GNH 18V-50 M Professional - Телбод BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GNH 18V-50 M Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GNH 18V-50 M Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Телбод во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GNH 18V-50 M Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GNH 18V-50 M Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GNH 18V-50 M Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
sl Izvima navpdila
hr Originalne upute za rad
Македонски...... Страница 233
Srpski ...... Strana 244
Slovenščina ....Stran 254
Hrvatski ....Stranica 263
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност на електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност.
Грешките настанати како резултат
од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи
течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прав, безбедносни чевли кои не се лизгаат, шлем или заштита за уши, кои се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата,алиштата и ракавиците треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правильно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или сетот на батерии од електричниот алат, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на мокните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни предупредувања за заковувач на клинци
▶ Секогаш претпоставувајте дека алатот содржи клинци. Невнимателното ракување со заковувачот на клинци може да доведе до неочекувано испуштање на клинците и до повреда.
▶ Не насочувајте го алатот кон вас или кон некој друг во просторијата. Неочекуваното вклучување може да ги испуши клинците и да доведе до повреда.
He го вклучувајте алатот доколку не е цврсто поставен на работната површина. Доколку алатот не е прицврстен на работната површина, клинецот може да излета подалеку од делот што се обработува.
▶ Исключете го алатот од струја доколку има заглавен клинец во него. При отстранување на заглавениот клинец, заковувачот на клинци може ненадејно да се вклучи доколку не е ислучен од струја.
▶ Бидете внимателни при отстранување на заглавен клинец. Механизмот може да биде под притисок, а заглавениот клинец може силно да се испушти кога се обидувате да го одглавите.
▶ Не користете го овој заковувач на клинци за поврзување на електрични кабли. Не е наменета за електрична инсталација, и може да ја оштети
изолацијата на електричните кабли и да доведе до струен удар или пожар.
▶ Исключете го заковувачот на клинци од струја кога ставате и вадите клинци, правите прилагодувања или менувате додатоци. Заковувачот на клинци може случајно да се активира ако е поврзан во струја, што може да резултира со повреда.
▶ Бидете внимателни кога ракувате со клинци, особено при ставање и вадење. Клинците имаат остри врвови што може да резултираат со повреда.
▶ Држете ги прстите подалеку од чкрапалото кога не ракувате со овој заковувач на клинци и кога се движите од една работна позиција на друга.
Неочекуваното активирање ќе испушти клинец, што може да резултира со повреда.
Држете го заковувачот на клинци за изолираната површина додека вршите задачи каде што клинецот може да дојде во контакт со скриените жици. Ако клинец дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на заковувачот на клинци „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
▶ Држете го заковувачот на клинци цврсто за време на работата. Неконтролираниот повратен удар на заковувачот на клинци може да резултира со ненамерно активирање, што може да резултира со повреда.
Чувајте ги сите делови од телото како што се рацете и нозете итн. подалеку од насоката на испуштање клинци на алатот. Клинецот може да навлезе делот што се обработува, како и во кој било предмет зад него, што може да резултира со повреда.
Kogа користите заковувач на клинци, држете ги сите делови од телото како што се рацете и нозете итн. подалеку од областа каде што клинците се забивают во делот што се обработува. Клинецот може да излета и да излезе од делот што се обработува, што може да резултира со повреда.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за ковање шајки во дрво. Смее да се користи само муниција (шајки, хефт-иглици итн.), која се специфицирана во табелата „Технички податоци“.
Напомена: Електричниот алат не е наменет за користење на клинци во метал или бетон.
