M18 FAP180 - Полирач MILWAUKEE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот M18 FAP180 MILWAUKEE во PDF формат.
Прашања на корисниците за M18 FAP180 MILWAUKEE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Полирач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник M18 FAP180 - MILWAUKEE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. M18 FAP180 на марката MILWAUKEE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК M18 FAP180 MILWAUKEE
| ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИПолирач | M18 FAP180 |
| Производен број | 4568 45 04... ... 000001-999999 |
| Волти 18 V | |
| Номинална брзина 360 - 2200 min | -1 |
| Тањир за полирање Пречник макс. 125 mm | |
| Пад за полирање Пречник макс. 180 mm | |
| Срце на работната оска М 14 | |
| Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (Li-Ion 5,0 Ah) | 3,1 kg |
| Информации за бучаватаИзмерените вредности се одредени согласно стандартот EN 60745. А-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува: | |
| Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) | 78,54 dB (A) |
| Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) | 89,54 dB (A) |
| Носте штитник за уши. | |
| Информации за вибрацииВкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 60745.Полски: Вибрациска емисиона вредност a_h,p Несигурност K | 1,1 m/s ^2 1,5 m/s ^2 |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 60745 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и временићата, во коишто апаратот е исключен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни
упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.

Заеднички безбедносни упатства мазнење со хартија за шмирглање и полски
а) Оваа електронска алатка се користи како алатка за полирање. Почитувајте ги сите безбедносни упатства, упатства за работа, прикази и податоци што ги добивате заедно со електричниот алат. Доколку не ги почитувате следните упатства, може да дојде до електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди.
b) Овој електро-алат треба да се употребува како шлајферица со хартија за шмирглање. Почитувајте ги сите безбедносни упатства, упатства за работа, прикази и податоци што ги добивате заедно со електричниот алат. Секакви употреби, за кои овој алат не е предвиден, можат да предизвикаат загрозувања и повреди.
с) Не употребувајте прибор што не е предвиден и препорачан од производителот специјално за овој електро-алат. Доколку извесен прибор можете да го прицврстите на вашиот електричен алат, тоа не претставува гаранција за сигурно употреба.
d) Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да биде нај-малку толку висок како и бројот на вртежите на вашиот електро-алат. Додатокот, којтшто се врти побрзу, може да се скриша и да излета.
e) Надворешниот дијаметар и дебелината на приборот мора да соодветствуваат со податоците за димензиите на вашиот електро-алат. Приборите со несоодветна димензија не можат да бидат соодветно заштитени или контролирани.
f) Навоите на деловите од приборот мора да се совпагаат со навојот на осовината за брусење. Кај деловите од приборот кои што се приспојуваат, бушењето за трнот за натегнување во делот од приборот мора да се совпага со пресекот на фланшот за локализирање. Делови од приборот кои што не пасуваат на монтажниот трн на апаратот, работат ексцентрично, вибрираат прекумерно силно и можат да доведат до загуба на контролата врз орудието.
g) Не употребувајте оштетен прибор. Пред секоја употреба извршете контрола, како на пример на дисковите за брусење по однос на расцепи и пукнатини, на подножјата за брусење по однос на пукнатини, изабаност или голема искористеност, на четките со жици по однос на лабави или скршени жици. Ако електро-алатот или приборот паднат, проверете, дали тие се оштетени или употребете неоштетен прибор. Ако приборот сте го провериле и го употребувате, тогаш вие и лицата, кои се наогаат во близина, треба да бидете вон
Македонски
доменот на ротирачкиот прибор и оставете го приборот да работи една минута со максимален број на вртежи. Оштетениот прибор најчесто се крши во овој тест-период.
h) Носете опрема за лична заштита. Зависно од употребата, користете целосна визуелна заштита, заштита за очите или заштитни очила. Доколку е потребно, носете маска за заштита од прашина, заштита за ушите, заштитни ракавици или специјална престилка, со која се заштитувате од ситни честички од шлајфувањето и од материјалот. Очите треба да бидат заштитени од страни тела што се разлетуваат наоколу, а кои настануваат при различни употреби. Заштита маска од прашина и за дишење мора да ја филтрираат прашината што се создава при работата. Доколку сте подолго време изложени на гласна бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.
i) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на работа, мора да носи опрема за лична заштита. Можат да се разлетаат парчиња од работниот материјал или од скршен прибор и да предизвикаат повреди, исто така и надвор од директниот делокруг на работа.
j) Фаќајте го електро-алатот само на изолирани површини за држење, додека извршувате работи, кај кои приборот може да погоди сокриени струјни водови или сопствениот кабел за напојување со струја. Контакт со жица под напон исто така ќе направи проводници од металните делови и оној кој ракува со алатот ќе доживее струен удар.
k) Кабелот за напојување со струја чувајте го настрана од прибор што се врти. Доколку ја изгубите контролата над електро-алатот, кабелот за напојување со струја може да се исече или да се закачи и вашата рака или вашата дланка да бидат повлечени во приборот што се врти.
I) Никогаш не го оставајте електро-орудието ако орудието за применување не е дојдено во потполно мирување. Електро-алатот што се врти може да дојде во контакт со површината, на којашто се остава, а на тој начин можете да ја изгубите контролата над електро-алатот.
m) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го носите. Вашата облека може да биде закачена преку случаен контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе во вашето тело.
п) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот електро-алат. Вентилаторот на моторот влече прашина во кујиштето, а големо насобирање на метална прашина може да предизвика електрични опасности.
о) Не употребувајте го електро-алатот во близина на материјали што горат. Таквите материјали можат да се запалат од искри.
р) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни средства за ладење. Употребата на вода или на други течни средства за ладење може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како последица на заглавен или блокиран прибор што се врти, како на диск за брусење, подножје за брусење, четка со жица итн. Заглавувањето или блокирањето доведува до неодложно стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин неконтролираниот електро-алат се забрузува во спротивна насока од насоката на вртење на приборот во точката на спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува во материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот или настрана од него, зависно од насоката на вртење на дискот во точката на спојување. Притоа дисковите за брусење можат исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се опишани подолу.
а) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете да дадете отпор на силите од повратиот удар. Секогаш употребувајте ја додатната рачка, доколку постои, за да можете да имате максимальна можна контрола над силите од повратниот удар или на моментите на реакција при пуштање во работа. Операторот може да ги контролира силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање соодветни мерки на претпазливост.
b) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина на прибор што се врти. Во случај на повратен удар, приборот може да биде исфрлен врз вашата рака.
с) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое електро-алатот се движи во случај на повратен удар. Повратниот удар го води електро-алатот во спротивна насока од насоката на движење на дискот за брусење на местото за спојување.
d) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли, остри рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор е склон кон заглавување. Тоа предизвикува губење на контролата или повратен удар.
e) Не употребувајте лист за пилење со ланци или запчаници. Таквите орудија за примена честопати предизвигуваат повратен удар или губење на котролата врз електро-орудието.
Специјални безбедносни напомени за полирање
a) Не ги испуштајте лабавите делови на хаубата за полирање, особено врвките за прицврстување. Сместете ги или скратете ги врвките за прицврстување. Олабавените врвки за прицврстување коишто се вртат може да ги фатат Вашите прсти или да се заглават во делот за обработка.
Останати безбедносни и работни упатства
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна површина при включена машина.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината работи.
Во случај на значителни вибрации или појава на други неправилности веднаш исключете ја машината со цел да ја најдете причината за нив.
За алатите кои се наменати за опремување со шилесто тркало за дупчење, осигурете се дека жицата во тркалото е довольно долга за да ја прифати должината на вретеното.
Секогаш користете ја помошната рачка.


