BOSCH

PIF675DE3E - шпорет BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PIF675DE3E BOSCH во PDF формат.

📄 146 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH PIF675DE3E - page 132
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : PIF675DE3E

Категорија : шпорет

Преземете ги упатствата за вашиот шпорет во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PIF675DE3E - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PIF675DE3E на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PIF675DE3E BOSCH

mkУпатство за употреба 8 Користење според намената. .132 ( Важни сигурносни напомени. .133 7 Заштита на животна средина .133 Отстранување согласно прописите за животна средина . . . . . . . . . . . . . . . .133 g Безжичен сензор за температура.

Подготовка и нега на безжичниот сензор за температура . . . . . . . . . .134 Чистење . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .136 Изјава за сообразност . . . . . . . . . . .136 Информации за производот Останати информации за производите, опремата, резервните делови и сервис ќе најдете на интернет: www.bosch-home.com и Online-продажба: www.bosch-eshop.com 8 Користење според

Користење според намената Внимателно да се прочита упатството. Упатсвата за употреба и монтажа чувајте ги за подоцнежна употреба или за следниот сопственик. Откако ќе го отпакувате, проверете го уредот. Уредот не смее да се користи, доколку при транспорт е оштетен. Информирајте ја службата за корисници и оштетувањата документирајте ги во писмена форма, во спротивно се губи правото за надомест на штета. Овој уред е погоден само за домашна употреба и за во затворен простор. Уредот користете го само за подготовка на храна и пијалаци. Процесот на готвење морате да го надгледувате. Краткотраен процес на готвење мора да се надгледува непрекинато. Уредот уредот да се користи само во затворени простории. Овој уред може да го користат деца над 8 години и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или лица без искуство и знаење, доколку тоа го прават под надзор, или им биле дадени упатства какоmk

безбедно да го користат уредот и ги разбираат опасностите поврзани со

Децата не смеат да си играат со уредот. Децата не смеат да го чистат и одржуваат уредот, освен оние, кои имаат над 8 години или се постари и се под надзор. При користење на функциите за готвење мора поставената рингла да соодветствува со ринглата, на којашто се наоѓа садот со сензорот за температура. ( Важни сигурносни

Важни сигурносни напомени :Предупредување Опасност поради магнетното

Безжичниот сензор за температура е магнетен.Магнетните елементи може да ги оштетат електронските импланти, на пр. пејсмејкер или пумпи за инсулин. Луѓе кои носат електронски импланти не треба да го доведуваат сензорот за температура во џебовите на нивната облека и да држи минимум растојание од 10 cm во однос на пејсмејкерот или сличен медицински уред. :Предупредување Опасност од повреда! ■ Батеријата во безжичниот сензорот за температура може да се оштети или пукне, ако стане премногу жешка. Извадете го сензорот по готвењето од плочата за готвење и не го ставајте во близина на извори на топлина. Опасност од повреда! ■ Сензорот за температура може да биде многу жежок при отстранувањето од садот за готвење. За вадењето користете кујнски ракавици или кујнска крпа. 7 Заштита на животна

Заштита на животна средина Отстранување согласно прописите за животна

Амбалажата отстранете ја согласно прописите за животна средина. Безжичниот сензор за температура е опремен со батерија. Еколошки отстранете ја потрошената батерија. Овој апарат е означен според европскиот пропис 2012/19/ЕЗ за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment – WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.mk

g Безжичен сензор за температура Безжичен сензор за температура За подетални податоци види поглавје "Функции за асистенција при готвење" во упатството за употреба на полето за готвење. Прочитајте го упатството. Подготовка и нега на безжичниот сензор за температура Подготовка и нега на безжичниот сензор за температура Во овој извадок се содржани следните информации: ■ Лепење на силиконската лепенка ■ Користење на безжичен сензор за температура ■ Промена на батеријата Сензорот за температура и силиконската лепенка можете да ги купите во специјализираната продавница или преку нашата техничка сервисна служба. Наведувајте го соодветниот референтен број. Лепење на силиконската лепенка Силиконската лепенка го фиксира сензорот за температура на садот за

Ако садот за готвење се користи за прв пат со функциите за готвење, мора да се залепи силиконска лепенка. Постапете на следниот начин:

1. Местото за лепење на садот мора да

е без маснотии. Исчистете го садот, добро исушете го и истријте го местото за лепење на пр. со

2. Извадете ја заштитната фолија од

силиконската лепенка. Со помош на испорачаните шаблони залепете ја силиконската лепенка на соодветната висина на садот.

