MILWAUKEE AG 24-230 E - мелница

AG 24-230 E - мелница MILWAUKEE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AG 24-230 E MILWAUKEE во PDF формат.

📄 136 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice MILWAUKEE AG 24-230 E - page 122
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за AG 24-230 E MILWAUKEE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AG 24-230 E - MILWAUKEE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AG 24-230 E на марката MILWAUKEE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AG 24-230 E MILWAUKEE

УпотребувајTESамо разделна навртка што е предвидена од страна на производителот. Не употребувајте брзи разделни навртки!

Употребувајте само разделна навртка што е предвидена од страна на производителот. Не употребувајте брзи разделни навртки!

Прекинувачот може да се заклучи

Заштита од повторно придвижување

Вклучената машина во случај на снемување струја не се вклучува повторно. За да продолжите со работа исключете ја машината и включете ја повторно.

Прекинувачот не може да се заклуч

Употребувајте само разделна навртка што е предвидена од страна на производителот. Не употребувајте брзи разделни навртки!

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ AG 24-230E AGV 24-230E AGV 26-230 GE
Аголна брусилка AGV 24-230 GE
Производен број 4026 15 04...4026 57 04...4768 20 02...4768 35 02......000001-9999994026 21 04...4026 18 04...4026 69 04...4768 48 02...4768 59 02...4768 98 02......000001-9999994026 53 04...4026 65 04...4769 08 02...4769 10 02......000001-999999
Определен внес 2400 W 2400 W 2600 W
Номинална брзина 6600 min-16600 min^-1 6600 min^-1
D=Дијаметар на дискот за глодање максимумd=бушење-øMILWAUKEE AG 24-230 E - Заштита од повторно придвижување - 1 b=Дебелина на стружниот диск максимумMILWAUKEE AG 24-230 E - Заштита од повторно придвижување - 2 b=Дебелина на плочата за сечење мин. /макс.230 mm22,2 mm6 mm (1/4")1,9 / 3 mm 1,9 / 3 mm 1,9 / 3 mm230 mm22,2 mm6 mm (1/4")1,9 / 3 mm230 mm22,2 mm6 mm (1/4")
MILWAUKEE AG 24-230 E - Заштита од повторно придвижување - 3 D=Површини за стругање-ø максимумMILWAUKEE AG 24-230 E - Заштита од повторно придвижување - 4230 mm 230 mm 230 mm
MILWAUKEE AG 24-230 E - Заштита од повторно придвижување - 5 D=Лончести четки-ø максимум100 mm100 mm100 mm
Срце на работната оскаM14M14M14
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/20145,3 kg5,5 kg5,5 kg
Информација за бучавата/вибрациитеИзмерените вредности се одредени согласно стандардот EN 60 745.А-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A))Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A))93 dB(A)104 dB(A)93 dB(A)104 dB(A)93 dB(A)104 dB(A)
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 60745.Грубо стругање:Вибрациска емисиона вредност a_h,SG Несигурност К 1,5 m/sЛенти од хартија за шмирглањеВибрациска емисиона вредност a_h,DS Несигурност К6,0 m/s^2_2 < 2,5 m/s^2_1,5 m/s^2 2,7 m/s^2_1,5 m/s^2 < 2,5 m/s^2_1,5 m/s^2 2,7 m/s^2_1,5 m/s^2 < 2,5 m/s^2_1,5 m/s^2
Кај други апликации, како на пример брусење со делење или брусење со четката со челична жица можат да се појават други вибрациски вредности!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 60745 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.

Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.

За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е ислучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.

Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.

Заедничките напомени за безбедност во однос на стругањето, стругање со песочна хартија

а) Ова електро-орудие треба да се употребува како стругач, стругач со песочна хартија, велична четка и машина за раздвојно стругање. Обратете внимание на сите напомени за безбедност, упатства, прикази и податоци кои што ќе ги добиете со електро-орудието. Ако следните упатства нема да ги запазувате може да дојде до електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

6) Овој електро-алат не е наменет за полирање. Секакви употреби, за кои овој алат не е предвиден, можат да предизвикаат загрозувања и повреди.

в) Не употребувајте прибор што не е предвиден и препорачан од производителот специјално за овој електро-алат. Доколку извесен прибор можете да го прицврстите на вашиот електричен алат, тоа не претставува гаранција за сигурно употреба.

г) Дозволениот број на вртежи на приборот мора да биде најмалку толку голем колку што е максимальниот број на вртежи зададен на електро-алат. Приборот што се врти побргу од дозволеното, може да се скрши и разлета.

