SWS 600 GE - Чистач STIGA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SWS 600 GE STIGA во PDF формат.
Прашања на корисниците за SWS 600 GE STIGA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Чистач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SWS 600 GE - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SWS 600 GE на марката STIGA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SWS 600 GE STIGA
3.1.1 Предвидена употреба
ОПАСНОСТ! Носете предпазни слушалки.

2.4 Одржување, одлагање и транспорт .. 3
- ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА .... 4
3.1 Опис на машината и предвидена употреба 4
3.2 Ознаки за безбедност 4
4.1 Делови за монтирање......5
4.2 Монтажа на каблите на командата за палење и за четката....6
4.3 Поставување на рачката.... 6
4.4 Монтирање на командата за менувачот .... 6
4.5 Монтирање на командата за насочување на четката....6
5.1 Копче за палење 6
5.2 Команда за забрзување......6
5.3 Команда за придушување......6
5.4 Поттикнувач....7
5.5 Рачка за рачно палење....7
5.6 Команда за електрично палење ..... 7
5.9 Рачка на менувачот....7
5.11 Прекинувачи за светлата....7
- УПОТРЕБА НА МАШИНАТА....7
6.1 Воведни операции 7
6.2 Безбедносни контроли....8
6.5 Совети за работа 9
6.6 По работата 10
- ОДРЖУВАЊЕ 10
7.1 Општо.....10
7.3 Контрола / дополнување масло во моторот....11
7.4 Чистенье....11
7.5 Свекичка....11
7.6 Гориво 11
7.7 Чистење на филтерот за воздух ..... 12
7.8 Навртки и шрафови за фиксирање..12
-
ОДЛОЖУВАЊЕ 12
-
ПОМОШ И ПОПРАВКА.....12
-
ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА 12
-
ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАНЬЕ.....13
-
НЕСООДВЕТНА РАБОТА 13
1. ОПШТО
Во ова упатство одредени поглавја содржат информации со одредена важност во однос на безбедноста и на функционалноста и се евидентирани на различни начини согласно овој критериум:
ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО даваат
прецизни или други информации како што е претходно наведено, со цел да не се оштети машината или да не се предизвика штета.
Символот⚠️посочува на опасност. Непочитувањето на мерките за претпазливост доведува до можност за лични или повреди и оштетувања на трети лица.
Пасусите означени со квадратче со рамка и сиви точки посочуваат на изборни одлики коишто не се присутни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали таа одлика е присутна кај дадениот модел.
Сите индикации „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата на операторот којшто управува со машината.
1.2 НАСОКИ
1.2.1 Слика
Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со 1, 2, 3 и така натаму. Компонентите посочени на сликите се означени со буквите А, В, С и така натаму. Насоката за компонентата С на сликата 2 се означува со изразот: „Видете на сл. 2. С“, или поедноставно „(слика 2.С)“. Сликите се само за пример. Вистинските делови може да се разликуваат во однос на оние на сликата.
1.2.2 Наслови
Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на пасус „2.1 Обука“ е заменето со „2. Безбедносни мерки“. Насоките за насловите или пасусите се означени со кратенки погл. или пас. и со соодветниот број. Пример: „погл. 2“ или „пас. 2.1”.
2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1 ОБУКА
⚠️ Прочитајте го внимателно ова упатство пред да ја користите машината.
⚠️ Запознајте се со командите и правилното користење на машината. Научете брзо да го запирате моторот. Непридржување кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат изгореници и/или сериозни повреди. Сочувајте ги предупредувањата заедно со упатството за идна консултација.
- Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината, или други лица што не се запознаени со основните упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
- Никогаш не користете ја машината доколку корисникот е во состојба на замор или изнемоштеност, или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци што влијаат врз капацитетот за навремено реагирање или внимание,
- Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на одговорности на операторот спага и проценката на можните ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
- Не користете го чистачот без да носите соодветна облека.
- Носете обувки коишто овозможуваат добро стоење на лизгави површини.
- Секогаш носете заштитни очила или визир во текот на работата, одржувањето или поправката. Работата на машината може да исфрли страни тела кон очите.
- Носете заштита за слухот.
- Проверете ја убаво средината за работа и исчистете и тргнете ги можните страни тела. На пример простирки, санки, масички, јажиња и сл.
- Пред да го запалите моторот, проверете дали сте ги ислучиле сите команди коишто ги включуваат деловите да се движат.
Мотор со согорување: гориво
- Внимание: горивото е лесно запаливо. Ракувајте со него внимателно!
- Секогаш чувајте го горивото во соодветни садови.
- Полнете или надополнувајте со инка само на отворено и не пушете додека го работите ова.
- Надополнете пред да го запалите моторот. Не отворајте го капачето на резервоарот и не надополнувајте кога моторот работи или е уште топол.
- Ако ви истече од горивото, не палете го моторот туку оддалечете ја машината од областа каде се излеало горивото и исчистете ги веднаш сите траги од горивото на машината и од земјата.
- Добро затворете го капачето на резервоарот и на садовите со горивото.
- Избегнувајте контакт на горивото со делови од облеката и, доколку тоа се случа, пресоблечете се пред да го запалите моторот.
- Не користете ја машината во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните контакти или механичките делови може да генерираат искри кои може да ги запалат правот или испарувањата.
- Не палете го моторот во затворен простор каде може да се соберат опасни јаглерод моноксидни гасови. Операциите за палење треба да се изведат на отворено или во простор којшто добро се проветрува. Запомнете дека издувните гасови се отровни.
- Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление и при услови на добра видливост.
- Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа за работа. Неопходно е децата да бидат под надзор на друго возрасно лице.
