Tesy Anticalc Ceramic 100 - котел за вода

Anticalc Ceramic 100 - котел за вода Tesy - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Anticalc Ceramic 100 Tesy во PDF формат.

📄 52 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice Tesy Anticalc Ceramic 100 - page 42
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Tesy

Модел : Anticalc Ceramic 100

Категорија : котел за вода

Преземете ги упатствата за вашиот котел за вода во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Anticalc Ceramic 100 - Tesy и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Anticalc Ceramic 100 на марката Tesy.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Anticalc Ceramic 100 Tesy

ЕЛЕКТРИЧЕН БОЈЛЕР 42-44 Инструкции за употреба и одржување

1. Овој технички опис и прирачник за употреба е подготвен со цел да Ве запознае со производот и условите за правилна инсталација и употреба. Овие инструкции се наменети за квалификувани техничари, кои ќе ја изведат инсталацијата, расклопувањето и поправките во случај на дефект. 2. Ве молиме запомнете дека следењето на инструкциите првично е во интерес на потрошувачот, но со тоа истовремено е и услов на гаранцијата, како што е назначено на гарантниот лист, така што потрошувачот може да ги користи бесплатните услуги со гаранцијата. Производителот не е одговорен за штета на уредот која е предизвикана како резултат на работа и/или инсталација која не кореспондира на инструкциите.

3. Електричниот бојлер се согласува со барањата на EN 60335-1, EN 60335-2-21.

4. Овој уред може да се употребува од деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или недостиг на знаење и искуство ако се надгледуваат или насочуваат во врска со употребата на уредот на безбеден начин и ги разбираат вклучените опасности.

5. Децата не смеат да си играат со уредот.

6. Чистињето и одржувањето не смеат да го изведуваат деца без надзор.

ВНИМАНИЕ! Погрешната инсталација и поврзување на апаратот може да предизвика опасност за здравјето и животот на корисниците како е можно да нанесе тешки континуирани последици на нив, вклучувајќи но не ограничувајќи со физички оштетувања и / или смрт. Ова исто така може дадоведе до оштетувања на нивниот имот/ оштеување и / или уништување( како и тоа на трети страни предизвикани вклучувајќи, но не само од поплавување, експлозија и пожар. Инсталирањето, поврзувањето со водоводната електричната мрежа пуштањето во експлоатација мора да го извршуват само и единствено квалификувни електричари и техничари, овластени за ремонт и инсталирање на апаратот, кои се добили правоспособност на територијата на земјата на која се врши инсталирањето и пуштањето во експлоатаација на апаратот и во согласност со нормативната уредба. Сите промени и модификации на конструкцијата и електричните кола на бојлерот се забранети. Ако се установат промени и модификации при проверка, гаранцијата на уредот станува неважечка и се поништува. Промени и модификации се сите слчаи на отстранување на елементи вградени од страна на производителот, додавање на дополнителни компоненти на бојлерот, замена на елементи со слични елементи кои не се одобрени од производителот.

1. Бојлерот за вода мора да се монтира во места со нормална отпорност на пожар.

2. Во случај на монтажа на уредот во бања, избраната локација мора да ја исклучи можноста за прскање на вода преку тушок или додатокот за

3. Тој е дизајниран за работа само во затворени и загреани простории каде температурата не е пониска од 4°C и не е дизајниран да работи во континуиран, проточен режим. 4. Уредот е фиксиран за ѕид преку држач за монтажа кој е прикачен за телото на уредот (ако држачот не е прикачен, треба да се прикачи со доставените завртки). Двете куки се користат за закачување на уредот (мин. Ø 10 mm) и цврсто треба да се прикачат на ѕидот (не се вклучени во сетот за монтажа).

