PSM1029P - мелница Ferm - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PSM1029P Ferm во PDF формат.
Frequently Asked Questions - PSM1029P Ferm
Прашања на корисниците за PSM1029P Ferm
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PSM1029P - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PSM1029P на марката Ferm.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PSM1029P Ferm
Благодариме за купувањето на овој FERM производ.
Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа.
Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија е обезбедување на одличен срвис за клиентите, со поддршка со нашите сеопфатни гаранции.
Се надеваме дека ће уживате користејки го овој производ многу наредни години.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатствата. Погрешното следење на безбедносните преупредувања и упатствата може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги безбедносните преупредувања и упатствата за да можете повротно да ги прочитате.
Следните символи се користат во упатствата или на производот:

Прочитај го упатството.

Ризик од повреди.

Ризик од струен удар.

Веднаш извадете ја приклучницата од струја ако кабелот е оштетен како и за време на чистење и одржување.

Hoceme заштитни очила. Hoceme заштита за слухот.

Носете маска за заштита од прашина.

Двојна изолација

Не го депонирајте производот во несоодветни садови.

Производот е во согласност со важечките стандарди за безбедност во Европските смерници.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ЕКСЦЕНТРИЧНА БРУСИЛКА

Со контакт или со вдишување на прашина за време на работа (на пример олово-обовни површини, дрво и метал) можете да го загрозите вашето здравје и здравјето на другите лица.
Секогаш носете заштитна опрема, како маска за прашина. Користете одведувач на прашина.
- Не обработувајте материјали кои содржат азбест. Азбестот е карциноген.
- Не брусете магнезиумски парчиња.
- Носете заштитни очила, заштита за ушите и по потреба заштитна опрема, како заштитни ракавици, чевли итн.
- Бидете многу внимателни кога брусите бојосани површини.
- Пред работа од работното парче отстранете шајки и други метални предмети.
- Проверете го потпирањето или стегањето на парчето.
- Користете брусна хартија која е предвидена за оваа машина.
- Користете брусна хартија со точни димензии. Проверете дали е правилно монтирана брусната хартија.
- Пред секое користење контролирајте ја брусната хартија.
- Не користете истрошена брусна хартија, зашто ја пролонгира употребата.
- Никогаш не ја одложувајте машината пред да ја исклучите.
ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ

Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на наведениот напон на плочката.
- Не ја користете машината ако е оштетен кабелот или приклучокот.
- Користете продолжни кабли кои одговараат на моїност на машината, со минимален попречен пресек од 1,5 mm2. Ако користите продолжен кабел во ролна, целосно одмотајте го.
Технички податоци
| Мрежен напон 220-240 V~ |
| Номинална фреквенција 50 Hz |
| Влезна моїност 350W |
| Брзина без оптеретување 12,000 min-1 |
| Брусна површина 93 x 185 mm |
| Тежина 1.86 kg |
| БУЧАВА И ВИБРАЦИИ |
| Ниво на звучен притисок (Lpa) 75.1 dB(A) + 3 dB |
| Акустична моїност (Lwa) 86.1 dB(A) + 3 dB |
| Вибрации 4.184 m/s ^2 + 1,5 m/s ^2 |

Носете заштита за слухом.
Ниво на вибрации
Нивото на емисијата на вибрациите, наведено во упатствово, е измерено во согласност со стандардизиран тест даден во EN 60745; тој може да се користи за споредување на еден алат со друг како и за прелиминарна процена на изложеност на вибрации при користење на алатот во споменатите апликации
- користењето на алатот за различни апликации или со различни или слабо одржуван прибор, може значително да го зголеми нивото на изложеност
- времето кога алатот е ислучен или кога работи но не ја врши работата, може значително да го намали нивото на изложеност.
Заштитете се од ефектите на вибрациите со одржување на алатот и приборот, рацете да ви бидат топли и организирајте ги работните навики.
ОПИС (СЛ. А
Ексцентричната брусилка е наменета за брусење на дрво, метал, пластика и обоени површини.
- On/off прекинувач
- Копче за забравување
- Подлога за брусење
- Стега за брусна хартија
- Дршка
- Приклучок за прашина торба
МОНТАЖА