- Обрнете особено внимание кога ја користите машината на патеки во градината, тротоари и на улици или кога ги преминувате. Внимавајте на сокриените опасности.
- Внимавајте на сообраќајот кога машината се користи во близина на пат.
Однесување
- Не насочувајте ја четката кон себе или кон лица, животни, возила, објекти и друго што може да доведе до повреди и оштетувања од сметените предмети. Не дозволувајте никој да стои пред машината.
- Никогаш не користете ја машината во близина на огради, автомобили, прозори, плочници и слично без да го регулирате соодветно правецот на четката.
- Не приближувајте ги нозете и рацете до ротирачките делови. Одржувајте го секогаш чист картерот за заштита на четката.
- Ако машината исфрли страни тела или пројавува ненормални вибрации, изгасете го моторот, почекајте да се смират деловите што се движат и темелно проверете ја машината за да утврдите дека нема оштетувања. Нормално, вибрациите се симптом за присуство на проблем. Поправете ги можните дефекти пред да ја употребите машината.
- Пред да се оддалечите од машината, изгаснете го моторот и исключете ги сите команди.
- Пред да работите на поправки, чистење, проверка и регулација, изгасете го моторот и почекајте да се смират деловите што се движат (освен ако нема други изречни насоки во упатството). Извадете ги каблите од електричниот мотор. (По избор)
- Не допирајте ги деловите на моторот што се загреваат во текот на работата. Ризик од опекотини.
- Не користете ја машината со голема брзина на движење на лизгави терени. Обрнете внимание кога одите наназад. Погледнете зад неа пред и при движење наназад за да обезбедите дека нема никакви пречки.
- Исклучете ја четката кога ја транспортирате машината или кога не ја користите.
- Секогаш проверувајте дали добри услови за рамнотежа и цврсто држете ја рачката. Одете, не трчајте.
Ограничување при употреба
- Не користете ја машината попреку на закосен терен. Секогаш движете се одгоре надолу, а потоа оддолу нагоре. Обрнете внимание кога го менувате правецот на закосен терен. Избегнувајте голем степен на закосени терени.
- Не користете ја машината ако заштитата не е задоволителна и ако безбедносните уреди не се правилно поставени.
- Не исклучувајте ги манометарот и безбедносните системи.
- Не менувајте ги регулациите на моторот и не доведувајте го моторот во голем
режим на работа. Ако моторот почне да работи со прекумерен број на вртежи, ризикот од лични повреди се зголемува.
- Не прегревајте ја машината управувајки ја со голема брзина.
- Не ставајте ги рацете во картерот за заштита на четката без да го изгаснете моторот и да почекате да застанат сите делови што се движат.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛАГАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да ја одржите безбедноста на машината.
⚠️ Оштетените или дефектните делови треба да се заменат, никогаш да не се поправаат. Користете само оригинални резервни делови: употребата на делови коишто не се оригинални и/или несоодветно поставени може да доведат до инциденти или лични повреди, а со тоа се ослободува производителот од секоја обврска или одговорност.
Одржување
- Ако резервоарот треба да се испразни, истото треба да се прави на отворено и кога моторот е изладен.
- За да го намалите ризикот од пожар, редовно проверувајте дали има пролеано масло и/или гориво.
Одлагање
- Не оставајте гориво во резервоарот ако ја одлагате машината во простор каде испарувањата од горивото може да стапат во контакт со отворен орган, искри и извори на топлина.
- Оставете го моторот да се излади пред да ја одложите машината во затворен простор.
- Секогаш осврнете се на упатствата за употреба за важните детали ако машинататреба да се конзервира на подолг период.
Транспорт
- Ако машината треба да се транспортира на камион или во приколка, употребете пречки за отпор, по должна и ширина.
- Носете ја машината со изгаснат мотор без можност да се вклучи, ангажирајки соодветен број лица.
- Во текот на транспортот, затворете го доводот за бензин (ако е предвиден) и обезбедете ја соодветно машината во текот на транспортот со јажиња и синцири.
2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на граганските погодности и на просторот во кој живееме.
- Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат непосредното опкружување.
- Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, маслата, горивото, акумулаторот, филтрите, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смее да се фрлаат во губре туку треба да се селектираат и однесат во соодветни собирни центри кои рециклираат материјали.
- При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.
3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина е чистач.
Машината е опремена со четка заштитена со картер којашто вртејки се чисти пред себе. Моторот ја движи четката којшто ја придвижува и машината. Управувањето со машината се прави со командите поставени на контролната табла. Операторе е во позиција да управува со машината и да ги вклучува главните команди со нозе, во позиција на управување, одзади на машината.
3.1.1 Предвидена употреба
Оваа машина е проектирана и конструирана за чистење, расчистување и исфрлање на губре од тротоари, градини, патеки и други рамни површини. Чистачот треба да се користи само за отстранување материјали како лисја, снег, прашина, камчиња и ситно губре.
3.1.2 Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба, поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):
- Користете ја машината на површини над земјата, како што се кровови на згради, гаражи, тераси и други градби и згради.
- Повлечете или завртете ги кариките
- Пренос на деца или други патници
ВАЖНО Несоодветната употреба
на машината доведува до отфрлање на гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност на производителот, префрлувајки ги на корисникот произлезените обврски предизвикани од повреди или оштетувањата лично или на трети лица.
Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за „домашна употреба“.
користи само со оператор.
3.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На машината има символи (сл. 4 ). Нивната задача е да го потсетуваат операторот на постапките што треба да ги следи внимателно и со задолжителни мерки за предострожност. Значење на символите:

