Berlin PRF0123188B - кујнска аспиратор ELICA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Berlin PRF0123188B ELICA во PDF формат.
Прашања на корисниците за Berlin PRF0123188B ELICA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кујнска аспиратор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Berlin PRF0123188B - ELICA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Berlin PRF0123188B на марката ELICA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Berlin PRF0123188B ELICA
МК Упатство за монтажа и ракување
SL Navodila za montažo in uporabo
HR Uputstva za montažu i za uporabu
Заменете повредената лампа.
Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој прирачник. Ние одбиваме билокаква одговорност за билокаков проблем, штета или пожар предизвикан на апаратот како резултат на неследење на упатствата включени во овој прирачник. Аспираторот е наменет исклучиво за домашна употреба.
Забелешка: Додатоците означени со символот "(*)" се факултативен додатен прибор кои се включени само во неколку модели, а ако не се включени во моделот треба да се набават.

Важни совети
- Пред билокаква операција за чистење или одржување, исключете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со ислучување на домашниот мрежен прекинувач.
- За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни ракавици.
- Овој апарат може да се користи од страна на деца од 8 години па нагоре и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искусство или знаење, доколку се под надзор или имаат добиено инструкции за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите поврзани со него.
- Треба да се внимава децата да не си играат со апаратот.
- Чистењето и одржувањето не треба да го прават деца без надзор.
- Просторијата мора да биде довольно проветрена кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива.
- Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ
МЕСЕЧНО), во секој случај потребно е да се постапува во согласност со упатствата за одржување.
- Ако не се следат упатствата во однос на чистењето на аспираторот и замената и чистењето на филтрите ке доведе до ризик од пожари.
- Строго се забранува фламбирање на храната под самиот аспиратор.
- За замена на сијалицата користете само од типот на сијалица наведен во делот одржување/замена на сијалицата во овој прирачник.
Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и може да предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите околности.
Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не дојде до презагревање на маслото и пламнување.
ВНИМАНИЕ: Кога плочата за готвење е во функција пристапните делови од аспираторот можат да се загреат.
- Да не го поврзувате апаратот со електричното напојување сё додека монтажата не биде целосно комплетна.
- Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се следат правилата дадени од локалните надлежни власти.
- Издувниот воздух не смее да се предава во активен оцак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други горива.
- Да не го користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од електричен удар.
- Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно монтирано решетката!
- Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено.
- Користете ги само завртките за прицврстување обезбедени со производот за монтирање или ако не се обезбедени набавете го точниот тип на завртки.
- Користете ја точната должна за завртките што се наведени во Упатството за монтирање.
- Во случај на сомневање, консултирајте се со овластениот центар за техничка поддршка или персонал со слични квалификации.
⚠️ ВНИМАНИЕ!
- Немонтирањето на завртки и уреди за прицврстување во согласност со овие упатства може да доведе до опасности од електрична природа.
- Да не се користи со програмер, тајмер, посебен далечински управувач или било која друга направа која се активира автоматски.
Овој апарат е обележан согласно Европската директива 2012/19/EC за Искористена Електрична и Електронска Опрема (Waste Electrical and Electronic Equipment - WEEE). Со правилно отстранување на овој производ помагате да се спречат потенцијалните негативни последици за околината и здравјето на човекот, што инаку би се предизвикале од несоодветното третирање како отпадок на овој производ.

Симболот ■ прецртана канта за губре на производот или на документите кои одат со производот, покажува дека тој апарат не смее да се третира како комунален отпад. Напротив би требало да се однесе до соодветното место за собирање за рециклирање на електрична и електронска опрема. Отстранувањето мора да се изврши во согласност со локалните прописи за животната средина за отстранување на отпаден материјал. За повеće детальни информации за третманот, поправањето и рециклирањето на овој производ Ве молиме контактирајте со Вашите локални власти, Вашата комунална служба или со продавницата од каде го имате купено производот.
Апаратот е дизајниран, тестиран и произведен според:
- Безбедност: EN/IEC 60335-1; EN/IEC 60335-2-31, EN/IEC 62233.
- Можности: EN/IEC 61591; ISO 5167-1; ISO 5167-3; ISO 5168; EN/IEC 60704-1; EN/IEC 60704-2-13; EN/IEC 60704-3; ISO 3741; EN 50564; IEC 62301.
- EMC: EN 55014-1; CISPR 14-1; EN 55014-2; CISPR 14-2; EN/IEC 61000-3-2; EN/IEC 61000-3-3.
