PHILIPS Series 5500 EP5544 - Кафемат

Series 5500 EP5544 - Кафемат PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Series 5500 EP5544 PHILIPS во PDF формат.

📄 570 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice PHILIPS Series 5500 EP5544 - page 504
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за Series 5500 EP5544 PHILIPS

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Кафемат во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Series 5500 EP5544 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Series 5500 EP5544 на марката PHILIPS.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Series 5500 EP5544 PHILIPS

Пред првата употреба 505

Варење пијалаци 506

Персонализирање пијалаци 508

Приспособување на поставките за машината ____ 509

Отстранување и вметнување на групата за варење ____ 510

Чистење и одржување 511

Филтер за вода AquaClean 513

Постапка на отстранување бигор (30 мин.) 514

Нарачување додатоци 515

A2 Држач за чаши A11 Етикета со податоци со број на тип

A3 Преграда за претходно мелено кафе A12 Резервоар за вода

A4 Капак на резервоарот за зрна кафе A13 Одвод за врела вода

A5 Приспособлив одвод за кафе A14 Сад за мелено кафе

А6 Приклучок за кабел за напојување А15 Преден панел на садот за мелено кафе

A7 Копче за поставување на мелењето A16 Капак на послужавникот за капење

A8 Резервоар за зрна кафе A17 Послужавник за капење

A9 Група за варење A18 Индикатор „послужавникот за капење е полн"

Додатоци

A19 Кабел за напојување A22 Лажичка за мерење

A20 Цевка за подмачкување A23 Лента за тестирање тврдост на водата

A21 Филтер за вода AquaClean A24 LatteGo (сад за млеко)

Контролна табла

Постојат повеće верзии од овој апарат за еспресо, со различни контролни таблиц. Секоја верзија има сопствен број на тип. Бројот на типот може да го најдете на етикетата со податоци на внатрешната страна од сервисната врата (Сл. А11). Бројот на типот може да го најдете и со допирање на иконата за Поставки ✉ и избирање „Поддршка“.

Погледнете ги сликите C и D за преглед на сите копчиња и икони. Подолу єе го најдете описот.

Користете ги стрелките за нагоре и надолу за да лизгате низ дисплејот и допрете ја иконата ОК за да ги изберете или потврдите вашите избори.

Сите типови (Сл. С/Д)

C1/D1 Икони за пијалаци со еден допирC4. Икони за навигација (нагоре, надолу, назад, ОК)C7. Мени за чистење
C2/D2. Мени со други пијалаци C5. Приказ C8. Лични профили
C3 Старт/стоп▶копче C6. Поставки за машината C9. Копче за вклучување/исклучување

Само кај серијата 4000 (Сл. С)

С1 Икони за пијалаци со еден допир: еспресо, кафе, американо, кафе со мраз, капучино, лате макијато

Само кај серијата 5000 (Сл. D)

D1 Икони за пијалаци со еден допир: еспресо, кафе, американо, капучино, лате макијато, кафе со мраз, лате со мраз

Вовед

Ви честитаме што купивте целосно автоматска машина за кафе Philips! За целосно да ја искористите поддршката што ја нудиме, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.

Внимателно прочитајте ја посебната безбедносна брошура пред првиот пат кога ње ја користите машината и зачувајте ја за во иднина.

За да ви помогнеме да започнете и да го добиете најдоброто од вашата машина, нудиме поддршка на повеće начини. Во кутијата можете да го најдете следново:

1 Водичот за брзо започнување со упатства за користење претставени со слики и информации за чистење и одржување.
2 Посебната брошура за безбедност со упатства за безведен начин на користење на машината.
3 За онлајн поддршка (овој проширен прирачник за корисниците, често поставувани прашања, видеа итн.), скенирајте го QR-кодот што се наога на корицата на оваа брошура за да ја преземете апликацијата или одете на www.philips.com/coffee-care.

i Постојат повеće верзии од оваа машина за еспресо и сите имаат различни функции. Секоја верзија има сопствен број на тип. Бројот на типот може да го најдете на етикетата со податоци на внатрешната страна од сервисната врата (видете Сл. А11).

i Машинава е тестирана со кафе. Иако беше внимателно исчистена, може да има остатоци од кафе. Сепак, гарантираме дека машината е потполно нова.

Машината автоматски го приспособува количество мелено кафе што се користи за да направи највкусно кафе. Може да сварите 5 филцани кафе првично за да й овозможите на машината да го заврши самостојното приспособување.

Погрижете се да го исплакнете LatteGo (садот за млеко) пред првото користење.

Пред првата употреба
PHILIPS Series 5500 EP5544 - Вовед - 1

Склопување на LatteGo
PHILIPS Series 5500 EP5544 - Вовед - 2

1 Наполнете го резервоарот за вода со вода од чешма и наполнете го резервоарот за зрна кафе со зрна.
2 Внесете го малиот приключок во електричниот приключок на задната страна од машината. Ставете го приключокот за напојување во сидниот штекер.
3 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја включите машината.
- Кога сите светла на иконите за пијалаци светат постојано, машината е подготвена за употреба.
4 Ставете филцан под одводот за распрскување кафе. Лизгајте го одводот за распрскување кафе нагоре или надолу за да ја приспособите неговата висина на висината на филцанот или чашата што ја користите (Сл. 2).

Варење кафе со зрна

1 За да сварите кафе, допрете ја иконата за пијалак по избор или допрете ја иконата „More Drinks“ (Други пијалаци).
- Може да го приспособите пијалакот по ваш вкус. Користете ги стрелките за нагоре и надолу за да ја приспособите јачината на кафето. Допрете ја иконата ОК ако сакате да приспособите и други поставки.
2 Притиснете го копчето за старт/стоп вд секое време за да започнете со варење на избраниот пијалак.
3 За да сопре распрснувањето на кафето пред да заврши машината, притиснете го копчето за старт/стоп ▶■овторно.

i 3a да варите две кафиња истовремено, допрете ја иконата за пијалак два пати или изберете ја иконата 2x со лизгање на назначената лента.