Пред монтажа исключете ја машината и изведете го приклучокот од главниот напон.
Монтирање и отстранување на брусна хартија (Velcro® систем) (сл. В) Монтажа
- Монтирајте ја брусната хартија (7) со потребната гранулација, врз брусната подлога (3). Проверете дали перфорацијата на брусната хартија (7) одговара со перфорацијата на брусната подлога (3).
Отстранување
- Отстранете ја брусната хартија (7) од брусната подлога (3).
Монтирање и отстранување на брусна хартија (стегање на брусна хартија) (сл. С) Монтажа
- Отворете ја стегата за брусна хартија (4).
- Монтирајте ја брусната хартија (7) со соодветна големина на гранулација на подлогата (3). Проверете дали перфорацијата на брусната хартија (7) одговара со перфорацијата на брусната подлога (3).
- Свиткајте ја хартијата (7) по двата рабови околу работ на подлогата (3).
- Затворете ги стегите (4), една по една. Уверете се дека се стегнати краевите од брусната хартија (7).
Отстранување
- Отворете ја стегата за брусна хартија (4).
- Отстранете ја брусната хартија (7) од брусната подлога (3).
- Отворете ги стегите за брусната хартија (4).
УПОТРЕБА
Вклучување и исклучување (Сл. А)
- За вклучување, притиснете го On/Off прекинувачот (1).
- За включување на континуиран режим, држете го притиснат прекинувачот (1) и истовремено притиснете го копчето за забравување (2).
- За ислучување на машината, отпуштете го прекинувачот (1).
Одведување на прашина (сл. D)
- Монтирајте кесата за прашина (8) кон врската за врејичката за прашина (6).
Совети за оптимално користење
• Стегнете го работното парче.
• Држете ја машината цврсто за дршката.
• Включете ја машината.
- Поставете ја брусната подлога со брусната хартија врз работното парче.
- Полека движете ја машината преку работното парче, притискајки ја силно брусната хартија врз парчето.
- Не притискајте премногу врз машината.
Оставете машината да ја заврши работата.
- Исклучете ја машината и почекајте целосно да се сопре, пред да ја одложите.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

Пред чистење и одржување исключете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон.
- Редовно чистете го кукиштето со мекана крпа.
- Чувајте ги отворите за вентилација чисти, без прашина. Ако е потребно, користете мекана, влажна крпа за отстранување на прашина и нечистотии од отворите за вентилација.
- Редовно чистете ја брусната подлога за да избегнете неточности при работа.
ГАРАНЦИЈА
Видете ги приложените гарантни термини.
ОКОЛИНА
Депонирање

Производот, приборот и пакувањето мораат да се сортираат за еколошко рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веке не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин.
Производот и упатството се предмет на промена. Карактеристиките можат да се променат без натамошно известување.
Spare parts list
PSM1029P
| No. Description Position | ||
| 128250 Base plate complete (with velcro) 2,3 | ||
| 128251 eccentric wheel 7 | ||
| 128252 Bearing 6002 8 | ||
| 128253 Aluminum bottom base 9 | ||
| 128254 Paper clamp + springs set complete 10, 11, 12 | ||
| 128255 Pilar set 13-15 | ||
| 128259 Bearing 6200 25 | ||
| 128260 Rotor (armature) 27 | ||
| 128261 Bearing 627 28 | ||
| 128262 Stator with tension springs 29,30 | ||
| 128263 Switch 40 | ||
| 128264 Swych rubber set 41,42 | ||
| 128265 Carbon brush holder (2pcs) +cap (2pcs) 44,46 | ||
| 128266 Carbon brush set (2pcs) 45 | ||
| 128267 Dust bag + holder | 47,48 | |
| 128268 Punch plate | 49 |

ЛесноУпатство