LG Libero 27BQ70C - Монитор

Libero 27BQ70C - Монитор LG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Libero 27BQ70C LG во PDF формат.

📄 177 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice LG Libero 27BQ70C - page 82
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ LCD монитор
Бренд LG
Модел Libero 27BQ70C
Категорија Монитор
Големина на екран 27 инчи
Препорачана резолуција Да се определи според спецификациите на производителот
Технологија на приказ LCD со активна матрица
Напојување Преку мрежа со адаптер или приложен кабел за напојување
Потрошувачка во мирување Режим на мирување (Sleep) и исклучување (Off) за заштеда на енергија
Функции за заштеда на енергија Компатибилен со VESA DPMS
Комуникациски протокол DDC (Display Data Channel) – DDC1/DDC2B/DDC2AB/DDC2B+/DDC2Bi и E-DDC
Подесувања на слика Црвена, Зелена, Сина (RGB) што се подесуваат
Одржување и чистење Исклучете пред чистење; користете мека крпа малку навлажнета; не користете хемикалии (бензен, алкохол, разредувачи)
Општа безбедност Не отворајте го куќиштето; користете го само приложениот кабел за напојување; избегнувајте влага и високи температури
Инсталација Не блокирајте ги отворите за вентилација; поставете на стабилна површина; избегнувајте извори на топлина
Превенција од задржување на слика Користете заштитник на екран; исклучете го екранот при подолго некористење
Компатибилност со ѕидни носачи Користете само носачи препорачани од производителот
Поправливост Поверете ја секоја поправка на квалификуван техничар; не обидувајте се сами да поправате
Рециклирање и животна средина Производот може да се рециклира; контактирајте го продавачот или LG за програмата за рециклирање
Упатство за употреба 177 страници, достапно на повеќе јазици

Frequently Asked Questions - Libero 27BQ70C LG

Како да го исчистам екранот на мониторот Libero 27BQ70C ?
Прво исклучете го мониторот. Користете мека крпа малку навлажнета (без хемикалии како алкохол или бензен). Нежно бришете во иста насока. Не користете аеросол директно на екранот.
Што да правам ако се истури течност внатре во мониторот?
Веднаш исклучете го кабелот за напојување и контактирајте овластен сервис. Не обидувајте се сами да го поправите.
Како да ги подесам боите на мониторот?
Мониторот овозможува подесување на црвената, зелената и сината (RGB) преку менито OSD. Погледнете го упатството за точната постапка.
Што е функцијата DDC и како да ја користам?
DDC (Display Data Channel) му овозможува на мониторот да ги комуницира своите можности со компјутерот. Мониторот ги поддржува протоколите DDC1/DDC2B и E-DDC. За да го користите, компјутерот мора да ги има активирани функциите DDC.
Како да го активирам режимот за заштеда на енергија?
Мониторот е компатибилен со VESA DPMS. Автоматски преминува во режим на мирување (Sleep) или исклучување (Off) кога компјутерот испраќа соодветен сигнал. Можете и рачно да го исклучите мониторот.
Може ли да го монтирам мониторот на ѕид?
Да, под услов да користите ѕиден носач препорачан од производителот. Осигурете се дека ѕидот може да ја издржи тежината и следете ги упатствата за инсталација.
Што да правам ако екранот прикажува задржани слики?
Ова се должи на подолго прикажување на статична слика. Користете заштитник на екран и исклучете го екранот кога не го користите. Гаранцијата не го покрива овој вид на дефект.
Мониторот прави звук на клик, дали е тоа нормално?
Нормално е некои монитори да испуштаат повремени кликови при вклучување/исклучување или промена на видео режим. Ако звукот е континуиран или чест, контактирајте техничар.
Каде можам да го преземам упатството на француски?
Упатството е бесплатно достапно во PDF формат на notice-facile.com. Можете исто така да побарате превод на други јазици со давање на вашата е-пошта.
Како да го рециклирам мојот LG монитор на крајот на неговиот век?
LG нуди програма за рециклирање. Контактирајте го вашиот продавач или претставник на LG за повеќе информации. Не фрлајте го производот со домашниот отпад.

Прашања на корисниците за Libero 27BQ70C LG

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Монитор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Libero 27BQ70C - LG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Libero 27BQ70C на марката LG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Libero 27BQ70C LG

Овој уред е конструиран и произведен за да ја осигури вашата лична безбедност, но сепак, неправилната употреба може да предизвика потенцијален електричен удар или опасност од пожар. Со цел да се обезбеди правилно функционирање на сите мерки на заштита вградени во овој екран, придржувајте се кон следните основни правила за неговото инсталирање, употреба и сервисирање. Сите мерки на претпазливост и безбедносни информации се однесуваат на моделите LCD и OLED.