ВНИМАНИЕ!

ВНИМАНИЕ! Прочитајте го упатството пред да ја користите машината.

ОПАСНОСТ! Исфрлање предмети. Не насочувајте ја четката кон присутните или кон животните.

ОПАСНОСТ! Одржувајте ја средината за работа чиста од возрасни лица, деца и животни.

ОПАСНОСТ! Држете ги рацете и нозете подалеку од ротирачките делови.

ОПАСНОСТ! Ставајте заштита за уши.

ОПАСНОСТ! Ставајте заштитни очила.

ОПАСНОСТ! Моторот емитува јаглерод моноксид. НЕ палете ја машината во затворен простор.

ОПАСНОСТ! Горивото е запаливо и експлозивно. Изгаснете го моторот и оставете го да се излади пред да дополнувате гориво

ОПАСНОСТ! Постои ризик од пожар или експлозија. Не пушете и не оставајте отворен орган или извори на палење.
ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се читливи, треба да се заменат. Побарајте нови етикети од соодветен центар или од овластениот сервисер.
Етикетата за идентификација ги содржи следните податоци (сл. 1):
- Адреса на производителот
- Тип на машина
- Ниво на акустична моїност
- Ознака за усогласеност со СЕ
- Број на вртежи на моторот
- Мо́кност на моторот
- Капацитет на моторот
- Година на производство
- Сериски број
- Код на производ
Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО Користете ги имињата за идентификација на дадената етикета за идентификација на машината.
ВАЖНО Користете ги имињата за идентификација секојпат кога контактирате со овластен центар.
3.4 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состоит од следните главни делови (сл. 1):
A. Pam
B. Мотор
С. Резервоар за гориво
D. Ракофат
E. Контролна табла
F. Картер за заштита на четката
G. Четка
Н. Тркалца
I. Тркало
J. Куки за додатоци
К. Светла (по избор)
L. Приклучок за електрично палење
4. МОНТИРАЊЕ
За потребите на складирање и транспорт, одредени компоненти на машината не се монтирани во фабриката, туку треба да се монтираат по вадење на амбалажата следејки ги следните упатства.
⚠️ Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со довольно простор за поместување на машината и на амбалажата користејни секогаш соодветни алати. Не користете ја машината пред да завршите со сите постапки наведени во поглавјето „МОНТИРАЊЕ“.
ВАЖНО Машината се доставува без масло во моторот и без гориво.
4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Во амбалажата има и делови за монтирање (сл. 3 ) наведени на следната табела:
| Позиција. | Опис | Количина |
| A | Рачка со оска и веќепоставени кабли | 1 |
| B | Шрафови за фиксирањена рачката | 4 |
| C | Навртки за фиксирањена рачката | 4 |
| D | Инка | 1 |
| E | Цевка за разнесувањена маслото | 1 |
| F | Клуч за вадење насвеќичката | 1 |
| G | Завртки | 1 |
4.1.1 Распакување
- Отворете го пакувањето внимателно за да не ги расфрлите деловите.
- Прочитајте ја документацијата во кутијата каде се наведени овие упатства.
- Извадете ги од кутијата сите делови што не се монтирани.
- Извадете ја машината од кутијата.
- Фрлете ги кутијата и амбалажата согласно локалните одредби.
Закачете ја оската за кабелот во соодветниот отвор (сл. 5).
ЗАБЕЛЕШКА Каблите се веке поставени на контролната табла.
4.3 ПОСТАВУВАЊЕ НА РАЧКАТА
Рачката се доставува веќе составена на контролната табла. Шрафовите за монтирање на рачката на машината, шрафовите за фиксирање на командите за менувачот и завртките за фиксирање на командата за насочување на четката се ставени со засебна вреќичка ставена во пакувањето за машината. Составете како што следи:
- Доближете ги двете цевки на краевите на рачката (сл. 6.А) кон потпората (сл. 6.В).
Вметнете ги дистанцерите (сл. 6.С) и порамнете ги отворите одржувајки правилен дијаметар (внатрешното наспроти надворешното растојание, поголемото наспроти внатрешното).
- Вметнете ги шрафовите и навртките во отворите и затегнете ги.
4.3.1 Поставување на ракофатите на рачките
- Зашрафете ги ракофатите на оската на рачката за менувачот (сл. 9.А) и на оската на рачката за насочување на дефлекторот (сл. 9.В).
- Затегнете со навртката за фиксирање.
4.4 МОНТИРАЊЕ НА КОМАНДАТА ЗА МЕНУВАЧОТ
- Извадете ги од спојката (сл. 7.A) на командата за менувачот мутерот (сл. 7.B) и клинот (сл. 7.C) коишто се веке поставени.
- Вметнете ја спојката (сл. 7.A) за командата на менувачот во отворот на рачката (сл. 7.D) за да ја поврзете со преносот.
- Фиксирајте ги мутерот (сл. 7.В) и клинот (сл. 7.С).
4.5 МОНТИРАЊЕ НА КОМАНДАТА ЗА НАСОЧУВАЊЕ НА ЧЕТКАТА
- Извадете ја од спојката (сл. 8.A) на командата за насочување на четката навртката (сл. 8.B) којашто е веке поставена.
- Вметнете ја спојката (сл. 8.A) во командата за насочување на четката во отворот на рачката (сл. 8.C).
- Фиксирајте ја навртката (сл. 8.В).
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1 КОПЧЕ ЗА ПАЛЕЊЕ
Овозможува застанување и палење на моторот. Копчето за палење има две позиции (сл. 10.A):
- Копче во позиција - OFF (исключено) - моторот застанува и не може да се запали.
- Копче во позиција - ON (включено) - моторот може да се запали и да работи.
5.2 КОМАНДА ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ
Го регулира бројот на вртежи на моторот.
Позициите, посочени на табличката, соодветствуват на (сл. 10.В):

