NA120 - фритеза PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот NA120 PHILIPS во PDF формат.
Прашања на корисниците за NA120 PHILIPS
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот фритеза во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник NA120 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. NA120 на марката PHILIPS.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК NA120 PHILIPS
Гаранција и поддршка 322
Вовед 322
Општ опис 322
Пред првото користење 322
Подготовки пред прва употреба 322
Користење на апаратот 322
Чистење 327
Складирање 329
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Опасност

- Немојте да го поставувате апаратот на или близу до жежок плински шпорет, каков било електричен шпорет и електрични грејни плочи или во загреана rerна.
- Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту да го плакнете под чешма.
- За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода или друга течност во апаратот.
- Состојките за пржење секогаш ставајте ги во садот за да не дојдат во допир со грејните елементи.
- Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух додека работи апаратот.
- Немојте да го полните садот со масло бидејки тоа може да предизвика пожар.
- Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за напојување или самиот апарат.
- Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста на апаратот додека работи.
- Никогаш немојте да ставате количина на храна што го надминува максимальното ниво означено во садот.
- Секогаш проверувајте дали грејачот е слободен и дали има заглавено храна во грејачот.
Предупредување
- Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да го замени компанијата Philips, нејзин сервисер или други лица со слични квалификации за да се избегне опасност.
- Апаратот приклучувајте го само во заземјен сиден штекер, заштитен со земјоспојно реле.

- Секогаш проверувајте дали приклучокот правилно сте го вметнале во штекерот.
- Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен тајмер или со засебен систем за далечинско управување.
- Површините што се допираат може да станат врели додека работи апаратот.
- Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искусство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности.
- Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистење и корисничко одржување смеат да вршат деца постари од 8 години под надзор на возрасно лице.
- Апаратот и кабелот држете ги подалеку од дофат на деца помлади од 8 години.
- Немојте да го потпирате апаратот на сид или на други апарати. Оставете најмалку 10 см слободен простор од задната страна, од двете бочни страни и над апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.
- За време на пржењето со врел воздух, од отворите за излез на воздух се ослободува врела пареа. Држете ги рацете и лицето на безбедно растојание од пареата и од отворите за излез на воздух. Исто така, внимавајте на врелата пареа и воздухот кога го вадите садот од апаратот.
- Никогаш не користете лесни сostoјки или хартија за печење во апаратот.
- Површините што се допираат може да станат врели додека работи апаратот.
- Складирање компири: температурата мора да биде соодветна на складираната сорта компир и мора да биде над 6 °C за да се минимизира ризикот од изложеност на акриламид во подготвената храна.
- Никогаш немојте да го полните садот со масло.
- Апаратот е предвиден за употреба при амбиентални температури помеѓу 5 °C и 40 °C.
- Пред да го включите апаратот, проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
- Кабелот за напојување држете го подалеку од жешки површини.
- Немојте да го поставувате апаратот на или близу до запаливи материјали како што се чаршаф или завеса.
- Апаратот употребувајте го единствено за намените опишани во овој прирачник и користете само оригинални додатоци од Philips.
- Не оставајте апаратот да работи без надзор.
- Садот и додатоците ставени во комората за готвење стануваат врели во текот и по користењето на апаратот, па секогаш ракувајте со нив внимателно.
- Пред првото користење на апаратот темелно исчистете ги деловите што доағаат во допир со храната. Погледнете ги упатствата во прирачникот.
Внимание
- Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во дома Kinства. Не е наменет за употреба во опкружања како што се кујни за персонал во продавници, канцеларии, фарми или други работни опкружања. Не е наменет ниту за употреба од клиенти во хотели, мотели, угостителски објекти кои нудат нокевање и појадок и други видови сместување.
- Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето ако го оставате без надзор, како и пред склопување, расклопување, складирање или чистење.
- Поставете го апаратот на хоризонтална, рамна и стабилна површина.
- Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за професионални или полупрофесионални цели или ако не се користи во согласност со упатствата во прирачникот за корисници, гаранцијата će биде поништена и Philips нема да прифати одговорност за настанатата штета.
- Ако е потребна проверка или поправка на апаратот, секогаш носете го во овластен сервисен центар на Philips. Не обидувајте се сами да го поправате апаратот, во спротивно гаранцијата єе биде поништена.
- Секогаш ислучувајте го апаратот од штекер по користењето.
- Оставете го апаратот да се олади приближно 30 минути пред да ракувате со него или да го чистите.
- Внимавајте состојките подготвени во овој апарат да бидат златножолти, а не темни или кафени.
- Отстранете ги загорените остатоци. Не пржете свежи компири на температура поголема од 180 °C (со цел создавањето на акриламид да се сведе на минимум).
- Бидете внимателни кога го чистите горниот дел од комората за готвење: Жежок греен елемент, раб на металните делови и заштита од прскање.
- Секогаш проверувајте дали храната е целосно испржена во апаратот Airfryer.
- Внимавајте кога ја истурате зготвената храна и внимавајте да не испаднат додатоците.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се однесуват на изложеноста на електромагнетни полиња.
Рециклирање