Немојте да користите карамелизирили зрна кафе или зрна кафе со посебен вкус.

Варење пијалаци на база на млеко со LatteGo (садот за млеко)

LatteGo се состоит од сад за млеко, рамка и капак за резервоарот. За да се избегне протекување, погрижете се правилно да ги составите рамката и садот за млеко пред да го наполните садот за млеко.

1 За да го составите LatteGo, прво вметнете го горниот дел од садот за млеко под куката на горниот дел од рамката (Сл. 8). Потоа притиснете го долниот дел од садот за млеко на своето место. Ке слушнете кликнување кога ке се заклучи на своето место (Сл. 9).
Забелешка: осигурете се дека садот за млеко и рамката се чисти пред да ги поврзете.

2 Malky навалете го LatteGo и ставете го врз одводот за врела вода (Сл. 10). Потоа притиснете го додека не се заклучи на своего место (Сл. 11).

3 Наполнете го LatteGo со млеко (Сл. 12). Не полнете го садот за млеко над ознаката за максимум.

i Ако сте го персонализирале количеството на млеко, можеби їе треба да го наполните садот со повеće или помалку млеко од означеното за овој пијалак на LatteGo.

Секогаш користете млеко тукушто извадено од фрижидер за оптимални резултати.

4 Ставете филцан на послужавникот за капење.

5 Допрете ја иконата за пијалак на база на млеко по избор или допрете ја иконата „More Drinks“ (Други пијалаци) за да изберете друг пијалак

- Сега може да го приспособите пијалакот по сопствен избор.

  • Кога варите капучино, обично кафе со млеко, лате макијато, капучино со мраз или лате со мраз, машината прво распрскува млеко, а потоа кафе. Кога варите кафе лате, кафе со млеко, кафе лате со мраз или кафе со млеко со мраз, машината прво распрскува кафе, а потоа млеко.
  • За да сопре распрснувањето на млекото пред машината да го распрска одреденото количество, притиснете го копчето за старт/стоп.

7 За да сопре распрснувањето на целосниот пијалак (млеко и кафе) пред да заврши машината, притиснете и задржете го копчето за старт/стоп.

Правење пијалаци со мраз

i Kaфето се подготвува со топла вода. Подготвувајте врз коцки мраз за оптимални резултати.

1 Земете чаша и наполнете две третини со коцки мраз.
2 Поставете ја чашата под одводот за распрескување кафе.
3 Допрете ја иконата за кафе со мраз.
- Може да го приспособите пијалакот според саканиот вкус.

i Препорачуваме да ја користите јачината на аромата 3.

4 Притиснете го копчето за старт/стоп▶
5 За да сопре распрснувањето на кафето пред да заврши машината, притиснете го копчето за старт/стоп ▶■овторно.
6 За посебно кафе со мраз, одгоре ставете ладно млеко.

Дополнителна доза (ExtraShot)

Вашата машина ви нуди можност да додадете дополнителна доза „ристрето“ во вашето кафе и млечни пијалаци, на пример, ако сакате да имате појако кафе.

1 Ставете филцан под одводот
2 Допрете на една од иконите за пијалаци со еден допир за да изберете пијалак или допрете на иконата „More Drinks“ (Други пијалаци) за да изберете пијалак.
3 Користете ја стрелката за нагоре за да ја поставите јачината до највисокото ниво, а потоа изберете ја функцијата ExtraShot.
4 Допрете ја иконата ОК ако сакате да ги персонализирате другите поставки. Потоа притиснете на иконата за старт/стоп ▶ва да започнете со подготовка на пијалакот.
5 За да сопре распрескувањето на пијалакот пред да заврши машината, притиснете ја иконата за старт/стоп ▶■овторно.

i Kora сте ја избрале функцијата ExtraShot, можете да варите само едно кафе истовремено.

Варење кафе со претходно сомелено кафе

Може да изберете да користите претходно мелено кафе наместо зрна, на пример, ако претпочитате друга сорта на кафе или бескофеинско кафе.

1 Отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и ставете една рамна лажичка за мерење од претходно сомеленото кафе во неа (Сл. 14). Потоа затворете го капакот.
2 Допрете на една од иконите за пијалаци со еден допир или допрете на иконата „More Drinks“ (Други пијалаци) за да изберете друг пијалак.

3 Изберете ја функцијата за претходно мелено кафе. Ова може да го направите на 2 различни начини:

- користете ја стрелката за надолу за да ја поставите јачината на најниско ниво, а потоа изберете ја функцијата за претходно мелено кафе.

- притиснете ја иконата „Поставки“ 🚙️ користете ја стрелката за надолу за да ја изберете функцијата за претходно мелено кафе.

4 За да сопре распрснувањето на кафето пред да заврши машината, притиснете го копчето за старт/стоп ▶■повторно.

i Кога ње ја изберете функцијата за претходно мелено кафе:

- таа се зачувува автоматски.

- може да сварите само по едно кафе истовремено.

- не може да изберете друга јачина на аромата.

Распрскување врела вода

1 Ако е прикачен, отстранете го LatteGo.
2 Ставете филцан под одводот за врела вода.
3 Допрете на иконата „More Drinks“ (Други пијалаци) и користете ги стрелките за нагоре и надолу за да изберете жешка вода.
4 Користете ги стрелките за нагоре и надолу за да го приспособите количеството врела вода и/или температурата по ваш избор.
5 Притиснете го копчето за старт/стоп .▶

- Врелата вода се распрескува од одводот за врела вода (Сл. 15).

6 За да сопре распрснувањето на врелата вода пред да заврши машината, притиснете го копчето за старт/стоп ▶повторно.

Персонализирање пијалаци

Машината ви дозволува да ги приспособите поставките на пијалакот по сопствен избор и да го зачувате приспособениот пијалак во личниот профил. Различните профили имаат различни бои.