Не користете го електричниот алат во режим на активирање контакт со автоматско враćање додека работите на скеле, скалила или друга платформа и е потребна промена на работната позиција. Во овој случај користете го само режимот на поединечно активирање со осигурувач.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Штитник за делот што се обработува
(2) Осигурувач при активирање
(3) Затегнувачки лост за отворање/затворање на каналот на пукање
(4) Приказ за подесување на граничникот за длабочина
(5) Тркалце за подесување на длабочината на граничникот
(6) Чкрапало
(7) Прекинувач за включување/исклучување
(8) Копче за отклучување на батерија
(9) Работно светло
(10) Кориснички интерфејс
(11) Батерија
(12) Куки на појасот
(13) Прекинувач за отворање на магацинот
(14) Магацин
(15) Контролен прозорец на приказот за дополнување
(16) Отвор
(17) Рачка (изолирана површина на рачката)
(18) Лизгач за магацинот
(19) Ленти со клинци ^a)
(20) Депо за чување на штитникот на делот што се обработува
(21) Статусна лента
(22) Приказ за наполнетост на батеријата
(23) Приказ за „ниско“ ниво на одржување
(24) Приказ за „високо“ ниво на одржување
(25) Копче Reset
(26) Копче Mode
(27) Приказ за поединечно активирање
(28) Приказ за активирање на контактот
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
| Батериски пиштол GNH 18V-50 M | |
| Број на дел | 3 601 D82 4.. |
| Номинален напон V= 18 | |
| Системи за активирање | |
| – Безбедносноеднократноактивирање | ● |
| – Активирање наконтактот соавтоматско враќање | ● |
| Муниција | |
| – Тип Шајки со глава за | забивање |
| – Должина mm 16–50 | |
| – Дијаметар mm 1,2 | |
| ga 18 | |
| – Агол 0° | |
| макс. капацитет замуниција | 105 |
| Димензии (безакумулаторска батерија) | |
| – Висина mm 276 | |
| – Ширина mm 96 | |
Батериски пиштол GNH 18V-50 М
| – Должина со штитникотна делот за обработка | mm 337 |
| Тежина согласноEPTA-Procedure 01:2014A) | kg 3,3–4,3 |
| препорачана околнатемпература при полнење | °C 0 ... +35 |
| Дозволена околнатемпература приработењeB)C) и прискладирање | °C –20 ... +50 |
| компатибилниакумулаторски батерии | GBA 18V...ProCORE18V... |
| Препорачаниакумулаторски батерии | GBA 18V... ≥ 2,0 AhProCORE18V...≥ 4,0 Ah |
| Препорачани полначи GAL 18... | GAX 18V...GAL 36... |
A) во зависност од употребената батерија
В) ограничена јачина при температури < 0 °C
C) Ограничена јачина со GBA 18V...
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 60745-2-16.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 87 dB(A); ниво на звучна јачина 98 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации а, (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-16:
$$ a _ {n} 1, 9 m / s ^ {2}, K = 1, 5 m / s ^ {2}. $$
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Батерија
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , щада се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
238 | Македонски
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Наполнетоста на акумулаторската батерија се прикажува и на корисничкиот интерфејс (види „Прикази за Costaјба“, Страница 239).
| Трајно светло 5 × зелено 80–100 % |
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
| Трајно светло 3 × зелено 40–60 % |
| Трајно светло 2 × зелено 20–40 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–20 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Извадете ја акумулаторската батерија пред да почнете да го подесувате уредот, да менувате делови од опремата или доколку долго време не
сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат.
Користете само оригинална Bosch-опрема. Прецизните делови на електричниот алат како магацинот, отворот и каналот за пукање се прилагодени на хефт-иглиците, шајките и клинците на Bosch. Другите производители употребуваат друг квалитет на челик и димензии.
Напомена: Користете ја само муницијата наведена во табелата „Технички податоци“.
Користењето на недозволена муниција може да го оштети електричниот апарат и да предизвика повреди.
При полнење на магацинот, држете го електричниот алат така што отворот (16) нема да биде насочен ниту кон вашето тело ниту кон други лица.
– Притиснете го прекинувачот (13) за отворање на магацинот. Лизгачот на магацинот (18) се продолжува.
- Вметнете ја лентата со клинци (19) во горниот лев дел од магацинот (14).
