може да бидат многу жешки и да предизвикаат изгореници.
▶ Алатот за вметнување може да се заглави за време на дупчењето. Обезбедете сигурна положба и цврсто држете го електричниот алат со двете раце. Во спротивно, може да ја изгубите контролата врз електричниот алат.
▶ Бидете внимателни за време на кршењето со длето. Деловите што пајаат од материјалот за кршење може да ги повредат присутните или себе си.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GFA 12-H Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат (GSR 12V-15 FC/GSR 12V-35 FC со додаток за ударен чекан GFA 12-H) е наменет за ударно дупчење во бетон, цигли и камен.

Додатокот за ударен чекан GFA 12-H смее да се користи ислучиво со батериска дупчалка-одвртувач GSR 12V-15 FC и GSR 12V-35 FC.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Прифат
(2) Прстен за подесување во претходно избран вртежен момент
(3) Прекинувач за избор на брзина
(4) Копче за отклучување на батерија ^3)
(5) Батерија ^a)
(6) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(7) Прекинувач за вклучување/исклучување
(8) Приказ за наполнетост на батеријата
(9) Работно светло
(10) Прстен за блокирање
(11) Држач за појас
(12) Додаток за ударен чекан GFA 12-H
(13) Помошна рачка со граничник за длабочина
(14) Рачка (изолирана површина на рачката)
(15) Лазиче за заклучување

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.

Обем на испорака

Додаток за чекан (12), дополнителна рачка со граничник за длабочина (13) и стега за прицврстување појас (11). Алатот за вметнување и опишаната опрема прикажана на сликите не се дел од стандартниот обем на испорака.

Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Додаток за чекан со дополнителна дршка GFA 12-H GFA 12-H
Број на дел1 600 A01 L1N1 600 A01 L1N
Батериски одвртувач/зашрафувач GSR 12V-15 FC GSR 12V-35 FC
Број на дел3 601 JF6 0..3 601 JH3 0..
Број на вртежи во празен од ^A) min ^-1 0–1 300 0–1 750
Број на удари ^A) min ^-1 2 600 3 700
Номинален напон V= 12 12
Макс. дупка-∅
– Бетон mm 10 10
– Süd mm 16 16
Тежина ^B) kg 2,3–2,5 2,2–2,4
Препорачана околна температура при полнење°C 0 ... +35 0 ... +35

Додаток за чекан со дополнителна дршка GFA 12-H GFA 12-H

Дозволена околна температура при работење и при складирање

^ C - 20 +50 - 20 +50

A) Мерено при 20-25 °C со батерија GBA 12V 6.0Ah.

В) во зависност од употребената батерија

Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-6.

GSR 12V-15 FC:

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 90,5 dB(A); ниво на звучна јачина 98,5 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

GSR 12V-35 FC:

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 91 dB(A); ниво на звучна јачина 99 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-6:

GSR 12V-15 FC:

Ударно дупчење во бетон: a_h = 13,1 m/s^2, K = 1,5 m/s^2 ,

GSR 12V-35 FC:

Ударно дупчење во бетон: a_h = 15,2 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2 , Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Монтажа

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Промена на алат

Капакот за заштита од прав го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав е оштетен.

▶ Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.

Извадете го алатот за вметнување.

Вметнете го додатокот во прифатот (1). Свртете го прстенот за блокирање (10), додека не слушнете да се вклопи.

Вметнување на SDS plus-алатот за вметнување во додатокот (види слика В)

Co SDS plus главата за дупчење може едноставно и лесно без користење на дополнителни алати да го замените алатот што се вметнува.

– Вметнете го алатот за вметнување до крај во прифатот на чаурата за заклучување.

– Проверете дали е заклучен со повлекување на алатот.

Вадење на алатот за вметнување (види слика С)

Повлечете ја чаурата за заклучување наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење.

Навалување на дополнителната рачка (види слика Н)

Дополнителната рачка (13) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.

– Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (13) во правец спротивно на стрелките од часовникот и навалете ја (13) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (13) во правец на стрелките од часовникот.

Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.

Подесување на длабочината на дупчење (види слика I)

Со граничникот за длабочина може да се утврди длабочината на дупчење X.

142 | Македонски

Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (13).

Избраздениот дел на граничникот за длабочина мора да покажува нагоре или надолу.

– Вметнете го SDS plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS plus. Инаку, доколку SDS plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење.
– Извлечете го граничникот за длабочина до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина ће одговара на саканата длабочина на дупчење X.

Извадете го алатот за вметнување.

Одблокирајте го додатокот во правец и извадете го од прифатот (1).

Всисување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

Употреба

Ставање во употреба

Избирање на режимот на работа дупчење или ударно дупчење (види слика D)

Поставете го прстенот за подесување на претходното избирање на вртежен момент (2) на ознаката „Дупчење“.

Подесување правец на вртење (види слики E-F)

▶ Прекинувачот за менување на правецот на вртење (6) активирајте го само кога електричниот алат е во мирување.

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (6) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за

вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е ВОЗМОЖНО.

Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (6) налево до крај.

Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (6) на десно до крај.

Механички избор на брзини

▶ Прекинувач за избор на брзина (3) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
▶ Прекинувачот за избор на брзини секогаш притискајте го до крај. Инаку електричниот алат може да се оштети.

Со прекинувачот за избор на брзини (3) може да изберете 2 брзини.

Позиција на прекинувач от за избор на брзини (3)Број на вртежиВртежен моментОбласт на примена

1 Ниско Високо За тешки задачи:

на пр. дупчење со чекан со голем дијаметар
2 Високо Ниско За лесни задачи:на пр. дупчење со чекан со мал дијаметар

Вклучување/исклучување

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување (7) и држете го притиснат.

Работното светло (9) свети при малку или целосно притиснат прекинувач за включување/исклучување (7) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.

Работното светло (9) свети околу 10 секунди по отпуштање на прекинувачот за вклучување/исклучување (7).

Поставување на број на вртежи

Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ће го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (7).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (7) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.

По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

Стега за прицврстување појас(види слики K-L)

Со стегата за прицврстување појас (11) можете да го закачите додатокот на пр. на појас. Така двете дланки їе ви бидат слободни, а додатокот їе го имате на дофат во секое време.

  • За време на монтажата, проверете дали јазичето за заклучување (15) на држачот за појас е вклопен во отворот на куќиштето на додатокот.
  • За да го демонтирате држачот за појасот, малку подигнете го јазичето за заклучување (15) со зашилен предмет и извлечете ја стегата за прицврстување појас.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Чистете го алатот за вметнување, додатокот за ударен чекан GFA 12-H со држач за алат и отворите за вентилација на електричниот алат по секоја употреба.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ke Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на:

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GFA 12-H Professional - Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на: - 1

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ўубре!

Само за земјите од ЕУ:

Електричните алати кои повеće не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.

Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт Транспорт.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GFA 12-H Professional

Категорија : шрафцигер