- Овој символ означува дека електричните производи не смее да се фрлаат со обичниот отпад од дома Kinствата.
- Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните производи.
Гаранција и поддршка
Versuni нуди две годишна гаранција по купувањето на овој производ. Оваа гаранција не е важечка ако настане дефект поради неправилно користење или лошо одржување. Нашата гаранција не ги ограничува вашите законски права како потрошувач. За повеće информации или за активирање на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips!
За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Општ опис
1 Регулатор за температура
2 Регулатор за тајмерот
3 Решетка за пржење
4 Ознака MAX
5 Сад
6 Кабел за напојување
7 Дел за намотување на кабелот
8 Отвори за излез на воздух
Пред првото користење
1 Отстранете ја целата амбалажа.
2 Отстранете ги налепниците или ознаките (ако ги има) од апаратот.
3 Темелно исчистете го апаратот пред првата употреба (видете го поглавјето „чистење“).
Подготовки пред прва употреба
Ставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна површина којашто е отпорна на топлина.
Забелешка
- Не поставувајте ништо врз или од страните на апаратот. Тоа може да го попречи протокот на воздух и да влијае на пржењето.
- Немојте да го поставувате активниот апарат во близина или под предмети коишто пареата може да ги оштети, како што се сидови и ормани.
Користење на апаратот
Табела за храна
Табелата подолу ви помага да ги изберете основните поставки за видот на храна што сакате да ја подготвите.
Забелешка
- Имајте предвид дека овие поставки се предлози. Не можеме да ви гарантираме најдобра поставка за одредена состојка бидејки сите Costaјки имаат различно потекло, големина, форма и бренд.
- Кога подготвувате поголема количина на храна (на пр. помфрит, шкампи, батаци, замрзнати закуски), протресете, превртете или измешајте ги состојките во садот од 2 до 3 пати за да постигнете рамномерен резултат.
Состојки Количина Време
(мин.) Темпера- Забелешка тура
| Тенок замрзнат помфрит (7x7 mm/0,3x0,3 in) | 200-500 g 11-22 180 °C Протресете, превртете или измешајте 2-3 пати при готвењето |
| Домашен помфрит (дебелина од 10x10 mm/0,4x0,4 in) | 200-500 g 22-30 180 °C Протресете, превртете или измешајте 2-3 пати при готвењето |
| Замрзнати пилешки медалјони | 200-500 g 10-20 200 °C Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење |
| Замрзнати пролетни ролнички | 200-500 g 10-20 200 °C Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење |
| Хамбургер (приближно 150 g/5 oz) | 1-2 парчиња 12-16 150 °C |
| Ролат од месо 400-600 g 35-45 | 150 °C Користете го додатокот за печење |
| Месни котлети без коска (приближно 190 g/7 oz) | 1-2 парчиња 16-20 200 °C Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење |
| Пилешки батаци (приближно 125 g/4,5 oz) | 2-6 парчиња 18-21 180 °C Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење |
| Пилешки гради (приближно 160 g/6 oz) | 1-4 парчиња 18-21 180 °C |
| Цела риба (приближно 300-400 g/11-14 oz) | 1 парче 22 200 °C |
| Филе од риба (приближно 200 g/7 oz) | 1-3 парчиња 20-22 200 °C |
| Мешан зеленчук (крупно исечкан) | 200-500 g 15-20 180 °C Поставете го времето за готвење по ваш вкус. Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење. |
Торта 400-600 g 35-45 160 °C Користете го додатокот за
печење.
Однапред испечен леб/земички 1-5 парчиња 6-10 200 °C (приближно 60 g/1,2 oz)
Домашен леб 400-600 g 40-50 160 °C Користете го додатокот за
печење.
Обликот треба да биде колку што е можно порамен за да се избегне лебот да го допира грејниот елемент кога нараснува.
Пржење со врел воздух