Работни предмети кои што се обработуваат мора да бидат цврсто стегнати доколку не се држи со самата своја тежина. Работните предмети никогаш да не се водат рачно према плочата.
Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до отворите за вентилација-ризик од куршлус!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасности од пожар, од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката, заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50oC (122oФ) го намалуваат траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЮНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни материи. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат ислучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Полирката може да биде употребена за полирање лакирани, заштитени, пластични и други мазни површини.
ЗАШТИТА ОД ПОВТОРНО ПРИДВИЖУВАЊЕ
Нуланапонската исклопка го спречува повторното стартување на машината после прекин на струја (замена на батерии).
Во случај на повторно започнување со работа, исключете ја машината и потоа включете ја повторно.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно кaj: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите релевантни прописи од директивите
2011/65/EU (RoHS)
2006/42/EC
2014/30/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-3:2011+A2:2013
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018

Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба.

Секогаш при користење на машината носете ракавици.

Носете ракавици!

Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз машината.

Дополнителна опрема - Не е включена во стандардната, а достапна е како додаток.

Електричните апарати и батериите што се полнат не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад. Електричните апарати и батериите треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита на околината. Информирајте се кај Вашите местни служби или кај специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за рециклажа и собирни станици.

Евроазиска ознака за сообразност