- Целосен режим: се користи секогаш за палење на моторот на машината и во текот на работата.
- Минимум: се користи кога моторот е загреан во текот на фазите на запирање.
5.3 КОМАНДА ЗА ПРИДУШУВАЊЕ
Се користи кога се пали ладен мотор. Командата за придушувачот има две позиции (сл. 10.C):

Налево - придушувачот е активиран (за тргнување на ладно).
Надесно - придушувачот е ислучен (нормална работа и тргнување со загреан мотор).
5.4 ПОТТИКНУВАЧ
Притискајки ја гумената команда на забрзувачот се иницира карбураторот
во колекторот за повлекување на горивото со што се олеснува палењето на студен мотор (сл. 10.D).
Овозможува рачно палење на моторот (сл. 10.E).
5.6 КОМАНДА ЗА ЕЛЕКТРИЧНО ПАЛЕЊЕ
Овозможува електрично палење на моторот (сл. 10.J) кога машината е поврзана во струја преку дадениот приключок на три пола каде што е предвидено заземјување (сл. 10.K).
5.7 КОМАНДА ЗА ДВИЖЕЊЕ
Овозможува движење на машината.
- За да ја придвижите машината, спуштете ја командата (сл. 9.D) за да може да ги притиснете ракофатите за движење.
- Со отпуштање застанува движењето на машината и рачката автоматски се враćа во првичната позиција.
- Ако командата за движење се активира заедно со командата за лопатката за снег (сл. 9.С), останува активирана. Се дезактивира само кога ће се отпушки командата за лопатката (сл. 9.С) (кај машините каде е предвидена).
5.8 КОМАНДА ЗА ЧЕТКАТА
Го активира вртењето на четката.
- Спуштете ја командата за да активирате вртење на четката, (сл. 9.С) така што ње може да ја притиснете рачката.
- Ако ја активирате само командата за лопатката, кога ње ја отпуштите, вртењето на лопатката застанува и рачката се враćа автоматски во првичната положба.
5.9 РАЧКА НА МЕНУВАЧОТ
Машината се доставува со менувач којшто работи преку една рачка (сл. 9.A):
- 5/6 брзини за регулирање на брзината на движење.
- 2 брзини за регулирање на брзината на движење во рикверц.
5.10 АГОЛ ЗА НАСОЧЕНОСТ НА ЧЕТКАТА
Насочувањето на четката се регулира со помош на рачка (сл. 9.В) којашто дозволува закосување во саканиот правец.
Поставете ја рачката напред или назад во една од трите позиции на располагање за да ја закосите четката.
- Рачка напред = 15° надесно.
- Рачка во средина = 0°, нема закосување.
- Рачка назад = 15° налево.
5.11 ПРЕКИНУВАЧИ ЗА СВЕТЛАТА
За да го запалите и придвижите прекинувачот во позиција I (сл. 9.E).
- Запалени светла = прекинувач во позиција I.
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
ВАЖНО Безбедносните одредби што треба да ги следите додека ја користите машината се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.
Пред да ја користите машината, проверете дали има гориво и проверете го нивото на маслото. За начинот и мерките за претпазливост при полнењето на горивото и дополнување масло (видете пасус. 7.2 и пасус 7.3).
Тркалцата служат за регулирање на растојанието на четката од теренот подигајки ја. Пред да ја користите машината, регулирајте ги тркалцата како што следи:
- Откачете го безбедносното резе (сл. 11.A).
- Извадете го клинот (сл. 11.В).
- Подигнете/спуштете ги тркалцата (сл. 11.С).
- Ставете го клинот.
-
Ставете го безнедносното резе.
-
Разлабавете го страничниот регулатор (сл. 11.D).
- Вртете го предниот регулатор (сл. 11.E) во правецот / обратно од правецот на стрелките на часовникот / за да ги спуштите тркалцата.
- Фиксирајте го страничниот регулатор (сл. 11.D).
6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ
Следете ги дадените упатства пред да продолжите. Спроведете ги следните безбедносни контроли и проверете дали результатите соодветствуваат со даденото во табелата.