Напомена: Електронската контрола детектира дали има шајки во магацинот. Ако се притисне осигурувачот за активирање кога магацинот е празен, нема да се активира процесот за набивање. Така, се спречува пукање во празно.
– Повлечете го лизгачот на магацинот (18) до почетокот на магацинот додека не кликне на своего место.
Напомена: Лизгачот на магацинот мора да се врати назад без многу сила (само со силата на прстот). Заглавениот лизгач на магацинот ги има следните ефекти: Шајката не се исфрла, шајката се заглавува во каналот за пукање (види заглавување) или шајката се исфрла под погрешен агол.
Употреба
Системи за активирање
Поединечно активирање со осигурувач
Кај овој систем за активирање најпрво мора стабилно да се постави осигурувачот за активирање (2) на делот што се обработува. Муницијата ће се испука откако ће се притисне чкрапалото (6).
Потоа може да се активираат и други процеси на набивање, доколку чкрапалото и осигурувачот за активирање повторно се вратат во првобитната позиција.
Активирање на контактот со автоматско вракање
Кај овој систем за активирање најпрво мора да се притисне чкрапалото (6) и да се држи во оваа позиција.
Потоа мора стабилно да се постави осигурувают за активирање на делот што се обработува за да се исфрли.
Се додека чкрапалото (6) го држите притиснато,
понатамошните процеси на набивање може да се активираат со повторно допирање на друга точка.
Во режимот за активирање на контактот може да се наби шајка со поединечно активирање.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
- За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (7). Се пали корисничкиот интерфејс.
Поединечното активирање е активирано, приказот (27) се пали. - За исклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (7).
Испукување на шајки – Поединечно активирање
– Включете го електричниот алат.
– Поставете го отворот (16) или ев. гумираниот штитник на делот за обработка (1) цврсто на делот што се обработува, сё додека осигурувают за активирање (2) не се притисне целосно.
Работното светло и моторот се вклучуваат.
- Потоа кратко притиснете го чкрапалото (6) и повторно пуштете го.
Притоа ќе се испука една шајка.
– Оставете го електричниот апарат да се врати назад од делот што се обработува.
- За следниот процес на набивање подигнете го електричниот апарат од делот што се обработува и поставете го цврсто на следното место.
Испукување на шајки – Активирање на контактот
– Включете го електричниот алат.
– Активирајте го контактот со притискање на копчето Mode (26).
Приказот за активирање на контактот (28) свети.
– Држете го притиснато чкрапалото (6).
Работното светло и моторот се вклучуваат.
– Поставете го отворот (16) или ев. гумираниот штитник на делот за обработка (1) цврсто на делот што се обработува, сё додека осигурувачот за активирање (2) не се притисне целосно.
Притоа ће се испука една шајка.
– За следниот процес на набивање држете го електричниот алат (6) и подигнете го од делот што се обработува. Поставете го повторно цврсто на следното сакано место.
– Префрлете се на поединечно активирање така што їе притиснете на копчето Mode (26).
Приказот за поединечно активирање свети зелено (27).
Корисничкиот интерфејс (10) за избирање на режим на работење и за прикажување на состојбата на електричниот алат.