Откако ње изберете пијалак со допирање на една од иконите за пијалаци со еден допир или со допирање на иконата „More Drinks“ (Други пијалаци), може да ги направите следниве работи:

1 да ја приспособите јачината на аромата со иконите за нагоре и надолу (Сл. 5). Има 5 јачини, најниската е најслаба, а највисоката е најсилна.

2 да го приспособите количеството (Сл. 16) на кафе и/или количеството на млеко со иконите за нагоре и за надолу. Има 5 количества за секоја од поставките.

i Што će заврши машината со варење, поставките што сте ги избрале će се зачуваат во профилот што će го изберете.

Избирање профил

Може да изберете профил и да зачувате рецепт со Мои профили за избор на кафе (My Coffee Choice Profiles).

1 Допирајте ја иконата за профили 🌐 повторливо за да изберете еден од обоените профили. Сите профили имаат различна боја.
2 Изберете пијалак со допирање на една од иконите за пијалак со еден допир или со допирање на иконата „More Drinks“ (Други пијалаци).
3 Приспособете ги поставките за пијалакот на вашиот омилен вкус.

4 Притиснете на копчето за старт/стоп 🚫 да започнете варењето на избраниот пијалак

- Новите поставки сега се зачувани во обоениот профил што сте го избрале.

i Секогаш може да ги вратите фабричките поставки на машината (видете 'Враќање на фабрички поставки').

Профил на гостин

Машината е опремена со профил на гостин. Кога ќе се избере профилот на гостин, иконата за профил е ислучена. Кога ќе го изберете овој профил, може да ги персонализирате поставките по сопствен избор, но рецептите нема да се зачуваат.

Приспособување на поставките за машината

Поставување тврдост на водата

Ве советуваме да ја приспособите поставката за тврдост на водата според нивото на тврдост на водата во вашиот регион за да имате оптимални перформанси и подолг работен век на машината. Ова спречува да морате премногу често да го чистите бигорот на машината. Стандардната поставка за тврдост на водата е 4: тврда вода.

Користете ја лентата за тестирање тврдост на водата дадена во кутијата за да ја одредите тврдоста на водата во вашиот регион:

1 Ставете ја лентата за тестирање тврдост на водата во вода од чешма или држете ја под чешма 1 секунда (Сл. 17).
2 Почекајте 1 минута. Бројот на квадрати на лентата за тестирање што єе станат црвени ја означуваат тврдоста (Сл. 18) на водата.

Поставете ја машината на точната тврдост на водата:

1 Допрете на иконата „Поставки” икористете ги стрелките за нагоре и надолу за да изберете „Water hardness" (Тврдост на водата). Потоа притиснете на иконата ОК за да потврдите.
2 Користете ги стрелките за нагоре и надолу за да го изберете нивото на тврдост на водата. Бројот на црвени квадрати избран на дисплејот треба да биде ист со бројот на црвени квадрати на лентата (Сл. 19) за тестирање.
3 Кога ње ја поставите точната тврдост на водата, допрете ја иконата ОК за да потврдите.

Приспособување на поставките за мелницата

Може да ја промените јачината на кафето со копчето за поставка на мелењето во садот за зрна.

Колку е пониска поставката за мелење, толку е пофино меленото кафе и толку појако їе биде кафето. Има 12 различни поставки за мелење од кои може да изберете.

Машината е поставена да го извлече најдобриот вкус од вашите зрна кафе. Затоа ве советуваме да не ја поставувате поставката за мелење додека не сте свариле 100 до 150 филцани (приближно 1 месец користење).

i Поставките за мелење може да ги поставувате само кога машината ги меле зрната кафе. Треба да сварите 2 или 3 пијалаци пред да може да ја вкусите разликата.
He вртете го копчето за поставување на мелењето повеće од еден зарез едновремено за да се спречи оштетување на мелницата.

1 Ставете филцан под одводот за распрескување кафе.
2 Отворете го капакот на резервоарот за зрна кафе.
3 Допрете ја иконата за еспресо, а потоа притиснете на копчето за старт/стоп .
4 Кога мелницата ке почне да меле, притиснете го копчето за поставка на мелењето и свртете го налево или надесно. (Сл. 20)

Приспособување на другите поставки за машината

Со допирање на иконата за Поставки ⚙можете да ги приспособите следниве поставки за машината:

  • Тврдост на водата: можете да изберете помеѓу 5 нивоа, во согласност со тврдоста на водата во вашиот регион;
  • Време на чекање: можете да изберете 15, 30, 60 или 180 минути
  • Осветленост на екранот: можете да изберете ниска, средна и висока.
  • Јазик
  • Звук: можете да го активирате или деактивирате звукот на титкање на машината
  • Температура: можете да изберете помеѓу 3 температури на варење за вашето кафе
  • Предно осветлување (само кај серијата 5500): можете да изберете „секогаш включена“, „включена за време на варење“ или „секогаш ислучена“.
  • Единица мерка: можете да изберете помеѓу mǐ или oz.
  • Активирање профил: може да активирате или да деактивирате профили.
  • Плакнење при започнување: може да активирате или да деактивирате автоматски циклус на плакнење кога ја включувате машината.
  • Заднинско осветлување на екранот: може да го активирате или деактивирате заднинското осветлување на копчињата за пијалаци.

Враќање на фабрички поставки

Машината ви нуди можност да ги вратите фабричките поставки во секој момент.

1 Допрете ја иконата Settings (Поставки) .
2 Користете ги иконите за нагоре и надолу за да изберете „Фабрички поставки“. Потврдете со допирање на иконата ОК.
3 Притиснете го копчето за старт/стоп на да потврдите дека сакате да ги вратите поставките.

- Поставките сега се враćaat.

i Следните фабрички поставки се враćaat на стандартно: тврдост на водата, време на мирување, заднинско осветлување на екранот, плакнење при започнување, звук, температура, предно осветлување, профили.