text_image
7/6Внимание
- Ова е Airfryer којшто пржи со врел воздух. Немојте да го полните садот со масло, маст за пржење или друга течност.
- Не допирајте ги жешките површини. Користете ги рачките или дршките. Носете заштитни ракавици кога ракувате со врелиот сад.
- Овој апарат е наменет само за употреба во домакинства.
- Овој уред може да испушта чад при првото користење. Тоа е нормално.
- Не е потребно претходно загревање на апаратот.

1 Извадете го садот од апаратот со повлекување на рачката.

2 Ставете ја решетката за пржење во садот.

text_image
MAX3 Ставете ги состојките во садот.
Забелешка
- Во апаратот Airfryer може да подготвувате различни состојки. Погледнете ги точните количини и приближното време на готвење во „Табелата за храна“.
- Немојте да ја надминувате количината наведена во делот „Табела за храна“ или да го преполнувате садот над ознаката „MAX“ бидејки тоа може да го намали квалитетот на крајниот резултат.

4 Вратете го садот во апаратот Airfryer.
Внимание
- Никогаш не користете го садот без решетката за пржење во него.
- Не допирајте го садот за време на користењето и одредено време по употребата, бидејки е многу жежок.

5 Вметнете го приклучокот во sidниот штекер.

text_image
160°C 200°C6 Завртете го регулаторот за температура на потребната температура.

text_image
1 20 30 40 50 60 70 80 90 100 min7 Завртете го регулаторот за тајмерот на потребното време за готвење за да го включите апаратот.
Забелешка