Предлози за исправна употреба за да се намали влијанието врз животната средина
Уключете го поклопниот аспиратор на минимална брзина на почеток на готвењето и оставете го да работи уште неколку минути по завршувањето на готвењето. Зголемете ја брзината само во случај на голема количина на чад и пареа и користете ја форсираната брзина во ретки ситуации. Заменете го филтерот (-рите)на активен јаглен кога е потребно да се задржи ефикасноста на намалување на мирис. Исчистете го филтерот за масти(-рите) кога е потребно да се задржи неговата ефикасност. Користете максимален дијаметар на изводниот систем прикажан во овој прирачник да се оптимизира ефикасноста и да се намали бучавата.
Употреба
Аспираторот може да се користи во вид со надворешно исфрлање на издувниот воздух или со филтер во вид со кружно струење на воздухот.
Варијанта со всмукување
Аспираторот има горен излез за воздух „В“ за исфрлување на пареите во надворешноста (не се доставени одводна цевка и кайши за фиксирање).
Внимание! Ако аспираторот е снабден со филтер на активен јаглен, истиот треба да се отстрани.
Варијанта со филтрирање
Во случај ако не е можно исфрлање на мирисите и пареите од готвењето кон надворешноста, аспираторот може да се користи во варијанта со филтрирање со монтирање на дефлекторот F на оцакот и еден или повеće филтри на јаглен (во зависност од моделот), мирисите и пареите во кујната се рециклираат низ предната решетка H.
Внимание! Ако аспираторот не е снабден со филтер на јаглен, истиот треба да се нарача и да се монтира пред користење.
Моделите без вентилатор работат само во варијанта со издувување на воздухот и треба да се поврзат со перифериски уред за издувување (не е доставен).
Упатствата за поврзување се доставени со периферискиот уред за издувување.
Монтажа
Сл. 3
Најмалото растојание помеѓу плочата од шпоретот за садовите за готвење и долниот раб на аспираторот да не биде помало од 50см за електричните апарати за готвење и 65см за гасните или комбинираните апарати за готвење. Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, морате да се придржувате до тоа.
⚠️ Приклучување на електрична енергија
Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со приклучник (директна врска со електричното напојување) или ако приклучникот
не е лоциран на пристапно место, дури и по монтажата, применете би-поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно ислучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за монтажа.
⚠ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран.
Вградување
Аспираторот оди заедно со парчиња за прицврстување пригодни за поголемиот дел од сидови/тавани. И покрај тоа потребно е да побарате објаснување од квалификуван техничар за да ви потврди за прикладноста на материјалите според видот на сидот/таванот. Сидот/таванот треба да биде довольно цврст за да ја издржи тежината на аспираторот.
Функционирање
Аспираторот се испорачува со командна табла со регулатор на брзините на издувување и регулатор за осветлението над плочата од шпоретот.
Одржување
Чистенье
За чистењето ИСКЛУЧИВО користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти.НЕ ЧИСТЕТЕ СО ПОМОШ НА АЛАТ ИЛИ ДРУГИ ИНСТРУМЕНТИ.
Не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ!
Филтер за масти
Сл. 1
За собирање на масните состојки од пареата од готвењето.
Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и во краток интервал.
Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за масти може да ја изгуби малку бојата но неговите характеристики за филтрирање воопшто не се менуваат.
За да го извадите филтерот за масти повлечете го забецот за откопчување.
Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со филтрирање)
Бр. 2
За собирање на непријатните мириси од пареата од готвењето.
Заситувањето на филтерот од јаглен настапува по повеќе или помалку продолжена употреба во зависност од типот
на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се замени чаурата најмалку на секои 4 месеци.
НЕ може да се пере или обновува.
Извадете ги филтрите за масти.
Монтирајте ги филтрите така што да го покријат моторот.
Проверете да осовините R на проводникот одговараат со дупчињата S , вртете за крај во правец на стрелките на часовникот се до блокирање.
За демонтирање постапувајте во обратен редослед.
Повторно монтирајте ги филтрите за масти.
Замена на сијалиците
Сл. 1
Исклучете го уредот од струјното напојување.
Предупредување! Пред да ги допрете сијаличките проверете дали се изладени.
Отстранете го капакот А со цел да пристапите до сијаличката во кутијата А.
Извадете ја решетката
Да се користи само ЛЕД лампа од максимум 3W-E14. За повеće детали, консултирајте се со приложениот документ "ILCOS D" (бр. "1d").
Ако осветлението не работи, пред да повикате техничка помощ, проверете дали сијалиците се добро ставени.
САМО во некои производи:
Како опционален додаток, се испорачува вентил за невраќање на гасови кој треба да се инсталира. Ако од условите за инсталација се заклучи дека е неопходно (на пример: недостаток на заштита од случајно навлегување на воздушни струи од надвор), вметнете го во соодветното седиште во внатрешноста на елементот за излез на воздух пред да ја инсталирате издувната цевка.