Поврзување со водовод

1. Намената на уредот е доставување на топла вода во дом кој е опремен со водоводен систем со притисок понизок од 6 бари (0,6 Mpa). 2. Монтирањето на безбедносниот вентил кој е доставен со бојлерот е задолжително. Безбедносниот вентил мора да се монтира на цевката за ладна вода, следејќи ја насоката на стрелката која е испечатена на телото и ја покажува насоката на влезната вода. Не смее да се монтираат дополнителни запирни вентили меѓу безбедносниот вентил и бојлерот. Исклучок: Ако локалните регулативи (норми) бараат употреба на дополнителен заштитен вентил или механизам (во согласност со EN 1487 или EN 1489), тогаш мора дополнително да се купи. За механиззми кои работат во согласност со EN 1487 назначениот работен притисок не смее да биде повисок од 0.7 MPa. За други заштитни вентили, притисокот на кои се калибрирани треба да биде за 0.1 MPa понизок од назначениот притисок на знакот на уредот. Во тој случај, безбедносниот вентил које доставен со уредот не треба да се користи. 3. Заштитниот вентил и цевката меѓу вентилот и бојлерот мора да се заштитат од замрзнување. При истекување, цревото – е секогаш слободно и отворено на атмосфера (не потопено во вода). Осигурајте се едка цревото е заштитено од замрзнување. 4. Со цел да се осигура безбедна работа на бојлерот, безбедносниот вентил мора редовно да се чисти и проверува дали функционира нормално/ вентилот не смее да биде попречен/, и за региони со многу тврда вода треба да се чисти од насобраниот бигор. Оваа услуга не е покриена со гаранцијата. 5. Со цел да се спречи повреда на корисникот и трети лица во случај на грешка во системот кој овозможува топла вода, уредот мора да се монтира во просторија која има подна хидроизолација и одвод. Не поставувајте предмети, кои не се водоотпорни, под уредот под никоја околност. Во случај на монтажа на уредот во просторија која нема подна хидроизолација, потребно е да се постави одвод под уредот. 6. При работа – режим на загревање – вообичаени се капки вода низ отворот за одвод на заштитниот вентил. Заштитниот вентил треба да биде отворен на атмосферата. Потребно е да се преземат мерки и да се собере истечената вода за да се спречи штета.

7. Ако постои веројатност температурата на просторијата да падне под 0°C, бојлерот мора да се испразни.

Во случај кога е потребно да се испразни бојлерот, прво мора да го исклучите од струја. Текот на водата од доводот мора да се прекине и доводот за топла вода од славината за мешана вода мора да се отвори. Славината 7 (сл. 4) мора да се отвори за да се испразни водата од садот. Ако нема таква славина вградена во цевката, водата ќе истече директно од влезната евка на садот за вода откако ќе го дисконектирате од доводот за вода.

Поврзување со електричната мрежа

1. Не го вклучувајте бојлерот освен ако не установите дека е наполнет со вода.

2. По поврзување на бојлерот за електричната мрежа, мора да се води грижа да се поврзе безбедносната жица.

3. За модели без кабел за напојување, поврзувањето треба да биде постојано – без приклучоци за контакт. Колото треба да има безбедносен осигурувач (16А) и вграден уред кој овозможува дисконекција на сите полови во случај на прекумерена волтажа од категорија III. 4. Ако кабелот за напојување (кај модели кои имаат таков кабел) се оштети, мора да се замени од претставник на сервисот или лице со слична квалификација, со цел да се избегне било каков ризик. 5. При загревање, уредот може да предизвика бучава во вид на шиштење (вода која врие). Ова е нормално и не покажува штета. Бучавата се зголемува со тек на време и причината за неа се остатоците од бигор. За да ја отстраните бучавата, уредот треба да се исчисти од бигор. Овој вид на чистење не е покриен со гаранцијата. Почитувани клиенти, Тимот на TESY сака да Ви честита за купувањето на новиот производ. Се надеваме дека новиот уред ќе овозможи поголем комфор во Вашиот дом.Инструкции за употреба и одржување 43

1. Номинален волумен V, литри - види плоча со информации за уредот

2. Номинална волтажа - види плоча со информации за уредот

3. Номинална потрошувачка на енергија - види плоча со информации за уредот

4. Номинален притисок - види плоча со информации за уредот

Ова не е притисокот на доводот за вода. Ова е притисокот кој се назначува за уредот и се однесува на барањата на безбедносните