- Некои состојки треба да се протресат или превртат на половина од времето на готвење (видете „Табела за храна“). За да ги протресете состојките, извлечете го садот и протресете го над мијалникот. Потоа вратете го садот во апаратот.
- Ако го поставите тајмерот на половина од времето на готвење и го слушнете свончето на тајмерот, време е да ги протресете или превртите состојките. Не заборавајте да го ресетирате тајмерот на преостанатото време на готвење.
- За време на готвењето, ако треба да ја промените температурата или времето на готвење, завртете ги тркалцата за контрола на потребната поставка.
8 Кога ње го слушнете свончето на тајмерот, времето на готвење изминало.
Забелешка
- Можете и рачно да го исключите апаратот. За да го сторите тоа, завртете го регулаторот за тајмерот на 0 (во спротивна насока од стрелките на часовникот); за ова е потребна малку поголема сила отколку за вртење во насока на стрелките на часовникот.
9 Извлечете го садот и проверете дали состојките се готови.
Внимание
- Садот на Airfryer е жежок по процесот на готвење. Секогаш ставајте ја на работна површина отпорна на топлина (на пр. подлога итн.) кога ње ја извадите од апаратот.
Забелешка
- Ако состојките се уште не се подготвени, турнете го садот во апаратот Airfryer и додајте неколку дополнителни минути.
10 Истурете ја храната во сад или на чинија.
Внимание
- По процесот на готвење, садот, внатрешноста и состојките се жешки. Во зависност од видот на состојките во Airfryer, од садот може да излезе пареа.
Забелешка
- За да отстраните големи или кршливи состојки, користете штипалка за да ги подигнете состојките.
- На дното од садот се собира вишокот масло или маста од состојките.
- Во зависност од видот на сostoјките што ги готвите, можеби їе сакате внимателно да го истурите вишокот масло или маснотии од садот по секоја количина, или пред да го протресете. Ставете го садот на површина отпорна на топлина. Носете заштитни ракавици за да го истурите вишокот масло или маста од храната. Вратете го садот во апаратот.
- Кога една количина состојки е подготвена, Airfryer е веднаш подготовен за подготовка на друга количина.
Подготвување домашен помфрит
За да направите одличен домашен помфрит во Airfryer:
- Изберете сорта на компир соодветна за правење помфрит, на пр. свежи, (малку) брашнести компани.
- Најдобро е помфритот да се пржи со врел воздух во количини до 500 g /18 oz за рамномерен резултат. Помфритот во поголеми количини обично е помалку крцкав од помфритот во помали порции.
1 Излупете ги компирите и исечете ги на стапчиња (дебелина од 10x10 mm / 0,4x0,4 in).
2 Потопете ги стапчињата од компир во сад со вода најмалку 30 минути.
3 Испразнете го садот и исушете ги стапчињата од компир со крпа за садови или со хартиена крпа.
4 Сипете една супена лажица масло за јадење во садот, ставете ги стапчињата во садот и мешајте сè додека стапчињата не се премачкаат со масло.
5 Отстранете ги стапчињата од садот со прсти или кујнски прибор со дупчиња за вишокот масло да остане во садот.
Забелешка
- Немојте да ја навалувате чинијата за да ги истурите сите стапчиња во садот одеднаш за вишокот масло да не влезе во садот.
6 Ставете ги стапчињата во садот.
7 Пржете ги стапчињата од компир и протресете ги 2-3 пати за време на готвењето.
Чистење

- Почекајте садот и внатрешноста на апаратот целосно да се оладат пред да започнете со чистење.
- Садот е обложен со нелеплив слој. Немојте да користите метален кујнски прибор или абразивни материјали за чистење бидејки може да го оштетат нелепливиот слој.
Исчистете го апаратот по секоја употреба. Отстранете ги маслото и маснотиите од дното на садот по секоја употреба.
1 Завртете го регулаторот за тајмерот на 0, извадете го приклучокот од сидниот штекер и оставете го апаратот да се олади.

- Извадете го садот за да овозможите побрзо ладење на Airfryer.
2 Ставете ја решетката за пржење во садот.
3 Исфрлете ги маснотиите или маслото од дното на садот.
4 Исперете ги садот и решетката за пржење во машина за садови. Можете да ги исчистите и со топла вода, течност за миење садови и неабразивен сунгер (погледнете во „Табела за чистење“).
Совет
- Ако остатоци од храна се залепат на садот или решетката за пржење, можете да ги потопите во врела вода и течност за миење садови 10-15 минути. Потопувањето ги омекнува остатоците од храната и го олеснува нивното отстранување. Користете течност за миење садови што може да ги раствори маслото и маснотиите. Ако има дамки од маснотии на садот или решетката за пржење и не сте можеле да ги отстраните со врела вода и течност за миење садови, користете течен одмастувач.
- Доколку е потребно, остатоците од храна залепени на грејниот елемент може да се отстранат со четка со меки до средни влакна. Не користете четка со челична жица или четка со тврди влакна бидејки тоа може да го оштети слојот на грејниот елемент.

5 За да избегнете гребнатинки, нежно избришете го надворешниот дел на апаратот со неистуткана, чиста и мека крпа. Започнете со малку навлажнета крпа и продолжете со сува, ако е потребно.