Прикази за состојба
Прикажување на состојбата на електричниот алат (21)
| Боја Значење Решение | |
| Зелена Електричниот алат е включен и е подготвен за употреба. | – |
| Жолта На некој настан му треба вашето внимание:Критична температура, батеријата е речиси празна или потребно е одржување. | – Оставете го електричниот алат да се олади.– Заменете ја одн. наполнете ја батеријата.– Да се изврши одржување. |
| Црвена Електричниот алат не е подготвен за употреба.Причина: Електричниот алат е прегреан, батеријата е празна или има механички дефект. | – Оставете го електричниот алат да се олади.– Заменете ја одн. наполнете ја батеријата.– Да се изврши одржување. |
| Трепка црвено – Вториот прекинувач е притиснат прерано.– Вториот прекинувач не е притиснат во рок од 5 секунди, уредот автоматски се исклучува.– Прекинувачите се ракуваа по погрешен редослед (на пр. активирањето е притиснато пред уредот да се префрли на режимот за активирање на контакт) | – Почекајте малку додека приказот за статус не светне зелено.– Електричниот алат е повторно подготовен за употреба.– Повторно изведете го процесот на набивање и следете го правилниот редослед на активирање или променете го системот за активирање преку корисничкиот интерфејс. |
Приказ на наполнетоста на батеријата (22)
Ознака Боја Ниво на наполнетост на батеријата
| -- 20-100% | ||
| жолта 1-20% | ||
| црвена 0-1% |
Приказ за одржување
Ознака Боја Значење Решение
| жолта Се приближува рокот запланираното ниво на одржување„ниско“. | Контактирајте ја сервисната служба. | |
| жолта Се приближува рокот запланираното ниво на одржување„високо“. | Контактирајте ја сервисната служба. |
Притиснете го копчето (25) за да го ресетирате бројачот за одржување по одржувањето.
Пред секој почеток на работата проверете дали беспрекорно функционираат уредите за безбедност и активирање, како и дали се цврсто поставени завртките и навртките.
Веднаш исключете го електричниот апарат којшто е дефектен или не работи беспрекорно од доводот на енергија и контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
Не вршете недозволени интервенции на електричниот апарат. Не ги демонтирајте или блокирајте деловите на електричниот апарат, како на пр. осигурувачот за активирање.
Не извршувајте „Итни поправки“ со несоодветни средства. Електричниот алат треба редовно и правилно да се одржува.
Избегнувајте ослабување и оштетување на електричниот апарат, на пр. при:
- забивање или гравирање
– доколку производителот не дозволил преправки,
– водење по шаблони, коишто се изработени од цврст материјал, на пр. челик, - испагање и туркање преку под,
- употреба како чекан,
– секој вид на употреба на сила.
Проверете што се наоға под или зад Вашиот дел за обработка. Не испукувајте шајки во сидови, плафони или подови, доколку зад нив има лица. Шајките може да поминат низ материјалот и да повредат некого.
Не испукувајте шајка на веке забиена шајка. Притоа шајката може да се деформира, да се заглават шајките или електричниот апарат да почне неконтролирано да се движи.
Доколку електричниот апарат се употреби при ладни амбиентални услови, првите шајки ће се набиваат добавно од вообичаено. Откако ће се стопли електричниот апарат за време на работата, повторно се враја нормалната работна брзина.
Избегнете испукување во празно, за да избегнете изабување на втиснувачот.
При подолги паузи во работата или по завршување на работата исключете го електричниот алат, извадете ја акумулаторската батерија и по можност испразнете го магацинот.
– Притиснете го прекинувачот (13) за отворање на магацинот. Лизгачот на магацинот се продолжува.
- Свртете го електричниот алат за лентата со клинци да падне во магацинот.
- Потоа внимателно водете го лизгачот на магацинот нанапред до почетокот на магацинот (14).
Поставување граничник за длабочина (види слика D)
Длабочината на забивање може да се подеси со тркалцето за подесување (5).
- Испразнете го магацинот (14).
– Шајките се испукани предлабоко: За да ја намалите длабочината на забивање, свртете го тркалцето за подесување (5) во насока „-“.
– Шајките не се испукани довольно
длабоко: За да ја зголемите
длабочината на забивање, свртете го
тркалцето за подесување (5) во насока
„+“.
– Шајките се испукани предлабоко: За да ја намалите длабочината на забивање, свртете го тркалцето за подесување (5) во насока „-“.
– Шајките не се испукани довольно
длабоко: За да ја зголемите
длабочината на забивање, свртете го
тркалцето за подесување (5) во насока
„+“.

На приказот (4) може да го проверите подесувањето на граничникот за длабочина.
– Повторно наполнете го магацинот.
– Тестирајте ја новата длабочина на забивање на пробен дел за обработка.