Отстранување и вметнување на групата за варење

Одете на www.philips.com/coffee-care за детални видео упатства за начинот на отстранување, вметнување и чистење на групата за варење.

Отстранување на групата за варење од машината

1 Исклучете ја машината.
2 Извадете го резервоарот за вода и отворете ја сервисната врата (Сл. 21).

3 Притиснете ја рачката (Сл. 22) PUSH и повлечете го држачот на групата за варење за да ја извадите од машината (Сл. 23).

Повторно вметнување на групата за варење

Пред да ја вратите групата за варење назад во машината, осигурете се дека е во точната положба.

1 Проверете дали групата за варење е во точната положба. Стрелката на жолтиот цилиндар на страната од групата за варење мора да биде порамнета со црната стрелка и N (Сл. 24)
- Ако не се порамнети, притиснете ја рачката додека не дојде во контакт со основата од групата (Сл. 25) за варење.
2 Вратете ја групата за варење назад во машината со лизгање долж водечките шини на страните (Сл. 26) додека не се заклучи во положба со кликнување (Сл. 27). Не притискајте го копчето PUSH.
3 Затворете ја сервисната врата и вратете го резервоарот за вода.

Чистење и одржување

Редовното чистење и одржување ја одржува вашата машина во одлична состојба и обезбедува кафе со добар вкус долго време и со стабилен проток на кафе.

Погледнете ја табелата подолу за детален опис на времето и начинот на чистење на сите делови од машината што се вадат. Може да најдете подетални информации и видео упатства на

www.philips.com/coffee-care. Погледнете ја сликата В за преглед на деловите што може да се чистат во машина за миење садови.

Делови што се кога да се чисти Како да се чисти вадат

Група за варење Седмично Отстранете ја групата за варење од машината (видете 'Отстранување и вметнување на групата за варење').Исплакнете ја под чешма (видете 'Чистење на групата за варење под млаз вода од чешма').
Месечно Исчистете ја групата за варење со таблета за отстранување масло од кафе на Philips (видете 'Чистење на групата за варење со таблети за отстранување масло од кафе').
Преграда за претходно мелено кафеПроверувајте ја преградата за претходно мелено кафе седмично за да видите дали е затната.Исклучете ја машината и извадете ја групата за варење. Отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и ставете ја рачката на лажицата во неа.Движете ја рачката нагоре-надолу додека заглавеното кафе не испадне (Сл. 28). Одете наwww.philips.com/coffee-careза детални видео упатства.

Делови што се кога да се чисти Како да се чисти вадат

Сад за мелено кафе Испразнете го садот за мелено кафе кога ќе ве потсети машината. Чистете го седмично.Извадете го садот за мелено кафе додека машината е включена. Исплакнете го под чешма со малку течен детергент или исчистете го во машина за миење садови. Предниот панел на садот за мелено кафе (Сл. А15) не се мие во машина за миење садови.
Послужавник за капењеПразнете го послужавникот за капење секојдневно или штом ќе се појави црвениот индикатор „Drip tray full“ (Послужавникот за капење е полн) низ послужавникот за капење (Сл. 29). Чистете го послужавникот за капење седмично.Извадете го послужавникот (Сл. 30) за капење и исплакнете го под чешма со малку течен детергент. И послужавникот за капење може да го чистите во машина за миење садови. Предниот панел на садот за мелено кафе (Сл. А15) не се мие во машина за миење садови.
LatteGo По секоја употреба Прво исчистете го LatteGo додека е прикачен на машината со програмата „Quick milk clean“ (Брзо чистење од млеко) (видете 'Брзо чистење на LatteGo'). Потоа отстранете го од машината и исплакнете го под чешма или ставете го во машина за миење садови.
Подмачкување на групата за варењеСекои 2 месеци Погледнете ја табелата за подмачкување и подмачкајте ја групата за варење со маст на Philips (видете 'Подмачкување на групата за варење').
Резервоар за вода Седмично Исплакнете го резервоарот за вода под чешма
Преден дел на машинатаСедмично Чистете со неабразивна крпа

Чистење на групата за варење

Редовното чистење на групата за варење спречува затнување на внатрешните кола со остатоци од кафе. Постете ja www.philips.com/coffee-care за видеа за поддршка за начинот на отстранување, вметнување и чистење на групата за варење.

Чистење на групата за варење под млаз вода од чешма

1 Извадете ја групата (видете 'Отстранување и вметнување на групата за варење') за варење.
2 Исплакнете ја групата за варење темелно со вода. Внимателно исчистете го горниот филтер (Сл. 31) на групата за варење.
3 Оставете ја групата за варење да се исуши на воздух и вратете ја назад. Немојте да ја сушите групата за варење со крпа за да не се насоберат влакна во неа.

Чистење на групата за варење со таблети за отстранување масло од кафе

Користете само таблети за отстранување масло од кафе на Philips.

1 Допрете на иконата Чисти 🔒 и користете ги стрелките за нагоре и надолу за да изберете „Чистење на групата за варење“.
2 Допрете на иконата ОК за да потврдите, а потоа следете ги упатствата на екранот.

Подмачкување на групата за варење

За да ги подобрите перформансите на машината, препорачуваме да ја подмачкувате групата за варење на секои 2 месеци за да се осигури дека подвижните делови ње продолжат со непречено функционирање.

1 Нанесете тенок слој маст на клипот (сивиот дел) од групата за варење (Сл. 32).
2 Нанесете тенок слој маст околу оската (сивиот дел) на дното од групата (Сл. 33) за варење.
3 Нанесете тенок слој маст на водечките шини од двете страни (Сл. 34).

Чистење на LatteGo (садот за млеко)

Брзо чистење на LatteGo

1 LatteGo треба да е правилно прикачен за машината (Сл. 10).
2 Ставете филцан под одводот.
3 Допрете на иконата Чисти 🚗икористете ги стрелките за нагоре и надолу за да ја изберете програмата „Quick milk clean“ (Брзо чистење од млеко).
4 Допрете ја иконата ОК за да потврдите, а потоа следете ги упатствата на екранот за да го отстраните млекото што можеби преостанало во системот за млеко.
- Системот за млеко єе распрска мали млазови врела вода.