6 Исчистете го грејниот елемент со четка за чистење за да ги отстраните сите остатоци од храна.

7 Исчистете ја внатрешноста на апаратот со врела вода и неабразивен сунгер.
![]() | ![]() | ![]() | |
![]() | ![]() | ![]() | ![]() |
![]() | ![]() | ![]() | ![]() |
Складирање
1 Исключете го апаратот од штекер и оставете го да се олади.
2 Проверете дали сите делови се чисти и суви пред да ги складирате.
Забелешка
- Кога го носите апаратот Airfryer, држете го хоризонтално за да не паднат садовите и да се оштетат.
- Секогаш проверувајте дали отстранливите делови на Airfryer се прицврстени пред да го носите и/или складирате.
Решавање проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, посетете ја веб-страницата www.philips.com/support за да пронајдете листа на најчести прашања или обратете се на центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
| Надворешноста на апаратот се вжештува за време на употребата. | Топлината од внатрешноста се шири кон надворешните сидови. | Тоа е нормално. Рачките и копчињата коишто ги допирате за време на употребата нема да бидат топли на допир. |
| Садот и внатрешноста на апаратот секогаш се вжештуваат кога апаратот е включен за да може храната соодветно да се зготви. Овие делови се секогаш врели на допир. | ||
| Ако апаратот е включен подолго време, некои делови стануваат врели на допир. Овие делови на уредот се обележани со следната икона:[АКСТ] |
| Ако имате предвид дека одредени делови се вжештуваат и не ги допирате, уредот е целосно безбеден за употреба. | ||
| Домашниот помфрит не ми излегува како што очекував. | Не сте ја користеле соодветната сорта на компир. | За да добиете најдобри резултати, користете свеж брашнест компир. Ако треба да ги складирате компирите, немојте да ги чувате во ладна средина како, на пример, во фрижидер. Изберете компани на чие пакување пишува дека се погодни за пржење. |
| Количината на состојки во садот е преголема. | Следете ги упатствата во ова упатство за користење за да подготвите домашен помфрит. | |
| Одредени видови состојки треба да се протресат на половина од времето на готвење. | Следете ги упатствата во ова упатство за користење за да подготвите домашен помфрит. | |
| Апаратот Airfryer не се вклучува. Апаратот не е приклучен. Проверете дали приклучокот е соодветно включен во sidниот штекер. | ||
| Во штекерот се приклучени повеće апарати. | Апаратот Airfryer има голема моćност. Приклучете го во друг штекер и проверете ги осигурувачите. | |
| Забележувам лупење на одредени места во внатрешноста на мојот Airfryer. | Во садот на Airfryer може да се појават мали дамки поради случајни допири или гребење на површината (на пример, при чистење со груби алати за чистење и/или при вметнување на решетката за пржење). | Можете да спречите оштетување со правилно спуштање на решетката за пржење. Ако ја вметнете решетката за пржење под агол, нејзиниот страничен дел може да удри во sidот на садот што предизвикува лупење на мали парчиња од површинскиот слој. Во таков случај, имајте предвид дека тоа не е штетно бидејки сите материјали што се користат се безбедни за храната. |
| Од апаратот излегува бел чад. Готвите масни состојки. Внимателно истурете говишокот масло или масти од садот и продолжете со готвењето. | ||
| Садот се уште содржи масни остатоци од претходна употреба. | Белиот чад е предизвикан од масните остатоци што се загреваат во садот. Секогаш чистете ги садот и решетката за пржење темелно по секоја употреба. | |
| Лебните трошки или смесата за панирање не се залепила добро за храната. | Ситните честички од смесата за панирање што се пренесуваат во воздухот може да предизвикаат бел чад. Цврсто притиснете ги лебните трошки или смесата за панирање на храната за добро да се залепат. | |
| Маринадата, течностите или соковите од месото прскаат во насобраните маснотии. | Соберете го вишокот течности од храната со тапкање пред да ја ставите во садот. |