Околу безбедноста

Користете го само кабелот за напојување кој е испорачан со уредот. Доколку користите друг кабел за напојување кој не е обезбеден од страна на добавувачот, проверете дали има сертификат за применливите меѓународни стандарди. Доколку кабелот за напојување е оштетен на кој било начин, ве молиме обратете се до производителот или најблискиот овластен сервис за поправки за да го замените.

Спојницата на апаратот се користи како уред за исклучување. Ве молиме осигурајте се дека уредот е инсталиран во близина на штекерот на сидот во кој е приключен и дека до штекерот има лесен пристап.

Екранот приклучувајте го единствено на извор на електрична енергија како што е назначено во спецификациите на ова упатство или на екранот. Ако не сте сигурни каков тип на напојување имате во вашиот дом, обратете се до вашиот продавач.

Преоптоварените приклучоци за струја и продолжителните кабли се опасни. Истото важи и за оштетените кабли за напојување и приклучоци. Ова може да предизвика опасност од електричен удар или пожар. Обратете се до вашиот сервисер за замена.

Сё додека уредот е поврзан на сиден штекер на наизменична струја, тој е поврзан на извор на напојување и покрај тоа што можеби е ислучен.

Не отворајте го екранот:

  • Внатре нема делови кои можат да се поправаат од корисниците.
  • Постои опасност од висок напон, дури и кога напојувањето е ИСКЛУЧЕНО.
  • Доколку екранот не работи правилно обратете се кај вашиот продавач.

За да се избегне лична повреда:

  • Не поставувајте го екранот на закосена полица освен во случај кога тој е правилно обезбеден.
  • Користете единствено држач кој е препорачан од производителот.
  • Не испуштајте предмети врз производот и не применувајте сила врз истиот. Не фрлајте играчки или предмети кон екранот.

Притоа може да дојде до повреда на лујето, проблеми со производот и оштетување на екранот.

За да се спречи пожар и други опасности:

  • Секогаш кога подолго ње ја напуштите собата ИСКЛУЧЕТЕ го екранот. Никогаш не оставајте го екранот ВКЛУЧЕН кога го напуштате домот.
  • Не дозволувајте деца да испуштаат предмети врз екранот или да туркаат предмети во отворите на куќиштето. Некои внатрешни делови се под висок напон.
  • Не користете додатоци кои не се дизајнирани за овој екран.
  • Кога екранот треба да го оставите без надзор подолго време, исключете го од сидниот штекер.
  • При појава на громови и молњи, никогаш не допирајте ги каблите за напојување и сигнал бидејки тоа може да биде многу опасно. Тоа може да предизвика електричен удар.

Околу инсталирањето

Не смеете ништо да поставувате врз кабелот за напојување или да го оставате производот на места на кои е можно оштетување на кабелот.

Немојте да го поставувате екранот во близина на вода како на пример, блиску до када, мијалник, перална, влажен подрум или во близина на базен.

Екраните имаат отвори за вентилација на кукиштето кои овозможуваат да се ослободи топлината која се создава при нивното работење. Доколку отворите се блокирани, акумулираната топлина може да предизвика оштетувања кои може да доведат до опасност од пожар.

Не блокирајте ги отворите за вантилација со поставување на екранот на кревет, софа, килим, итн.

Не поставувајте го екранот во затворени елементи за вградување, освен кога е обезбедена правилна вентилација.

Не покривајте ги отворите со ткаенина или друг материјал.

Не поставувајте го екранот во близина на радијатор или друг извор на топлина.

Немојте да го триете или удирате LCD екранот со активна матрица со цврсти предмети бидејки тоа може да предизвика гребење и трајно оштетување на LCD екранот со активна матрица.

Немојте да притискате на LCD екранот со прстот подолго време бидејки ова може да предизвика оштетување на сликата. Може да се појават дефекти на точките во облик на црвени, зелени или сини точки на екранот.

Сепак, ова нема да влијае врз перформансите на екранот.

Доколку е можно, користете ја препорачаната резолуција за да добиете најдобар квалитет на сликата на LCD екранот. Доколку екранот се користи во режим со резолуција која отстапува од препорачаната, може да се појави слика со прилагодена големина или преработена слика. Ова сепак е характеристика на LCD екраните со фиксна резолуција.