Доколку е потребно, повторете ги работните чекори.
Вадење на заглавената муниција (види слики E1-E2)
Поединечните шајки може да се заглават во каналот за пукање. Доколку ова често се случаува, контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
Напомена: Доколку втиснувачот не се враćа назад по ослободувањето на заглавената муниција, контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
- Отпуштете го чкрапалото (6).
– Исклучете го електричниот алат и извадете ја акумулаторската батерија (11). - Испразнете го магацинот (14).
– Притиснете го затегнувачкиот лост (3) надолу, за да може да се отвори каналот за пукање.
– Отстранете ги заглавените шајки. По потреба употребете клешти.
– Затворете го каналот за пукање, закачете ја дршката на затегнувачкиот лост (3) во куките на каналот за пукање и повторно притиснете го затегнувачкиот лост нагоре.
- Повторно наполнете го магацинот.
Замена на штитникот за делот за обработка (види слика F)
Штитникот за делот за обработка (1) на крајот на осигурувачет за активирање (2) го штити делот за обработка, додека електричниот алат не се постави точно за процесот на забивање. Штитникот на делот за обработка може да се отстрани и замени
- Отпуштете го чкрапалото (6).
– Исклучете го електричниот алат и извадете ја акумулаторската батерија (11). - Испразнете го магацинот (14).
– Извлечете го штитникот од осигурувачот за активирање.
– Поместете го новиот штитник за делот за обработка со отворениот крај преку осигурувают за активирање.
Напомена: Резервниот штитник за делот за обработка може да се чува на горната страна на магацинот (14). Ставете го штитникот на делот за обработка во депото (20).
Доколку треба да го транспортирате електричниот алат, исключете го, особено доколку користите скали или имате невообичаено движење на телото.
На работното место држете го електричниот алат само за дршката (17) и со неактивирано чкрапало (6).
Електричниот апарат постојано треба да се складира со извадена акумулаторска батерија и на суво, топло место.
Доколку електричниот апарат не се користи подолг период премачкајте ги челичните делови со тенок слој масло. На тој начин їе го спречите зар'увањето.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
се насоберат во магацинот за време на работењето. Чистете го електричниот алат редовно со помош на компресиран воздух.
План за одржување
– Исчистете го магацинот (14). Отстранете ги пластичните или дрвените струготини, коишто може да
Мерка Образложение Извршување
| Исчистете го магацинот (14) и лизгачот на магацинот (18). | Спречува заглавување на шајките. – Секојдневно издувајте го механизмот на магацинот/лизгачот на магацинот со компресиран воздух. |
| Проверете дали осигурувачот за активирање (2) правилно функционира. | Придонесува за работна безбедност и ефикасна примена на електричниот апарат. – Секојдневно издувајте го механизмот на осигурувачот за активирање со компресиран воздух. |
Отстранување пречки
Проблем Причина Помош
| Електричниот апарат не е подготовен за работа. | Батеријата не е наполнета или е дефектна. | – Наполнете ја целосно или заменете ја акумулаторската батерија. |
| Батеријата не е правилно ставена. – Проверете дали акумулаторската батерија е правилно вклопена во рачката. | ||
| Температурата на акумулаторската батерија е превисока или прениска. | – Почекајте додека акумулаторската батерија (повторно) не ја постигне оптималната работна температура. | |
| Контактите на акумулаторската батерија, моторот или електромагнетниот вентил се извалкани или дефектни. | – Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. Оставете таму да се замени тој дел. | |
Проблем Причина Помош
| Магацинот (14) е празен. | – Повторно наполнете го магацинот.(види „Полнење на магацинот (видислики A1–A2)“, Страница 238) | |
| Осигурувают за активирање (2) еискривен. | – Контактирајте ја овластенатасервисна служба на Bosch.Оставете таму да се замени тој дел. | |