5 Складирајте го LatteGo со преостанатото млеко во фрижидер.

Темелно чистење на LatteGo

1 Отстранете го LatteGo од машината (Сл. 35).
2 Истурете го преостанатото млеко.
3 Притиснете го копчето за отпуштање и отстранете го садот за млеко од рамката на LatteGo (Сл. 36).
4 Исчистете ги сите делови во машина за садови или под чешма со млака вода и малку течност за перење.

Филтер за вода AquaClean

На вашата машина е овозможен AquaClean. Можете да го поставите филтерот за вода AquaClean во резервоарот за вода за да го зачувате вкусот на вашето кафе. Тоа исто така ја намалува потребата за чистење бигор поради намалување на наслагите на бигор во вашата машина. Можете да купите филтер за вода AquaClean од вашиот локален малопродажник, од овластените сервисни центри или онлајн на www.philips.com/parts-and-accessories.

Индикација за состојбата на филтерот AquaClean

Кога е активен AquaClean, статусот на филтерот AquaClean секогаш е видлив на екранот како процент.

  • Ако состојбата на филтерот AquaClean е 10 % или помалку, екранот прикажува порака 2 секунди секој пат кога је ја включите машината. Оваа порака ве советува да купите нов филтер.
  • Ако состојбата на филтерот 0 %, машината бара да го замените филтерот AquaClean секој пат кога ње ја включите.

Активирање на филтерот за вода AquaClean (5 мин.)

i Машината не открива автоматски дека е поставен филтер во резервоарот за вода. Затоа треба да го активирате секој нов филтер за вода AquaClean што го монтирате во менито „Clean“ (Чисти).

Кога машината će сопре да ја прикажува пораката за активирање на филтерот, сè уште можете да активирате филтер за вода AquaClean, но će треба прво да ја исчистите машината од бигор.

i Вашата машина треба да нема никаков бигор пред да почнете да го користите филтерот за вода AquaClean.

Пред да го активирате филтерот за вода AquaClean, тој мора да се подготви со негово натопување во вода, како што е опишано подолу. Ако не го направите ова, во машината може да навлезе воздух наместо вода, што создава многу бучава и машината нема да може да вари кафе.

1 Допрете на иконата „Clean“ (Чисти) ♦ и користете ги стрелките за нагоре и надолу за да изберете „AquaClean“.
2 Допрете на иконата ОК за да потврдите.
3 Допрете на иконата ОК повторно кога će се појави екранот за активирање. Следете ги упатствата на екранот.
4 Тресете го филтерот околу 5 секунди (Сл. 37).
5 Потопете го филтерот наопаку во чаша со ладна вода и тресете го/притискајте го (Сл. 38).
6 Вметнете го филтерот вертикално врз конекцијата за филтер во резервоарот за вода. Притиснете го надолу до најниската можна точка (Сл. 39).
7 Наполнете го резервоарот за вода со свежа вода од чешма и вратете го назад во машината.
8 Ако е прикачен, отстранете го LatteGo.
9 Ставете сад под одводот за врела вода.
10 Притиснете на копчето за старт/стоп▶■ за да започне процесот на активација.
11 Од одводот за жешка вода ке се распрескува жешка вода 1 минута.
12 Филтерот сега е безбедно активиран.

Заменување на филтерот за вода AquaClean (5 мин.)

Откако ће поминат 95 литри вода низ филтерот, тој ће престане да функционира. Индикаторот за статус на AquaClean ће падне на 0 % за да ве потсети да го замените филтерот. Сè додека индикаторот за сostoјба на филтерот AquaClean се прикажува на дисплејот, може да го замените филтерот пред да треба прво да го отстраните бигорот од машината. Ако не го замените филтерот AquaClean навремено, индикаторот на AquaClean ће се исклучи по некое време. Во тој случај, ће може да го замените филтерот, но прво ће треба да го отстраните бигорот од машината.

Кога индикаторот за сostoјба на AquaClean ke падне на 0 % или кога машината ве потсетува да го замените филтерот AquaClean:

1 извадете го стариот филтер за вода AquaClean.
2 монтирајте нов филтер и активирајте го, како што е опишано во поглавјето „Активирање на филтерот за вода AquaClean (5 мин.)“.

Заменувајте го филтерот за вода AquaClean најмалку на секои 3 месеци, дури и ако машината сё уште не укажува дека е потребна замена.

Постапка на отстранување бигор (30 мин.)

Користете само средство за отстранување бигор на Philips. Во ниту еден случај не треба да користите средство за отстранување бигор на база на сулфурна киселина, хлороводородна киселина,

аминосулфуреста или оцетна киселина (оцет) бидејки ова може да го оштети колото за вода во машината и нема да го раствори бигорот соодветно. Ако не користите средство за отстранување бигор на Philips, гаранцијата нема да важи. Гаранцијата нема да важи и ако не извршувате чистење бигор на апаратот. Може да купите раствор за отстранување бигор на Philips во онлајн продавницата

Кога ке биде потребно да се отстрани бигор од машината, на дисплејот се појавува порака.

1 Допрете ја иконата за чистење на корисничкиот интерфејс и изберете „Descaling” (Отстранување бигор) во менито.
2 Следете ги упатствата на екранот.
3 Ако е прикачен, отстранете го LatteGo.
4 Отстранете ги послужавникот за капење и садот за мелено кафе, испразнете ги и вратете ги на своето место.
5 Извадете го резервоарот за вода и испразнете го. Потоа извадете го филтерот за вода AquaClean.
6 Истурете го целото шише на средството за отстранување бигор на Philips во резервоарот за вода, а потоа наполнете го со вода до Calc / Clean индикацијата (Сл. 40). Потоа повторно ставете го во машината.
7 Ставете голем сад (1,5 l) под одводот за распрескување кафе и одводот за вода.
8 Притиснете на копчето за старт/стоп▶■ за да започне постапката за чистење бигор. Постапката за чистење бигор трае приближно 30 минути и се состоит од циклус на чистење бигор и циклус на плакнење.
9 Почекајте додека машината не престане да распрскува вода. Повторно наполнете го резервоарот за вода кога на дисплејот ќе се појави порака. Постапката за отстранување бигор е завршена кога машината ќе престане да распрскува вода.
10 Монтирајте нов филтер за вода AquaClean во резервоарот за вода и активирајте го.