Долготрајното прикажување на неподвижна слика на мониторот може да предизвика појава на врежана слика или дамки на екранот од мониторот. За да го избегнете овој проблем, користете заштитник на екран и исклучувајте го производот кога не се употребува. Трајно врежаната слика или дамките кои се предизвикани со долготрајно користење не се опфатени со гаранцијата на овој производ.

Не удирајте и не гребете ги предниот и страничните делови од екранот со метални предмети.

Во спротивен случај, може да дојде до оштетување на екранот.

За поместување на производот поставете го апаратот со панелот кон напред и држете го со двете раце. Ако го испуштите производот, оштетениот производ може да предизвика струен удар или пожар. За поправка обратете се до овластениот сервисен центар. Избегнувајте високи температури и голема влажност.

Не инсталирајте го овој производ на сид, доколку таму може да се изложи на масло или масни честички.

Тоа може да предизвика оштетување и пагање на производот.

За дисплеи со светнати ринги корисникот треба да размисла за поставување на екран, затоа што ринга може да предизвика вознемирувачки одблесоци од околните светлини и светли површини.

Немојте да користите производи кои користат висок напон во близина на мониторот.

Мониторот може да не работи исправно како последица на струен удар.

Мерки на претпазливост за АС адаптерот и напојувањето

Доколку во производот (телевизор, монитор, кабел за напојување или АС адаптер) влезе вода или некаква надворешна супстанца, веднаш откачете го кабелот за напојување и контакрајте со сервисниот центар.

Во спротивно, ова може да доведе до пожар или електричен удар поради оштетувањето на производот.

Не допирајте го струјниот кабел или АС адаптерот со влажни раце. Доколку приклучоците на електричниот кабел се влажни или прашливи, избришете ги и исушете ги пред употреба.

  • Во спротивно, ова може да предизвика пожар или електричен удар.
    Проверете дали целосно сте го вметнале кабелот за напојување во АС адаптерот.
  • Доколку не е довольно добро прицврстен, слабото поврзување може да предизвика пожар или електричен удар.

Внимавајте да користите кабли за напојување и АС адаптери овозможени или одобрени од страна на LG Electronics, Inc.

  • Користењето на неодобрени производи може да предизвика пожар или електричен удар.
    Кога го откачувате кабелот за напојување, влечете го за приклучокот. Не превиткувајте го кабелот за напојување користејки прекумерна сила.

- Може да се оштети жицата за струја, што може да предизвика електричен удар или пожар. Внимавајте да не го згазнете или да не поставувате тешки предмети (електронски уреди, облека итн.) на кабелот за напојување или на АС адаптерот. Внимавајте да не го оштетите кабелот за напојување или АС адаптерот со остри предмети.

- Оштетените кабли за напојување може да предизвикаат пожар или електричен удар. Немојте да го расклопувате, поправате или менувате кабелот за напојување или АС адаптерот.

- Ова може да предизвика пожар или електричен удар. Внимавајте штекерот, АС адаптерот и приклучоците на електричниот кабел да не содржат прашина и надворешни супстанци.

- Ова може да предизвика пожар.

Околу чистењето

  • Пред чистење на предната страна од екранот, исключете го екранот од штекер.
  • Користете малку навлажнета (не водена) крпа. Не користете аеросол директно на екранот бидејки прекумерното прскање може да предизвика електричен удар.
  • При чистење на производот, исключете го струјниот кабел и исчистете со мека ткаенина за да не дојде до гребење. Не чистете со важна ткаенина и не прскајте вода и други течности директно на производот. Може да дојде до електричен удар. (Немојте да користите хемиски средства како бензол, разредувач на боја или алкохол.)
  • Испрскајте мека крпа 2 до 4 пати со вода, и со неа исчистете ја предната рамка; бришете само во една насока. Премногу влага може да предизвика појава на дамки.

LG Libero 27BQ70C - Околу чистењето - 1

flowchart
graph LR
    A["ВОДА"] --> B["Device placement"]
    B --> C["Device placement with monitor"]
    C --> D["XЕМИКАЛИИ"]
    D --> E["Device placement with monitor"]
    E --> F["Device placement with monitor"]
    F --> G["XЕМИКАЛИИ"]

Околу повторното пакување

- Не фрлајте ги картоните и материјалот за пакување. Тие се идеално пакување за пренесување на уредот. При преместување на друга локација, повторно спакувајте го уредот во оригиналната амбалажа.

BELANGRIJKE VOORZORGSMAATREGELEN

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : LG

Модел : Libero 27BQ70C

Категорија : Монитор