5. Вид на греач за вода – греач за вода од затворен тип, со термална изолација

8. Количеството на мешаната вода при 40°C V40 во литри - види Прилог I

9. Максимална температура на термостатот - види Прилог I

10. Фабрички зададени температурни подесувања - види Прилог I

11. Енергетска ефикасност при загревање на водата - види Прилог I

III. ТЕХНИЧКИ ПАРАМЕТРИ

1. Номинален волумен V, литри - види плоча со информации за уредот

2. Номинална волтажа - види плоча со информации за уредот

3. Номинална потрошувачка на енергија - види плоча со информации за

4. Номинален притисок - види плоча со информации за уредот

Ова не е притисокот на доводот за вода. Ова е притисокот кој се назначува за уредот и се однесува на барањата на безбедносните

5. Вид на греач за вода – греач за вода од затворен тип, со термална

8. Количеството на мешаната вода при 40°C V40 во литри - види Прилог I

9. Максимална температура на термостатот - види Прилог I

10. Фабрички зададен

и температурни подесувања - види Прилог I

11. Енергетска ефикасност при загревање на водата - види Прилог I

IV. ОПИС И ПРИНЦИП НА РАБОТА

Уредот се состои од тело, обрач на долната страна /за бојлери наменети за вертикална монтажа/ или на страните /за бојлери наменети за хоризонтална монтажа/, заштитен пластичен панел и безбедносен вентил.

1. Телото се состои од челичен резервоар (сад за вода) и

куќиште (надворешен оклоп) со термална изолација поставена помеѓу, направена од еколошки чиста полиуретанска пена со висока густина, и две цевки со навој G ½ ‘’ за довод на ладна вода (означени со син прстен) и излезна цевка за топла вода (означена со црвен прстен). Внатрешниот сад може да е од различен тип во зависност од

Направен од челик, заштитен од корозија од специјален слој од стакло-керамика

Направен од нерѓосувачки челик

2. Обрачок се состои од: електричен греач и термостат.

Греачите со слој од стакло-керамика имаат магнезиумска

Греачот се користи за загревање на водата во садот и се контролира преку термостатот, кој автоматски ја одржува избраната температура. Термостатот има вграден безбедносен уред кој штити од прегревање, кој го исклучува греачот кога водата ќе постигне високи температури.

3. Безбедносниот вентил спречува целосно празнење на

уредот во случај на прекин на доводот за ладна вода. Вентилот го штити уредот од зголемување на притисокот на вредности поголеми од дозволените при загревањето (! притисокот се зголемува со зголемување на температурата), преку испуштање на притисокот низ отворот за истекување. Безбедносниот вентил не може да го заштити уредот во случај на притисок на доводот на вода кој е поголем од назначените вредности за уредот.

V. МОНТИРАЊЕ И ВКЛУЧУВАЊЕ

ВНИМАНИЕ! Погрешната инсталација и поврзување на апаратот може да предизвика опасност за здравјето и животот на корисниците како е можно да нанесе тешки континуирани последици на нив, вклучувајќи но не ограничувајќи со физички оштетувања и / или смрт. Ова исто така може дадоведе до оштетувања на нивниот имот/ оштеување и / или уништување( како и тоа на трети страни предизвикани вклучувајќи, но не само од поплавување, експлозија и пожар. Инсталирањето, поврзувањето со водоводната електричната мрежа пуштањето во експлоатација мора да го извршуват само и единствено квалификувни електричари и техничари, овластени за ремонт и инсталирање на апаратот, кои се добили правоспособност на територијата на земјата на која се врши инсталирањето и пуштањето во експлоатаација на апаратот и во согласност со нормативната уредба. Забелешка: Инсталирањето на апаратот е за сметка на

Препорачуваме монтирање на уредот во близина на местото каде што се користи топлата вода, со цел да се намали губење на топлината при транспорт. Во случај на монтажа на уредот во бања, избраната локација мора да ја исклучи можноста за прскање на вода преку тушок или додатокот за туширање. Уредот е фиксиран за ѕид преку држач за монтажа кој е прикачен за телото на уредот (ако држачот не е прикачен, треба да се прикачи со доставените завртки). Двете куки се користат за закачување на уредот (мин. Ø 10 mm) и цврсто треба да се прикачат на ѕидот (не се вклучени во сетот за монтажа). Конструкцијата на држачот за монтажа која е дизајнирана за

вертикална монтажа GCV е универзална и овозможува растојание на куките од 220 до 310 mm (сл. 1a).