- Кога ће заврши постапката за отстранување бигор, машината ве потсетува да монтирате нов филтер AquaClean (видете 'Заменување на филтерот за вода AquaClean (5 мин.)').

Совет: Користењето на филтерот AquaClean ја намалува потребата за отстранување бигор!

Што треба да направите ако постапката за чистење бигор се прекине

Може да излезете од постапката за чистење бигор со притискање на копчето за вклучување/исклучување на контролната табла. Ако постапката за чистење бигор се прекине пред да заврши целосно, направете го следново:

1 Испразнете го и исплакнете го резервоарот за вода темелно.
2 Наполнете го резервоарот за вода со свежа вода до нивото Calc / Clean и повторно включете ја машината.
3 Пред варење пијалаци, изведете циклус на рачно плакнење. За да изведете рачен циклус на плакнење, прво ставете половина резервоар врела вода со повторливо избирање на функцијата за врела вода, а потоа сварете 2 филцани претходно мелено кафе без да додадете мелено кафе.

i Ако постапката за чистење бигор не завршила, їе биде потребно да се изврши друга постапка за чистење бигор што е можно поскоро.

Нарачување додатоци

За чистење на машината и бигорот, користете само производи за одржување на Philips. Овие производи може да се купат од вашиот локален малопродажник, од овластените сервисни центри

или онлајн на www.philips.com/parts-and-accessories. За да го најдете целосниот список со резервни делови онлајн, внесете го бројот на моделот на вашата машина. Бројот на моделот може да го најдете од внатрешната страна на сервисната врата.

Производи за одржување и број на типови:

  • Раствор за отстранување бигор СА6700
  • Филтер за вода AquaClean CA6903
  • Маст за групата за варење HD5061
  • Таблети за отстранување масло од кафе СА6704

Brita-филтрите не се компатибилни со оваа машина.

Решавање проблеми

Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги сретнете кај машината. Видеата за поддршка и целосниот список со често поставуваните прашања се достапни на www.philips.com/coffee-care. Ако не можете да го решите проблемот, контакријте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист.

Икони за предупредување

Икона за Решение предупред- ување

PHILIPS Series 5500 EP5544 - Икони за предупредување - 1Иконата „water tank empty“ (резервоарот за вода е празен) се појавува на дисплејот.- Резервоарот за вода е речиси празен. Наполнете го резервоарот за вода со свежа вода до ознаката за максимально ниво.- Резервоарот за вода не е ставен на своето место. Ставете го резервоарот за вода на своето место.
PHILIPS Series 5500 EP5544 - Икони за предупредување - 2Иконата „add beans“ (додајте зрна) се појавува на дисплејот.- Наполнете го резервоарот за зрна кафе со зрна кафе.
PHILIPS Series 5500 EP5544 - Икони за предупредување - 3Иконата „empty coffee ground container“ (испразнете го садот за мелено кафе) се појавува на дисплејот.- Садот за мелено кафе е полн. Извадете го и испразнете го садот за мелено кафе додека машината е включена. Почекајте 5 минути пред да го вратите назад.
PHILIPS Series 5500 EP5544 - Икони за предупредување - 4Иконата „insert brew group“ (вметнете ја групата за варење) се појавува на дисплејот.- Групата за варење не е на место или не е поставена правилно. Извадете ја групата за варење и осигурете се дека е блокирана на своето место. Погледнете го поглавјето „Отстранување и вметнување на групата за варење“ за упатства чекор по чекор.

Кодови за грешки

Подолу єе најдете список со кодови на грешки што прикажуваат проблеми коишто може да ги решите сами. Видеоупатствата се достапни на www.philips.com/coffee-care. Ако се појави друг код на грешка, контактирајте со центарот за грижа на корисници на Philips во вашата земја. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист.

01 Инката за кафе езатната.Исклучете ја машината и откачете ја од кабел. Извадете јагрупата за варење. Потоа отворете го капакот на преградатаза претходно мелено кафе и ставете ја рачката на лажицата.Движете ја рачката нагоре-надолу додека заглавеното кафене испадне. Посетете jawww.philips.com/coffee-careзадетални видео упатства.
03 Групата за варење евалкана или не е доброподмачкана.Исклучете ја машината. Исплакнете ја групата за варење сосвежа вода, оставете ја да се исуши на воздух, а потоаподмачкајте ја. Погледнете во поглавјето „Чистење на групатаза варење“ или посетете jawww.philips.com/coffee-careзадетални видео упатства. Потоа повторно включете ја машината.
04 Групата за варење не епозициониранаправилно.Исклучете ја машината. Отстранете ја групата за варење иповторно вметнете ја. Проверете дали групата за варење е воточната положба пред да ја вметнете. Погледнете вопоглавјето „Ракување на групата за варење“ или посетете jawww.philips.com/coffee-careза детални видео упатства.Потоа повторно включете ја машината.
05 Има воздух во колотоза вода.Рестартирајте ја машината со исклучување и повторновклучување. Ако ова успее, истурете 2 до 3 чаши врела вода.Исчистете го бигорот од машината ако не сте го направилетоа подолго време.
Извадете го филтерот AquaClean и повторно обидете се дасварите кафе. Ако ова успее, проверете дали филтеротAquaClean e подготовен соодветно пред да го ставите повторнопазад. Ставете го филтерот AquaClean во резервоарот за вода.Ако и ова не успее, филтерот може да е затнат и треба да сезамени.
11 Машината треба да сеприспособи на собнатемператураОставете ја машината некое време да се приспособи на собнатемпература од транспортната/надворешната температура.Исклучете ја машината 30 минути, а потоа повторно включетеја. Ако ова не успее, контактирајте со Центарот за грижа накорисниците во вашата држава. За деталите за контакт,погледнете го гарантниот лист.
14 Машината е прегреана. Исклучете ја машината и повторно включете ја по 30 минути.
19 Машината не еправилно приключенаво сидниот приклучок.Осигурете се дека малиот приключок од кабелот занапојување е правилно поврзан во електричниот приклучокна задната страна од машината.