Секогаш проверувајте ги
безбедносните контроли пред работа.
| Предмет Резултат | |
| Инсталација за горивото и поврзувања | Нема загуба. |
| Електрични кабли. Целата изолација не е оштетена. Нема механички оштетувања. | |
| Коло на маслото Нема загуба. Нема оштетувања. | |
| Пробно возење Нема чудни вибрации. Нема чудни звуци. | |
6.2.2 Тест за функцијата на погонот и четката
| Дејство Резултат | |
| Запалете ја машината (пасус 6.3) | Тркалата и четката треба да останат мирни. |
| Тест за функцијата на погонот | |
| Притиснете ја командата за движење (сл. 9.D). | Тркалата ја движат машината. |
| Пуштете ја командата за движење (сл. 9.D). | Тркалата застануваат. |
| Тест за функцијата на четката | |
| Притиснете ја командата за четката (сл. 9.C). | Четката почнува да се врти. |
| Пуштете ја командата за четката. | Четката застанува. |
| Тест за функцијата на четката и тркалата | |
| Држејки ја притисната командата за четката (сл. 9.C), притиснете ја командата за движење (сл. 9.D). | Четката се врти и тркалата ја движат машината. |
| Пуштете ја командата за движење (сл. 9.D). | Тркалата застануваат и четката продолжува да се врти. |
| Пуштете ја командата за четката (сл. 9.C). | Четката застанува. |
⚠️ Ако некој од резултатите не е ист како што е посочено во табелата, не смеете да ја користите машината! Однесете ја во овластен сервис на проверка и поправка.
6.3 ПАЛЕЊЕ / РАБОТА
- Поставете го копчето за палење во позиција ON (включено) (сл. 10.A).
- Донесете го забрзувачот во целосен режим (сл. 10.В).
- Включете го придушувачот (сл. 10.С).
- Притиснете ја командата за поттикнувачот (сл. 10.D) два или трипати. Проверете дали отворот е затворен со прстот кога ја притискате командата.
- Запалете со електричната команда (пасус 6.3.4) или рачно (пасус 6.3.3).
- Исключете го придушувачот (сл. 10.С).
ВАЖНО Пред да работите со машината, почекајте неколку минути да се загрее маслото.
- Донесете го забрзувачот во целосен режим (сл. 10.В).
- Проверете дали придушувачот е ислучен (сл. 10.С).
- Запалете со електричниот прекинувач или рачно (видете подолу).
ВАЖНО Не притискајте го поттикнувачот кога тргате со топол мотор.
6.3.3 Рачно палење
За да го запалите рачно моторот, повлечете ја малку рачката (сл. 10.E) нанадвор. Треба да осетите извесен отпор. Тогаш, повлечете енергично и оставете ја рачката да се ослободи. Повторувајте ја постапката додека не се запали моторот.
ЗАБЕЛЕШКА Не обидувајте се повеće од 3/4 пати. Во спротивно, може да го задушите моторот. Проверете ги можните причини ако не може да ја запалите машината во „Табелата за несоодветна работа“.
6.3.4 Електрично палење
⚠️ Проверете дали инсталацијата за напојување е на предвиденото место и без дефекти.
- Вметнете го приклучокот на кабелот за напојување (сл. 10.K) во извор на струја од 230V.
- Притиснете го копчето за палење за да го запалите моторот.
- Кога моторот ће се запали, извадете го приклучокот од извор на напојување.
6.3.5 Работа
За да работите се машината, постапете како што следи:
- Насочете ја четката со соодветната рачка (сл. 1.G) ставена во саканата позиција.
- Поставете го движењето во функција на прегледот и количината материјал за чистење
- Притиснете ја командата за четката (сл. 9.C) за да го активирате вртењето на четката.
- Притиснете ја командата за движење (сл. 9.D) за да го активирате погонот.
ЗАБЕЛЕШКА Секогаш користете
го моторот во целосен режим додека работите со машината.
6.3.6 Вртење
Вртењето се насочува машината во саканиот правец.
6.3.7 Менување на движењето
Менувањето на движењето се прави кога машината стои.
За да го смените движењето, постапете како што следи:
- Застанете ја машината пуштајки ги командата за движење (сл. 12.D) и командата за четката (сл. 12.C).
- Преместете ја рачката за менувачот во саканата положба (сл. 12.A).
- Продолжете со нормална работа.
ВАЖНО Менувањето на правецот додека машината се движи доведува до оштетување на системот за пренос.
6.4 ЗАСТАНУВАЊЕ
За да ја застанете машината, пуштете ги командите за четката, (сл. 9.C) и командата за движење (сл. 9.D).
За да ја изгасите машината, поставете го прекинувачот за палење на OFF (ислучено) (сл. 10.A).
He обидувајте се да ја изгасите машината активирајки ја командата за придушувачот. Ова дејство може да го оштети моторот.
⚠️ Моторот може да е многу врел веднаш по гаснење. Не допирајте ги издувната цевка и околните делови. Постои опасност од опекотини.
Оваа машина може да се користи за чистење разни видови материјали и да работи во разни области.
Индикации за сите видови терени
- Секогаш одржувајте ја брзината за движење и за работа на четката во услови соодветни за материјалите за чистење и регулирајте на начин што материјалите ће се чистат на рамномерен начин.
- Не нанесувајте голем притисок врз четката. За правилно чистење доволни се 5-10 см спуштеност на четката за поголемиот дел од работата.
- Намалете ги вртежите на моторот пред да го изгаснете.
Големи области
- Ако теренот не е рамен или груб, намалете ја брзината на движење за да избегнете потскокнување на четката и нејзино оштетување.
- Чистете централно, делејки ја областа на 2 дела, а потоа исчистете ги останатите делови. Така се намалува обемот на работа на четката.
Снег
- Расчистувањето на снегот е поефикасно кога тој е уште свеж. Поминете неколку пати по зоните што веće сте ги исчистиле за да ги расчистите остатоците од снег.
- Ако е можно, исфрлајте го снегот во правецот на ветрот. Проверете ги растојанието и правецот на расфрлање на снегот.
- Намалете ги вртежите на моторот пред да го изгаснете.
Губре и камчиња
- За да ја намалите количината на прашина што ње се подига со четката, работете со мала брзина на вртење на четката.
Или работете кога времето е влажно или врне снег, или откако врнело.
- Ако на теренот има камчиња, регулирајте ја висината на четката лесно да ги чисти камењата избегнувајки нивно отфрлање со што може да доведе до можни повреди или оштетувања.
Неодреден отпад
- Намалете ја брзината на движење и работете без да ја користите целата ширина за работа на машината.
6.6 ПО РАБОТАТА
- Исчистете ја машината (пасус 7.4).
- Поместете ги сите команди напред и назад неколку пати.
- Проверете дали придушувачот е ислучен.
- Проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки.