За бојлери со хоризонтална монтажа, растојанието меѓу куките варира за различните модели и се назначени во: GCH - табела 2 до сл. 1b; GCR - табела 3 до сл. 1c. Со цел да се спречи повреда на корисникот и трети лица во случај на грешка во системот кој овозможува топла вода, уредот мора да се монтира во просторија која има подна хидроизолација и одвод. Не поставувајте предмети, кои не се водоотпорни, под уредот под никоја околност. Во случај на монтажа на уредот во просторија која нема подна хидроизолација, потребно е да се постави одвод под уредот. Забелешка: сетот не вклучува заштитна када и корисникот мора да ја избере истата.

2. Поврзување со водовод.

Сл. 4; Каде: 1 – Влезна цевка; 2 – Безбедносен вентил; 3 – Вентил за редукција (за притисок на вода > 0,6 MPa); 4 – Запирачки вентил; 5 – Инка поврзана со одвод; 6 – Црево; 7 – Славина за истекување на вода. По поврзување на бојлерот со водоводот, мора да ги следите индикативните ознаки /прстени/ кои се прикачени на цевките: сино за ладна /влезна/ вода, црвено за топла /излезна/ вода. Монтирањето на безбедносниот вентил кој е доставен со бојлерот е задолжително. Безбедносниот вентил мора да се монтира на цевката за ладна вода, следејќи ја насоката на стрелката која е испечатена на телото и ја покажува насоката на влезната вода. Не смее да се монтираат дополнителни запирни вентили меѓу безбедносниот вентил и бојлерот. Исклучок: Ако локалните регулативи (норми) бараат употреба на дополнителен заштитен вентил или механизам (во согласност со EN 1487 или EN 1489), тогаш мора дополнително да се купи. За механиззми кои работат во согласност со EN 1487 назначениот работен притисок не смее да биде повисок од 0.7 MPa. За други заштитни вентили, притисокот на кои се калибрирани треба да биде за 0.1 MPa понизок од назначениот притисок на знакот на уредот. Во тој случај, безбедносниот вентил које доставен со уредот не треба да се користи. Присуството на друг /стар/ безбедносен вентил може да предизвика расипување на уредот и поради тоа мора да се

