AF1350DWB - фритеза GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AF1350DWB GORENJE во PDF формат.

GORENJE AF1350DWB - фритеза
📄 52 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE AF1350DWB - page 12
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Фритеза со топол воздух
Бренд Gorenje
Модел AF1350DWB
Капацитет на садот 1,3 L
Моќност 1350 W
Температурен опсег 80 °C – 200 °C
Тајмер 0 – 60 минути со автоматско исклучување
Тежина Околу 4,2 kg
Димензии (Д × Ш × В) 30 × 25 × 32 cm
Напојување 220–240 V ~ 50/60 Hz
Главни функции Пржење со топол воздух, готвење, загревање, скара
Материјал на садот Нерѓосувачки челик со нелеплив слој
Одржување и чистење Отстранлив сад и корпа, може да се мијат рачно или во машина за садови; надворешноста избришете ја со влажна крпа
Безбедност Автоматско исклучување, заштита од прегревање, ладна рачка, вентилација за спречување на прегревање
Вклучени додатоци Корпа за пржење, решетка за пржење
Гаранција 2 години (видете ја гарантната картичка)
Општи информации Само за домашна употреба; не потопувајте во вода

Често поставувани прашања - AF1350DWB GORENJE

Зошто уредот не се вклучува?
Проверете дали приклучокот е правилно вклучен во ѕиден штекер и дека тајмерот е поставен на време за готвење. Ако проблемот продолжи, контактирајте со пост-продажната служба на Gorenje.
Како да ја исчистам фритезата?
Исклучете го уредот и почекајте да се излади 30 минути. Извадете го садот и корпата, измијте ги со топла сапуница или во машина за садови. Избришете ја надворешноста со влажна крпа. Никогаш не го потопувајте куќиштето во вода.
Може ли да користам масло во фритезата со топол воздух?
Да, можете да додадете малку масло врз храната за да биде похраста, но не е потребно да го наполните садот. Фритезата користи топол воздух за готвење.
Зошто мојата храна не се готви рамномерно?
Ова може да се случи ако корпата е премногу наполнета. Намалете ја количината и промешајте ја храната на половина од времето. Исто така проверете ја температурата и времето.
Што да правам ако излегува црн чад од уредот?
Веднаш исклучете го уредот и почекајте чадот да исчезне пред да ја извадите корпата. Ова може да биде поради изгорени остатоци или вишок масло. Исчистете го садот по употреба.
Кој е максималниот капацитет на садот?
Садот има капацитет од 1,3 литри. Не го пополнувајте над ознаката «MAX» за да избегнете прелевање и да обезбедите рамномерно готвење.
Може ли да готвам сурови компири?
Да, но не надминувајте 180 °C за да го ограничите создавањето на акриламиди. Исечете ги на еднакви парчиња и промешајте ги на половина од времето.
Корпата не се прицврстува правилно, што да правам?
Проверете дали не сте ја преполниле корпата. Притиснете цврсто додека не кликне во садот. Ако проблемот продолжи, контактирајте со сервисната служба.
Може ли да го оставам уредот без надзор?
Не се препорачува да го оставате уредот без надзор додека работи. Иако има автоматско исклучување, секогаш бидете во близина.
Како да го намалам ризикот од изгореници?
Не допирајте ги топлите површини, користете ја рачката за да го ракувате садот. Држете ги рацете и лицето подалеку од отворите за топол воздух. Почекајте уредот да се излади пред да го чистите.

Прашања на корисниците за AF1350DWB GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот фритеза во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AF1350DWB - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AF1350DWB на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AF1350DWB GORENJE

  1. Апаратот
  2. Корпа за пржење
  3. Решетка за пржење

Важни безбедносни упатства

Внимателно прочитајте ги упатствата за употреба пред употреба на апаратот.

Чувајте ги упатствата за употреба, гарантниот лист, фискалната сметка и по можност пакувањето на апаратот. // Не потопувајте го куќиштето со електричните компоненти и грејните елементи во течност и не плакнете ги под вода. // Спречете секакво навлегување на вода или друга течност во апаратот бидејќи ова може да предизвика електричен шок. // Секогаш поставете ја храната која треба да се пржи во корпата за пржење со цел да избегнете допир со грејните елементи. // Не покривајте ги влезните и излезните вентили за воздух за време на работата на апаратот. // Не полнете го внатрешниот сад со масло бидејќи ова може да доведе до ризик од пожар. // Во никој случај не допирајте ги внатрешните делови од апаратот за време на употреба. // Пред поврзување на апаратот со изворот на напојување, уверете се дека напонот кој е назначен на апаратот одговара со напонот на локалната електрична мрежа во вашиот дом. // Не употребувајте го апаратот ако приклучокот, кабелот за напојување, или која било друга компонента е оштетена. // Ако кабелот за напојување е оштетен, кабелот треба да се замени единствено од Горење или овластен центар за сервисирање и поправки на Горење или соодветно обучено стручно лице. // Овој апарат не е наменет за употреба од страна на деца под 8 години и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, и лица со недостаток на пракса и знаење, освен во случаи каде апаратот се користи под надзор или согласно инструкции за употреба на апаратот во однос на безбедноста при употреба и можните опасности кои може да произлезат од употребата на овој апарат. // Потребно е посебно внимание кога апаратот се користи од деца или во близина на деца. Овој апарат не е играчка. Не е дозволено деца да го чистат или одржуваат апаратот освен ако не се постари од 8 години и го вршат тоа под надзор. По употребата складирајте го апаратот на безбедно место надвор од дофатот на децата. // Држете го кабелот за напојување подалеку од топли површини. // Не вклучувајте го кабелот за напојување во прекинувачот и не користете ја контролната плоча на апаратот со мокри