д) Надворешниот дијаметар и дебелината на приборот мора да соодветствуваат со податоците за димензиите на вашиот електро-алат. Приборите со несоодветна димензија не можат да бидат соодветно заштитени или контролирани.

r) Дисковите за брусење, фланшовите, дисковите (подножјата за брусење) или друг прибор мора прецизно да соодветствуваат на осовината на вашиот електро-алат. Приборот што не одговара прецизно во осовината на електро-алатот, се врти нерамномерно, вибрира мошне јако и може да доведе до губење на контролата.

e) Не употребувајте оштетен прибор. Пред секоја употреба извршете контрола, како на пример на дисковите за брусење по однос на расцепи и пукнатини, на подножјата за брусење по однос на пукнатини, изабаност или голема искористеност, на четките со жици по однос на лабави или скршени жици. Ако електро-алатот или приборот паднат, проверете, дали тие се оштетени или употребете неоштетен прибор. Ако приборот сте го провериле и го употребувате, тогаш вие и лицата, кои се наогаат во близина, треба да бидете вон доменот на ротирачкиот прибор и оставете го приборот да работи една минута со максимален број на вртежи. Оштетениот прибор најчесто се крши во овој тест-период.

ж) Носете опрема за лична заштита. Зависно од употребата, користете целосна визуелна заштита, заштита за очите или заштитни очила. Доколку е потребно, носете маска за заштита од прашина, заштита за ушите, заштитни ракавици или специјална престилка, со која се заштитувате од ситни честички од шлајфувањето и од материјалот. Очите треба да бидат заштитени од страни тела што се разлетуваат наоколу, а кои настануваат при различни употреби. Заштита маска од прашина и за дишење мора да ја филтрираат прашината што се создава при работата. Доколку сте подолго време изложени на гласна бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.

3) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на работа, мора да носи опрема за лична заштита. Можат да се разлетаат парчиња од работниот материјал или од скршен прибор и да предизвикаат повреди, исто така и надвор од директниот делокруг на работа.

s) Фаќајте го електро-алатот само на изолирани површини за држење, додека извршувате работи, кај кои приборот може да погоди сокриени струјни водови или сопствениот кабел за напојување со струја. Контактот со водови што спроведуваат напон, става и метални делови од електро-апаратот под напон и доведува до електричен удар.

и) Кабелот за напојување со струја чувајте го настрана од прибор што се врти. Доколку ја изгубите контролата над

електро-алатот, кабелот за напојување со струја може да се исече или да се закачи и вашата рака или вашата дланка да бидат повлечени во приборот што се врти.

j) Никогаш не оставајте го електро-алатот, додека тој не постигне costојба на комплетно мирување. Електро-алатот што се врти може да дојде во контакт со површината, на којашто се остава, а на тој начин можете да ја изгубите контролата над електро-алатот.

к) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го носите. Вашата облека може да биде закачена преку случаен контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе во вашето тело.

л) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот електро-алат. Вентилаторот на моторот влече прашина во кукиштето, а големо насобирање на металнапрашина може да предизвика електрични опасности.

љ) Не употребувајте го електро-алатот во близина на материјали што горат. Таквите материјали можат да се запалат од искри.

м) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни средства за ладење. Употребата на вода или на други течни средства за ладење може да доведе до електричен удар.

Повратен удар и референтни безбедносни упатства

Повратниот удар претставува неочекувана реакција како последица на заглавен или блокиран прибор што се врти, како на диск за брусење, подножје за брусење, четка со жица итн. Заглавувањето или блокирањето доведува до неодложно стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин неконтролираниот електро-алат се забрзува во спротивна насока од насоката на вртење на приборот во точката на спојување.

Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува во материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот или настрана од него, зависно од насоката на вртење на дискот во точката на спојување. Притоа дисковите за брусење можат исто така и да се скршат.

Повратен удар претставува последица од погрешна или неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се опишани подолу.

а) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете да дадете отпор на силите од повратиот удар. Секогаш употребувајте ја додатната рачка, доколку постои, за да можете да имате максимальна можна контрола над силите од повратниот удар или на моментите на реакција при пуштање во работа. Операторот може да ги контролира силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање соодветни мерки на претпазливост.

б) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина на прибор што се врти. Во случај на повратен удар, приборот може да биде исфрлен врз вашата рака.

в) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое електро- алатот се движи во случај на повратен удар. Повратниот удар го води електро-алатот во спротивна насока од насоката на движење на дискот за брусење на местото за спојување.

г) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли, остри рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор е склон кон заглавување. Тоа предизвикува губење на контролата или повратен удар.

д) Не употребувајте ланчан диск или забест диск за сечење. Таквиот прибор честопати предизвивува повратен удар или губење на контролата над електро-алатот.

Специјални безбедносни упатства за шлајфување и шлајфување со делење

а) Употребувајте ги ислучително алатите за брусење што се одобрени за вашиот електро-алат како и заштитната капа што е предвидена за таквите алати за брусење. Алати за брусење, коишто не се предвидени за електро-алатот, не можат да бидат довольно заштитени и се несигурни.