Друг вид на запирачка арматура не се дозволува меѓу заштитниот вентил (заштитниот уред) и уредот. Поставувањето на заштитниот вентил на навои подолги од 10 mm не се дозволува, во спротивно може да се оштети вентилот и предизвикува опасност за уредот. Со бојлери за вертикална монтажа, заштитниот вентил треба да се поврзе на влезната цевка додека безбедносниот пластичен панел е отстранет. Заштитниот вентил и цевката меѓу вентилот и бојлерот мора да се заштитат од замрзнување. При истекување, цревото – е секогаш слободно и отворено на атмосфера (не потопено во вода). Осигурајте се едка цревото е заштитено од замрзнување. Отворањето на вентилот за ладна вода на доводот за вода и отворањето на топлиот вентил од славината која ја меша водата го изведува полнењето на бојлерот со вода. Откако полнењето ќе заврши, мора да почне постојан тек на вода низ славината за мешана вода. Сега, можете да го затворите вентилот за топла вода. Во случај кога е потребно да се испразни бојлерот, прво мора да го исклучите од струја. Текот на водата од доводот мора да се прекине и доводот за топла вода од славината за мешана вода мора да се отвори. Славината 7 (сл. 4) мора да се отвори за да се испразни водата од садот. Ако нема таква славина вградена во цевката, водата ќе истече директно од влезната евка на садот за вода откако ќе го дисконектирате од доводот за вода Во случај на отстранувањена обрачот, отфрлањето на неколку литри вода, кои остануваат во садот, е нормално.44 Инструкции за употреба и одржување Мора да преземете мерки за да се спречи штета од водата која истекува при празнењето. Во случај притисокот на доводот да е над назначената вредност во горниот параграф, тогаш е потребно да се постави вентил за редуцирање, во спротивно бојлерот нема правилно да функционира. Производителот не прифаќа одговорност за проблеми предизвикани од неправилна употреба од страна на корисникот.3. Поврзување со електричната мрежа сигурајте се дека уредот е полн пред да го вклучите напојувањето.3.1. Модели со кабел за напојување и приклучок се поврзуваат со внесување на приклучокот во контакт. Тие се исклучуваат од напојувањето со отстранување на приклучокот од контактот.Штекерот мора да биде правилно поврзан со одделно електрично коло со соодветна заштита. Мора да биде заземјен.3.2. Бојлери опремени со кабел за напојување без приклучок. Уредот треба да се поврзе со одделно електрично коло од електричната мрежа. Поврзувањето треба да биде постојано – без приклучоци за контакт. Колото треба да има безбедносен осигурувач (16А) и вграден уред кој овозможува дисконекција на сите полови во случај на прекумерена волтажа од категорија III. Поврзувањето на проводниците од кабелот за напојување на уредот треба да се изведе на следниот начин: проводник со кафена изолација – за фазниот проводник на електричните жици (L) проводник со сина изолација – за неутралниот проводник на жиците (N) проводник со жолто-зелена изолација – за безбедносниот проводник на жиците ( )3.3. Модели без кабел за напојувањеУредот мора да се поврзе со оддело електрично коло од електричната мрежа. Колото треба да има безбедносен осигурувач 16А (20A за моќност > 3700W). Треба да се употреби проводник со бакарно единечно јадро (цврсто – не влакнесто) за поврзувањето - кабел 3 x 2.5 mm2 (кабел 3 x 2.5 mm2 за моќност > 3700W).Електричното коло кое го напојува уредот мора да има вграден уред кој овозможува разделување на сите терминални полови во услов на супер-волтажа од категорија III.За да ја инсталирате жицата за напојување во бојлерот, отстранете го пластичниот капак. Поврзете ги жиците за напојување според ознаките на терминалите, на следниот начин: фазата – со ознака A, A1, L или L1; неутралната – со N (B или B1 или N1) Безбедносната жица мора задолжително да се поврзе со терминалот означен со . По инсталацијата, вратете го пластичниот капак на своето место!Објаснување за Сл. 3: TS – термален прекинувач; TR – термален регулатор; S – прекинувач (за модели кои имаат); R - греач; IL – светлосен индикатор; F - обрач. VI. МАГНЕЗИУМОВА АНОДА ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОЗИЈА (ЗА БОЈЛЕРИ СО САДОВИ СО СЛОЈ ОД СТАКЛО-КЕРАМИКА)Магнезиумовата анода ја штити внатрешната површина на садот од корозија.Рокот на употреба на анодата е пет години. Анодниот елемент е елемент кој подлеж на трошење и потребно е периодично заменување.Во поглед на долготрајна и безбедна употреба на бојлерот, производителот препорачува периодични проверки на состојбата на магнезиумовата анода од страна на квалификуван техничар и замена по потреба, ова може да се изведе при превентивното одржување на уредот.