| Електрониката е дефектна. – Контактирајте ја овластенатасервисна служба на Bosch. | ||
| Корисничкиот интерфејс (10) едефектен. | – Контактирајте ја овластенатасервисна служба на Bosch. | |
| Електричниот апарат е подготовен заработа, но не се испукуваат шајки. | Можен дефект на следнитекомпоненти:– Чкрапало (6)– Втиснувач– Мотор или погонски кαιш– Електроника– Ластик | – Контактирајте ја овластенатасервисна служба на Bosch.Оставете таму да се замени тој дел. |
| Се насобрале страни предмети во механизмот за пукање. | – Контактирајте ја овластенатасервисна служба на Bosch.Оставете таму да се замени тој дел. | |
| Се насобрале страни предмети во отворот (16) или во магацинот (14). | – Исчистете го отворот (16) или магацинот (14). | |
| Во каналот за пукање се заглавилашајка. | – Отстранете ја заглавената шајка.(види „Вадење на заглавенатамуниципја (види слики E1–E2)“,Страница 240) | |
| Лизгачот на магацинот (18) едефектен. | – По потреба исчистете го иподмачкајте го лизгачот намагацинот (18) и проверете дали еизвалкан (14). | |
| Пружината на лизгачот на магацинот епреслаба или дефектна. | – Контактирајте ја овластенатасервисна служба на Bosch.Оставете таму да се замени тој дел. | |
| Употребената муниција е недозволена. – Користете само оригиналнаопрема. Смее да се користи самомуниција (шајки, хефт-иглици итн.),која е специфицирана во табелата„Технички податоци“. | ||
| Магацинот (14) е празен. | – Повторно наполнете го магацинот.(види „Полнење на магацинот (видислики A1–A2)“, Страница 238) | |
| Активиран е погрешен редослед наиспукување. | – Повторно изведете го процесот нанабивање и следете го правилниотредослед на активирање.– Или променете го системот заактивирање преку корисничкиотинтерфејс. | |
| Шајките се испукани предлабоко. Граничникот за длабочина е поставенпредлабоко. | – Поставете го граничникот задлабочина на саканата длабочина.(види „Поставување граничник задлабочина (види слика D)“,Страница 240) | |
Проблем Причина Помош
| Одбојникот е истрошен. – Контактирајте ја овластенатасервисна служба на Bosch.Оставете таму да се замени тој дел. | ||
| Шајките не се испукани довольно длабоко. | Батеријата не е наполнета или е дефектна. | – Наполнете ја целосно или заменете ја акумулаторската батерија. |
| Муниципјата е предолга. – Користете само оригиналнаопрема. Смее да се користи само муниција (шајки, хефт-иглици итн.), која е специфицирана во табелата „Технички податоци“. | ||
| Граничникот за длабочина е поставен превисоко. | – Поставете го граничникот за длабочина на саканата длабочина.(види „Поставување граничник за длабочина (види слика D)“, Страница 240) | |
| Електричниот апарат ги прескокнува шајките или има преголемо поместување на тактот. | Употребената муниција е недозволена. | – Користете само оригинална опрема. Смее да се користи само муниција (шајки, хефт-иглици итн.), која е специфицирана во табелата „Технички податоци“. |
| Пружината на лизгачот на магацинот е преслаба или дефектна. | – Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. Оставете таму да се замени тој дел. | |
| Шајките често се заглавуваат во каналот за пукање. | Употребената муниција е недозволена. | – Користете само оригинална опрема. Смее да се користи само муниција (шајки, хефт-иглици итн.), која е специфицирана во табелата „Технички податоци“. |
| – Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch. | ||
| Шајките се изабени, лепакот међу шајките не може веќе да ги држи. | – Употребете нова лента со шајки | |
Испуканите шајки се искривени. Втиснувачот е оштетен. – Контактирајте ја овластената
| сервисна служба на Bosch.Оставете таму да се замени тој дел. | |
| Пиштолот се користи за несоодветен материјал (на. пр. бетон, камен). | – Користете го пиштолот само со соодветен материјал. Употреба со соодветна намена |
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейска директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 244).