раце. // Само поврзете го апаратот со заземјен приклучок. Уверете се дека приклучокот е правилно внесен/приклучен. // Овој апарат не може да се контролира со надворешен тајмер или посебен далечински систем на управување. // Не поставувајте го апаратот на или во близина на запалив материјал како чаршав за маса или завеса. // Не поставувајте го апаратот веднаш до ѕид или врз други апарати. Уверете се дека има простор од најмалку 10 см зад, веднаш до и над апаратот. Не поставувајте други предмети врз апаратот. // Користете го овој апарат исклучиво за намената на која и служи според ова упатство. // Не оставајте го овој апарат да работи без присуство на лице кое може да го надгледува. // За време на пржењето со циркулација на топол воздух, се ослободува топла пареа преку излезните вентили за воздух. Внимавајте да не се приближите премногу до излезните вентили за воздух со рацете и лицето. Исто така бидете внимателни да не се изгорите на пареата додека го отстранувате внатрешниот сад за пржење од апаратот. // За време на работата на апаратот, работните површини на апаратот може да се вжештат. // Доколку се случи да се појави црн чад од апаратот, веднаш исклучете го истиот. Пред да го отстраните садот од апаратот, почекајте да стивне чадот. // Поставете го апаратот на рамна и стабилна цврста подлога. // Апаратот е наменет да се користи исклучиво во некомерцијални цели односно за потребите на домаќинството. Не е наменет за употреба во средини како кантини во продавници, канцеларии, здруженија или други работни средини. Исто така не е наменет да се користи од гости во хотелски соби, мотели, хостели и други сместувачки капацитети. // Ако апаратот не се користи правилно или ако се користи за комерцијални или полу-професионални цели или на начин спротивен од овие упатства, гаранцијата нема да важи и Горење не презема одговорност за потенцијалната предизвикана штета. // За проверка или поправка на апаратот, ве молиме контактирајте го овластениот сервисен центар на Горење. // Не обидувајте се да го поправите апаратот самостојно бидејќи во тој случај гаранцијата нема да важи. // Секогаш исклучете го апаратот од главниот извор на напојување по употреба. // Пред да го држите или чистите апаратот, почекајте апаратот да се олади приближно 30 минути. // Уверете се дека храната која ја готвите во апаратот е со златно-кафена боја наместо темно-кафена или само кафена боја. Отстранете ги сите остатоци од изгорена храна. Не пржете компири на температура над 180 °C (го редуцира формирањето на акриламиди).

Овој апарат е означен во согласност со Европската директива 2012/19/EC за Отпад од електрична и електронска опрема – WEEE. Во Директивата се наведени обврските за собирање и управување со отпад од електрична и електронска опрема кои се на сила во целата Европска Унија.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРЕЧКИ

Пречка ПричинаРешение
Апаратот не работи.Апаратот не е поврзан со напојувањето.Поврзете го кабелот за напојување со заземјен приклучок.
Тајмерот не е подесен.Свртете го тастерот за тајмерот до посакуваното време за готвење.
Храната не е зготвена.Премногу храна е ставено во корпата.Намалете ја количината на храна во корпата.
Температурата е премногу ниска.Поставете повисока температура.
Времето за готвење е прекратко.Поставете подолго време на готвење.
Храната не е рамномерно испржена.Некоја храна бара мешање за време на процесот на готвење.Протресете ја храната за време на готвењето.
Храната не е крцкава после готвење.Некоја храна е наменета да се пржи во конвенционална фритеза.Премачкајте ја храната со малку масло за пржење.
Садот не може да се вметне правилно.Има премногу храна во корпата.Намалете ја количината на храна во корпата.
Корпата не е вметната правилно во садот за пржење.Притиснете ја корпата внатре во садот се додека не се поклопи целосно и не го слушнете звукот „клик“.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Доколку во садот има премногу состојки, а не сте додале доволно течност, смесата може да биде премногу густа. Во таков случај, состојките на врвот на садот не можат да потонат до сечилата на дното. Тогаш, извадете го садот со прицврстеното сечило од моторот и протресете го темелно. Потоа, вратете го садот со сечилото на моторот.

ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС

За повеќе информации или во случај на проблеми, ве молиме посетете ја веб-страницата на Горење на www.gorenje.com или контактирајте го овластениот сервис на Горење во вашата земја (телефонските броеви се наведени на Меѓународната гаранција). Доколку во вашата земја не постои таков центар, ве молиме контактирајте го локалниот дистрибутер на Горење или Службата за мали и иновативни апарати за домаќинство на Горење.

Апаратот е наменет исклучиво за лична употреба во домаќинството.

Го задржуваме правото на измени.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : AF1350DWB

Категорија : фритеза