За замена, ве молиме контактирајте ги овластените сервис центри!VII. РАБОТАПред да го вклучите уредот за прв пат, осигурајте се дека бојлерот е правилно поврзан со електричната мрежа и дека е полн со вода.1. Бојлери со ON/OFF контрола1.1. Елементи за управувањеСл. 2 каде што:1 - Копче на електричниот клуч (за модели со клуч)2 - Светлосни индикатори 3 – Терморегулаторска рачка (интегрирана со копчето на електричниот клуч). 1.2. Вклучување на апаратот.Бојлерот се вклучува со уредот вграден во инсталацијата, како е опишанo во точка 3 од став V или со поврзување на приклучокот со електричен штекер (ако моделот е со кабел со приклучок).ВАЖНО: Моделите имаат вграден во бојлерот клуч и треба да го вклучите и него.Со копчето на електричниот клуч се управува режимот на вклучување/исклучување на напојувањето на грејачот. Копчето на електричниот клуч на апаратот е врежано и означено со ознака .За да го вклучите електриниот клуч притиснете го копчето додека не запре, потоа го ослободете. Копчето останува притиснато што значи дека е вклучено. Светлосните индикатори исто палат.За да го исклучите електриниот клуч притиснете го копчето додека не запре, потоа го ослободете. Копчето останува притиснато. Копчето треба да биде испакнато. Светлинската индикација исто се изгаси. “ON” “OFF” Контролни сијалички (индикатори) Светат во црвена боја – апартот е во режим на загревање на водата;Светат во сина боја - водата во апаратот е загреана и терморегулатор е исклучил напојувањето на грејачот.Индикаторите не светат, кога:Електричниот прекинувач на апаратот е исклучен, илинема поднесено електрично напојување до уредот, илитемпературната заштита на апаратот е изклучила – види т.2 подолу.1.3. Поставување на температуратаОваа функција ви овозможува да ја изберете саканата температура. За да го направите вашиот избор свртете ја рачката на панелот ставајќи го маркерот во соодветна положба (сл.2). За да ја зголемите температурата свртете ја рачката во насока на стрелките на часовникот. Поставете ја рачката на термостатот за максимална температура (освен ако не е во оваа позиција постијано), во текот на цел ден еднаш месечно - види Прилог - I Максимална температура на термостатот. На тој начин ќе се осигура повисока хигиена на топлата вода. Режим „Против замрзнување“Поставете ја рачката во положба „MIN“ како што е прикажано на сл.2. Со оваа поставка, апаратот одржува температура која спречува замрзнување на водата. ВАЖНО: Напојувањето на уредот мора де се вклучи. Безбедносниот вентил и цевководот од него кон апаратот мора да бидат заштитени против смрзување. Позиција e (заштита на енергија) – на овој режим температурата на водата достигнува околу 60°С. На тој начин се намалува губитокот на топлина2. Заштита според температурата (валидно за сите модели).Уредот е опремен со специјална единица (термален прекинувач) за заштита од прегревање на водата, што го исклучува уредот од електричната мрежа кога температурата на водата ќе достигне многу високи вредности. Кога уредот работи, не се ресетира автоматски и уредот нема да работи. Повикајте го овластениот сервис центар за решавање на проблемот.VIII. ПЕРИОДИЧНО ОДРЖУВАЊЕПод нормална употреба на уредот, под влијанието на високата температура, бигорот /т.н. слој од бигор/ се натрупува на површината на грејните елементи. Ова ја влошува размената на топлина меѓу грејниот елемент и водата. Површинската температура на грејниот елемент се зголемува заедно со /зовриената вода/. Терморегулаторот се вклучува и исклучува почесто. Можна е „лажна“ активација на термичката заштита. Поради овие факти, производителот препорачува превентивно одржување на бојлерот на секои две години од страна на овластениот сервис центар. Ова заштитно одржување мора да вклучува чистење и инспеција на заштитата на анодата (за бојлери со слој од стакло-керамика), која треба да се замени ако е потребна нова.Со цел да се исчисти уредот, употребете влажна крпа. Не чистете со абразивни детергенти или детергенти кои содржат растворувачи. Не налевајте вода на бојлерот.Производителот не прифаќа одговорност за било какви последици предизвикани со непочитување на инструкциите назначени во овој документ.Инструкции за заштита на околинатаСтарите електрични уреди содржат вредни материјали и според тоа не треба да се фрлаат заедно со домашниот отпад. Ве замолуваме да го извршите вашиот активен придонес за заштита на ресурсите и околината со предавање на уредот во овластените станици за купување на стари уреди (ако постојат).Français Instruction d’installation et de fonctionnement 45