SPS 140 - брусилка MILWAUKEE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SPS 140 MILWAUKEE во PDF формат.
Прашања на корисниците за SPS 140 MILWAUKEE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SPS 140 - MILWAUKEE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SPS 140 на марката MILWAUKEE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SPS 140 MILWAUKEE
Изолирана површина на дршката
| ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИШлајферица-лизгач | SPS 140220-240 V |
| Производен број 4470 16 04... | 4470 26 04......000001-999999 |
| Фреквенција 50/60 Hz | |
| Ампери 1,2 A | |
| Определен внес 260 W | |
| Брзина без оптоварување 14 700 min | -1 |
| Дијаметар на патеката на лежиштето 1,6 mm | |
| Димензии на брусната плоча 113 x 105 mm | |
| Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 1,6 kg | |
| Препорачана температура на околината за работа -18°C ... +50°C | |
| Информации за бучаватаИзмерените вредности се одредени согласно стандартот EN 62841. А-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A))Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A))Носте штитник за уши. | 79,5 dB (A)90,5 dB (A) |
| Информации за вибрацииВкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 62841.Вибрациска емисиона вредност ahНесигурност K | 8,0 m/s ^2 1,5 m/s ^2 |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е ислучен алатот или кога е включен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.: одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото за слух.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите безбедносни напомени, упатства, цртежи и податоци, коишто ги добивате заедно со уредот. Доколку не ги почитувате следните упатства, може да дојде до електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.

НАПОМЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА БРУСАЧИ
Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото за слух.
Уредите кои се користат на многу различни локации вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна облека како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита
за уши.
Секогаш кога преземате активности врз машината исключете го кабелот од струјата.
Бидете сигурни дека машината е исклучена пред да ја включите во струја.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Пред употреба проверете дали машината, кабелот и приключокот се исправни. Ако се оштетени дозволени се поправки ислучиво од авторизираниют сервис.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го телото. Користете систем за ансорпција на прашината и носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да го загрозат здравјето (на пр. азбест).
Машината е погодна само за суво полирање.
Македонски
ГЛАВНИ ВРСКИ
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.
Уредите кои се користат на многу различни локации вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Бидете сигурни дека машината е исключена пред да ја включите во струја.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Пред употреба проверете дали машината, кабелот и приклучокот се исправни. Ако се оштетени дозволени се поправки ислучиво од авторизираниот сервис.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Орбиталната шмиргла може да се користи за шмирглање дрво, пластика и метал.
ЕЛЕКТРОНИКА
При преоптоварување бројот на вртежи се намалува до состојба на мирување.
Ве молиме обратете внимание дека машината во случај на престанок на преоптоварувањето повторно самостојно се враćа на претходниот број на работни вртежи.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентиляциските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано.
Секогаш кога преземате активности врз машината исключете го кабелот од струјата.
Ако е потребна замена на струјниот кабел, тоа треба да го направи производителот или неговиот застапник со цел да се избегнат опасности.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно кaj: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите релевантни прописи од директивите
2011/65/EU (RoHS)
2006/42/EC
2014/30/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-4:2014
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN 61000-3-2:2014
EN 61000-3-3:2013
EN IEC 63000:2018

Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба.

Секогаш кога преземате активности врз машината исключете го кабелот од струјата.

Не употребувајте сила.

Дополнителна опрема - Не е включена во стандардната, а достапна е како додаток.

Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад. Електричните и електронсите апарати треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита на околината. Информирајте се кај Вашите местни служби или кај специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за рециклажа и собирни станици.

Електрично орудие од заштитната категорија II. Електрично орудие чијашто заштита од електричен удар не зависи само од основната изолација туку и од тоа дали ќе се применат дополнителните заштитни мерки како што се двоструките изолации или појачаната изолација. Не постои никаква направа за приклучување на некој заштитен вод.
n_0
Брзина без оптоварување
V
Напон
\~
Наизменична струја

Евроазиска ознака за сообразност