Не покривајте ја машината додека
не се изладат моторот и придушувачот.
7. ОДРЖУВАЊЕ
7.1 ОПШТО
ВАЖНО Безбедосните мерки што треба да се следат во текот на одржувањето се наведени во пас. 2.4. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

сите постапки за интервенција
и одржување треба да се извршат кога машината е застаната и моторот е изгаснат. Извадете го клучот и прочитајте го соодветното упатство пред да започнете какви било дејства за одржување или поправка.

носете соодветни обувки, ракавици и очила пред да работите на одржување.
- Зачестеноста и висот на интервенција се дадени во „Табелата за одржување“. Табелата го прикажува опсегот што ће ви помогне при одржување на ефикасноста и безбедноста на машината. Во неа се прикажани главните интервенции и предвидените интервали за секоја од ставките. Извршете ја соодветната постапка пред првата појава.
- Употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални, може да доведе до несакани ефекти врз работата и безбедноста на машината. Производителот ја отфрла сета одговорност во случај на штети или поврди предизвикани од такви производи.
- Оригиналните резервни делови се набавуваат во сервисните центри или кај авторизираните застапници.
ВАЖНО Сите работи за одржување
и регулација коишто несе опишани во ова упатство треба да се извршат кај застапникот или во овластен сервис.
7.2 ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО
- Одвртете го капачето за затворање на резервоарот и извадете го (сл. 10.F).
- Ставете ја инката (сл. 10.G).
- Наполнете гориво и извадете ја инката (сл. 10.G).
- По полнењето, зашрафете го докрај капачето за горивото и исчистете ако ви се пролеало од него (сл. 10.F).
ЗАБЕЛЕШКА Не полнете го
резервоарот со гориво до грлото.
ЗАБЕЛЕШКА Користете само гориво
што е посочено во табелата со технички податоци. Не користете други типови гориво. Може да користите еколошко гориво, како што е зелен бензин. составот на овој бензин има мало влијание врз лугето и животната средина. Не се познати негативни ефекти за употребата на овој бензин. Во продажбата има разни видови зелен бнзин и за нив немаме прецизни податови во однос на нивната употреба. Најдобро е да ги проверите информациите што ги доставува производителот на зелениот бензин.
ЗАБЕЛЕШКА Горивото испарува и не
треба да се остава во резервоарот повеće од 30 дена. Пред одложување на подолг период, оставете малку гориво во резервоарот со што ќе го завршите користењето (поглавје 8).
7.3 КОНТРОЛА / ДОПОЛНУВАЊЕ МАСЛО ВО МОТОРОТ
⚠️ Проверете го нивото на масло пред секоја употреба.
ЗАБЕЛЕШКА Машината се
доставува без масло за моторот.
7.3.1 Контрола / надополнување
Постапка:
- Ставете ја машината на рамно за контролата.
- Исчистете околу оската. Одвртете и извадете ја. Исчистете ја оската (сл. 10.H).
- Вметнете ја оката докрај без да ја завртите.
- Повторно извадете ја. Проверете го нивото на масло.
- Надополнете до помош на продолжна инка (сл. 3.Е), ако нивото е под знакот за „MAX“ (максимум) (сл. 12)
- За правилната постапка за замена, видете пасус 7.3.2
He преполнувајте бидејки тоа може да доведе до прегревање на моторот. Ако нивото е над знакот за „MAX“, испуштете масло додека не го достигнете точното ниво.
ЗАБЕЛЕШКА Видете ја „Табелата со технички податоци“ за типот на маслото.
7.3.2 Замена
⚠️ Моторното масло може да биде многу врело ако се дојде во контакт со него веднаш по застанување на моторот. Затоа, оставете го моторот да се лади неколку минути пред да го извадите маслото.
Менувајте го маслото согласно периодите дадени во „Табелата за одржување“. Менувајте го маслото почесто ако моторот работи во тешки услови. Постапете како што следи:
- Поставете ја машината на рамна површина.
- Поставете го садот за собирање соодветно на цевката за празнење.
- Извадете го капачето за полнење масло (сл. 10.H).
- Извадете го капачето за празнење (сл. 10.I).
- Соберете го маслото во садот.
- Затворете го капачето за празнење на маслото.
- Исчистете ако ви се пролеало од маслото.