б) Секогаш употребувајте ја заштитната капа што е предвидена за употребуваниот тип на алат за брусење. Заштитната капа мора да биде сигурно поставена на електро-алатот и да биде така нагодена, што ќе се постигне максимально ниво на безбедност, тоа значи најмал дел од алатот за брусење да е насочен кон операторот. Заштитната капа треба да го штити операторот од парчиња и од случаен контакт со телото за брусење.

в) Телата за брусење смеат да се употребуваат само за препорачаните можности за употреба. На пример: никогаш не брусење со страничната површина од диск за делење. Дисковите за делење се наменети за отстранување на материјал со работ на дискот. Дејството на странична сила врз овие тела за брусење може да ги скрши истите.

г) Секогаш употребувајте за дисковите за брусење што сте ги одбрале неоштетени фланши за стегање, со исправна големина и форма. Соодветните фланши го заштитуваат дискот за брусење и на тој начин ја намалуваат опасноста од кршење на дискот за брусење. Фланшите за дискови за делење можат да се разликуваат од фланшите за други дискови за брусење.

д) Не употребувајте искористени дискови за брусење од поголеми електро-алати. Дисковите за брусење за поголеми електро-алати не се погодни за повисоките броеви на вртежи кај помалите електро-алати и можат да се скршат.

Други специјални безбедносни упатства за брусење со делење: а) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или премногу висок контактен притисок. Не изведувајте претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дискот за делење го зголемува неговиот напор и чувствителноста за извртување или блокирање, а со тоа и на можноста за повратен удар или за кршење на телото за брусење.

6) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск за делење. Доколку дискот за делење го движите во материјалот за обработка во насока подалеку од себе, во случај на повратен удар електро-алатот со дискот што се врти, може да се насочи директно кон вас.

в) Доколку дискот за делење се заглави или доколку прекинете со работа, исключете го електро-алатот и држете го мирно се додека дискот не постигне состојба на мирување. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете дискот од засекот додека се врти, во спротивно може да дојде до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја причината за заглавувањето.

г) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сё додека истиот се наоға во материјалот за обработка. Дозволете дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за обработка или да предизвика повратен удар.

д) Потпрете ги плочите или големите материјали за обработка, за да го намалите ризикот од повратен удар како резултат на заглавен диск за делење. Големи материјали за обработка може да свијат како последица на својата тежина. Материјалот за обработка мора да биде потпран на двете страни и тоа како во близина на засекот за делење така и на работ.

r) Бидете особено внимателни при „сечење щебови“ кај сидови или во други непрегледни области. Дискот што навлегува може да предизвика повратен удар при сечење во гасоводи или водоводи, понатаму во електрични водови или други објекти.

Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија за шмирглање:

a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за мазнење. Следете ги податоците на производителот по однос на големината на листот за мазнење. Листови за шмирглање што зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на листовите или да доведат до повратен удар.

Специјални безбедносни упатства во врска со работата со четките со жица:

а) Внимавајте на тоа, дека четката со жица во текот на вообичаената употреба губи парчињ од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците со премногу голем притисок на допир. Парчиња од жицата што се разлетуваат можат да навлезат низ тенка облека и/или во кожата.

б) Доколку е препорачана заштитна капа, спречете да дојде до можност за допир помеѓу заштитната капа и четката со жица. Кај четките со подножје и за четкање може да дојде до зголемување на нивниот дијаметар како резултат на притисокот при допир и на центрифугалните сили.

Останати безбедносни и работни упатства

При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете се лујето да не бидат загрозени. Поради ризик од пожар, запалливи матери не смеат да бидат лоцирани во близина (зона на искрење). Не користете издув за прав.

Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го погодат телото.

Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна површина при включена машина.

Во случај на значителни вибрации или појава на други неправилности веднаш исключете ја машината со цел да ја најдете причината за нив.

При екстремни услови на работа (на пр. кај глатко брусен метал со потпорни тањири и дискови од вулканизирани влакна за брусење) може да се наталожи силен талог на нечистотија во внатрешноста на аголната брусилица (метални наталожувања). Под вакви работни услови поради безбедносни причини потребно е претходно вклучување на заштитниот прекинувач на струјата на дефектот. После реагирање на Fl-заштитниот прекинувач машината мора да се испрати на одржување.

Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината работи.

ГЛАВНИ ВРСКИ

Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.

Уредите кои се користат на многу различни локации вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).

Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво машината е исклучена.

Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до отворите за вентилација-ризик од куршлус!

предизвикува краткотрајни падови на напонот. При неповолни услови на напојување, останатата опрема може да биде оштетена. Дококу отпорот на системот на снабдувањето е помал од 0,2Ohm, мала е веројатноста за појава на пречки.

СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА

Аголната брусилка се употребува за делење и брусење согребење (грубо гребење) на голем број материјали како например на метал или камен, како и за мазнење на подлогиза мазнење на пластика и за работа со четка со челичнажица. Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите на приборот.

За работи со делење употребувајте ја заштитната капа од програмата за прибор.

Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите на приборот.

Електричното орудие е прикладно само за сува обработка.

РАБОТНИ УПАТСТВА

За алатите кои се наменати за опремување со шилесто тркало за дупчење, осигурете се дека жицата во тркалото е довольно долга за да ја прифати должината на вретеното.

Сечени и брусени плочи да се употребуваат и чуваат секогаш према податоците на производителот.

Во случај на груба обработка и пресекување секогаш се работи со заштитна капа.

При расцепување на камен мора да биде користена подлошка водилка!

Коленчестите плочи за стругање мора да бидат монтирани на тој начин, што нивната клизна површина ќе завршува барем 2 мм под рамнината на работ на заштитната капа.

Шрафот за штепување мора да биде затегнат пред да се почне со работа со машината.

Секогаш користете ја помошната рачка.

Работни предмети кои што се обработуваат мора да бидат цврсто стегнати доколку не се држи со самата своја тежина. Работните предмети никогаш да не се водат рачно према плочата.

ЗАШТИТА ОД ПОВТОРНО ПРИДВИЖУВАЊЕ

Машините со аретирачки прекинувач се опремени со заштита од повторно придвижување. Таа заштита спречува да дојде до повторно придвижување на машината по снемување струја. Во случај на повторно започнување со работа, исключете ја машината и потоа включете ја повторно.

ОГРАНИЧУВАЧ НА СТАРТНАТА СТРУЈА-КОЛО + МАЗЕН СТАРТ

Стартната струја за машината е неколку пати повисока просечната струја. Ограничувачот на стартната струја произведува почетна струја до таква мера што осигурувачот (16А, спор-...) не се вклучува.

Електронски контролиран мазен старт за безбедно користење кој штити од почетното нагло задвижување на машината.

ОДРЖУВАЊЕ

Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано.

Доколку приключниот вод на електричното орудие е оштетено, їе мора да се замени со специјално подесен вод кој што може да се добие преку сервисната организација.

Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).

Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно кaj: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.

ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ

Како производител, изјавуваме под целосна одговорност дека „Техничките податоци“ подолу го опишуваат производот со сите релевантни одредби од регулативите 2011/65/EY (RoHS), 2014/30/E3, 2006/42/E3 и се усогласени со следниве хармонизирани регулаторни документи:

EN 60745-1:2009+A11:2010

EN 60745-2-3:2011+A2:2013

EN 55014-1:2017+A11:2020

EN 55014-2:2015

EN 61000-3-2:2014

EN 61000-3-3:2013

EN IEC 63000:2018

Ополномоштен за составување на техничката документација.

Techtronic Industries GmbH

Max-Eyth-Straße 10

71364 Winnenden

Germany

СИМБОЛИ

MILWAUKEE AG 24-230 E - СИМБОЛИ - 1

ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!

MILWAUKEE AG 24-230 E - СИМБОЛИ - 2

MILWAUKEE AG 24-230 E - СИМБОЛИ - 3

MILWAUKEE AG 24-230 E - СИМБОЛИ - 4

MILWAUKEE AG 24-230 E - СИМБОЛИ - 5

MILWAUKEE AG 24-230 E - СИМБОЛИ - 6

MILWAUKEE AG 24-230 E - СИМБОЛИ - 7

MILWAUKEE AG 24-230 E - СИМБОЛИ - 8

MILWAUKEE AG 24-230 E - СИМБОЛИ - 9

MILWAUKEE AG 24-230 E - СИМБОЛИ - 10

MILWAUKEE AG 24-230 E - СИМБОЛИ - 11

Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете го кабелот од струјата.

Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба.

Секогаш при користење на машината носете ракавици.

Носете ракавици!

Не употребувајте сила.

Само за работи на брусење.

Само за работи на сечење.

Дополнителна опрема - Не е включена во стандардната, а достапна е како додаток.

Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.

Електричните и електронсите апарати треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита на околината.

Информирајте се кај Вашите местни служби или кај специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за рециклажа и собирни станици.

Електрично орудие од заштитната категорија II. Електрично орудие чијашто заштита од електричен удар не зависи само од основната изолација туку и од тоа дали ќе се применат дополнителните заштитни мерки како што се двоструките изолации или појачаната изолација.

Не постои никаква направа за приклучување на некој заштитен вод.

Regulatory Compliance Mark (RCM). Производот ги исполнува важечките прописи.

Украинска ознака за сообразност

Евроазиска ознака за сообразност

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MILWAUKEE

Модел : AG 24-230 E

Категорија : мелница