Табела за решавање проблеми

Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги сретнете кај машината. Видеата за поддршка и целосниот список со често поставуваните прашања се достапни на www.philips.com/coffee-care. Ако не можете да го решите проблемот, контакријте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист.

Има остатоци од кафе во мојата нова машина.машинава е тестирана со кафе. Иако беше внимателно исчистена, може да има остатоци од кафе. Сепак, машината е потполно нова.
Послужавникот за капење се полни брзо/секогаш има вода во послужавникот за капење.Тоа е нормално. Машината користи вода за да ги плакне внатрешното коло и групата за варење. Дел од водата поминува низ внатрешниот систем и директно во послужавникот за капење.Празнете го послужавникот за капење секојдневно или штом ће се појави црвениот индикатор „послужавникот за капење е полн“ низ капакот на послужавникот за капење. Совет: ставете чаша под одводот за распрскување за да се собере водата за плакнење што ће излезе од него.
Иконата „испразнете го садот за мелено кафе“ е постојано включена.Сте го испразниле садот за мелено кафе додека машината била исключена или сте го вратиле назад пребрзо.Секогаш вадете го и празнете го садот за мелено кафе додека машината е включена. Извадете го садот за мелено кафе, почекајте најмалку 5 секунди, а потоа повторно вметнете го.
Машината бара да се испразни садот за мелено кафе иако садот не е полн.Машината не го ресетирала бројачот последниот пат кога сте го испразниле садот за мелено кафе.Секогаш почекајте најмалку 5 секунди кога го враćате садот за мелено кафе назад во машината. На овој начин, бројачот за празнење на садот за мелено кафе ће се ресетира на нула и бројот на полнења со кафе се брои правилно.
Секогаш вадете го и празнете го садот за мелено кафе додека машината е включена. Ако го испразните садот за мелено кафе кога машината е исклучена, бројачот за празнење на садот за мелено кафе нема да се ресетира.
Садот за мелено кафе е преполн, а иконата „испразнете го садот за мелено кафе“ не се прикажа на дисплејот.Сте го извадиле послужавникот за капење без да го испразните садот за мелено кафе.Кога ће го извадите послужавникот за капење, испразнете го послужавникот за капење дури и ако содржи само неколку полнење со кафе. Вака бројачот на полнења со кафе со сигурност ће се ресетира на нула и бројот на полнења со кафе се брои правилно.
Не можам да ја извадам групата за варење.Групата за варење не е во точната положба.Ресетирајте ја машината на следниов начин: затворете ја сервисната врата и вратете го резервоарот за вода. Исклучете ја машината и повторно включете ја и почекајте да се вклучат светлата на иконите за пијалаци. Обидете се повторно да ја извадите групата за варење. Погледнете го поглавјето „Отстранување и вметнување на групата за варење“ за упатства чекор по чекор.
Не можам да ја вметнам групата за варење.Групата за варење не е во точната положба.Ресетирајте ја машината на следниов начин: затворете ја сервисната врата и вратете го резервоарот за вода. Оставете ја групата за варење надвор од машината. Исклучете ја машината и откачете ја од кабел. Почекајте 30 секунди и приключете ја машината во штекер, включете ја и почекајте да се включат светлата на иконите за пијалаци. Потоа ставете ја групата за варење е во точната положба и повторно вметнете ја во машината. Погледнете го поглавјето „Отстранување и вметнување на групата за варење“ за упатства чекор по чекор.
Кафето е водникаво. Групата за варење е валкана или треба да се подмачка.Извадете ја групата за варење (видете 'Отстранување на групата за варење од машината'), исплакнете ја под чешма и оставете ја да се исуши. Потоа подмачкајте ги подвижните делови (видете 'Подмачкување на групата за варење').
Машината ја изведува постапката за самостояјно приспособување. Оваа постапка стартува автоматски при првото користење на машината, кога Ѽе го смените типот на зрната кафе или по подолг период на некористење.Сварете 5 филцани кафе првично за да й овозможите на машината да ја заврши постапката на самостояјно приспособување.
Мелницата е поставена на премногу крупна поставка.Поставете ја мелницата на поситна (пониска) поставка. Сварете 2 или 3 пијалаци за да може да ја вкусите разликата.
Кафето не е довольно жешко.Температурата е поставена прениско.Поставете ја температурата на максимальната поставка. За да ја приспособите температурата, притиснете на иконата „Поставки“. ⚙️
Автоматскиот циклус на плакнење е оневозможен.Активирајте го автоматскиот циклус на плакнење со притискање на „Settings“ (Поставки) ⚙️ Кога оваа поставка е активирана, машината Ѽе се загрее и Ѽе изврши автоматски циклус на плакнење кога Ѽе ја включите.
Ладниот филцан ја намалува температурата на пијалакот.Загрејте ги филцаните со плакнење со врела вода.
Додавањето млеко ја намалуватемпературата на пијалакот.Без разлика дали їе додадете врело или ладно млеко, додавањето млеко секогаш ја намалува температурата на кафето. Загрејте ги филцаните со плакнење со врела вода.
Не излегува кафе или излегува бавно.Филтерот за вода AquaClean не е подготвен соодветно за монтирање.Извадете го филтерот AquaClean и ставете малку врела вода. Ако ова успее, филтерот AquaClean не бил соодветно монтиран. Повторно монтирајте го филтерот AquaClean и следете ги чекорите во поглавјето „Филтер за вода AquaClean“.
По подолг период на некористење, треба да го подготвите филтерот за вода Филтер за вода AquaClean за повторна употреба и ставете 2 до 3 чаши врела вода.