3. Притиснете ја силиконската

лепенка, исто така и внатрешната

На лепакот му е потребен 1 час за соодветно сушење. Садот за готвење за тоа време да не се користи или чисти.

■ Садот со силиконска лепенка да не се остави долг временски период во растворот за плакнење. ■ Доколку силиконската лепенка се одлепи, мора да се користи нова. Користење на безжичен сензор за температура Поставете го сензорот за температура до силиконската лепенка, за перфектно да се вклопи.

■ Бидете сигурни, дека силиконската лепенка е целосно сува, пред да се употреби сензорот за температура. 00577921 Сет со 5 силиконски лепенки HEZ39050 Сензор за температура и сет со 5 силиконски лепенкиmk

■ Поставете го садот за готвење на тој начин, што сензорот за температура покажува на страничната надворешна површина на плочата за

■ Сензорот за температура не смее да биде насочен кон друг жежок сад, за готвење за да се избегне прегревање. ■ По готвењето отстранете го сензорот за температура од садот. Чувајте го на чисто, безбедно место и не во близина на извори на

Промена на батеријата Промена на батеријата Ако се притисне ознаката на безжичниот сензор за температура и LED-сијаличката не светне, тогаш батеријата се испразнила. Промена на батеријата:

1. Извадете го силиконскиот капак од

долниот дел на куќиштето. Одвртете ги завртките со одвртувач.

2. Извадете го горниот дел од

куќиштето. Извадете ја старата батерија. Ставете ја новата батерија. Притоа внимавајте на поларитетот. Внимaниe! За отстранување на батеријата не користете предмети од метал. Не ги допирајте контактите.

3. Повторно спојте ги горниот и

долниот дел на куќиштето. Притоа внимавајте на точната ориентација на контактните игли.

4. Ставете го силиконскиот капак

повторно на долниот дел од куќиштето на сензорот за температура. Напомена: Користете само квалитетни батерии од типот CR2032. Тие траат особено долго.

Сензор за температура Исчистете го сензорот за температура со мека крпа. Никогаш не го чистете во машина за миење садови. Не го потопувајте во вода и не го чистете под

Извадете го сензорот за температура од садот за готвење по готвењето. Чувајте го на чисто, безбедно место, на пример во пакувањето и не во близина на извори на топлина. Силиконски лепенки Да се чисти и исуши пред да се постави на сензорот за температура. Погоден за машина за миење садови. Напомена: Садот со силиконска лепенка да не се остави долг временски период во растворот за

Прозорец на сензорот за температура Прозорецот за сензор мора секогаш да е чист и сув. Постапете на следниот

■ Редовно отстранувајте ги нечистотиите и капките од маснотии. ■ За чистење користете мека крпа или памучни стапчиња и средство за чистење стакло.

■ Не користете абразивни средства за чистење како сунѓери и жици за триење или млеко за чистење. ■ Не го допирајте прозорецот за сензорот со прсти. Тој може да се извалка или изгребе. Изјава за сообразност Со ова Robert Bosch Hausgeräte GmbH се изјаснува, дека уредот со безжичен сензор за температура соодветствува на основните барања и други релевантни одредби од директивата 1999/5/EG. Детална R&TTE-изјава за сообразност ќе најдете на интернет на www.bosch-home.com на страната на производот за вашиот уред под дополнителни документи. Логата и марката Bluetooth® се внесени знаци за добра и сопствеништво на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на овие марки се врши преку лиценца од Robert Bosch Hausgeräte GmbH. Сите други марки и имиња на марки се сопствеништво на соодветните компании.zh