- Наполнете ново масло. Видете „Табела со технички податоци“ за количината на маслото.
- По секое полнење, запалете го моторот и оставете го на минимум 30 сек.
- Проверете дали ви протекува масло.
- Изгасете го моторот. Почекајте 30 секунди и проверете го нивото ма маслото
одново. Ако е неопходно, видете и „контрола/дополнување“ (пасус 7.3.1).
ВАЖНО Однесете го маслото за фрлање согласно локалните закони.
7.4 ЧИСТЕЊЕ
⚠️ Вршете ги постапките за чистење со изгасната машина. Не обидувајте се да го извадите заглавениот материјал во четката пред:
- Да ги пуштите командите за четката и движење.
• Да го изгасите моторот.
Секогаш чистете ја машината по употребата. За чистење, придржувајте се до следните упатства:
- Чистете го моторот со четкичка и/или воздух под притисок.
- Не истурајте вода директно врз моторот.
- По чистењето со вода, запалете ја машината и свртете ја четката за да ја отстраните водата којашто може да навлезе во перничињата и да предизвика дефект.
ВАЖНО никогаш не користете вода под висок притисок. Може да ги оштети електричните делови.
7.5 СВЕЙИЧКА
Однесете ја машината кај овластен сервисер ако треба да се работи на свекичката. Погледнете ги табелата за одржување и табелата за несоодветна работа за соодветни интервенции на свекичката.
7.6 ГОРИВО
Горивото е одредено од произведувачот. Погледнете ја табелата за несоодветна работа за да проверите дали е неопходно да интервенирате кај горивото (поглавје 12).
- Одвртете го копчето на капакот за филтерот (сл. 13.A) и извадете го (сл. 13.B).
- Одвртете го копчето (сл. 13.C) и извадете го филтерот(сл. 13.D).
-
Исчистете го филтерот издувувајки го со воздух под притисок однатре и однадвор.
-
Проверете дали филтерот има знаци на оштетување бидејки така треба да се замени.
- Поставете го редоследно филтерот(сл. 13.D), копчето (сл. 13.C), капачето (сл. 13.B) и копчето (сл. 13.A).
7.8 НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ
- Сите завртки, навртки и лостови одржувајте ги соодветно зацврстени за да сте сигурни дека косачката е безбедна за работа.
8. ОДЛОЖУВАЊЕ
Кога машината треба да се одложи на период подолг од 30 дена:
- Сменете го маслото за моторот ако оваа постапка не е спроведена во претходните три месеци.
- Темелно исчистете ја машината.
- Проверете дали на машината има оштетувања Ако е неопходно, извршете ги поправките
- Ако лакот е оштетен, премачкајте за да спречите 'ргосување.
- Заштитете ги металните површини подложни на 'ргосување.
- Одложете ја машината во затворен простор ако е можно.
- Избегнувајте да поставувате тешки предмети врз четката и картерот за да ја заштитите четката. Тежината може да ја деформира четката со што ње стане неупотреблива.
9. ПОМОШ И ПОПРАВКА
Ова упатство ги претставува сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот. Сите интервенции за регулација и одржување што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застапникот или специјализиран сервисен центар бидејки знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ће се заврши правилно, земајки го во предвид првобитниот степен на безбедност и условите на машината. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.
- Само овластените сервиси за помош може да ги извршуваат поправките и одржувањето што се под гаранција.
- Овластените сервисни центри користат само оригинални резервни делови. Оригиналните резервни делови и дополнителна опрема се специјално дизајнирани за машината.
- Резервните делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални, не се одобрени. Употребата на неоригинални резервни делови и дополнителна опрема ја отфрла гаранцијата.
- Препорачуваме да ја однесете машината во овластен сервисен центар секојпат кога треба да се работи на одржување, поправка или проверка на безбедносните уреди.
10. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Гаранцијата ги покрива сите штети на материјалите и производството. Корисникот треба внимателно да ги следи сите упатства кои се дадени до приложената документација. Гаранцијата не ги покрива штетите настанати затоа што:
- Не сте се запознале со приложената документација.
- Не сте внимателни.
- Употребата и монтирањето не се правилни или конзистентни.
- Се користат резервни делови коишто не се оригинални.
- Се користи дополнителна опрема која не е одобрена ниту доставена од производителот.
Гаранцијата не покрива и:
- нормално абење на потрошните материјали како што се ремените на преносот, светлата, тркалата, навртките и јажињата.
- Нормално абење.
- Мотори. Опфатени се со гаранцијата на производителот на моторот под одредени услови и состојби.
Купувачот е заштитен со соодветните државни закони. Правата на купувачот кои се предвидени во дадените државни закони на ниеден начин не ја лимитираат оваа гаранција.
- ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
| Интервенција Период Пасус | |||
| Првпат Последователно секон | |||
| МАШИНА | |||
| Контрола на сите спојки | - Пред секоја употреба 7.7 | ||
| Безбедносни контроли / проверка на командите | - Пред секоја употреба 6.2 | ||
| Општо чистење и контрола | - На крајот на секоја употреба | 7.4 | |
| МОТОР | |||
| Чистење на свекичката - 25 часа / по секоја сезона | *** | ||
| Замена на свекичката - 100 часа / по секоја сезона | *** | ||
| Контрола/дополнување на маслото за моторот | - | 5 часа / по секоја употреба | 7.3.1 |
| Замена на маслото за моторот | 5 часа | 50 часа / по секоја сезона | 7.3.2 |
| Чистење на филтерот за воздух | - | 10 часа / по секоја употреба | 7.4 |
*** Интервенции што треба да се спроведат кај застапникот или во овластен сервисен центар.
- НЕСООДВЕТНА РАБОТА
| НАЈДЕНА | МОЖНА ПРИЧИНА | РЕШЕНИЕ |
| 1. Нема палење | Копчето за палење е во позиција OFF (ислучено). | Поставете го копчето за палење во позиција ON (включено). |
| Нема гориво | Надополнете го резервоарот со чисто гориво. | |
| Придушувачот е ислучен | Вклучете го придушувачот. | |
| Поттикнувачот не е притиснат | Притиснете го поттикнувачот | |
| Моторот е задушен. | Почекајте неколку минути пред да запалите. Не притискајте го поттикнувачот и ислучете го придушувачот. | |
| Свекичката е оштетена | Контактирајте со овластен сервисен центар | |
| Горивото е старо | Контактирајте со овластен сервисен центар | |
| Има вода во горивото | Контактирајте со овластен сервисен центар | |
| 2. Има загуба во мокноста. | Се исфрла многу материјал | Намалете ја брзината |
| Капачето на резервоарот со гориво е покриено со эубре или снег. | Исчистете ги ўубрето, снегот или камчињата одгоре и околу капачето на резервоарот. |
Контактирајте со застапникот за помош ако проблемите опстојуваат откако сте ги направиле горепосочените операции.
| НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ | ||
| 3. Моторот работина минимум инеправилно | Придушувачот е включен Исключете го придушувачот. | |
| Горивото е старо Контактирајте со овластенсервисен центар | ||
| Има вода во горивото Контактирајте со овластенсервисен центар | ||
| Горивото треба да се смени Контактирајте со овластенсервисен центар | ||
| 4. Прекумерни вибрации | Разлабавени делови илиоштетена четка. | Затегнете ги сите уреди за фиксирањеЗаменете ги оштетените деловиво овластен сервисен центар |
| Рачката не е поставена правилно Проверете дали рачката ефиксирана во својата положба | ||
| 5. Загуба или бавноисфрлање наматеријалите | Заглавена четка Отстранете ги евентуалните остатоции страни предмети од четката. | |
| Четката е многу оддалеченаод теренот. | Регулирајте ја висината на тркалцата. | |
| 6. Погонот нефункционира | Кабелот од командата заактивирање на погонот нее регулиран правилно. | Контактирајте со овластенсервисен центар |
Контактирајте со застапникот за помош ако проблемите опстојуваат откако сте ги направ горепосочените операции.
INHOUDSOPGAVE
-
ALGEMEEN....1
-
VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN......2
МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за ST. S.p.A. и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.