Филтерот за вода AquaClean е затнат.Заменувајте го филтерот за вода AquaClean на секои 3 месеци. Филтер што е постар од 3 месеци може да се затне.
Мелницата е поставена на премногу ситна поставка.Поставете ја мелницата на покупна (повисока) поставка. Имајте предвид дека ова їе влијае врз вкусот на кафето.
Групата за варење е валкана. Извадете ја групата за варење и исплакнете ја под чешма (видете 'Чистење на групата за варење под млаз вода од чешма').
Одводот за распрскување кафе е валкан.Исчистете го одводот за распрскување кафе и неговите отвори со чистач за цевки или игла.
Преградата за претходно мелено кафе е затнатаИсклучете ја машината и извадете ја групата за варење. Отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и ставете ја рачката на лажицата во неа. Движете ја рачката нагоре- надолу додека заглавеното кафе не испадне (Сл. 28).
Колото на машината е блокирано од бигор.Исчистете го бигорот со средство за отстранување бигор на Philips. Секогаш чистете го бигорот кога машината їе ве потсети.
Не се прави пена од млекото.LatteGo е склопен погрешно. Осигурете се дека садот за млеко е правилно склопен на рамката на LatteGo (кликнување) (видете 'Склопување на LatteGo').
Садот за млеко и/или рамката на LatteGo се валкани.Расклопете го LatteGo и исплакнете ги двата дела под чешма или исчистете ги во машина за садови.
Типот на млеко што се користине е соодветен за правење пена.Различни типови млеко може да резултираат со различно количество пена и различен квалитет на пената. Ги тестиравме следните типови млеко што докажаа дека од нив се добива млечна пена со добар резултат: полумасно или полномасно кравјо млеко и млеко без лактоза.
Млеко тече од долниот дел на садот за млеко на LatteGo.Рамката и/или садот за млеко не се составени правилно.Прво вметнете го горниот дел од садот за млеко под куката на горниот дел од рамката. Потоа притиснете го долниот дел од садот за млеко на своето место. Ке слушнете кликнување кога ке се заклучи на своето место.
Садот за млеко и/или рамката на LatteGo се валкани.Расклопете го LatteGo и исплакнете ги двата дела под чешма или исчистете ги во машина за садови.
Изгледа дека машината протекува.Машината користи вода за да ги плакне внатрешното коло и групата за варење. Оваа вода поминува низ внатрешниот систем и директно во послужавникот за капење. Тоа е нормално.Празнете го послужавникот за капење секој ден или штом ке се појави индикаторот „послужавникот за капење е полн“ низ капакот на послужавникот за капење. Совет: ставете шолја под отворот за распрскување за да се собере водата за плакнење и да се намали количеството вода во послужавникот за капење.
Послужавникот за капење е преполн и претекува што прави да изгледа дека машината протекува.Празнете го послужавникот за капење секој ден или штом ке се појави индикаторот „послужавникот за капење е полн“ низ капакот на послужавникот за капење.
Резервоарот за вода не е целосно вметнат, дел од водата истекува од него и воздух се вовлекува во машината.Осигурете се дека резервоарот за вода е во точната положба: извадете го и повторно ставете го туркајки го што е можно подлабоко.
Групата за варење е валкана/затната.Исплакнете ја групата за варење.
Машината не е поставена на хоризонтална површина.Ставете ја машината на хоризонтална површина, така што послужавникот за капење нема да претекува, а индикаторот „послужавникот за капење е полн“ ке работи правилно.
Не можам да го активирам филтерот за вода AquaClean и машината бара чистење бигор.Филтерот не е монтиран или заменет на време откако на екранот се прикажал потсетникот AquaClean. Ова значи дека вашата машина веке не е целосно без бигор.Прво исчистете го бигорот на машината, а потоа монтирајте го филтерот за вода AquaClean.
Новиот филтер за вода не одговара.Се обидувате да монтирате друг филтер што не е филтер за вода AquaClean на Philips.Само филтерот за вода AquaClean на Philips одговара во машината.
Гумениот прстен на филтерот за вода AquaClean не е на место.Повторно ставете го гумениот прстен на филтерот за вода AquaClean.
Машината произведува гласен звук.Нормално е машината да произведува звуци при користењето.Ако машината започне да произведува друг тип на звук, исчистете ја групата за варење и подмачкајте ја (видете 'Подмачкување на групата за варење').
Филтерот за вода AquaClean не е подготовен соодветно и сега е вовлечен воздух во машината.Извадете го филтерот за вода AquaClean од резервоарот за вода и соодветно подготовете го за користење пред да го вратите назад. Погледнете го поглавјето „Филтер за вода AquaClean“ за упатства чекор по чекор.
Резервоарот за вода не е вметнат целосно и вовлечен е воздух во машината.Осигурете се дека резервоарот за вода е во точната положба: извадете го и повторно ставете го туркајки го што е можно подлабоко.

Производителот го задржува правото да ги подобри техничките спецификации на производот. Сите одредени количества се приближни.

Опис Вредност

Големина (ш х в х д) 246 x 377 x 434 mm
Тежина 7.5 - 8 kg
Должина на кабелот за напојување 1.200 mm
Резервоар за вода 1,8 литри
Капацитет на резервоарот за зрна кафе 275 g
Капацитет на садот за мелено кафе 12 полнења
Капацитет на LatteGo (садот за млеко) 250 ml
Приспособлива висина на одводот 88 - 145 mm
Номинален напон – Номинална моćност – Довод на струјаВидете ја етикетата со податоци од внатрешната страна на сервисната врата (Сл. А11)

Зміст

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : PHILIPS

Модел : Series 5500 EP5544

Категорија : Кафемат